text
stringlengths
65
474k
source
stringclasses
1 value
Да живеам во Прилеп во блиската иднина не верувам дека ќе биде опција – од наесен следните три години ќе ги продолжам на докторски студии во Берлин. - 10без10 - Прилепчани по светот - 21 Јули 2012 - 663 - Која е Вашата приказна пред да заминeте од Прилеп Ме запишаа прво одделение еден месец откако наполнив шест години, и одев секој ден пешки од кај стадионот до Рампо Левката низ тесните улички. Имав еден саат, дигитален, ама не го познавав, само гледав – чим е 6 и нешто, има уште време, а тоа 6:55 – а јас се влечкам, се влечкам... Активности имаше секакви, а најомилената воопшто досега ми е членството во Фото-Кино Клубот – Прилеп во Народна Техника. Правевме црно-бели фотографии, од сликање до развивање на негативите и фотографиите, во лабораторија знаевме да останеме после часови доцна до вечерите.. Се спремавме за на натпревари, читавме многу стручна литература.. И најважно од се, се дружевме – во фрижидерот со фиксирите и развијачите секогаш имаше и по некој сок, слатки – кој што нашол од дома. Така и прв пат заминав сама на подолго време надвор од дома, на летната школа по фотографија во с.Горно Врановци, Велешко. Како го најдовте својот пат за реализација надвор од Македонија И во основно, и во средно одев во математичка школа и учествував на регионални и државни натпревари по математика и информатика. Кога почнавме да размислуваме за тоа каде ќе продолжуваме после гимназија, јас си мислев дека за математика најдобро би било во Русија, се знае што значи руска школа . Но не мислев дека тоа навистина може да се оствари, се додека не разбрав за конкурсот од Министерството за образование и наука за студирање во Руската Федерација. Се пријавив, ме примија да учам математика во Русија, но каде – ни рекоа ќе ни кажат кога ќе слетаме во Москва. Мене ме пратија во Ростов на Дон. Таму го изучував рускиот јазик, и таму ги завршив додипломските студии по применета математика и информатика, на отсекот за заштита на информации. Во последната година од студирањето се запознав со мојот иден сопруг Стефан, кој е од Скопје и студираше информатика во Санкт-Петербург, и за една година четири-пет пати патував на релација Ростов-Санкт Петербург, по 30 часови во една насока со руските железници.. Потоа се префрлив и продолжив со студирањето во Санкт Петербург, каде и магистрирав оваа година. Која е Вашата последна слика за Прилеп Последната слика од Прилеп пред седум години: ми останаа во сеќавање стариот парк кај Ченто, и другиот кај фонтаната со рацете; во сосема поинакви услови сме ги поминувале деновите таму, разликата со сегашноста е огромна, и ми се допаѓа промената. Остана живоста што ја имал Прилеп отсекогаш: чаршијата, плоштадот, седењето на кафе; кога доаѓаат гости во Прилеп се чудат колку многу туристи сме имале – јас викам не се туристи, ова се сите наши, прилепчани. Би се вратиле ли со позитивни искуства да придонесите во осовременувањето на Прилеп, и дали мислите дека за тоа има поволен амбиент? Секако, јас и кога се враќам преку лето се споделувам со искуствата што сум ги добила од другите држави, а за некои работи нашите и сами се сеќаваат – најбанален пример е што во Прилеп порано и да сакаше каде да го фрлиш отпадокот, немаше каде. Па влечкај по ташни куп мали книженца - сега тоа се измени. За осовременувањето, јас лично не знам ни колку тоа е потребно, што се подразбира под тоа? Од моето искуство на живеење во Русија, посебно во Санкт-Петербург последните две години, морам да кажам дека нашиот развој не оди секогаш во насока културна и естетска. Таму, се што се гради во центарот секогаш е во склоп на духот што си го зачувал градот од времето, и најчесто станува збор за реставрација на објекти, или изградба на објекти, но такви, какви што претходно постоеле, а биле срушени во социјализмот, втората светска војна и слично. И потоа со гордост кажуваат, оваа зграда е од таа и таа година, и ваква и ваква е нејзината приказна.. Прилеп има такви знаменитости еден куп – стари куќи, старата чаршија, црно-белите плочки на плоштадот, зградата на АРМ... И во најмала рака од фотографиите кои сведочат за овие објекти, тие можеше да се возобноват и со тоа да се зачува духот на градот. А дека за тоа има поволен амбиент – има сигурно, затоа што и така се гради, обновува, менува – треба само да се размисли во која насока. Затоа што модерното е денес модерно – утре не, а има некои работи кои можат да бидат вечни. Како гледате на идејата за Вашиот живот во Прилеп во иднина Да живеам во Прилеп во блиската иднина не верувам дека ќе биде опција – од наесен следните три години ќе ги продолжам на докторски студии во Берлин. Ми недостасуваат зимите во Прилеп, посебно за божиќните празници, и се надевам дека барем сега ќе имам можност да го посетувам Прилеп и во тој период. Понатаму, секако би сакала моите деца да растат во Прилеп, ако ја зачува слободата, сигурноста, убавиот воздух и вода.. Но колку ќе можам себеси да се реализирам на професионален план тука, тоа е под големо прашање, и можно е тоа да биде одлучно сепак да се остане надвор подолго време. Доколку во Македонија станат потребни и барани кадри со профили како мојот, јас со задоволство би се вратила да го споделувам и надградувам знаењето што го имам од Русија, и она што ќе го добијам од Германија.
fineweb-2
Поранешниот министер за култура Ѓунер Исмаил, писателот и поранешен директор на НУБ "Кимент Охридски" Паскал Гилевски, Драги Билески, поранешен судија од Кичево и Никола Темелковски, кој извршувал јавна функција-директор на Јавно претпријатие во Битола, биле соработници на тајните служби, објави денеска Комисијата за верифиикација на фактите на својата веб страница www.kvf.org.mk . Поранешниот министер за култура Ѓунер Исмаил, според објавените документи, додека бил професор во Средното трговско училиште во Скопје во 1983 година пред тајните служби ги кодошел своите ученици Албанци кои пееле албански песни. Исмаил пред службите кодошел четири ученици, две момчиња и две девојчиња. За инцидентот учениците биле осудени на затворски казни од 15 до 60 дена и избркани од училиштето. Во документите обравени за Паскал Гилевски, како поранешен директор на НУБ "Климент Охридски", пишува дека бил учесник на младо-националистичка група и бил под истрага уште од 1958 година за македонски национализам и шовинизам. Тој на службите им давал информации за лица од Егејска Македонија, од Унгарија каде привремено живеел и за интелектуалци и уметници во Скопје со кои се дружел. Никола Темелковски, според фактите што ги утврдила Комисијата за лустрација, давал информации за лица кои биле следени од Службата за државна безбедност. Тој , како што се наведува свесно, тајно, организирано и континуирано соработувал со органите на државната безбесност притоа остварувајќи погодности за себе при напредување во службата. Во државниот архив биле најдени службени белешки дека бил соработник од 1983, од 1984, 1988 и 1990 година. Драги Билески, поранешен судија од Кичево, бил користен од службите како оперативна врска за следење на активностите и коментарите на одредени лица кои биле цел на службите. Во објавениот допкумент за него пишува дека во 1968 година учествувал во "младо-националистичка група" која се залагала за обединување на Македонија и создавање самостојна држава. Тој ги информирал службите за активностите на групата и нејзините членови. Комисијата за верификација на фактите на својата веб страница досега објави имиња на 36 лица за кои утврдила дека соработувале со тајните служби.
fineweb-2
12/04/2012 Застапниците за идејата велат дека тоа би значело поевтини летови и директни врски. Мухамет Брајшори за Southeast European Times во Приштина -- 12.04.12 Нови летови се додадени за опслужување на српскиот, хрватскиот и косовскиот пазар. [Ројтерс] Андреа Димитров, патник од Бугарија, чека на аеродромот во Тирана. Неговата врска за да стигне дома е преку Виена, околу 800 километри надвор од неговиот пат. "Се оди преку Виена бидејќи нема директен лет и билетот е енормно скап. Платив 370 евра; можев да добијам поевтин билет од Софија до Лондон", рече Димитров. Сé на сé, светската финансиска криза значеше сиромашни години за авиокомпаниите, и Западен Балкан не беше исклучок. Додека некои држави како што е Србија имаат државни превозници, Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина и Хрватска целосно ги приватизираа своите или ги задржаа уделите во превозниците, како што е Кроејшн ерлајнс и Адрија ервејс. Релативно малиот пазар и големиот број превозници се причина за тоа некои експерти да предложат заедничка авиокомпанија што ќе може да го сервисира целиот регион. "Ако националните превозници се спојат во регионален, тоа ќе понуди стабилност на пазарот, намалување на цените за патниците и ќе [охрабри] фер конкуренција кон поголемите европски авиопревозници присутни на пазарот", рече за SETimes Дритан Келиу, професор по економија и директор на Балканскиот центар за економија и трговија. Досега единствената авиокомпанија што работи во Албанија е Белер, приватно претпријатие. Во ноември 2011 година Албанската цивилна авијациска власт ја повлече лиценцата на Албаниан ерлајнс за да спречи нејзино додавање на листата превозници кои имаат забрана од ЕУ. Авиокомпанијата беше приватизирана нешто повеќе од две години претходно. Во Србија, владата постојано се обидува да го приватизира националниот превозник ЈАТ Ервејс, но без успех. Најголем регионален превозник останува Тркиш ерлајнс, кој ги зголемува услугите во Западен Балкан. Али Генц, постар заменик-претседател на Тркиш ерлајнс за односи со медиумите, изјави за SETimes дека авиопревозникот вовел два лета дневно за Белград, десет неделни летови за Приштина, Скопје, Тирана и за Сараево, и планира да додаде дополнителен лет за Подгорица за летната туристичка сезона. "Ние соработуваме со многу партнери во балканскиот регион", рече Генц. "Секогаш сме подготвени за соработка со кој било партнер што може квалитетно да ги врши нашите услуги." "[Во моментов] летаме до сите главни градови во Балканот. Ние сме претпријатие што брзо расте и го прошируваме нашиот бизнис низ целиот свет, како и во балканскиот регион. Постигнавме голем напредок во регионот, кој може да се види преку бројките", додаде Генц. Тој вели дека балканскиот пазар е многу тежок. "Нема пазарна длабочина и пазарот е многу чувствителен на цените. Позитивен факт за регионот е дека има континуиран раст на пазарот. Скоро 80 отсто од пазарниот правец е кон западот. Со нашиот нов мрежен модел ние имаме цел да добиеме поголем удел во пазарот и гледаме извесен напредок", рече Генц. Келиу вели дека српскиот, хрватскиот и косовскиот пазар бележат зголемување на летовите. "Хрватска како туристичка дестинација, додека Косово и Србија -- поради големата дијаспора што живее во странство -- бележат огромно зголемување на летовите. Приштинскиот аеродром за многумина сега е патот да се стигне до Македонија или Албанија поради оддалеченоста до овие земји." Косово е единствената земја во регионот без приватен или владин превозник, што им овозможува на различни претпријатија што летаат до Приштина да ги контролираат цените на билетите. Блерим Мета, доктор што живее во Германија, изјави за SETimes дека би избрал косовска авиокомпанија ако имаше таква опција. "Тоа би ги контролирало цените и косовската дијаспора би испраќала пари за билетите директно во Косово, а не на други места."
fineweb-2
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=103&eventId=63327Секој Албанец во светот е државјанин на Албанија Се засилува притисокот врз претседателот Бамир Топи, да потпише декрет со кој сите Албанци каде и да живеат да добијат албанско државјанство. По барањето на македонските Албанци, со такво барање се јави и политичкиот лидер на т.н.АНА, Гафур Адили ,а сега тоа од шефот на државата го бараат интелектуалци од Албанија, пренесува агенцијата ИНА. Шеесетината интелектуалци, колку што се потпишани, нагласуваат дека државјанство треба да добијат сите Албанци од Етничка Албанија, што подразбира Косово, Македонија, Црна Гора, јужниот дел на Србија и грчката област Чамарија, како и сонародниците во дијаспората. При тоа тие се повикуваат на членови од Уставот на Република Албанија, наведувајќи дека не бараат ништо повеќе од она што е запишано во Уставот и Преамбулата: "со аспирациите на албанскиот народ за идентитет и национално обединување". Албанските адвокати, правници, како претходно и македонските Албанци му порачуваат на Топи, дека тоа требало да биде по теркот на соседните земји, Македонија, Бугарија, Србија, како и другите земји од поранешна Југославија, каде се применува моделот на двојно државјанство. Тие се убедени дека премиерот Сали Бериша веднаш ќе го реализира декретот на Топи, а со тоа и даденото ветување во деведесеттите години од минатиот век дека " секој Албанец во светот е државјанин на Албанија". Доколку тоа се дозволи, право на албанско државјанство ќе оствареле над 5 милиони Албанци на Балканот.
fineweb-2
УВИД ВО ВАШАТА СМЕТКА И ИНФОРМИРАЊЕ Согласно Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, Друштвото е должно еднаш годишно (најдоцна до 31.01. за состојба на 31.12. претходна година) да достави извештај за состојба на средства на индивидуалната сметка, на домашна адреса на членовите и пензионираните членови на задолжителниот пензиски фонд со кој управува. Телефонско јавување – 02/ 32 43 777 (секој работен ден 08:00 – 16:00) со што ќе добиете упатство за најбрзиот начин за увид во Вашата сметка; 3. По писмен пат (пополнете Барање за извештај за состојба на индивидуална сметка, потпишете се своерачно и доставете го на наша адреса: бул. Илинден бр.1, 1000 Скопје, лично или по пошта) Друштвото не наплаќа надомест за извршување на горенаведените услуги што им ги нуди на своите членови. Покрај редовното годишно известување за состојбата на индивидуална сметка, КБ Прво пензиско друштво најмалку еднаш годишно ги информира членовите и пензионираните членови на задолжителниот пензиски фонд со кој управува и за: - Приносот на КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје; - Наплатените надоместоци и трансакциони провизии; - Вредноста и учеството на средствата на Пензискиот фонд во одделен вид на средства; - Видот и издавачот на односната хартија од вредност. Овие информации се доставуват заедно со извештајот за состојба на средства на индивидуалната сметка (најдоцна до 31.01. за состојба на 31.12. претходна година), но и по барање на член/пензиониран член, а истите се објавуваат и на интернет страната на Друштвото. Документи и информации Ваш коментар
fineweb-2
Лешок се наоѓа во северозападниот дел од Македонија на оддалеченост од околу седум колометри од Тетово на магистралата Тетово – Јажинце, на надморска височина од 500 – 700 метри, на падините на Шар Планина. Лешок изобилува со еколошки чиста природа. Бујната вегетација на Шара со големите пространства на шуми од костен, бука, даб, лешник, ореви, сливи, багрем и други растенија, заедно со шарпланинските реки: Лешочката Река и Бистрица во кои има речна пастрмка како и големите и долготрајни снежни наноси, кои овозможуваат воздухот да изобилува со кислород и климата ја прави пријатна за одмор и рекреација на посетителите. Во Лешок има неколку извори на кисела вода. Неколку километри од Лешок се врвовите Плоча (2200 m) и Три Воде (2300 m), кои се богати со дивеч. На околу два километри од Лешок во селото Џепчиште се наоѓа најмалиот етнолошки музеј на светот, кој располага со преку 1150 стари музејски експонати. Лешок како населба се спомнува уште во античкиот период и тоа како градска населба со развиен економски, општествен и духовен живот. Во средниот век се спомнува со името Легенград, од кој се зачувани остатоците од Лешочкото кале, кое се наоѓа на брдото веднаш над Лешочкиот манастирски комплекс. Месното население го нарекува Лешек. Во Лешок со околината имало 44 цркви. Денес во Лешок има три цркви и една капела – параклис (Св. Атанасиј од 14 век, Св. Атанасиј од 20 век, Св. Богородица од 19 век и капелата – параклис Св. Кирил и Методиј од 20 век сместена во конакот, како и остатоци од пет цркви и параклиси од средниот век (Св. Марена и Св. Атанасиј од 14 век (1321 год. ), била седиште на првиот полошки епископ Јоаникије и со закон е прогласена за споменик на културата. Значаен културен објект е и црквата Св. Богородица, која била доградена од македонскиот просветител и јеромонах Кирил Пејчиновиќ, а ја доградил на темелите на старата црква од среден век, поради што има многу фрески кои датираат од 17 и 19 век, од мијачките зографи Михаил и Панајот од Галичник со раскошен иконостас кој го изработил мијачкиот мајстор Михаил Ѓурчинов 1879 година. Црквата Свети Атанасиј има долги традиции, богата и славна, но полна со трагични настани историја, при што повеќе пати е палена или уништувана и обновувана. Прв пат во 1690 година Турците ги разурнале и Лешочкиот манастир и црквата "Света Богородица". Втор пат манастирот го кренале во воздух албанските терористи за време на конфликтот во 2001 година. Во манастирот е гробот на големиот македонски преродбеник Кирил Пејчиновиќ. Во април, Лешок го посетува птица преселница, пупунец.
fineweb-2
Се предвидува дека повеќе од еден милион нови случаи на немеланомски карциноми на кожата ќе бидат дијагностицирани оваа година во САД. Всушност, бројот на немеланомски кожни канцери е во постојан пораст секоја година, додека бројот на нови случаи на меланом останува речиси ист од деведесетите години. Денес научниците открија дека селенот може да има улога во заштитата на кожата од развојот на базоцелуларниот и сквамоцелуларниот карцином. Ова особено е интересно летно време кога се спремаме за сончање. Повисоко ниво на селен во крвта може да ја намали инциденцата на кожниот канцер за околу 60%, според една осумгодишна студија.Како што наведуваат во Cancer Epidemiology, Biomarkers & Prevention, истражувачите велат дека селенот е асоциран со намален ризик од базоцелуларниот и сквамозелуларниот карцином. Највисоките просечни нивоа на селен помеѓу 1.3 и 2.8 микромола на литар биле асоцирани со 57% намалување на инциденцата на базоцелуларниот карцином и 64% намалување на инциденцата на сквамоцелуларниот карцином, споредено со пониските просечни нивоа на селен помеѓу 0.4 и 1.0 микромол на литар. "Релативно високите серумски концентрации на селен се асоцирани со просечно 60% намалување на последователната инциденца на двата базоцелуларен и сквамоцелуларен карцином", велат истражувачите.Селенот е минерал во трагови кој се појавува нормално во почвата и е апсорбиран од страна на растенијата, од каде што влегува во хуманиот ланец на исхрана-директно или преку конзумирање на месо од копнените животни. Селенот е вклучен во околу 50 до 100 различни протеини во телото, со најразлична улога, од изградба на срцевиот мускул до здрава семена течност. Како и да е, превенцијата од канцер останува една од главните придобивки, и е единствен минерал кој е одобрен од FDA за намалување на инциденцата од канцер. Дознајте повеќе за д-р Дарко Стојановски авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување
fineweb-2
Twitter едноставно претставува платформа за микроблогирање преку која се споделуваат микро постови до 140 карактери. Во поголемите и поразвиените земји е препознаена како значајна платформа за бизнисите. Кај нас иако сметам дека е во подем (не онаков каков што заслужува) сепак не се искористува вистинскиот потенцијал на истата (освен неколку поединечни бизниси). Затоа во овој пост ќе се обидам да направам една листа на ресурси за користење на Twitter како една бизнис алатка. Ќе започнам со официјалната страна на Twitter за бизниси. Тука ќе успеете да најдете информации за тоа како да започнете, клучните термини кои се користат, најдобри практики, случаи и примери и дополнителни ресурси за користење на Twitter во бизнис цели. Одлично место за да започнете со проучување на Twitter. Еден од најдобрите постови за идеи за користење на Twitter за бизнис цели. Нешто што мора да се прочита и секако да се користи. Листа од интересни идеи и начини како да го користите Twitter за бизнис цели можете да прочитате тука и секако да примените во пракса се она што е прифатливо и применливо за Вашиот бизнис. Многу користат автоматизирани ажурирања на статусот со блог постови кои ги објавуваат. Но, Twitter не е само за споделување на блог постови. Тука можете да прочитате за уште 40 идеи што да споделувате освен блог постови. Уште еден одличен пост на Chris Brogan во кој како надополнување на 50 50 идеи за користење на Twitter ќе прочитате корисни совети за користење на оваа платформа. Уште еден пост на Gigaom во однос на најчесто поставувани прашања за Twitter за бизнис од кој можат да се извлечат доста корисни совети и за Вашиот бизнис. Овој пост претставува едноставен How To пост кој можете да го следите при користење на Twitter за Вашиот бизнис. Интересни совети и препораки за тоа што да користите, како да користите и кога да користите на оваа платформа. Ова е прирачник во 17 точки за тоа како да започнете со користење на Twitter. Во овој пост можете да прочитате за 9 стратегии за користење на Twitter во бизнис цели извлечени од најуспешните бизниси на оваа платформа. Користење на Twitter за бизнис Тука ќе прочитате за неколку стратегии и идеи како да го користите Twitter во бизнис цели. Бизнис користење на Twitter Можете да прочитате за основите како функционира Twitter, како и повеќе совети од експерти и што не треба да правите на оваа платформа. 17 Начини на користење на Twitter: Водич за почетници, маркетари и бизнис сопственици Комплетен водич и идеи за користење на оваа платформа во бизнис цели како за почетници, така и за сите кои се занимаваат со маркетинг и кои имаат бинис. Twitter за бизнис – Маркетинг комплет Twitter за бизнис маркетинг комплет на Hubspot претставува еден комплет за стекнување на знаење за имплементација на разни стратегии за користење на Twitter за бизнис цели. Содржи 2 часа видео материјал, електронска книга за користење на Twitter за бизнис и 15 артикли за користење на оваа платформа. (Потребна е регистрација). Овој линк е бизнис категорија на специјализираниот блог за трикови и совети за користење на бизнис. Можете да најдете доста интересни постови кои ќе ја подобрат Вашата стратегија за користење на Twitter за бизнис. Овој пост претставува листа на апликации кои ќе ја зголемат ефикасноста и ефективноста на присуството на Вашиот бизнис на Twitter. Пробувајте и искористете ги оние кои најмногу ви одговараат. Во постот ќе прочитате за 15 причини за користење на Twitter кои може да се искористат како идеи. Интересни начини за доближување на вистинските Ваши бизнис потреби за користење на Twitter. Од што е Twitter, преку објснување зошто некои големи личности го користат Twitter практични начини како Twitter може да му помогне на Вашиот бизнис можете да прочитате во овој пост. Прикажани се 5 функции кои Twitter може да ги понуди за еден бизнис. Во овој пост ќе прочитате за 5 уникатни начини како да го користите Twitter за бизнис цели. Овој пост е базиран на истражување на Gartner во кое се потенцирани 4 начини на кои компаниите го користат Twitter за бизнис. Најдобро се учи од некој кој веќе користи нешто и особено кој постигнува резултати. Во овој пост има 16 примери за големи брендови и нивното практицирање на Twitter. Ресурси за Twitter за раст на Вашиот мал бизнис Интересен краток пост со линкови до различни ресурси кои ќе ви помогнат за ефективно и ефикасно користење на оваа платформа за микроблогирање. Интересни идеи за деловно разузнавање за Вашиот бизнис со помош на Twitter. Уште еден пост на Chris Brogan за користење на Twitter Search во бизнис цели. Преку овој пост ќе дојдете до одговорот како до потенцијални купувачи за Вашиот бизнис преку Twitter. Сметам дека се доста овие 27 ресурси за да ја почувствувате корисноста и потребата и Вашиот бизнис да биде присутен на Twitter. Направив обид да ги извлечам најдобрите и особено оние кои се концентрирани за бизниси. Доколку имате извор кој навистина вреди да се спомене, а не е во горната листа слободно споделете го преку коментар.
fineweb-2
Ориел-прозорец Ориел-прозорец е облик на еркер (аголен прозорец) кој често се наоѓа кај архитектурата од готската возобнова. Ваквиот прозорец се кои се издава од главниот ѕид на зградата и виси, т.е. не ја достигнува земјата. За изработка и поткрепа на ваквите прозорци се користат дрвени колена и рамки. |Оваа статија поврзана со архитектурата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите.|
fineweb-2
| Што го прави УАКС ФКТИ водечки факултет во Македонија? Факултетот за компјутерска техника и информатика (ФКТИ) е еден од водечките факултети од информатичката технологија во Република Македонија. Наставата се одвива на англиски јазик во духот на современите американски универзитети. Факултетот за компјутерска техника и информатика ви нуди две насоки: - Софтверско инженерство - Менаџмент на информациски системи Единствено во Македонија - насоката Менаџмент на информациски системи е акредитирана и од Американскиот совет за акредитација на бизнис факултети и програми (Accreditation Council for Business Schools and Programs - ACBSP). ФКТИ има водечка улога во Македонија во една од најнапредните области на компјутерските науки, областа на директна комуникација мозок-компјутер, при што се управуваат работи со помош на сигналите од мозокот на човекот; ФКТИ има прво место во Македонија за научен труд кој е платено симнуван од Интернет (повеќе од 1300 компјутерски инженери платиле за да го симнат овој труд од престижната компјутерска асоцијација - AssociatonComputingMachinery) Само во последните 2 години, професорите и студентите на ФКТИ имаат објавено повеќе од 17 научни и стручни трудови публикувани во меѓународни списанија или презентирани на конференции, од кои научни труда имаат добиено импакт фактор. АКАДЕМСКИ КАДАР НА ФКТИ Преку 10 професори и соработници секојдневно работат со студентите на ФКТИ со цел да посветат внимание на секој студент поединечно, да ги развијат неговите/нејзините афинитети и да ги насочат да се развиваат во областа која ја сакаат. ФКТИ редовно ангажира професори или експерти кои се образовале или тековно работат во други европски земји и САД за студентите да добијат побогато искуство и работна комуникација со институции надвор на Македонија Покрај наставните и научните ангажмани, професорите на ФКТИ се ангажирани и во раководни активности на Сојузот на информатичари на Република Македонија, организација на симпозуми и други активности за развојот и унапредувањето на информатиката во Македонија. Професорите на ФКТИ редовно учествуваат во меѓународни научно-истражувачки проекти и тековно работат на проекти во Европа и САД. Соодносот студент/професор на ФКТИ изнесува 10:1 - сооднос кој овозможува индивидуална работа со студентите. Индексот: трудови/професор на ФКТИ изнесува 2.22 НАЧИН НА ИЗВЕДУВАЊЕ НА НАСТАВАТА Студентите на ФКТИ работат во мали групи. Тоа значи дека на студентите им е овозможена постојана директна комуникација со професорите и поголема можност за личен развој, усовршување и надградба ФКТИ посветува посебно внимание на напредните области во информатичката технологија и наука како што се: - Роботика - Биомедицинска техника - Процесирање на биосигнали - Бази податоци - Обработка на јазици Наставата се изведува на македонски јазик, со најсовремени учебници и наставни материјали од реномирани универзитети, студии на случај и практична примена на теоријата. Студентите се охрабруваат да учат и презентациски вештини и да го усовршат користењето на англискиот јазик во професионална комуникација. Освен тоа, стимулира тимска работа, работа во групи и споделување на искуства. ДЕЛОВЕН СОВЕТ Соработката со деловниот свет е клуч за изградба на соодветен кадар од областа на информатичките науки. Деловниот совет на УАКС го сочинуваат 150 врвни организации од Македонија. Меѓу нив се и некој од најзначајните компании од ИТ секторот: Деловниот совет на ФКТИ овозможува: 1. Усогласување на наставните програми со потребите на реалниот сектор 2. Практична работа за нашите студенти 4. Советување за можни кариери и регрутација на студенти по нивното дипломирање ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ФКТИ СВЕДОЧАТ РЕЗУЛТАТИТЕ НА НАШИТЕ СТУДЕНТИ Резултат на достигнувањето и напредокот на секој студент е неговиот дипломски, специјалистички или магистерски труд на што се посветува особено внимание и се укажува голема помош и поддршка од страна на професорите. Секој ваков труд е веќе проект и претставува работно искуство. Дипломските трудови значително им помагаат на студентите при вработување во информатичкиот сектор. За квалитетот на студентите на ФКТИ сведочи фактот што дел од нив работат во компании во Швајцарија, Малта, Австралија, Холандија, Јужна Африка или само како самостојни консултанти (freelance). Австрија, Австралија, Норвешка, Словенија и други земји исто така признаа квалитетот на ФКТИ преку доделување на стипендии на нашите студенти за постдипломски студии на нивните државни универзитети. МОЖНОСТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Можностите за вработување во најбрзорастечката индустрија во светот се неограничени! Дел од професиите кои бараат ИТ квалификации вклучуваат, но не се ограничуваат на: - ИТ инженери - Програмери, орджување на системи, развој на апликации и слично во ИТ компании во Македонија и во светот - Програмери, одржување на системи и слично во државни институции - Развој на софтвер во домашни или странски компании - Основање сопствена компанија и развивање на бизнис во ИТ индустријата ГРИЖА ЗА ЗАЕДНИЦАТА Студентите учат многу во својата струка, но учат и како да се грижат за заедницата во која живееме. Ние се обидуваме да нагласиме дека како идни академски граѓани, треба да бидат одговорни и почитувани членови на заедницата. Токму затоа, организирани се бројни општествено одговорни настани и проекти. Некои од нив се следните: 2012 - Хуманитарна акција - Донација за Детски центар во Гостивари 2011 - Подај рака. Внеси топлина во детското срце. УАКС организирање донација на облека и средства на Дневениот центар за бездомни деца во Кисела Вода - Скопје. 2010 - Донација на играчки и материјали за Детската клиника во Скопје Doctor Honoris Causa International Summer School of Architecture and Design University American College Skopje Blvd. Treta makedonska brigada no.60 Skopje 1000, Macedonia Phone/Fax: +389 2 [PHONE] Help us to adapt our website to suit your needs! How do you rate this page? Did we make a mistake?
fineweb-2
За Животот Се започнува како во сон, како во магла, преку првите осознавања на околината. Препознавање на мајчиниот лик, нејзините зборови и чувствување на нејзината топлина. Истражување на скриените и непознати катчиња во околината, играта со најблиските, распознавање на познатите лица, запознавање со пријателите на човековиот род-домашните миленичиња. За секого различно во зависност од местото на живеење, економските услови, статусот на родителите во општеството, условувањата од традицијата, политичкото и религиското опкружување, како и времето во кое сето тоа се одвива изразено преку моменталните услови на секоја генерација. Сите овие чинители влијаат врз начинот на нашето осознавање и перцепција на светот околу нас и истите тие чинители ги врежуваат цртите на нашиот карактер, кои во повеќето случаи остануваат како составен дел на личноста во текот на нејзиниот живот, влијаејќи врз нејзиното сваќање на животната реалност. На овој начин се создава едне невидлив шаблон кој го трасира животниот правец и неговите контури. Така започнува една несватлива и неодгатната игра во која се испреплетуваат и животите на другите луѓе. Гледајќи ја оваа игра како непристрасен набљудувач, од една повисока, продуховена инстанца: Животот на еден поединец и животот на сите луѓе колективно, заедно со целата мрежа на релации, односи, врски, конекции-изгледа како ремек дело на некој мистериозен сликар кој преку луѓето сака да се осознае себеси. Да ги почуствува страдањата на отфрлените, солзите на напуштените, болката на повредените, страста на заљубените, гневот на обесхрабрените, грижата на загрижените, восхитот на просветлените. И како во некој магичен круг на полети и падови се одвиваат животите на сите луѓе. И секој во текот на своето постоење (свесно или несвесно) ги искусува сите (примарни и сложени)емоции: љубовта, тагата, среќата, гневот, задоволството, омразата, восхитот итн. Во тие духовни борби на морален избор, во процесот на своето созревање преку својот " внатрешен монолог "веројатно секој од нас си ги има поставено прашањата: Што е животот? Која е мојата улога на овој свет? Која е смислата на животот? Што е тоа што треба и сум должен/а да го направам? Која е мојата вокација или повик? Можеби сите овие прашања доаѓаат како резултат на копнежот и стремежот да се запознаеме себеси и светот кој не опкружува. Да продреме во бескрајната мистерија на постоењето која никој до сега колку и да се трудел не ја одгатнал. Постојат само обиди и хипотези во насока на осознавањето на овие суштински прашања, но никој со сигурност не може да ја осознае целокупната вистина. Можеби сите од нас како луѓе се различни, за да постојат различни агли на перцепција. А целокупната разновидност и различност да создава еден суптилен систем на знаења. Но тој систем нема да биде систем доколку не е составен од сите составни делови. Затоа секоја личност има улога во општохуманите случувања. Од таа причина луѓето не би требало да ја потценуваат својата голема улога во општохуманите и општочовечките случувања. Нашата должност, улога, повик на овој свет е да бидеме хумани битија. Нашата должност како личности е да имаме пошироки видици за сметка на ограниченото гледање на работите. Затоа што според "ефектот на пеперутката" секоја наша макар и најмала акција се рефлектира на целокупното човештво. Должни сме како хумани битија да помогнеме, да споделиме, да кажеме убав збор, да дадема подршка. Да гледаме кон другите со емпатија, почит, разбирање. Да бидеме алтруистички настроени, да се дистанцираме од секое зло, да не учествуваме во погрешните одлуки на некој друг, да дадеме отпор кон неправдата како кон нас така и кон другите (затоа што не постои лично добро ако сите околу нас се лошо). Должни сме да бидеме сплотени во тешките времиња и пред предизвиците. Должни сме заедно да се потрудиме да изградиме една заедничка подобра иднина. Успех е да го кренеме и оној кој е " паднат ", за да стои до нас и да се почувствува како составен дел од заедничкото животно патување. Затоа што годините се нижат а спомените остануваат како некое далечно минато. А ние имајќи право на избор и слободна волја, можеме да избереме како ќе делуваме во сегашноста и што ќе оставиме позади нас како минато или спомени. Дали нешто со што ќе бидеме горди и задоволни или тажни затоа што сме можеле а не сме направиле. Затоа што животот е карта во еден правец, без можност за повратен билет. Животот не е само стремеж кон среќата, животот е убав со сите негови составни делови. Со среќата, тагата, добрите и лошите искуства.Затоа што животот е се она од што се состои. Нема целост во една половина. Затоа е наивно да се трага само по среќата и убавите искуства. Сите случувања во животот претставуваат благослов доколку се сватат свесно и правилно. Впрочем нема зло без добро и добро без зло. Тие постојат за да се свати суштината на било која вредност. Со ова воопшто не го подржувам злото, туку сакам да укажам на контрадикторноста на појавите во животот. Секое(од наш аспект) лошо искуство може да е само подготовка за наредно добро искуство. Секоја затворена врата или поглавје во животот не води кон нова врата или поглавје. Ако ние тие промени ги прифатиме и се прилагодуваме на нив, слободно ќе циркулира животната енергија, а доколку болуваме, одбиваме да прифатиме и даваме отпор ние се блокираме себеси за понатамошниот развој. Ништо што ни се случува не постои за да не скрши туку за да не направи помудри, подобри, почовечни, посвесни. Животот е како воз.Секој тргнува од една почетна точка "станица" и мора да го помине патувањето со другите патници. Ние не ги избираме патниците кои патуваат со нас, ние само можеме да се прилагодиме кон нив или дистанцираме од нив. Но мораме да патуваме. Како што ние не избираме кога тргнуваме, така не избираме и кога се симнуваме од возот (секој различно се симнува). Но тој период додека сме заедно имаме иста цел: – Сите патуваме. Животот е дар, животот е вдахновение. Животот живее во нас и преку нас. Животот сведочи за себе преку сопственото сведочење. Животот е енергија која се шири низ нас. Ние не го живееме животот, животот не живее нас. Ние сме само средство кое избира како ќе го живее тој драгоцен дар. за zenica.mk: Ана Андриќ
fineweb-2
Еднакви можности Синтагмата "еднакви можности" означува дека жените треба да имаат еднакви права на човечки, социјален, економски и културен развој, како и подеднакво право на глас во општествениот и во политичкиот живот. Еднакви можности за жените и за мажите Отсуство на пречки за економско, политичко и социјално учество врз основа на полот. Тоа значи промовирање на начелото за воведување на еднакво учество на жените и на мажите во сите области од јавниот и од приватниот сектор, еднаков статус, еднаков третман во остварувањето на сите права и во развојот на нивните индивидуални потенцијали преку кои тие придонесуваат во општествениот развој, како и еднакви придобивки од резултатите произлезени од тој развој. Белешки[уреди] - "Водич во феминистичката и родовата терминологија". Здружение на граѓани Акција Здруженска, Скопје. 22 јуни 2007.
fineweb-2
Механика Механиката е наука која го изучува најпростиот облик на движење на материјата, кој се состои во поместување на телата или нивни делови едно во однос на друго. Основните закони или принципи на механиката, која денес ја нарекуваме класична, се формулирани уште од Њутн во 1687 година. Тие принципи имаат свои граници на применливост определени од релативистичката и квантната механика каде Њутновата механика се јавува како граничен случај. Поточно, релативистичката механика преминува во класична во случај на движења со брзини многу помали од брзината на светлината. Кратко речено, Њутновата механика ги опишува бавните движења на макроскопските тела. Во зависност од природата на телата чие движење се изучува, механиката се дели на механика на материјална точка, механика на тврдо тело и механика на флуиди (хидро и аеромеханика). Во зависност од природата на задачите кои се разгледуваат, секоја од претходните области се дели на кинематика, која го изучува поместувањето во зависност од времето, динамика, која го зема предвид и дејството на телата едно на друго од кое произлегува промената на нивната состојба на движење и статика, која ги изучува телата во состојба на мирување. Механичкото движење, пак, се дели на транслаторно и ротационо. Кинематика е дел од механиката и го изучува движељето на телата во зависност од времето. Скалар претставува величина што се карактеризира само со нумеричка вредност. Вектор претставува величина што е определена со нумеричка вредност,правец и насок. Скаларни величини со кои најчесто се среќаваме се:маса,време,волумен. Неподвижно тело во однос на кое се разгледува движење на друго тело се вика референтно тело. Механичко движенје е секоја промена на положба на телата во просторот во однос на другите тела со текот на времето. Механика е дел од физиката која ги изучува движењатана телата тоест е наука која гава одг. на прашањата сврзани со движење и мирување на телата. Матријална точка е тело чии димензии и облик се занемарливо мали во односот на димензиите на просторот во кој се врши движењето Просторот при движење на некое тело,секоја негова честичка ја описувапатната линија е наречено траекторија-може да биде праволиниска и криволиниска. Должината на траекторијата помеѓу две точки штом лежат на неа се вика измислен пат.Патот е скаларна величина. Брзине се дефинира како промена на положбата на телото во даден временски интервал.
fineweb-2
Сократов метод ||Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. Сократика е метод на учење прво применуван од страна на атинскиот философ Сократ (470 п.н.е. - 399 п.н.е). Со својот метод, тој поставувал прашања на кој собеседникот одговарал, но така вешто му го поставувал прашањето што го принудувал самиот него, за она што на почетокот тврдел дека го знае да признае дека не знае, зашто инаку би се судрил со логичките закони. Тоа е оној дел од методичката процедура која се викала иронија. Вториот дел од постапката се состои во тоа што собеседникот со прашањата постепено, одејќи од блиското кон подалечното да дојде до дефиниција на поимот за кој се спори и со тоа да се постигне вистинско знаење. Овој создавачки дел од вештината се темели на изреката: "Познај се самиот себеси". |Оваа статија од областа на философијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите.|
fineweb-2
Вистински хит оваа сезона е темно црвената боја, односно бордо бојата, која, за волја на вистината, им е омилена боја на многу жени. Оваа боја доминира во колекциите на врвните дизајнери за оваа есен, како и во колекциите на познатите модни брендови. Убавата боја на темно црвено вино можете да ја носите "од глава до пети" – односно од кармин па до чевли или чизми, секаде изгледа преубаво! Палта во бордо боја Палтата во бордо боја дефинитивно ќе бидат хит оваа есен. Можете да ги најдете во различни нијанси на бордо, поевтини или поскапи, струкирани или пошироки, со тоа што пошироките се во тренд за оваа сезона. Бордо кожа Кожата е во мода оваа сезона така што дефинитивно можете да се одлучите за кожа во бордо боја, без разлика дали ќе одберете чевли, панталони, здолниште, палто или мантил. Чевли и модни додатоци Чевли со висока потпетица, рамни, кратки чизми или пак дури и чизми до колената – имате широк избор на модели на чевли кои можете да ги набавите во бордо боја и да ги комплетирате со бордо чанта. Комбинации на бои Темната црвена боја оди добро со беж боја, црна, жарко црвена, темна розова, сивокафеава и кафеава. Можете да искомбинирате бордо здолниште со шампањ блуза или бордо палто со сивокафени панталони. Чевли во бордо боја одговараат на светло кафена или розова облека.
fineweb-2
Џаинизам Џаинизам, традиционално познат како Џаим Дарма/Шраман Дарма (जैन धर्म) е античка религија од Индија. Џаинизмот е основан во 6 век п.н.е. Го основал Махавира (околу 540-468 година п.н.е.). Верниците се собираат во храмовите или во светилиштата на своите куќи. Џаинистите ги има околу четири милиони а најголемиот дел од нив живеат во Индија. Џаинистите не веруваат во ниту еден Бог. Нивната вера се заснова на ненасилството кон сите живи суштества или ахимси. Џаинистите веруваат во циклусот на повторно раѓање. Според ова верување, добрите луѓе повторно ќе се родат, но како награда ќе добијат повисок ранг во животот. Монасите и монахините џаинисти живеат во сиромаштија, послушност и невиност. Тие мораат да го штитат својот облик на живот. Со метлата пред себе ја чистат земјата за да не згазнат некоја бубачка, а истовремено носат и маски за да не им влезат инсекти во устата.
fineweb-2
Гета (обувки) Гета е форма на јапонска обувка која наликува на кломпa или сандал. Возвишената дрвена платформа (јапонски:台 - даи) се задржува за ногата преку ремен направен од ткаеница (памук, коноп, винил или кожа). Двете парчиња дрво наречени заби (јапонски: 歯 - ха) ја поткрепуваат гетата од долу. Тие прават особен звук кој во јапонската ономатопеја е познат како Каранкорон. За жал овој звук станува се поредок по улиците во Јапонија во 21 век. Гети се носат со традиционална јапонска облека т.е., кимоно или јуката. Поженствената гета е во форма на елипса а машкиот вид повеќе завзема форма на правоаголник. Во минатото трговците носеле гети со повисоки заби за избегнување на ѓубрето околу крајбрежните пристаништа. Гети можат да бидат целосно направени од едно парче дрво, во кој случаи се избегнува изработката на забите. |Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите.|
fineweb-2
Макфакс |Тип||Приватна| |Oснована||1992| |Седиште||Скопје, Македонија| |Клучни личности||Давор Пашоски (управител); Серјожа Неделкоски (главен и одговорен уредник)| |Дејност||Новинска агенција| |Производи||Вести| |Портал||www.makfax.com.mk| Макфакс e независна новинска агенција, основана во август 1992 година. Непрекинато емитува сопствени вести од мај 1993 година. Макфакс е првата приватна новинска агенција во поширокиот регионот еден од првите приватни медиуми во Република Македонија. Макфакс е регионална новинска агенција. Вестите ги објавува тројазично: на македонски, албански и англиски јазик. Макфакс се самофинансира и работи врз пазарни принципи. Макфакс е претседавач на Асоцијацијата на приватни новински агенции (АПНА) со седиште во Скопје, член на Медиумската организација за Југоисточна Европа СЕЕМО, при Интернационалниот прес Институт (IPI). Макфакс има поддршка од Светската Асоцијација на Весници (WAN), а член е и на Асоцијацијата на печатени и електронски медиуми (АПЕМ) на Македонија. Основач на Макфакс е Ристо Поповски (1945), со долгогодишно искуство во агенциско новинарство, добитник на Наградата за животно дело на Здружението на новинарите на Македонија за 2003 година. Од 2012 година главен и одговорен уредник на Макфакс е Серјожа Неделкоски. Принципи на работа[уреди] Макфакс спаѓа во групата на најпосетувани онлине гласила, со регистрирани 400.000 посетители месечно, односно 20.000 во работен ден. Според анализи, тоа се повеќе од 120.000 уникатни посетители месечно, кои го користат Макфакс како основен ресурс за вести. Вкупно се читаат околу 9.000.000 страни месечно, и тоа ја сортира Агенцијата Макфакс како еден од најдобрите информативни Македонски сајтови. Работењето на Новинската Агенција Макфакс се темели на принципи кои се почитуваат од основањето на агенцијата, и преставува главен адут за работата во иднина. Како приватна Новинска Агенција, независноста е наша одлика, што гарантира информација без никакво влијание. Навременоста, која ја дефинира секоја информација како добра, доколку е навремена. Непристраснота, која исклучува секаков вид на дискриминација, искривување на вистината, фалсификат, плагијат, навреда, клевета. Вистинитоста, како резултат дека секој читател има право на неа. Веродостојност, како стремеж на известување исклучиво од проверени и доверливи извори. Редакција[уреди] Независната новинска агенција Макфакс кадровски и организационо е една од најсилните редакции во Македонија. Најголем број од постојано вработените се новинари, од средната и помладата генерација. За Макфакс постојано хонорарно, како стрингери, работат повеќе новинари и преведувачи. Постојано и хонорарно вработените се врвни и одговорни професионалци, афирмирани независни новинари, преведувачи и организатори.
fineweb-2
Во 2006 година, оваа организација ја иницираше кампанјата Take Back The Tech, заснована на акции кои ставаат акцент на проблемот со насилството врз родна основа, и неговата поврзаност со информатичките и комуникациските технологии. Преку промоција на родната еднаквост на полето на дизајнот, развојот, спроведувањето, пристапот и користењето на ИКТ, како и во носењето на важни политички одлуки и регулаторни рамки, иницијативата Take Back The Tech се заснова на активистичката колективна енергија на сите вклучени лица кои решиле да се посветат на овие прашања. Целта е да се вклучат сите корисници на ИКТ, а особено жените и девојките со цел да ја превземат контролата и моќта над технологиите, а во текот на тој процес, да го побараме и реализираме нашето право на дефинирање, пристап, користење и обликување на ИКТ. Во последно време, видливо е дека виртуелниот интернет простор се помалку е сигурно место за жените. На пример, вршителите на семејно насилство често ги користат ИКТ за да ги следат и контролираат партнерките, а постои и се поголем број на случаи на онлине вознемирување и сајбер-шпиунирање. Преку оваа кампања, Ве повикуваме да, со свесно раyмислување за ИКТ и нивната употреба, заедно ги окупираме дигиталните простори и да разбереме дека имаме потенцијал за трансформација на постоечките односи на моќ и да ја оствариме визијата за слобода и еднаквост за сите. Лицата вклучени ви работата на APC WNSP ја спроведуваат идејата на кампањата за 16 дена на активизам преку: - Правење на онлине разгледници - креирање на кратки видео филмови на тема Насилството врз жените - испишување на феминистичка википедиа - креирање на блогови на кои можат да се прочитаат статии и извештаи за целиот тек на кампањата Насилството над жените представува нарушување на физичкото, психичкото и/или емоционалното здравје, а причините лежат во односот на нееднаквост помеѓу мажите и жените во скоро секоја сфера на животот. Примери за насилство врз жените се семејното насилство, силувањето и сексуалното вознемирување, итн. ШТО Е ИКТ? Информатичко-комуникацијските технологии се алати и платформи кои ги користиме за комуникација и информирање, како што се радиото, мобилната технологија, телевизијата и интернетот. НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ И ИКТ И насилството врз жените и ИКТ имаат големо влијание врз нашата способност да ги уживаме нашите човекови права и основни слободи. Во последно време, се повеќе се прави паралела помеѓу насилството врз жените и ИКТ. На пример, веб сајтовите можат да бидат корисно место за жените кои трпат насилство преку нудење на корисни информации и помош. ИКТ се во состојба да ги пренесат општествените норми преку репресентацијата на културата, општествените структури и односи. Тие често ја играат улогата на медиумите, ги презентираат и зацврстуваат таканаречените разлики помеѓу мажите и жените преку прифаќање на стереотипите и родните улоги како реалност. Поради тоа, донесовме одлука да учествуваме активно во намалувањето на негативните појави во виртуелната опшстествена сфера. За време на овогодинешната кампања 16 дена на активизам, Take Back The Tech сака да им даде видливост на сите организации, групи, колективи, поединци и поединки кои спроведуваат активности за време на кампањата. Сакаме да изградиме онлине досие кое ќе биде достапно за сите, а ќе служи за планирање на идни заеднички активности и креирање на активна мрежа за женска солидарност на просторот на ЈИЕ. ЗАТОА ВЕ ПОВИКУВАМЕ: - да земете активно учество и да ни ги испраќате програмите на вашите кампањи - Да не информирате за активностите кои ке ги изведете за време на кампањата 16 дена на активизам Преземено од: OneWorld SEE
fineweb-2
Ви благодариме што одвоивте разгледаме во нашата рекламирање стапки и програми. Сега дека 68Caliber тесно соработува со Националниот пумпа лига, нашите промотивни програми се ажурирани и промени да се вклучат во соработка, крос-промотивни програма за сезоната 2010. А стапка картичка и превземање верзија на оваа информација во PDF формат се достапни. Детални информации за стапките, формати, поставеност, плаќање и други поврзани прашања може да се најде со кликнување на записите на менито под РЕКЛАМИРАЈТЕ страница, или со кликнување на линкот подолу. Ако имате било какви прашања, пишете или јавете користење контакт информациите обезбедени врз ЗА 68Caliber Menu. СИМНЕТЕ рекламна програма и стапка картичка PDF
fineweb-2
Отомански интеррегнум |Историја на Отоманска империја| Дел од серијалот |Подем (1299–1453)| |Интеррегнум| |Територијално проширување (1453–1683)| |Стагнација (1683–1827)| |Женски султанат| |Копрулска ера| |Ерата на лалињата| |Пад (1828–1908)| |Танзиматска ера| |Прва уставна ера| |Распаѓање (1908–1918)| |Поделба (1918–1922)| Отоманска империја Portal Османлискиот интеррегнум, позната и како османлиски триумвират (турски: Fetret Devri) започнала во 1402 година по смртта на султанот Бајазит I од страна на монгоскиот султан Тимур во битката кај Анагора. И покрај тоа што Мехмед Челебија бил избран за новиот султан на Османлиската империја, сепак тоа не било прифатено од страна на неговите браќа. Ова резултирало со започнување на граѓанска војна во империјата. Содржина Позадина[уреди] По крајот на Косовската битка од 15 јуни 1389 година починал османлискиот султан Мурат I. Неговиот син Бајазит I со Османлиската империја владеел од Косовската битка до Анагорската битка која се одвила на 28 јули 1402 година. Бајазит се одликувал со тоа што ги проширил своите територии на Балканот поради кое главно бил наречен Јилдирим или молња. Меѓутоа, во тоа врере од исток се појавиле монголските освојувачи на чело со Тимур. Монголите започнале да им нанесуваат порази на Османлиите во Анадолија. До поголема војна дошло на 28 јули 1402 година на полето Чибук, блиску денешната престолнина на Турција, Анкара. Во таа битка учествувал и самиот Бајазит I, заедно со своите синови: Иса, Мехмед, Муса, Мустафа и Сулејман. Во таа битка на страната на Османлиите учествувале и вазалите Стефан Лазаревиќ и Ѓураѓ Бранковиќ, кои биле српски деспоти и учестувале со околу 5.000 оклопни коњаници. Во битката Монголите издвојувале голема победа. Во текот на битката, турските бегови од областите Ајдин, Сарухан, Ментеш и Караманија преминале на страната на Тимур и со тоа битката била решена. Со околу 10.000 јаничари, султанот во ноќта се обидел да побегне но во тоа не успеал па бил заробен од страна на монголската војска. Заедно со него бил заробен и сун му Муса. Другите негови синови се спасиле со бегство, освен Мустафа кој мистериозно исчезнал на бојното поле. По крајот на биктката, емиратите Ајдин, Сарухан, Ментеш и Караманија ги повратиле своите поседи, Константинопол се спасил од опсадата а византискиот император Мануел II ја задржал власта во некои делови во Мала Азија и Европа. Тимур продолжил со пустошењето на анадолските земји. Веднаш по Анагорската битка, тој го испратил својот син Мухамед кон османлиската престолнина Бурса каде на 3 август успеал да ја ограби. Неговиот друг син Абу Бакар го разгромил Јенишехир, и стигнал дури до бреговите на Егејско Море. Тимур го зазел Измир по кое тргнал кон исток. Во 1403 година Сулејман потпишал и договор со Византијците и регентот Јован VII, со кои им отстапил некои територии на морскиот брег, вклучувајќи го и Солун. Исто така посебни договори биле склуќени и со деспотот Стефан Лазаревиќ, Венеција, Џенова и Родос во текот на 1403 година. Византија играла голема улога во меѓусебните судири на османлиските принцови и го подржувала најслабиот османлиски принц Мехмед. Почеток[уреди] По Анагорската битка, во Османлиската империја се дошло до интерегнум - меѓувлада, која трале повеќе од една деценија. По битката, синовите на Бајазит побегнале на различни страни. Така, Сулејман со Големиот везир Али Паша и јаничарскиот ага се засолниле во Бурса а потоа и во Едрене каде се самопрогласил за султан. Мехмед се зацврстил во Амасија и борејќи се против Монголите, успеал да поврати некои од претходно изгубените територии. Иса се засолнил во Бурса и ја зацврстил својата власт во Караманија. Мустафа мистериозно исчезнал, додека пак Муса Челеби кој бил заробен заедно со својот татко, по неколку месеци се вратил со останките на султанот. Според пишаните извори, во времето кога тој пристигнал во Анадолија, тој ги пронашол своите браќа Мехмед и Иса скарани, помеѓу кои била започната војна. Во таа војна Иса бил победен и затоа тој побегнал кај својот брат Сулејман во Едрене. Сулејман многу бргу го прифатил, со кое го ставил на чело на една армија која тргнала во поход против Мехмед. Иса, во битката кај Ески Шехир бил поразен. Во самата битка тој бил заробен а подоцна и погубен во 1406 година. Мехмед ја воспоставил својата власт во Ајдин, Сарухан, Ментеше и Гермијан. Според пронајдените монети ова се случило во текот на 1403 и 1404 година. Тогаш Сулејман со својата армија преминал во Анадолија борејќи се против своите двајца браќа Мехмед и Муса, кои биле во тоа време во сојуз. Во исто време, во анадолскиот регион пристигнал влијателниот шејх Бедредин. Муса и Сулејман[уреди] Бедредин Симави зазел позиции против принцот Сулејман и Мехмед, кои биле претставници на крупните феудалци. Муса Челеби со помош на својот брат Мехмед, успеал своите војски да ги префрли од Анадолија во Румелија со цел да се симне од власт Сулејман кој бил статиционирал во Едрене. Муса во тоа време сѐ уште тактизирал и ја признавал врховната власт на Мехмед. Во 1410 година дошло до жестока битка помеѓу силите на Муса и Сулејман во која Муса издвојувал победа и ја зазел цела Румелија и на 17 февруари 1410 година во Едрене се прогласил за султан. Кога во мај 1410 година, Сулејман се префрлил во Румелија и започнал воени акции против Муса, голем број на феудалци се ставиле под негова услуга. Меѓу овие големци се нашле и Вук Лазаревиќ и браќата Бранковиќ. Сулејман со помош на византискиот император Мануил II Палеолог го преминал Босфорот и во близина на градот Космидион му нанел тежок пораз на Муса. Имено, откако војската на Сулејман стапила во офанзива, христијаните кои се бореле на страната на Муса одбегнувале да влезат во директен судир со Византијците и христијаните сојузници на Сулејман, пак се разбегале од бојното поле. Самиот Муса се повлекол во Јамбол, додека неговите сојузници како Вук Лазаревиќ преминале на страната на принцот Сулејман, иако пред почетокот на битката Муса се посомневал во лојалноста на Вук, додека Стефан Лазаревиќ пребегал во Галата. Во оваа битка Муса бил поразен. Основната причина за поразот на Муса се гледа во измамата на големите румелиски бегови кои заедно со српските вазали односно деспоти преминале на страната на Сулејман. По овој пораз, Муса се повлекол кон Стара Планина каде продолжил со својата герилска војна против својот брат. Сулејман по ова влегол во Едрене како султан. Така, владеењето на Муса како султан траело од 13 февруари до 15 јуни 1410 година. Сепак, за многу кратко време силите на Муса повторно започнале да се регрутираат. Муса успеал да ги зароби Лазар Бранковиќ и Вук Бранковиќ. Тој веднаш наредил Вук да биде погубен. На 11 јули 1410 година дошло до нова битка во регионот околу Едрене во која Муса повторно бил поразен. По тој пораз бил погубен и Лазар Бранковиќ. По ова Муса се повлекол во регионот помеѓу Јамбол и Пловдив, и развивајќи успешна герилска борба успеал да собере голема маса од војници. Кон негова страна се приклучиле и голем број на ајдути како и некои ситни феудалци. Особено голема и масовна подршка му пружиле христијаните од планинските краеви од Румелија. Кон крајот на 1410 година Муса успеал да ја зазеде тврдината Станимак во Источна Тракија продолжувајќи кон Едрене. Откако започнала борбата Евренос Бег се обидел да го извести Сулејман кој во тие моменти бил пијан и не бил заинтересиран за новонастаната ситуација. Целиот тек на настаните особено се променил со преминувањето на командантот на јаничарите Хасан ага и Евренос на страната на Муса. Сулејман се обидел да пребегне кон Константинопол, но на 17 февруари 1411 година бил заробен од одред на Муса и задавен. Муса Челеби повторно ја презел власта во Румелија и влегол во Едрене кон почетокот на 1411 година. Така, на власт во Румелија дошол Муса, додека пак во Анадолија останал Мехмед. Муса и Мехмед[уреди] Претенденти за османлискиот престол останале Муса, во Румелија, кој се потпирал на ситните феудалци и нискиот воен кадар и Мехмед, во Анадолија, кој се потпирал на крупните феудалци. Многу брзо помеѓу нив дошло до воен судир. Дел од покрупните феудалци кои биле на страната на Муса, заплашени од своите лични интереси и имоти, го напиштиле на Муса и преминале на страната на Мехмед. Пртив Муса се побуниле и српските феудалци кои биле турски вазали, определувајќи се речиси сите за Мехмед. Тогаш, везирот на Муса, Ќор Шах Мелек побегнал во престолнината, а византискиот император Манојло II Палеолог ([PHONE]), кој исто така го подржувал на Мехмед, го вратил пак во Бурса кај Мехмед. Подоцна Муса испратил повик до Византија да му плаќа данок преку својот посланик Ибрахим Паша. Сепак планот на Муса не се остварил бидејќи и Ибрахим Паша слободно бил упатен во Бурса. Бидејќи Муса го држел Галиполи, византискиот император му дал воена помош на Мехмед за преминување во Румелија. Првиот воен судир помеѓу двете страни се случил кон крајот на 1441 година. Муса, заедно со своите сили на двапати интервенирал во Солунско и во Тесалија. Во 1412 година тој успеал да го зароби принцот Орхан, а неговите сили да ги разбие. По ова дошло и до други судири. Во јули 1412 година дошло до борба во битката кај Инџегиз. главно поради предавство на крупнбегови, еден дек ид војската на Муса се разбегала. Меѓутоа, околу 7.000 јаничари останале со Муса и успеале да го опколат на Мехмед, кој ранет одвај успеал да побегне. По овој пораз, Мехмед се вратил во Анадолија, за да се подготви за нова војна. По кратко време дошло до нова борба помеѓу браќата, и тоа во близина на Константинопол. Во таа битка, Мехмед повторно бил поразен. Согледувајќи дека сам нема сили да победи, Мехмед создал унија со византискиот император, со српските деспоти Стефан Лазаревиќ и Ѓураѓ Бранковиќ, унгарскиот феудалец Моровиќ, босанскиот феудалец Сандаљ Храниќ, а во исто време се поврзал и со беговите од Румелија и Македонија Паша Јѕргит, Бурак-бег, Синанбег и Евренос бег. Така, силите на Мехмед во пролетта 1413 година навлегле во Румелија. По ова следувало напаѓање на силите на Муса. Можеби најголема улога во воениот конфликт помеѓу Мехмед и Муса одиграл Евренос-бег. Тој му дал совет на Мехмед да навлезе длабоко на територијата на Румелија, дури да престигне и до Србија каде од таму би добил помош од беговите. Кога Муса видел дека неговиот брат одбегнува да прифати борба и дека се упатил кон Овче Поле, тој ја сфатил намерата. Муса на Овче Поле расположил доста од својата војска. Крајна цел на Муса била неговиот брат да нема можност да престигне во Скопје, каде се наоѓал скопскиот намесник Јигит паша. Сепак, Мехмед го заобиколил Овче Поле и престигнал во Врање и Прешево, каде се сретнал со Лазаревиќ и успеал да дојде во контакт со останатите големци од овој регион. На овие простори биле собрани голем број на војници кои во состав биле освен приврзаници на Мехмед и српски деспоти, унгарски феудалци. Така оваа сојузничка војска заедно се упатила кон Овче Поле. Кога сојузничките сили престигнале на Овче Поле заклучиле дека силите на Муса се повлекле кон исток. По ова, Мехмед многу мудро, започнал да создава воени кампови по империјата. Тој се упатил најпрвин по долината на река Струма, а подоцна и кон денешна Софија и Самоков. Во меѓувреме силите на Муса го следеле движењето на Мехмед. Во еден момент во таборот на Муса се открило дека беговите тамаџи-оглу и Савџи-оглу работат за Мехмед, па поради тоа тие биле погубени. По овој настан, голем број од приврзаниците на Муса започнале да го напуштат и да преминуваат на страна на Мехмед. Смртта на Муса[уреди] Така, одлучивачката битка помеѓу двете страни се случила на 5 јули 1413 година. На левото крило на Мехмедовата војска биле единиците на Стефан Лазаревиќ и неговите босански и унгарски сојузници на чело со Ѓураѓ Бранковиќ. Десното крило било зазедено од страна на Евренос-бег со своите пет синови и другите румелиски бегови, а во средината на линијата се наоѓал Мехмед со своите анадолски трупи, на чие чело се наоѓале Бајазит паша и Зулкадир оглу. Во оваа битка загинал Муса Челеби. По војната[уреди] По смртта на Муса и победата на Мехмед, како единствени опоненти му останале Михаил-оглу и Мехмед бег. Така, во битката кај Чамурлу тие биле заробени заедно со шејхот Бедредин Симави. Сепак Бедредин бил пуштен на слобода главно поради својот авторитет и знаења. По неговото пуштање на слобода, Бедредин Симави успеал да собере војска која би можела да му се спротистави на Мехмед, но во 1416 година тоа востание било крваво задушено, а Бедредин обесен. Дузме Мустафа[уреди] Напоредно, со избувнување на востанието на Бедредин, по пет години од неговото задушување, во Румелија избувнало уште едно востание на чие чело застанал Дузме Мустафа. Дузме на турски значи лажен. Тогашната дворска и официјална турска историографија, па дури и некои понови турски научници, сметале дека Мустафа не бил принц. Според најновите истражувања било потврдено дека Мустафа Дузме бил еден од синовите на Бајазит I кој исчезнал во Анагорската битка во 1402 година. По битката, според најголемиот дел од историчарите, Мустафа бил заробен заедно со татко му. По смртта на татко му во 1403 година, тој се префрлил во Влашка каде добил помош од влашкиот владетел Мирче стариот. Во Румелија Мустафа започнал да организира одбранбена линија против својот брат Мехмед. По започнувањето на борбите, силите на Мустафа на неколку пати биле поразени. Самиот Мустафа успевал да побегнува од самото бојно поле. Сепак, тој бил предаден од неговите спахии и предаден лично на силите на Мехмед. По неговото фаќање, тој бил однесен во Едрене и обесен на највисоката тврдина. Наводи[уреди] - Fine, John Van Antwerp, The Late Medieval Balkans, (University of Michigan Press, 1994), 499. - Ismail Hakki Uzuncarsili. Osmanli tarihi, cild, 3 baaski, Ankara 1972, 310-320 - :К-Р. MATSCHKE, Die Schlacht bei Ankara und das Scheksal von Byzanz, Weimar (1981) - Furuzan Hursev Tokin, Turkiyede halk hareketleri, Istanbul 1968, 35. - Hammer, Historie de Lempire ottoman...I, 156 - Hammer, Histoija turskog carstva, 124
fineweb-2
Тесерактот има 8 коцкести ќелии, три на секој раб. Коцкесто саќе 2x2x2, има четири коцкести ќелии по раб. Во геометријата, 'ќелија е тридимензионален елемент кој е составен дел од повеќедимензионално геометриско тело. Кај политопите[уреди] Ќелијата претставува тридимензионален полиедарски елемент кој сочинува дел од границата на повеќедимензионален политоп, како на пример полихорон (4-политоп) или саќе (3-просторна теселација). На пример, коцкестото саќе е составено од коцкести ќелии - по 4 коцки на секој раб. Тесерактот исто така е составен од коцкести ќелии, но има смао 3 коцки по раб. Кај називите на полихороните[уреди] Правилните конвексни полихорони честопати се именуваат по бројот на ќелиите што ги содржат, исто како што се користат n-аголник и n-едар како кратенки за многуаголните и полиедарските називи. На пример, тесерактот се нарекува и "октахорон" или 8-ќелија бидејќи содржи 8 коцкести ќелии. Надворешни врски[уреди] - Ќелија - "Поимник за хиперпросторот" од Џорџ Олшевски (англиски)
fineweb-2
ПЛУТАРХ ВО БИОГРАФИЈАТА ЗА РИМСКИОТ ВОЈСКОВОДЕЦПавел Емилијан ги ослободи и Грците од македонскиот јарем Павел Емилијан ги ослободи и Грците од македонскиот јаремСпоред историски записи зачувани до денес, во 168 пр. н.е., на 22 јуни, римската војска под команда на генералот Луциј Емилиј Павел со измама успеала да ја добие последната решавачка битка против Македонците кај Пидна. Генералот на римските легии со својата војска се пробил низ полето меѓу Хераклеја и Либертрум, а потоа полека му се доближил на Персеј од зад грб изненадувајќи ја македонската војска. Притисната од римската пешадија и слонови, македонската фаланга единствениот спас го гледала со повлекување кон брегот, иако морето веќе го контролирале Римјаните. НЕПОЗНАТИ ФАKТИ ЗА НАЈБЛИСKИТЕ РОДНИНИ НА БУГАРСKИОТ KОМУНИСТИЧKИ ВОДАЧАнонимниот брат на Тодор Живков целиот живот бил сметководител Анонимниот брат на Тодор Живков целиот живот бил сметководител"А, за бај Георги ли прашувате? Добар човек беше. Но, зошто сте заинтересирани за него? Нема што да се каже, не беше ниту член на ЦK БKП ниту некаков шеф. Беше сосема обичен човек", опис е кој поранешниот шеф на шестиот оддел во бугарската служба за Државна безбедност Димитар Иванов му го дал на новинарот на бугарскиот весник "168 часа" кога тој го почнал своето истражување за братот на долгогодишниот бугарски претседател Тодор Живков "ДНЕВНИK" ВО ЕСТОНИЈА (2)Естонците имаат најниска невработеност зашто работат во Финска Естонците имаат најниска невработеност зашто работат во ФинскаОд вкупно 1,3 милион жители во Естонија само 8 проценти се невработени. Овој податок зачудува, имајќи предвид дека оваа земја се наоѓа на северот од Европа, најголем дел од годината е студено, земјоделските култури не успеваат, а голем дел од другите индустриски гранки се згаснати по отцепувањето од Советскиот Сојуз. Додека разговараме со нашите естонски домаќини, забележуваат изненаденост и веднаш ни објаснуваат како стојат работите ПО СПОЈУВАЊЕТО НА ВИП И ОНЕДопрва регулаторот ќе процени дали станува збор за формирање дуопол Допрва регулаторот ќе процени дали станува збор за формирање дуополДржавните регулатори допрва треба да го одобрат договорот за спојување на операторите "Вип" и "Оне". Здружувањето на подружниците на "Телеком Австрија" и "Телеком Словенија" во Македонија ќе предизвика тектонско поместување на пазарот на мобилната телефонија и на платени телевизиски услуги. СРЕДБИ СО РАКОВОДСТВОТО НА ЕУГруевски: Приближување на ставовите со ЕК за уставните измени во Македонија Груевски: Приближување на ставовите со ЕК за уставните измени во МакедонијаИма приближување на ставовите меѓу Република Македонија и Европската комисија во однос на предложените измени на Уставот со вметнување на бракот и отворање на финансиски зони, изјави за МИА премиерот Никола Груевски, по неговите денешни средби во Брисел со еврокомесарот за проширување, Штефан Филе и со директорот на Генералниот директорат за проширување, Кристијан Даниелсон. ПО ИСТРАГАТА НА ГРЧКИТЕ СЛУЖБИСемејството на Дениса Маркоска бара реобдукција во Македонија Семејството на Дениса Маркоска бара реобдукција во МакедонијаДиректорот на Институтот за судска медицина Алексеј Дума изјави дека семејството на 23-годишната Дениса Маркоска побарало повторна обдукција во Македонија по добиените ДНК анализи од Грција со кои се потврдува дека телото што беше најдено кај грчкиот остров Карпатос е на 23-годишната прилепчанка.
fineweb-2
Метонимија ||Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |Фигури| |Фигури на значењето (тропи)| |Фигури на формата| Метонимија е замена на зборови, односно преносна употреба на зборовите врз основа на зависна врска меѓу два пoима од стварноста. Таа ја опфаќа употребата на еден збор наместо друг за лица, предмети или појави што се во меѓусебна, надворешна или внатрешна врска. Притоа значењето на едниот збор се пренесува врз другиот збор. Во функција на метонимија се јавува само именката, како и составите од придавка и именка. - - Градот беше разбеснет. Со значење: Граѓаните беа разбеснети. - Сето село беше излезено пред порти. =селаните - Не заборавај ја лулката своја. =родното место |Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите.|
fineweb-2
Мое лично мислење околу формирањето на Државна Армија. Како прво да се разбереме, не кажувам политички флоскули и не купувам или продавам мој интерес. Само сакам да дадам предлог во врска со оганизирањето на Државната Армија. Како прво и основно не Како што на сите што им требаше нови пријатели за остварување на мисијата им помогнав со додавање за пријател кои беа во голем број, сега треба да се погрижиме да си помогнеме и на друг начин, а тоа е да се ставаат суб на нашите весници. Затоа во Не можеа и да сакаат во штабот на ЕДЕН да погодат подобар ден за суспендирање на гласот на еБугарија. Успеаа тоа да го направат на нивниот национален празник 3 март денот на ослободување од отоманското царство. Дури сега ке биде интересна играта. Мојот предлог би бил едноставен. Сите воглавно ги собираме базуките од дневните мисии во единиците. Треба нели сите знаеме 25 убени противници за базука. Сега откако сме под окупација нас не дава во востаниата да пукаме на сами себе, а и не дава к
fineweb-2
Исхрана ||Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. ||Предложено е оваа статија да се спои со статијата Храна. (разговор)| ||Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. Исхраната (уште наречена прехрана или храна) претставува обезбедување на клетките и организмите со потребни материи (во форма на храна) за живот. Со здрава исхрана можат да се спречат или олеснат многу чести здравствени проблеми. Исхраната на еден огранизам е она што тој го јаде, кое во најголема мера е одредено од тоа колку храната се смета за вкусна. Диететичари се здравствени професионалци чија специјалност се човекова исхрана, планирање на оброци, економичност и подготовка. Тие се обучени да обезбедуваат сигурни совети за исхраната врз основа на докази, како и насоки за управување со храната за поединци (здрави и болни) и за институции. Клинички нутрицисти се здравствени професионалци кои повеќе се фокусираат на улогата на исхраната кај хроничните болести, како и можна превенција или лечење притоа првично барајќи ја вината во недостатокот на хранливи материи пред прибегнување кон лекови. Додека за употребата на овој професионален термин, владината регулатива е помалку универзална отколку за терминот "диететичар", полето е поддржано од мноху високо-академски програми, се' до и вклучувајќи го Докторатот, и има свој Доброволен одбор за сертификација, професионални здруженија и рецензирани списанија. "Американското друштво за исхрана" и "Американскиот дневник за клиничка исхрана". Лошата исхрана може да нанесе удар врз здравјето и да предизвика болести како резултат на недостаток на храна како што се скробут и квашиоркор, состојби кои го загрозуваат животот како дебелина и метаболичен синдром, како и чести хронични системски болести како што се кардиоваскуларната болест, дијабетес и остеопороза. Содржина - 1 Животинска исхрана - 2 Хранливи материи - 3 Јаглеродни хидрати - 4 Растителни влакна - 5 Масти - 6 Неопходни масни киселини - 7 Протеини - 8 Минерали - 9 Макроминерали - 10 Минерали во форма на трага - 11 Витамини - 12 Вода - 13 Други хранливи материи - 14 Антиоксиданси - 15 Фитохемикалии - 16 Цревна бактериска флора - 17 Совети и водство - 18 Учење - 19 Здрава исхрана - 20 Францускиот "парадокс" - 21 Спортска исхрана - 22 Неисхранетост - 23 Психичка агилност - 24 Душевни нарушувања - 25 Рак - 26 Метаболичен синдром - 27 Хипонатремија - 28 Антинутриенти - 29 Преработена храна - 30 Историја - 31 Од античко време до 1900 година - 32 Од 1900 година до сегашност - 33 Исхрана на растенијата - 34 Макронутриенти - 35 Микронутриенти - 36 Процеси - 37 Надворешни врски Животинска исхрана[уреди] Краток преглед[уреди] Науката за исхрана ги истражува метаболичните и психичките телесни одговори на исхраната. Со напредување во полињата на молекуларната биологоја, биохемијата и генетиката, предметот на исхраната се' повеќе се занимава со метаболизмот и метаболичните патеки: секвенците на биохемиските чекори низ кои супстанциите во живите суштества се менуваат од едно во друго. Месојадната и хербиворната исхрана се спротивни, со основни азотни и јаглеродни пропорции чие ниво варира во одредена храна. Кога се мери иста количина, месојадите консумираат повеќе азот отколку јаглерод додека хербиворите консумираат помалку азот отколку јаглерод. Човечкото тело содржи хемиски соединенија како што се вода, јаглеродни хидрати (шеќери, скроб и влакна), амино киселини (во протеините), масни киселини (во липидите) и нуклеински киселини (ДНК и РНК). Овие соединенија во себе содржат елементи како што се јаглерод, водород, кислород, азот, фосфор, калциум, железо, цинк, маглезиум, манган итн. Сите овие хемиски соединенија и елементи се јавуваат во различни форми и комбинации (на пр. хормони, витамини, фосфолипиди, хидроксиапатити), како во човечкото тело така и во растенијата и во животинските организми кои луѓето ги јадат. Човечкото тело се состои од елементи и соединенија кои се внесуваат, преработуваат, апсорбираат и циркулираат ни крвототкот за да ги хранат клетките на телото. Со исклучок кај неродениот фетус, дигестивниот систем е првиот вклучен систем. Во луменот на дигестивниот тракт на една возрасна личност влегуваат околу седум литри дигестивни сокови. Овие дигестивни сокови раградуваат хемиски врски во внесените молекули и ги моделираат нивните структури и енергетски состојби. Сепак, некои молекули се апсорбираат во крвототкот како непроменети, а дигестивните процеси ги испуштаат од матрицата на храната. Неапсорбираните материи како и некои отпадни производи на метаболизмот се исфрлаат од телото преку изметот. Поручувањата за исхраната мора да ја земаат во предвид состојбата на телото пред и по експериментите, како и хемискиот состав на целата храна и составот на сите материи излачени и исфрлени од телото (во урина и измет). Споредувањето на храната со отпадот може да помогне да се одредат точните апсорбирани и метаболизирани соединенија и елементи во телото. Ефектите од хранливите материи можат да се забележат само во одреден временски период во кој сета храна и отпад мора да бидат анализирани. Бројот на променливи кој е вклучен во такви експерименти е висок, што ги прави проучувањата за исхрана време-консумирачки и скапи, што пак од своја страна објаснува зошто науката за човековата исхрана с'е уште се развива полека. Општо гледано, јадењето широка разновидност од свежа, цела (непреработена) храна се покажало корисно за здравјето во споредба со монотона исхрана која се базира на преработена храна. Особено, консумирањето на целосно-растителна храна ја забавува дигестијата и овозможува продобра апсорпција и покорисна рамнотежа на важни хранливи состојки на калорија, што резултира со подобро управување со растот на клетките, одржување и митоза (делба на клетките), како и подобро регулирање на апетитот и шеќерот во крвта. Редовните оброци (на неколку часа) се покажале како поцелосни отколку нередовните или случајните, иако едно неодамнешно проучување ги поврза честите оброци со повисок ризик од рак на дебело црево кај мазжите. Хранливи материи[уреди] Постојат шест основни класи на хранливи материи: јаглеродни хидрати, масти, минерали, протеини, витамини и вода. Овие класи на хранливи материи можат да се категоризираат како макронутриенти (потребни во релативно големи количини) или микронутриенти (потребни во мали количини). Макронутриентите вклучуваат јаглеродни хидрати (вклучувајќи растителни влакна), масти, протеини и вода. Микронутриенти се минералите и витамините. Макронутриентите (не вклучувајќи ги растителните влакна и водата) обезбедуваат структурални материи (амино киселини од кои се изградени протеините, и липиди од кои се изградени мембраните на клетките и некои сигнализирачки молекули) и енергија. Некои од структуралните материи можат да се користат за генерирање на внатрешна енергија, но во кој било случај се мерат во џули или килокалории (често наречени "калории" и напишани со голема буква К за да се разликуваат од малата к за калории). Јаглеродните хидрати и протеините обезбедуваат приближно 17 џули (4 калории) енергија на грам, додека мастите обезбедуваат 37 џули (9 калории) на грам, иако мрежната енергија од двете зависи од други фактори како што се апсорпцијата и дигестивниот труд, кои значително се разликуваат од случај во случај. Витамините, минералите влакната и водата не обезбедуваат енергија, но се потребни поради други причини. Трета класа на хранливи материи, растителното влакно (односно несварлива материја како што е целулозата) исто така е потребна, како од механички така и од биохемиски причини, иако точните причини с'е уште остануваат нејасни. Молекулите на јаглеродните хидрати и мастите се состојат од јаглеродни, водородни и кислородни атоми. Јаглеродните хидрати варираат од едноставни моносахариди (гликоза, фруктоза, галактоза) до сложени полисахариди (скроб). Мастите се триглицериди, направени од избрани масни киселински мономери врзани за 'рбетот на глицеролот. Некои масни киселини, но не сите, се важни во исхраната: тие не можат да се синтетизираат во телото. Протеинските молекули содржат азотни атоми како додаток на јаглеродните, кислородните и водородните. Основните компоненти на протеините се амино киселините кои содржат азот, од кои некои се клучни бидејќи луѓето не можат да ги создадат внатрешно. Некои од амино киселините (со проширување на енергија) се претвораат во гликоза и можат да се искористат за создавање на енергија исто како обичната гликоза во процесто познат како глуконеогенеза. Со разградување на постоечки протеини, дел од гликозата може да се произведе внатрешно; останатите амино киселини се отфрлаат, првенствено како уреа во урината. Ова обично се случува само во случај на подолго гладување. Други макронутриенти вклучуваат антиоксиданси и фитохемикалии, кои влијаат на (или заштитуваат) некои телесни системи. Нивната потребност не е одредена како што е на пример кога станува збор за витамините. Повеќето видови на храна содржат мешавиина од некои или од сите класи на хранливи материи заедно со други супстанции, како што се токсини од најразличен вид. Некои хранливи материи може да се складираат внатрешно (на пр. витамини растворливи во масти), додека другите се потребни повеќе или помалку цело време. Лошата здравствена состојба може да биде предизвикана како резултат на недостаток на потребни хранливи материи или во екстремни случаи, вишок од потребните хранливи материи. солта и водата (и двете апсолутно потребни) можат да предизвикаат болест, па дури и смрт кога се земаат во преголеми количини. Јаглеродни хидрати[уреди] Јаглеродните хидрати може да се класифицираат како моносахариди, дисахариди или полисахариди во зависност од бројот на мономерни (шеќерни) единици кои ги содржат. Тие претставуваат голема група на храна како што се ориз, тестенини, леб и други производи врз основа на жито. Моносахаридите, дисахаридите и полисахаридите поединечно содржат една, две или три единици шеќер. Полисахаридите се наречени сложени јаглеродни хидрати бидејќи тие се типично долги, разгранети синџири од шеќерни единици. Традиционално, се смета дека простите јаглеродни хидрати брзо се апсорбираат и поради тоа го подигнуваат шеќерот во крвта побрзо од сложените јаглеродни хидрати. Сепак ова не е точно. Некои прости јаглеродни хидрати (на пр. фруктозата) се варат многу бавно, додека многу сложени јаглеродни хидрати се варат со иста брзина како и простите. Растителни влакна[уреди] Растителното влакно е јаглероден хидрат (или полисахарид) кој луѓето и некои животни го апсорбираат нецелосно. Како и сите јаглеродни хидрати, кога ќе се преработи може да произведе четири килокалории енергија на грам. Сепак во повеќето услови се смета дека произведува помалку поради ограничената апсорпција и сварливост. Растителното влакно главно се состои од целулоза, голем јагленохидратски полимер кој е несварлив поради тоа што луќето ги немаат потребните ензими да го разградат. Постојат две подкатегории: раствросливи и нерастворливи влакна. Целите зрна, овошјето (особено сливите, сушените сливи и смоквите) и селенчукот се добар извор на раситителни влакна. Хранливите влакна помагаат во намалување на можноста за добивање на гастроинтестинални проблеми како што се запек или дијареа со зголемување на тежината и големината на изметот, како и негово омекнување. Нерастворливите влакна, кои може да се најдат во пченичното брачно, бадемите, лешниците, оревите и зеленчукот особено ја стимулираат пересталтиката - ритмичките мускулни контракции на цревата кои ја движат храната во дигестивниот тракт. Растворливите влакна кои може да се најдат во овесот, грашокот, гравот како и во многу други овошја се разградуваат во вода во дигестивниот тракт за да произведат гел кој го забавува движењето на храната низ цревата. Ова може да помогне во намалување на степенот на гликоза во крвта бидејќи ја забавува апсорпцијата на шеќер. Исто така, се смета дека влакната, особено оние добиени од цели зрна, помагаат во намалување на инсулинските жили со што го намалуваат ризикот од дијабетерс тип 2. Врската помеѓу зголемената консумација на растителни влакна и намалување на ризикот од рак на дебелото црево е с'е уште несигурна. Масти[уреди] Една молекула на мастите од исхраната се состои од неколку масни киселини (кои се состојат од долги синџири од јаглеродни и водородни атоми) поврзани со глицерол. Тие особено се наоѓаат кај триглицеридите (три масни киселини кои се прикачени за стожерот на еден глицерол). Мастите може да се класифицираат како заситени и незаситени масти во зависност од детализираната структура на вклучените масни киселини. Јаглеродните атоми во синџирите од масни киселини на заситените масти се поврзани со водородни атоми, додека некои јаглеродни атоми на незаситените масти се двојно поврзани, така што нивните молекули содржат релативно помал број на водородни атоми отколку заситена масна киселина од иста должина. Незаситените масти понатаму можат да се класифицираат како мононезаситени (една двојна врска) или полинезаситени (многу двојни врски). Исто така, во зависност од местото на двојната врска во синџирот на масни киселини, незаситените масти се класифицираат како омега-3 или омега-6 масни киселини. Транс мастите се вид на незаситени масти со транс-изомерни врски; овие се ретки во природата и во храната од природни извори; обично се создаваат во индустриски процес наречен (делумна) хидрогенизација. Заситените масти (обично од животински извори) со милениуми се основен производ на многу светски култури. Незаситените масти (на пр. растителното масло) се сметаат за поздрави, додека транс мастите треба да се избегнуваат. Заситените и некои транс масти обично се цврсти на собна температура (како путерот или свинската маст), додека незаситените масти обично се течности (како на пр. маслиновото масло или масло од ленено семе). Транс мастите се многу ретки во природата и се покажало дека можат да бидат многу штетни по ловековото здравје, но исто така содржат состојки кои се корисни во индустријата за преработка на храна, како на пр. отпорност кон расипување. Неопходни масни киселини[уреди] Повеќето масни киселини не се неопходни, што значи дека телото може да ги произведува кога му се потребни, воглавно од други масни киселини, но секогаш со проширување на енергија. Сепак, кај луѓето најмалку две масни киселини се од суштинско значење и мора да бидат вклучени во исхраната. Соодветната рамнотежа на неопходни масни киселини - омега-3 и омега-6 киселини - исто така се смета дека е потребна за здравјето, иако крајна пробна демонстрација не е остварена. Двете "омега" долго-ланчани полизаситени масни киселини се супстрати на класата екосаноиди познати како простагландини, кои имаат улоги низ целото тело. Во некои погледи тие се хормони. Омега-3 екосаноидната киселина (ЕСК) која може да се создаде во човековото тело од неопходната омега-3 киселина, алфа-линоленската киселина (АЛК) или да биде внесена преку морска храна, служи како основа за простагландини од серија 3 (на пр. слабо воспалително ПГЕ3). Омега-6 диомо-гама-линоленската киселина (ДГЛК) служи како основа за простагландини од серија 1 (на пр. против-воспалително ПГЕ1) додека арахидонската киселина (АК) служи како основа за простагландини од серија 2 (на пр. ДГЛК, како и АК можат да се создадат во човековото тело од омега-6 линоленската киселина (ЛК), или може да се внесат директно преку храна. Соодветното избалансирано внесување на омега-3 и омега-6 делумно го одредува релативното производство на различни простагландини, што е причината зошто се смета дека рамнотежа меѓу омега-3 и омега-6 е важна за кардиоваскуларното здравје. Во индустријализираните општества, луѓето обично консумираат големи количества на преработени растителни масла, кои ја намалиле количината на неопходните масни киселини, заедно со премногу омега-6 масни киселини поврзани со омега-3 масни киселини. Стапката на конверзија на омега-6 ДГЛК во АК во голема мера влијае на производството на простагландини ПГЕ1 и ПГЕ2. Омега-3 ЕСК го спречува испуштањето на АК од мембраните, со пренасочување на простагландинската рамнотежа од про-воспалителното ПГЕ2 (кое се создава од АК) кон анти-воспалителното ПГЕ1 (кое се создава од ДГЛК). Покрај тоа, конверзијата (десатурацијата) на ДГЛК во АК е контролирана од ензимот делта 5 одзаситувач, што потоа е контролирано од хормоните како што е инсулинот (нагорно контролирање) и глукагонот (надолно контролирање). Количината и видот на консумираните јаглеродни хидрати како и некои видови на амино киселини, можат да имаат влијание врз процесите кои вклучуваат инсулин, глукагон и други хормони; според тоа соодносот помеѓу омега-3 и омега-6 има широк ефект врз општата здравствена состојба, одредени ефекти врз имунолошкиот систем и воспаленија, како и врз митозата (односно делба на клетките). Протеини[уреди] Протеините се основа на многу животински телесни структури (на пр. мускули, кожа и коса). Исто така ги формираат ензимите кои ги контролираат хемиските реакции низ телото. Секоја молекула е составена од амино киселини кои се карактеризираат со присуство на азот, а понекогаш и сулфур (овие компоненти се виновни за различните миризби на запален протеин, како што е кератинот во косата). Амино киселините му се потребни на телото за да произведува нови протеини (задржување на протеините) и да заменува оштетени протеини (одржување). Бидејќи не постои место за складирање на протеините или амино киселините, амино киселините мора да бидат присутни во исхраната. Вишокот амино киселини обично се исфрлаат преку урината. За сите животни, некои амино киселини се неопходни (животното не може внатрешно да ги создаде), а некои не се неопходни (животното може да ги создаде од други соединенија кои содржат азот). Во човековото тело можат да се најдат околу дваесет амино киселини од кои околу десет се неопходни, па поради тоа мора да бидат вклучени во исхраната. Исхраната која содржи соодветна количина на амино киселини (особено неопходните) е особено важна во некои ситуации: за време на рано развивање и созревање, бременост, лактација или повреда (на пр. Еден комплетен извор на протеини ги содржи сите неопходни амино киселини, додека некомплетен извор на протеини има недостаток од една или повеќе неопходни амино киселини. Можно е да се комбинираат два некомплетни извори на протеини (на пр. ориз и грав) за да се добие комплетен извор, а карактеристичните комбинации се основата на различните културни кулинарски традиции. Изворите на хранливи протеини вклучуваат: месо, тофу и други производи од соја, јајца, мешунки и млечни производи како што се млекото и сирењето. Вишокот на амино киселини од протеини можат да се претворат во гликоза и да се користат како гориво во процес наречен глуконеогенеза. Амино киселините кои остануваат по тој процес се исфрлаат. Минерали[уреди] Освен четирите елементи: јаглерод, водород, азот и кислород, кои се присутни во речиси сите органски молекули, хемиски елементи кои им се потребни на живите организми во исхраната се минералите. Поимот "минерал" е архаичен бидејќи намерата е едноставно да се опишат помалку честите елементи во исхраната. Некои се потешки од претходно споменатите четири, вклучувајќи некои метали, кои во телото често се јавуваат во форма на јони. Некои диететичари препорачуваат да се обезбедуваат од храна во која постојат природно или барем како сложени соединенија, или пак некогаш дури и од природни неоргански извори ( како на пр. калциум карбонат од земјини остриги). Некои минерали од такви извори многу полесно се апсорбираат во јонски форми. Од друга страна минералите во исхраната честопати се додаваат по вештачки пат како додатоци; најпознатиот е јодот во јодизираната цол кој што спречува гушавост. Макроминерали[уреди] Многу минерали се потребни во прилично голема количина; тие обично се нарекуваат "масивни минерали". Некои од нив се структурални, но многу од нив играат улога на електролити. Елементи со препорачана доза во храната (ПДХ) со повеќе од 200 милиграми/ден, наредени по азбучен редослед (со неформални или народно-медицински перспективи во загради) се: - Калциум-чест електролит, но исто така структурално потребен (за мускулите и здравјето на дигестивниот систем, цврстина на коските, некои форми неутрализираат киселост, може да помогнат во чистење на отрови, обезбедуваат сигнализирачки јони за функциите на нервите и мембраните) - Хлор-или хлоридни јони, многу чест електролит; види натриум подолу - Магнезиум-потребен за преработка на АТП и поврзани реакции (ги гради коските, предизвикува силна пересталтика, ја зголемува флексибилноста, ја зголемува алкалноста) - Фосфор-потребна компонента на коските, особено за преработка на енергија - Калиум-многу чест електролит (за здравјето на срцето и нервите) - Натриум-многу чест електорлит, обично не се наоѓа во додатоците на исхраната и покрај тоа што е потребен во големи количини бидејќи јоните се многу чести во храната: обично како натриум хлорид или обична сол. Прекумерната консумација на натриум може да ги намали калциумот и магнезиумот што доведува до висок крвен притисок и остеопороза - Сулфур-за три неопходни амино киселини и според тоа многу протеини (кожа, коса, нокти, црн дроб и панкреас). Сулфурот не се консумира самостојно, туку во форма на амино киселини кои што содржат сулфур. Минерали во форма на трага[уреди] Многу минерали се потребни во мали количини, обично затоа што тие играат улога на катализатори во ензимите. Некои такви милерални елементи (ПДХ<200милиграми/ден) се прикажани по азбучен редослед: - Кобалт-кој е потребен за биосинтеза на витаминот Б12 од фамилијата коензими. Животните не можат да го биосинтетизираат витаминот Б!" и мора да се здобијат со овој витамин кој содржи кобалт преку исхраната - Бакар-потребна компонента во многу ензими кои намалуваат кислород, вклучувајќи го цитохром оксидаза Ц - Хром-потребен за метаболизмот за шеќери - Јод-потребен не само за биосинтезата на тироксинот, туку најверојатно и за други важни органи како градите, стомакот, плунковни жлезди, тимусот итн. (види екстратироиден јод); поради оваа причина јодот е потребен во поголеми количини од другите минерали во списокот и понекогаш е класифициран во макроминералите - Железо-потребно за многу ензими, како и за хемоглобин и некои други протеини - Манган-(обработка на кислород) - Молибден-потребен за ксантин оксидаза и слични оксидази - Никел-присутен во уреазата - Селен-потребен за пероксидаза (антиоксидантни протеини) - Ванадиум-(шпекулативно: не постои воспоставено ПДХ за ванадиум. Ниедна негова биохемиска функција кај луѓето не е идентификувана, иако ванадиум е потребен за некои пониски организми) - Цинк-потребен за неколку ензими како што се јаглерохипертидаза, алкохолна дехидрогеназа на црниот дроб и јаглеродна анхидраза. Витамини[уреди] Како и горенаведените минерали, некои витамини се признаени како неопходни хранливи материи потребни за добро здравје (исклучок е витаминот Д: во присуство на УВБ радијација може да се синтетизира во кожата). Некои соединенија слични на витамини кои се препорачуваат во исхраната како што е карнитинот, се сметаат дека се корисни за опстанок и здравје, но овие не се неопходни хранливи материи во исхраната бидејќи човечкото тело има капацитет да ги произведува од други соединенија. Освен тоа, неодамна во исхраната беа откриени илјадници други фитохемикалии (особено во свеж зеленчук), кои може да содржат пожелни својства вклучувајќи антиоксидантна активност (види подолу); Сепак, експерименталните демонстрации се покажуваат како сугестивни, но недоволни. Други неопходни хранливи материи кои не се класифицираат како витамини вклучуваат неопходни амино киселини (види погоре), холин, неопходни масни киселини (види погоре) и минералите расправани во претходниот дел. Недостаток на витамини може да резултира со болести вклучувајќи гушавост, скробут, остеопороза, оштетен имунолошки систем, нарушување на клеточниот метаболизам, некои видови на рак, симптоми на прерано стареење и слаба психичка здравствена состојба (вклучувајќи нарушувања во исхраната) меѓу многу други. Превисокото ниво на некои витамини исто така е опасно по здравјето (особено витаминот А) и барем за еден витамин, витаминот Б6, токсичноста започнува на ниво недалеку од потребната количина. Недостаток или вишок од некои минерали исто така може да доведат до сериозни последици во здравјето. Вода[уреди] Водата се излачува од телото во неколку форми вклучувајќи ја урината и изметот, потењето и преку водна пареа во издишаниот здив. Според тоа потребна е соодветна повторна хидратација за да се заменат изгубените течности. Последните препораки во врска со количината на вода потребна за одржување на добро здравје посочуваат дека за одржување на правилна хидратација дневно се потребни 6-8 чаши вода. Сепак, не постои одреден веродостоен научен извор во врска со сфаќањето дека една личност треба да консумира 8 чаши вода дневно. Оригиналната препорака за внес на вода од страна на Одборот за храна и исхрана на Националниот совет за истражување од 1945 година гласи: "Нормалниот стандард за различни личности е 1 милилитар за секоја калорија од храна". Повеќето од овие количини се содржат во подготвената храна. Скорешни споредувања на добро познати препораки за внес на течности открија огромни разлики во обемот на вода кој треба да го консумираме за добро здравје. Според тоа за да се помогне во стандардизирање на насоките, препораките за консумација на вода се вклучени во два документа (2010) на Европската управа за безбедност на храната (ЕУБХ): (1) Насоки за исхраната (2) Вредноста на водата во врска со исхраната или соодветна дневна доза (СДД). Овие карактеристики се добиени со пресметување на соодветната доза од измерени кунсумирања во населенија од индивидуи со "пожелни осмоларни вредности на урина и пожелни консумирани количини на вода за единица енергија". За здрава хидратација, тековните насоки на ЕУБХ советуваат вкупна доза на вода од 2.0 литри/ден за возрасни жени и 2.5 литри/ден за возрасни мажи. Овие референтни вредности вклучуваат вода од вода за пиење, од други пијалоци, како и од храна. Околу 80% од нашите дневни потреби за вода доаѓаат од пијалоците кои ние ги пиеме, со тоа што останатите 20% доаѓаат од храната. Содржината на вода се менува во зависност од видот на храна која се кунсумира, така што на пр. овошјето и зеленчукот содржат повеќе отколку житариците. Овие вредности се проценуваат со користење на шаблони за рамнотежа на храната за секоја држава објавени од страна на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации. Други насоки за исхраната исто така имаат импликации во врска со пијалоците кои ги консумираме за здрава хидратација - на пр. Светската Здравствена Организација (СЗО) советува дека додадените шеќери не треба да зафаќаат повеќе од 10% од целосниот внес на енергија. Панелот на ЕУБХ исто така, одреди дози за ралични популации. Препорачаната количина на внесување течности кај постарата популација е иста како и за возрасните. И покрај пониската консумација на енегрија, потребата од вода во оваа група на луѓе е зголемена поради намалениот капацитет на бибрезите. На бремените жени и доилките потребни им се додатни течности за да останат хидратирани. Панелот на ЕУБХ предлага дека бремените жени треба да консумираат иста количина на вода како и жените кои не се бремени, како и зголемен внес пропорционално на зголемениот внес на енегрија, кој треба да изнесува 300 мл/ден. За да надоместат за зголеменото исфрлање на течности, на доилките им се потребни додатни 70мл/ден над препорачаната доза за жените кои не лактираат. За оние со здрави бубрези, до некаде е потешко да пијат премногу вода, но (особено на топло и суво време и за време на вежбање) опасно е да се пие премалку. Иако прехидрирање е многу поретка појава од дехидрирање, сепак е можно да се испие многу повеќе вода отколку што е потребно што може да доведе до интоксикација со вода, сериозна и потенцијално фатална состојба. Особено се опасни големи количини на де-јонизирана вода. Други хранливи материи[уреди] Други макронутриенти вклучуваат антиоксиданси и фитохемикалии. Овие супстанции воглавно се скорешни и с'е уште не се признаени како витамини или како потребни. Фитохемикалиите може да имаат улога на антиоксиданси, но не сите фитохемикалии се антиоксиданси. Антиоксиданси[уреди] Како што создавањето на енергија во клеточниот метаболизам бара кислород, може да дојде до создавање на потенцијално штетни (пр. кои предизвикуваат мутации) соединенија познати како слободни радикали. Повеќето од овие се оксиданси (односно приматели на електрони) и некои реагираат многу силно. За долготрајно нормално клеточно одржување, растење или поделба, овие слободни радикали мора да бидат доволно неутрализирани од антиоксидантни соединенија. Неодамна, некои истражувачи предложија интересна теорија за еволуцијата на антиоксидансите во исхраната. Некои се создаваат во човечкото тело од соодветни претходници (глутатион, витамин Ц), а оние кои телото не може да ги создаде можат да се добијат само преку директни извори од исхраната (витамин Ц кај луѓето, витамин А, витамин К) или од други соединенија ( телото го претвора бета-каротинот во витамин А, сончевата светлина го синтетизира витаминот Д од холестеролот). Фитохемикалиите (делот подолу) и нивната подгрупа, полифеноли, го сочинуваат мнозинството антиоксиданси, а познати се околу 4.000. Познато е дека различни антиоксиданси знаат да функционираат заеднички. витаминот Ц може повторно да активира слободен радикал кој содржи глутатион или витамин Е со тоа што ќе гоприфати слободниот радикал. Некои антиоксиданси се поефективни од други во неутрализирање на различни слободни радикали. Некои не можат да постојат во просторот каде што се развиваат слободните радикали (витамин А е растворлив во масти и ги заштитува масните области, витаминот Ц се раствора во вода и ги заштитува тие области). При интеракција со слободен радикал, некои антиоксиданси создаваат различно соединение од слободни радикали кое е помалку или повеќе опасно од претходното. Тоа што постојат различни антиоксинанси овозможува сигурно решение за секој нуспроизвод со поефикасни антиоксиданси за неутрализирање на "ефектот на пеперутка" на слободните радикали. Иако првичните проучувања сугерираа дека додатоците за антиоксиданси можат да бидат добри за здравјето, подоцна големи клинички испитувања не открија никаква предност и се изјаснија дека прекумерената количина на додатоци може да биде штетна. Фитохемикалии[уреди] Област за која се зголемува интересот претставува ефектот на хемикалиите во форма на трага, заеднички наречени фитохемикалии. Овие хранливи материи обично се наоѓаат во растенијата кои се јадат, особено овошјата и зеленчуците со впечатливи бои, но исто така и во други организми вклучувајќи морска храна, алги и габи. Ефектите од фитохемикалиите се повеќе го преживуваат строгото тестирање на истакнати здравствени организации. Една од првите класи на фитохемикалии се полифенол антиоксинадсите, хемикалии кои се смета дека создаваат одредени поволности во здравјето на кардиоваскуларниот систем и имунолошкиот систем. Овие хемикалии се познати по надолното регулирање на создавањето на реактивни кислородни видови, клучните хемикалии кај кардиоваскуларните болести. Можеби најстрого тестиран хемикал е зиксантинот, жолто-пигментиран каротеноид кој е присутен во многу жолти и портокалови овошја и зеленчуци. Повторувани проучувања покажале цврста врска меѓу земањето на зиксантин и превенцијата и лечењето на макуларната дегенерација поврзана со возраста (МДВ). Помалку строги проучувања предложиле врска меѓу внесувањето на зиксантин и катаракта. Вториот каротеноид, лутеинот, исто така се покажало дека го намалува ризикот од МДВ. Се воочило дека и двете соединенија се собираат во мрежницата кога ќе се внесат орално и служат за заштитување на стапчињата и конусите од деструктивниот ефект на светлината. Друг каротеноид, бета-криптоксантинот, заштитува од хронични воспалителни болести на зглобовите како што е артритис. Додека поврзаноста на нивото на серум во крвта на бета-крипоксантин и значително намалени болести на зглобовите е одредена, ниту убедувачки механизам за таква заштита ниту пак причинско-последична врска не биле строго проучени. Слично на тоа, црвениот фитохемикал, ликопенот, има значително уверливи докази за негативна поврзаност со развојот на рак на простатата. Како што е наведено погоре, некои од поврзаностите меѓу консумацијата на одредени фитохемикалии и превенцијата на некоја болест во некои случаи се огромни по големина. Сепак, дури и кога постоја докази, претставувањето на истото во практика може да биде многу тешко и контра-интуитивно. Лутеинот на пример, постои во многу жолти и портокалови овошја и зеленчуци и ги штити очите од различни болести. Сепак, не го штити окото ни приближно толку добро колку зиксантинот, а постоењето на лутеин во мрежнисцата ќе го спречи навлегувањето на зиксантинот. Покрај тоа, доказите покажале дека лутеинот од жолчката на јајцето многу полесно се апсорбира од лутеинот кој доаѓа од зеленчуците, можеби поради растворливоста во масти. На најосновно ниво, прашањето:"Дали треба да се јадат јајца?" е сложено до точка на разочарување, вклучувајќи ги погрешните погледи за ефектите на холестеролот во жолчката на јајцето врз здравјето и содржината на заситени масти. Како друг пример, ликопенот е застапен во доматите (и е всушност хемикалот кој на доматите им ја дава црвената боја). Сепак, поприсутен е во преработените доматни производи како што се сосовите за тестенини или супата од домати отколку во свежи "здрави" домати. Сепак, таквите сосови имаат голема количина на сол, шеќер и други супстанции кои човек треба да ги одбегнува. Следната табела покажува група на фитохемикалии и чести извори, распоредени по азбучен редослед: |Фамилија||Извори||Можна корист| |Флавоноиди||Бобинки, билки, зеленчук, вино, грозје, чај||Основен антиоксидант, оксидација за превенција на ЛДЛ на артериосклероза и срцеви болести| |Изофлавони (фитоестрогени)||Соја, црвена детелина, куџу корен||Основен антиоксидант, превенција на артериосклероза и срцеви заболувања, ги олесниваат симптомите на менопауза, спречуваат рак| |Изотиоицијанати||Зеленчуци од фамилијата Синап||Спречуваат рак| |Монотерпини||Кора од аргуми, етерични масла, билки, зачини, зелени растенија, атмосфера||Спречуваат рак, лекуваат камчиња во жолчката| |Органосулфурни соединенија||Ситен лук, обичен лук, кромид||Спречување на рак, намален ЛДЛ, му помага на имунолошкиот систем| |Сапонини||Грав, житарици, билки||Хиперхолестеролемија, Хипергликемија, Антиоксиданси, спречуваат рак, против воспалителни| |Капсашаноиди||Сите капискум пиперки (чили)||Олеснувачи на болка, спречување на рак, канцерогена клеточна апоптоза| Цревна бактериска флора[уреди] Сега е познато дека цревата кај животните содржат голема населеност на стомачна флора. Кај луѓето меѓу другите, овие вклучуваат видови како што се Бактероиди (Bacteroides), Л.асидофили (L. acidophilus) и Ешерихија коли (E.coli). Тие се потребни за варењето, а врз нив влијае и храната која ја јадеме. Бактериите во стомакот извршуваат многу важни улоги кај луѓето, вклучувајќи разложување и помагање во апсорпцијата на инаку несварлива храна, го стимулираат растот на клетките, го потиснуваат растот на штетни бактерии, го учат имунолошкиот систем да реагира само на патогени, создаваат витамин Б12 и го бранат телото од некои инфективни болести. Совети и водство[уреди] Владини политики[уреди] Во САД, диететичатите се регистрирани (РД) или лиценцирани (ЛД) од Комисијата за диететска регистрација и Американското диететско здружение и можат да го користат терминот "диететичар" онака како што е опишан во деловните и професионалните закони на секоја земја поединечно, кога исполниле одредени образовни и искусни предуслови и поминале државна регистрација или испитување за лиценца. Во Калифорнија, регистрираноте диететичари мораат да се придржуваат до "Кодексот за деловно работење и професии од дел 2585-2586.8". Секој може себе си да се нарече нутрицист, вклучувајќи ги и неквалификуваните диететичари бидејќи овој термин не е регулиран. Некои држави, како Флорида почнаат да го вклучуваат терминот нутрицист во државните услови за лиценца. Повеќето влади обезбедуваат водство во исхраната, а некои исто така наметнуваат морални услови за амбалажирање од страна на производителите на преработ ена храна и рестораните за да им помогнат на потрошувачите во согласност со водството. Во САД, нутрициските стандарди и препораки се одредени заеднички од страна на Одделот за земјоделство на САД и Одделот за здравје и човекови услови на САД. Насоките за исхрана и физичката активност од ОЗСАД се претставени во концепт на пирамида на храна, која ги замени четирите групи на храна. Сенатскиот комитет моментално одговорен за надзор на ОЗСАД е Комиетот за земјоделство, исхрана и шумарство. Седниците на Комитетот често се прикажуваат на телевизија на Ц-Спeн (C-Span) како што се гледа овде. Министерството за здравство и општествени служби на САД обезбедува примерок на неделно мени кое ги исполнува сите препораки за исхранување на Владата. Водичот за исхрана на Канада е уште една препорака од Владата. Учење[уреди] Исхраната се предава во училиштата во многу земји. Во Англија и Велс, личното и општественото образование и наставните програми за Технологија во храната вклучуваат исхрана, истакнувајќи ја важноста на балансираната исхрана и учат како да се читаат ознаките за исхрана на пакувањата. Во некои училишта часот по Исхрана влегува во рамките на Семејство и наука за потрошувачите (СНП) или Здравствени институции. Во некои американски училишта од учениците се бара да одат на одреден број на часови по СНП или часови поврзани со здравјето. Часот по Исхрана се нуди во многу училишта и доколку не постои како самостоен предмет тогаш истиот е вклучен во други СНП часови или часови по Здравје како што се: Животни вештини, Независно живеење, Самостоен опстанок, Бруцошка врска, Здравје итн. На многу часови по Исхрана, учениците учат за групите на храна, пирамидите на храна, дозволените дневни дози, калории, витамини, минерали, неисхранетост, физичка активност, здрави избори на исхрана и како да се живее здрав живот. Извештај од Националниот совет за истражување на САД од 1985 година под наслов "Образование за исхрана во Медицинските училишта во САД" заклучи дека образованието во Медицинските училишта не е соодветно. Само 20% од анкетираните училишта предавале Исхрана како посебен, баран курс. Анкета од 2006 година покажа дека овој број се зголемил за 30%. Здрава исхрана[уреди] Природна растителна исхрана[уреди] Срцевите заболувања, ракот, дебелината и дијабетесот често се нарекуваат "западни" болести бидејќи овие заболувања некогаш можеле ретко да се видат во земјите во развој. Едо меѓународно проучување во Кина откри дека некои области речиси и не се одликуваат со заболување од рак или срцеви заболувања, додека во други области истите се одразуваат со "100-пати двојна зголеменот" што се совпаѓа со промените во исхраната од растителна храна до тешка животинска храна. Спротивно на тоа, болестите кои се присутни во изобилство како што е ракот и срцевите заболувања често се присутни во развиениот свет, вклучувајќи го и САД. Прилагодени според возраст и вежби, големи регионални групи на луѓе во Кина ретко патат од овие западни болести можеби поради тоа што нивната исхрана е богата со зеленчук, овошје и житарици, а внесуваат мала количина на млечни и месни производи. Некои проучувања покажуваат дека токму овие видови храна во големи количини се можните причини за некои видови рак. Постојат "за" и "против" аргументи во врска со ова контроверзно прашање. Обединетата здравствена заштита/пацифичкиот прирачник за исхрана препорачува растителна исхрана и препорачува протеините да се користат само како зачин со оброците. Насловна статија на Нешенел Џиографик (National Geographic) од Ноември 2005 година под наслов "Тајните за подолг живот" исто така препорачува растителна исхрана. Статијата е истражување на начинот на живот кај три народи: Сардините, Окинаваните и Адвентистите кои обично живеат долг живот и само мал дел од нив патат од болестите кои често ги убиваат луѓето од другите места во развиениот свет, и уживаат многу поздрави години живот. Накратко, тие нудат три групи на најдобри практики на кои треба да се настојува. Останатото зависи од Вас. Заедничко за сите три групи се "Јадете овошје, зеленчук и житарици". Статија од Нешенел Џиографик забележа дека проучување финансирано од НИЗ над 34000 Адвентисти на Седмиот ден помеѓу 1976 и 1988 година... покажа дека навиката на Адветистите да консумираат грав, сојно млеко, домати и други овошја го намалува ризикот од развивање на одредени видови на рак. Исто така вели дека јадењето на интегрален леб, пиењето на пет чаши вода дневно и најзачудувачко, консумирањето на 4 порции бадеми, лешници или ореви неделно го намалило нивниот ризик од срцево заболување. Францускиот "парадокс"[уреди] Француски парадокс е тоа што се смета дека кај Французите постои релативно мала стапка на коронарли срцеви заболувања, и покрај фактот што јадат храна богата со заситени масти. Постојат бројни објаснувања за истото: - Консумацијата на заситени масти не предизвикува срцеви заболувања - Намалената консумација на преработени јаглеродни хидрати и друга брза храна - Редовна консумација на црвено вино - Поактивен начин на живот вклучувајќи зголемено дневно вежбање, особено пешачење; Французите се многу понезависни од автомобилите отколку Американците - Поголема консумација на вештачки произведени транс масти од страна на Американците, што се покажало дека има поголеми липопротеински ефекти на грам отколку заситените масти Сепак, статистичките податоци собрани од Светската здравствена организација од [PHONE] година покажуваат дека стапката на срцеви заболувања во Франција можеби била потценета и дека всушност може да е слична на онаа на соседните држави. Спортска исхрана[уреди] Протеини[уреди] Протеинот е важна состојка на секоја клетка во телото. Косата и ноктите воглавно се состојат од протеини. Телото ги користи протеините за да ги гради и поправа ткивата. Покрај тоа, протеините се користат за да се создадат хормоните и други хемикалии во телото. Протеините се исто така важна основа за коските, мускулите, 'рскавицата, кожата и крвта. Потребата од протеини се разликува кај секој човек, како и мислењата дали и до која мера физички активните луѓе имаат потреба од повеќе протеини. Дозволената дневна доза (ДДД) од 2005 година насочена кон здравата возрасна популација, обезбедува внесување на 0.8-1 грам протеини на килограм од телесната тежина (според ИТМ формула), со тоа што панелот за преглед гласеше: "Не се препорачуваат додатни протеини во исхраната на здрави возрасни личности кои тренираат вежби за отпор или истрајност". Спротивно на тоа, Ди Паскал (Di Pasquale) (2008) наведувајќи скорешни проучувања, препорачува минимална доза на протеини од 2.2 гр/кгр "за секој кој се занимава со натпреварувачки или напнат рекреациски спорт, кој сака да ја максимизира телесната маса, но не сака да ја зголеми тежината". Вода и соли[уреди] Водата е една од најважните хранливи материи во спортската исхрана. Помага за исфрлање на отпадни материи од телото, ја регулира температурата на телото за време на активност и помага во варењето. Одржувањето на хидратација за време на периоди на физички напор е клучто за постигнување највисоки резултати. Додека пиењето премногу вода за време на активност може да доведе до физичка неудобност, прекумерното дехидрирање од 2% на телесна маса (на тежина) значително ги забавува спортските активности. Дополнителните јаглеродни хидрати и протеини пред, за време и по вежбањето го зголемуваат времето до изморувањето како и ја враќаат брзината. Потребната количина на вода зависи од работата која што се извршува, виткоста на телото и фактори од околината одобено температурата на амбиентот и влажноста. Клучот е одрчувањето на правата количина. Јаглеродни хидрати[уреди] Основното "гориво" кое телото го користи за време на вежбањето се јаглеродните хидрати, кои се складирани во мускулите во форма на гликоген - еден вид на шеќер. За време на вежбање, резервите на гликоген од мускулите може да се искористат особено кога активностите траат подолго од 90 минути. Бидејќи зачуваната количина на гликоген во телото е ограничена, за спортистите е многу важно да го надоместат гликогенот со внесување на храна богата со јаглеродни хидрати. Исполнувањето на енергетските потреби може да помогне во подобрување на резултатите во спортот како и да ја подобри целокупната сила и издржливост. Постојат различни видови на јаглеродни хидрати - прости или рафинирани и нерафинирани. Еден типичен Американец консумира околу 50% од јаглеродните хидрати во форма на обични шеќери кои се додадени во храната, за разлика од шеќерите кои доаѓаат природно од овошја и зеленчуци. Овие обични шеќери во големи количини се присутни во газираните пијалоци и брзата храна. За време на една година, просечниот Американец консумира 54 галони газирани пијалоци, кои ги содржат најголемите количини додадени шеќери. Иако јаглеродните хидрати се потребни за луѓето да можат да функционираат, воопшто не се еднако здрави. Кога машинеријата се користи за да се отстрануваат делчиња од растителните влакна, јаглеродните хидрати се рафинираат. Ова се јаглеродните хидрати од белиот леб и од брзата храна. Неисхранетост[уреди] Неисхранетоста се днесува на недоволно, прекумерено или небалансирано консумирање на хранливи материи од страна на еден организам. Во развиенте земји, болестите поврзани со неисхранетост најчесто се поврзуваат со нерамнотежи во исхраната или прекумерено консумирање. Иако во светот има многу огранизми кои патат од неисхранетост како резултат на недоволно консумирање, се повеќе огранизми патат од прекумерена исхрана; проблем кој што е предизвикан од изобилството на храна заедно со инстинктивната желба (особено кај животните) да консумираат се што можат. Нутриционизмот е погледот дека преголемото потпирање на науката за храна и проучувањето на исхраната можат парадоксално да доведат до лоша исхрана и да го расипат здравјето. Првенствено му беше препишано на Гиорги Скринис (Gyorgy Scrinis), а беше популаризирана од Мајкл Полан (Michael Pollan). Со оглед на тоа што хранливите материи се невидливи, креаторите на политиката кога се работи за избор на храна, се потпираат на советите од експертите за исхрана. Бидејќи во науката постои непотполно разбирање за тоа како храната влијае врз човечкото тело, Полан тврди дека нутриционизмот може да се обвини за многуте здравствени проблеми кои се однесуваат на исхраната во Западниот свет денеска. Недоволно[уреди] Премалата консумација најчесто се однесува на долгорочна консумација на недоволна храна во однос на енергијата која еден организам ја троши или отстранува, што води кој лоша здравствена состојба. Прекумерено[уреди] Прекумерената консумација најчесто се однесува на долгорочна консумација на вишок храна во однос на енергијата која пто еден огранизам ја троши или отстранува што доведува до лоша здравствена состојба, а кај животни и до дебелина. Може да предизвика прекумерено опаѓање на косата, кршливи нокти или нередовни менструални циклуси кај жените. Неурамнотежено[уреди] Кога во храната е присутна преголема количина од една или повеќе хранливи материи до исклучувањето на одредената количина на други хранливи материи, се вели дека исхраната е неурамнотежена. Психичка агилност[уреди] Истражувањето покажува дека подобрувањето на свеста за изборот на хранливи оброци и воспоставување на долготрајни навики за здрава исхрана има позитивен ефект на когнитивниот (сознајниот) и просторниот капацитет на помнењето, можно зголемувајќи го потенцијалот на студентот да преработува и помни академски информации. Некои организации почнаа да работат со учители, креатори на политики, раководни претприемачи за услуги во исхраната за да ги управуваат подобрената хранлива содржина и зголемените хранливи ресурси во училишните кафетерии, од основни институции до ниво на универзитети. Докажано е дека здравјето и исхраната се тесно поврзани со целосниот образовен успех. Моментално, помалку од 10% од студентите во Американските колеџи се изјасниле дека ги јадат петте препорачани оброци на овошје и зеленчук дневно. Подобрата исхрана се покажало дека има позитивен ефект, како на когнитивниот така и на просторниот мемориски резултат. Едно проучување покажа дека оние со повисок степен на шеќер во крвта се покажале подобри на одредени мемориски тестови. Во едно друго проучување, оние кои консумирале јогурт се покажале подобри на задачи за размислување во споредба со оние кои консумирале диетални газирани пијалоци без кофеин и слатки. Недостатоците на храна исто така покажале дека имаат негативен ефект врз учењето кај глувци уште во 1951 година. "Подобрите резултати во учењето се поврзуваат со ефекти предизвикани од храна во поглед на способноста за учење и помнење" Врската "исхрана-учење" ја покажала поврзаноста меѓу храната и учењето и се применува во повисоко образовните околини. "Ние сметаме дека подобро хранетите деца се покажуваат значително подобро во училиштата, делумно бидејќи тие запичнуваат со училиште порано со што имаат повеќе време да научат, но највеќе поради поголемата продуктивност од учењето за година на училиште" 91% од студентите во колеџите се чувствуваат здрави додека само 7% ја јадат својата препорачана доза на овошје и зеленчук. Образованието за исхраната е ефективен и изводлив модел во повисока образовна околина. Уште повеќе "ангажирани" образовни модели кои ја опфаќаат исхраната се идеја која навлегува на сите нивоа во циклусот на учење. Постои ограничено истражување кое директно ја поврзува Просечната оценка (ПО) сна студентот со неговото целокупно здравје од исхраната. Дополнителни суштински податоци се потребни за да се докаже дека целосното интелектуално здравје е тесно поврзано со исхраната на еден човек и дека не е само учте една заблуда. Душевни нарушувања[уреди] Лекувањето со додатоци во исхраната може да биде соодветно за длабока депресија, биполарно нарушување, шизофренија и опсесивно-компулсивно нарушување, четирите најчести душевни нарушувања во развиените земји. Најпроучуваните додатоци за подобрување на расположението и стабилизирање вклучуваат екосапантенова (eicosapentaenoic) киселина и докосахаексанова (docosahexaenoic) киселина (од кои двете се масни киселини на омега-3 кои се наоѓаат во рибиното масло, но не и во маслото од ленено семе), витамин Б12 и инозитол. Рак[уреди] Ракот сега е многу честа појава во развиените земји. Според едно проучување од страна на Меѓународната агенција за истражување за рак, "Во светот во развој, ракот на црниот дроб, на стомакот и на хранопроводникот беа почести, често поврзани со консумацијата на канцерогена храна, како что се чадена или солена храна и паразитски инфекции кои ги напаѓаат органите". Стапките на рак на бели дробови брзо растат кај посиромашните народи поради зголемената употреба на тутун. Развиените земји ги поврзуваат појавите на рак со богатството или "Западниот начин на живеење" - рак на дебелото црево, на ректумот, градите или простата-кои може да бидат предизвикани од дебелина, недостаток на вежбање, храна или возраст. Метаболичен синдром[уреди] Неколку докази ги истакнуваат хиперинсулинемијата предизвикана од животните навики и намалената функција на инсулин (односно отпорност на инсулин) како решавачки фактор во многу состојби на болест. хиперинсулинемијата и отпорноста на инсулин се тесно поврзани со хронични воспаленија, кои од своја страна се повразни со различни негативно случувања како што се артериски микроповреди и згрутчувања (односно срцеви заболувања) и претерана поделба на клетките (односно рак). Хиперинсулинемијата и отпорноста на инсулин (т.н. метаболичен синдром) се карактеризираат со комбинација од абнормална дебелина, зголемено количесто на шеќер во крвта, зголемен крвен притисок, зголемени триглицериди и намален ХДЛ (добар) холестерол. Негативното влијание на хиперинсулинемијата врз простагландинот ПГЕ1/ПГЕ2 може да биде значително. Состојбата на дебелина јасно придонесува за отпорноста на инсулин, кој од своја страна може да предизвика дијабетес тип 2. Речиси сите дебели луѓе и повеќето од луѓето со дијабетес тип 2 се обележани со отпорност на инсулин. Иако поврзаноста на прекумерената тежина и отпорноста е јасна, точните (најверојатно разновидните) причини за отпорност на инсулин остануваат помалку јасни. Уште поважно е дека било докажано дека соодветен вид на вежбање, редовното внесување на храна и намалување на гликемиското оптоварување (види подолу) можат да ја вратат отпорноста на инсулин кај поединци со прекумерена тежина (а со тоа и да го намалат нивото на шеќер во крвта кај оние кои имаат дијабетес тип 2). Дебелината може негативно да ја промени хормонската и метаболичната состојба како резултат на отпорност кон хормонот лептин, а со тоа може да започне циклус во кој отпорноста на инсулин/лептин и дебелината меќусебно се влошуваат. Овој циклус наводно е поттикнат од постојана висока стимулација на инсулин/лептин и складирање на маснотиите, како резултат на големо внесување на храна која стимулира инсулин/лептин и енергија. Функцијата на инсулинот и лептинот е да испраќаат сигнали за ситост до хипоталамусот во мозокот. Сепак, отпорноста на инсулин/лептин може да го намали овој сигнал и поради тоа да дозволи прејадување и покрај големите складирани количини масти во телото. Исто така, намаленото сигнализирање на лептинот до мозокот може да ја намали нормалната функција на лептинот да одржува соодветно висока метаболична стапка. Постои дебата во врска со тоа како и до кој степен различните хранливи фактори - како што внесувањето на преработени јаглеродни хидрати, целосни протеини, масти и внесувањето на јаглеродни хидрати, внесувањето на заситени и транс масни киселини, како и нискиот степен на внесување на витамини/минерали - допринесуваат за развојот на отпорноста на инсулин и лептин. Во секој случај, аналогно на начинот на кој модерното загадување предивикано од човекот потенцијално може да ја оптовари способноста на околината да одржува хомеостаза, неодамнешното експлозивно воведување на висок гликемиски индекс и преработена храна во исхраната на човекот може потенцијално да ја оптовари способноста на човечкото тело да одржува хомеостаза и добра здравствена состојба (како што беше потврдено со епидемијата на метаболичниот синдром). Хипонатремија[уреди] Прекумерното внесување на вода, без надополнување на натриумски и калиумски соли, води до хипонатремија, која понатаму на поопасни нивоа може да доведе до интоксикација со вода. Добро познат настан, се случи во 2007 година, кога Џенифер Стрејнџ (Jennifer Strange) почина при учество на натпревар на пиење вода. Уште почесто, оваа состојба се случува за реме на настани за издржливост на далечно растојание (како што се маратон или триатлон и тренирање) и предизвикува постепено душевно затупување, главоболка, поспаност, слабост и збунетост. Екстремни случаи може да резултираат со кома, грчеви и смрт. Првичното оштетување доаѓа од потекување на мозокот, предизвикано од зголемена осмоза со намалување на соленоста на крвта. Ефективни техники на замена на течности вклучуваат помошни станици за вода за време на трчање/велосипедски трки, обезбедување на вода од страна на тренерите за време на тимски игри како што е фудбал, и апарати како што се Камел Бакс (Camel Baks) кои можат да обезбедат вода за поединец без потешкотии. Антинутриенти[уреди] Антинутриенти се природни или синтетички соединенија кои пречат во апсорпцијата на хранливите материи. Проучувањата за исхраната се фокусираат на антинутриентите кои често се наоѓаат во храната и пијалоците. Преработена храна[уреди] По Индустриската Револувија пред околу двесте илјади години, индустријата за преработка на храна измисли многу технологии кои ја чуваат храната свежа подолго време, но исто така и ја менуваат свежата состојба на храната како што се појавува во природата. Ладењето е основната технологија која се користи за да се одржи свежината, додека уште многу други технологии се измислени за да и овозможат на храната да трае подолго без да се расипе. Овие технологии вклучуваат пастеризација, автокалвирање, сушење, посолување и разделување на различни компоненти, од кои сите ги променуваат изворните хранливи материи на храната. Пастеризацијата и автокалбирањето (техники на затоплување) несомнено ја подобриле сигурноста на многу чести видови храна и спречуваат епидемии од бактериски инфекции. Но некои од (новите) технологии за преработка на храна несомнено имале и некои падови. Модерните техники на разделување како што се мелење, центрифугирање и притискање овозможуваат концентрација на одредени компоненти на храна, давајќи брашно, масла, сокови итн., па дури и одделени масни киселини, амино киселини, витамини и минерали. Неизбежно, таква висока концентрација ја менува хранливата содржина на храната, зачувува одредени хранливи материи додека отстранува други. Техниките на затоплување можат исто така да ја намалат содржината на хранливи материи во храната кои се лабилни на топлина, како што се одредени витамини и фитохемикалии, и можеби некои се уште неоткриени супстанции. Поради намалената хранлива вредност, преработената храна честопати е "збогатена" или зајакната со некои од најкритичните хранливи материи (обично некои витамини) кои се изгубиле за време на преработката. И покрај тоа, преработената храна се смета дека има помала хранлива вредност од природната, свежа храна во однос на тоа што содржи шеќер и висок гликемиски индекс на скроб (ГИ), калиум/натриум, витамини, влакна и недопрени, неоксидирани (неопходни) масни киселини. Покрај тоа, преработената храна често содржи потенцијално опасни супстанции како пто се оксидираните масти или транс масните киселини. Драматичен пример за влијанието на преработката на храна врз здравјето на едно население е приказната за епидемијата на бери-бери кај луѓето кои опстојувале од рафиниран ориз. Отстранувањето на надворешниот слој на оризот со полирање, го отстранува и битниот витамин тиамин, што предизвикува бери-бери. Уште еден пример е појавата на скробут кај децата во доцниот 19-ти век во САД. Се откри дека најголемиот дел од оние кои пателе биле хранети со загревано млеко (како што посочил Пастер) за да се контролираат бактериските болести. Пастеризацијата била ефективна против бактериите, но го уништувала витаминот Ц. Како што беше споменато, болестите поврзани со животните навики и со дебелината стануваат се позастапени низ светот. Постои сомнеж дека за тоа допринело зголеменото користење на модерни технологии за преработка на храна низ светот. Индустријата за преработка на храна зафаќа голем дел на употреба. Општо гледано, природната, свежа храна има релативно кратка трејност и е помалку профитабилна за произведување и продажба отколку преработената храна. Како резултат на тоа, потрошувачот се соочува со избор меѓу поскапата, но поздрава, природна, свежа храна и преработената храна која најчесто е со пониска хранлива вредност. Бидејќи преработената храна честопати е поевтина, попогодна (за купување, складирање и подготовка) како и подостапна, консумацијата на помалку здрава храна се повеќе расте низ светот заедно со многуте компликации поврзани со исхраната и здравјето. Историја[уреди] Луѓето се развиле како сештојади ловци-собирачи во текот на изминатите 250.000 години. Храната на раните модерни луѓе значително се разликувала во зависност од местоположбата и климата. Исхраната на тропските места се барзирала на растителна храна, додека храната на повисока ширина повеќе се базирала на животински производи. Анализите на посткранијални и кранијални остатоци од луѓе и од животни од Неолитот, заедно со детализирани проучувања на измената на коските, покажале дека канибализмот бил застапен и кај праисториските луѓе. Земјоделството се развило пред околу 10.000 години на повеќе места низ светот и обезбедило житни растенија како што се пченица, ориз, компири и пченка, со главни производи како што се леб, тестенини и тортиљи. Фармерството исто така обезбедувало млеко и мелчни производи и остро ја зголемило достапноста на месо и разновидноста на зеленчуци. Важноста на чистотата на храната беше признаена кога масивното складирање доведе до инфестација и ризици од зараза. Готвењето се развило како честа ритуална активност како резултат на потреба од ефикасност и сигурност кое барало придржување до строги рецепти и процедури, како одговор на побарувачка за чистота и постојаност во храната. Од античко време до 1900 година[уреди] Првиот регистриран експеримент во исхраната се наоѓа во Библиската Книга за Даниел. Даниел и неговите пријатели биле заробени од страна на кралот на Вавилон за време на инвазијата на Израел. Избрани како слуги на судот, требало да ја делат кралската храна и вино. Но тие се спротивставиле бидејќи преферирале зеленчук (грав, грашок и леќа) и вода во согласност со нивните Еврејски ограничувања во исхраната. Главниот домаќин на кралот колебливо се согласил на таква проба. Даниел и неговите пријатели ја добивале својата храна 10 дена и тогаш биле споредени со кралските луѓе. Бидејќи изгледале поздраво им било дозволено да продолжат со својата храна. Околу 475 години пред нашата ера, Анаксагорас рекол дека храната се апсорбира од страна на човечкото тело и според тоа содржи "хомеомери" (генерирачки компоненти) што сугерира постоење на хранливи материи. Околу 400 години пред нашата ера, Хипократ рекол: "Нека храната биде Вашиот лек, а лекот Вашата храна". Во 16-ти век, научникот и уметник Леонардо да Винчи (Leonardo da Vinci)метаболизмот го споредил со запалена свеќа. Во 1747 година, Др. Џејмс Линд (Dr. James Lind) доктор во Британската морнарица, го направил првиот научен експеримент во исхраната и открил дека лимоновиот сок спасил морнари кои биле на море со години од скробут, смртоносно и болно нарушување со крварење. Ова откритие било игнорирано 40 години, после кое Британските морнари станале познати како лимоновци. Важниот витамин Ц во лимоновиот сок нема да биде идентификуван од страна на научниците се до 1930-тие години. Околу 1770 година, Антоан Лавоазје (Antoine Lavoisier) "таткото на исхраната и хемијата" ги открил деталите на метаболизмот со тоа што демонстрирал дека кислотодот во храната е изворот на топлината на телото. Во 1790 година Џорџ Фордајс (George Fordyce)го признал калциумот како потребен за опстанокот на живината. Во почетокот на 19-ти век елементите јаглерод, азот, водород и кослород биле признаени како основни компоненти во храната, а се развиле и методи за мерење на нисните пропорции. Во 1816 година, Франсоа Маженди (Francois Magendie) открил дека кучињата кои биле хранети само со јаглеродни хидрати и масти ги изгубиле своите протеини и умреле за неколку недели, но кучињата кои биле хранети и со протеини преживеале, што го идентификувало протеинот како важна хранлива компонента. Во 1840 година Џастис Лајбиг (Justus Liebig) го открил хемискиот состав на јаглеродните хидрати (шеќери), мастите (масни киселини) и протеините (амино киселини). Во 1860-тите години Клод Бернард (Claude Bernard) открил дека телесната маса може да се синтетизира од јаглеродните хидрати и протеини и покажал дека енергијата во крвната гликоза може да се складира како масти или како гликоген. Во почетокот на 1880-тите години Канеиро Такаки (Kanehiro Takaki)воочил дека јапонските морнари (чија исхрана речиси целосно се состоела од бел ориз) заболеле од бери-бери (или епидемиски невритис, болест која предизвикува срцеви проблеми и парализа), но британските морнари и јапонските поморски офицери не биле заболени. Додавањето на различни видови на зеленчук и месо во храната на морнарите ја спречило оваа болест. Во 1896 година Јуџин Бауман (Eugen Baumann) го набљудувал јодот во тироидните жлезди. Во 1897 година Кристијан Ејкман (Christian Eijknan) работел со домородци од Јава, кои исто така пателе од бери-бери. Ејкман воочил дека кокошките кои биле хранети со родната храна од бел ориз појавиле симптоми на бери-бери, но останале здрави кога биле хранети со непреработен кафен ориз со недопрен надворешен слој. Ејкман ги излечил домородците со тоа што ги хранел со кафен ориз, откривајќи дека храната може да лечи болести. Десет декади подоцна, нутрицистите научиле дека надворешниот слој на оризот содржи витамин Б1, уште познат како тиамин. Од 1900 година до сегашност[уреди] Во почетокот на 20-ти век, Карл Вон Воа (Carl Von Voit) и Макс Рабнер(Max Rubner)поединечно ја измериле потрошувачката на калорична енергија кај различни видови на животни, а во исхраната користеле принципи од физика. Во 1906 година Вилкок (Wilcocok) и Хопкинс(Hopkins) покажале дека амино киселината триптофан е потребна за стаорците да можат да преживеат. Тој ги хранел со посебна межавина на храна која ги содржела сите потребни хранливи материи кои тој сметал дека се потребни за живот, но стаорците умреле. Втората група на стаорци биле хранети со одредена количина на млеко кое содржело витамини. Говланд Хопкинс (Gowland Hopkins) забележал "додатни фактори на храната" покрај калориите, протеините и минералите, како што се органските материи потребни за здравје, но кои телото не може да ги синтетизира. Во 1907 година, Стивен М. Бабкок (Stephen M. Babcock)и Едвин Б. Харт (Edwin B. Hart) го спровеле експериментот со поединечно-зрно, за кој биле потребни околу 4 години. Во 1912 година, Касимир Фанк (Casimir Funk) го измислил терминот витамин, витален фактор во исхраната, од зборовите витален и амино бидејќи овие непознати супстанции кои спречувале скробут, бери-бери и пелагра, тогаш се сметало дека се изведени од амонијак. Витамините биле проучувани во првата половина од 20-ти век. Во 1913 година Елмер Меколум (Elmer McCollum) ги открил првите витамини, витаминот А растворлив во масти и витаминот Б растворлив во вода (во 1915 година, сега е познато дека е сложенка составена од повеќе витамини растворливи во вода) и го именувал витаминот Ц како тогаш непозната супстанција која спречувала скробут. Лафајет Мендел(Lafayette Mendel) и Томас Озборн (Thomas Osborne) исто така направиле пионерско дело за витамините А и Б. Во 1919 година Сер Едвард Меланбај (Ser Edward Mellanby) погрешно го идентификувал рахитисот како недостаток од витамин А бидејќи кај кучињата можел да го излечи со рибино масло. Во 1922 година Меколум го уништил витаминот А во рибино масло, но забележал дека се уште лечи рахитис. Исто во 1922 година Х.М. Еванс (H.M. Evans) и Л.С. Bishop) го откриваат витаминот Е како неопходен за бременоста кај стаорците и оригинално го нарекувале "Икс фактор на храната" до 1925 година. Во 1925 година Харт откри дека за апсорбирање на железо се потребни мали количини на бакар. Во 1927 година Адолф Ото Рејнхолд Виндаус (Adolf Otto Reinhold Windaus) го синтетизирал витаминот Д за што добил Нобелова награда за хемија во 1928 година. Во 1928 година Алберт Зент-Гиорги (Albert Szent-Giorgyi) ја изолирал аскорбинската киселина, а во 1932 година докажал дека е витамин Ц со тоа што спречил скробут. Во 1935 година ја синтетизирал, а во 1937 година довил Нобелова награда за неговиот труд. Зент-Гиорги истовремено го расветлил и поголемиот дел од циклусот на лимонската киселина. Бо 1930-тите години Вилијам Каминг Роуз (William Cumming Roze) ги идентификувал неопходните амино киселини, потребни протеински соединенија кои телото не може да ги ситетизира. Во 1935 година Андервуд (Underwood) и Марстон (Marston) поединечно ја откриле потребата од кобалт. Во 1936 година Јуџин Флојд Дубоа (Eugene Floyd Dubois) покажал дека извршувањето на училишните обврски и работата се поврзани со внесувањето на калории. Во 1938 година Ерхард Фернхолц (Erhard Fernholz)ја открил хемиската структура на витаминот Е. Истата беше синтетизирана од страна на Пол Карер (Paul Karrer). Во 1940 година во Обединетото Кралство за време и после Втората светска војна се случи рационализирање врз основа на принципите во исхраната поставени од Елси Видовсон (Elsie Widdowson) и други. Во 1941 година првите дозволени дневни дози (ДДД) беа поставени од страна на Националниот совет за истражување. Во 1922 година Секторот за земјоделство на САД ја воведе Пирамидата за водство во исхраната. Во 2002 година, проучување по Природна правда покажа врска меѓу исхраната и насилното однесување. Во 2005 година едно пеоучување покажало дека дебелината може да биде предизвикана од аденовирус како дополнение на лоша исхрана. Исхрана на растенијата[уреди] Исхраната на растенијата е проучувањето на хемиските елементи потребни за растот на растенијата. Постојат неколку начела кои се однесуваат на исхраната на растенијата. Некои елементи директно учествуваат во метаболизмот на растенијата. Сепак, ова начело не се однесува на т.н. корисни елементи, чие присуство иако не е неопходно, има јасно видливи позитивни ефекти врз растот на растението. Една хранлива материја која е способна да го ограничи растот на растението според Лајбиговиот закон за минимум, се смета за неоходна хранлива материја за растенијата доколку растението без неа не може да го заврши својот целосен животен циклус. Постојат 17 неопходни хранливи материи за растенијата. Макронутриенти:[уреди] - N=Азот - P=Фосфор - K=Калиум - Ca=Калциум - Mg=Магнезиум - S=Сулфур - Si=Силициум Микронутриенти (на ниво на трага) вклучуваат:[уреди] - Cl=Хлор - Fе=Железо - B=Бор - Mn=Манган - Na=Натриум - Zn=Цинк - Cu=Бакар - Ni=Никел - Mo=Молибден Макронутриенти[уреди] Калциум Калциумот го регулира преносот на други хранливи материи во растението, а исто така е вклучен и во активирањето на одредени ензими на растенијата. Азот Азотот е битна компонента на сите протеини. Недостаток од азот често резултира со спречен развој. Фосфор Фосфорот е важен во биоенергетиката на растенијата. Како компонента на АТФ, фосфорот е потребен за претворањето на светлинската енергија во хемиска енергија (АТФ) за време на фотосинтезата. Фосфорот исто така може да се користи за модифицирање на активноста на различни ензими со фосфоризација и може да се користи за сигнализирање на клетките. Бидејќи АТФ може да се користи за биосинтеза на многу биомолекули на растенијата, фосфорот е важен за растот на растенијата и формирањето на цветот/семето. Калиум Калиумот го регулира отворањето и затворањето на стомата преку калиумска јонска пумпа. Бидејќи стомите се многу важни за регулирањето на вода, калиумот го намалува губењето на вода од листовите и ја зголемува толерантноста кон суша. Недостатокот на калиум може да предизвика некроза или интервенозна хлороза. Силициум Силициумот е наталожен во ѕидовите на клетките и допринесува за нивната механичка работа вклучувајќи цврстина и еластичност. Микронутриенти[уреди] Бор Борот е важен во пренесувањето на шеќер, делбата на клетките и синтетизирање одредени ензими. Недостатокот на бор кај млади листови предизвикува некроза и застој. Бакар Бакарот е важен за фотосинтезата. Симптомите за недостаток на бакар вклучуваат хлороза. Учествува во могу ензимски процеси. Потребен е за правилна фотосинтеза. Вклучен е во производството на лигнин (ѕидовите на клетките). Учествува во проиводството на жито. Хлор Хлорот е потребен за осмоза и за јонска рамнотежа. Исто така игра улога во фотосинтезата. Железо Железото е потребно за фотосинтеза и е присутно како ензимски кофактор кај растенијата. Недостатокот од железо може да резултира со интервенозна хлороза и некроза. Манган Манганот е потребен за изградба на хлоропласти. Недостатокот од манган може да резултира со абнормалности во бојата, како што се безбојни точки на зеленилото. Молибден Молибденот е кофактор кај ензимите кои се важни за изградба на амино киселини. Никел Кај повисоките растенија, никелот е важен за активирање на уреазата, ензим кој е во врска со азотниот метаболизам кој е потребен за да се преработи уреазата. Без Никел, токсичните нивоа на уреазата акумулираат и водат до формирање на некротични лезии. Никелот активира неколку ензими вклучени во различни процеси, и може да ги замени Цинкот и Железото како кофактор во некои ензими. Натриум Натриумот учествува во регенерацијата на фосфоренолпуравети во КАМ и М4 растенијата. Исто така може да замени калиум во некои околности. Цинк Цинкот е потребен во голем број ензими и игра важна улога кај транскрипцијата на ДНК. Типичен симптом на недостаток од цинк е застојаниот раст на листови често познат како мал лист и е предизвикан од кислородната деградација на хормонот за раст оксин. Процеси[уреди] Растенијата важните елементи ги земаат од почвата преку нивните корени и од воздухот (кој главно се состои од азот и кислород) преку нивните лисја. Земањето на хранливи материи од почвата се постигнува со катјонска размена, при која влакната од корењата пумпаат водородни јони (Х+) во почвата низ протонски пумпи. Овие водородни јони ги изместуваат катјоните прикачени за негативно наполнетите честички на почвата така што катјоните да бидат достапни за земање преку коренот. Во лисјата, стомите се отвараат за да внесат јаглероден диоксид и да исфрлаат кислород. Молекулите на јаглеродниот диоксид се користат како извор на јаглерод во фотосинтезата. Иако азотот во атмосферата на земјата го има во големи количини, релативно мал број на растенија се вклучуваат во фиксација на азот (конверзија на атмосферски азот во биолошки употреблива форма). Поради тоа повеќето растенија имаат потреба од присуство на азотни соединенија во почвата во која растат. Исхраната на растенијата е тежок предмет за целосно разбирање, делумно поради варијацијата помеѓу различните растенија па дури и меѓу различните видови или поединци од даден клон. Елементите присутни на ниско ниво можат да предизвикаат симптоми на недостаток, а на премногу високи нивоа можна е токсичност. Исто така, недостатокот од еден елемент може да се појави како симптом на токсичност од друг елемент и обратно. Јаглеродот и кислородот се апсорбираат од воздухот, додека другите хранливи материи се апсорбираат од почвата. Зелените растенија ги добиваат своите резерви од јаглеродните хидрати од јаглеродниот диоксид во воздухот преку процесот на фотосинтезата
fineweb-2
Биоенергија ||Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. ||Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. Биоенергијата е обновлив извор на енергија достапен од материјали добиени од биолошки извори. Во својата најтесна смисла е синоним за биогориво, што претставува гориво добиено од биолошки извори. Во својат поширока смисла вклучува биомаса, биолошкиот материјал кој се користи како биогориво, како и општествените, економските, научните и техничките полиња поврзани со користењето на биолошките извориза енергија. Ова е често недорасбирање, всушност бионергијата е енергијата извлечена од биомасата,како што биомасата е гориво и биоенергијата е енергија содржана од гориво. Биомасата е секој органски материјал кој складирал сончева светлина во форма на хемиска енергија.Како гориво може да вклучи дрво, слама, шталско ѓубре,шеќерна репка и многу други биолошки производи од различни земјоделски процеси. Има мала насока за зборот биоенергија да биде омилен во Европа во споредба со биогоривото во Северна Америка. Содржина Цврста биомаса[уреди] Биомаса е материјал добиен од неодамна живи организми,што вклучува растенија,животни и нивните биолошки производи. Шталското ѓубре, градинарското ѓубре и житните остатоци,сите се извори на биомаса. Тоа е обновлив извор на енергија врз база на јаглероден циклус, за разлика од другите природни ресурси како што е нафтата,јагленот и нуклеарните горива. Животинскиот отпадок е истраен и неизбежен загадувач, создаден главно од животните сместени во фармите со индустриска големина. Исто така,има земјоделски производи што се одгледуваат за производство на биогориво. Ова вклучува пченка,високи треви и соја главно во САД,семе од репка,пченица и шеќерна репка главно во Европа, шеќерна трска во Бразил,палмово масло и трајна трева во југоисточна Азија, сирак и маниока во Кина и јатрофа во Индија. Конопот,исто така е докажано дека работи како биогориво.Биоразградливите производства од индустријата,земјоделството,шумарството и домаќинството мозе да се искористат за производство на биогориво,користејќи на пример анаеробни варења за да се произведе биогас,гасификација за да се произведе синтетички диоксид или со директно согорување. Примерите од биоразградливи отпадоци вклучуваат слама,дрво,шталско ѓубре, оризови сили,отпадоци и отпадоци од храна.Користењето на биомасни горива може да придонесе во управувањето со отпад,како и за безбедност на горивата и да помогне да се спречат или забават климатските промени, иако самите тие не се сеопфатни решенија за овие проблеми. Производство на електрична енергија од биомаса[уреди] Електрична енергија од отпадок од шеќерна трска во Бразил[уреди] Сахарозата се вбројува во малку повеќе од 30% од хемиската енергија зачувана во зрелото растениеч 35 % е во листовите и стеблата,кои се оставени на полињата за време на берењето и 35 % се во влакнестите материјали (отпадокот од шеќерната трска)останати од притискањето. Процесот на производство на шеќер и етанол во Бразил има целосна корист од енергијата зачувана во шеќерната трска. Дел од отпадокот од шеќерната трска моментално се гори во мелницата за да обезбеди топлина за дестилација и електрична енергија за да управуваат машините. Ова им овозможува на фабриките за етанол да бидат енергетски доволни сами за себе па дури да го продадат вишокот на електрична енергија на комуналните услуги.Моменталното производство е 600мв за сопствена употреба и 100 мв за продажба. Оваа секундарна активност се очекува да напредне сега кога комуналните услуги се наведени да платат "фер цена" (околу 10 американски долари по гигаџул или 0.036 американски долари за киловат по час) за 10 годишни договори.Ова е приближно половина од она што Светската Банка го смета за референтна цена за инвестирање во слични проекти.Енергијата е особено важна за комуналните услуги бидејќи се произведува главно со сувата сезона кога хидроелектранските брани послабо работат. Проценките за потенцијално создавање на енергија од отпад од шеќерна трска е во опсег од 1000 до 9000 мв , во зависност од технологијата. Повисоки оценки презема гасификацијата на биомасите,замената на сегашните парни котли и турбини со низок притисок од тие со висок притисок и користењето на ѓубриво од жнеењето моментално оставено на полињата. За пример е бразилската Ангра 1 нуклеарна фабрика која создава 657 мв. Во моментов,тое е економски одржливо да се извлечат околу 288 мџ на електрична енергија од остатоците од еден тон на шеќерна трска, од кои околу 180 мџ се користат во самата фабрика. Досега средна дестилерија обработува 1 милион тони шеќерна трска, годишно би можела да продаде околу 5 мв од вишокот на електрична енергија. Според сегашните цени ќе заработи 18 милиони американски долари од продажба на шеќер и етанол и околу 1 милион американски долари од продажба на вишокот на електрична енергија. Со понапредна технологија на бојлери и турбини, производството на електрична енергија може да се зголеми до 648 мџ по тон од шеќерна трска, но моменталните цени на електрична енергија не ја оправдуваат потребната инвестиција. (Според еден извештај,Светската Банка ќе финансира инвестиции за создавање на енергија од отпад од шеќерна трска ако цената е најмалку 19 американски долари по гигаџул или 0.068 американски долари за киловат по час). Согорувањето на отпадот од шеќерната трска е еколошки во споредба со други горива,како нафтата и јагленот. Неговата содржина од пепел е само 2.5%(наспроти 30-50% од јагленот) и не содржи сулфур.Откако гори на релативно ниски температури, прозиведува ,малку азотни оксиди. Освен тоа,отпадот од шеќерна трска се продава за користење како гориво (заменувајќи го тешкиот мазут) во разни индустрии,вклучувајќи го и концентратот за цитрусов сок, растително масло,керамика и рециклирање на гуми. Државата Сао Паоло самата користи 2 милиони тони,заштедувајќи околу 35 милиони американски долари за увозот на мазут. Истражувачите кои работат со целулозен етанол се обидуваат да направат екстракт од етанол од отпадот од шеќерна трска или други растенија одржливи на индустриски размер. Технолошкиот Универзитет Делхи направи пионерски истражувања од областа на истражувањето на биогоривата од третата генерација. Технолошкиот Универзитет Делхи (поранешен колеџ за инженерство Делхи) исто така ја организира првата меѓународна конференција за новите граници во биогоривата. Конференцијата има за цел да засолни платформа олеснувајќи ја замената на идеи и искуство меѓу научниците вклучени во разни делови од истражувањето на биогорива.
fineweb-2
Werewolf MKD Дојде денот кога и јас ќе го прославам мојот прв еРоденден. Пројде година во која имаше многу пресврти, многу откажувања, многу сменети воени единици, многу стекнати пријатели, многу РЛ(еРеп) изиграни баскет партии и многу испукани милиони за еМакедонија. Верен еМакедонец кој уште не осетил како е да имаш друго државјанство ! Ова е моето достигнување во време траење од 1 година, без ниту 1 купен голд, без ниту едно мулти Слика По овој повод решив да поделам на секој што ќе коментира и што ќе ја разгласи статијата по 5 q7 тенкови. Да сте ми живи и здрави и догодина на овој исти ден да поделиме дупло повеќе тенкови. о/ O que é isso?Este é um artigo escrito por um cidadão do eRepublik, um imersivo jogo de estratégia baseado nos países do mundo real. Crie um personagem e ajude seu país rumo à glória. Torne-se um herói de guerra, um editor renomado ou um guru das finanças.
fineweb-2
Добитникот на Оскар за најдобра машка улога, францускиот глумец Жан Дижарден, изјави дека ќе ги разгледа понудите од САД по успехот на црно-белиот нем филм "Уметникот", но дека "никогаш нема да биде американски глумец". Дижарден, кој даде интервју за француските весници откако "Уметникот" освои пет Оскари, вклучувајќи и награда за најдобар филм, режија и машка улога, изјави дека по победата се чувствува како да го напуштил сопственото тело за кратко. Вели дека спиел во колата 20 минути пред доделувањето на Окарите. "Само што се разбудив и видов дека не е сон. Оскарот е овде и јас сум сереќен", изјави тој за новинарите. "Ви го претставувам. Се вика Оскар и тежи два килограми", рече тој во холивудскиот хотел близу Кодак театарот, каде што францускиот филм постигна огромен успех. "Убав е, зарем не. Погледнете колку е згоден", се шегуваше со новинарите. "Се чувствувам како да го напуштив своето тело на три секунди. Се случи нешто чудно", одговори тој на прашањето како се чувствува по добивањето на наградата. Кога станува збор за кариерата во САД, Дижарден е прилично категоричен: "Ќе видиме дали ќе има некои проекти, ама никогаш нема да бидам американски глумец". Тој тврди дека Оскарот нема да промени ништо кај него. "Тоа само значи дека ќе имам поголема слобода. Не сакам да го менувам својот инстинкт, своите избори, она што го сакам. Имам добар живот и не сакам да го менувам."
fineweb-2
Еден на еден Нова, шеста сезона на неповторливиот Жаре. Сабота, 21:30 Работна акција - нова сезона Емисија полна со емоции и хумана акција на дело Секој понеделник во 21:00 Пинк ѕвезди Најспектакуларниот музичкиот натпервар на таленти Вторник, среда, четврток, 21:00 часот "Подземје" Тој е најопасното оружје против мафијата во Бугарија... Од понеделник во 22:00 часот Среќни коцки Драган Вучиќ сo неговaтa мегапопуларна емисија на Алфа ТВ. Понеделник-петок во 16:30 Браво шоу Најгламурозното шоу во Европа!!! Недела, 21:00 ч. Алфа акција Кога улиците стануваат опасно место... Тие стапуваат на сцена. Сабота во 22:30, реприза во недела во 16:50 Тајни Закопано богатство е извор на злото надвиено над двете семејства... Понеделник-петок во 22:00, реприза во 16:30 Еден средношколец е повредено со нож во тепачка на која и претходела расправија денеска околу 10:30 часот во ТЦ Лептокарија во Скопје, најверојатно меѓу ученици од Средното училиште "Здравко Цветковски". Целиот извоз од Македонија за Русија на земјоделски производи се состои од македонски производи, констатирала Владата на вчерашната седница. Четворица полицајци се полесно повредени во сообраќајната несреќа што синоќа околу 20 часот и 45 минути се случила на автопатот Тетово – Гостивар, во близина на клучката за Камењане, информираше портпаролот на СВР Тетово, Маријан Јосифовски. Престедателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер денеска пред европратениците во Стразбур ќе го претстави водечкиот проект на неговиот мандат - планот за инвестиции во износ од 300 милијарди евра Министерот за здравство, Никола Тодоров, во рамки на работната посета на Франција, денеска, се сретна со ... повеќе Целиот извоз од Македонија за Русија на земјоделски производи се состои од македонски производи, констати... Затвореник бил пронајден мртов во казнено-поправната установа во Струга каде што ја издржувал својата каз... Украинскиот премиер Арсениј Јацењук и командантот на воените сили на САД во Европа и главен командант на ... Европската комисија денеска соопшти дека од Бугарија бара да го намали нивото на јаглерод диоксид во живо... Друштвото на писателите на Македонија со свечен собир денеска ќе ја одбележи 80-годишнината од раѓањето н... Американскиот музичар Боб Дилан пред неколку денови одржа концерт во филаделфиската Академија за музика -... Најмалку три лица починале чистејќи го снегот по обилните снежни врнежи кои деновиве ја погодија американ... Во првиот дуел од четврт-финалето во Купот на Македонија, фудбалерите на Еуромилк го совладаа Работнички ... Сода бикарбонат е намирница која има многу корисни својства и примени, но некогаш сепак треба да се одбег... Македонија и оваа сезона ќе има три претставника во Лигата на шампионите. Металург и Вардар повторно се дел од елитното натпреварување во машка, а ЖРК Вардар СЦБТ во женска конкуренција. Новата сезона во Лигата на шампионите можете да ја следите екск Гласајте за вашата песна на неделата! Моментална температура: Авенија на љубовта 004 Дневникот на Фериде 003 Дневникот на Фериде наскоро на Алфа ТВ Наскоро на Алфа ТВ: "Дневникот на Фериде" Откачен свет 2013 Овие момци и девојки се навистина прекрасни ... и ЛУДИ!!! Имагинацијата нема граници - скриен базен!!! Гитла и гледај како се игра... © ALFA TV. Сите права се задржани. За најдобар преглед на нашата страна користете ги најновите верзии на вашите Web Пребарувачи Вратете се нагоре
fineweb-2
-Сум размислувала да имам помлад партнер и мислам дека тоа не би ми бил никаков проблем. Уште утре ќе испринтам маица со натписот: "Јас сум Деми Мур" – вели актерката Весна Петрушевска во интервју за магазинот Свет, одговарајќи на прашањето дали и се пуштаат помлади мажи. Иако многумина мислеа дека разводот со сопругот Јанко, ќе ја скрши, изгледа дека е Петрушевска, е посилна од кога и да, и со нова енергија чекори кон остварување на приватните и работните планови.
fineweb-2
Сите си ја знаеме и сакаме оваа летна манџа, во сите можни варијанти и комбинации. Ова е мојата Фант-астична варијанта. Фантастичен Миш-меш By May 31, 2013Published: Сите си ја знаеме и сакаме оваа летна манџа, во сите можни варијанти и … Ingredients Instructions - 1.Пиперките исечете ги на поголеми парчиња и ставете ги да се пржат во подлабоко тавче или тенџере додека малку не омекнат. Доматите изрендајте ги на крупната страна на рендето, па додајте ги во тенџерето каде што се пржеа пиперките. - 3.Фантот подгответе го според упатството, додадете уште малку вода ако сакате поретко, и додадете го во тенџерето. Почекајте водата да зоврие и тргнете го од оган.
fineweb-2
Либерализам Либерализмот е идеологија, филозофско мислење и политичка традиција која држи дека слободата е од основна политичка вредност. Во времето на феудализмот, либерализмот претставувал буржоаскополитички и идеолошки правец што се борел за политичка слобода, за слобода на мислење и дејствување. Потоа, кон крајот на 19 век, социјалнен демократски либерализам почнал да се вметнува во прифаќањето на различни видови буржоаски (политички и економски) системи и буржоаска идеологија со цел за нивното инфилтрирање во теоријата и практиката на социјализмот.
fineweb-2
Алевронско зрно Алевронско зрно (од грчки алеврон - брашно) е белковина кој се наоѓа во ендоспермот на многу семиња. Го формира надворешниот слој од семената обвивка кај некои жита. За време на герминацијата, хидролизата во семето предизвикува алевронските клетки да се разложат до аминокиселини. |Оваа статија од областа на биологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите.|
fineweb-2
Во Скопје се отвора нов Lounge бар кој ќе биде наменет за луѓе кои ги сакаат утринските кафиња надополнети со вкусен појадок, попладневните собиранки со колегите, но и за љубителите на ноќните излегувања. Храната и пијалакот споделени во прекрасната атмосфера во самиот центар на градот, на приземјето на управната зграда на Македонски Телеком ќе биде прекрасно задоволство. Тelekom Trend Lounge Bar ќе биде отворен идниот петок, 20-ти декември со after work забава заедно со Нокаут. За следниот петок, 27-ми најавена е забава со Бени.
fineweb-2
Кикимора Во некои приказни, Кикимора е претставена како вештерка со глава мала како напрсток и слаба како сламка. Во други приказни, таа е обична жена со пуштена коса (словенските жени кои биле мажени обично ја покривале косата, а младите немажени девојќи ја носеле косата во плетенка). Таа е претставена и како мала грбава жена во валкани алишта. Ако домот бил добро одржуван, Кикимора се грижела за кокошките и за работата низ куќата. Ако не бил, таа навечер цимолела, им свиркала на децата и ги скокоткала. Исто така, Кикимора излегувала навечер да преде. Се верувало дека кој ќе ја види Кикимора како преде, наскоро ќе умре. За да се смири разлутената Кикимора, требало да се измијат сите лонци и тави со чај од папрат. Таа обично живеела позади печката или во подрумот од куќата, но можела да се сретне и во мочуришта и шуми. Кикимора е наречена и една од симфониските поеми на Анатоли Константинович Лиадов, кој вели (како што е наведено во една белешка од програмата на филхармонијата на Лос Анџелес) дека: "таа пораснала кај еден волшебник во планината. Од зора до самрак, мачката на волшебникот ѝ раскажувала необични приказни за древните времиња и далечните места, додека таа се лулала во кристална колевка. За седум години таа созреала, но главата не ѝ била поголема од напрсток, а телото не пошироко од сламка. Кикимора предела лен од самрак до зора и имала зли намери кон луѓето." Кикимора е обележана и во светот на животните. Во 1988 година, биологот Кирил Есков, родот од фамилијата пајаци Линифиди (што тој ја откри), го крсти Кикимора палустрис (Кикимора од мочуриштето, руски: кики́мора боло́тная), по овој дух од словенската митологија.
fineweb-2
На Свечена седница на Советот на Општина Прилеп доделени наградите "3 Ноември" и тоа 7 дипломи, 9 плакети и 4 награди за животно дело. Честитки до наградените и благодарност за нивниот досегашен придонес за претставување и развој на Прилеп. Денот на ослободувањето на град Прилеп свечено одбележан со низа активности. По повод празникот во центарот на Прилеп, беше откриен споменик на основачот на македонската граматика, наш прилепчанец Круме Кепески.
fineweb-2
Комплекс (хемија) Комплексни или координациони соединенија се такви соединенија во чиј состав влегуваат комплексни честички изградени од повеќе атоми, молекули или јони, кои градат една стабилна групација во цврста агрегатна состојба и/или во раствор. Комплексните честички се изградени од централен атом (или комплексообразувач) и лиганди. Централниот атом е некој метал или метален катјон кој нема пополнета електронска конфигурација на инертен гас. Лигандите се најчесто анјони или неутрални молекули што содржат еден или повеќе неподелени, односно слободни електронски парови. Многу ретко како лиганди можат да се јават и катјони, но такви што содржат неподелен електронски пар на некој од атомите. Како и да е, централните атоми се Луисови киселини, а лигандите се Луисови бази. Кога се пишуваат хемиските формули на комплексите, прво се пишува симболот на централниот атом, а потоа анјонските и неутралните лиганди. Формулата на комплексот се пишува во аглести загради. Во името прво се наведуваат анјонските лиганди, потоа неутралните и катјонските лиганди, а на крај името на централниот атом. Бројот на лигандите се искажува со грчките претставки ди, три, тетра, пента итн. (а бројот на лигандите се означува со пртставките бис, трис, тетракис итн. ), а името на лигандата се пишува во мали загради. Оксидационата состојба на централниот атом се искажува со Стоксова нотација (римски бројки во мали загради). Имињата на катјоните и анјоните кај комплексите се пишуваат слеано, со сите префикси, имињата на лиганди и централниот атом. Постојат разлики во именувањата на централниот атом кај комплексните катјони и анјони. Така, кај комплексните анјони, од латинското име на централниот атом се отфрла наставката ум или иум, а се додава наставката ат (исклучок се комплексите на живата, каде се употребува англиското име - меркурат). Кај катјонските и неутралните комплекси, централниот атом се именува на македонски без никаква наставка. Имиња на лигандите[уреди] Имињата на анјонските лиганди завршуваат на о. Општо, ако името на анјонот завршува на ид, ит или ат, се додава о и така се добива идо, ито или ато, соодветно. Исклучок од ова правило прават некои соединенија, кај кои се отфрла ид, а се додава о.
fineweb-2
Службата за информации е достапна на телефонскиот број 188 и е на располагање на корисниците 24 часа дневно, 7 дена во неделата. Преку овој сервис ќе добиете информации за приватни и деловни корисници. Со еден повик кон бројот 188 може да се добијат податоци само за еден телефонски број. Повикот кон бројот 188 чини 9,99 денари со вклучен 18% ДДВ. За да можете да ги користите овие погодности треба да имате телефон со тонско бирање. Во спротивно системот двапати ги повторува инструкциите на Говорната машина, а потоа Ви се јавува оператор да Ви ја достави бараната информација.
fineweb-2
Во 1901 Елмхулт бил одвоен од Стенброхулт и прогласен за пазаришен град ("шепинг", köping). Дегашната општина е создадена со реформата на локалната самоуправа од 1971, со припојувањето на околните рурални општини кон гратчето Елмхулт. Елмхулт е значаен како родно место на прочуениот ботаничарКарл Лине ([PHONE]). Денес имотот во Росхулт е претворен во музеј, окружен со истите ливади и полиња што го инспирирале научникот да истражува. Првата продавница на IKEA е отворена во Елмхулт од Ингвар Кампрад, нејзиниот основач и сопственик.
fineweb-2
Столпчести габи |Столпчести габи| |Russula emetica| |Научна класификација| |Царство:||Габи| |Оддел:||Basidiomycota| |Класи| Столпчестите габи или базидиомицети (Basidiomycota) образуваат тип или оддел на габи кој содржи околу 30 000 опишани видови, што е 37% од опишаните видови на прави габи. Најпознати столпчести габи се тие кои произведуваат печурки, кои се репродуктивни структури. Во столпчестите габи исто така спаѓаат и квасните габи (едноклеточни форми) кои се размножуваат бесполово. Столпчестите габи можат да се најдат практично во сите копнени екосистеми, како и во слатководните и морски живеалишта. Содржина Карактеристики[уреди] Столпчестите габи се едноклеточни или повеќеклеточни, полови или бесполови и копнени или водни организми. Базидиомицетите се толку варијабилни што е невозможно да се идентификуваат било кои морфолошки карактеристики што се заеднички за групата и константни во истата. Најдијагностичка особина е продукцијата на базидии (или столпчиња), кои се клетките на кои се создаваат половите спори, и од кои типот го носи името. Долговечен дикарион, во кој секоја клетка во талусот содржи две хаплоидни јадра кои се резултат од спарување, е друга карактеристична особина. Конечно, клунестите израстоци се еден вид на хифален израсток кој е уникален за базидиомикотите, иако тие не се присутни кај сите базидиомикоти. Животен циклус кај типичен вид[уреди] Базидијата е клетката во која се случуваат кариогамија (јадрена фузија) и мејоза, а исто така на неа се образуваат и базидиоспорите (тие не се произведуваат од асексуалните столпчести габи). Многу столпчести габи произведуваат базидии на повеќеклеточни плодни тела (на пример, печурки), но базидиите можат исто така што се формираат директно од страна на квасните габи и други едноклеточни базидиомицети. Постои голема разновидност во морфологијата на базидиите, бројот на формирани спори, и во тоа како спорите се раѓаат на површината на базидијата. Обично се формираат четири спори на секоја базидија, на врвовите на ситни дршки наречени стеригми. Секоја спора обично содржи еден или два од хаплоидните мејотички продукти. Една од најфасцинантните карактеристики на столпчестите габи е продукцијата на балистоспори, кои се пропелираат во воздухот од страна на стеригмите. Балистоспорите можат да бидат полови или бесполови и можат да се произведуваат од базидиите, хифите, квасните клетки или дури од други балистоспори. Овој вид на спори би морале да еволуираат многу рано во еволутивната историја на базидиомикотите, бидејќи се најдени кај членови на најраните дивергентни линии во типот. Балистоспоријата е асоцирана со форми кои ги распрскуваат своите спори директно во воздухот. Повеќето водни базидиомицети и видови кои продуцираат спори во плодни тела, како пуфките, ја загубиле балистоспоријата. Балистоспоријата е асоцирана со продукцијата на исполнетите со течност "hilar капки" кои се формираат на основата на спората, токму над нејзиното поврзување за стеригмата. Разрешувањето на механизмот на балистоспоријата било долгорочен проблем во микологијата. Во серии од студии, повторени од Мани во 1998 година, се покажало дека отфрлањето на спорите се случува кога hilar капката се фузира со филм од течност на површината на спорите. Брзата коалесценција на течностите причинува ненадејна промена во центарот на масата на спората и допринесува за нејзиното исфрлање од стеригмата. Овој механизам е наречен "катапулт со површинска тензија" и резултира во тоа што спорите се отфрлаат со сила од 25,000 g. Базидиоспорите 'ртат за да формираат хифи (филаменти) или квасни клетки кои се обично хаплоидни и едноклеточни. Хифите на столпчестите габи се одделени. Ултраструктурните особини на септите, видливи со трансмисиона електронска микроскопија, се важни при развивањето на филогенетска хипотеза кај Basidiomycota. Парењето кај столпчестите габи вклучува фузија на хаплоидни клетки, но фузијата на јадрото обично се одложува сѐ додека не се формира базидија. Како резултат на ова, доминантна фаза во животниот циклус кај повеќето базидиомицети е дикарионската, во која двете јадра егзистираат едно до друго во секоја клетка. Понекогаш дикарионот може да донира јадро на едноклеточен "монокарион", што резултира во "ди-мон" парење. Клунестите израстоци се хифални израстоци кои се формираат кога клетките во дикариотската хифа се делат. Едно од јадрата се дели во главната оска на хифата, додека другото се дели во клунестиот израсток. Септи се образуваат по секоја од овие митотички делби. Апексот на клетката од наназад растечкиот монокариотски клунест израсток се фузира со субапикалната клетка, со што повторно се воспоставува дикариотска состојба. Сите габи кои произведуваат клунести израстоци се членови на базидиомикота, но не сите базидиомикоти имаат такви израстоци. Аскомикотите кои се размножуваат полово формираат исто така дикариони, иако тие не се толку долговечни како кај базидиомикотите. Екологија[уреди] Столпчестите габи имаат големо влијание на човековиот живот и функционирањето на екосистемите. Многу базидиомикоти се исхрануваат со разградување на органската материја, вклучувајќи и дрва и листови. Како резултат на ова, столпчестите габи играат значајна улога во јаглеродниот циклус. Меѓутоа, столпчестите габи често ги напаѓаат дрвените структури во зградите и други зданија, што има негативни економски последици за луѓето. Симбиотскиот начин на живот (интимни асоцијации со други живи организми) е добро развиен кај базидиомикотите. Симбиотските столпчести габи вклучуваат важни растителни патогени, како "'рѓите" (Uredinales) и "гламните" (Ustilaginales) кои ја напаѓаат пченицата и други култури. Други симбиотски столпчести габи предизвикуваат зарази кај животните, вклучувајќи го и човекот. Но, не сите симбиотски базидиомицети причинуваат зарази кај нивните партнери. На пример, некои столпчести габи, како и многу торбести габи (Ascomycota), образуваат ектомикоризи, кои претставуваат асоцијации со корењата на васкуларните растенија (главно шумски дрва, како даб, бор, диптерокарпи и еукалиптус). Ектомикоризните столпчести габи им помагаат на своите растителни партнери да ги добијат минералните хранливи материи од почвата, а за возврат тие добиваат јаглехидрати кои растенијата ги произведуваат по пат на фотосинтеза. Други симбиотски базидиомицети образуваат асоцијации со инсекти, вклучувајќи ги и листосечачките мравки, термитите, скокачките инсекти, дрвните оси и бубачките од кората на дрвјата. Значење за човекот[уреди] Луѓето пронашле најразлични употреби на столпчестите габи. Печурките (култивираните и дивите) се јадат во многу земји. За непознавачите на столпчестите габи, пронаоѓањето на печурки е ризична активност, бидејќи некои базидиомицети произведуваат смртоносни отрови. Базидиомицетскиот токсин фалоидин (од печурката Amanita phalloides) го заробува актинот, кој е компонента на микрофиламентите во мускулите. Флуоресцентните дамки кои имаат фалоидин се користат од страна на цитолозите за визуелизација на цитоскелетот. Други "токсини" произведувани од столпчестите габи се халуциногени, кои се синтетизираат од членови на родот Psilocybe (и други групи). Видовите на Psilocybe традиционално се користат во домородните култури на Средна Америка како спиритуална алатка, а сега се култивираат за недозволената трговија со дрога. Други биохемиски состојки на столпчестите габи кои имаат практична примена се астаксантинот, црвен пигмент произведен од базидиомицетскиот квасец Phaffia (користен за да даде боја на преработениот лосос), како и одредени ензими од дрворазградувачките столпчести габи кои имаат потенцијални апликации во производството на хартија и биоремедијацијата (деконтаминација на загадената околина со помош на биолошки агенси). Филогенија на столпчестите габи[уреди] Постојат силни докази дека типот Basidiomycota е монофилетски. Балистоспорите, базидиите и клунестите израстоци се присутни во секој од неговите главни подгрупи (иако не во сите видови), што сугерира на заедничко потекло. Немолекуларните карактери кои се користеле за препознавање на главните групи во Basidiomycota се формата на базидијата (облик и септација), ултраструктурата на хифалната септа и телата на половите од делбеното вретено, присуство или отсуство на квасни фази и "повторување на спорите" (производство на спори директно од други спори), како и составот на клеточните јаглехидрати. Секвенците на рибозомалните гени (rДНК) играле голема улога во нашето разбирање за врските во Basidiomycota и демонстрирале дека некои претходно емфазирани морфолошки атрибути, како што се формите на базидиите, се резултат на хомоплазија Трите главни групи во Basidiomycota се: - Uredinomycetes, кои вклучуваат 'рѓи (Uredinales) и други таксони; - Ustilaginomycetes, кои вклучуваат гламни (Ustilaginales) и други; - Hymenomycetes, кои ги вклучуваат печурките (Homobasidiomycetes), желатинозните габи (Auriculariales, Dacrymycetales, Tremellales) и други. Наводи[уреди] - Kirk et al. 2001 - Fell et all. 2001 - Kohlmeyer and Kohlmeyer, 1979; Hibbett and Binder, 2001 - Ingold, 1991 - Buller 1909, 1922; Ingold 1939; McLaughlin et al. 1985; Webster et al. 1984a, b; Yoon and McLaughlin 1986 - Money, 1998 - Smith and Read, 1997 - Wheeler and Blackwell, 1984; Mueller et al., 1998 - Benjamin, 1995 - McLaughlin et al. 1995; Oberwinkler, 1987; Prillinger et al. 1990, 1991 - Swann and Taylor 1993, 1995; Swann et al.
fineweb-2
Википедија:Подигање на слики За почеток, имајте предвид, повеќето слики кои се наоѓаат на интернет се со авторски права и не се соодветни за Википедија. Ако не сте ја создале сликата или не сте во можност да го проверете статусот на авторското право, не ја подигајте сликата. За совети каде да најдете соодветни слики, може да го прочитате водичот за пронаоѓање на слики. При поставување на слики и други медиуми на Википедија на македонски јазик, потребно е да се следат следниве начела: - Името на медиумот мора да биде описно (ако се работи за слика на личност името треба да содржи потполно име и презиме, не само дел). Избегнувајте непримерни и програмски одредени имиња (на пр. Името треба да биде што попрецизно (на пр, Пушка_М16А4, а не Пушка1). - На медиумот треба да се додаде т.н. (опис, лиценца, извор): - - Опис (краток и јасен опис на медиумот со врска до главната статија во која ќе се користи (ја олеснува повеќекратната употреба)) - Лиценца (лиценцата под која медиумот е поставен на Википедија - Грубо кажано, постојат три типа на лиценци: - Сликите кои припаѓаат на првиот тип (јавен домен) ставајте ги во Заедничката ризница, вториот вид на Википедија, а третиот вид не ги ставајте на Википедија (таквите слики се бришат, а корисниците кои ги кршат правилата се блокираат) - - Извор (јасно напишан извор или името на авторот; ако поставувате медиум од некоe веб-место напишете ја врската на страницата која го содржи, а не на главната страница на веб-местото; ако сте вие автор јасно напишете го тоа) Праведна употреба[уреди] Сликите од интернет страницата за кои е означено авторско право (©) под сликата или на дното на страницата е забрането да се поставуваат на Заедничката Ризница или на Википедија! Доколку сликата го олеснува сфаќањето на некој поим и постои добра причина за нејзина употреба на Википедија, таквата слика е дозволено да се постави на Википедија според одредбите на законското начело познато како праведна употреба. Позитивни примери: - скениран омот на ДВД (компакт-дискови, книги, плакати) од Вашата домашна колекција во ниска резолуција може да биде поставен на Википедија и конкретната слика смее да биде употребена за статијатам на пр. за конкретниот филм. Со други зборови, снимката на омотот е прифатлива за користење кога се зборува за самиот филм или книга, но не е прифатлива за користење во статијата за на пр. глумецот или ликот кој се воедно појавува во тој филм или книга. - екранска снимка ("screenshot") од филм или ТВ серија во ниска резолуција смее да биде поставена на Википедија, и конкретната слика смее да биде употребена во статијата за конкретниот филм/ТВ серија. Со други зборови, снимката на екранот прифатлива за користење кога се зборува за самиот филм или ТВ серија, но не е прифатлива за користење во статијата за на пр. глумецот или ликот кој се воедно појавува во тој филм или ТВ серија. Кога таквите слики се поставуваат на Википедија треба да се почитуваат горенаведените упатствам сликата мора да има опис од кој ќе се види причината за употребата (т.е. задоволувањето на праведната употреба), лиценца и извор, а за секоја посебна страница на која треба да се постави, треба да се напише посебно образложение за праведната употреба. Додавање на слики од другите википедии и од Ризницата[уреди] Ако додадете слики од сродните Вики проекти, следете ги следниве препораки: - проверете дали сликата е веќе поставена во Заедничката ризница; ако е, нема потреба да се поставува сликата на Википедија, само додадете го името на сликата во статијата. - ако поставувате слики од други википедии, поставете ја под истото име како и на википедијата од која сте ја презеле, додадете го и преведениот текст од тамошната странива за опис, заедно со користените шаблони за лиценца; ако авторот на описот не е потпишан на страницата видете ја историјата на уредувањето (анг:history). - додајте врска на изворната страница со опис на сликата, а не само од која википедија сте ја зеле.
fineweb-2
Прв вселенски собор |Прв Вселенски собор| |Дата||325 година| |Прифатен од||Римокатоличка црква, старокатоличка црква, Православна црква, Англиканска црква, Древноисточни цркви, Асирска источна црква, лутеранство, калвинизам| |Претходен собор||Нема (Ерусалимскиот не се смета како екуменски)| |Следен собор||Прв Константинополски собор| |Свикан од||Константин I| |Заседаван од||Свети Александар Александриски (како и Константин I)| |Присуство||250–318 (само петмина од Западната црква)| |Тема на дискусија||Аријанство, Малетијство| |Документи и извештаи||Симбол на верата| |Хронологија на одржување| Првиот Вселенски собор бил одржан во Никеја, Битинија (во денешна Турција) во 325 година и истиот бил свикан од страна на римскиот император Константин I. Од него произлегла првата унифицирана и општоприфатена христијанска доктирна. Со создавањето на Никејски Симбол на верата, преседан бил создаден според кој за прв пат во историјата на црквата бил даден модел преку кој во иднина требало да бидат создавани догми и канонски доктрини. Целта на Соборот била разрешување на несогласувањата кои се појавиле во Александриската црква околу природата на Исус Христос во однос на Неговата врска со Отецот, односно попрецизно – дали Исус Христос имал иста или слична природа на Бог Отецот. Свети Александар и Свети Атанасиј ја завзеле првата позиција (дека Господ Исус Христос има иста природа со Бог Отецот), додека Ариј (од кого се развива и подоцнежното Аријанство) се залагал за второто тврдење. На овој собор било поддржано првото тврдење со огормно мнозинство (од сите присутни, само двајца гласале во полза на на презвитер Ариј)). Другото решение кое било донесено на овој Вселеснки собор се однесувало на датумот на славењето на Велигден (Пасха), најзначајниот празник во христијанскиот календар. На соборот било решено празнувањето да се одбележува првата недела после првата полна месечина од пролетната рамноденица, независно од библиското хебрејско сметање на времето (квардодециманизам) и дал овластување на Александрискиот Архиепископ секоја година да го соопштува датумот на останатите архиепископи. Првиот вселенски собор има и посебно историско значење затоа што претставува прв обид за донесување на одлуки преку консензус (католичански) на претставници на сите христијански верници, и оттука е првиот пример на техничка христологија. Содржина Карактер и цел[уреди] Првиот вселенски собор бил свикан од страна на император Константин I, а по препорака на Синодот предводен од Хосиј од Кордоба во 325 година, кој ја предводел истрагата на недоразбирањата предизвикани од страна на Аријанската ерес присутна во гркојазичниот исток. За поголемиот број на епископи, учењата на Ариј биле еретички и претставувале реална опасност против спасувањето на душите. Со таа цел, во летото 325 година, епископите од сите христијански провинции биле повикани во Никеја во Битнија (позната и како Изник во денешна Турција) – место лесно достапно за поголемиот борј од нив, а посебно за оние од Мала Азија, Сирија, Палестина, Египет, Грција и Тракија. Приближно триста епископи биле присутни на Никејскиот собор, и тоа од секој регион на Римската Империја, освен од Британија. Ова инаку претставува прв општ собор во историјата на црквата уште од Апостолскиот собор во Ерусалим на кој се воспоставиле правилата според кои нееврејските народи можеле да се придружат на црквата. Чекор понапред, на овој Собор црквата го превзела првиот чекор кон попрецизното дефинирање на доктрината на христијанството како резултат на предизвиците кои се појавиле од страна на разните еретички учења. Решенијата донесени на овој собор, како екуменски, биле полноважечки за целата црква. Присутни[уреди] Константин I ги поканил сите 1800 епископи на христијанската црква, но на овој Собор учевствувале само помеѓу 250 и 320. Во врска со тоа кој присуствувал, постојат повеќе извори и оттука, повеќе тврдења. Според Евсевиј Кесариски, нивниот број бил 250, според Свети Атанасиј 318, додека пак според Свети Евстасиј Антиохиски 270 епископи. Во подоцнежните дела, Схоластичарот Сократ евидентирал повеќе од 300, додека Евагриј, Хилариј, Еремија и Руфиниј запишале дека биле присутни 318 епископи. За секој епископ постоел платен превоз од и кон неговото епископско море. Исто така, и сместувањето било платено од страна на императорот. Тие не патувале сами, туку секој од нив имал дозвола со себе да понесе два презвитера и три ѓакони. Одовде, целосниот број на учесници на овој Собор би бил приближно 1500 души. Овој Собор бил посебен и поради скорешното официјализирање на христијанството како рамноправна вера во империјата со издавањето на Миланскиот едикт од февруари 313 година. Источните епископи преовладувале на овој Собор, од кои на највисок ранг биле архиепископите Свети Александар Александриски, Свети Евстасиј Антиохиски и Свети Макариј Ерусалимски. Некои од богоносните отци како Свети Пафнутиј од Теба, Потамон од Хераклеа и Павле од Новоцесареа сѐ уште на нивните лица ги имале трагите од скорешниот прогон како сведови на верата. Понатаму, како значајни учесници биле Евсевиј Никомедиски, Евсевиј Кесариски, Свети Николај Мириклиски, Аристакиј од Ерменија, Свети Јаков Нисивиски (поранешен пустиник), Свети Спиридон, Свети Ахил, Свети Пафнутиј, Свети Митрофан Константинополски, Свети Ипатиј Гангриски и други. Од други места, тука биле присутни и персискиот епископ Јован, готскиот епископ Теофил и Стратофил, епископ на Питиунт и Егриси (лоцирани на денешната граница помеѓу Русија и Грузија). Од реоните со латинско говорно подрачје присутни биле најмалку пет претставници: Марко од Калабрија, Сесилијан од Картагина, Хосиј од Кордоба, Никасиј од Дижон и Домнус од Стридон. Папа Силвестер I не можел да присуствува поради болест, но бил застапуван од двајца свештеници. Аријанска ерес[уреди] Аријанската ерес на почетокот претставувала христолошка расправа која започнала во Александрија помеѓу следбениците на презвитер Ариј (Аријанци) и следбениците на Свети Александар Александриски (хомоосијанци). Втората страна верувала и пропагирала дека Синот е едносуштен на Отецот, додека Аријанците тврделе дека Синот, иако е најсовршена божја креција е сапак она што е - а тоа е креација и ништо повеќе. Во оваа расправа се појавила и трета група (хомоиосијанци) кои се труделе да понудат компромис, тврдејќи дека Отецот и Синот се од слична материја, но не иста. Поголемиот дел од дебатата се водела околу тоа дали Синот е "роден" или "создаден" од Отецот, при што од лексиколошка и семантичка страна вистинска пречка претставувал самиот факт што различните групи доаѓале од различни говорни реони, при што старогрчкиот јазик имал далеку побогат речник од останатите јазици, и многу поразлични значења наследени од предхристијанските философи. На почетокот околу дваесетина епископи го поддржале Аријанското учење, но кога навлегле во детали, се повлекле од него и се приклучиле на мнозинството. Симбол на верата[уреди] За еден дел од присутните, бил прифатлив било каков Симбол на верата кој би бил донесен со согласност на сите делегати, а кој би служел за обединување во востановување на цврстите темели на учењето на црквата. Сепак, била прифатена иницијативата на Свети Атанасиј Велики (во тоа време ѓакон) за што поголема јасност, концизност и децидност на содржината. На крај, бил донесен следниот Симбол на верата, кој со помали измени е зачуван до денешен ден. Во црковните редови преовладува мислењето дека понатамошните собори претставуваат само продолжување и појаснување на Првиот вселенски собор и Симболот на верата (или Никејскиот Симбол, како што е познат). Овој Симбол во кратки црти го содржи учењето за светата природа на Светата Троица. Тој гласи, во целост: |"||"Верувам во единиот Бог Отец, Седржител, Творец на небото и на земјата, на сè видливо и невидливо;И во Единиот Господ Исус Христос, Син Божји, Кој е роден од Отца пред сите векови, Светлина од Светлина, Бог вистински од Бога вистински роден, нестворен, едносуштен на Отца, преку кого сè станало; Кој заради нас луѓето и заради нашето спасение слезе од небото и се воплоти од Светиот Дух и Марија Дева и стана човек; И беше распнат заради нас во времето на Понтијскиот Пилат и страдаше и беше погребан; И воскресна во третиот ден според Писмото; И се вознесе на небото и седи оддесно на Отца; И пак ќе дојде со слава да им суди на живите и на мртвите и Неговото царство не ќе има крај; И во Светиот Дух, Господ, Кој живот твори, Кој излегува од Отца, на Кого се поклонуваме и Го славиме заедно со Отецот и Синот и Кој говорел преку пророците; Во една света, соборна и апостолска Црква; Исповедувам едно крштение за простување на гревовите; Го чекам воскресението на мртвите; И животот во идниот век. "||"| Славење на Велигден[уреди] По 19 јуни започнало да се расправа за определувањето на датумот на славење на Велигден. Во западниот дел од Римската Империја бил прифатен обичајот за славење на Велигден во неделата после еврејската Пасха, додека повеќе помесни цркви на Истокот го задржале славењето на самиот ден Пасха, т.е 14 нисан според еврејскиот календар. Во Рим и Александрија, пак, се внимавало Велигден да не биде на истиот ден како и еверејската Пасха. На крај било одлучено секоја година александрискиот архиепископ да му соопштува на римскиот папа кој ден ќе биде славен Велигден. Тоа требало да биде првата недела после првата Полна Месечина после пролетната рамноденица. Мелетска шизма[уреди] Мелетската шизма била уште една од важните работи кои се разгледувале на овој собор. Одлучено било Мелетиј да остане во неговиот град Ликопол, но без никаква власт иако му било дозволено да го задржи епископскиот чин. Овие благи мерки не вродиле плод, така што овој конфликт уште многу долго постоел. Мелетијците подоцна се здружиле со аријанците, и св. Атанасиј Александриски уште долго време потоа имал недоразбирања со нив. Конечно, мелетијанството изумрело во средината на 5 век. Наводи[уреди] - Britannica.com - Council of Nicea - Шаблон:Ws - "Council of Nicaea in the 1911 Encyclopædia Britannica". 14 март 2010. - "§ 120. The Council of Nicaea, 325". "Schaff's History of the Christian Church, Volume III, Nicene and Post-Nicene Christianity,". "Only two Egyptian bishops, Theonas and Secundus, persistently refused to sign, and were banished with Arius to Illyria. The books of Arius were burned and his followers branded as enemies of Christianity." Надоврешни врски[уреди] - Catholic Encyclopedia: First Council of Nicaea - The Road to Nicaea Опис на тековните настани на Првиот вселенски Собор - Council of Nicaea in the 1911 Encyclopædia Britannica - Council of Nicaea
fineweb-2
Хомеопатија ||Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. Хомеопатијата е форма на алтернативната медицина, предложена од германскиот физичар Самуел Ханеман во 1796, кој се обидел да ги лечи своите пациенти со силно растворени супстанци, за кои се тврди дека имаат слични ефекти како и симптомите што го предизвикале заболувањето. Хомепатските лекови се подготвуваат со сериски раствори и силно протресување. Ваквиот процес го нарекуваат "потентизација". Растворањето обично продолжува сè додека не се раствори оригиналната супстанца. Покрај симптомите од болеста, хомеопатите користат аспекти на физичката и психолошка состојба на пациентот од препорачаните лекови. Хомеопатските книги се познати и како лексикони , во кои лековите се селектирани врз симптомите. Хомеопатските лекови , без никакви исклучоци се сметаат за потполно безбедни. Меѓутоа, некои хомеопати биле критизирани затоа што своите пациенти ги изложувале на ризик, а притоа ја избегнувале конвенционалната медицина како вакцинацијата, анти-малариски лекови и антибиотици. Тврдењата за ефикасноста на хомеопатијата во плацебо ефектот не се одобрувани од колективната тежина на научните и клинички евиденции. Иако некои проучувања се позитивни, систематските прегледи на сите објавени студии не се покажаа како такви. Понатаму, високо квалитетните проучувања се стремија кон истакнување на позитивни резултати, а повеќето позитивни студии не беа реплицирани ниту пак покажаа методолошки проблеми кои ги штитат од јасните евиденции за ефикасноста на хомеопатијата. Истражувањата спроведени во Комитетот за наука и технологија во Велика Британија во 2009-2010 , заклучија дека хомеопатијата не е подобра од плацебо ефектот. Хомеопатските лекови содржат неколку или пак воопшто не содржат фармаколошки активни молекули и за таквите лекови да имаат фармаколошки ефект треба да се прекршат основните принципи на науката. Современите хомеопати сметаат, дека водата има меморија која им овозможува на хомеопатските подготовки да се произведат, без било каква оригинална субстанца; меѓутоа, не постојат ниту верифицирани , ниту пак научни , уверливи и физички механизми за ваков феномен. Недостатокот на убедливи, научни докази за ефикасноста на хомеопатијата, како и за употребата на лековите се доволна причина за фактот што хомеопатијата е опишана како квазинаука, надрилекарство и "сурова измама''. Од една земја во друга, распространетоста на хомеопатијата е различно застапена. Во некои држави не постојат никакви законски регулативи за употреба на хомеопатијата ниту пак одредени хомеопатски третмани се покриени со националното осигурување, додека во други дозволи или дипломи за конвенционална медицина од акредитирани универзитети е неопходна и тие се обединети со националниот здравствен систем. Во многу држави пак, хомеопатијата воопшто и не е прифатена. Содржина - 1 Општа философија - 2 Хомеопатски лекови - 3 Слични третмани - 4 Медицински и научни анализи и критики - 5 Регулатива и распространетост - 6 Историја - 7 Види - 8 Наводи - 9 Надворешни врски Општа философија[уреди] Хомеопатски лек подготвен од раствор кој не содржи молекули од оригиналното растение. Хомеопатијата претставува виталистичка философија која ги објаснува болестите и заболувањата предизвикани од нередите во хипотетичката витална или животна сила. Ваквите нереди ги манифестира како единствени симптоми. Хомеопатијата објаснува, дека виталната сила ја има способноста да реагира и да се адаптира на внатрешните и надворешните предизвикувачи, за кои хомеопатите ги обележуваат со "закон за чувствителност". Овој закон наведува дека негативниот став може да ја привлече хипотетичката болест наречена "мијазми" која го напаѓа телото и произведува симптоми на болест. Како и да е, Ханеман ја одбил идејата на болеста како одвоена која го напаѓа лицето и сѐ уште претставува дел од "живата материја". Закон на сличности[уреди] Во своите екпериметни со чинчона, кои служеле како третман против маларија, Ханеман заклучил дека ваквите симптоми биле слични како и симптомите на маларија. Тогаш заклучил дека процесот на излекување е сличен, а третманите мора да се способни да ги произведат симптомите во здрава личност, слична на оние кај кои болеста била излекувана. Тој сметал дека преку потикнување на болеста со лекови, симптомите ја обновувале виталната сила за да ја неутрализираат и одстранат оригиналната болест. Мијазми и болести[уреди] Во 1828 година, Ханеман го претставил концептот на мијазми, како основна причина за многу познати болести. Мијазмот честопати, од страна на хомеопатите е дефиниран како "необична, нездрава и душевна растроеност на виталната сила". Секој мијазам го поврзал со одредени болести во кој го гледал коренот на предизвикувач за одредени болести. Според Ханеман, почетното откривање на мијазмите предизвикуваат локални симптоми, како што се кожните или венерични болести, но ако овие симптоми се задушени со медикаменти, причината се бара подлабоко и тогаш започнува да се манифестира како болест на внатрешните органи. Основниот мијазам сѐ уште останува, а длабоко сместените алименти може да бидат поправени со отстранување на длабоките нереди од виталната сила. Теоријата за мијазми на Ханеман и понатаму останала дискутирана и контроверзна. Во 1978 година, Антони Кембел, тогашен консултант и физичар во кралската хомеопатска болница во Лондон, ги критикувал изјавите на Џорџ Витхоулкас кој тврдел дека доколку сифилисот е третиран со антибиотици, тој може да се развие во второстепен или третостепен сифилис вклучувајќи го и централниот нервен систем. Овие конфликти во научните студии, покажуваат дека третманите со пиницилин произведуваат комплетно лекување на сифилис во повеќе од 90 % кај случаите со сифилис. Кембел ова го опишал како "неодговорна изјава која може погрешно да ги насочи неучените луѓе, а притоа одбивајќи ги религиозните третмани". Ханеман презентирал само три мијазми, од кои најважен е "псора" ( јадеж на грчки), кој бил поврзан со било која болест кај која се појавува јадеж на кожа. Тој сметал дека псора е предизвикувач на болести како епилепсија, рак, заразна жолтица, глувост и катаракт. Од времето на Ханеман, предложени се и други мијазми, некои да заменат една или повеќе предложени функции, вклучувајќи ги туберкуларни и рак-мијазми. Хомеопатски лекови[уреди] Лекот претставува технички термин во хомеопатијата кој се однесува на сусптанца подготвена со посебна процедура која е наменета за лечење на пациенти. Хомеопатските практичари се осврнуваат на 2 вида препораки: Материа Медика (Materia medica) и лексикон. Хомеопатското Материа Медика претставува колекција од "слики на лекови" поставени по алфабетски редослед, кои ги опишуваат симптомите поврзани со секој лек индивидуално. Хомеопатскиот лексикон претставува индекс на симптоми на болести, кои ги карактеризираат лековите со специфични симптоми. Хомеопатијата употребува животински, растителни, минерални и синтетички супстанци во своите лекови. Примерите вклучуваат Arsenicum album, Natrum muriaticum, Lachesis muta ( отров од змија ), Opium и Thyroidinum (тироиден хормон). Употребуваат и третмани наречени носоди ( болест на грчки) добиени од патолошки продукти како фекални, уринарни и респираторни ослободувања, крв и ткиво. Хомеопатските лекови добиени од здрави мостри се наречени саркоди. Некои современи хомеопати, езотеричките лекови ги нарекуваат и како "непредвидливи", бидејќи тие не потекнуваат од материјал туку од електромагнетна енергија. Примерите вклучуваат зрачење и сончева светлина. Неодманешните ризични потфати на езотеричните супстанци вклучуваат и невреме со грмотевица ( подготвени од соберена дождлива вода). Денес, постојат околи 3000 различни лекови кои се употребуваат во хомеопатијата. Некои хомеопати иако контраверзни, употребуваат техники кои се одобрени од страна на други практичари. Тие вклучуваат документи за лековите, кадешто супстанците и растворите се запишани на хартија и ставени во облеката на пациентот, во неговиот џеп или пак сместени под чаша вода која му е дадена на пациентот. Ваквата пракса била силно критизирана од страна на класичните хомеопати како неоснована и истата се базирала на магија и празноверие. Подготовка на лековите[уреди] За производство на лекови, хомеопатите употребуваат процес наречен "динамизација" или "потентизација" каде што супстанца се раствора со алкохол или дистилирана вода, а потоа енергично се протресува. Додека Ханеман ги застапува супстанците кои се употребуваат за добивање на симптоми слични на оние од кои се лечи, тој пронашол доза која ке ги зголеми симптомите , а притоа и ке ја влоши состојбата што понекогаш доведувало и до опасни отровни реакции. Тогаш тој истакна дека супстанците се раствораат. Раствори[уреди] Постојат три размера кои се користат во хомеопатијата. Ханеман ја креирал скалата " Ц " во која се раствора супстанца со фактор 100 за секој чекор. Оваа скала најмногу ја употребувал Ханеман. Тој најчесто го користел 30Ц растворот за секакви пригоди ( раствор од фактор 1060). Во времето на Ханеман, неразумно било да се смета дека лековите можат да се растворат до бесконечност, бидејќи атомот или молекулот како најмала честичка во хемиските супстанци штотуку биле препознаени. Сега веќе знаеме дека најсилниот раствор којшто содржи еден молекул од оригиналната супстанца претставува 12Ц. Некои хомеопати откриле децимална скала ( Д или Х) растворајќи ги сусптанците и по десет пати во својата оригинална големина во секоја скала. Д или Х скалата на раствор претставува половина од самата вредност на скалата Ц; на пример "12Х" е еднаков на раствор од "6Ц". Ханеман никогаш не ја употребил оваа скала , но таа била мошне популарна во 19иот век па се до ден денес во Европа. Ваквата моќ на скалата била претставена во 1830 година од американскиот хомеопат Константин Херинг. Во последата деценија од својот живот, Ханеман ја презентирал и скалата (Q) или ЛМ која изнесувала 1 дел од 50.000. На пример, лек карактеризиран како "20Q" ја има речиси истата концентрација како лек со "47Ц" |Х||Ц||Однос||Забелешки| |1X||—||1:10||Опишан со слаба јачина| |2X||1C||1:100||Поголема јачина од 1 X| |6X||3C||10−6| |8X||4C||10−8||Дозволена концентрација на арсеник во водата за пиење во САД| |12X||6C||10−12| |24X||12C||10−24||Постои веројатност дека 60% содржи молекул од оригиналната супстанца, доколку 1 мол Од оригиналната супстанца е искористен| |60X||30C||10−60||Ханеман го подржува растворот поради неколку причини: пациентите треба да користат 1041 апчиња за да конзумираат 1 единствен молекул од супстанцата.| |400X||200C||10−400||Раствор за хомеопатски лек за грип Oscillococcinum| |Забелешка "X скалата "е уште наречена и " Д скала" 1X = 1Д, 2X = 2Д итн.| Критичарите и застапниците на хомеопатијата заедно се обидуваат да ги илустрираат растворите вклучени во хомеопатијата по аналоген ред. Ханеман изјавил дека соодветна процедура за да се справи со епидемијата би било празни шишенце на отров во езерото во Женева. Друг пример за критика на хомеопатијата претставува и 12 Ц решението. Една третина од капка на оригинална супстанца растворена во целата вода на светот може да произведе лек со концентрација од 13 Ц. Особено популарен хомеопатски третман за грип претставува и 200Ц растворот од црниот дроб на патка, познат под името Oscillococcinum. Во целиот универзум постојат околу 1080 атоми, но раствор на еден молекул во универзумот би изнесувал околу 40Ц. Поради овој факт, Oscillococcinum би имал потреба од 10320 универзуми за да добие еден молекул во крајната супстанца. Силните раствори се сметаат за најкотроверзни и неуверливи аспекти на хомеопатијата. Дебата за растворите[уреди] Не сите хомеопати ги одобруваат силните раствори. Првите хомеопати пред се биле доктори и најчесто употребувале слаби раствори како "3 X" или "6X", а поретко ја преминувале границата од "12X". Поделбата помеѓу силни и слаби раствори е дефинирана идеолошки. Оние со слаби раствори се карартеризираат за патологијата и претставува моќна поврзаност за конвенционалната медицина, додека оние со силни раствори ја истакнуваат виталната сила, мијазмите како и духовната интерпретација на болеста. Некои продукти со слаб раствор и понатаму се продаваат, но и покрај своите дупликати тие сѐ уште не покажуваат било какви ефекти како што е случајот со плацебо ефектот. Докази[уреди] Пред да направи обид со своите пациенти, Ханеман најпрвин своите лекови ги експериментирал на себе. Неговите експерименти дадоа заклучок дека овие лекови треба да им се дават на болните, бидејќи тој сметал дека најсличниот лек виртуелно ги поседува симптомите на болеста, па според тоа не можел да заклучи кои симптоми се од лекот, а кој од самата болест. Токму затоа болните лица не биле вклучени во ваквите експерименти. Методот кој бил употребен за да се открие кој лек припаѓа на одредена болест бил наречен "докажување", добиен од германскиот збор "Prüfung" што значи "тест". Хомеопатското докажување е метод со кој се утврдува хомеопатскиот лек. На почетокот, Ханеман употребувал материјални дози за докажување, но подоцна своите лекови ги произведувал со 30Ц раствор. За време на процесот, употребувал лекови на здрави волонтери. Тие биле набљудувани со месеци во периодот на испитување и тогаш истите биле обврзани да водат дневник со сите симптоми кои ке ги почувствувале во денот. За време на експериментот им било забрането конзумирање кафе, чај, зачини и вино: забрането им било и играњето шах, бидејќи Ханеман сметал дека оваа игра е премногу возбудлива, но сепак дозволено им било да пијат пиво и физичка активност. По завршувањето на екпериментите, Ханеман ги натерал своите волонтери да се заколнат дека се што напишале во дневникот е вистина. Ова докажување се карактеризирало како мошне значајно за развојот на клиничките случаи. Ваквите експерименти на хомеопатите се покажале како корисни во развојот на модерните лекови: На пример, евиденцијата дека нитроглицеринот се покажал како корисен третман за лечење на ангина бил откриен токму преку хомеопатското истражување, иако хомеопатите во тоа време не го употребувале за ваква намена. Првите снимени докази биле објавени во 1796 година од Ханеман во Есеј на нов принцип. Неговата Fragmenta de viribus од 1805 година, содржи 27 докази, додека Materia Medica Pura од 1810 година содржи 65 докази. Во Лекции за хомеопатската Материа Медика, Џејмс Тајлер Кент во 1905 година додадел и современи верзии на истите,а притоа бројката пораснала до 217 лекови. Лексикон[уреди] Хомеопатите најчесто своите експерименти ги започнуваат се претходна детална анализа на историјата на пациентите, прашувајќи ги за својата физичка, ментална и емоционална состојба, околностите во животот и било какви физички или емоционални болести. Потоа, хомеопатот се обидува ваквите информации да ги преведе во комплексна формула од ментални и физички симптоми, вклучувајќи ги позитивните и негативните страни, вродените склоности. По ваквата анализа, тој одлучува на кој начин ке го лекува пациентот. Компилација од многубројни извештаи на хомеопатските истражувања, надополнети со клинички податоци е позната под хомеопатска матери медика. Ваквата компилација содржи листа на лекови подредени според симптомите на болеста. Тие може да вклучуваат и податоци добиени од повеќе извори на материа медика. Честопати доаѓа до дискусија помеѓу составувачите на репертоарот и употребувачите на лековите. Првиот индекс на симптоми на хомеопатската материа медика го составил Ханеман. Подоцна, еден од неговите студент Клеменс вон Бонингхаусен го составил Терапевтски прирачник кој исто така претставува хомеопатски репертоар. Прв ваков хомеопатски репертоар е Кодексот на симптоми на Џорџ Јар кој бил објавен во 1835 година во Германија, а Константин Херинг го преведел и на англиски во 1838 година со наслов Репертоар на уште по карактерситични симптоми на Материа Медика Оваа верзија помалку се фокусирала на болестите и истата претставувала предвесник на делата на Кент. Книгата се состои од 3 тома. Како што мине времето, големината на ваквите репертоари се зголемува. Постојат и одредени разлики во третманите на хомеопатите. "Класичната" хомеопатија пред се вклучува детална анализа на историјата на пациентот и самиот пациент подлежи на набљудувања за време на третманот, додека "клиничната" хомеопатија опфаќа комбинација на лекови за вкрстување на симптомите на болеста. Слични третмани[уреди] Изопатија[уреди] Изопатијата е терапија која произлегува од хомеопатијата, а е пронајдена во 1830 од страна на Јохан Јозеф Вихелм Лукс . Изопатијата се разликува од хомеопатијата во тоа што растворите се добиени или од она што ја предизвикало болеста или пак од продуктите на болеста, како на пример изметот. Многуте таканаречени "хомеопатски вакцини'' претставуваат форми на изопатијата. Лекови од билки[уреди] Лековите добиени од билки се добиваат откако растенијата ке се стават во вода, а притоа се изложуваат на сончева светлина. Најпознати вакви производи се лековите на Бах, кој биле откриени од хомеопатот Едвард Бах. Иако за застапниците на ваквите лекови се смета дека всушност и тие делуваат преку хипотетичката витална сила како и хомеопатијата, но сепак начинот на подготовка е различен. Овие лекови се добиваат преку благи начини како што е сместувањето на цвеќиња во сончева вода. Не постои никакво убедливо научно или клиничко докажување дека ваквите лекови се ефикасни. Употребата во ветеринарство[уреди] Идејата за употреба на хомеопатија како третман кај друѓите животни е наречена ветеринарна хомеопатија и датира од самиот почеток. Ханеман зборувал и пишувал за употребата на хомеопатијата кај животните отколку кај луѓето. ФДА не ги одобрила хомеопатските продукти за употреба во ветеринарната медицина во САД. Во Велика Британија, ветеринарните хирурзи кои ја употребувале хомеопатијата припаѓале на факултетот за хомеопатија и/или во британското друштво за хомеопатски ветеринарни хирурзи. Во Велика Британија и во други држави, животните може да бидат третирани само од страна на квалификувани ветеринарни хирурзи. Но на меѓународно ниво, телото кое ги подржува хомеопатските ветеринари е Интернационалното друштво за ветеринарна хомеопатија. Употребата на хомеопатијата во ветеринарната медицина е контраверзна, бидејќи постои сосем мало истражување за ваквата намена, Во друѓи истражувања пак е дојдено до резултат дека плацебо ефектот исто така влијае позитивно како кај животните така и кај нивните сопственици кои верувале во ефективноста на третманот. Медицински и научни анализи и критики[уреди] Хомеопатијата не е подржана од страна на колективната тежина на модерното научно истражување. Ектремните раствори, употребени во хомеопатските подготовки најчесто не оставаат ниту дел од оригиналната материја во крајниот продукт. Модерниот механизам предложен од хомеопатите наречен водена меморија, се смета за неуверлива. Фармаколошкиот ефект, без никаква активна состојка е непостојана за разлика од коневенционалните лекови, оставајќи само не-специфичен плацебо ефект или различни нови појаснувања. Предложениот мотив за овие ектремни раствори, дека водата содржи "меморија" или "вибрација" од растворената состојка , претставува бројач на законот за хемија и физика како што е и законот за масовна акција. Недостатокот на убедливи докази кои ја подржуваат ефикасноста како и употребата на лекови без никакви активни состојки, доведоа до карактеристики на квазинаука и надрилекарство, или пак со друѓи зборови како што стои во медицинскиот преглед од 1998 година, "плацебо терапијата е најдобра, но надрилекарството е најлошо".Употребата на хомеопатијата може да се одложува или заменува со ефективни медицински третмани, изложувајќи ги пациентите на зголемен ризик. Однесувајќи се на хомеопатијата, Британскиот комитет за наука и технологија истакна: "Според комитетот, хомеопатијата е плацебо треманот ,а владата треба да има осигурителна полиса за препишаното плацебо." И покрај етичките проблеми како и интегритетот на врската помеѓу доктор-пациент, препишувањето на плацебо припаѓа во лошата медицина. Нивниот ефект е неверодостоен и непредвидлив, и не може да ја формира основата на било кој третман. Силни раствори[уреди] Екстремно силните раствори во хомеопатијата претставувале основна точка на критицизмот. Хомеопатските раствори, најчесто биле растворани до точка каде ниеден молекул од оригиналната состојка ке остави трага во крајниот лек. Хомеопатите верувале дека методичкиот раствор на супстанцата кој ке започне со 10% или помалку, а притоа проследен и со силно разтресување, може да произведе терпавтски активен лек за разлика од терапевтската неподвижна вода. Иако нековалентните структури на течната вода на собна температура се стабилни само за неколку пикосекунди, па затоа критичарите заклучиле дека било кој ефект кој бил предложен од оригиналната субстанца не може да постои повеќе. Ниеден доказ од стабилните снопови на молекулите во водата не бил пронајден во хомеопатските лекови. Понатаму, иако водата била во контакт со милиони различни супстанци, критичарите наведуваат дека токму таа вода претставува ектремен раствор за речиси сите звозможни суспстанци. Според ваквата изјава, секој оној што ја пие водата добива третман за секоја измислена состојба. Корисниците на хомеопатијата се натрпеваруваат со тоа дека силните раствори произведуваат посилни медицински ефекти. Ваквата идеја е нестабилна во однос на конвенционалните лекови, каде ефектот зависи од концентрацијата на активните состојки во телото. Ваквата врска била потврдена во многубројните експерименти вршени врз организми како нематоди, стаорци и луѓе. Физичарот Роберт Л. Парк, поранешен извршен директор на американското друштво за физика забележал дека |"||Бидејки последниот износ на супстанца е еден молекул, 30Ц ќе мора да има најмалку еден молекул од оригиналната суосстанца растворена во намјалку 1.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000 молекули во вода/ За ова би било потребно контејнер кој би бил поголем повеќе од 30.000.000.000 пати од големината на Земјата||"| Парк забележал дека "ако очекувате да добиете барем еден молекул од "медицинската"супстанца, наводно застапени во 20Х апчиња, неопходно ќе биде да земете околу два билиона од нив, кои би биле еднакви на 1000 тони лактоза, вклучувајќи ги сите нечистотии кои ги содржи лактозата". Законот на хемијата тврди дека постои лимит кон растворот кој може да биде без губење на оригиналната супстанца. Овој лимит кој е поврзан со Авигардовиот број, е сурово еднаков со хомеопатската сила од 12Ц или 24Х (1 дел од in 1024). Истражувања за медицинската ефективност[уреди] Ефективноста на хомеопатијата била дискутирана од самиот почеток. Една од првите научни истражувања за хомеопатијата била спонзорирана од страна на британската влада за време на втората Светска војна, во која волонтерите ја тестирале ефективноста на хомеопатските лекови против изгореници од гас. Методолошкиот квалитет на истражувањето е мошне слабо, бидејќи со такви проблеми како што е слабоста. Ниедна индивидуална подготовка не била двосмислено демонстрираната дека е поразлична од плацебо ефектот. Понатаму, како што самиот резултат се подобрил, евиденцијата за хомеопатските подготовки ефективно се намалија, а високо квалитетните тврдења покажаа дека самите лекови немаат никаков ефект. Абстрактните концепти со теоричната физика Сепак, објаснувањата се понудени од неспецијалисти во своето поле, и честопати вклучуваат шпекулации кои се невистинити, а притоа не се подржани од актуелните ескперименти. Мета-анализи[уреди] Мета-анализите од проучувањата се анализирани се со цел да се дојде до ефективноста на хомеопатијата. Првичните мета-анализи на хомеопатските раствори во повеќето случаи покажуваат релативно позитивни резултати, но таквите проучувања предупредија дека е невозможно да се дојде до крајниот резултат. Еден од позитивните мета-анализи на Линде вели: Евиденцијата на предубедувањето во хомеопатските истражувања, го завршила истражување во 1995 година, и била објавена значајна бројка на нови хомеопатски тврдења. Фактот што бројот на новите високо-квалитетни тврдења имаат негативни резултати, неодманешното обновување на нашиот извештај за еден од најголемите "оригинални" под типови на хомеопатијата ( класична или индивидуализирана хомеопатија), изгледа ги потврди наодите дека по ригорозните испитувања даваат се помали резултати. Изгледа дека нашата мета-анализа ги преценила ефектите на хомеопатските третмани. Во 2001 година, мета-анализа на клинички случаи за ефективноста на хомеопатијата заклучи дека првичните клинички случаи покажуваа знаци на огромни слабости во методологијата, а дека хомеопатските истражувања биле помалку форсирани. Во извештајот од 2002 година, за систематските извештаи се вели дека високо квалитетните испитувања даваат се помали резултат, а со тоа наведуваат дека тие резултати се клинички неважачки. Кога ваквите случаи ке се земат во целост, не постои никакво убедување дека кој било хомеопатски лек дава подобри резултати од плацебото и дека тековниот извештај не дозволува негова препорачливост за употреба во клиничкиот третман. Во извештајот за презентација на хомеопатијата од 2005 година, во медицинската литература се предложени конвенционални списанија кои имаа објавување на предубедувањето против клиничките случаи во хомеопатијата кое сепак се покажа како позитивно, а спротивно од тоа бесе случајот за комплементарни и алтернативни медицински списанија. Авторите предложуваат дека ова може да биде како резултат на неволонтерското предубедување во кое позитивните истражувања се стремат кон нивна испорака во ЦАМ дневниците, а негативните пак во конвенционалните. Во 2005 година, медицинското списание Ланцета, објавило мета-анализи на 11 плацебо-конторлирани хомеопатски испитувања и 110 медициснки испитувања ,спонзорирани од швајцарската влада во проектот наречен "Програма за комплементарна медицина." Оваа студија заклучила дека пронајдоците биле компитабилни со идејата дека клиничките ефекти не претставуваат ништо освен плацебо ефекти. Мета-анализите од 2006 година на шест испитувања на хомеопатски третмани за да добијат терапија за рак, за жал доведоа до несаканите ефекти проследени со радиотерпаија и хемотерапија иако охрабрувачки, но не и убедливи. Нивните анализи заклучија дека не постојат доволно докази за да ја подржат клиничката ефикасност на хомеопатската терапија за лечење на рак. Систематскиот преглед од 2007 година, како за деца така и за адолесценти, открила дека доказите за дефицитната хиперактивност и детската дијареа се измешани. Никаква разлика од плацебо не била откриена за аденоидната вегетација, астмата или инфекција во горните дишни патишта. Ваквата состојба не била доволна за преземање на било какви терпевтски или превентивни мерки. Библиотеката Кохран пронашла недоволни клинички докази за ефикасноста на хомеопатските третмани за асма, деменција или за употребата на хомеопатијата во воведувањето на трудот. Друѓи истражувачи исто така не пронашле докази дека хомеопатијата делува позитивно за остеоротритис, мигрена или болка во мускулите. Здраствените организации како британскиот национален здраствен сервис, американското медицинско друштво и ФАСЕБ објавиле свое видување за тоа дека не постојат научни убедувања за ефикасноста на хомеопатските третмани во медицината. Клиничките студии за медицинската ефикасност на хомеопатијата била подложена на критики и основана како нерелевантна бидејќи таа не ја тестира "класичната хомеопатија". Постојат голем број на клинички испитувања за ефикасноста на хомеопатијата. Извештајот од 1998 година, пронајде 32 случаи кои ги задоволуваат критериумите, од кои 19 биле плацебо-контролирани. Авторите заклучиле дека "резултатите од случајно избраните испитувања покажале дека хомеопатијата има ефект врз плацебо. Меѓутоа доказот не е убедлив поради методолошките недостатоци и непостојаност на истите". Според тоа, оваа критика наведува дека класичната хомеопатија е многу по корисна за разлика од другите типови на хомеопатија. Џек Килен, заменик директор на Националниот центар за цомплементарна и алтернативна медицина вели дека хомеопатијата" ги преминува тековните сваќања на хемијата и физиката". "Според моето знаење, не постои состојба во која хомеопатијата се покажала како ефективен третман" додава тој. Алтернативно објаснување за излекувањето[уреди] Честопати се нудат различни алтернативни објаснувања за тоа како хомеопатијата и нејзините лекови се неефикасни, и како може да истите да ја излечат болеста или да ги олеснат симптомите. - Природно излекување- време и спосбноста на телото да се излечи без помош, може да одстрани многу болести - Непрепознатливи третмани- неповрзана храна, вежби, агенти на природната средина или третман за различно заболување - Регресија- бидејќи многу болести или состојби се циклични, симптомите варираат, а пациентите може да се почувствуваат подобро - Не-хомеопатски третман- паралелно со хомеопатскиот третман, пациентите мора да добијат и не-хомеопатска грижа - Прекин на непријатниот третман- честопати хомеопатите им препорачуваат на пациентите да престанат со примањето на конвенционални третмани како операција или антибиотици, бидејќи може да предизвикат несакани ефекти - Промена на начинот на живеење- хомеопатите честопати препорачуваат диети и вежбања како и ограничено внесување на алкохол и кафе и намалување на стресот, бидејќи сите тие може само да ги намалат симптомите, а да ја појацат болеста - Плацебо ефект- интензивен процес на консултирање за хомеопатските подфотовки може да резултираат во ослободување на ендорфин или други хемикалии кои ја олеснуваат болката или другите симптоми, или пак на било кој друг начин влијаат врз индивидуалната биологија - Психолошко лечење- грижата спроведена од страна на хомеопатот како дел за консултирање може да осигури дека симптомите се мали, а можат да ја намалат тензијата која може да ја влоши постоечката состојба Ова може да биде делумно ефективно, кога физичарите имаат ограничено време со пациентот или пак се неспособни да ја одредат дијагнозата или третманот Истражувања на ефектите во другите биолошки системи Додека некои артикли предложија дека хомеопатските решенија на силните раствори може да имаат значајни ефекти врз органскиот процес, вклучувајќи го ослобидувањето на хистамин преку леукоцитите, реакции на ензимите, Францускиот имунологист Жак Бенвенисте во 1987 објави документ за списанието Природа. Наводниот документ открива дека базофилот, вид на белите крвни келии, ослободува хистамин кога е изложен на хомеопатски раствор од анти-имуноглобин антитело Е. Уредниците на списанието биле скепрични од резултатите, а притоа побарале истите да бидат повторени , но во одвоени лабаратории. Повторувањето се одвивало во четири лабаратории, а истражувањето подоцна било објавено. Сеуште скептични од резултатите, списанието собрало независесн истражувачки тим со цел да да ја утврдат точноста од истражувањето, составен од уредникот во списанието Џон Мадокс, американскиот научен истражувач и хемичар Волтер Стеварт и скептичниот Џејмс Ранди. По истражувањето тимот дошол до заклучок дека " Ние сметаме дека експерименталните податоци се подложени на критики, а нивните недостатоци несоодветно објавени".Џејмс Ранди истакнал дека тој се сомневал дека постои свесна измама, но дека истражувањата може да дозволат "посакувано мислење" за да влијаат врз интерпретацијата на податоците. Методолошки и проблеми со објавување Бен Голдакре објавил статија за хомеопатијата во ЛАНЦЕТА, објавувајќи ги истражувањата на хомеопатијата како проблематични. Тие ги вклучуваат високо објавените предубедувања на списанијата за алтернативна терапија, со многу мали статии поврзани со слаби резултати, игнорирајќи ги мета-анализите и неколку со позитивна критика. Етички проблеми и безбедност[уреди] Хомеопатските лекови пред се содржат само вода и/или алкохол, па затоа и се сметаат за сигурни. Оригиналните супстанци можат да се забележат само во исклучителни случаи. Ова може да се случи како резултат на несоодветна подготовка или слаб раствор. Примери на асренично тровање се појавиле само по употреба на арсенични хомеопатски подготовки. Зикам Колд гел за нос, кој содржи 2Х (1:100) цинк гликонат предизвика губење на осетот за мирис кај мал процент од корисниците: во 2006 година, 340 случаи биле изнесени пред суд за 12 ,илиони американски долари. Во 2009 година, ФДА ги советуваше корисниците да престанат да го употребуваат овој лек, бидејќи тој само може да им го оштети сетилото за мирис. Зикам бил промовиран од страна на новата апликација за лекови НАД под покровителство на ФДА полисата наречена "услови според кои хомеопатските лекови може да бидат промовирани" (ЦПГ 7132.15), но ФДА пак го предупредила Зикам дека ваквата полиса не треба да се поромовира кога таа е штетна по здравјето на луѓето. Хомеопатските критичари покажале други загрижувања за хомеопатската медицина, бидејќи поголемиот дел од пациентите не добиле соодветен третман, па затоа пациентите умирале. Хомеопатите тврдат дека употребата на конвенционалната медицина само ке ја "притисне болеста подлабоко", а со тоа ќе предизвика и сериозна состојба на организмот. Токму затоа некои хомеопати ги советувале своите пациенти за имунизацијата. Некои хомеопати сметаат дека вакцините може да бидат заменети со хомеопатските "носоди"добиени од биолошка материја како измет, заболено ткиво, бацили. Додека Ханеман се противил на ваквите обвинувања, сепак современите хомеопати честопати ги употребувале, иако не постоел доказ дека токму тие имаат некое корисно дејство. Откриени се и случаи во кои анти-малариските лекови се покажале како ефективни во многу случаи од хомеопатијата. Во 2004 година, еден хомеопат и забранил на своја пациентка да зема конвенционални медикаменти за срце, советувајќи ја на 22 јуни 2004 година да престане со земање на сите медикаменти, вклучувајќи ги и хомеопатските, а веќе на 20 август ја советувал дека таа повеќе нема потреба за земање на никакви лекови за срце,додека на 23 август изјавил дека "Таа не може повеќе да зема лекови, јас и предлоќив да зема хомеопатски лекови... Сметам дека доколку го следи мојот совет, нејзиното срце ќе се опорави". Пациентката веќе следниот ден била примена во болница, а 8 дена подоцна починала со дијагноза "акутно заболување од прекин на лекување". Во 1097 година, тогашниот советник и физичар во Кралската Хомеопатска болница во Лондон, Антони Кембел ги критизирал изјавите на Џорџ Витхоулкас поврзани со хомеопатските третмани. Витхоулкас истакнал доколку сифилисот се третира со антибиоитици, тој може да премине во секундарен или терцијален сифилис а притоа поврзан со централниот нервен систем. Кембел ова го опишал како неодговорна изјавакоја може погрешно да ги насочи неучените луѓе а притоа одбивајќи ги конвенционалните медицински третмани. Тврдењата укажуваат на идеите дека лекувањето на болести со надворешни медикаменти може само телото да го доведат до конфликт со научните испитувања. Критики од различни аспекти[уреди] Првиот професор за комплементарна медицина во Велика Британија, Едзард Ернст и поранешен практичар на хомеопатија ги истакнал своите погледи за фармацевтите како и за вистинската природа на хомеопатските производи истакнувајќи - "Мојата молба е едноставна за искрените. Дозволете им на луѓето да купуваат што сакаат, но кажете им ја вистината за тоа што го купуваат. Овие третмани се биолошки неуверливи, а клиничките тестирања покажуваат дека тие не прават апсолутно ништо во човечкиот организам. Фактот дека оваа информација не е воопшто важна за купувачите едноставно е смешна. " Мајкл Баум, професот во универзитетскиот колеџ во Лондон ја опишал хомеопатијата како "сурова одлука". Во статијата со наслов " Треба ли да имаме отворени сваќања за хомеопатијата?, објавена во американсото списание за медицина, Мајкл Баум и Едзард Ернтс напишале строги критики за хомеопатијата: "Хомеопатијата е најлош пример базиран врз медицината... Овие аксиоми на хомеопатијата не само што не се научно докажани, туку се и спротивставени. Ако хомеопатијата е точна, многу од физиката, хемијата и фармакологијата мора да се неточни... За да се прифати хомеопатијата или слините неуверливи форми на алтернативната медицина ( пр.лековите на Бах, духовното лечење, кристалната терапија) тогаш тие не претставуваат опција. Ние сметаме дека вербата во хомеопатијата ја надминува толеранцијата за прифатливост. Треба да започнеме од хипотеза дека хомеопатијата не може да функционира и дека позитивните објаснувања го рефлектираат објавувањето на предубедувањата. Хомеопатијата е основана на апсурдни концепти кои го одрекуваат напредокот во физиката и хемијата. Хомеопатските принципи се смени претпоставки. Не постои никаква потврда за било какви принципи. Повеќе од 200 години, ние чекаме хомеопатките кривоверници да го докажат спротивното. Регулатива и распространетост[уреди] Куќата Хамптон, претходното седиште на Бристол хомеопатската болница, една од четирите хомеопатски болници управувана од НХС. Хомеопатијата е заедничка за многу држави. Се употребува насекаде, па затоа професионални квалификации и дозволи не се потребни за секоја држава. Правилата се различни во секоја држава. Во некои држави не постојат никакви законски регулативи за употреба на хомеопатијата, додека во други дозволи или дипломи за конвенциона медицина од акредитирани универзитети е неопходна. Во Германија не постојат никакви регуларивни мерки, додека во Франција, Австрија и Данска важечка дозвола за дијагностицирање на било каква болест или давање на било каков продукт чија цел е лечење на болест е задолжителна. Некои хомеопатски третмани се покриени од здраствениот сервис во неколку европски држави, вклучувајќи ги Франција, Велика Британија, Данска и Луксембург. Но во држави како Белгија, хомеопатските третмани не се покриени. Додека во Австрија, јавниот здраствен сектор бара научни докази за ефективността, со цел да ги надомести медицинските третмани во кои хомеопатијата не припаѓа, но исклучоци се возможни; приватното здраствено осигурување понекогаш вклучува и хомеопатски третман. По пет годишно судење, во 2005 година, швајцарската влада ја повлече хомеопатијата и уште четири други третмани истакнувајќи дека тие не ги задоволуваат здраствените критериуми. Владата на Индија ја призна хомеопатијата како една од националните системи на медицината, а хомеопатите пак се сметаат за вистински медицински професионалци. Дипломата за хомеопатија како и регистрација во државниот регистер или Централниот регистер за хомеопатија, е задолжително за да практикувате хомеопатија во Индија. Во Велика Британија пак, пратениците бараат да имаат целосен пристап кон хомеопатските производи. Одлуката на Комитетот за наука и технологија е проследен со писмено објаснување од владата во кое се наведува дека реќимот за дозволи не е формулиран на научна основа. Во февруари 2010 година, комитетот за наука и технологија заклучи дека: ... НХС треба да престане со пронаоѓањата на хомеопатијата. Бидејќи ти не се медицински, хомеопатските продукти не треба да бидат лиценцирани со МХРА. Комитетот се согласдил со владата дека има податоци кои укажуваат на негативностите на хомеопатијата и дека објаснувањата зошто хомеопатијата треба да постои се неуверливи. Комитетот заклучил дека давајќи ја постоечката научна литература, понатамошните клинички случаи не можат да бидат осудувани. Според комитетот, хомеопатијата е плацебо третман и дека владата треба да има осигурителна полиса за препишаните плацебо. } И покрај етичките проблем како и интегритетот за врската помеѓу доктор-пациент, препишувањето на плацебо припаѓа во лоша медицина. Нивниот ефект е неверодостоен и неуверлив и не може да се формира на било каков НХС третман. Комитетот истакна: "заклучивме дека плацебо не може да се препише на НХС. Резултатите од хомеопатските болници- болници кои ја специјализирале амдинистрацијата на плацебо- не треба да продолжи, и докторите од НХС не треба да ги обраќа своите пациенти на хомеопатите." Историја[уреди] Слика на Александар Бајдеман која покажува историски фигури и персонификации за хомеопатијата и набљудувањето на бруталноста во медицината во 19 век Историски контектс[уреди] Во 16тиот век, пионерот на хемиската медицина Парацелсус истакна дека мала доза од "во што е болката, во тоа е и лекот" предвидлива хомеопатија, но Ханеман е оној кој и даде име и ги истакна принципите кон крајот на 18тиот век. Во тоа време, конвенционалата медицина ги внесе ваквите мерки како пуштање крв и прочистување, употребувајќи лаксативи и иригатори. Ваквите методи честопати ги влошуваат симптомите, а понекогаш стануваат и фатални. Додека доблеста на овие третмани е тоа што тие биле прославувани со векови,но сепак Ханеман ги одбил ваквите методи како ирационални и непрепорачливи. Наместо тоа, тој ја одобрувал употребата на помала доза лекови и го унапредувал небитните виталистички погледи кон тоа како живите организми фунционираат, верувајќи дека болестите имаат како духовни така и физички предизвикувачи. Во тоа време, витализмот беше дел од конвенционалата наука; но сепак во 20тиот век, медицината го отфрли витализмот со развојот на микробиологијата, зародишната теорија на болеста како и напредокот во хемијата. Ханеман го застапува и подобрувањето на различниот начин на живеење на своите пациенти, вклучувајќи го вежбањето, здравиот начин на исхрана и чистотата. Концептот на Ханеман Ханеман ја смислил хомеопатијата додека ги преведувал медицински монографии од шкотски на германски на шкотскиот физичар и хемичар Вилијам Кулен. Бил скептичен кон теоријата на Кулен за чинчоната во маларијата. Тој забележал повремени болки во стомакот, температура, треска и болка во глуждовите, кои се всушност симптоми слични на некои претходни симптоми на маларија. Од ова Ханеман заклучил дека сите ефективни лекови создаваат симптоми во здравите индивидуи слични на оние од кои се лечеле. Ова подоцна било идентификувано како "закон на сличности", најважниот концепт во хомеопатијата. Терминот "хомеопатија" потекнува од Ханеман, а негово прво печатено издание се појавува во 1807 година. Ханеман ги тестирал ефектите на субстанците прозиведени во човекот, процедура која подоцна била позната како "хомеопатско докажување". Овие тестови барале субјекти за истакнување на симптомите како и на предизвиканите состојби. Ханеман ваквите податоци ги гледал како начин за идентификување на субстанци соодветни за третман во одредена болест. Првата колекција на докази била издадена во 1805 година, а втората се состоела од 65 лекови и истите се појавиле и во неговата книга, Материа медика Пура во 1810 година. Ханеман сметал дека голема доза на лекови и антибиотици може да предизвикаат слични симптоми, па така ги подржува екстремните раствори на супстанците. Тој ги собрал и ги објавил сите извештаи на неговиот нов медицински систем во неговата книга Органот на лекувачката уметност , чие 6то издание, објавено во 1921 година се употребува и ден денес од страна на хомеопатите. Почетоци на популарноста и првите критики[уреди] Најголема популарност хомеопатијата постигнала во 19иот век. Д-р Џон Франклин Греј ( 1804- 1882) прв ја употребил хомеопатијата во САД во почетокот на 1828 во Њујорк. Првите хомеопатски училишта се отвориле во 1830, а во 19иот век се појавија десетици хомеопатски институции како во Европа така и во САД. До 1900 година, се отвориле 22 хомеопатски колеџи и 15 000 практиционери во САД. Иако не ефективни, хомеопатските раствори речиси никогаш не им наштетуваат на корисниците на хомеопатски раствори или пак да починат од ваквиот третман кој треба да им помогне. Релативниот успех на хомеопатијата во 19иот век довел до напуштање на неефективните и штетни третмани на пуштање крв и прочистување како и ефективноста на науката базирана врз медицината. Една причина за зголемување на популарноста претставувал и очигледниот успех на луѓето, кои биле подложени на ваквите проучувања кои страдале од инфекции или заболувања. За време на епдиемијата на заболувања од колера кон 19иот век, смртните случаи во хомеопатските болници биле во помал број за разлика од коневционалните болници, каде што третманите кои тие ги употребувале биле штетни или пак допридонесувале сосема малку. Но сепак, хомеопатијата е критизирана од конвенционалата наука. Физичарот од Квин Вицториа, Сер он Форбес истакна дека екстремно малите дози на хомеопатија се смеетаат за неуспешни "насилство кон човековиот мотив". Џејмс Јанг Симпсонза силните расвори истакна : "Ниеден отров, без ралика колку е силен и моќен, во била каква количина не може да влијае на ниеден човек ниту пак да го излечи вирусот". Во 19тиот век, американскит физичар и автор, а воедно и критичар на хомеопатијата Оливер Вендел Холмес, објавил есеј во 1842 година наречен Хомеопатијата и нејзините сродствени заблуди. Во 1867 година, членовите на француското хомеопатско друштво заклучиле дека водечките хомеопати во Европа не само што ја напуштиле праксата на спроведувањето на сосема малата доза, туку повеќе не ја ни одбранувале. Последното училиште за хомеопатија во САД го затворија во 1920 година. Оживувањето кон крајот на 20тиот век[уреди] Храната, лекот и козметичкиот акт од 1938( спонзориран од Њујоршкиот сенатор и хомеопатски физичар Ројал Копеланд) ги карактеризира хомеопатски раствори како лек. До периодот во 1950 година, се појавиле околу 75 хомеопати во САД. Меѓутоа, од средината па се до крајот на 1970тите,хомеопатските компании имаа голема продажба на своите производи и со тоа хомеопатијата направи сериозен повраток. Грчкиот хомеопат Џорџ Витхоулкас направи "голема зделка со истражувањето и обновувањето на сценаријата како и на теориите и праксата на хомеопатијата" започнувајќи од 1970, за да подцна се разшири насекаде во светот, како во Бразил во 70тите и Германија во 80тите. Медицинската професија започна да се вклопува во ваквите идеи во 90тите години од минатиот век, а конвенционалата фармација го препозна потенцијалот во продажбата на хомеопатските раствори. Види[уреди] Наводи[уреди] - Barrett S, "Homeopathy – The ultimate fake", Rational Examination Association of Lincoln Land, http://www.reall.org/newsletter/v05/n11/homeopathy-the-ultimate-fake.html, конс. 24 март 2009 . - Sample I (21 јули 2008), "Pharmacists urged to 'tell the truth' about homeopathic remedies", "The Guardian", http://www.guardian.co.uk/science/2008/jul/21/pharmacists.homeophathy Надворешни врски[уреди] |Викивестите имаат новост на оваа тематика: Parents prosecuted after homeopathic treatment leads to daughter's death - Шаблон:DMOZ - "Homeopathy: real medicine or empty promises? ", "FDA Consumer" (USFDA), http://findarticles.com/p/articles/mi_m1370/is_n10_v30/ai_18979004/ - Ramey DW, "The scientific evidence on homeopathy", American Council on Science and Health, http://www.acsh.org/healthissues/newsID.632/healthissue_detail.asp - Ameke W, Drysdale AE (tr), Dudgeon RE (ed), "History of homœopathy", London: E. Gould & Son, http://homeoint.org/seror/ameke/index.htm - "Homeopathy: There's nothing in it", Merseyside Skeptics Society, http://www.1023.org.uk/ Видеа[уреди] - Randi J, "Homeopathy Explained: 14 minute portion of 2001 lecture at Princeton University", http://video.google.ca/videoplay?docid=2785985155605802136&q=James+Randi (Complete lecture) - Fisher P, Goldacre B, "Does homeopathy work? A debate on the evidence on both sides", http://www.nhm.ac.uk/nature-online/life/plants-fungi/homeopathic-medicine/index.html
fineweb-2
Аронијата е овошје со бобичаста форма кое најмногу наликува на плод од боровница. Ја нарекуваат сибирска боровница од две причини. Првата е поради тоа што иако потекнува од Северна Америка, најраширена е во Русија, а втората поради тоа што е отпорна на многу ниски температури. Аронијата добро ја поднесува ладната зима и може да опстои на мраз до -45 степени Целзиусови. Таа е растение кое расте во облик на грмушка и доколку има доволно простор може да достигне висина од околу 2 метри. Нејзиниот плод се јаде и има многу лековито дејство и може да се бере и после два месеци откако ќе созрее. Северноамеричките Индијанци аронијата ја користеле за исхрана, притоа плодовите ги сушеле и ги мелеле па ги комбинирале со месо. Свежите плодови најчесто ги употребувале како лек за стомачни тегоби (желудочни и цревни тегоби ), а листовите и кората ги користеле како чај со кој се спречувало крварењето од рана. На Европскиот континент е доведена од Источниот дел на Северна Америка. Најпрво се населила во Русија, Финска и Шведска. Како украсна грмушка или како овошка, аронијата не бара посебни услови за раст. Може да се сади и на малку плодна почва. Отпорна е на ниски температури и на доцните пролетни мразеви и затоа успева во поладни подрачја. Аронијата не бара ни посебна нега, освен тоа што потребно е да и се овозможи потребната влажност. Расте во секаква почва, доколку не е премногу каменеста, преплитка или мочурлива. Бидејќи е отпорна на сол, може да се посади покрај пат и да послужи како жива ограда. Но, доколку се посади на плодна земја, на раздалеченост од 2 метри, грмушките може да достигнат и висина од 1,5 до 2,5 метри и да бидат многу родни. За аронијата не е потребно ни прскање бидејќи не може да заболи од болести или вошки. Аронијата има три врсти на плодови: Плодовите на црната аронија се исклучително богати со витамини. Од нив содржат витамин Ц, А, Е, Б2, Б6, Б9 и многу реткиот витамин П. Од минералите содржи калциум, калиум, железо, молибден, манган, фосфор и јод. Во сите плодови содржи голема концентрација на антиоксиданси (танини, биофеноли, флавоноиди, антоцијанини, катехини) и се смета дека е поголем антиоксиданс од брусницата. Затоа е корисна во превенцијата против малигните заболувања, ефикасно го прочистува организмот од штетни матерјали па и тешките метали. Освен ова аронијата содржи и редок овошен шеќер сорбитол. Од лековитите својства на аронијата најпознати се тие дека ја поттикнува циркулацијата, ја прочистува крвта, ја ублажува главоболката и мигрената, го снижува крвниот притисок, поволно делува на желудникот и цревата, ја спречува дијареата, го покачува имунитетот на организмот, спречува развој на вирусни и бактериски инфекции. Посебно се истакнува нејзиното благотворно дејство на желудникот и црниот дроб затоа што ги прочистува и овозможува правилен раст и работа на овие органи. Особено важно е да се каже дека аронијата ја регулира правилната работа и излачување на хормонот на штитната жлезда, како и да ја регулира работата на панкреасот, па може да биде корисна и во лечењето на дијабетесот бидејќи го намалува нивото на шеќер во крвта. Аронијата исто така помага и при зараснувањето на раните, го успорува стареењето на кожата и организмот, спречува настанување на бори и штити од УВ зрачење. Аронијата најчесто се употребува како суво овошје или како сок. Чајот од аронија се препорачува да го пијат и младите и старите лица затоа што ќе ја подобри нивната крвна слика. Освен сокот и чајот од плодот се прават и вкусни мармалади, компоти, овошни каши и сирупи. Од плодовите се прават и овошни напитоци, ракија, ликер, оцет и вино. Затоа се вели дека АРОНИЈАТА Е И ХРАНА И ЛЕК! -авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување-
fineweb-2
Хороскоп ||Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. Во астрологија, хороскоп претставува карта или дијаграм кој ги покажува позициите на Сонцето, Месечината, планетите, астролошки аспекти, како и сензитивни агли во дадено време, како што е моментот на раѓање на личноста. Зборот хороскоп потекнува од Грчки] зборови со значење "поглед на времето"(horoskopos, pl. horoskopoi, или "создавач(и) на времето"). Други општо употребени имиња за хороскоп во Англија се астролошка карта, астро-карта, боженствена карта, небесна карта, ѕвездена карта, космограм, витасфера, радикална карта, радикс, тркало на судбината или само карта. Се користи како метод на предвидување врз основа на случувања претставени во одредено време и ги формира основите на хороскопски традиции познати како астрологија. Во секојдневна употреба, хороскоп се однесува на астролошка интерпретација најчесто преку систем од сонце знак астрологија или врз основа на календар кој означува некој настан како што е во кинеска астрологија. Голем број весници и магазини содржат предвидливи колумни врз основа на небесни влијанија во однос на зодијакот според распоредот на сонцето на денот на раѓањето на личноста, идентификувајќи го личниот сончев знак или "ѕвезден знак". Овој систем се разликува од хороскоп како традиционално вработено лице, бидејќи само хороскопската поставеност на сонцето се смета за интерпретација. Додека оваа модерна употреба е најверојатно најпопуларна во кологијалниот лексикон, овој член ќе се фокусира на традиционалниот концепт. Содржина Вовед[уреди] Хороскопот служи како стилизирана карта на небото во споредба со специфична локација на одреден момент во дадено време. Во поголем број апликации перспективата е геоцентрична (еден исклучок е хелиоцентрична астрологија). Поставеноста на моменталните планети (вклучувајќи ги сонцето и месечината) е покажана на картата заедно со оние јасно пресметани фактори како месечеви јазли, врвови на куќа, вклучувајќи ги средината и подзнакот, хороскопските знаци, наместените ѕвезди и судбините. Ангуларни врски помеѓу самите планети и други точки наречени аспекти се типично одредени. Кои елементи се искористени или нагласени повеќе од другите зависи од обичаите. Етимологија[уреди] Латинскиот збор horoscopus од грчки ὡρόσκοπος "потекло, хороскоп",во буквален превод "набљудувач на часот [на раѓање]", од ὥρα "време, час" и σκόπος "набљудувач, чувар". Во средновековните англиски текстови од 11 век, зборот се јавува во латинска форма и е англицизиран во horoscope во раниот модерен англиски. Именката хороскопски за "распоредување на хороскопи" е во употреба од 17 век (ОАР). Во Грција ὡρόσκοπος со значење "подзнак" и ὡροσκοπία "набљудување на влијанието" е во употреба уште во времето на Птоломеј (Tetrabiblos 33, 75). Концепт на западната астрологија[уреди] Потеклото го претставува времето и местото на случувањето (на пример раѓање) кое се гледа и смета за центар на небесна сфера. - Небесната сфера претставува сфера на произволен радиус на кој предметите се појавуваат во зависност од нивната далечина на потеклото. - Екваторска рамнина претставува рамнината на земјениот екватор предвиден за во вселена. - Еклиптична рамнина се дефинира со орбитите на земјата и Сонцето. За практични цели, степен на екваторот и степен на замислената патека на Сонцето одржуваат постојана меѓусебно навалувањена околу 23.5 степени. - Хоризонтална рамнина е насочена спрема потеклото и во однос на тоа не е поврзан со земјата. Во сфера чиј радиус е бесконечно голем, овој степен може да се смета за скоро еднаков со паралелниот степен со неговиот центар и центарот на земјата. Ова значително ја упростува геометријата на хороскопот но, не се зема предвид дека потеклото е во движење. Некои астролошки писатели според тоа ги земаат предвид ефектите на паралакса, но, повеќето ќе се согласат дека (настрана од таа на месечината) се релативно со помало значење. Агли - Во хороскопот постојат четири основни агли (и покрај тоа што врвовите на куќите често се сметаат за значајни агли од страна на астролозите). Подзнакот ја претставува источната точка каде има елиптично и хоризонтско вкрстување; Влијанието најчесто се смета за најважен и најперсонализиран агол (заедно со средина ) во хороскопот од страна на огромниот број астролози и поставеноста на неговиот владетел, наречен натален владетел кој се смета за значаен. Неговата спротивна западна точка е десцендент. Во одредувањето на хороскопот подзнакот е поставен од левата страна на наталната карта. За време на настаните на денот поради ротирањето на земјата, замислената оска на Сонцето ќе помине преку подзнакот и неговата положба ќе се помести за 1°. За ова се употребува терминот движечки знак, кој го претставува знакот на зодијакот кој се поместува од точката на замислената оска на Сонцето која е подалеку од планетите на хоризонтот (не треба да се помеша со зенит кој е нормален за хоризонтот и која се наоѓа директно над локацијата на хороскопот). Неговата спротивна точка е позната како imum coeli (не треба да се помеша со надир кој е спротивна точка на зенитот од спротивната страна на хоризонот). За настани кои се случуваат на место каде замислената оска на Сонцето и хоризонот се совпаѓаат, ограничувачката позиција за овие точки е лоцирана 90° од подзнакот. Зодијакот - Зодијакот се однесува на 16° широката група на небесна сфера која ги содржи знаците. Се наоѓа во средината на замислената оска на Сонцето, се јавува во точниот момент кога Сонцето минува низ небесниот екватор и навлегува во знакот на Риби. Астролозите во Индија и некои западни астролози се користат со уште постар ѕвезден хороскоп , кој одговара на древните позиции на соѕвездијата како што изгледале пред илјадници години. Многумина се збунети во однос на разликите помеѓу сидерални соѕвездија и фигуративните зодијачки знаци. Поради "нишањето" на земјината оска на ротација за период поголем од околу 26.000 години (овој период од 26.000 години најчесто се нарекува "значајна година"), точката до која пролетната рамнодневница која се движи во ѕвездената стапка изнесува приближно 0 степени, 0 минути, 50,23 секунди годишно. Според тоа, се јавува прецесија на рамнодневницата на лак од околу 5 минути на секои шест години. И така сидерално знаците се поврзуваат со сезоните, а не со ѕведите. Исто така е значајно да се забележи дека некои астролози воопшто не се користат со зодијачките знаци, туку се фокусираат повеќе на астролошките аспекти и други карактеристики на хороскопот. - Сончевиот знак го претставува знакот на зодијакот во кој тоа е лоцирано за потеклото. Ова е единствениот астролошки факт кој им е познат на поголемиот број луѓе. Доколку некој настан се случи на изгрејсонце, влијанието и сончевиот знак ќе бидат исти; Тогаш други знаци може да бидат проценети на интервали од околу 2 часа од овде. - Врв претставува граница помеѓу два знаци или куќи. За некои врвот вклучува мал дел од разгледувањето на двата знаци или куќи. Куќи - Куќите претставуваат серија од дванаесет поделби на стадиумот на замислената патека на Сонцето. Астролозите смислиле бројни системи за пресметување на овие поделби на куќи. Во случајот на еднаков систем на куќа замислената патека на Сонцето е поделена на дванаесет еднакви куќи, секоја со 30° . Првата куќа започнува со подзнакот и другите се броени во спротивна насока од стрелките на часовникот почнувајќи од првата. Притоа, првите шест се под хоризонтот и другите шест се над него. Положбите на овие куќи остануваат непроменети во однос на потеклото. Сите знаци и планети во текот на денот се движат низ овие дванаесет куќи, а планетите се движат низ знаците за период од месеци или години. Конструкција на хороскоп во западна астрологија[уреди] За да направи хороскоп, астрологот најпрво мора да го одреди точното време и место на раѓање на лицето, или пак, почетокот на случувањето. Локалното стандардно време (приспособено за секое летно сметање на времето или за време на војна) од тој момент преминува во гриничко време или универзално време. Тогаш астрологот треба да го претвори ова во локално ѕвездено време на раѓање со цел да може да го пресмета подзнакот и средината. Потоа астрологот ќе се консултира со неколку табели кои се нарекуваат ефемериди, кои ја читаат локацијата на Сонцето, Месечината и планети во одредена година, време и ѕвездено време, со почит кон северната хемисферска пролетна рамнодневница или поставените ѕвезди (во зависност од тоа кој астролошки систем се употребува). Потоа, ќе ги додаде или одземе разликите помеѓу должината на Гринич и должината на местото на прашањето за одредување на локалното просечно време (ЛМТ) на местото на раѓање за да покаже каде планетите би требало да бидат видливи над хоризонот во просек на точно одреденото време и место. И планетите кои не се видливи од земјата се покажани во хороскопот. 12 сектори на хороскопот околу кругот на замислената патека на сонцето, почнувајќи од хоризонот со подзнак на знакот. Овие 12 сектори се наречени куќи и постојат бројни системи за пресметување на овие делови. Табели на куќите се објавени уште од 19 век за да се направи оваа комплицирана задача полесна. Куќи Главна одредба: Куќа (астрологија) На овој начин картата започнува со принцип на 12 куќи. Покрај ова знаците на зодијакот се наметнати. Во еднаквиот систем на куќи врвот помеѓу било кои две куќи ќе падне на ист степен за секој од 12° кај Лав, втората куќа ќе започне со12° кај Девица, третата со12° кај Вага, итн. Во системи за куќи кои ги земаат предвид ефектите од аглите каде има пресекување помеѓу степени на хоризон и замислена патека на Сонцето, пресметките се повеќе комплицирани. За овие пресметки значајно е да се знае просторот на настанот. Достапни се табели за овие пресметувања но, најчесто се пресметуваат со помош на компјутер. Поголемиот број астролошки компјутерски програми му дозволуваат на корисникот да избере голем број системи за куќи. Поставеност на планетите Со одредување на релативните позиции на знаците во куќите, астрологот ги поставува Сонцето, Месечината и планетите во нивните правилни ѕвездени ширини. Некои астролози исто така внимаваат на незначајни планетарни тела, утврдени ѕвезди, астероиди ( на пример Chiron) и други математички пресметани точки и агли како вертекс, екваторски влијанија, итн. Голем број астролози исто така го употребуваат она што се нарекува Арапски делови ( или на грчки судбини), од кои најчест е Делот на судбината (Pars Fortuna). Аспекти За да се заврши хороскопот астрологот ќе ги земе предвид аспектите или релативните агли помеѓу двете планети. Поточните аспекти се сметаат за позначајни. Разликата помеѓу точниот аспект и моменталниот аспект е наречена сфера. Оние кои се признаени од страна на астролошка заедница се Врска (0°), Опозиција (180°), Агол (90°), Тригон (120°), Секстил (60°), Полу-квадрат (45°), Т-квадрат (135°), и Quincunx (150°). Разбирливо е дека овие аспекти се позначајни кога се точни но, се смета дека функционираат со сфера на влијание, големината која варира во зависност од значењето на секој аспект. Според тоа, се верува дека овие врски раководат со поголема сфера од sextiles. Повеќето модерни астролози употребуваат сфера од 8° или помалку за аспекти кои ги вклучуваат Сонцето, Месечината и Јупитер, како и помали орбити за други точки. Некои астролози, како практикувачи на космобиологија и ураниска астрологија се користат со незначајни аспекти (15°, 22.5°, 67.5°,72°, 75°, 105°, 112.5°, 157.5°, 165°) со потесни орбити. Подзнак Географската должина е потребна за да се одреди положбата на подзнакот бидејќи хороскопите се користат со локално време. Со тоа што ќе се направи хороскопот астрологот ќе може да започне со задачата да ја претстави картата. Ова претставување зависи од тоа која гранка на хороскопска астрологија е употребена. Хороскопи во источни култури Во кинеската астрологија хороскопите се базираат на симболизмот на Кинескиот зодијак кој претставува систем од елементи и животни поврзани со секоја година, според полов циклус . (Кинескиот полов циклус (Chinese: 六十花甲; pinyin: liùshí huājiǎ), исто така познат како стебло-гранки (Chinese: 干支; pinyin: gānzhī), претставува цикличен нумеролошки систем од 60 комбинаци на два основни круга, десетте небесни стебла (天干; tiāngān) и дванаесетте земјени гранки (地支; dìzhī). Сепак, овие хороскопи исто како и карактеристиките назначени врз основа на годината на раѓање, се сметаат за занимливи за разлика од точните показатели. Кинеските хороскопи најчесто се појавуваат во хороскопски делови во весници и магазини заедно со западните хороскопи. Натална карта Не треба да се помеша со замислена карта Во натална астрологија, наталната карта преставува хороскоп/астролошка карта направена за точното време на раѓање на лицето во одредено место на земјата со цел собирање информации за истото. Најчесто употребени алтернативни имиња за натална карта вклучуваат карта на раѓање, natus, потекло, и покрај другите и генетличка карта. Во однос на датумот на раѓање, точното време на раѓање (првото вдишување на воздух се смета за точно време кога картата треба да биде пресметана) и локацијата се суштински кога се смета натална карта за да може да се пресметаат првите агли на картата со најдобра можна точност. Ова го вклучува и подзнакот (или "движечки знак"), imum coeli, подзнак и средина. Пример Симболи кои се употребуваат во западната астрологија за претставување на астролошките знаци (Зодијак) Сликата горе-десно претставува модерен пример на натална карта како што еден модерен западен астролог најрадо би ја гледал (иако постојат варијанти во зависност од посебната астролошка традиција до која астрологот се придржува и/или неговите лични претпочитувања). Дизајнот, заедно со употребените симболи/глифи може да варира; Некои одбираат да го вклучат Зодијачкото тркало, додека некои не. Исто така, картите не мора да бидат во форма на круг – следејќи ги Хеленистичко/Романските, средновековните и/или ведските стилови, исто така може да бидат во форма на квадрад. Астролошките аспекти (како конјукција или опозиција, покрај другите) се нацртани во средината на картата. Дванаесетте знаци од Зодијакот се ноѓаат подалеку од тркалото; Слично се поставени и дванаесетте сегменти во форма на лак кои ги формираат астролошките куќи за кои се смета дека имаат значење во различни области од животот. Постојат голем број различни системи за пресметување на куќите. Наједноставната натална карта се користи со квадрантен систем на поделба на куќите кадешто аглите на картата ја делат картата на четири квадрати со по три куќи во еден квадрант, во кои најчесто куќите вклучуват делови од повеќе од еден астролошки знак. Секој квадрант има аголна куќа во која се вбројува еден од аглите од наталната карта; Потоа следува сукцесна куќа, и на крај завршува со кадентна куќа на крајот од квадрантот. Време и место на раѓање Бидејќи сонцето, месечината, планетите и основните агли на небото се постојано во соодветно движење со земјата, со секоја секунда наталната карта/астролошката карта се менува (сепак споро) и се создава нова карта за секој момент на истата локација. Наталната карта е лична и уникатна и зависи од точниот датум, време и точно место на раѓање. Дури и наталните карти на близнаци најчесто се разликуваат како резултат на фактот дека едниот од близнаците е роден со пет минути разлика од другито (види исто: астро-близнак) Времето на раѓање во голем број земји може да се најде на изводот на родените. Во некои случаеви, медицинската сестра или докторот кои се прсутни на раѓањето го заокружуваат времето приближно на пола саат или 45 минути, отколку да го дадат точното време. Како резултат на оваа прилично честа пракса, родителите секогаш треба да го запишат точното време на првиот земен здив на нивното дете и да не се потпираат на времето од изводот за родени во случај ако планираат да прават точна и прецизна натална карта направена за нивното дете. Точно време на раѓање е виртуално бескорисно доколку не е познато точното место на раѓање. Голем број карти се геоцентрични, односно, направени врз онова на земјата. Сепак, не во теорија не постои причина зошто голем број натални карти да не бидат создадени врз основа на други планети. Одредени астролози користат хелиоцентрични-врз основа на Сонцето- карти за кои е потребно само точното време бидејќи за место ќе се смета Сонцето.Овие претставуваат теоретски конструкции и имаат различно претставување за разлика од геоцентричните натални карти. На карти основани врз други планети ќе им бидат потребни сите повторно пресметани поени од таа гледна точка; на пример, за "Јовоцентрични" ќе се смета Јупитер како основа. Создавање на натална карта Главна одредба: Хороскоп Откако астрологот ќе го одреди точното време и место на раѓање, локалното стандардно време (прилагодено за секое летно сметање на времето или за време на војна) во истиот момент е сменето во гриничко време или универзално време. Потоа астрологот треба да го намести по локално ѕвездено време на раѓање за да може да го пресмета подзнакот и средината . Потоа астрологот ќе се советува со неколку табели кои се нарекуваат ефемериди кои ја покажуваат локацијата на сонцето, месечината и планетите во одредена година, време и ѕвездено време кои се однесуваат на северната хемисферска пролетна рамнодневница или поставени ѕвезди (во зависност од тоа кој астролошки систем се употребува). Тогаш астрологот ја додава или одзема разликата помеѓу должината на Гринич и должината на местото во просек за да се одреди вистинското локално време (ЛМТ) на местото на раѓање за да се покаже каде планетите ќе бидат видливи над хоризонтот во точно време и место во просек. Планетите кои не се видиливи од земјата исто така се покажани во хороскопот. Натална карта за Мартин Лутер, која исто така се појавува во Астрологијата на Сибли. Потоа хороскопот се дели на 12 сектори околу еклиптичниот круг, почнувајќи од источниот хоризонт со подзнакот или движечки знак. Овие 12 сектори се нарекуваат куќи и постојат бројни системи за пресметување на овие поделби. Табелите на куќите се објавени од 19-ти век за да ја направат оваа таканаречена тешка задача полесна. Поставености на планетите Со поставување на релативни позиции на знаците во куќите, астрологот ги поставува сонцето, месечината и планетите во нивните вистински ѕвездени должини. Одредени астролози исто така ги забележуваат и малите планетарни тела, утврдени ѕвезди, астероиди (на пр. Chiron) и други математичко пресметани точки и агли како на пример вертекс , екваторско влијание, итн. Голем број астролози исто така го употребуваат она што се нарекува Арапски делови (или на грчки, Лоти) од кои најчесто се употребува Делот за судбина (Pars Fortuna). Аспекти Главна одредба: Астролошки аспекти За хороскопот да биде целосен астрологот ќе ги земе предвид аспектите или релативните агли помеѓу паровите планети. Одредени аспекти се сметаам многу поважни за разлика од други. Оние кои се општо признати од страна на астролошката заедница се Конјукција' (0°), Опозиција (180°), Квадрат (90°), Тригон (120°), Секстил (60°), Полу-квадрат (45°), Т-квадрат (135°), и Quincunx (150°). Се разбира дека овие аспекти се уште позначајни кога се точни, но се смета дека функционираат со орбита на влијание, големината од која варира во зависност од важноста на секој аспект. Покрај тоа, се верува дека овие врски работат со поголема орбита за разлика од секстили. Поголем дел од астролозите употребуваат орбита од 8° или помалку за аспекти кои го вклучуваат Сонцето, Месечината и Јупитер, како и помали орбити за други точки. Некои астролози, како практикантите на космобиологија и ураниска астрологија, користат најмали аспекти (15°, 22.5°, 67.5°, 72°, 75°, 105°,112.5°,). Претставување Главна одредба: Натална астрологија Откако наталната карта ќе биде создадена, процесот на претставување може да започне. Ова е гранка од астрологијата позната како натална астрологија, која вклучува создавање на комплетна слика за карактерот на лицето или потеклото. Претставувањето вклучува два основни чекори – карта за надоместок и карта на состојба. Картата на надоместок вклучува забележување на распределба карактерноста на на зодијачките знаци и куќи во картата, како и значењето на сето ова за севкупната карактерност на потеклото. Знаците се проценети според елементите (Оган, Земја, Воздух и Вода) и според квалитетот (Кардинални, Фиксни и Променливи). Куќите се проценети според значењето на Аголни, Суцесивни и Кадентни куќи. Карта на состојба вклучува проценка за поставеноста на планетите од аспект и позиција во картата, како и забележување на секакви значајни патеки кои се јавуваат меѓу нив. Ова вклучува забележување на значајни аспективни патеки (или групи од аспекти) кои може да се јават во картата покрај други патеки, како на пример Џонсонови патеки. Соларна карта Соларната карта претставува натална карта создадена кога е познат датумот на раѓање но не и времето. Поставеноста на Сонцето на полноќ или пладне се смета за време на раѓање и позицијата на Сонцето, Месечината и планетите поставени во картата за тоа време. Ова води кон точна слика за нивната позиција (со исклучок на Месечината), бидејќи поголемиот дел од планетите не се поместуваат многу во текот на денот. Аспектите помеѓу секоја од планетите (освен Месечината) притоа може да бидат plotted со висок степен на самодоверба. Позицијата на Сонцето се смета за подзнак на картата и куќите со 30 степени кои се еднакви по големина и кои се употребуваат; Или како алтернатива, може да се употреби карта на изгрејсонце, кога позицијата на Сонцето на изгрејсонце во просечна географска ширина се смета за подзнак. И покрај тоа што соларната карта не може со точност да го покаже подзнакот, средината или куќите, сепак може да овозможи приближно точен профил на карактерот на личноста само со испитување на позицијата на планетите. Ректифицирање ВО ПРОЦЕС НА ПИШУВАЊЕ 3-8-09 Во астролошката пракса, се работи со замисла, раѓања и смрт на лица и здружени ентитети како земји, компании и колеги. Во случај на личност јасно дека се смета за замисла, раѓање и смрт. Но со замислено лице овие три фази не се толку јасни. Всушност, тие се контроверзни. На пример, не е јасно дали е значајно да се зборува за замисла на колега наспрема негово раѓање. Можеби неговата замисла, доколку постои, ќе биде кога некое лице има идеја да најде колеџ. Можеби тогаш неговото раѓање е легално инкорпорирано. Но, исто така мора да се соочи со првиот ден на неговите предавања, кога доаѓа до постоење извршувајќи ја неговата намерна функција на едукација. Ако е тоа случајот, тогаш можеби неговата инкорпорираност ќе биде негова замисла, и идеата да се има колеџ ќе биде замисла на замислата. И во случај на државата проблемот е уште покомплексен; Може да се посочи, на пример, на многу различни дати кои во САД се сметаат за почеток. Но, било кое лице се соочува со – лице или корпоративно лице – и било која животна фраза се соочува со - замисла, раѓање или смрт – проблемот секогаш се издигнува до она што е точното време во кое еден од овие почетни фази на животни циклуси. Сите овие служувања во животниот циклус се јавуват во текот на историското време. За да се пресмета геоцентирична карта (карта нацртана од гледна точка на место на земјата) потребно е да се знае датумот и времето на тоа место. Доколку се работи за лице, се знае датумот на раѓање, но времето може да спаѓа во една од трите категории на точност која опаѓа: од раѓањето, од меморијата на пациентот, или од неколку снимки на денот (без разлика дали е пладне, ќе биде за 12 часа од другата страна). Дадено случување во текот на историското време се знае (или се смета) за значајно. Најчесто ова е раѓање на лице, но исто така може да биде раѓање на corporate entity како земја, колеги или компанија. Доколку се работи за раѓање на лице, тогаш случајот е значаен. Но доколку се работи за случај кој се смета за датум ан раѓање на земја или колеги или компанија, тој момент се нарекува, кој ние сите го нарекуваме случување, кој се смета за значаен. Ректификација – од глаголот "ректифицира" со значење "да се исправи" – го претставува процесот каде се одредува поточното време на постоење на астролошката карта започнувајќи од помалку точно време за да се дојде до она што значи астролошка карта. ^ Jeff Mayo, Teach Yourself Astrology, p 35, Hodder and Stoughton, London, 1979 2. McGraw-Hill Encyclopedia of Science and Technology. The McGraw-Hill Companies, Inc., 2005. Answers.com 29 Nov. 2007. ^ Robert Pelletier & Leonard Cataldo Ibid p 43, 1984; Maritha Pottenger, Ibid, pp 383 - 93, 1991 4. ^ "Astrology Zone with Susan Miller." Susan Miller [PHONE]. astrologyzone.com about Fire signs 5. ^ "Astrology Zone with Susan Miller." Susan Miller [PHONE]. astrologyzone.com about Earth signs 6. ^ "Astrology Zone with Susan Miller." Susan Miller [PHONE]. astrologyzone.com about Air signs 7. ^ "Astrology Zone with Susan Miller." Susan Miller [PHONE]. astrologyzone.com about Water signs 8. ^ Robert Pelletier & Leonard Cataldo Ibid p 44 , 1984; Maritha Pottenger, Ibid, pp 383 - 93, 1991 9. ^ "The Three Qualities: Cardinal, Fixed And Mutable ." Astrology Info 2007. astrology-info.com 25 Nov.2007. ^ "Introduction to Astrology". Self Healing Australia. ^ "An Introduction to Astrology." Spiritsingles.com 25 Nov.2007. Carol Wills 2007. astrologynow.com 25 Nov.2007. ^ a b c "Glossary of Astrological Terms". Logos, Asaa [PHONE]. 26 Nov 2007. ^ "Accidental Dignity". Astrological Dictionary [PHONE]. 26 Nov 2007. ^ The Essentials of Vedic Astrology, by Komilla Sutton, The Wessex Astrologer Ltd, 1999, England, pp.74-92. ^ The Essentials of Vedic Astrology, by Komilla Sutton, The Wessex Astrologer Ltd, 1999, England, p.168. ^ Theodora Lau, Ibid, pp2-8, 30-5, 60-4, 88-94, 118-24, 148-53, 178-84, 208-13, 238-44, 270-78, 306-12, 338-44, 2005 18. ^ Theodora Lau, Ibid, ppxxx- xxxvi, 2005
fineweb-2
Оваа екскурзија дава можност да се открие историјата на Скопје преку прошетка низ објектите и поважните културно-историски споменици, кои се обележје на стариот и новиот дел на градот. Акцентот е ставен на Старата Скопска чаршија која претставува архитектонска мешавина од цркви, џамии, анови и амами, вклучувајќи ги Даут Пашиниот Амам (15век), Чифте Амам (15век), Куршумли Ан (16век), Капан Ан (15век), Сули Ан (15век) и Безистен (15век). Оваа архитектура е испреплетена со многу занаетчиски дуќани, стари згради, мали продавнички и се граничи со Бит Пазар, најголемиот пазар на отворено во Скопје. историски дел на Скопје може да биде посетен од неколку страни. Едниот приод е преку Камениот Мост кој е симбол на градот Скопје, или пак турата може да започне со Скопското Кале, спуштајќи се преку Мустафа Пашината џамија (1492) и црквата Св. Спас (18/19век), надолу кон стариот дел на Скопје. Прошетката исто така вклучува и водење низ спомениците и објектите од проектот 'Скопје 2014', лоцирани во централното градско подрачје околу главниот плоштад, од каде улицата Македонија води кон Меморијалниот Дом на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје лоциран во близината. Вториот дел на турата вклучува панорамски разглед на градот со автобус низ новите делови на градот, вклучувајќи го и византиското наследство на Скопје. Потоа турата се упатува на планината Водно, каде се наоѓа црквата Св. Пантелејмон (1164) и продолжува кон врвот на Водно каде е подигнат Милениумскиот Крст во 2000 година, на 1066м надморска висина. До него се стигнува со помош на жичарница која овозможува спектакуларна панорама на градот Скопје и можност за фотографирање. Патот продолжува посета на црквата Св. Андреа (1388/89), сместена на брегот од вештачкото езеро Матка, во кањонот испресечен од реката Треска. Турата завршува попладнето на зборното место во Скопје. Поаѓање: 08:30 ч. Времетраење: 7 - 9 часа Зборно место: Порта Македонија Јазик: Англиски и Македонски Цена: $23 по човек за Пешачка тура низ Скопје; $23 по човек за Целодневна тура низ Скопје Водич: М-р. Василка Димитровска, археолог и професионален туристички водич Во цената е вклучена поединечната влезница за: - Црквата Св. Спас - Манастирот Св. Пантелејмон - Милениумскиот крст - Црквата Св. Андреа Општи информации и услови за патување во врска со турите - Ги молиме гостите да бидат на договореното место 10 минути пред поаѓањето. - Во цената на секоја тура се вклучени превозот, лиценциран туристички водич и влезници за спомениците. - Тарифите и цените на влезниците можат да бидат променети без претходна најава. - Откажување од турата не е можно 24 часа пред поаѓањето. Не се враќаат средствата за делумно неискористените услуги. - ОМД како организатор го задржува правото да изврши измени во содржината, да ја одложи или откаже турата во случај на недоволен број на пријавени патници или во случај на неможност за реализација на турата од околности кои не можеле да се предвидат. - ОМД како организатор нема да сноси било каква одговорност и нема да прифати барање за оштета или надомест кога некој музеј или споменик вклучен во програмата не може да биде посетен поради причини кои се вон контрола. - Патниците треба да бидат во договореното време на местото за средба дадено од водичот. Турата ќе продолжи без да ги чека патниците кои ќе задоцнат.
fineweb-2
На овој портал ќе се вршат сите електронски пријавувања за сместување во студентските домови и аплицирање за стипендии. Овде ќе бидат објавувани сите конкурси и сите потребни информации и документи. За конкурсите кои се во тек ќе може да пополните електронска пријава, а доколку имате дополнителни прашања може да се обратите на [EMAIL]. Во делот Помош, се наоѓа форма со Најчесто Поставувани Прашања и одговори на истите.
fineweb-2
Стар век |Стар век |↑ Праисторија| |↓среден век| Стар век (антика) — дел од историјата, која се занимава со проучување на човечката историја, вклучувајќи го времето на древниот период (т.е. почетокот на "историјата" и крајот на "праисторијата") , раното средновековие во Европа и династијата Чин во Кина. Овој период опфаќа раната империја на Кина, царствата на Индија во период од 5000 години, клинестото писмо создадено од сумерите во околу XXX век п.н.е., која претставува и најстарата скрипта која била откриена до денес. Но стариот век во никој случај не треба да се поистоветува со праисторијата. Под поимот "антика" честопати се претежно се подразбира класичната антика на стара Грција во 776 п.н.е., односно времето кога се одржала првата Олимпијада, по што следи периодот на Македонската империја и царствата-наследници, наречен и "хеленски/елински", под тешкото грчко влијание врз европската историска наука. Во оваа категорија спаѓа и основањето на Рим од 753 п.н.е., со кое се дало почетокот на древниот Рим. Датумот за завршувањето на стариот век според многу западни учени завршува со пропаѓањето на Западната Римска империја во 476 година или по смртта на императорот Јустинијан I или со ширењето на исламот или времето кога живеел Карло Велики. Содржина - 1 Проучување на стариот век - 2 Хронологија - 3 Големи древни цивилизации - 3.1 Југозападна Азија (Блиски исток) - 3.2 Северна Африка - 3.3 Североисточна Африка - 3.4 Јужна Азија - 3.5 Источна Азија - 3.6 Средоземна Европа - 3.7 Класична Антика - 3.8 Доцна антика - 4 Религија и философија - 5 Америка - 6 Древна технологија - 7 Наводи Проучување на стариот век[уреди] Едно од најголемите тешкотии за проучување на стариот век е фактот што само еден мал дел од тој период е документиран, и само мал дел од тие истории успеале да се задржат до ден денес , односно како проблем се означувало фактот што имало само малку луѓе кои биле способни да ја пишуваат историјата во тоа време. Дури и оние кои биле напишани, сепак не биле широко распространети низ познатиот свет. Римската империја создала една од најдревните култури во историјата на човештвото , но многу творби од најпознатите историчари од тоа време, биле загубени. Таков е примерот со Тит Ливиј, римски историчар, кој живеел во I век п.н.е., кој ја напишал историјата на Рим во неговото дело "Од основањето на градот Рим" (Ab Urbe condita) во 144 тома, од кој само 35 се зачувани до ден денес. Во целина, само мал дел од работата на сите големи римски историчари се зачувани. Денешните историчари за проучување на стариот век главно се потпираат на две насоки: археологијата и проучување на историјата преку запишаните текстови. Археологија[уреди] Археологија е наука која ги изучува материјалните остатоци, односно сите видливи траги на човечката дејност заради запознавање на нивната содржина во одредено време и простор, како и заради нивното значење во одредено социјално, економско и историско опкружување. Иако оваа наука вообичаено се поврзува со "старите работи", односно со дамнешното минато, со неа се опфаќа временски период од најстарите материјални остатоци па се до нашето совремие . Во текот на проучувањето на древната историја, археолозите се служиле со најразлични раскопувања во остатоците на древните градови, барајќи информација за тоа како народите од тоа време живееле и по кој начин. Некои од најважните откритија на археолошкото учење вклучуваат: - Египетските пирамиди, гигантските гробници кои биле изградени од страна на старите египјани, најверојатно во околу 2600 п.н.е. - Проучување на древниот град Харапа (Индија, денеска Пакистан), Мохенџо-даро (Пакистан) и Лотхал во Јужна Азија and Lothal. - Градот Помпеја , древен римски град, кој бил уништен од издигањето на вулканот Везув во 79 година п.н.е. - Теракотната војска, која е од времето на древна Кина - Големиот аникут во Јужна Индија Проучување на текстовите[уреди] Можеби поголемиот дел од она кое му е познато на денешниот свет за древните цивилизации доаѓа од надписите на древните историчари. Едни од најпознатите древни историчари се Херодот, Јосиф Флавијански, Тит Ливиј, Полибиј, Салустиј Крисп, Гај Светониј Транквил, Тацит, Тукидид и Сема Чен. Хронологија[уреди] Праисторија[уреди] Праисторијата е поим кој најчесто се однесува на периодот од историјата на човештвото кога не постоела писмена историја. Во почетокот на човечките миграции во Долниот палеолит народите се населиле главно во Евроазија. Во Средниот палеолит народот главно мигрирал од Африка покрај крајбрежјата кон Јужна Азија и Југоисточна Азија и Австралиските острови. Пред околу педесет илјади години, народот се населил од Азија на Блискиот Исток. Пред околу четириесет илјади години, во Европа се создале првите модерни народности. Во околу X век п.н.е. започнало развој на селското стопанство, кое претставува и датумот за почетокот на древната епоха. Во VI век п.н.е. се создала кинеската цивилизација. Во V век п.н.е. кон крајот на неолитската цивилизација биле изработени првите примитивни запрежни велосопеди и започнале да се распространуваат пишените дела. Во IV век п.н.е. се развила Трипилската култура на територијата на денешните држави Украина, Молдавија и Романија. Во околу 3400 п.н.е. се развила сумерската цивилизација со создавање на клинастото писмо на Блискиот исток. Во околу XXVII век п.н.е. се создало Старото кралство на Египет. Хронологија на стариот век[уреди] Бронзена доба[уреди] Бронзената епоха е дел од трипериодниот систем. Овој систем го иследува неолитот во неколку региони во светот. Во XXIV век п.н.е. била создадена Акадската империја, во 22 век п.н.е. Прв период на Стар Египет по течението на реката Нил и Блискиот исток. Кон XXI век п.н.е. настапила сумерската ренесанса. Во XVIII век п.н.е. Втор период на Стар Египет. Во околу 1600 п.н.е. започнала да се развива Микенската цивилизација. Исто така, во околу 1600 п.н.е. бил даден почеток на династијата Шанг во Кина. Во тој период има докази дека било создаденокинеското писмо. Во околу 1600 п.н.е. била создадена хетитската цивилизација. Во периодот од XVI век п.н.е. до околу XI век п.н.е. било создадено Новото Египетско царство. Помеѓу 1550 п.н.е. и 1292 п.н.е. Амарнски период на царството. Железна доба[уреди] Железната епоха е последниот период од трипериодниот систем. Датата за започнување на овој период е различна во зависност од географскиот регион. Во XIII век п.н.е. до 12 век п.н.е. Рамесидски период од историјата на Древен Египет. Во периодот околу 1200 п.н.е. се одвивала Тројанската војна. Во околу 1180 п.н.е. се распаднала хитетската империја. Во 1046 п.н.е. е година на започнување на владеењето на династијата Џоу на кралот Ву Џоу. Во периодот од X век п.н.е. до VII век п.н.е. опстојувала Неоасирската империја. Во 800 п.н.е. зголемувањето на грчките градови-држави. Во 776 п.н.е. биле одржани првите Олимписки игри. Класична антика[уреди] Рана стар век[уреди] - 753 п.н.е. Основање на градот Рим (според традиционалната дата) - 745 п.н.е. Тиглат-Пилесар III станал новиот цар на Асирија. Тој е еден од најзначајните императори кој ги покорил соседните народи и ја создал големата Асирска империја. - 728 п.н.е. проширување на Медианската империја - 722 п.н.е. започнува Пролетниот и Есенскиот период во Кина. Намалува моќтта на династијата Џоу а започнува ерата на Стоте училишта на менталитетите - 720 п.н.е. изградба на Мариб Бам - 653 п.н.е. проширување на Персиската империја - 612 п.н.е. разрушување на Нинива и пропаѓање на Асирската империја - 600 п.н.е. се создаваат Големите царства - 600 п.н.р. се создава Пандјанско царство во Јужна Индија - 563 п.н.е. роден е Сидарта Готама, основач на Будизмот - 551 п.н.е. роден е Конфучиј, основач на конфучијанството - 550 п.н.е. расцут на Персиската империја со делото на Кир Велики - 549 п.н.е. родена Махавира, основач на Џаинизмот - 544 п.н.е. создадена Магадската империја - 539 п.н.е. паѓање на Вавилон и ослободување на Евреите - 525 п.н.е. Кабисес II го освоил Египет - 512 п.н.е. Дариј I ја проширил Персиската империја кон Македонија, Тракија и Либија - 509 п.н.е. протерување на последниот цар на Рим, основена е Римска република - 508 п.н.е. демократија создадена во Стара Грција - 500 п.н.е. Пингала го користи бројот 0 и бинарниот систем - 490 п.н.е. Маратонска битка, пораз на Персиската империја од страна на грчките град-држави - 469 п.н.е. роден е Сократ - 465 п.н.е. убиен е Ксеркс - 460 п.н.е. Прва пелопонеска воја помеѓу Атина и Спарта - 447 п.н.е. изградба на Партенонот во Атина - 424 п.н.е. во Индија на власт дошла династија Нанда - 404 п.н.е. крај на Пелопонеските војни Доцен стар век[уреди] - 331 п.н.е. Александар Македонски го поразува Дариј III во битката кај Гавгамела - 326 п.н.е. Александар Македонски го поразил индискиот император Пор во битката кај Хидасп - 323 п.н.е. смртта на Александар Македонски во Вавилон - 321 п.н.е. Чандрагупта Маурја - 273 п.н.е. Ашока станал император на Мауриската империја - 257 п.н.е. династија Чук го зазел Виетнам - 250 п.н.е. создавање на Партиската империја - 232 п.н.е. смртта на Ашока - 230 п.н.е. создавање на Сатаваханската империја во Јужна Индија - 221 п.н.е. Ќин Ше Хуанг ја обединил Кина, почеток на кинеската империја која постоела сè до 1912 година. Во ова време започнал да се гради и Кинескиот ѕид - 202 п.н.е. династија Хан - 202 п.н.е. Сципион Африканецот го поразил Ханибал во Битката кај Зума - 200 п.н.е. династија Ќера во Јужна Индија - 185 п.н.е. создадена Сунгска империја - 149 п.н.е. Пунски војни и освојување на Картагина од Рим - 146 п.н.е. Рим завладеал со Грција - 140 п.н.е. Кина официјално го прима конфучијанството - 100 п.н.е. династија Чола - 49 п.н.е. Римска граѓанска војна помеѓу Јулиј Цезар и Помпеј - 44 п.н.е. Јулиј Цезар убиен од Марко Брутес; крај на Римската република, почеток на Римската империја - 6 п.н.е. Раѓање на Исус Христос - 4 п.н.е. широка распространета теза за годината од раѓањето на Исус Христос По новата ера[уреди] - 9 година, Битка во тевтобургската гора - 14 година, умира Октавијан Август. Негов наследник е Тибериј - 29 година, распнување на Исус Христос - 68 година, година на четири императори во Рим - 70 година, разрушување на Ерусалим од војските на Тит - 117 година, Римската империја е најраспространета во текот на своето постоење под раководство на Трајан - 192 година, создавање на Чампско царство - 220 година, период на три царства во Кина, по паѓањето на династија Хуан - 226 година, паѓање на Партијанската империја - 238 година, пораз на Гордијан III, Филип Апапски и Валеријан од Шапур I - 280 година, император Ву Кин ја основал династијата Џин - 285 година, император Диоклецијан ја раздел империјата на Источно римско царство и Западно Римско царство - 313 година, Милански декрет, со кое христијанството се прогласува за легална религија во империјата - 335 година, Самудрагупта станал император на Гуптската империја - 335 година, битката кај Адрианопол - 395 година, Теодосиј I започнал борба за налагање и почитување на решенијата од првиот вселенски собор во Никеја. - 410 година, Аларих I го зазел Рим - 476 година, Ромул Августул, последниот цар на Западното Римско царство Крај на класичната антика[уреди] - 293 година, реформи од страна на Диоклецијан во Римската имеприја - 395 година, разделување на Римската империја - 476 година, паѓање на Западното Римско царство - 529 година, Јустинијан I ја затворил Неоплатоновата Академија во Атина, Големи древни цивилизации[уреди] Југозападна Азија (Блиски исток)[уреди] Древниот Близок Исток се смета за лулка на цивилизацијата. Тој бил сред првите каде се развило земјоделието, овој простор го дал пишаното писмо, овде се развило грнчарството, првата централизирана власт, првата социијална стратификација, ропство и организирана војна, ги дал основите во областа на астрономијата и математиката. Месопотамија[уреди] Сумерската е една од најраните познати цивилизации во светот, која се наоѓала во Јужна Месопотамија, односно долината на реките Тигар и Еуфрат (денешен Ирак). Таа се развила во градот Ериду од Убаидскиот период (VI век п.н.е.) преку Урукскиот период (IV век п.н.е.) и Династикскиот период (III век п.н.е. ), сè до појавата на Вавилон во почетокот на II век п.н.е. Поимот Сумер се однесува на сите говорители на сумерски јазик. На практика, оваа цивилизација била првата во која се зазвило земјоделство|земјоделството. Сумер е првата светска цивилизација за која е потврдена писменоста и изградба на градови. Вавилон била империја главно населена со аморити и се наоѓал на просторот на денешен јужен Ирак. Вавилон бил создаден кога Хамураби ги освоил на Сумер и Акад, со кое прекинала последната сумерска династија Исин. Тој бил прв крал на Вавилонското царство. Аморитите се семитски народ кој во Вавилон го користиле акадскиот јазик, кој користел клинесто писмо и кој води потекло од сумерскиот јазик. Името на јазикот доаѓа од градот Акад, главниот центар на месопотамската цивилизација. Сумерскиот јазик главно се користел за религиозни цели, и во тоа време не би "говорен јазик". Во акадската и сумерската култура главна улога имала вавилонската цивилизација, чиј град Вавилон станал голем културен центар во империјата и светот. Градот се наоѓал до реката Еуфрат, на околу 90 км јужно од Багдад во денешен Ирак. Најраниот запис на Вавилон е обележан со дата и табла, за време на владеењето на Саргон од Акад. По 1158 п.н.е. Месопотамија и Вавилон биле управувани од разни династии кога паднале под Асирија. Во времето на управувањето на царовите на Нововавилонското царство, кое било основано од Набопаласар (605 п.н.е.- 562 п.н.е. ), халдејската династија го достигнала својот расцвет, а подоцна оваа развивање го продолжил и неговиот син Набоконодосор II. Акад се наоѓал во централните и северните обласнти на Месопотамија. Империјата била населена од семитски премиња кои ја создале Акадската цивилизација, а градот Акад станал престолнина на империјата. Оваа цивилизација се развивала паралелно со Сумерите. Жителите на Акад зборувале јазик различен од Сумерите. Населението се занимавало со земјоделство. Најголемате моќ ја достигнале во времето на кралот Саргон I (околу 2369-2314 година пр.н.е.). Тој успеал да ги обедини северните области и потоа да ги завладее и јужните краеви, а себеси се нарекол "крал на четирите страни на светот" Асирското царство настанало од градот Ашур на реката Тигар, на просторот на северна Месопотамија (денешен Ирак). Во 2400 п.н.е. царството бил значаен трговски центар, кој 2000 п.н.е. прераснал во центар на големото царство. Во 1900 п.н.е. се утврдуваат трговски колонии во Анадолија (денешна Турција). Од 1400 п.н.е. асирската армија ги освоила краевите и државите кон северот и западот, обезбедувајќи како територија, ѕака и трговија, робови, и плин за себе и за владетелите. Заблагодарувајќи на стравот од моногуте соседни земји кои го имале спрема асирската војска, Асирија успеала да се прошири по целата територија на Блискиот Исток. Најголемата големина Асирското царство го достигнало во 12 век п.н.е. кога се завладеани териториите од Египет до Иран. Сепак, неколку децении подоцна и многу војни за превлат, новото царство и култура Вавилонија под водството на Набукодоносор (од југот на Месопотамија) ја асимилирала Асирија во своето царство. Персија[уреди] Елам е името на древната цивилизација, која се наоѓала во денешен југозападен Иран. Архиолошките докази покажуваат дека Елам датира од 5000 п.н.е.. Според наличните писмени документи, познато е дека цивилизацијата постоела во околу 3200 п.н.е. кое ја прави една од најстарите цивилизации на светот. Нејзината култура изиграла основна улога во изградбата на Гутианската империја, особено во времето на династија Ахемениди. Еламскиот јазик бил офоцијален во империјата. Медеите се древен ирански народ. Имено најстариот запис за Персијците доаѓа од Асирија од написи од околу 844 п.н.е. кои ги нарекуваат Парсу и ги лоцира во регионот на Езерото Урмија (денес во северозападен Иран блиску Турција), заедно со друга група - Медејци . Следните два века, Персијците и Медејците повремено биле притока на Асирците. Регионот на Перс бил анектиран од Саргон I од Асирија околу 719 п.н.е. Конечно Медејците дошле до формирање на свое царство, а Персијците им биле потчинети. Најголем расцут на империјата медеите имале во времето на Кир Велики. Околу 653 п.н.е. Медејците потпаднале под власта на Скитите и Теспес, синот на Ахеменед, веројатно ги повел номадските Персијци да се населат во јужен Иран во ова време и така ја воспоставил првата организирана Персиска држава. Цирус II Велики ги обединил раситнетите групи околу 559 п.н.е. Во тоа време Персијците сѐ уште биле дел од Медејското царство управувано од Астиагес. Во 550 п.н.е. Цирус ги обединил Персијците и го поразил Астиагес, и со тоа Персија стекнала контрола врз Медеја. Во следните години, Цирус ја освоил Лидија во Мала Азија, ја проширил територијата во Централна Азија, и конечно го освоил Вавилон во 539 п.н.е. Синот на Цирус, Камбис II, го анектирал Египет кон Ахеменидското царство. Царството достигнало најголема експанзија под водство на Дариј I. Тој ги предводел освојувачките војски по долината на реката Инд, и во Тракија во Европа. Предводел и казнена експедиција против грчките градови која запрела со Битката кај Маратон. Неговиот син Ксеркс имал успеси и со Битката кај Термопилите, но потоа ја загубил поморската моќ по Битката кај Саламис и ја повлекол главнината од своите сили од Грција. Преостанатите конечно биле победени во 479 п.н.е. Дариј I го поделил царството на 23 сатрапии (покраини) раководени од сатрапи, вовел даночен систем за покраините, го презел асирискиот поштенски систем и го доразвил, исто така развил сопствена шпионска мрежа. Покрај тоа, го подобрил Кралскиот Пат (патот од Суса во Персија до Сардија во Мала Азија, на брегот на Средоземното Море, долг 2700 км) и со тоа ги поврзал краевите на царството. Ахеменидското царство ги обединило народите и кралствата од сите поголеми цивилизации од тоа време во Југозападна Азија и Североисточна Африка. Водачите на Партија, кои ја освоиле Персија од исток, припаѓале на иранско племе кое се населило таму во времето на Александар Македонски. Тие прогласиле независност од Селеците во 238 п.н.е., но нивните обиди да го обединат Иран останале неуспешни сѐ до доаѓањето на власт на Митриад I на тронот, околу 170 п.н.е. Партијската конфедерација се граничела со Рим по реката Еуфрат. Двете држави станале големи соперници, особено околу контролата на Ерменија. Војните биле многу чести, при што Месопотамија постојано служела како бојно поле. Овој период се одликувал со слабо политичко единство и постојани војни помеѓу едни вазали со други. Меѓусебните војни и војните со Римјаните постепено ја истоштиле земјата. Во 224 година Персискиот вазален крал се побунил и две години подоцна го освоил Ктеспион со што ставил крај на Партија. Со ова започнало и второто Персиско царство, раководено од Сасанидските кралеви. Тие биле од провинцијата Персис, од каде што била и првата Персиска империја и Ахеменидите. Сасанидското царство било основано од Ардашир I по победата над Партијскиот крал Артабанус IV. Тој повел востание против Партија во обид да ја возобнови славата на Персија и да ја озакони хеленизираната форма на Зороастриската религија која се практикувала во Југозападен Иран. По победата, се прогласил за шах на новото Персиско царство. За разлика од Партија, новото царство било мошне централизирано. Народот бил цврсто организиран во кастински систем: свештеници, војници, писари и обични луѓе. Зороастризмот станал официјална државна религија и се раширил надвор од Персија кон провинциите. Повремено имало и прогони на верници од други религии. Источната православна црква била особено прогонувана, но ова било делумно и поради нејзината поврзаност со Источното римско царство. Несторијанските христијани биле толерирани, а понекогаш и фаворизирани во царството. Војните и верската контрола кои првобитно го поттикнале развојот на царството, подоцна придонеле за негов пад. Источните региони биле освоени од Белите хуни во доцниот 5.век. Приврзаниците на некои секти се побуниле во истото време. Царот Косрау I подоцна успеал да ја консолидира Персија и ги освоил Антиохија и Јемен. Помеѓу 605 и 629 година Сасанидите го анектирале и Левант и Египет, а потоа се рашириле и во Анадолија. Поради ширењето на Исламот и падот на Сасанидското царство, Персијците потпаднале под власт на арапски владетели во тек на скоро 2 века, пред да можат повторно да се ослободат. Во овој период извесен број мали и бројно послаби арапски племиња мигрирале во Иран Исто и некои турски племиња се населиле во Персија во периодот од 9-12 век.. Исто и некои турски племиња се населиле во Персија во периодот од 9-12 век. Арабија[уреди] За историјата на Арапскиот Полуостров пред појавата на исламот нема големи податоци. Документите кои датираат од тоа време главно се напишани од извори на други културни традиции, како египетски јазик, старогрчки јазик, персиски јазик, а покасно и на арапски јазик. Првите попознати документи датираат од VIII век п.н.е. и главно се однесуваат на Хадрамутското царство. Цивилизацијата Дилмун најпрвин се појавува прво на сумерските јазици, според кои цивилизацијата датира од кон крајот на IV век п.н.е., и кои биле откриени во храмот на божицата Инана во градот Урок. Сабејците биле народ кој зборувале на стар јужноарапски јазик. Тие живееле на територијата на денешен Јемен, во југозападниот дел на Арапскиот Полуостров од околу 2000 п.н.е. Некои сабејци живееле и во кралство Д'мт, кое се наоѓало во северна Етиопија и Еритреја. Кралството во I век п.н.е. било завладеано од страна на Химиаритското царство. Петра и неговата историја најтесно е поврзана со Набатејците, но поради недостаток од пишани докази, може да се утврди од фрагментите во Библијата и од грчки и римски извори. Според Библијата, областа на Петра е населена од хоритите, но не е сигурно, дали самиот град се споменува во Стариот завет. Најстарите археолошкии остатоци од ископувањата датираат околу VI век пр.н.е. Иако е познато дека во стариот век бил главен град на Набатејците, нема многу сознанија за тоа како бил нарекуван од Семитите. Во елинистичкиот период бил познат под името Петра (карпа). Како дел од Источната Римска империја, околу 630 Петра била освоена од муслиманите. За време на Ерусалимското кралство она што останало од градот е заземено од кралот Болдвин I, а под контрола на крстоносците останува се до 1189 година. Северна Африка[уреди] Стар Египет[уреди] Цивилизацијата на Стар Египет била една од најразвиените во историјата на човештвото. Таа датира од 5000 п.н.е., која настанала во долината на големата река Нил, во Североисточна Африка. При излевањето на реката останувал плодоносен талог (тиња) кој бил мошне погоден за обработка и давал богати приноси на јачмен и жито. Кратко речено, реката Нил му давала живот на египетското население и затоа била сметана за божество. Најразвиен бил во времето на Новото кралство во II век п.н.е. опфаќајќи ја Нубија до јужна Сирија. Во тоа време, царството делумно се раширило и биле изградени многу објекти. Главен град бил Тива. Египќаните имале развиено сточарство, но сепак нивната главна стопанска гранка била полјоделството. За зголемување на производството, од особено значење била изградбата на системи за наводнување од насипи, брани и канали, со кои се осигурувало наводнувањето на полињата, но и одводнувањето на големите поплави. Египетската цивилизација развила свое специфично државно уредување, религија, архитектура, писмо и уметност. Според уредувањето, Стариот Египет бил робовладетелска држава. Како најзначајни пронајдоци од времето на Стариот Египет се: хартија, мастило, календар, часовник, геометрија, азбука, писмо, медицина, архитектура, книжество, моногамија, монотеизам. Египет постоел сè до 30 п.н.е. кога станал Римска провинција. Последна кралица е Клеопатра VII. Североисточна Африка[уреди] Цивилизацијата на Кушитите настанала пред египетската култура. Таа се наоѓала во Нубија. Најголем подем имала под името кермска цивилизација. Нивната империја се проширила кон скоро цела централна и северна Африка. За прв пат, во нивната цивилизација настанало масовните гробници и погреби. Многу од нивнитр богови, подоцна биле превземени од Стар Египет, како Амон Ра и Изида. Аксумската империја било царство кое се наоѓало во североисточна Азија во 1 п.н.е. По распаѓањето на териториите заземени од арапите, земјите на Аксум едноставно се познати како Етиопија . За нивното царство се смета дека било основано од страна на семитското племе Сабејци, кои го поминале Црвеното Море преку Јемен. Но, во денешно време оваа теза сè повеќе се отфрла, и се смета дека нивниот јазик геез нема никаква допирлива точка со сабеите. Својот расцут го достигнува во II и III век п.н.е. кога било едно од најголемите царства на светот по Персија, Рим и Кина. Во 325 година аксумитите го примиле христијанството, и станале првиот народ кон Вистинскиот Крст го насликал на своите монети. Картагина[уреди] Картагина била стар град-држава на Средоземјето. Градот Картагина се наоѓал во близина на денешниот град Тунис, главен град на државата Тунис. Картагинците веројатно потекнуваат од доселени феникијци кои тука основале населено место, веројатно во 9 век п.н.е. Во својот зенит, државата се протегала долж брегот на Северна Африка, од Либија до денешен Мароко, потоа по јужниот брег на Пиринејскиот Полуостров, и по островите Сардинија, Корзика и Сицилија. Ривалитетот завршил со конечен пораз на Картагина од Рим по тригодишна опсада на градот во 146 п.н.е. и целосно уништување на Картагина. Градот бил систематски запален и уништен, а целокупното население (околу 50.000) биле одведени во ропство. Јужна Азија[уреди] Најраните докази за човечка цивилизација во Јужна Азија се наоѓаат на регионот Мехргарх (7000 п.н.е. до 3400 п.н.е.) во денешен Пакистан. Ова место се наоѓа во близина на Болон Пас, на запад од долината на река Инд и помеѓу денешните пакистански градови Куета, Калат и Сиби. Цивилизацијата била откриена во 1974 година од страна на археолошките екипи предводени од францускиот археолог Жан Франсоа Јарик. Испитувањата продолжиле дванаесет години. Според податоците, наовие простори имало цивилизација во околу 7000 п.н.е. Жителите на Мехргарх живееле во куќи изградени од кал, како главен продукт ја одгледувале пченицата, одгледувале домашни животни. Жителите на покасниот период (од 5500 п.н.е. до 2600 п.н.е.) ставиле почеток на занаетот, производството и металната преработка. На некои места, оваа цивилизација е запишана како прва кај која се развило селското стопанство, како и за керамиката. Оваа цивилизација се смета како претходник на цивилизацијата на Долна Индија. Цивилизацијата на Долна Индија (3300 п.н.е.- 1700 п.н.е.) е древна цивилизација, која опстојувала покрај реките Инд и Гагар, реон кој денеска се наоѓа во Пакистан. Некои слични населени места од овој тип биле откриени и во источен Авганистан, Бахреин, источен Иран, западна Индија и Туркменистан. Датата на раѓањето на Махавира и Буда во VI век п.н.е. го одбележуваат почетокот на новата ера во историјата на овој регион. Во текот на V век п.н.е., древните региони на Пакистан биле завладеани од страна на Ахменидите од страна на Дариј I во 522 п.н.е. Познато е и дека индискиот контигент војувал и со Ксеркес I. Источна Азија[уреди] Кина[уреди] Историјата на Кина според традиционалните кинески записи започнува од пред 5000 години. Но, запишаната историја која е подржана од археолошки докази започнува дури од пред XVI век п.н.е.. Кина е една од најстарите континуирани цивилизации на светот. Кинеската држава започнала да се развива од т.н. град-држави во долината на Хоангхо. Годината 221 п.н.е. традиционално се зема како година во која се случило обединувањето на Кина и претварањето ѝ во големо царство. Главна заслуга за ова има царот Ќин Ше Хуанг. Кинеските династии развиле еден бирократски систем според кој на царот му овозможило да ја контролира целата територија на царството. Во времето на оваа династија бил изграден Кинескиот ѕид со помош на робовската класа. Во времето на династијата Чин царството ја опфаќало денешна северна и источна Кина. Главна причина поради кој бил изграден ѕидот бил одбраната од непријателот. Во 220 година царството Хан се распаднало на три кралства: Веј на север, Ву на југ и Шу на запад. Во 280 година царството се обединило под раководство на западната династија Чин. Во следните години претстоела војна ма осумте принцови (291-306) и петте барбарски немири кое довело пропаѓање на западната династија Чин во 316 година. Наспроти тоа, династијата Источен Чин набрзо се развивала и конечно во 382 година се соединила со северот под раководство на династијата Чин. Во 420 година, војсководецот Сунг дошол на власт и ја основал својата династија Сунг. На север, Веј во 554 година се поделила на два дела: северен Чи и северен Џоу. Северен Џоу го поразил Северен Чи во 577 година, но наскоро по ова тие биле завладеани од страна на војсководецот Јанг Чен, кој го освоил и југот и по ова основал династија Суи. Оваа династија (581-618) владеела кратко, околу 40 години, но успеала да ја обедини Кина и да ја прошири кинеската моќ кон истокот и да го освои Северен Виетнам. Кина е една од најдревните цивилизации кој ја создал човекот. Kинескиот јазик, наречен и Синитски јазик има околу 1,2 милијарди говорници. Кинеското писмо се состои од знаци кои се логограми за пишување кинески, јапонски, корејски, и (порано) виетнамски. Неговите можни предходници се појавиле пред 8000 години, додека целосно писмо било развиено пред 3500 години во Кина. Ова е веројатно најстарото писмо во историјата на човештвото. Јапонија[уреди] Кореја[уреди] Гојосеон било првото корејско царство. Според Самгук Јуша или Спомените на трите кралства, и други записи од средноверовната корејска епоха, Гојосеон бил основан во 2333 п.н.е. од легендарниот цар Дангун. Трите кралства на Кореја (Баекџи, Когурјо и Сила) станале едни од највлијателните царства во регионот на Манџурија. Од своја страна, трите кралства биле големи ривали во поглед на развојот на економијата и воената политика. Коргујо и Сила биле посилни држави во текот на ерата на трите кралства. Во времето на кинеската династија Суи, Коргујо ја подржувала својата регионална власт, и на неколку пати успевала да ја порази големата кинеска империја. Една од трите царства на Кореја, Сила, постепено се раширила на територијата на Кореја во 678 година и се преврнала во најголем фактор на царството. Единствената Сила се распаднала во 9 век. Виетнам[уреди] Според легендата, историјата на Виетнам започнува пред повеќе од 4000 години. Но, единствените извори кои постојат денеска пишуваат дека историјата на Виетнам започнува одприлика пред околу 2700 години. Најголемиот дел од својата историја, од 111 п.н.е. до X век, Виетнам бил под директна контрола на Кина. Виетнам својата автономија ја стекнал во X век. Донгшонската култура се развила во бронзената епоха на долината на Црвената река во Северен Виетнам. Монголија[уреди] Територијата на Монголија била владеана од различни номадски империи, вклучувајќи ги и Ксионгу, Руран, Ксијанбеј, Гоктурките и други. Монголската империја била основана од Џингис Кан во 1206. Монголија била населена повеќе од 800.000 години. Неолитски населби биле пронајдени во Дорнод Провинција. Подоцна, се пронајдени и населени места од бакарната доба и локалитетите се пронајдени во западна Монголија. За време на бронзената доба, западна Монголија била под влијание на карасукската култура. За тоа сведочат голем број пронајдоци што датираат од VII и VIII век п.н.е. Исто така се пронајдени и локалитети и пронајдоци од железната доба што датираат од V до VI век п.н.е.. Основањето на Хуну државата (Хүн улс) во Монголија во III век п.н.е. го обележува зачетокот на државотворноста на Монголија. Основачот на хунската империја бил Тумен. Во 200 п.н.е. династија Хан од Кина испратила воена кампања на територијата за да го присвои ханатот. Како и да, силите на ханот и воената формација издржале седум дена од воениот притисок. Императорот Гао бил принуден да се предаде и бил потпишан договор во 198 п.н.е. со кој териториите северно од Кинескиот Ѕид требало да припаднат на Хуну ханатот а териториите јужно од Кинескиот Ѕид да подпаднат под власта на династијата Хан. Сјанбеите кои биле под власт на Хуну се побуниле во 93 п.н.е. со што завршила доминацијата на Хуну во Монголија. Жижи Чанју, лидерот на северен Хуну се движел кон запад со неговиот народ, оснивајќи ја Големата Миграција. Неговите следбеници и наследници се префрлиле во Европа во V век предводени од Атила и биле познати како Хуни. Сјанбеите успешно се одбраниле од нападите од династија Хан во 167 и ги освоиле териториите на Северна Кина во 180. Друга гранка на народ одделен од сјанбеите биле џуџанците (Нирун улс буюу Жужань) и била обединети од страна на Мугулју. Шелун ја превзел титулата Каган во 402 година и со тоа територијата ја означил како Џуџански ханат. Тоба водела повеќе војни против џуџанскиот ханат. Алтајските турци се побуниле во 552 и со тоа го основале Турскиот Ханат. Џуџанскиот ханат бил конечно поразен во 555 од турците. Дел од Џуџенскиот ханат останал на територијата на денешна Монголија. Делот што останал во Монголија станал потомок ма татарските племиња. Средоземна Европа[уреди] Етрурија[уреди] Етрурците се древни племиња кои во првото илјадолетие п.н.е. го населиле северозападниот дел на Апенинскиот Полуостров. Тие создале цивилизација, која подоцна била прифатена како претходничка на Римската империја. Етрурците кон крајот на VIII век п.н.е. се обединиле во сојуз од дванаесет град-држави. Во околу VI век п.н.е. ја зазеле провинцијата Кампанија. Во периодот од V век п.н.е. до III век п.н.е. биле покорени од страна на Рим. Во времето на големото државно обединување, Етрурија се простирала од Средна и Северна Италија, по реките Арно и Тибер и дел од Кампанија. Некои автори сметаат дека потеклото на етрурците води од Мала Азија. Пред создавањето на Рим, тие биле највлијателниот народ во тој регион. Етрурците достигнале голема култура во сите области на животот. Од етрурците, римјаните научиле многу работи, како градењето на згради, создавање на системи за наводнување, градење патишта, храмови. За градба, користеле тула од кал, за статуите на гоговите користиле теракота и бронза. Писменоста на етрурците е блиска до архаичната форма на старогрчката писменост. Од нивното писмо се зачувани околу 10000 надписи. За разлика од грците, етрурците на жената и одавале големо внимание. Тие биле поспособни за управување на општествениот живот на цивилизацијата. Феникија[уреди] Феникија е древна држава коа се наоѓала на бреговите на Средоземното Море, односно на територијата на денешните држави Либан и Сирија. По потекло произлегуваат од хананците, кои се споменети во Библијата. Феникијците создале една развиена цивилизација во која во преден план доминирало занаетчиството, морската трговија, Феникиската писменост. Најголем расцут оваа цивилизација имала во периодот од 1200 п.н.е. до 800 п.н.е. Во IV век п.н.е. Феникија била заземена од страна на Персија, а во 332 п.н.е. од страна на Александар Македонски. Класична Антика[уреди] Античка Македонија[уреди] Античка Македонија било античко кралство на територијата на денешна Македонија и Беломорска или Егејска Македонија, во северниот дел на денешна Грција. Се граничело со кралството Епир на запад и областа Тракија на исток. Во даден временски период Македонија била најмоќната држава на светот кога Александар Македонски го освоил скоро цел познат свет во тоа време и со тоа го започнал македонскиот период на светската историја. старите Македонци живееле во јужната област на тогашна Македонија уште од архаичното време. Првата македонска држава се јавува во VIII или раниот VII век п.н.е. под водството на династијата Аргеади, кога Македонците мигрирале таму од позападните краишта. Првиот крал за кој има документација е Пердика I. За време на кралот Филип II, (359–336 п.н.е.) Македонија се проширила на територијата на Пајонците, Тракијците и Илирите. Ова ги придодало кон кралството битолската и гевгелиската област (во параметри на денешна Македонија). Синот на Филип, Александар Македонски (336–323 п.н.е.) за релативно краток период успеал да ја наметне македонската власт не само врз Грција, туку и врз персиското царство, вклучувајќи го и Египет, Блискиот, Далечниот Исток и Индија. Александар ги прифатил политичките системи на освоените земји. Иако царството се распаднало накратко по неговата смрт, неговите освојувања оставиле траен печат во регионите. И покрај распадот на царството во помали кралства раководени од генералите на Александар, Mакедонија останала многу атрактивна територија. За кратко време била владеена од страна на Деметер I (294–288 п.н.е. ), но потоа започнала граѓанска војна. Антипатер и неговиот син Касандар ја зазеле власта, но ја изгубиле по смррта на Касандар во 297 п.н.е.. Синот на Деметер Антигон II (277–239 п.н.е.) успешно го вратил мирот и просперитетот и успешно ја одбранил Македонија од галациската инвазија, но изгубил контрола врз многу грчки полиси. Тој сепак воспоставил стабилна монархија и благодарение на него, новата династија Антигониди. Неговиот наследник Антигон II (239–221 п.н.е.) ги искористил овие предности и ја проширил власта на Македонија ширум регионот. Под водство на кралот Филип V (221–179 п.н.е.) и неговиот син Персеј (179–168 п.н.е.) Македонија се соочила со експанзионизмот на римската република. За време на II век п.н.е. и I век п.н.е. Македонија била во неколку војни со Рим. Ова резултирало со пораз на Македонија, отстранувањето на Антигонидите и распадот на македонското кралство. Андриск успеал накратко да ја врати монархијата во 149 п.н.е. но бил поразен следната година и македонија подпаднала под директна римска власт како Римска провинција Македонија. Стара Грција[уреди] Поимот Стара Грција се однесува на делот од грчката историја кој траел од грчкото Темно доба (околу 1100 п.н.е.) и инвазијата на Дорците, до 146 п.н.е. и римското освојување на Грција по Битката кај Коринт. Општо прифатено е дека старогрчката култура ја претставува самата основа на културите на западните цивилизации. Грчката култура имала големо влијание над Римската империја, која пренела различни верзии од неа во многу делови од Европа. Цивилизацијата на старите Грци извршила големо влијание на јазикот, политиката, образовните системи, философијата, науката и уметностите. Грција се наоѓала на јужниот дел на Балканскиот Полуостров. Таа излегувала на три мориња: Јонско, Егејско и Средоземно. Грција била планинска земја, највисокиот врв се наоѓал на планината Олимп (3.000 м). Според тоа, таа била без услови за развој на земјоделие. Во Грција било развиено сточарството, морепловството и трговијата. Според грчкиот историчар Тукидит (460-369 п.н.е. ), најстари жители на Елада биле Каријците и Лелегитите, кои ја развивале цивилизацијата на островот Крит. Најзначаен центар на островот Крит бил градот Кносос, а според легендата тука живеел кралот Минос. Според Минос, и културата развивана на овие простори била наречена Минојска или Критска, а била развивана од XIV век п.н.е.. Во почетокот на XX век п.н.е., од север во Грција се населиле Ахајци, кои продреле во најјужните предели на Грција, го освоиле островот Крит и ја уништиле критската култура. На Пелопонез бил изграден градот Микена кој станал центарна новата Микенска цивилизација (XVI-XIII п.н.е.). Околу 12 век п.н.е. во северот на Грција се населиле Јонци, Дорци и Еолци, кои го покориле и асимилирале домородното население кое имало поразвиена култура, ја прифатиле и ја развиле уште повеќе. Тие се нарекле Хелени, а земјата Елада, а подоцна го добиле името Грци од Римјаните. Со развојот на производствените сили елинското општество се повеќе се раслојувало на богати и сиромаси. Богатите за да ја зачуваат власта над сиромасите создале државен апарат, но планинската природа на Грција не давала можност за економско и политичко обединување на Хелените. Тука не се создала единствена држава, како на стариот исток, туку се создале повеќе мали држави (околу 100). Тие ја опфаќале територијата на еден град со околината, и се наречени градови-држави (полиси). Секој полис ги задоволувал потребите на своето население, и затоа секоја држава ја чувала својата самостојност и била против обединување во една држава. Полисите често војувале меѓу себе. На чело на град-држава се наоѓал Базилеј, кој бил врховен војсководец, свештеник и судија. Тој се советувал со советот на старешини и со народното собрание. Најзначајни градови-држави биле: Атина, Спарта, Теба, Коринт, Мегара и други. Во Грција немало доволно обработлива земја, што предизвикало голема пренаселеност во градовите и појава на глад. Во периодот од VII век п.н.е. -VI век п.н.е. била извршена колонизација во три правци: на запад кон јужна Италија и Сицилија, на север кон Тракија и Јадранско Море и на исток кон Мраморно Море и Црно Море. Стар Рим[уреди] Римската држава била создадена на Апенинскиот Полуостров. Во стариот век на Апенинскиот Полуостров живееле многу племиња. Најпознати биле: Галите, Италите, Латините, Умбрите, Самнитите и други. По Италите подоцна Апенинскиот Полуостров го добил името Италија. Во јужниот дел на Апенинскиот Полуостров и на Сицилија живееле колонии на Хелените и овој дел бил наречен Магна Греција (Голема Грција). Латините имале најзначајна улога во историјата на Рим. Ја населувале областа Лациј во Средна Италија, јужно од Етрурците и од долниот тек на реката Тибар која била граница со Етрурците. Во оваа област имало повеќе градови меѓу кои бил и градот Рим (Рома), кој имал прекрасна местоположба. Се наоѓал 25 км од морето, на левиот брег на пловната река Тибар, преку која бил поврзан со морето. Градот се простирал на седум добро утврдени ритчиња, кои се обединиле за да можат полесно да се бранат од надворешните напади. Според легендата Рим бил основан во 753 година п.н.е но според археолошките податоци порано околу X век п.н.е. Во најстариот период Рим имал родовско уредување. Родовите биле составени од патријахални семејства - фамилии, на чие чело стоел патер. Десет рода сочинувале братство, а десет братства сочинувале племе или триба. Вкупно имало три триба. Населението го сочинувале слободни и неслободни луѓе. Слободните се делеле на патриции и плебејци. Патриции биле богати луѓе, кои уживале големи привилегии и ги завземале сите положби во државната управа. Од нивните редови биле избирани конзули и сенатори. Плебејците воделе потекло од потчинетото население на Лациј и на Етрурците. Се завземале со земјоделство, занаетчиство и трговија. Плаќале даноци на државата, служеле војска, но немале политички права и не учествувале во работата на народното собрание. Бракот меѓу патрициите и плебејците бил забранет со закон. Неслободното население го сочинувале робови, кои во овој ран период во римската држава не биле бројни. Според традицијата постоеле седум кралеви. Последните три кралеви биле етрурски, бидејќи во VII век п.н.е. Лациј бил освоен од Етрурците. Со нивното владеење не биле задоволни римските патриции, кои во 509 п.н.е. го симнале од престолот и го протерале последниот крал (Тарквиниј Гордиот) и прогласиле република. Римјаните започнале да водат војни за проширување на својата држава најпрвин во Италија а подоцна и надвор од нејзините граници. Во IV век п.н.е. Рим водел војна со Галите во Северна Италија, кои во 390 п.н.е. го нападнале и го ограбиле градот Рим. Единствено тврдината на ритчето Капитол не била освоена, иако била опседнувана цели шест месеци. Во исто време Рим војувал и со италските племиња во Средна Италија. Најжесток отпор му пружиле Саминтите, со кои морал да води три војни. Дури по третата семитска војна (298-290), Рим станал господар на средна Италија. Потоа Римјаните ги насочиле своите сили кон Јужна Италија каде што се наоѓале многу колонии на Хелените. Меѓу нив се истакнал и градот Тарент со кого Рим дошол во судир. На овој град во војна му помагал епирскиот крал Пир. На крајот римјаните победиле, го потчиниле Тарент и цела Јужна Италија и се претвориле во една од најголемите и најсилните држави на Средоземното Море. Доцна антика[уреди] Доцна антика е груба периодизација за периодот од новата ера помеѓу 300 - 600 година, употребена од историчарите и научниците за да се опише интервалот помеѓу класичната антика и средниот век воглавно во Европа и средоземниот свет. Тоа е временскиот период помеѓу пропаста на Западната Римска империја од III век натаму, се до Исламското освојување, и повторното формирање на Источна Европа под името Византиска империја. Терминот Spätantike, буквално "доцна антика", бил употребен од германските историчари од моментот кога ја популаризирал Алојз Ригли во раниот XIX век. Религија и философија[уреди] Новите философски правци имале голе замав како на истокот така и на западот во околу VI век п.н.е. Во истото време се појавиле различни религиозни правци во целиот свет. Меѓу најраните религии од тоа време се: Индуизам, Будизам, Џаинизам во Индија и Зороастрианизам во Персија. Од аврамски религии|аврамските религии се развил јудаизам|јудаизмот кон 188 п.н.е. Индија[уреди] Хиндуизам[уреди] Хиндуизмот е најстарата организирана религија од сите поголеми религии во светот. Понекогаш хиндуизмот е ословуван како култура наместо религија, но содржи и културни и спиритуални страни. Хиндуизмот верува во еден Бог кој повеќе пати низ историјата се јавува во светот во лицата на Кришна, Буда, и други. Ова учење верува во реинкарнација, односно селување на душата после смртта во друга личност. Будизам[уреди] Будизмот се базира на учењето од Гаутама Буда, или често наречен само Буда кој живеел во V век п.н.е. во североисточна Индија. Будизмот го признава Буда како свет учител кој помагал на луѓето да ги надминат нивните страдања според законите на карма преку разбирањето на Четирите Величествени Вистини а со тоа реализирајќи ја вистинската природа на феноменот и избегнување на кругот на страдања и како краен стадиум е препородувањето познато како Самсара. Џаинизам[уреди] Џаинизамот е древна религија која потекнува од Индија. Џаинизмот е основан во VI век п.н.е. Го основал Махавира (околу 540 п.н.е. - 468 година п.н.е.). Џаинистите не веруваат во ниту еден Бог. Нивната вера се заснова на ненасилството кон сите живи суштества или ахимси. Џаинистите веруваат во циклусот на повторно раѓање. Според ова верување, добрите луѓе повторно ќе се родат, но како награда ќе добијат повисок ранг во животот. Персија[уреди] Зороастрицизам[уреди] Зороастризмот е религија и философија основана врз учењата на пророкот Заратустра и важи за една од најстарите дуалистички религии. Главното верување се темели на два бога: Ахура Мазда, односно добриот дух и Ангра Маини, односно лошиот дух. Нејзиниот симбол е ликот на Ахура со крилја. Верата е основана во Персија (денешен Иран), пред околу 1000 години п.н.е. Долго време била доминантна религија во Персија сè до VII век. Својот пропаст го доживува во времето на Сасанската династија. Зороастриската етика се состои од добри мисли, добри зборови и добри дела. Луѓето по својата смрт го преминуваат мостот што води во пеколот. Ако верниците во текот на својот живот биле лоши, мостот ќе се сруши и тие ќе пропаднат во пеколот. Наспроти нив, праведниците ќе го пронајдат патот до Светлоста. Кина[уреди] Таоизам[уреди] Таоизмот е популарна вера кај Кинезите. Се претпоставува дека негов основоположник е Лао Це. Всушност, таоизмот претставува еден вид на мистичен пантеизам. Во таоизмот сè потекнува од тао (кинескиот прав пат) и сè ќе се врати таму со текот на времето. Во таоизмот се негуваат култот кон духовите, природата и претците. Оваа философија е фантастична и нејасна, наспроти трезвеното конфучијанско учење. Конфучијанство[уреди] Конфучијанството е религија што ја основал кинескиот философ Конфучиј во кинеската покраина Шандунг. Неговото подучување било во врска со моралот, добродетелта, природата и општественото уредување. Конфучијанството не се заснова врз верата во некој бог, туку врз следење на Тао (патот), и учи дека мудроста на живеењето се состои од урамнотежениот живот, кој е во склад со природата. Значително место зазема култот кон предците и верата во духови. Блиски исток[уреди] Јудаизам[уреди] Јудаизмот е една од првите запишани монотеистички вери и една од најстарите религиозни традиции кои се применуваат денес. Вредностите и историјата на Евреите се голем дел од основата на другите аврамски религии како самартјанството, исламот и христијанството . Митологија[уреди] Месопотамска митологија[уреди] Месопотамска митологија е заедничко име за митологиите на Сумерците, Акадијците, Асирците и Вавилонците од земјата меѓу реките Тигар и Еуфрат во Ирак. Сумерците практикувале политеизам со антропоморфни божества или божици кои ги претставувале силите или присуството во светот, многу налик на подоцнежната грчка митологија. Според оваа митологија, божествата најпрво ги создале луѓето како нивни слуги но ги ослободиле откако повеќе не можеле да манипулираат со нив. Египетска митологија[уреди] Египетската митологија опфаќа различни религиозни верувања и ритуали кои се практикувале во Стар Египет, од преддинастичкиот период, па сè до прифаќањето на христијанството. Не постоела една единствена религија во древниот Египет, туку тоа биле различни локални култови посветени на конкретни божества. Повеќето од нив биле фокусирани на обожување на едно божество, иако го прифаќале постоењето и на други божества, па оттаму египетската религија често се смета за политеистичка и подразбира верување во повеќе богови и божици, познати како "нетер" (бог) и "нетерет" (божица). Повеќето од овие божества контролирале одредени аспекти од природата. На пример, богот Ра и божицата Хатор биле сметани за божества на Сонцето. Некои божества, пак, биле поврзувани со конкретни области или градови во Египет. Римска митологија[уреди] Римската митологија може да се рече дека се состои од две фази: првата, кога Римјаните имале автентични верувања и божества, и подоцнежната втора фаза кога речиси целосно ги пресликале грчките богови во својата митологија. Римската ритуална пракса разликувала две класи на божества - главни, кои биле 30 на број, за секој од нив имале фиксна дата од календарот кога го славеле неговиот ден, и нови, за кои подоцна решиле дека треба да ги прославуваат, поради некој настан или потреба. Покрај овие две класи, постоеле и многу помошни божества кои "служеле" за определени работи, нпр. жетва, орање и сл. Речиси за секоја работа постоело "помошно" божество кое се повикувало на помош кога таа работа се изведувала. Рано христијанство[уреди] Почетоците на христијанството започнуваат од мисионерството на Исус Христос и неговите дванаесет апостоли. Христијанството е аврамска религија. Таа се разликува значително од другите религии по тврдењето дека Исус Христос е Божји Син. Огромен дел од христијанските верници веруваат во Светото Тројство, кое се состои од три оделни лица: Отецот, Синот и Светиот Дух. Раното христијанство се однесува на периодот кога религијата била распространувана во грчко-римскиот свет и надвор од него во периодот од I век до неговото воведувањето како државна религија од страна на Константин I Велики во Римската империја во 313 година и Првиот Вселенски собор во Никеја во 325 година. Раното христијанство може да биде распределено на два периоди: апостолски период, кога апостолите проповедале на различни места, и поаспостолски период кога религијата била распространувана од страна на бискупите на новата црква. Америка[уреди] Ацтеки[уреди] Ацтеки е термин кој се користи за некои етнички групи од централно Мексико, односно оние групи кои зборувале Наватл. Од XII век, долината на Мексико претставувало јадро на Ацтечката цивилизација. Таму се наоѓала и престолнината на Ацтеките, Тенохтитлан. Ацтеките се индијански народ кој претежно живее во Мексико. Во својот врвен расцут, ацтечката култура била богата со митолошки и религиозни традиции, како и постигнување на забележителни архитектурни и уметнички постигнувања. Особено традиционален елемент од ацтечката култура е преносот на човечки жртви. Во 1521 година, со Шпанската колонизација на Америка, Ернан Кортес, заедно со голем број на местни сојузници го завладеале Тенохтитлан и ја поразиле Ацтекската империја која тогаш била под раководство на Монтезума II. Древна технологија[уреди] Староегипетска технологија[уреди] Најпознати древни градби од времето на Стар Египет се: - Светилникот во Александрија, кој бил изграден околу 290 година п.н.е. на островот Фарос, блиску до градот Александрија во Египет. Разрушен е во 1375 година од земјотрес. - Кеопсовата пирамида која била изградена околу 2560 год. ; - Абу Симбел Древна индиска технологија[уреди] Древна кинеска технологија[уреди] Најпознати древни градби од времето на Кина се: - Кинескиот ѕид, чија градба започнала во V век п.н.е. и чија цел била одбрана на кинеската територија од монголците Старогрчка технологија[уреди] Најпознати древни градби од времето на Стара Грција се: - Мавзолеот во Халикарнас - Колосот од Родос - Статуата на Зевс во Олимпија - Храмот на Артемида во Ефес - Атинскиот Акропол - Делфи Римска технологија[уреди] Најпознати древни градби од времето на Стар Рим се: Наводи[уреди] - Crawford, O. G. S. (1927). ]: Antiquity Publications [etc.]. (cf., History education in the United States is primarily the study of the written past. Defining history in such a narrow way has important consequences ...) - ancient-history - Foster, S. (2007). Hunter travel guides. Edison, NJ: Hunter Publishing. Page 6-7 (cf., "Qin is perceived as 'China's first dynasty' and [... developed] writing.) - антика - Дигитален речник на македонскиот јазик - Clare, I. S. (1906). Library of universal history: containing a record of the human race from the earliest historical period to the present time; embracing a general survey of the progress of mankind in national and social life, civil government, religion, literature, science and art. New York: Union Book. Page 1519 (cf., Ancient history, as we have already seen, ended with the fall of the Western Roman Empire; [...]) - United Center for Research and Training in History. Bulgarian historical review. House of the Bulgarian Academy of Sciences]. ... in the history of Western Europe, which marks both the end of ancient history and the beginning of the Middle Ages, is the fall of the Western Empire.) - Robinson, C. A. Ancient history from prehistoric times to the death of Justinian. New York: Macmillan. - Breasted, J. H. (1916). Ancient times, a history of the early world: an introduction to the study of ancient history and the career of early man. Boston: Ginn and Company. - Myers, P. V. N. (1916). New York [etc. ]: Ginn and company. - Gardner, P. (1892). New chapters in Greek history, historical results of recent excavations in Greece and Asia Minor. New York: G.P. - Nadin, M. (1997). The civilization of illiteracy. Dresden: Dresden University Press. - Harris, W. V. (1989). Cambridge, Mass: Harvard University Press. ... extent of literacy in the Roman Empire has been investigated, previous writers have generally concluded that a high degree of literacy ...) - Petrie, W. M. F. (1972). Methods & aims in archaeology. New York: B. Blom - Gamble, C. (2000). Archaeology the basics. - Wheeler, J. R. (1908). Archaeology [a lecture delivered at Columbia University in the series on science, philosophy and art, 8 јануари, 1908]. New York: Columbia University Press. - Barton, G. A. Archaeology and the Bible. Green fund book, no. Philadelphia: American Sunday-School Union 1816 Chestnut Street. - Watkin, David (4th ed. "A History of Western Architecture". Laurence King Publishing. "The Great Pyramid...is still one of the largest structures ever raised by man, its plan twice the size of St. Peter's in Rome" - 'Earliest writing' found BBC News, 4 мај, 1999. - Basham, A. L. 1968. Review of A Short History of Pakistan by A. H. Dani (with an introduction by I. H. Qureshi). Karachi: University of Karachi Press. 1967 Pacific Affairs 41(4) : 641-643. - Mohenjo-Daro An Ancient Indus Valley Metropolis - S. R. Rao (1985). Archaeological Survey of India, 30–31. - Zarmati, Louise (2005). "Heinemann ancient and medieval history: Pompeii and Herculaneum". - Jane Portal and Qingbo Duan, The First Emperor: China's Terracotta Arm, British Museum Press, 2007, p. 167 - H. Liu, F. Prugnolle, A. Manica, F. Balloux, A Geographically Explicit Genetic Model of Worldwide Human-Settlement History. The American Journal of Human Genetics, Volume 79 , Issue 2 , Pages 230 - 237 - Diamond 1999, стр. 218 - akkadian, angelfire.com - Wells, H. G. (1921). The outline of history, being a plain history of life and mankind. New York: Macmillan company. - Strauss, Barry S. (2006) The Trojan War: A New History. Simon & Schuster ISBN 0-7432-6441-9 - Mish, Frederick C., Editor in Chief. Webster's Ninth New Collegiate Dictionary. Springfield, MA: Merriam-Webster Inc., 1985. ISBN 0-87779-508-8, ISBN 0-87779-509-6 (indexed), and ISBN 0-87779-510-X (deluxe). - http://www.answers.com/topic/jiroft-civilization , During two seasons of excavation, Caldwell unearthed 7 different sections of the massive 7000 year old village. He also discovered the oldest known center for copper smelting and bread baking ovens in the world. - http://cpprot.te.verweg.com/2005-June/000718.html , Iran recently sent an appeal to a Belgian court asking for the return of nine boxes of smuggled ancient artifacts and a 2800-year-old pin stolen from the exposition "7000 Years of Persian Art". - http://web.archive.org/20041103032727/www.iran-daily.com/1383/2126/html/panorama.htm , The Municipality of Shoush (Susa) accepted a proposal by the cityÕs Cultural Heritage Department for the transfer of an under-construction passenger terminal from the 7,000-year-old city, but conditioned destruction of the terminal to demolition of other constructions and residential units in the area. - Jiroft Iran - Jiroft archaeology museum - GLOBOsapiens.net - "Persia 7000 years of civilisation" by David Abbasi (Siyavash AWESTA), The discovery in Iran of a civilisation old of 7000 turns all the archaeological data's ups and down. - http://www.solcomhouse.com/iran.htm , The south-western part of Iran was part of the Fertile Crescent where most of humanity's first major crops were grown. 7000 year old jars of wine excavated in the Zagros Mountains and ruins of 7000 year old settlements such as Sialk are further testament to this. - http://www.stonepages.com/news/archives/001705.html , Archaeologists believe that Jiroft was the origin of Elamite written language in which the writing system developed first and was then spread across the country and reached Susa. The discovered inscription of Jiroft is the most ancient written script found so far. - Hammond, N. G. L.; M. Ostwald (1988-11-24). "The Cambridge Ancient History Set: The Cambridge Ancient History Volume 4: Persia, Greece and the Western Mediterranean, c.525-479 BC: Persia, Greece and ... C.525-479 B.C. Ed.J.Boardman, Etc v. 4". John Boardman, D. M. Lewis (eds.) Cambridge University Press. - Parpola, Simo. "Assyrian Identity in Ancient Times and Today" (на English) (PDF). Journal of Assyrian Academic Studies. "Етнонимите како "Арапски" (Arbāyu), "Медејски" (Mādāyu), "Египетски" (Muşurāyu) и "Урарски" (Urarţāyu) се од доцниот осми век п.н.е. наваму, и ги носат Асиризирани влијателни луѓе на високи позиции." - Zarinkoob, pp. 355-357 - Zarinkoob, pp. 461, 519 - Stuart Munro-Hay, Aksum: An African Civilization of Late Antiquity. Edinburgh: University Press, 1991, pp.57. - Paul B. Henze, Layers of Time: A History of Ethiopia, 2005. - Henry Cleere. Archaeological Heritage Management in the Modern World. - 後漢書, 會稽海外有東鯷人 分爲二十餘國 - Eleanora Novgorodova, Archäologische Funde, Ausgrabungsstätten und Skulpturen, in Mongolen (catalogue), pp. 14-20 - Eleanora Novgorodova, Archäologische Funde, Ausgrabungsstätten und Skulpturen, in Mongolen (catalogue), pp. 14-20 - Eleanora Novgorodova, Archäologische Funde, Ausgrabungsstätten und Skulpturen, in Mongolen (catalogue), pp. 14-20 - "Macedonia" - Britannica 2006
fineweb-2
За Винаријата Винарската визба КАРТАЛ е основана како резултат на фамилијарна традиција, почит кон виното и виновата лоза. Нашата мисија се заснова на одржување на врската меѓу човекот и природата, а нејзините продукти преточени во нектар на боговите. Лоцирана во главниот град на Македонија, Скопје, со својот мал капацитет од 200.000 литри на годишно ниво, најсовремена опрема за преработка и зреење на виното и грижливо одбраното сортно грозје од скопското виногорје, нашата винарска визба Ви овозможува висок квалитет и уживање во секоја капка вино. Спојот на традицијата и науката е идеална комбинација која нашите енолози ја претвораат во совршенство. Одлично избалансираните вина, сортните карактеристики, овошните тонови и љубовта која им е дадена го заслужуваат вашето внимание. Секое наше шише во себе не содржи само вино, туку сплотува илјадници, илјадници милувања, промени на расположението и досегање до границите на умот, години на макотрпна работа, одминување на годишните времиња и стрпливо чекање на конечната цел.
fineweb-2
Pobaraj.com.mk го задржува правото да не објавува и да брише огласи со навредлива содржина од било каков тип. Ги замолуваме сите посетители и корисници на сајтот кои ќе забележат злоупотреба на додавањето на огласи да нè известат што поскоро на тој начин што ќе ги пополнат следниве информации. Оваа секција може да има содржина која е само за возрасни. Со продолжување потврдувате дека имате над 18 години. Предложи Категорија / Подкатегорија Предложете категорија или подкатегорија која сметате дека ние ја имаме изоставено. Пофалби / Критики Ова место е резервирано за корисниците кои сакаат да остават коментари во врска со функционирањето на сајтот Pobaraj.com.mk. Сите Ваши пофалби и критики се добредојдени и пожелни. Ние очекуваме да ги споделите Вашите мислења со нас со цел да им излеземе во пресрет на Вашите потреби! Постави Прашање Поставете прашање и нашиот тим ќе Ви одговори во најкраток можен рок.
fineweb-2
Охриѓанецот Христо Силјанов не е големо македонско име во бугарската политика, но затоа, пак, зазема врвно место според умешноста и начинот на презентирање на македонското минато, независно од неговите пробугарски определувања. Македонската револуционерна борба, посебно Илинденското востание, раскажана од него изгледа многу повеличествено и подостоинствено отколку што сме ја знаеле пред да ги прочитаме неговите книги. По повод 100-годишнината од Илинденското востание, во издание на "Култура" на македонски јазик беше преведен првиот од двата тома на "Ослободителните борби на Македонија". Иако за оваа извонредна хроника за македонската борба се знаеше од поодамна, поради идеолошки предрасуди на македонската јавност и' беше претставена дури по седумдесет години од објавувањето во Софија. По прочитувањето на последните страници од првиот том, најсилната асоцијација што се појавува кај секој е дека Илинденското востание било извонредно величествен настан од македонското минато. Не поради изобилството на факти што очигледно умешно ни ги соопштува Силјанов за да не' пренесе во крваво и судбоносно време, туку поради начинот како ја презентира македонската борба и духот што провејува низ секоја страница. Никој досега не успеал да ја пренесе македонската борба така автентично, непосредно и човечки како Силјанов. Тој е истовремено и историчар и хроничар, но и емотивен раскажувач кој умешно ни ги претставува херојските подвизи и погроми на нашите предци. Тој знае да ни ја наслика нивната гордост и ранета душа, да ни ги пренесе нивните надежи и очекувања, да побуди силни патриотски чувства. Со еден збор, знае да ја направи историјата да се чита како роман. На страниците на "Ослободителните борби" секој факт, секоја бројка, секој настан е гарниран со по некој револуционерен лик, со имињата на многу наши знајни и незнајни јунаци. Благодарение на Силјанов, дознаваме дека во Костурско пред 100 години постоел храбриот убавец Дине Абдураман, кој опколен во својата куќа сам четири дена се борел со аскерот, кој за да му се доближи како штит, ги зел пред себе неговата жена, ќерка и сестра. Но, Дине го направил она што никој не го очекувал, ладнокрвно ги убива своите најблиски, но и душманите и со јатаган в рака излегува надвор за да го заврши својот живот. Тој знае дека е подобро да умре херојски отколку тој и семејството да бидат измачувани до смрт. Од Силјанов дознаваме и за едно момче, исто така, од Костурско, кое не пуштило ниту глас додека Турците му го сечеле увото за да видат дали е жив по битката со нив. Дознаваме и за војводата Кузма Стефов, кој ранет се крие кај својата пријателка, учителката Василка Иванова. Аскерот, трагајќи по него, насила влегол во станот на учителката и таму ги пронашле нивните трупови. Силјанов, неоспорно, има смисла да им даде живот на историските факти, а на тој што го чита да му ја приближи историјата од човечката страна, за да му стане поблиска. А ние треба сите да ја знаеме драмата на Илинден од сите аспекти. Тој е учесник во некои од епизодите на таа драма. Присуствувал на многу состаноци заедно со големите револуционери кои решавале за судбината на Македонија на расправите по солунската одлука за пребрзано кревање востание. Ги познавал Гоце, Даме и сите големи револуционерни имиња, а со четата на Марко Лерински го придружувал Делчев на неговата најважна обиколка низ Македонија, низ селата на Костурско. Благодарение на неговиот усет за времето во кое живеел, денес знаеме за драмата за Илинден во која главни актери биле нашите предци. Силјанов говори за македонски Бугари, за бугарски села на македонските простори. Наместа го употребува и терминот Македонци, но очигледно во географска смисла. Но, тоа треба да се разбере и сфати. Такви биле времињата и условите во кои војувале Македонците. Нема поголемо македонско име поврзано со македонската борба, а да не престојувало во Бугарија и по силата на приликите потпаѓало под влијание на средината која отворено настојувала да ги асимилира луѓето што се засолнувале таму. На крајот на краиштата, во тоа време на македонските простори главниот збор во воспитувањето и школувањето го имала бугарската егзархија. Над 100 илјади Македончиња поминале низ нејзините училишта во кои се проповедала бугарштината. И нашите најголеми револуционери Гоце Делчев, Даме Груев, Ѓорче Петров, Пере Тошев и други биле егзархиски учители. Тоа бил единствениот начин да бидат меѓу народот и со народот, да ја организираат борбата. Дали сега мора заедно со валканата вода да се фрли и детето. Неоспорно е дека тоа востание било македонско, а не бугарско, неоспорно е дека таа голема борба била македонска, дека тие храбри и големи луѓе биле наши луѓе. И самиот Силјанов говори за посебноста на македонската борба и самиот тој целосно ќе застане на страната на Гоце Делчев и до крај ќе ги брани неговите ставови за нејзината посебност, дека победата можат да ја извојуваат само Македонци. Тој во книгата ќе го осуди врховизмот и жестоко ќе ја нападне Бугарија поради нејзиниот сеирџиски однос спрема востанието. Додека востаниците со месеци крвавеле, кнезот Фердинанд патувал во странство, а бугарската влада настојувала да и' се приближи на Отоманската Империја. Затоа Силјанов треба да се чита без предрасуди и стравови дека тој може на некој начин да влијае на нашата национална свест. Напротив, илинденската епопејата раскажана од перото на Силјанов може само да ги збогати нашите сознанија, да го подигне македонскиот дух. Силјанов ги напишал "Ослободителните борби на Македонија" по барање на Илинденската организација во Софија. Првиот том излегол во 1933 година, а вториот четири години по неговата смрт, во 1943 година. Академик Иван Катарџиев, во поговорот на вториот том на македонското издание, вели дека Силјанов во првата книга, главно, објективно ја пренесува борбата на македонското ослободително движење, во која жестоко го осудува врховизмот, што не може да се рече за втората, во која ја напаѓа левицата, која настојува да се ослободи од бугарското влијание и да ја развие свеста за сопствено човечко, културно и национално достоинство. Во вториот том Силјанов нема ниту збор за Мисирков и за неговото познато дело, за барањата да се воведе македонски јазик за кој пишувале дури и англиските весници. Академик Катарџиев го поставува прашањето дали Силјанов намерно го сторил тоа или, пак, тоа е дело на оние кои по неговата смрт го редактирале и го објавиле вториот том? Според него, нема дилеми дека постојат разлики во начинот на конципирањето на структурата и излагањето на содржината меѓу првиот и вториот том. "Од кусиот опис на живописот на Силјанов може да се види дека близината со идеите на Гоце Делчев во еден период имале влијание и врз неговото залагање за самостојност на македонското национално ослободително движење, како и за поддршката на демократските сили во него. Промените на Силјанов настапиле по поразот на Илинденското востание", заклучува Катарџиев. Христо Силјанов е роден во 1880 година во Цариград. Неговиот татко, охриѓанецот Иван Силјанов, починал млад, а за малиот Христо се грижел неговиот чичко. Се школувал во Истанбул, Солун и Битола. Историја завршил во Софија, а специјализирал во Швајцарија. Починал во 1939 година во Софија. За време на османлиското владение, бил учител во Прилеп, Леринско и во Костурско. Подоцна го напуштил учителствувањето за да се бори со пушка в рака и и' се приклучил на четата на војводата Марко Лерински. По Илинденското востание, се прибрал во Софија, а за време на Првата балканска војна предводел чета во Костурско.
fineweb-2
Ако си во Њујорк во дискотека на 18ти спрат и ужасно многу ти се оди во тоалет, нема да пребираш дали ќе те види цел град или не. Па така, ова е чист пример за безгрижно вршење на "работата". Сликано е во клубот Boom Boom Room, а кој би рекол дека некој ќе "добаци" до 18-ти спрат, па уште и дека ќе успее да направи фотки!
fineweb-2
Како да го добијам Божјото опростување? Прашање: Како да го добијам Божјото опростување? Одговор: Во Дела 13:38 се кажува: " И така, мажи браќа, знајте дека преку Овој ви се навестува простување на гревовите." Што представува опростувањето и дали ние имаме потрба од него? Зборот "простува" означува да ја избришe страница, да се извини, да се поништи долг. Кога постапуваме лошо спрема некој, ние имаме потреба од неговата прошка за да се обноват нашите добри односи. Прошката не се дава затоа што човекот што згрешил према нас заслужува да му биде простено. Никој не заслужува да му биде простено. Прошката е дело кое е израз на љубов, милост и благодат. Прошката е решение да не се лутиш на некого, независно од тоа што тој ти направил. Во Библијата се кажува дека сите ние имаме потреба од Божјото простување. Сите ние сме правеле гревови. Во Проповедник 7:20 се кажува: " На земјата нема праведник, кој правејќи добро никогаш не согрешил." Во I Јован 1:8 се кажува: "Ако речеме дека немаме грев се измамуваме сами себе, и вистината не е во нас." Но на крајот, сите гревови се одраз на нашето непокорство спрема Бог (Псалм 51:4). Точно затоа ние имаме неверојатно голема потреба од Божјото опростување. Ако не добиеме опростување ќе треба да ја поминеме целата вечност во постојани страдања како последица на нашите гревови (Матеј 25:46; Јован 3:36). Простување – Како да го добијам? За наша радост Господ е љубов и е милостив. Тој силно посакува да ни ги прости гревовите! Во II Петрово 3:9 ни кажува: " ... Тој го покажува Своето трпение кон вас, зашто не сака некој да пропадне, туку сите да дојдат до покајание." Бог сака да ни прости и затоа ни овозможува сè што е неопходно за тоа да се случи. Единствената праведна казна за нашите гревови е смрт. Во првата половина на Римјани 6:23 е запишано: " Зашто смртта е плата за грев..." Ние ја заслужуваме вечната смрт поради нашите гревови. Но Бог, по својот совршен план, постана човек - Исус Христос. (Јован 1:1, 14). Така Исус умре на крстот носејќи ја на Себе казната, што ние ја заслужуваме – смрт. II Коринтјани 5:21 нè поучува дека: " Оној, Кој не знаеше за грев, Бог Го направи грев за нас, за да станеме Божја правда во Него." Исус умре на крстот така што Тој ја претрпе казната, што ние ја заслужувавме! И поради тоа што Исус е Бог, Неговата смрт е доволна за простување на гревовите на целиот свет. Во I Јован 2:2 пишува. "Тој е жртва помирница за нашите гревови; не само за нашите, туку и за гревовите на целиот свет." Исус воскресна од мртвите и ја прогласи својата победа над гревот и смртта (I Коринтјани 15:1-28). Благодарение на Бога, преку смртта и воскресението на Исус Христос, втората половина на Римјани 6:23 исто така постанува реалност: " ...но благодатниот Божји дар е - вечен живот во Христа Исуса, нашиот Господ." Дали сакаш да ти бидат простени гревовите? Дали го чувствуваш постојаното чувство на вина, од кое што неможеш да побегнеш? Можеш да добиеш опростување на гревовите ако веруваш во Исус Христос како твој Спасител. Во Ефесјаните 1:7 е напишано: "во Кого имаме откуп преку Неговата крв, прошка на гревовите, според богатството на Неговата благодат." Исус го плати нашиот долг за да ни биде простено. Се што треба да направиш ти е да го помолиш Бог преку Исус да ти прости, верувајќи дека Исус Христос умре за да плати за твоето опростување – и Тој ќе ти прости! Евангелието според Јован 3:16-17 ја содржи во себе таа прекрасна вест: "Зашто Бог толку го возљуби светот, што го даде Својот единороден Син, та секој, кој верува во него, да не загине, туку да има вечен живот. Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него." Простувањето - Дали навистина е толку лесно? Да, толку е лесно! Неможеш да го заработиш Божјото опростување. Не можеш да платиш за него. Единствено можеш само да го добиеш со вера, преку благодатта и милоста на Бог. Ако сакаш да Го примиш Исус Христос како свој Спасител и да добиеш опростување од Бог, тука ќе ти предложиме една молитва, по која што и ти можеш да се помолиш. Со самото изговарање на оваа или било која друга молитвa, нема да се спасиш. Единствено, довербата во Исус Христос може да ти донесе опростување на твоите гревови. Оваа молитва е само еден начин да ја изразиш својата вера во Бог и да Му заблагодариш за простувањето, што ти го дава. "Господе знам дека сум погрешил/а кон Тебе и дека заслужувам да бидам казнет/а за тоа. Но Исус Христос ја зеде на Себе казната, што јас ја заслужив, така да преку вера во Него да ми биде простено. Јас сега свртувам грб на својот грев и Ти се доверувам за моето спасение. Ти благодарам за Твојата прекрасна благодат и простителност, за дарот – вечен жовот! Дали тоа што го прочита до тука те доведе до одлука да Го прифатиш Исус Христос? Ако одговорот е "ДА" тогаш притисни на копчето "Денес го прифатив Христос" вратете се назад на основната македонкса страница Како да го добијам Божјото опростување?
fineweb-2
E - banking Што е e-banking сервисот? Е-banking сервисот на Стопанска банка ви овозможува од дома, од канцеларија или од било кое место со пристап до интернет, да извршувате финансиски трансакции или да вршите увид во состојбите и извештаите за вашите сметки и вашите кредитни и депозитни производи во Банката. Е-banking сервисот на СБ се одвива преку енкриптирана комуникација помеѓу клиентот и Банката со посредство на интернет. За е- banking сервисот Стопанска банка користи сопствено програмско решение и највисоки стандарди за сигурносна идентификација. За користење на оваа услуга потребно е да имате комјутер приклучен на интернет и да се пријавите преку интернет или во една од филијалите на Банката. НОВО: Стопанска банка АД - Скопје воведе услуга девизно плаќање за физички и правни лица. Корисниците кои сакаат да им биде овозможена оваа услуга треба да ги пополнат документите наведени на овој линк. e-banking УСЛУГИ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА: • Вршење на плаќања од денарските или девизните трансакциски сметки за физички лица, во согласност со Терминскиот план на СБ • Следење на тековна состојба на сите денарски и девизни сметки • Следење на дневни трансакции на сите денарски и девизни сметки • Преземање на изводи за сите денарски и девизни сметки (вклучително и за кредитни картички) • Увид во листа на плаќања и амортизациони планови за кредитни производи • Увид во детали за депозитни производи • Информација за датумот на истекување на дозволеното пречекорување на денарската тековна трансакциска сметка за физички лица
fineweb-2
Фотографија на природа Содржина Фотографии на природа[уреди] Фотографии на природа се однесувааа на широк спектар на фотографии сликани на отворено, наменети за прикажување на елементи од природата како што се пејсажи, дивина, растенија и запечатување на природни сцени и текстури. Фотографијата на природа се стреми да го нагласи естетската вредност на сликата за разлика од другите фотографски жанрови, како што се фото-новинарството и документарната фотографија. Фотографиите на природа се објавени во научни, патни и културни магазини како што се Магазинот Нешнал Географикс (National Geographic Magazine) , Магазинот Нешнл Вајлдлајф (National Wildlife Magazine) и Магазинот Аудубон (Audubon Magazine) или други поспецифични магазини како што се "Аутдор Фотографер" (Outdoor Photographer) и Нејчерс Бест Фотографи (Nature's Best Photography). Меѓу најпознатите фотографи на природа спаѓаат и Франс Лантинг (Frans Lanting), Гален Ровел (Galen Rowell), Елиот Портер (Eliot Porter) и Арт Волф (Art Wolfe). Фотографија на дивина[уреди] Фотографијата на дивина е посветена на фотографирање интересни животни во движење, како што е јадење, борење, или летање. Иако најчесто се фотографира во дивина, животинските фармите во забавните паркови се исто така честа локација за фотографирање на дивина. Техниките за фотографирање на дивина многу се разликуваат од оние кои се користат за фотографирање на пејсажи. На пример, во фотографиите на дивина се користи широк дијаметар на оптичката леќа за да се овозможи голема брзина на сликање, замрзнување на движењата на субјектот, и да ја замати позадината, додека кај пејсажите, фотографите претпочитаат мали оптички леќи. Дивината најчесто се фотографира со долги фотографски леќи од голема далечина; употребата на ваков тип на леќи често наложува потреба од троногалка (бидејќи колку е подолга леќата, толку е потешко да се држи). Многу фотографи на дивина користат параван или камуфлажа. Макро/ Композиција[уреди] Пишаниот член за макро фотографија ја објаснува генерално фотографијата одблизу; имено, ова е исто така еден тип на фотографија на природа. Доколку познатите макро-субјекти – пчелите, вилинското коњче, и т.н. – може да се опишат како диви животни, нивниот свет исто така може да оствари добра фотографија. Многу фотографи снимаат фотографии на композиција од камчиња, кора на дрво, или други слични мали сцени. Многу од овие слики се апстрактни. Ситни тревки и печурки се исто така популарни субјекти. За фотографирање на природата одблизу не е секогаш потребна макро леќа бидејќи сцените се и онака доволно мали што и општо се сметаат за поинакви од регуларните пејсажи. Употреба на бои[уреди] Присуството (или отсуството) на боја не е услов за фотографијата на природа. Повеќе црно- бели фотографии се направени со дигиталните направи денес отколку во филмовите од 1930тите. Ансел Адамс (Ansel Adams) е познат по неговите црно- бели прикази на природа, кои што се сеуште длабоко почитувани. Гален Ровел (Galen Rowell) ги возвишуваше филмовите Фуџифилм Велвиа за нивната бистрина, заситени бои, со фразата "Кој сака да направи безживотна фотографија која ќе трае сто години?" И двајцата правеа разлика помеѓу фотографијата како уметничка форма на изразување и сензитометријата; прецизно размножување не е неопходно. Етика[уреди] Многубројни етички грижи и дебати кружеа околу создавањето на фотографии на природата. Вообичаените тематики се однесуваа на потенцијалниот стрес или штета врз дивината, можноста фотографите да ги опусошат и уничтат природните простори, употребата на животинските фарми во забавните паркови, и веродостојноста и манипулацијата со фотографиите.
fineweb-2
Дефекација Дефекацијата е завршен чин од варењето на храната кога организмот ги исфрла во надворешната средина отпадните производи од варењето т.е. Поимот дефекација доаѓа од грчкиот збор feces што значи измет и de што значи да се отстрани. Кога ректумот е полн, доаѓа до зголемување на внатрешноректалниот притисок кој ги шири ѕидовите на аналниот канал, овозможувајќи им на отпадните материи да влезат во каналот. Со притисокот ректумот се извиткува и со т.н. перисталтичен бран ги турка овие материи надвор од ректумот. Мускулите на внатрешниот и надворешниот сфинктер го отвораат анусот и овозможуваат отпадните материи (фецесот) да бидат исфрлени надвор. Во нормални услови дефекацијата се одвива врз принцип на два механизма: - нагонско (рефлексно) празнење на цревата условено со работата на дебелото црево. Дебелото црево е резервоар за содржината, но тоа го контролира сфинктерот (мускул во облик на прстен) кој се отвора при празнењето на цревата и се затвора при завршувањето на празнењето - отворањето и затворањето на прстенестиот мускул (сфинктер) го регулира празнењето на цревата, а при тоа постои и свесна контрола (преку мозокот), со која можеме да ја задржиме или одложиме дефекацијата, односно имаме јасно сознание за празнењето на цревата. Зачестеноста на дефекацијата кај луѓето изнесува од 3 пати на ден до 3 пати седмично.
fineweb-2
Источнокинеско Море Источното Кинеско Море е плитко со реосечна длабочина од само 349 м. Од Жолтото Море е одвоено со замислена линија што оди до островот Чеџу кај самиот врв на Корејскиот Полуостров до утоката на реката Јангцекјанг на кинеското копно. Кон југ ова море е поврзано со Јужното Кинеско Море со тесниот Тајвански Проток што се наоѓа меѓу кинеското копно и островот Тајван. Западниот дел на морето во поголем дел покрива област на континентален подводен гребен. Неговиот најдлабок дел, коритото Окинава, се протега на неколку стотици километри по должината на западната страна на островите Рјукју, на исток. Топла струја (разгранок од Куро-шио стријата) влегува во Источното Кинеско Море а исток од Тајван и се движи северно, а нејзините разграноци навлегуваат во Жолтото и Јапонското Море на североисток. Лете, топли и влажни ветрови од западниот дел на Пацификот во Источното Кинеско Море носат обилни дождови, понекогаш со урагани. Зиме над морето дуваат студени и суви ветрови од азиското копно. Риболовот е еден од основните извори на приходи во оваа област, а најмногу се лови ингчун, туна, ракчиња, скуша и еден вид риби слични на јагулата. Источното Кинеско Море претставува главна поморска сообраќајница до пристаништата во Јапонија и на други места во северниот дел на Тихиот Океан.
fineweb-2
Bill Davenhall: Бил Давенхол: Вашето здравје зависи од местото на живеење Каде живеете - тоа влијае на вашето здравје исто колку и исхраната и гените, но не е дел од вашиот здравствен картон. На TEDMED, Бил Давенхол покажува како занемарените гео-локациски податоци (од бројноста на срцевите удари до информации за токсични депонии) може да се искористат од мобилните GPS апликации и да им помогнат на лекарите. Наречете го тоа "гео-медицина".
fineweb-2
Цимерман е роден во 1685 г. во Гајспоинт, близу Весобрун, Баварија. Станал градежен мајстор и штукатор. Неговиот постар брат Јохан Баптист Цимерман бил архитект и фрескописец. Браќата твореле заеднички, изработувајќи ремек-дела како црквата Штајнхаузен. Доминикус Цимерман потекнувал од семејство на уметници и занаетчии од таканаречената "Весобрунска школа". Работел најпрвин како штукатор, а потоа станал градежен мајстор и архитект. Живеел во Ландсберг на Лех и служел како негов градоначалник од 1748 до 1753 г. Починал близу Поклоничката црква во Вис кај Штајнгаден во 1766 г.
fineweb-2
Сумерска архитектура Рамнината помеѓу реките Тигар и Еуфрат (Месопотамија) немала минерали и дрвја. Сумерските градби се план-конвексни глинени тули, без врзивен материјал како малтер или цемент. Бидејќи плано-конвексните тули (заради тоа што се заоблени) се однесуваат нестабилно, на секои неколку реда тули сумерските градители ставале еден ред поставен нормално на нив. Празнините се популнувале со битумен, сено, барски трски и плевел. По извесно време ваквите градби се изјаловувале, и затоа биле повремено рушени, зарамнувани, и повторно градени на исто место. Ова постојано преградување полека ја накачило висината на градовите, и така тие станале повисоки од околната рамнина. Ваквите брда се нарекуваат телови и ги среќаваме ширум античкиот Близок Исток. Сумерските цилиндрични печати исто така на нив прикажуваат куќи кои се градат од трска, слични на оние до скоро градени од барските арапи во јужен Ирак . Во сумерската култура писарите играле важна улога, и тие ја запушувале изградбата која се изведувала за владата, благородништвото и кралското семејство. Зигурати[уреди] Најславните и импресивните сумерски градби се зигуратите - големи платформи со тераси на нивоа со храм на врвот. Зигуратите служеле каок инспирација за Вавилонската кула во Библијата (видете Етеменанки). Зигуратите типични за Убаидскиот период биле градени многу високо на платформа од глинени тули. На овие големи платфрми биле градени постепено помали и помалки концентрични платформи, иако понекогаш се граделе и приземни храмови типични за протописмениот перидо. Овие биле слични на некои современи згради во облик на зигурати. Многу храмови биле испишувани со натписи, како оние кај Укаир. Видете исто така[уреди]
fineweb-2
Петиција: Укинете ја додадената електрична моќ од 33 %! Организација за демократска реакција и асоцијација на здруженија Македонија (ОДРАЗ) и граѓанската иницијатива АМАН , покренаа петиција за укинување на обврската на граѓаните да плаќаат 33% поголеми сметки за струја на име "додадена моќ на потрошената електрична енергија". Петицијата, со подршка од граѓаните треба да се најде во рацете на Ѓорге Иванов, претседател на Република Македонија, премиерот Никола Груевски и до Владата на Република Македонија. Еве што стои во петицијата: Господа, Граѓаните на Република Макеодонија веќе неможат да ги премолчат кражбите што им ги прави приватната компанија ЕВН, компанија која за 33% не краде на секоја сметка. Овој народ веќе неможе да ги поднесе преголемите додадени давачки во сметките за електрична енергија. Зошто да плаќаме нешто што не го трошиме? Зошто дозволувате некој да ги краде граѓаните? Вие сте на власт со позајмен глас од Нас граѓаните, а не сте родени на таа функција.Ние сме имале доверба и сме ви го позајмиле Нашето право на глас и затоа од Вас бараме да ја укинете ставката за додадена електрична моќ од 33%. Дали знаете дека во Република Македонија према вашата статистика живеат: 700.000 сиромашни граѓани 250.000 невработени граѓани 46.700 приматели на социјална помош 29.700 приматели на технолошки, стечаен и друг додадок од Заводот за вработување Како можат овие граѓани да ги подмират своите сметки? Под итно бараме: -Укинување на ставката додадена електрична моќ од 33 % -Враќање на евтината тарифа на електричната енергија -Проценка на пренасочувачите т.е. трансформаторите кај секој потрошувач и исплата за нивно користење затоа што тие се градени со наши пари -Доделување на акции за секој граѓанин за нашите далноводи и целокупниот преносен електричен систем во Република Македонија, затоа што сето тоа е градено со наши пари. Вие треба да бидете наши заштитници а не наши уништувачи, затоа Ве замолуваме да ги прифатите нашите барања за доброто на граѓаните на Република Македонија. ОДРАЗ -Организација за демократска реакција и асоцијација на здруженија Македонија АМАН – граѓанска иницијатива контакт [EMAIL] 048 400-090 071 432-343 www.odraz.mk
fineweb-2
Народна литература Народната литература е создадена од народот или пак како наратор се зема народниот раскажувач. Но поточно народната литература е создадена од колективен автор. Таа се пренесувала од колено на колено (од генерација на генерација) по усмен пат. Најпознати собирачи на народни умотворби од Македонија се Марко Цепенков, Кузман Шапкарев, Константин Миладинов, Димитар Миладинов и др. |Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите.|
fineweb-2
MNR Makedonija Почитувани Македонци, Еден од најважните моменти од почнувањето на новите мандати месецов е конфликтот кој неодамна настана помеѓу земји со кои еМакедонија има одредена дискутабилна историја. Имено, како и што беше очекувано, најактуелните случувања во изминатиот ден се токму поврзани со овој настан. И двете земји, и еПолска и еТурција долго време имаа различни патишта, но неодамна се создаде шанса за нивно вкрстување и одмерување на силите. Како и во секоја војна, и двете страни очекуваат да бидат подрржани од старите и новите пријатели. Имајќи ја во предвид историјата со двете земји, која и не е најпозитивна, од МоФА составот уште утринава беше одлучено да се стои настрана, бидејќи не би сакале да ги влошуваме нашите дипломатски односи уште повеќе со ниту една од инволвираните страни. МоД тимот беше навремено известен и се работеше координирано во зачувување на неутралноста на нашата земја кон овој новонастанат проблем. Подоцна денес, бевме официјално исконтактирани од еПолската претседателка, со која после долги убедувања и дискусии на оваа тема, решивме да и излеземе во пресрет и да им помогнеме на еПолска. Беше договорено да се организира удар, а сите потрошени средства да бидат финансирани директно од владата на еПолска, со пополнување на формуларот. Воспоставивме координација со МоД тимот со цел да го реализираме ветувањето кое го дадовме на старите пријатели, и се надеваме дека тие нема да го заборават тоа. Вистинскиот пријател се познава во тешките моменти, а ние докажавме дека сме големи луѓе и знаеме да ги препознаеме и цениме вистинските вредности. Се извинуваме за малите пропусти во наредбите, тие се менуваат неколку пати во денот според приоритетите, и тоа е разбирливо. Се обидовме да воспоставиме координација помеѓу различните сектори на владата што побрзо. Исто така, упатуваме апел до помошниците од секое министерство да не превземаат работи на своја рака, туку да ги следат наредбите на надлежните. Со почит МОФА тим на Македонија За шаут: [МНР МАКЕДОНИЈА] Објаснување околу ударот http://www.erepublik.com/en/article/-[PHONE]/1/20 ¿Qué es esto?Estás leyendo un artículo escrito por un ciudadano de eRepublik, un juego de estrategia multijugador inmersivo basado en países reales. Crea tu propio personaje y ayuda a tu país a alcanzar todo su esplendor mientras tú te consolidas como un héroe de guerra, un reconocido editor o un gurú de las finanzas.
fineweb-2
klimco Ако некој странец ве праша што треба да види во Македонија, имате два или три одговори: Охрид, Маврово. Ако ве праша по што е Македонија на пример, единствена во светот, знаете ли да кажете??? Колку манастири или цркви имаме? Најголемиот број ќе кажат многу, а повеќе од половина не знаат да набројат повеќе од две, а не па да дадеме патоказ како да стасаат до нив. Е, тогаш странците треба да имаат среќа да налетаат на некој кој знае. Колкумина од вас биле на Беровско или Дебарско езеро, струмичките водопади, сте ја виделе ли прекрасната црква во Радовиш, Св. Јоаким Осоговски и куп прекрасни македонски манастири, сте ги посетиле ли археолошките локалитети и стари градови и знаете ли дека во Македонија ги има за извоз? Еве еден пример, најскапата колекција монети која е продадена е токму од Македонија, и тоа колекцијата пеонски монети кој биле украдени од Македонија, а продадени без никакви последици на аукција во големата аукциска куќа Сотби. Колку си ја знаеме нашата сопствена татковина, нашата природа, нашата историја, корени? Рекламите на Владата изгледа треба прво во Македонија да се вртат по телевизиите, а после да одат во светот. Можеби нема да се согласите со мене, ама за да го поткрепам тврдењето, еве неколку факти за Македонија, некои познати, но некои малкумина ги знаат. Јас до нив доаѓам благодарение на работата која ја работам, па стигнуваат до мене вести и информации, но прашувам зошто сум од некои факти запрепастена што ги слушам. Одговорот на прашањето дали си ја знаеме Македонија барајте го во овие информации. - Во Македонија се наоѓа единственото европско наоѓалиште на рубини. Дали сте знаеле дека многу скапоцени камења што можете да ги видите во светските каталози се прокриумчарени од Прилепско. Странците го купуваат скапоцениот камен по багателни цени. Поради неупатеноста и желбата за заработка, кај прилепчани поминала приказната дека станува збор за минералот корунд и тоа од најниска класа. Рубини во Македонија има и може да се најдат во лежиштата на доломитските мермери како што е прилепскиот сивец. - Македонскиот рудник "Алшар" на планината Кожув е единственото наоѓалиште на светот на талиум и потенцијален "рудник" на еколошки чиста енергија. Од 2004 год., рудникот е евидентиран како споменик на природата и дел од мрежата на "Емералд" - мрежата за заштита на природните реткости. - Најквалитетниот опиум на светот е македонскиот. Вториот по квалитет е пакистанскиот со 7 морфиски единици, а следуваат со помали разлики останатите (колумбискиот на пример е околу 3, 5 МЕ. македонскиот е замислете 14 морфиски единици! - Најславниот од сите римски патишта врви во најголемиот свој дел низ Македонија, патот – "ВИА ИГНАЦИЈА" - Пештерата Пешна во Македонски брод во "Њујорк тајмс" е опишана дека е идентична како измислените пештери во "Господарот на прстените". - Во темелите на манастирот "Св. Богородица Пречиста" ( Кичевско ) има дел од крстот на кој е распнат Исус Христос. Дел од крстот има и во темелите на манастирот "Св. Јован Бигорски" како и во манастирот "Св. Георгиј Победоносец" во с. Рајчица, Дебарско. - Гробот на славниот Грк Зорба е во градските гробишта во Бутел. Алексис Георгиос Зорба, кој бил инспирација за романот "Гркот Зорба", живеел во Скопје имал жена деца и во 1942 година починал тука.. - Мајка Тереза, е родена во Скопје. - За татко на модерното воено инженерство се смета Дијад кој во времето на Александар Македонски измислил низа опсадни машини меѓу кои и катапултот. - Музиката во Македонија датира од 11 век. БОЛОЊСКИОТ ПСАЛТИР е напишан со кирилица во селото Равен, Охридско, а во охридскиот музеј се чуваат нотни писма 14 музички ракописи датирани од 10 до 14 век. - Најстаро дрво во Македонија е Платанус Ориенталис во Охрид познато како Чинарот. Расте од времето на Св.Климент Охридски, 9 век. - Најпознатата песна за Палестина и нивна химна е всушност напишана од Македонец.. Панде Манојлов, новинар и писател од Битола напиша песна за Палестина во далечната 1982 год. и ја објави во весникот Нова Македонија и денес таа е химна на Арапскиот свет. - Само во манастирот "Св. Ѓорѓија Победоносец" во МПЦ се изработуваат митри кои се мошне квалитетни и барани од епископите, не само од македонската црква, туку и пошироко. Од 2003 година до денес, монахињите имаат изработено над 150 митри што ги носат великодостоинственици на православните цркви во Америка, Африка, Русија, Грција, Украина, Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора и во други држави, ерусалимскиот патријарх и вселенскиот патријарх Вартоломеј. - Првиот светски златен медал на македонски фотографи - Браќата Манаки 1905 год. во Битола отвораат ново "Студио за уметничка фотографија" и учествуваат на големата светска изложба на фотографии во романскиот град Синаја 1906 година каде освојуваат прво место и златен медал за нивната фотографска колекција. - Во Скопје животот континуирано трае најмалку 7000 - 8000 години. Докази се неолитската тумба во Чаир, покрај неолитската тумба во Маџари и неолитската населба на Скопската Тврдина.. - Првата зоолошка на Балканот е во Скопје. - 120-те кукли во Куклица во близина на Кратово се стари 10 милиони години ( а ние за малце ќе ги потопевме со вештачко езеро...) - Еден од преживеаните од Титаник е Македонец. Стојко Додоловски од село Чучер, Скопска Црна Гора во последен момент прекупил карта од еден поп и се качил на Титаник. Кога бродот тонел, тој се фрлил во водата и се обидел да се качи на спасувачки брод со господа кои не го пуштиле. Плутал се` додека не го нашол единствениот од екипажот кој се вратил по преживеани. Спасил 12 лица меѓу кои и Стојко. - Според НАСА, Кокино е четврта на листата на најстари опсерватории во светот.. останатите се Abu Simbel Egypt, Stonehenge Grat Britain, Angkor Wat Cambodia. Но помалку позната е и Чочев Камен близу Кокино, стара 4 милиони години и посовремена од Кокино. - Македонија има 34 планини, 53 езера, природни и вештачки, најстарото во Европа, Охридското, е и најдлабоко на Балканот. Старо е 4 милиони години и во него има 200 ендемски видови кои се од светска важност.. - Во Македонија годишно се произведуваат повеќе од 135 милиони литри вино и 150 милиони литри ракија, а пиво 850 милиони литри. - Првата железничка пруга на Балканот Салоника – Скопје е изградена во 19-от век. - Анастасие I (Flavius Anastasius) (491-518), византиски цар, е најзаслужен за градбите во Македонија.. Самоилова тврдина, Маркови Кули, Скопско Кале итн. се од Јустинијан I... - Првата црква, првата покрстена во Европа е Македонката Лидија. 50 година по Христа, Ап. Павле како пастир на христијанството сакал да оди во Азија, но како што се вели во Библијата и Новиот завет во Дела апостолски 16.13: Преку ноќта на Павле му се јави привид : стоеше пред него еден човек, МАКЕДОНЕЦ, кој го молеше и му велеше : Прејди во МАКЕДОНИЈА и помогни ни ! Павле тогаш доаѓа во Македонија и основа нови цркви, по градовите – Филипи, Бер, Стоби и Охрид со што симболично и патот на Павле е во облик на голем крст над Македонија.. Првата покрстена на европско тло е Лидија Македонката од градот Тиатир која во ближниот Филипи продавала ЦРВЕНИ ткаенини.. Токму црвената боја е сеприсутна низ македонскиот фолклор, ткаенини, везови, но и борба на востаничките знамиња.. - Лесновскиот Манастир е прва монашка република на Балканот Во него постоело книжевно училиште – "Лесновски скрипторум" и тоа уште од половината на XI век, но и калиграфско (препишувачко), формирано во XIII век. Се` до 40-тите години од XIX век, во манастирот се наоѓала и најголемата библиотека на Балканот со огромен фонд на книги и ракописи собирани од најстарите времиња и најдалечни краеви, но и создавани тука, на автохтоното македонско подрачје. - Според археолозите и геолозите во Македонија, траги на живот има уште од времето на Плиоценот т.е пред првата ледена епоха. Во околината на Неготино се пронајдени коски за кои се претпоставува дека му припаѓаат на животно старо од 2 до 10 милиони години, а човекот од Егејска Македонија е постар дури и од познатиот неандерталец од Германија кој се проценува на 30 000 – 100 000 години старост. Со пронајдокот од Егејска Македонија се рушат и теориите за неандерталецот како најстар предок на човекот, особено што и други пронајдоци од најново време покажаа дека тој бил суштество сосем различно од човекот или некаков човечки предок - Првите карпести гравири создадени во Македонија и во светот пред 32 000 000 години Според наводите на Емануел Анати од Италија, директор на Светскиот архив за карпеста уметност и на францускиот академик Жан Клод дека Македонија е земја со најголем број примероци од ваков вид карпеста уметност во светски рамки. Мрежестите гравири, кои за прв пат беа откриени во местото Лас Мазил, во Франција, во Македонија се откриени во Пелагонија, во Славишко поле - Крива Паланка, во северниот дел на кумановскиот регион, во селата Тополовиќ, Горно Кратово и во други краишта на нашата земја. Ова е само мал дел од она што го знаеме или не го знаеме за нашата земја и потекло. Како ќе им раскажуваме на странците по што е Македонија уникатна и прекрасна ако не знаеме ни самите.. What is this?You are reading an article written by a citizen of eRepublik, an immersive multiplayer strategy game based on real life countries. Create your own character and help your country achieve its glory while establishing yourself as a war hero, renowned publisher or finance guru.
fineweb-2
Ministerstvo za Informiranje Драги играчи од еМакедонија, Хобаналени, Коштаплери и Хаоси, вие го читате првото Обраќање на Министерството за Информирање и Образование (МЗИ) за месец Мај 2013. МЗИ најпрво сака да го искористи првото Обраќање за да му ја честита победата на Димзааа во 56-иот избор за Претседател на еМакедонија и посака успешен мандат во месецот кој следува. Неговото прво обраќање прочитајте го овде. Причината поради која касниме со првото информирање е неактивноста на претходниот Претседател (и неговиот тим) заради кои, префрлувањето на Министертвата и организациите одеше бавно. Вкупно гласови на Претседателските избори за месец Мај: 1198 Вкупно гласови на Претседателските избори за месец Април: 1169 (секси број за секси CP) Во месецот што ни претстои се очекува веќе конечно да се знае кој ќе биде тим "А" а кој тим "Б". Имено, алијансата ЕДЕН сега и официјално се распадна па нејзините земји членки или ќе се придружат во некоја од веќе постоечките алијанси (CoT или TWO) или ќе се формира нова – трета алијанса. Судејќи по коментарите, најверојатно ќе се формира нова. Во светските новини актуелна е темата на заострувањето на одностите помеѓу CoT и TWO. Тема на расправија помеѓу двете алијанси е членството на еСАД во CoT. Иако еСАД беше 3 месеци пробна членка на CoT, (за разлика од останатите пробни земји членки – 1 месец) сепак реакциите од TWO беа прилично јасни ако се земе во предвид дека еСАД е еден од големите непријатели на еСрбија. Сето тоа резултираше со потпишување на MPP помеѓу еСрбија и еРоманија која претходно ја напушти EDEN алијансата. Во меѓувреме романската паравоена единица FAR славејќи ја нивната пет годишнина организираа пукање против еПолска (TWO членка) во регионот Saxony (еПолскиот мост кон ресурси) и успешно го ослободија. Нешто за што еПолските играчи ги обвинуваа еМакедонија и еБугарија. Сето тоа зачинето со пар добри тролови и овие два сојуза само чекаа кој прв ќе нападне и војната можеше да започне. Но се чини дека новата влада на еСрбија е поразумна од претходната (како и нашата) па воља за решавање на настанатиот проблем има и од двете страни и сега за сега работите се движат во нагорна линија. Ниту еСрбија сака војна со еМакедонија и обратно. Моментално ситуацијата е следна: еСрбија за да не би го продолжила MPP-то со еРоманија за возврат бара еСАД да го раскине своето MPP со еАлбанија. Дали еСАД ќе се покаже како земја достојна за членка на CoT и ќе работи во интерес на сојузот со тоа што ќе го отфрли МПП-то со еАлбанија, времето ќе покаже. Инаку денеска исто така ќе има и собир на Претседателите на членките од CoT каде што дополнително ќе се разговара за настаната ситуација, како и за референдумот кој што моментално трае во еЛитванија каде играчите гласаат дали земјата да го напушти CoT или не. Поважни линкови за помладите играчи: #eMKD - официјална chat соба на еМакедонија Народна Банка на Македонија - и Претседателскиот весник Министерство за Одбрана - и нивниот весник Министерство за Надворешни Работи - и нивниот весник Министерство за Економија - и нивниот весник За шаут: [МЗИ] Прво обраќање за месец Мај 2013 http://www.erepublik.com/en/article/-[PHONE]/1/20 Was ist das?Dieser Artikel wurde von einem Bürger von eRepublik, einem interaktiven Mehrspieler-Strategiespiel auf Basis real existierender Länder, geschrieben. Erstelle einen eigenen Charakter und verhilf deinem Land als Kriegsheld, anerkannter Zeitungsherausgeber oder einflussreicher Finanzmann zu Glanz und Gloria.
fineweb-2
АЛБАНИЈА: Еди Рама премиер, а Илир Мета прв парламентарец Лидерите се договориле само за своите функции, а работна група ќе прави план за работа во првите 300 дена Еди Рама и Илир Мета, лидерите на двете најголеми политички партии во Албанија, Социјалистичката и Движењето за социјалистичка интеграција (ЛСИ) од изборната коалиција "Алијанса за европска Албанија", на денешната прва средба се договориле само за функциите кои тие ќе ги заземат. На два и пол часовната средба двајцата лидери одлучиле да се формира работна група која ќе подготви план за работа за првите 300 дена. На изборите од 23 јуни колацијата обезбеди 84 пратенички места, 66 социјалистите, 16 ЛСИ и по еден Демохристијанската партија и партијата на Грците, Партија за заштита на човековите права. Коалицијата "Алијанса за вработување, благосостојба и интеграција" предводена од Демократите на Сали Бериша, а во која беше и единствената македонска паритја, МАЕИ, освои 56 места, од нив демократите имаат 49 пратеници, Партијата на Чамите четири и Републиканската партија три пратеници.
fineweb-2
Шест хоризонтални ленто во жолта, црна и црвена (секоја по два пати) и во средината се наоѓа сив крунисан жерав на бел диск. Знамето на Уганда е националното знаме на државата кое било усвоено на 9 октомври1962, на денот на независността. Тоа се состои од шест еднакви хоризонтални ленти започнувајќи во црна боја, па жолта, црвена, црна, жолта и црвена. Во средината се наоѓа бел круг и во него се наоѓа националната птица на Руанда - син крунисан жерав. Трите бои доаѓаат од Народниот Конгрес на Уганда и значат:
fineweb-2
221Б Бејкер Стрит Во сите приказни за Шерлок Холмс и неговиот пријател Др. Вотсон, Холмс живеел на адресата 221Б Бејкер Стрит. За време на приказните и периодот кога тие се пишувани, Британската Империја била во својот најголем подем и Лондон бил голем центар на културниот и социјалниот живот. Источниот дел на Лондон содржел соседства каде сиромашниот народ и работничката класа живееле. Најпознатите и богати луѓе живееле во Западен Лондон. Во Западниот дел на Лондон се наоѓале Мајфер, Кенсингтон и Регентс Парк. Бејкер Стрит била исто така дел од тој регион. За времето кога Сер Артур Конан Дојл го пишувал приказните и авантурите за Шерлок Холмс, улицата Бејкер Стрит навистина постоела, но немало адреса 221Б. Бејкер Стрит била мала, пократка од една милја. Таа се протегала од север кон југ со број на куќи од 1 до 85. Во 1930 година, некои од околните улици биле преименувани, бројот на згради се зголемил и Бејкер Стрит станала поголема. Во тој момент куќа со 221Б станала вистинска и адресата 221Б Бејкер Стрит, Лондон постоела. Набргу, зградата со број 221Б се разрушила и се изградила нова зграда користена од Аби Банка. Банката била главна канцеларија од 1932 до 2002 година. Денес таа сѐ уште е дел од Банката Аби и ги извршува сите свои функции. Поради уникатната и значајна врска помеѓу компанијата и Шерлок Холмс, банката изгради статуа на Шелок Холмс. Исто така, банката назначила и човек што ќе прима писма и разгледници што се упатуваат до популарната адреса 221Б Бејкер Стрит. Се сретнавме наредниот ден како што тој испланира, и ги рзгледав собите на бр. 221Б, Бејкер Стрит, за кои тој зборуваше за време на нашите состаноци. Тие се состоеа од пар удобни соби со кревет и единствена голема дневна соба, добро опремена со мебел и осветлена со два големи прозорци. Станот беше пожелен во секој поглед. (Студија во светлоцрвено, Сер Артур Конан Дојл) Така се опиша за прв пат најпознатата и најславната адреса во светската литература.
fineweb-2
Органска хемија ||Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. Органската хемија е дел од хемијата што ги изучува структурата, својствата и синтезата на органските соединенија. Органската хемија е наука која почнала да се развива во првата половина на 19 век. Името "органска хемија" за првпат е воведено во почетокот на 19 век, од страна на шведскиот хемичар Берцелиус. Денес се познати над 11.000.000 органски соединенија. Главната причина за големиот број органски соединенија е способноста на елементот Јаглерод (C) да се врзува на различни начини во самата структура на молекулата. Во почетокот органската хемија ги проучувала супстанците од кои се изградени живите организми(протеини ,масти,шеќери...)или,пак, тие што настанале со разложување на живата материја(нафта..).Овие супстанци биле наречени органски материи. Содржина Историски развој на органска хемија[уреди] Во почетокот на развитокот на органската хемија нешто прво што е карактеристично и важно е разбивањето и пропастот на витализмот, Витализмот било сфаќање од тогашните научници кои се занимавале со експериментална хемија дека се што е во природата може да настане само по природен пат, односно под дејство на некоја виша сила позната под латински назив Vis Vitalis.Витализмот бил воведен од Јарев. Така дури во почетокот на развитокот на органската хемија, кога сѐ уште се поставувале темелите на оваа гранка од хемијата, некои научници биле стого осудувани затоа што и се спротистануваат на природата, сакајќи да создадат нови суровини и суптанци кои ќе им користат во секојдневниот живот. Главно во тоа време научниците суптанците ги делеле на неоргански (оние кои не горат) и органски (оние кои имаат својство да горат), добро им било познато дека од органските суптанци со горење можело да се добијат неоргански, пример било дрвото, животинската маст која била користена за изработка на свеќи и слично. Но, обратен процес, во кој од неоргански материи би можело да се создаде органска материја сѐ уште не бил познат... Во тоа време луѓето користеле растенија за боење на памукот како што е индигото, екстракти и масла од растенија со кои ги лечеле раните, ја користеле дури и белата врба за лекување на треска, инаку во неа подоцна било откриено дека содржи големо количество на салицилна киселина и слично.., но сите овие суптанци кои се содржеле во растенијата можела да ги создаде само природата, барем така гласела виталистичката теорија.. Но, меѓу првите научници кои експериментирајќи со неоргански соли успеале да добијат органско соединение бил Велер кој бил ученик на Берцелиус. Тој забележал дека со загревање на амониум цијанид после ладење на растопената сол на ѕидовите од садот кристализира суптанца која има непријатна мирис која потсетува на кристалите на карбамидот (уреата), кои имале непријатна миризба на уреа. Во овој експеримент Велер ја разбил виталистичката теорија која била поставена од неговиот професор, подоцна Колбе во 1845 година успејал да синтетизира оцетна киселина. Потоа французинот Берло успеал да ги синтетизира сосема чисти: метил алкохол, етил алкохол, метан, бензен и етен(ацетилен). Но органските соединенија кои успеале да ги синтетизираат Велер, Колбе и Берто биле релативно прости. Суптанците карактеристични за животот се далеку по сложени. На пример: скробот, мастите и белковините. Со нив не било лесно да се работи. Се што се знаело за нив е дека тие можат да се разложуваат на прости т.н. "изградувачки блокови", со загревање на разблажена киселина или база. Советскитот хемичар Кирхов бил пионир во тој поглед. Тој успеал да го претвори скробот (загревајќи го со киселина) во прост шеќер кој денеска се нарекува глукоза. Французинот Блаконо делувал на белковината наречувана желатин на ист начин како Кирхов и добил просто соединение наречено гликокол.Тоа била органска киселина која содржи азот а припаѓа во групата суптанци кои носат име по Берцелиус, аминокиселини. Во следниот век биле откриени сите 20 аминокиселини кои учествуваат во градење на протеините. Францускиот хемичар Шеврел делувал на сапун (кој се добивал со загревање на мастите со алкалии) со киселина и издвоил масна киселина. Развој и значење на огранската хемија[уреди] Хемијата како наука била позната уште многу одамна, затоа што се користела во секојдневниот живот на човекот. Уште пред 1000 год. пр.н.е луѓето ги топеле рудите за да добијат предмети и оружја,а алхемичарите ги синтезирале новите соедниненија. Првен биле откриени од минерално потеклно, но имало и такви кои биле од животинско и растително потекло, кои се изолирале и неможеле да се синтезираат. Затоа дошло до поделба на супстанциите на : а)Неоргански-оние кои и припаѓаат на неживата природа и б)Органски оние кои и припаѓаат на живата природа. Неорганските соединенија имале свои специфичности-висока температура на топење, не согорувале, растворливи се во вода, и се многубројни, за разлика од Органските соединенија-ниска температура на топење, согоруваат, не се разтвораат во вода, и се во помал број, а во нивниот состав влегува јаглерод и водород. Поради ваквите разлики, дошло до воведување на поимот ,,животна сила,, кој бил воведен во 1810год. од стана на шветскиот хемичар Јан Јакобс Берцелиус, кои бил поврзан со виталистичката теорија која тврдела дека органските соединенија можат да настанат само во живи организми под дејство на животната сила. Но, тоа се променило во 1928год. која германскиот научник Фредрих Велер на едноставен начин покажал дека од амониум цијанит се добива карбамид или уреа. Виталистичката теорија се укинува и нејзиното место го завзема Велеровата теорија (органските соединенија можат да се синтезираат надвор од живите организми,и можат да се добијат од неоргански супстанции). Органските соединенија се сите соединенија на јаглерод со исклучок на неговите оксиди, јаглеродни киселини, солите и некои мал друг број на соединенија). Делот од хемијата што ги проучува својствата, структурата и синтезите на органските соединенија се нарекува органска хемија. Денес се познати над 6 милиони органски соединенија и е многу значајно за современиот живот на човекот. Затоа од органската хемија се изделуваат поднауки како биохемијата, фармацевска и медицинска хемија, молекуларна биологија, петрохемија, хемија на полимери, органска индустрија и др. Структурата на јаглеродниот атом и хемиски врски во органските соединенија[уреди] Големиот број на органски соединенија и нивните својства се должат на структурата на јаглеродниот Ц-атом и хемиските врски кој ги образува. Затоа за подобро да ја изучиме структурата и својствата на огранските соединенија потребна ни е електорнската градба на Ц-атомот, видовите на хибридизација и хемиските врски кој ги образува. Јаглеродниот атом има конфигурација 1ѕ22ѕ22р2 Но, во услови за добивање на хемиската реакција, еден од електорните во 2ѕ-орбиталата, оди во празната 2р-орбитала при што се добиваат 4 неспарени електрони, или 4 ковалентни врски. Затоа јаглеродниот атом е 4 валентен. Јаглеродните атоми можат да се сврзуваат меѓу себе преку единечни, двојни, тројни врски и притоа да се сврзуваат со други ц-атоми или со други соединенија. Тоа се должи на малиот атомски радиус. Видови хибридизација кај јаглеродниот атом Хибридизација е процес на мешање на атомските орбитали и добивање на хибридни орбитали кои имаат цел да ја покажат способноста на атомите за свзување. 1о ЅР3-орбитала Составена е од 2ѕ-орбитала и три 2р-орбитали при што се добиваат четири хибридни орбитали. Бројот на атомските и хибридните орбитали е ист. Хибридните орбитали се исто така атомски орбитали но не се молекулски и тие имаат иста енергија или се дегенерирани. Во секоја од нив се наоѓа по еден неспарен електорн и значи дека има четири единечни-сигма врски. Електорнските облаци меѓу себе се одбиваат и се добива форма на правилен тетраедер, па затоа оваа хибридизација е уште наречена и тетраедерска. Аголот меѓу орбиталите изнесува 109,5о 2о ЅР2-орбитала Составена е од 2ѕ-орбитала и две 2р-орбитали при што се добиваат три хибридни орбитали. Тие лежат во рамнина оддалечени 120о и оваа хибридизација се нарекува планарна-триаголна хибридизација. Во секоја од хибридните орбитали се наоѓа по еден електон и се обазуваат три единечни-сигма врски. Во р-орбиталата што не учествува во хибридизацијата останува еден неспарен електрон . Оваа орбитала е поставена нормално, над и под рамнината во која се наоѓаат трите ѕр2-орбитали. Со странично преклопување на оваа орбитала со р-орбитала од друг Ц-атом се добива пи-врска. А една единечна и една пи-врска образуваат двојна врска. Кога имаме ѕр2 хибридизација се образуваат една двојна и две единечни врски. Двојната врска е појака од единечната, а пи-врската е послаба во донос на сигма-единечната врска. Единечна-154пм, Двојна 134пм, Тројна 121пм 3о ЅР-орбитала Со мешање на 2ѕ-орбиталата и една 2р-орбитала се добиваат две хибридни врски. Овие орбитали лежат на една права под агол од 180о па затоа оваа хибридизација е наречена лиеарна-диагонална хибридизација. Во секоја од ѕр-хибридните орбитали се наоѓа по еден електрон што значи дека се обрзуваат две единечни-сигма врски. Во двете р-орбитали што не учествуваат во хибридизацијата останува по еден неспарен електрон. Овие орбитали лежат нормално над и под рамнинатаи со преклопување се добиваат две пи-врски. Едната единечна врска и двете пи-врски градат тројна врска. И така оваа ѕр-хибридизација гради една единечна и една тројна врска. Поларност и индуктивен ефект[уреди] Освен од структурата на C-атомот и неговите видови на хемиски врски, органските соединенија зависат и од други карактерискити како поларноста на врските. Врските образувани помеѓу C-атоми се неполарни,а неполарни се и помеѓу јаглерод и водород затоа што имаат блиски вредности на електронегативност. Но, ако за јаглеродниот атом се врзуваат елементи со висока електронегативност, тогаш станува збор за поларна врска. Се означува со грчката буква делта и знакот -,+ а мерката за големината на поларноста е диполниот момент-ми. Кај ц-атомот и поелектронегативниот атом се јавуваат парцијални-делумни полнежи, така што ц-атомот ке биде парцијално позитивен(делта+),а другиот пак ке биде парцијално негативем(делта-) Збирот на диполните моменти на врските во молекулата го дава вкупниот диплоден момент на соединението. -може да се случи соединението да биде неполарно (иако има поларни врски) поради диполниот момент кој е векторка величина. Поларноста има големо значење во физичките и хемиските својства на органските соединенија. Поместувањето на електорните од сигма врската долж јаглеродната низа се вика индукнивен ефект. Бргу опаѓа долж јаглеродната низа, што кај вториот или третиот атом е незначително мал. Различните атоми и атомски групи различно предизвикуваат различен индуктивен ефект. По договор е земено индуктивниот ефект да се одредува во однос на влијанието на водородниот атом од C-H врската. -ако за јаглерод се сврзе атом со посилно привлекување =негативен индуктивен ефект(-) тоа се атоми со голема електронегативност,атомски групи каде атомот што се сврзува со јаглерод има парцијално позитивен полнеж-поларни групи. -атомските групи коишто послабо го привлекуваат заедничкиот електорнски пар отколку водород имаат позитивен индуктивен ефект(+) тоа го покажуваат алкил групите.
fineweb-2
Хоплит Хоплит е тешко вооружен оклопник пешак во македонската војска. Хоплитите го претставувале најсилниот дел на армијата. Ваков вид на војници за прв пат се појавиле најверојатно во осмиот век пред нашата ера. Тие биле некој вид на градска милиција. Речиси сите познати личности во античко време во својот живот војувале како хоплити. Хоплитите не примале плата за својата служба, најчесто го одржувале јавниот ред. Опрема[уреди] Хоплитот типично располагал со следнава опрема: - заштита за градите - бронзени шлем со заштитни плочки за лицето - метална заштита за потколениците и колениците - дрвен штит наречен аспис. Останатата пешадија носела многу полесен оклоп и била наоружана со пократки копја и стрели. Штитовите исто така биле помали.
fineweb-2
За љубителите на свежиот воздух и активностите на отворено, зимата претставува кошмар кој трае и никако да заврши. Тоа е и периодот кога многумина качуваат по некој килограм повеќе затоа што студот не дава многу можности за физички активности. Сепак, зимата и снегот имаат и своја светла страна, па ако имате желба да спортувате на свеж зимски воздух постојат повеќе начини како да ги потрошите калориите. Еве неколку идеи како да се забавувате и да вежбате на отворено во зима, без да ги посетувате скапите ски-центри. Трчање на снег Трчањето е еден од најдобрите начини за трошење калории кога е топло, но трчањето на снег е нешто сосема друго. Отпорот што го создава снежната покривка е вистински предизвик и за физички спремните. Напорот да се остане стабилен ќе придонесе да се потрошат многу повеќе калории од вообичаено, а ќе се зајакнат и мускулите на нозете. Пешачење Можете да пешачите кога било и каде било. Тоа е добра причина да побегнете од градската рутина на физичка неактивност и преку контактот со природата да се ослободите од стресот. За да се ослободите и од некој килограм и да ги зајакнете мускулите на нозете, најдобро би било да изберете нерамен терен, на којшто би се качувале по угорнина, или пак предел каде што би пешачеле од едно ритче на друго. Лизгање на мраз Лизгањето не само што е многу забавно, туку и ги размрдува сите мускули на нозете. Ако нема лизгалиште во вашиот град, обидете се да најдете некое замрзнато езерце во околината. За да ви биде позабавно можете да го соберете друштвото, да си направите логорски оган и да си сварите чај, и од тоа да направите голема авантура и многу спомени. Санкање Спуштањето со санката ќе ви донесе адреналин, но не и толку посакуваното согорување на калории. Работата ќе ја заврши влечењето на санката по угорнината по која сакате да се спуштите. Ако имате деца или внучиња можете зимата да им ја направите многу забавна ако бидете оној што ќе им ја влече санката, а во исто време ќе си ја подобрите физичката кондиција. Возење велосипед на снег За да возите велосипед на снег пожелно е да имате гуми наменети за тоа, но дури и да немате слободно впуштете се во оваа авантура. Ова бара многу повеќе напор отколку возењето велосипед на сува подлога, па тоа ќе го почувствувате на нозете, а и целосно ќе ве исцрпи. Покрај тоа, неопходна е и добра концентрација со цел добро да го балансирате велосипедот и да избегнете евентуален пад, кој сепак не е многу страшен кога е на снег. Фудбал на снег Наспроти раширеното верување дека фудбалот е спорт којшто се практикува само во топлите месеци, тој е и еден од најдобрите начини да останете фит во зима, а во исто време да се забавувате со друштвото. Најубавата игра на светот ќе ви ги донесе истите здравствени бенефити како и трчањето, надополнето со многу повеќе забава. Немојте да се плашите од повреди. Паѓањето на снег не боли. Играње во снегот Ако спортувањето ви е премногу тешко, едноставно играјте во снегот. Каква било игра ќе ве размрда. Традиционалните игри како борбите со снежни топки (сè додека е безбедно), правењето снешко или замоци од снег секогаш се добар избор. Ако имате можност да ги играте со деца или внучиња, ете ви можност да го разбудите детето во себе и да се потсетите како изгледаше тоа кога снегот и студеното време не ви беа пречка за добро да се забавувате. Која активност и да ја изберете, не заборавајте добро да се облечете. Најпрепорачливо е облекувањето во повеќе слоеви, затоа што тоа ќе ја задржи топлината на телото, а во исто време ќе дозволи потта да помине низ слоевите. Потребни ви се и обувки со кои полесно ќе се движите низ снегот. Пред каква било активност добро загрејте се, затоа што кога е студено мускулите се склони кон истегнувања и други повреди. И уште нешто не помалку важно, зимските физички активности значително помагаат во борбата против стресот, депресијата и анксиозноста, па затоа немојте да се двоумите дали да излезете надвор оваа зима.
fineweb-2
Програмирање |Викиуниверзитетот има учебни материјали за programming| Компјутерско програмирање (често се користи за програмирање, скриптирање , или кодирање) е процес на дизајнирање, пишување, тестирање, дебагирање и одржување на изворниот код на компјутерските програми. Овој код е напишана во еден или во повеќе програмски јазици (како што се Java, C + +, C #, Python итн.) Целта на програмирањето е да се создаде сет на инструкции дека компјутерите се користат да извршуваат специфични операции или да ги извршуваат сакано однесување. Процесот на пишување код често бара експертизам во многу различни теми, вклучително и познавање на апликацискиот домен, специјализирани алгоритми и формалната логика. Во рамките на софтверското инженерство, програмирање (имплементација) се смета како една фаза во процесот на развивање. Во тек е дебата за степенот кој за пишување на програми е форма на уметност, занаетчиска дејност, или инженеринг дисциплина. Дисциплина се разликува од многу други технички професии во кои програмерите, во принцип, не треба да бидат лиценцирани или да ги положат сите стандардизирани (или регулирани од надлежни) тестови за сертификација со цел да се нарекуваат себеси "програмери" или дури "софтверски инженери." Бидејќи дисциплината опфаќа многу области, кои може или не може да вклучуваат критични апликации, тоа е дискутабилно дали лиценцирање е потребно за професијата како целина. Во повеќето случаи, дисциплината е призната од страна на субјекти кои бараат програмери, а понекогаш и многу строги услови се дефинирани (пр. САД воздухопловната употреба на AdaCore и безбедносен сертификат). Сепак, претставувајќи се себеси како "професионален софтверски инженер" без дозвола од акредитирана институција е нелегална во многу делови на светот. Друга дебата е степенот до кој програмскиот јазик се користи во пишувањето на компјутерски која влијае нафиналната програма. Оваа дебата е слична на онаа околу Сапир-Whorf хипотеза во лингвистиката и когнитивните науки, кои постулираат дека посебно зборуван јазик дека природно го менува мислењето на неговите зборувачи. Различни јазични патенти даваат различни патенти на мисли. Оваа идеја претставува можност за претставување на светот совршено со јазикот, бидејќи признава дека механизмите на било кои услови на јазикот се мислите на неговата заедница на зборувачи. Содржина Историја[уреди] Античките култури немаат концепт на компјутери надвор од едноставната аритметика. Единствениот механички уред кој постои за нумерички пресметка на почетокот на човечката историја беше абакусот, измислен во Сумериа околу 2500 п.н.е.. Подоцна, механизмот Актикитера, измислен некаде околу 100 година во античка Грција, беше првиот механички калкулатор кој користел брзини од различни големини и конфигурација за вршење на пресметки, кој го пронашла metonic циклус уште се користи во лунарнite календари, и што е во согласност за пресметување на датумите на олимпијадите. Курдиски средновековен научник Ал-Јазари изградена програмабилни [[[автомати]] во 1206 година. Еден систем вграден во овие уреди е употребата на клинови и камери поставени во дрвен тапан во одредени локации, кои секвенцијално ќе предизвика лост, претворен во ударен инструмент. Излезот на овој уред е мал тапанар кој свири различни ритми и миксови . Jacquard разбојот, која Џозеф Мари Жакард го развила во 1801 година, користејќи серија од картон картички со дупки во нив. Шемата на дупката претставува моделот дека разбојот мора да го следи во ткаење ткаенина. На разбојот би можел да произведе сосема различни ткаенини со користење на различни групи на карти. Чарлс Бабејџ усвоиl употребата на ударни картички околу 1830 да го контролира својот аналитички мотор. Првата компјутерска програма напишана за Аналитичка мотор била напишана од математичарката Ада Лавлејс и била за да пресмета низа на Бернули броеви. синтеза на нумеричка пресметки, предодредена операција и излез, заедно со еден начин да се организираат и влезни инструкции на начин релативно лесен за луѓето да горазберат и произведат, доведува до модерен развој на компјутерското програмирање. Развој на компјутерско програмирање се забрзува преку индустриската револуција. Во 1880-тите, Херман Холерит измислиле снимање на податоци на медиум кој потоа може да се чита од машина. Пред употреба на машински читлив медиуми, погоре, била листи на инструкции (не податоци) да се стартува програмирани машини како Жакард разбоите и механизирани музички инструменти. "По некои првични испитувања со хартииена лента, се поставиле на ударни картички ..." За обработка на овие удирани со ударни картички, првиот познат како "Hollerith картички" тој го измислил keypunch, сортирач и табулатор единица рекорд машини. Овие пронајдоци се темелат на податоци преработувачката индустрија. Во 1896 година го основал Сумирање Машинска компанијата (кој подоцна стана јадрото на IBM). Додавање на контролниот панел (plugboard) на неговиот 1906 Тип и табулатор дозволен тој да направи различни работни места, без да биде физички изградена. До крајот на 1940 година, имаше неколку единица рекорд калкулатори, како што се IBM 602 и IBM 604,на чиј контролни панели има наведена низа (листа) на работењето и на тој начин се програмабилни машини. Пронаоѓањето на фон Нојман архитектура дозволува компјутерските програми да бидат зачувани во компјутерската меморија. Раните програми мораше да биде внимателно направена со користење на инструкции (основно работење) на одредена машина, често во бинарна нотација. Секој модел на компјутер, најверојатно, ќе користат различни инструкции (машински јазик) да ја изврши истата задача. Подоцна, собранието јазици се развиени кои му дозволуваат на програмерот наведените инструкции во текст формат, влегуваат кратенки за секоја операција наместо кодот. Во 1954 година на бројот и специфицирање адреси во симболична форма (на пример, да додадете X, ВКУПНО). Внесување на Програмата во асемблерски јазик е обично полесно, побрзо, и помалку склон кон човечка грешка од користење на машински јазик, но бидејќи е асемблерскиот јазик е малку повеќе од една поинаква нотација за машина јазик, било кои две машини со различни инструкции исто така имаат различни собрани јазици. (Високо ниво на јазик во многу општи термини, било секој програмски јазик кој им овозможува на програмерот да пишуваат програми во смисла дека се повеќе апстрактно од асемблерски јазикчни инструкции, односно на ниво на "повисоко" од она на асемблер јазикот.) Тоа е дозволено на програмерите да наведете пресметки со внесување на формулата директно (на пример, Y = X * 2 + 5 * x + 9). Програмскиот текст, или извор, се претвора во машински инструкција со користење на посебна програма наречена компајлер, што значи на програмата FORTRAN во машински јазик. Всушност, името FORTRAN значи "Формула за превод". Многу други јазици се развиени, вклучувајќи и некои за комерцијално програмирање, како што COBOL. Програми уште најчесто се прават со влезно користење на ударни картички или лента од хартија. (Види компјутерско програмирање во перфокарта ера). До крајот на 1960-тите години, складирање на податоци во уред и компјутерски терминали станале евтини доволно така што програмита може да биде креирана со пишување директно во компјутери. Текст едитори се развиени така што е дозволено промени и корекции да се направат многу полесно отколку со картички. (Обично грешка во картичка значеше дека на картичката мораше да биде отфрлена и да биде заменета со друга картичка.) Како што времето напредуваше, компјутери направиле гигантски скокови во областа на моќ на процесирање. Ова доведе до нови програмски јазици кои се повеќе апстрахирани од основните хардверски. Иако овие јазици на високо ниво обично прават поголеми трошоци, зголемување на брзината на современите компјутери ја направи употребата на овие јазици многу повеќе попрактична отколку во минатото. Овие се повеќе апстрахирани јазици обично се полесни да се научат и да се овозможи на програмерот да развиваат апликации многу поефикасно и со помалку код. Сепак, на јазиците на високо ниво се уште се непрактични за неколку програми, како што се оние каде ниско ниво хардвер контрола е потребна или каде што максималната брзина на обработка е од витално значење. Компјутерско програмирање стана популарна кариера во развиениот свет, особено во САД, Европа, Скандинавија и Јапонија. Поради високата цена на трудот на програмерите во овие земји, некои форми на програмирање се повеќе предмет на оф-шор аутсорсинг (увезен софтвер и услуги од други земји, обично по пониска плата), што ја прави програмирачките кариерни одлуки во развиените земји повеќе комплицирани, додека зголемување на економски можности за програмерите во помалку развиените области, особено Кина и Индија. Модерно програмирање[уреди] Барања за квалитет[уреди] Без оглед на пристап кон развој на софтвер може да биде, конечната програма мора да ги задоволуваат некои основни својства. Следниве својства се меѓу најрелевантните: - Сигурност: колку често резултатите на програмата се точни. Ова зависи од концептуална исправноста на алгоритмите, и минимизирање на програмерските грешки, како што се грешки во управување со ресурси (на пример, buffer overflows и race conditions) и логика грешки (како што се поделба од нула или off-by-one errors). - Робусноста : колку добро програмата предвидува проблеми не се должи на програмерската грешка. Ова ги вклучува ситуации како што се неточни, несоодветна или корумпирани податоци, недостапноста на потребните ресурси како меморија, оперативен систем и мрежа на врски, и кориснички грешка. - Употребливост: на ергономијата на програмата: леснотијата со која една личност може да ја користат програмата за наменетата цел, или во некои случаи дури и непредвиден цели. Ваквите прашања можат да направат пауза или успехот дури и без оглед на други прашања. Ова вклучува широк спектар на текстуални, графички, а понекогаш и хардвер елементи кои подобрување на јасноста, , кохезијата и комплетноста на корисничкиот интерфејс на програмата. - Преносливост: опсег на компјутерски хардвер и оперативен систем ,платформи на кои изворниот код на програмата може да биде компајлиран/ толкуван и да ја стартувате. Ова зависи од разликите во програмираните објекти што се предвидени од страна на различни платформи, вклучувајќи хардвер и оперативен систем на ресурси, се очекува однесувањето на хардверот и оперативниот систем и за достапноста на платформа специфични компајлери (а понекогаш и библиотеки) за јазикот на изворниот код. - Одржливоста : леснотијата со која програма може да биде изменета од страна на нејзините сегашни или идни програмери, со цел да се направат подобрувања или персонализации, фикс грешки и безбедносни дупки, или да ги адаптирате кон новите средини. Добри практики за време на првичниот развој да ја направи разликата во овој поглед. Овој квалитет не може да биде директно видливи за крајниот корисник, но тоа може значително да влијае на судбината на програма во текот на подолг рок. - Ефикасноста / перформанси: износот на системските ресурси кои програма ги троши (време за процесорот, мемориски простор, бавени уреди како што се дискови, мрежниот пропусниот опсег и до одреден степен до корисничката интеракција): не помалку, толку подобро. Ова исто така вклучува правилно отстранување на некои ресурси, како што се чистење на привремени датотеки и недостаток на меморија протекување. Читливост на изворниот код[уреди] Во компјутерско програмирање, читливост се однесува на леснотијата со која човек (читателот) може да го сфати целта, контрола на проток, и работењето на изворниот код. Тоа влијае на аспекти на квалитетот погоре, вклучувајќи преносливост, употребливоста и што е најважно одржливоста. Читливост е важна затоа што програмерите поминуваат поголемиот дел од своето време за читање, се обидува да се разбере и изменување на постојните изворниот код, отколку пишување на нови изворниот код. Нечитливиот код често води до грешки, неефикасности, и дупликат код. Една студија откри дека неколку едноставни читливи трансформации направени на код пократко и драстично го намали времето да го разбере. По конзистентниот програмски стил често им помага читливоста. Сепак, читливост е повеќе од само стилна програмирање . Многу фактори, кои имаат малку или никакви врски со способноста на компјутерот ефикасно да ги собере и изврши го кодот, да придонесе за читливост Некои од овие фактори вклучуваат: - Различни вовлекувачки стилови (празни места) - коментари - распаѓање - Обраќањата за објекти (како што се променливи, класи, процедури, итн) Различни визуелни програмски јазици, исто така се развиени со намера да го реши проблеми со читливост со донесување на нетрадиционални пристапи кон структурата и дисплејот на кодот. Aлгоритамскa комплексност[уреди] Академската област и инженерската практика на компјутерско програмирање и двете во голема мера се занимава со откривање и спроведување на најефикасен алгоритми за дадена класа на проблем. За таа цел, алгоритми се класифицирани во нарачки со користење на т.н. Биг О нотација, кое ја изразува употреба на ресурси, како што се времето за исполнување или меморија на потрошувачка, во однос на големината на влезот. Експерт на програмерите се запознаени со различни етаблирани алгоритми и нивнита комплексности ви и користат со ова знаење да изберете алгоритми кои најдобро одговараат на околностите Методологии[уреди] Првиот чекор во повеќето од формалните развоји на софтвер процеси е анализа на барањата, проследено со тестирање за да утврдите вредност на моделирањето, имплементација, како и неуспешна елиминација (за дебагирање). Постојат многу различни пристапи за секоја од овие задачи. Еден пристап популарen за барања анализа е користење на случај анализа. Денес многу програмери употреба форми на Агилниот развој на софтвер, каде што различните фази на формални развој на софтвер се повеќе интегрирани заедно во кратки циклуси кои траат неколку недели, наместо години. Постојат многу пристапи кон процесот на развивање. Популарни техники за моделирање вклучуваат Објектно-ориентирана анализа и дизајн (OOAD) и модел-управувано архитектура (MDA). На Unified Modeling Language (UML) е нотација користи и за OOAD и MDA. Слична техника се користи за базата на податоци за дизајн е ентитет Брачен Моделирање (ЕР моделирање). Имплементациски техники вклучуваат императив јазици (објектно-ориентиран или процедурални), [[[функционални јазици]] и логички јазици. Мерење на употребата на јазикот[уреди] Многу е тешко да се утврди кои се најпопуларните јазик од модерните програмски јазици. Некои јазици се многу популарни за одредени видови на апликации (на пример, COBOL е се уште силен во корпоративни центри за податоци , FORTRAN во областа на инженерските апликации, Скриптирање на јазици во веб развивање, и C вградени апликации), додека некои јазици редовно се користат да се напише многу различни видови на апликации. Исто така, многу апликации се користи за мешавина на неколку јазици во нивната изградба и употреба. Нови јазици обично се дизајнирани околу синтаксата на предходниот јазик со новата функционалност (на пример C + + додава објектно-orientedness на C, Java и додава управување со меморијата и bytecode на C + +). Методите за мерење на популарноста на програмските јазици вклучуваат: пребројување на бројот на огласи за вработување во кои се споменува јазикот, бројот на продадени книги и посетата на курсеви по тој јазик (ова јапреценува важноста на поновите јазици), и проценки на бројот на постојните линии на код напишан на јазикот (ова го проценува бројот на корисниците на деловни јазици како COBOL). Дебагирање[уреди] Дебагирањето од 1947 година, кој е во потеклото на популарната (но неточна) етимологијата за заеднички термин за софтверски дефект. Дебагирање, е многу важна задача во процесот на развивање, бидејќи дефекти во програмата може да имаат значителни последици за своите корисници. Некои јазици се повеќе склони кон некои видови на грешки, бидејќи нивната спецификација не бара компајлери да се проверат како во другите јазици. Употреба на статичка кодна анализа може да помогне во откривање на некои можни проблеми. Дебагирање често е направено со идеите како Eclipse, KDevelop, NetBeans, Code::Blocks, и Visual Studio. Самостојни дебагери како gdb исто така се користат, и овие често обезбедуваат помалку од визуелното опкружување, обично со користење на командната линија. Програмски јазици[уреди] Главни статии: Програмски јазик и Листа на програмски јазици Различни јазици за програмирање подржуваат различни стилови на програмирање (наречен парадигми на програмирање). Изборот на јазикот кој се користи е предмет на многу фактори, како што се политиката на компанијата, соодветноста на задача, достапност на јазикот, или изборот на поединецот. Идеално, програмски јазик кој најдобро ќе одговара за задачата која ке е зададена. Размени од овој идеал вклучува изнаоѓање доволно програмери кои знаат да работат на јазикот со что да се изгради тим, достапноста на компајлери за тој јазик, како и ефикасноста во кој програми ќе биде напишан кои формираат приближен спектар од "ниско ниво" до "високо ниво", "ниско ниво" јазици кои се обично повеќе машински-ориентирана и побрзо да се изврши, додека "високо ниво" јазици се повеќе апстрактни и полесно да се користи, но да се извршат помалку брзо. Тоа е обично полесно да се во код на"високо ниво" јазици, отколку во "ниско ниво". Ален Дауни, во својата книга ''Како да мислите како компјутерски научник'', пишува: Деталите изгледаат различно во различни јазици, но неколку основни инструкции се појавуваат во речиси секој јазик: - внесување : Соберете податоци од тастатура, датотека, или некој друг уред. - излез: Дисплеј на податоци на екранот или испрати податоци во датотека или друг уред. - аритметички: Изведување на основни аритметички операции како собирање и множење. - условно извршување: Проверка за одредени услови и да извршување на соодветни низи на извештаи. - повторување: Изведување на некоја акција постојано, обично со некои варијации. Многу компјутерски јазици обезбедуваат механизам за да повикате функциите предвидени од страна на библиотеки, како во. Под услов функциите во библиотеката да ги следат соодветните кандидирани временски конвенции (на пример, метод на донесување аргументи), а потоа овие функции може да се запишат во било кој друг јазик. Програмери[уреди] Компјутерски програмер се оние кои пишуваат компјутерски софтвер. Своите работни места обично вклучуваат: Референци[уреди] - Paul Graham (2003). Hackers and Painters. 22 август 2006. - Kenneth E. Iverson, the originator of the APL programming language, believed that the Sapir–Whorf hypothesis applied to computer languages (without actually mentioning the hypothesis by name). His Turing award lecture, "Notation as a tool of thought", was devoted to this theme, arguing that more powerful notations aided thinking about computer algorithms. Iverson K.E.,"Notation as a tool of thought", Communications of the ACM, 23: 444-465 (August 1980). - "Ancient Greek Computer's Inner Workings Deciphered". National Geographic News. November 29, 2006. - Freeth, Tony; Jones, Alexander; Steele, John M.; Bitsakis, Yanis (July 31, 2008). Calendars with Olympiad display and eclipse prediction on the Antikythera Mechanism. "Nature" 454 (7204): 614–617. - A 13th Century Programmable Robot[мртва врска] , University of Sheffield - Fowler, Charles B. The Museum of Music: A History of Mechanical Instruments. "Music Educators Journal" (Music Educators Journal, Vol. 2) 54 (2): 45–49. [PHONE] - doi:10.1109/MAHC. [PHONE] - "Columbia University Computing History - Herman Hollerith". 25 април 2010. - U.S. Census Bureau: The Hollerith Machine - 12:10 p.m. ET (20 март 2007). "Fortran creator John Backus dies - Tech and gadgets- msnbc.com". 25 април 2010. - "CSC-302 99S : Class 02: A Brief History of Programming Languages". 25 април 2010. - James L. Elshoff , Michael Marcotty, Improving computer program readability to aid modification, Communications of the ACM, v.25 n.8, p.512-521, Aug 1982. - Multiple (wiki). 30 јануари 2010. Додатни линкови[уреди] |Викиуниверзитетот има учебни материјали за programming|
fineweb-2
Отворен пристап ||Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. Отворен пристап (англиски: Open access) означува бесплатна достапност на дигитални содржини преку интернет. Најпозната и најлесно изведлива форма на отворен пристап е објавување стручно рецензирани научни трудови од академски списанија без очекување авторите да бидат платени за тоа. Два важни документа на меѓународно ниво кои се однесуваат на отворениот пристап се Будимпештанската иницијатива за отворен пристап од 2002 година и Берлинската декларација за отворен пристап до знаење од природните и општествените науки од 2003 година. За постигнување отворен пристап, воглавно се применуваат две главни насоки, или нивни варијации. - Кај издаваштвото со отворен пристап, познато и како "златен пат", академските списанија овозможуваат отворен пристап во моментот на публикување. Такви издавачи се Биомед централ (BioMed Central) и Јавната научна библиотека (Public Library of Science). - Кај само-архивирањето со отворен пристап, познато и како "зелен пат", авторите овозможуваат јавен пристап до копии на нивните веќе публикувани трудови, воглавно со тоа што ги внесуваат во институционални архиви. Водечки застапник на "зелената" школа е Стеван Харнад (Stevan Harnad), кој дејствува на ова поле од 1994 година. Во светот, отворениот пристап е тема на широка дискусија во која учествуваат научни работници, библиотекари, администратори на универзитети и владини функционери. Забележливо е големо неразбирање на поимот на отворен пристап, како и дебати и дискусии за економијата на финансирање на научен комуникациски систем врз основа на него. Надворешни врски[уреди] |"| - Отворен пристап - бр. 2 на Водичот за ИКТ на Метаморфозис посветен на отворениот пристап, целосно достапен во ПДФ-формат - Отворено писмо до министерот за образование на РМ по повод Денот на отворен пристап, 14 октомври од Метаморфозис (14.10.2008) |Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите.|
fineweb-2
УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ GAME CENTER ПРАВНИOT ДОГОВОР ("ДОГОВОРОТ") ДАДЕН ПОДОЛУ ГО УРЕДУВА ВАШЕТО КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГАТА GAME CENTER. ВАЖНО Е ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ И ДА ГИ РАЗБЕРЕТЕ СЛЕДНИТЕ ОДРЕДБИ. СО КЛИКНУВАЊЕ НА "AGREE" ("СЕ СОГЛАСУВАМ"), ВИЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДЕКА ОВИЕ ОДРЕДБИ ЌЕ ВАЖАТ ДОКОЛКУ ИЗБЕРЕТЕ ДА ПРИСТАПИТЕ ДО ИЛИ ДА ЈА КОРИСТИТЕ УСЛУГАТА.. ДОКОЛКУ НЕ СТЕ ПОЛНОЛЕТНО ЛИЦЕ, ТРЕБА ДА ГО РАЗГЛЕДАТЕ ОВОЈ ДОГОВОР СО ВАШИОТ РОДИТЕЛ ИЛИ СТАРАТЕЛ ЗА ДА БИДЕТЕ СИГУРНИ ДЕКА ВИЕ И ВАШИОТ РОДИТЕЛ ИЛИ СТАРАТЕЛ ГО РАЗБИРАТЕ ИСТИОТ. Apple Inc. ја обезбедува услугата Game Center ("Услугата"), којашто Ви овозможува да земете учество во активности поврзани со игри, вклучувајќи, но без ограничување на, учество во лидерски бордови, во игри со повеќе играчи и во следење на постигнувања. Услугата може да не биде достапна секаде. За да ја користите Услугата ќе бидат потребни уреди, пристап до интернет, како и одреден софтвер (може да подлежи на плаќање надоместоци); истата може да бара периодични ажурирања и може да биде засегната од перформансите на овие фактори. За да ја користите Услугата, не смеете да бидете лице на кое му е забрането да ја добива Услугата согласно законите на Соединетите Американски Држави или други надлежни јурисдикции, вклучително и земјата во која живеете или од која ја користите Услугата. Со прифаќањето на овој Договор, Вие изјавувате дека го разбирате и се согласувате со претходното. ВАШАТА СМЕТКА Како регистриран корисник на Услугата, Вие можете да отворите сметка ("Сметка") во согласност со Правилата за Користење дадени подолу. Не ги откривајте податоците за Вашата Сметка на никој друг. Вие сте единствено одговорни за чувањето на доверливоста и сигурноста на Вашата Сметка, како и за сите активности кои се остваруваат на или преку Вашата Сметка и се согласувате веднаш да го известите Apple за секое нарушување на сигурноста на Вашата Сметка. Apple не е одговорен за какви и да е загуби кои произлегуваат од неовластено користење на Вашата Сметка. Се согласувате да дадете точни и целосни податоци кога ќе се регистрирате и додека ја користите Услугата и се согласувате да ги ажурирате Вашите регистрациони податоци за да бидат точни и целосни. Се согласувате дека Apple може да ги зачува и да ги користи Вашите регистрациони податоци за да ја одржува Вашата Сметка. Не смеете да создавате сметка за никој друг освен за Вас самите без согласност од тоа друго лице. ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ Се согласувате да ја користите Услугата согласно овие правила за користење. Apple го задржува правото да ги измени правилата за користење во секое време. Се согласувате да не ја нарушувате, заобиколувате, разделувате, декомпилирате, расклопувате или на друг начин да ја попречувате Услугата, или да се обидете самите или да му помагате на друг да го стори тоа. Се согласувате дека НЕМА да ја користите Услугата со цел: а. да качувате, преземате, постирате, праќате преку електронски пораки, пренесувате, зачувувате или на друг начин да правите достапни какви било содржини кои се незаконски, вознемирувачки, заканувачки, штетни, клеветнички, злоставувачки, насилни, навредливи, вулгарни, со кои се нарушува приватноста на друг, со кои се шири омраза, расно или етнички навредливи или на друг начин непристојни; b. да демнете, вознемирувате, да се заканувате или да му причините штета на друг; c. доколку сте возрасен, да побарате лични или други податоци од малолетно лице (секое лице на возраст под 18 години или на друга возраст на која, според локалното право, лицето ќе се смета за малолетно) коешто не Ви е лично познато, вклучувајќи, но без ограничување на, што и да е од следното: полно име или презиме, домашна адреса, поштенски код, телефонски број, слика, адреса на електронска пошта или името на училиштето, црквата, атлетскиот тим или пријателите на малолетното лице; d. да се преправате дека сте некој друг поединец, или некое правно лице, кое не сте - не смеете лажно или погрешно да се претставувате како друг поединец (вклучувајќи и познати личности), правно лице, друг учесник во Услугата, вработен на Apple или граѓански или владин лидер или на друг начин погрешно да ја претставувате Вашата поврзаност со одреден поединец или правно лице (Apple го задржува правото да го одбие или блокира секој прекар со којшто може да се смета дека лажно или погрешно го претставувате Вашиот идентитет или со којшто неовластено се користи името или идентитетот на друго лице); e. да вршите повреда на авторски права или повреда на други права од интелектуална сопственост или да откриете каква било трговска тајна или доверлива информација спротивно на одредбите од договор за доверливост, за вработување или за тајност; f. да постирате, испраќате, пренесувате или на друг начин правите достапни какви било небарани или неовластени електронски пораки, реклами, промотивни материјали, непотребни електронски пораки, спам или верижни писма, вклучително, но без ограничување на, пакет комерцијални реклами и информативни известувања; g. да фалсификувате какво било заглавје на TCP-IP пакет или каков било дел од информациите од заглавјето во електронска порака или постинг на група за новини, или на друг начин да ставате информации во заглавје со намера да ги доведете во заблуда примачите во поглед на потеклото на каква било содржина пренесена преку Услугата ("spoofing"); h. да качувате, постирате, праќате преку електронски пораки, пренесувате, зачувувате или на друг начин да правите достапни какви било содржини кои содржат вируси или каков било друг компјутерски код, фајлови или програми кои се наменети за да причинат штета, за да го попречат или ограничат нормалното функционирање на Услугата (или на кој било дел од истата) или кој било друг компјутерски софтвер или хардвер; i. да ја попречувате или нарушувате Услугата (вклучително и да пристапувате до Услугата преку какви било автоматизирани средства, како скрипти или вебкролери), или кои било сервери или мрежи поврзани со Услугата или кои било политики, барања или регулативи на мрежи поврзани со Услугата (вклучително и каков било неовластен пристап до, користење или мониторирање на податоци или сообраќај на истите); j. да планирате или да земете учество во каква било незаконска активност; и/или да собирате и зачувувате лични податоци за кој било корисник на Услугата за да истите се употребат во врска со која било од претходно наведените забранети активности; k. да мамите или на друг начин да ја модификувате Услугата или доживувањето на играта за да обезбедите предност за еден играч во однос на друг. ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА Услугата подлежи на Политиката на Apple Inc. за заштита на приватноста, која може да се најде на http://www.apple.com/privacy. Како што е наведено во Политиката за заштита на приватноста, кога ја користите Услугата, како при поканување на други корисници да се вклучат во Услугата, учествување во лидерски бордови, активирање на фукцијата на покани и игра со повеќе учесници или прикажување на пораки за статусот, личните податоци што ги откривате се видливи за други корисници и тие можат да ги прочитаат, соберат и да ги користат истите. Кога играте игра која ја поддржува функцијата за игра со повеќе играчи, други корисници кои пристапуваат кон Услугата во рамките на истата игра на истата Wi-Fi мрежа, локална мрежа или во досегот на Bluetooth ќе можат да видат дека сте во близина (освен ако не ја исклучите оваа одлика) и да го видат Вашиот прекар и слика, или целосниот профил доколку ги имате прифатено таквите корисници за Ваши пријатели. Доколку изберете Вашиот јавен профил да биде ставен на "on", други корисници на Услугата ќе можат да го гледаат Вашиот целосен профил, вклучително и Вашето целосно име, активноста (како игрите што сте ги играле и кога сте ги играле), бодовите и постигнувањата и ќе можете да бидете препорачани за пријател на други корисници. Доколку Вашиот јавен профил е ставен на "off", тогаш само корисници со кои сте се спријателиле ќе можат да го гледаат Вашиот профил и нема да бидете препорачан на други, а само Вашиот прекар и фотографија ќе бидат видливи на корисници кои не се пријатели. Доколку испратите или добиете покана за спријателување, целото име поврзано со Вашата Apple ID ќе биде откриено на оние корисници на кои им испраќате или од кои прифаќате покани за спријателување и Apple може да им препорачувa игри што сте ги играле на Вашите пријатели. Доколку сакате да престанете да споделувате информации со други корисници и со Услугата, одете на http://www.apple.com/support/. Некои аспекти од Услугата не се достапни за деца под 13-годишна возраст, како функции коишто им овозможуваат на корисниците да откриваат податоци со кои истите можат лично да се идентификуваат. Ве молиме активирајте ги ограничувањата до соодветните содржини. ПОДНЕСОЦИ ДО УСЛУГАТА Услугата може да нуди интерактивни опции кои Ви овозможуваат да доставувате материјали (вклучително и линкови до содржини на трети страни) во делови на Услугата кои се достапни и видливи за други корисници на Услугата и за јавноста. Се согласувате со тоа дека секое Ваше користење на таквите опции, вклучително и какви било материјали што сте ги доставиле, ќе биде Ваша исклучива одговорност, нема да претставува прекршување или повреда на правата на која и да е друга страна или прекршување на кои и да е закони, нема да придонесува кон или да охрабрува повреда на права или друг вид незаконско однесување, или на поинаков начин да биде навредливо, недолично или невкусно. Вие, исто така, потврдувате и се согласувате дека сте ги стекнале сите потребни права и лиценци за да ги доставувате таквите поднесоци. Се согласувате да доставувате точни и целосни информации во врска со Вашето поднесување на какви било материјали до Услугата. Со ова му давате на Apple глобална, ненаплатна и неексклузивна лиценца за користење на таквите материјали како дел од Услугата или при обезбедување или маркетинг на Услугата без каков и да е надомест или обврска кон Вас. Apple го задржува правото да не истакнува или објавува какви било материјали, како и да отстранува или уредува какви било материјали, во секое време и по сопствено убедување, без претходна најава или одговорност. Apple има право, но не и обврска, да врши надзор над какви и да е материјали поднесени од Ваша страна или на друг начин достапни на Услугата, за да спроведе истрага во врска со какви и да е пријавени или очигледни повреди на овој Договор, како и да преземе какви и да е чекори за кои Apple, по сопствено убедување, смета дека се соодветни, вклучително, без ограничување, и раскинување на договорот согласно овие одредби или согласно нашата Политиката за заштита на авторски права (http://www.apple.com/legal/copyright.html). МАТЕРИЈАЛИ НА ТРЕТИ СТРАНИ Одредени содржини и услуги достапни преку Услугата може да вклучуваат материјали од трети страни. Apple може да обезбеди линкови до одредени интернет страници на трети страни, заради Ваша погодност. Се согласувате дека Apple не е одговорен за испитување или оценување на содржината или точноста и дека Apple не гарантира и дека нема никаква одговорност или обврски за материјалите или интернет страниците на трети страни, како и за кои и да е други материјали, производи или услуги на трети страни. Се согласувате дека нема да ги користите материјалите на трети страни на начин кој би ги прекршил или повредил правата на која и да е друга страна, како и дека Apple не е на ниту еден начин одговорен за таквото користење од Ваша страна. НАВРЕДЛИВИ СОДРЖИНИ Разбирате дека, користејќи ја Услугата, може да наидете на содржини кои може да се сметаат за навредливи, непристојни или непожелни, а кои можат но не мораат да бидат означени како експлицитни содржини. Сепак, се согласувате да ја користите Услугата на сопствен ризик и потврдувате дека Apple нема одговорност спрема Вас за содржините што може да бидат сфатени како навредливи, непристојни или непожелни. Рејтинзите и описите се даваат само за погодност и се согласувате дека Apple не ја гарантира нивната точност. ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ Се согласувате дека Услугата, вклучително, но без ограничување на графички материјали, корисничката површина, аудио клипови, видео клипови, статии, како и скриптите и софтверот кои се користат за имплементација на Услугата, содржи правно заштитени информации и материјали кои се во сопственост на Apple и/или на неговите давачи на лиценци и се заштитени со важечките закони за интелектуална сопственост и други закони, вклучително, но без ограничување на закони за авторско право. Се согласувате дека нема да ги користите таквите правно заштитени информации или материјали на кој било начин, освен за користење на Услугата во согласност со условите на овој Договор. Ниту еден дел од Услугата не смее да се репродуцира во која и да е форма или со какви и да е средства, освен како што е изречно дозволено во овој Договор. Се согласувате да не ги модификувате, давате под закуп, давате на лизинг, позајмувате, продавате, дистрибуирате или создавате изведени дела кои се темелат на Услугата на кој и да е начин, како и дека нема да ја искористувате Услугата на ниту еден недозволен начин, вклучително, но без ограничување на неовластено користење или оптоварување на капацитетот на мрежата. Независно од кои било други одредби на овој Договор, Apple и неговите давачи на лиценци го задржуваат правото да го изменаат, суспендираат, отстранат или оневозможат пристапот до кој и да е производ, содржина или други материјали кои сочинуваат дел од Услугата во секое време, без претходна најава. Apple во никој случај нема да биде одговорен за ваквите промени. Apple може, исто така, да наметне ограничувања на користењето или пристапот до одредени карактеристики или делови од Услугата, во секој случај и без претходна најава или одговорност. Сите авторски права на и во однос на Услугата (вклучително и на компилацијата на содржини, статии, линкови до други интернетски извори, како и описи на тие извори), како и софтверот, се сопственост на Apple и/или на неговите давачи на лиценци, кои ги задржуваат сите нивни права по закон и по правичност. КОРИСТЕЊЕТО НА СОФТВЕРОТ ИЛИ НА КОЈ И ДА Е ДЕЛ ОД УСЛУГАТА, ОСВЕН ЗА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГАТА КАКО ШТО Е ДОЗВОЛЕНО СОГЛАСНО ОВОЈ ДОГОВОР, Е СТРОГО ЗАБРАНЕТО И ПРЕТСТАВУВА ПОВРЕДА НА ПРАВАТА ОД ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ НА ДРУГИ И МОЖЕ ДА ВЕ ИЗЛОЖИ НА ГРАЃАНСКА И КРИВИЧНА ОДГОВОРНОСТ, ВКЛУЧИТЕЛНО И НА МОЖНИ ПАРИЧНИ ОТШТЕТИ ЗА ПОВРЕДА НА АВТОРСКИ ПРАВА. Apple, логото на Apple и другите трговски марки, услужни марки, графички материјали и логоа на Apple кои се користат во врска со Услугата се трговски марки или регистрирани трговски марки на Apple Inc. во САД и/или во други земји. Другите трговски марки, услужни марки, графички материјали и логоа кои се користат во врска со Услугата може да бидат трговски марки на нивните респективни сопственици. Вие не добивате никакво право или лиценца во однос на која и да е од гореспоменатите трговски марки и за користење на кои и да е такви трговски марки. РАСКИНУВАЊЕ Доколку не почитувате или доколку Apple се сомнева дека не почитувате која и да е од одредбите на овој Договор, Apple може, по сопствено наоѓање, без претходна најава: (i) да го раскине овој Договор и/или да ја укине Вашата Сметка; (ii) да ја раскине лиценцата за Услугата; и/или (iii) да оневозможи пристап до Услугата (или кој и да е дел од истата). Apple го задржува правото да ја модификува, суспендира или прекине Услугата (или кој и да е дел или содржина од истата) во секое време, со или без претходна најава до Вас, и ќе нема одговорност спрема Вас или спрема која и да е трета страна доколку ги реализира тие свои права. ОДРЕКУВАЊЕ ГАРАНЦИИ; ОГРАНИЧУВАЊА НА ОДГОВОРНОСТА APPLE НЕ ГАРАНТИРА, НИТУ ИЗЈАВУВА ДЕКА ВАШЕТО КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГАТА ЌЕ БИДЕ НЕПРЕКИНАТО ИЛИ БЕЗ ГРЕШКИ, А ВИЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДЕКА APPLE ПОВРЕМЕНО МОЖЕ ДА ГИ ОТСТРАНИ УСЛУГАТА ЗА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ ИЛИ ДА ЈА УКИНЕ УСЛУГАТА ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ, БЕЗ ПРЕТХОДНА НАЈАВА ДО ВАС. ИЗРЕЧНО СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДЕКА ВАШЕТО КОРИСТЕЊЕ, ИЛИ НЕМОЖНОСТ ДА ЈА КОРИСТИТЕ УСЛУГАТА, Е НА ВАШ СОПСТВЕН РИЗИК. УСЛУГАТА И СИТЕ ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ ИСПОРАЧАНИ ДО ВАС ПРЕКУ УСЛУГАТА СЕ (ОСВЕН ДОКОЛКУ ИЗРЕЧНО НЕ Е НАВЕДЕНО ОД СТРАНА НА APPLE ОВДЕ) ОБЕЗБЕДЕНИ "КАКВИ ШТО СЕ" И "КАКО ШТО СЕ ДОСТАПНИ" ЗА ВАША УПОТРЕБА, БЕЗ ГАРАНЦИИ ОД КАКОВ И ДА Е ВИД, ИЗРЕЧНИ ИЛИ ИМПЛИЦИТНИ, ВКЛУЧИТЕЛНО И СИТЕ ИМПЛИЦИТНИ ГАРАНЦИИ ЗА ПАЗАРНА ПОДОБНОСТ, ПОГОДНОСТ ЗА ПОСЕБНА НАМЕНА, СОПСТВЕНОСТ И НЕПОВРЕДУВАЊЕ НА ПРАВА. СО ОГЛЕД НА ТОА ДЕКА ВО НЕКОИ ЗЕМЈИ НЕ Е ДОЗВОЛЕНО ИСКЛУЧУВАЊЕТО НА ИМПЛИЦИТНИ ГАРАНЦИИ, ГОРНОТО ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ИМПЛИЦИТНИ ГАРАНЦИИ МОЖЕ ДА НЕ СЕ ПРИМЕНУВА НА ВАС. APPLE, НЕГОВИТЕ ДИРЕКТОРИ, ФУНКЦИОНЕРИ, ВРАБОТЕНИ, ПОВРЗАНИ ЛИЦА, АГЕНТИ, ИЗВЕДУВАЧИ, ВЛАСТОДАВЦИ ИЛИ ДАВАЧИ НА ЛИЦЕНЦИ ВО НИТУ ЕДЕН СЛУЧАЈ НЕМА ДА БИДАТ ОДГОВОРНИ ЗА НИКАКВИ ДИРЕКТНИ, ИНДИРЕКТНИ, ИНЦИДЕНТНИ, КАЗНЕНИ, СПЕЦИЈАЛНИ ИЛИ ПОСЛЕДИЧНИ ОТШТЕТИ, КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ВАШЕТО КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГАТА ИЛИ ОД НЕМОЖНОСТА ДА ЈА КОРИСТИТЕ УСЛУГАТА, КАКО И ЗА КОИ БИЛО БАРАЊА ЗА НАДОМЕСТ ПОВРЗАНИ НА КОЈ И ДА Е НАЧИН СО ВАШЕТО КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГАТА, ВКЛУЧИТЕЛНО, НО БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА КАКВИ И ДА Е ГРЕШКИ ИЛИ ПРОПУСТИ ВО КОЈА И ДА Е СОДРЖИНА, ИЛИ КАКВА И ДА Е ЗАГУБА ИЛИ ШТЕТА ОД КОЈ И ДА Е ВИД НАСТАНАТИ КАКО РЕЗУЛТАТ НА КОРИСТЕЊЕ НА КОЈА И ДА Е СОДРЖИНА (ИЛИ ПРОИЗВОД) КОЈА Е ИСТАКНАТА, ПРЕНЕСЕНА ИЛИ НА ДРУГ НАЧИН НАПРАВЕНА ДОСТАПНА ПРЕКУ УСЛУГАТА, ДУРИ И ДА СЕ ПОСОВЕТУВАНИ ДЕКА ПОСТОИ МОЖНОСТ ЗА ТАКВО НЕШТО. ПОРАДИ ТОА ШТО ОДРЕДЕНИ ЗЕМЈИ ИЛИ ЈУРИСДИКЦИИ НЕ ДОЗВОЛУВААТ ИСКЛУЧУВАЊЕ ИЛИ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА ЗА ПОСЛЕДИЧНИ ИЛИ ИНЦИДЕНТНИ ОТШТЕТИ, ОДГОВОРНОСТА НА APPLE ВО ТАКВИТЕ ЗЕМЈИ ИЛИ ЈУРИСДИКЦИИ Е ОГРАНИЧЕНА ДО МЕРАТА ДО КОЈА ТОА Е ДОЗВОЛЕНО СО ЗАКОН. APPLE ЌЕ ВЛОЖИ РАЗУМНИ НАПОРИ ЗА ДА ГИ ЗАШТИТИ МАТЕРИЈАЛИТЕ ИЛИ ПОДАТОЦИТЕ ДОСТАВЕНИ ОД ВАША СТРАНА ВО ВРСКА СО УСЛУГАТА, НО ВИЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО ТОА ДЕКА ГИ ПОДНЕСУВАТЕ ТАКВИТЕ ПОДАТОЦИ НА ВАШ СОПСТВЕН РИЗИК, А APPLE СО ОВА ОДРЕКУВА СЕКАКВА ОДГОВОРНОСТ СПРЕМА ВАС ЗА КАКВА И ДА Е ЗАГУБА ИЛИ ОДГОВОРНОСТ ПОВРЗАНА СО ТАКВИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОЈ И ДА Е НАЧИН. APPLE НЕ ИЗЈАВУВА НИТУ ГАРАНТИРА ДЕКА УСЛУГАТА ЌЕ БИДЕ БЕЗ ЗАГУБИ, КОРУПЦИЈА, НАПАДИ, ВИРУСИ, ПРЕЧКИ, ХАКИРАЊЕ ИЛИ ДРУГИ НАРУШУВАЊА НА СИГУРНОСТА, И APPLE ОДРЕКУВА СЕКАКВА ОДГОВОРНОСТ ПОВРЗАНА СО ТОА. ОТКАЖУВАЊЕ И ОБЕШТЕТУВАЊЕ СО КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГАТА, СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДА ПРЕЗЕМЕТЕ ОДГОВОРНОСТ И ДА ГИ ЧУВАТЕ ОД ШТЕТА APPLE, НЕГОВИТЕ ДИРЕКТОРИ, ФУНКЦИОНЕРИ, ВРАБОТЕНИ, ПОВРЗАНИ ЛИЦА, АГЕНТИ, ИЗВЕДУВАЧИ И ДАВАЧИ НА ЛИЦЕНЦИ ВО ОДНОС НА КАКВИ БИЛО ОТШТЕТНИ БАРАЊА КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ВАШАТА ПОВРЕДА НА ОВОЈ ДОГОВОР, ВАШЕТО КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГАТА ИЛИ КАКВО И ДА Е ДЕЈСТВИЕ ПРЕЗЕМЕНО ОД СТРАНА НА APPLE КАКО ДЕЛ ОД НЕГОВА ИСТРАГА ВО ВРСКА СО СОМНЕВАЊЕТО ЗА ПОВРЕДА НА ОВОЈ ДОГОВОР ИЛИ КАКО РЕЗУЛТАТ НА НЕГОВИТЕ НАОДИ ИЛИ ЗАКЛУЧОК ДЕКА Е СТОРЕНА ПОВРЕДА НА ОВОЈ ДОГОВОР. ОВА ЗНАЧИ ДЕКА НЕ МОЖЕТЕ ДА ГИ ТУЖИТЕ ИЛИ ДА ДОБИЕТЕ ОБЕШТЕТУВАЊЕ ОД APPLE, НЕГОВИТЕ ДИРЕКТОРИ, ФУНКЦИОНЕРИ, ВРАБОТЕНИ, ПОВРЗАНИ ЛИЦА, АГЕНТИ, ИЗВЕДУВАЧИ И ДАВАЧИ НА ЛИЦЕНЦИ КАКО РЕЗУЛТАТ НА НЕГОВАТА ОДЛУКА ДА СЕ ОТСТРАНАТ ИЛИ ДА ОДБИЕ ДА СЕ ОБРАБОТАТ КАКВИ И ДА Е ПОДАТОЦИ ИЛИ СОДРЖИНА, ДА ВЕ ПРЕДУПРЕДАТ, ДА ГО СУСПЕНДИРААТ ИЛИ УКИНАТ ВАШИОТ ПРИСТАП ДО УСЛУГАТА, ИЛИ ДА ПРЕЗЕМЕ ДРУГИ ДЕЈСТВИЈА ВО ТЕКОТ НА ИСТРАГАТА ВРЗ ОСНОВА НА СОМНЕВАЊЕ ЗА ПОВРЕДА ИЛИ КАКО РЕЗУЛТАТ НА ЗАКЛУЧОКОТ НА APPLE ДЕКА Е СТОРЕНА ПОВРЕДА НА ОВОЈ ДОГОВОР. ОВАА ОДРЕДБА ЗА ОТКАЖУВАЊЕ И ОБЕШТЕТУВАЊЕ СЕ ОДНЕСУВА НА СИТЕ ПОВРЕДИ КОИ СЕ ОПИШАНИ ВО, ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ИЛИ СЕ ПРЕДВИДЕНИ ВО ОВОЈ ДОГОВОР. ИЗМЕНИ Apple го задржува правото во секое време да го измени овој Договор и да наметне нови или дополнителни услови во врска со Вашето користење на Услугата. Таквите измени и дополнителни услови стапуваат на сила веднаш и се инкорпорираат во овој Договор. Вашето натамошно континуирано користење на Услугата ќе се смета за прифаќање на истите. РАЗНО Овој Договор го сочинува целосниот договор меѓу Вас и Apple и го уредува Вашето користење на Услугата, заменувајќи какви било претходни договори меѓу Вас и Apple во поглед на Услугата. Исто така, Вие може да сте обврзани и со дополнителни услови кои може да важат во моментот кога ги користите Услугата на поврзаните лица, содржините на трети страни или софтверот на трети страни. Доколку кој и да е дел од овој Договор се смета за неважечки или неизвршливи, тој дел ќе се толкува на начин кој е во согласност со важечкиот закон, со цел колку што е можно поблиску да се одразат првичните намери на страните, а преостанатите делови остануваат во полна сила и дејство. Неискористувањето на кое било право или одредби од овој Договор од страна на Apple не претставува и откажување од таквите одредби, или од кои било други одредби. Apple нема да одговара за неисполнување на какви и да е обврски од причини кои се надвор од негова контрола. Apple оперира со Услугата од неговите канцеларии во Луксембург. Вие се согласувате да ги почитувате сите локални, државни, федерални и национални закони, акти, уредби и регулативи кои се однесуваат на Вашето користење на Услугата. На сите трансакции на Услугата се применува на правото на Калифорнија, без влијание на неговите прописи за судир на закони. Вашето користење на Услугата може исто така да подлежи и на други закони. Изречно се согласувате дека ексклузивна надлежност за секое барање или спор со Apple или во врска со Вашето користење на Услугата имаат судовите на државата Калифорнија. Ризикот од загуба и сопственоста врз сите трансакции испорачани по електронски пат преминуваат на купувачот во Калифорнија по електронското пренесување до примачот. Вработените или агентите на Apple немаат овластување да го изменат овој Договор. Apple може да Ви испрати известувања во врска со Услугата испраќајќи Ви електронски пораки на електронската адреса на Вашата Сметка или писмо по пошта на контакт адресата на Вашата Сметка, или истакнувајќи ги истите на Услугата. Известувањата стапуваат во сила веднаш. Apple го задржува правото да презема чекори за кои Apple верува дека се разумно потребни или соодветни за спроведување и/или да се провери придржувањето до кој било дел од овој Договор. Се согласувате и потврдувате дека Apple има право, без каква и да е одговорност спрема Вас, да открива какви и да е Регистрациони Податоци и/или податоци од Сметката на извршните власти, владини службеници и/или трети страни, кога Apple верува дека е тоа разумно потребно или соодветно заради спроведување и/или потврда на придржувањето до кој и да е дел од овој Договор (вклучително, но без ограничување на правата на Apple да соработува во која и да е судска постапка поврзана со Вашето користење на Услугата и/или производите, и/или во постапка по отштетно барање на трета страна дека Вашето користење на Услугата и/или производите е незаконско и/или претставува повреда на правата на тие трети страни). Датум на последно ажурирање: 15.09.2013
fineweb-2
Пау Гасол Саез е шпански професионален кошаркар, роден на 6 јули1980 година во Барселона. Висок е 2.13 метри и игра во НБА лигата за тимот на Лос Анџелес Лејкерс. Тој е син на Мариса Саез и Аугустин Гасол, а неговиот брат Марк Гасол е исто така НБА играч. Гасол беше продаден на Атланта Хокс, но правата ги имаше тимот на Мемфис Гризлис. Во Мемфис, Гасол станал клупски рекордер по бројот на одиграни натпревари, промашени удари, минути во игра, слободни фрлања, офанзивни и дефанзивни скокови, блокови и поени. По седум поминати години во тимот на Гризлис, Гасол беше трампан во екипата од градот Лос Анџелес на 1 февруари 2008 година. Со Лејкерси освоил две шампионски титули (2009 и 2010).
fineweb-2
Точка на безжичен пристап Точка на безжичен пристап (ТБП или WAP, од англ. wireless access point) е уред кој овозможува сите безжични уреди да се поврзат со жичена мрежа користејќи Wi-Fi, Bluetooth или други поврзани стандарди. ТБП обично се поврзува со насочувач (преку жичена мрежа) и може да пренесува податоци меѓу безжичните уреди (како сметачи или печатари) и жичени уреди на мрежата. Стопанските ТБП се рапави, со метален слој и рапава DIN спојка. За време на работењето трпат повисока температура, голема влага и изложеност на вода, чад и масло. Безжичната безбедност вклучува: WPA-PSK, WPA2, IEEE 802.1x/RADIUS, WDS, WEP, TKIP, и CCMP (AES) шифрирање. Вовед[уреди] Пред безжичните мрежи, поставувањето на сметачки мрежи во стопанството, домовите или училиштата честопати барало поставување на многу кабли низ ѕидовите и таваните со цел да са овозможи пристап до мрежата на сите мрежно поврзани уреди. Со доаѓањето на ТБП , корисниците на мрежата можат да додаваат уреди кон мрежата со малку или без воопшто кабли. Денешните ТБП се направени да подржуваат испраќање и примање на податоци, повеќе преку радио фрекфенции, отколку преку кабли.Тие стандарди и фрекфенциите што тие ги користат се дефинирани како IEEE. Највеќето ТБП користат IEEE 802.11 стандарди. Примена на ТБП[уреди] Типична комерцијална употреба вклучува поврзување на неколку ТБП со жичена мрежа и тогаш се обезбедува безжичен пристап до мрежата. Овие безжични точки се контролирани од сметачки управувачи со безжични локална мрежи (WLAN) кои одржуваат автоматско прилагодување на моќта на радиофрекфенциите, каналите, водат контрола за тоа кој има право да се приклучи за мрежата и за безбедноста. Подетално, овие управувачи можат ад бидат дел од мобилно подрачје за да им обезбедат влез на клиентите од пошироко регионално подрачје, што секако ќе заштеди дел од времето на клиентите. јавната точка на безжичен пристап (ЈТБП или hotspot) е позната јавна примена на ТБП, преку која клиентите што имаат безжичен интернет можат да се конектираат на Интернет без разлика на која мрежа се имаат приклучено во моментот. Овој пристап е многу вообичаен во големите градови, каде што кафе барови, библиотеки, како и приватни поврзувања, им овозможуваат на клиентите да останата континуирано поврзани на интернет, додека се движат наоколу. Најмногу од пристапите на ТБП се користат во домашните безжични мрежи. Тие обично имаат една ТБП да ги поврзува сите сметачи во еден дом. Повеќето се безжични насочувачи, што значи, конвергирани уреди кои вклучуваат ТБП, насочувач и честопати етернетски преклопник. Може исто така да вклучуваат и модем за пошироко распространет интернет. ТБП може исто така да биде поставена како посредник во мрежата, посредувајќи што може да се пренесува преку секој уред на клиентите. Некои луѓе го мешаат Безжичниот пристап со безжичните ад хок мрежи. Ад хок мрежата користи конекција помеѓу две или повеќе девизи без да користи безжична влезна точка: уредите комуницираат директно кога се во мрежа. Ад хок мрежите се користат во ситуации како брза размена на податоци или игри за повеќе играчи бидејќи инсталирањето е едноставно и не бара влезна точка. Како резултат на нивната рамноправна пставеност кон сите клиенти, ад хок мрежите се слични со Bluetooth мрежите и начелно не се препорачуваат за постојана инсталација. Интернет пристапот преку ад хок мрежите, користејќи програми како како Windows Internet Connection Sharing, може да работат добро со мал број на уреди кои се блиску една до друга, но ад хок мрежите не се добро мерило. Интернет сообраќајот ќе конвергира со уредите, но потенцијално ќе ги блокира. Тука е предноста на безжичниот пристап, со можност за повеќе влезови конектирани со безжичен LAN. Ограничувања[уреди] Една ТБП со IEEE 802.11 може да комуницира со 30 клиенти од системот лоцирани во радиус од 100 метри. Сепак, вистинскиот опсег на комуницирање може многу да варира, зависно од разни варијабли, како внатрешна и надворешна поставеност, висина над земјата, потенцијални пречки во околината, други електронски уреди што можат да го нарушат сигналот со пренесување на истата фрекфенција, како разни антени, метеролошки уреди, радио фрекфенции итн. Мрежните дизајнери можат да го прошират опсегот на мрежата со употреба на повторувачи и рефлектори, кои можат да ги прескокнат или да ги прошират радио сигналите, кои можат да пречат на мрежата. Во експериментални услови, безжичните мрежи можат да функционираат и на далечина од неколку километри. Повеќето управи имаа ограничен број на фрекфенции законски достапни за употреба од безжичните мрежи. Вообичаено, соседните ТБП ќе користат различни фрекфенции (канали) за комуницирање со нивните клиенти со цел да се избегне мешање помеѓу два блиски системи. Безжичните уреди можат да допрат до податоци кои се пренесуваат на други фрекфенции, и набрзина можат да се приклучат од една фрекфенција на друга за подобар прием.Сепак, ограничениот број на фрекфенции станува пробематичен во населените места со големи згради, кои користат повеќе ТБП. Во такви средини, прекрстувањето на сигналите станува проблем кој предизвикува паѓање на сигналите и грешки во податоците. Безбедност[уреди] Безжичниот пристап има посебни безбедносни услови. Многу жичени мрежи се засноваат на безбедност преку физичкиот пристап, верувајќи им на сите корисници на мрежата, но ако безжичните влезови се конектирани на мрежата, било кој од улица или од соседството може да се конектира. Најпознато решение е шифрирање на безжичниот сообраќај. Модемите доаѓаат со вградени шифри. Првата генерација на вакви шифри се покажала лесна за пробивање, но втората и третата генерација се сметаат за доволно безбедни доколку се одбере достатно силна лозинка или тајна реченица.
fineweb-2
Просветителство |Историја на западна философија |Западна философија| |Поврзано| |Западна култура · Западен свет| Просветителство — духовно движење кое започнало некаде на крајот од 17 век (а официјално започнува малку подоцна - во 1715 година). Ова движење имало влијание што се чувствувало и во 19 век. Целта на просветителството, како што и самиот збор кажува, е расветлување на тајните кои отсекогаш биле догма за човештвото. Тоа навлегло во речиси сите области на културата и духот. Носител на идеите на просветителството била граѓанската класа, која почнала да се еманципира уште во ренесансата. Токму затоа литературата во просветителството е антирелигиозна и антифеудална. Во услови кога апсолутизмот на владетелите во Европа со помошта на црквата ги потенцира класните антагонизми, граѓанската класа со својата материјална моќ и со интелектуалната супериорност се чувствувала повикана да го смени светот. Во литературата од овој период доминираат граѓански теми, додека класицизмот инсистира на литература која ќе го опише животот на дворот, односно аристократијата. Апсолутистичките монархии (особено на Луј XIV во Франција) ги исцрпиле сопствените народи и материјално ги осиромашиле. Англија била најнапредната земја во Европа, бидејќи во 1688 година, во рамките на т.н. славна револуција, буржоазијата ја победила апсолутната монархија. Значителни промени во Франција ќе внесе (по смртта на Луј XIV) Филип Орлеански, но вистинската промена во општествениот живот на Франција ќе се случи по француската буржоаска револуција во 1789 година. Сепак, карактеристично е што просветителството го потпомагаат и некои од владетелите - Фридрих II, Марија Терезија и нејзиниот син Јосип II, Катарина II, кои докажуваат со тоа дека се вистински приврзаници на просветителскиот апсолутизам. Еден од основните белези на просветителството е обземеноста со науката. Осумнаесеттиот век некои го нарекуваат и век на философијата. Во овој период се формираат многу науки: политичка економија, статистика, социологија, емпириска психологија и споредбеното проучување на културата. Меѓутоа, философијата во просветителството значи социологија, право и политикологија, а не философија во класичната смисла на зборот. Први придвижници на просветителството се Гроциус и Спиноза од Холандија. Томас Хобс, Дејвид Хјум и Џон Лок од Англија ја развиваат емпириската философија, а Исак Њутн се појавува со своите пронајдоци во физиката. Теоријата на државата на Лок, неговото сфаќање за природниот човек, влијаеле врз повеќе писатели на просветителството. Просветителството во Франција се јавува под влијание на англиското, но тоа е многу порадикално. Претставниците на просветителството се движат во насока на материјализмот. Германското просветителство го подготвуваат Томазиус, Волф, Лесинг и Базедов. Во областа на правниот и општествениот живот, во 17 век се развива идејата за т.н. "природно право", која бара ослободување на социјалниот живот од верските, националните и традиционалните белези. Ова отворало решение за проблемот на жестоките верски граѓански војни кои го уништувале просперитетот на Европа, поттикнувајќи ја основата за модерното меѓународно право. Просветителството во 18 век врз авторитетот на Лок ја поттикнува идејата за здравиот разум во оваа област. Философскиот дух, кој поттикнувал на договор и на разумна согласност на сите граѓани за остварување на сеопштата среќа и благосостојба, всушност може да се смета како форма на хуманистички стремеж за реализирање на достоинствен живот без насилство, без деспотизам. Проучувачите на периодот на просветителството сметаат дека во него доминирал интересот за науките и дека интелектуалците, пред сè, биле обземени со идеите, а не со уметности. Писател во 18 век значело многу за да се обезбеди основната егзистенција. Меценството, пак, како понижувачко, било одбивано од страна на слободоумните мислители и автори. Просветителството во Македонија[уреди] Просветителството во Македонија започнало кон крајот на 17 век и траело се до крајот на 19 век. Главна карактеристика на македонското просветителство биле отворањето на училишта на народен македонски јазик во црквите и манастирите. Покрај отворањето на училиштата, во текот на просветителството во Македонија за прв пат се започнати собирањето на народно творештво, пишување и печатење на драмска, уметничка и поучна литература на народен јазик. Најпознати предводници на просветитетлството во Македонија се: Кирил Пејчиновиќ, Јоаким Крчовски, Јордан Хаџи Константинов - Џинот, Теодосиј Синаитски, Григор Прличев и други. Надворешни врски[уреди] На англиски јазик: - Речник на историјата на идеите: просветителството - Речник на историјата на идеите: против-просветителството - Вовед во просветителството - Најголемите дела на просветителската литература
fineweb-2
На 01.10.2007 година, Министерството за внатрешни работи ќе отпочне со издавање на нови лични карти и возачки дозволи за граѓаните на нашата држава. Цената на образецот на новата лична карта е 190 денари, додека цената на образецот на новата возачка дозвола е 280 денари. Фотографирањето на граѓаните ќе се врши при нивното аплицирање. Граѓаните на Скопје за добивање на информации и закажување на термин за аплицирање за нови лични карти и возачки дозволи можат да се обратат на бројот 0800 192 92. На истиот број, граѓаните што се жители на други градови и места во Република Македонија засега ќе можат да добиваат само информации, а се прават напори што побрзо да се создадат услови истите да можат и да закажуваат термин за аплицирање. Досегашните лични карти граѓаните согласно законските прописи ќе треба да ги заменат во период од три години, а возачките дозволи во период од пет години сметано од 01.10 2007 година.
fineweb-2
МАЖ РИБА Машките родени во време на владеењето на риби се осетливи и доброчудни како деца и ја сакаат секоја игра во која има некоја иэвишена цел. Пријателства склопуваат уште во младоста и секогаш ги памтат. Ги сакаат веселбите и песните, па во целост уживаат во муэиката. Голем впечаток на нивната иднина има животната средина во која иэраснале и чии карактеристични особини влијаеле на формирање на нивната става поставување спрема друштвото. Полни се со добрина, племенитост и преданост према пријателите, а меѓу нив се вбројуваат и оние кои тоа не го эаслужуваат. Поседуваат голема меморија што им користи многу пати во работата. Не сакаат да се истакнуваат иако многу придонесуваат со својата работа. Во работата се уредни и секој неред ги воэнемирува и мачи. Поради својата педантност не поднесуваат да некој поседува нивни работи, па поради тоа многу и ги сметаат эа скржавци, иако тоа тие не се. Работата ги привлекува и ја сметаат како основа на животот. Многу придонесуваат со својата работа. Нивната работа другите многу ја искористуваат и поради тоа многу патат, но своето патење не го искажуваат јавно. Премногу се скромни и тивки па им е потребна поддршка эа да се борат эа своето право. Впечатокот на жените на нив влијае многу, но не се слабичи и папучари. Хармонијата во бракот эа нив е света. Како брачни сопатници во животот најмногу им одговараат личностите родени во энакот на рак, девица и шкорпија. Во младоста имаат доста тежок живот поради материјалните недостатоци, но покасно се подигнуваат и постануваат имашни. Со тоа не се эадоволуваат. Поголемиот живот го посветуваат на друштвената работа. ЖЕНА РИБА Жената родена во энакот на риби има убаво тело и прекрасен дух, душевно уэвишена и совршена. Има префинет вкус и е голем критичар кој одма осетува лага од вистина. Сака малечки и посебно одбрани друштва, па иэбегнува нагли поэнанства. Спрема пријателите чувствува симпатии, а ги има мал број, па така эа нив све энае. Од неа не може ништо да се сокрие. Постарите личности и се драги, эатоа што нивниот духовен живот е снажен и бара рамноправни партнери. Не поднесува неоэбилност, раскалашеност и раэуэданост. По своите чувства таа е мечтател и романтична, емотивна и страствена љубовница. Ако животот ја поврэе со уметност, како глумица и пеач ќе ги постигне своите сонови. Поседува големо чувство на одговорност и нејэината работа не доживува критики или истравки. Свесна е эа својата снага, но покрај све тоа не може да живее сама. Љубовта спрема својот сакан човек эа неа е света, но тука доживува големо раэочарување, но го прикрива во себе, макар што пати. Эа своите деца се бори и створува и эа нив ништо не и е тешко. Многу се жртвува, а эа своите маки не бара награди. Среќна е со мали приэнаниа и едно ''фала''. Не поднесува да биде эависна од никого, од економска страна, а тоа и предиэвикува потешкотии во фамилијата. Броевите кои се среќни эа личностите родени во овој энак се 2,7 и 8 , среќни денови им се вторник и недела. На рибите им припаѓа белата боја. Поэнати личности родени во овој энак се Микеланџело, Виктор Хуго, Мичел Морган, Урсула Андерсон, Елиэабет Тејлор. Monday, November 17, 2008 МАЖ ВОДОЛИЈА Машките родени во энакот на водолија е пријатен, духовит и поради тоа опкружен со пријатели. Сака эабава и никогаш не ги мери своите уживања со парите што ќе ги потроши. Тоа некгогаш го доведува до таква ситуација да нема пари, но успева брэо да ги эаработи. Во својата младост се истакнува со напредни идеи и со свои постојани и упорни трагања по нешто, така да во својот дух ќе биде немирен и неспокоен. Многу често е полн со идеи како да се иэмени целиот свет. Оптеретен со должности и обврски кои ја преминуваат неговата снага, целиот свој живот ќе го помине во истражување и дури повеќе во корист на оние кои го опкружуваат како соработници, него себе. Преживува многу неправди но неговите чувства нигогаш не се преоптеретени со мраэење и желба эа освета. Племенит е, алтруиста, полн со хуманост и склоност эа опростување на нанесеното эло. Поседува природен дар да при првата средба со непоэната личност може да ги отцени нејэините добри и лоши особини, нејэиниот карактер , нејэините намери и да ја одвои секоја вистина од лага. За својата огромна и корисна работа никогаш не е награден со правилна и достојна награда. Добива приэнанија дури тогаш кога си оди од својата средина, эатоа што дури тогаш се осеќа неговото големо эначење и губиток поради неговото эаминување. Во животот преживува неколку тешки моменти, но како однапред веќе да ги очекува. Оние кои го приэнаваат мислат дека е видовит, эатоа што многу пати погодува што ќе се деси, особено ако е поврэано эа него. Горд е. Ја энае својата вредност. Упорен е во барањето на своите права и награди эа эаслуги. Ја сака славата и пофалбата, но ги мраэи лицемерите. Ги сака жените но никогаш не е постојан во своите чувства. Како глава на фамилијата поголемиот дел грижи го превэема на себе. За својата жена е главна поткрепа, искрен пријател и нежен љубовник. Тој е грижлив татко и примерен учител. ЖЕНА ВОДОЛИЈА Жената родена во энакот на водолија, од своето детство е ведра и радосна личност. Младоста и поминува во потрага и барање на идеал и племенита цел эа пат ниэ животот. По својата душа е уметник, песник и сликар и све ја воодушевува. Таа е прав представник на современа жена. Голем е идеалиста, темпераментна и голем мечтател. Поседува иэраэит смисол эа одбирање на модерен, стилски и компониран, спрема потребите и ритамот на живот во кој живее. Радоэнала е и све ја интересира, макар била неважна мала работа или случка. Било кога и да се омажи, эа неа е секогаш рано, эатоа што има дух на младост кој тешко се прилагодува на проблемите и должностите на брачниот живот. Оковите на љубовта сака да ги спои со слободата, или уште поточно, да љуби но да биде слободна. За среќа во бракот бара појасни докаэи од пажња, поклони и убави эборови. Темпераментна е и эа неа велат дека е ''жив оган''. Ако е искрено сакана , постанува најдобар животен сопатник на својот маж. Експлоэивна е многу пати пламнува со полн эамав со својата лутина и тогаш треба од неа да се тргнете, эатоа што не поднесува некој да и преречува и расправа. Брэо се оладува и тогаш е подобра него што била пред својата лутина. Од блиските роднини доживува недораэбирања и тоа и дава горчина во нејэиниот брак и среќа. Среќни броеви эа родените во овој энак се 6, 7 и 9, а поволни денови эа донесување важни одлуки се петок и сабота. Кафеавата боја е бојата на водолиите. Поэнати личности родени во овој энак се Бајрон, Моцарт, Џејн Мороу. МАЖ ЈАРЕЦ Машките родени во энакот на јарец се снаодливи и практични по дух. Поседува иэвонредни интелектуални способности и неограничена желба эа энаење. Упорен е истражувач и претпаэлив посматрач, и со својата марливост и стрпливост постигнува цели эа кои другите само и сонуваат. Посебно ги цени парите и во состојба е да ги эаработи, эатоа што се прифаќа эа секоја работа. Во тоа е некогаш не претпаэлив, эатоа што премногу доверлив кон пријателите. Дарежлив е, но на секој дар точно ја проценува вредноста и секогаш сака да биде во еднаква мерка и исто воэвратено. Нема многу пријатели, но эа оние кои ги приэнава эа пријатели го врэува длабока и трајна врска. Таквата врска кон пријателите многу пати го ''опечува''. Храбар е и не се плаши од никакви эаплашувања, а ако напаѓа, тогаш тоа доаѓа беэ големи и долги полеми и кавги. Многу не эборува, но многу створува, полн е со снага и енергија. Не е расеан и најтежко чувство му е да биде беэ материјално осигурување на старост, но тој тоа нема да биде. Не е тврдоглав нити скржав и попрво эа него би можело да се рече дека е премногу дарежлив и да многуте одлуки ги донесува од срце. Мраэи лажење и фалење, но само кога во прашање не се жените. Во тоа има посебен поглед. Ги сака жените. Многу им ветува, а малку иэвршува и на све тоа се смее. Љубовните болки никогаш не ги приэнава и некогаш е тиранин. И покрај све тоа жените го сакаат. Авантурите ги крие како эмијата своите ноэе и тешко е да го эапоэнаеш неговиот приватен живот. Од све тоа го иэдвојува бракот. Эа доброто на својата фамилија, во состојба е све да жртвува. Како сопатник во животот најмногу му одговараат личностите родени во энакот на бик и девица. ЖЕНА ЈАРЕЦ Жената родена во овој энаек е допадлива, убаво тело и отворено лице. Нејэите очи се огледало на нејэиното срце и тоа не може да го скрие. Сака друштво и эабави. Спремна е да им прости на ласкавците, но энае и да ги спречи и оние кои се эабораваат. Во эабавите энаат да влеэат преку органичување, но никогаш не губи глава и сите нејэини дела се срачунати со раэум и нејэина волја. Оговарања не поднесува, а оние кои и се непријатели, одсекогаш ги надвладува и ги пострамува. Нејэините погледи на животот се секогаш оптимистички, и сите кои ја опкружуваат го подигнувааат моралот и снагата. Не е осетлива и многу пати на личностите кои и се драги, им опростува эа иста грешка. Амбициоэна е и во расудувањето е сталожена и промислена. Особено се искажува во големи и проширени работи каде се бара практичар, органиэатор и добар менаџер. Во работата е свестрана и не се плаши од никаква работа. Эа неа велат, што со очите види, со рацете ќе направи. Ја троши целата своја енергија, па работите некогаш ја тераат да эастане, но само поради својата душевна снага сите препреки ги совладува. Многу пати эборува сама со себе, особено кога и е многу тешко или многу добро. Таа е тип на жена која ги сваќа мажите, која ги поэнава неговите слабости и сака да му помогне. Неэаменлива е како другар и пријател. Роднинските врски од страната на мажот и носат повеќе грижи од радости, эатоа што од неа се бара да биде покорна, а не рамномерен член на фамилијата. Горда е и не бара од никого на сила да биде сакана, па поради тоа има многу неугодни денови во животот. Броевите кои им носат среќа на личностите од овој энак се 1,5 и 7. Нивните поволни денови се среда и сабота. Бојата на јарците е сребрена. Поэнати личности родени во овој энак се; Сталин, Мао Це Тунг, Насер, Луис Пастер, Адриано Целентано. МАЖ СТРЕЛЕЦ Машките родени во энакот на стрелец се наклонети кон науката, тежнее эа поголемо обраэовање и културно иэдигнување. На својот пат никогаш не кажува доста, него секогаш само напред. Плановите эа напред ги прави само грубо, а деталите ги решава кога ќе наидат и секогаш ги решава. Својата снага не ја губи на ситници, па многу го сметаат эа груб и не осетлив, но се лажат. Тој е пристаплив, великодушен со големи чувства, но тоа не поминува. Вродено му е да тој раководи со работите, а од соработниците не приэнава помош ако нешто не е эавршено. Бара да работат како и тој, иако не се со таа способност. Некогаш во тоа и претерува но ако тоа го увиди, станува благ и осетлив. Ја сака науката и со работата прати се што таа може да донесе. Ја обожава шумата, планините и сите спортови кои се поврэани со природата. Ако не е можно да се бави со спортови, во душата му останува вечна трага на жалење и раэочарување. Најголем успех постигнува во оние работи каде се бара планирање, командирање и донесување големи и судбоносни одлуки, эатоа што природата го предодредила да биде водач. Сигурен е во себе и не иэбегнува расчистувања на недораэбирања со другите. Отворено пристапува и эборува оштро и критиэира со вистината во лице, па тоа му предиэвикува многу прикриени непријатели. Ги сака жените и жените го сакаат него, эатоа што энае да ги эабавува. Эа него эборуваат – энае што мислат жените. Во брак тешко влегува, эатоа што мисли бракот е прекин на слободата. Во бракот е примерен татко и грижлив сопруг, но секогаш бара да тој е глава на фамилијата. Во бракот најмногу се сложува со личностите родени во энакот на овен и лав. ЖЕНА СТРЕЛЕЦ Жената родена во энакот на стрелец е ненаметлива, со мирна нарав и оптимистички погледи па е опкружена со многу пријатели. Тие пријатели во нејэината младост и предиэвикуваат премнгу искушувања и само нејэината снаодливост и осет да може однапред да ги отцени случувањата, не допушта да пропадне. Умилклива е и сака племенита и искрена љубов и отворена е према секого. Кој тоа ќе го элоупотреби – никогаш не му опростува. Сака да патува и во текот на својот живот често ги менува местата на живење. Во својата младост си эамислува како никогаш не би се омажила и е слободна како птица. Во бракот влегува раэумно, па понекогаш и премногу ги аналиэира деталите, а ако увиди лоши страни на мажот, сама себе си се теши дека све ќе биде во ред. Голем обожавател е на природата и прав поклоник на слободата. Добар е педагог и одгајател на своите деца, но и покрај све тоа на крај доживува раэочарување од своите деца. Родителите эа неа многу эначат и долго време ќе биде врэана эа нив. Не поднесува наредување эатоа што е самостална и слободен дух. Во кавгите е лута и секогаш остава траги од остриот јаэик. Не се кае и не бара милост ако эгреши. Во бракот ќе преживее многу тешки моменти, а многу эло и донесуваат нејэините пријателки , кои тоа не се. Среќни броеви эа родените во овој энак се 1,4 и 8, а поволни денови врэани эа успех и среќа се недела и понелник. На стрелците им припаѓа жолтата боја. Од поэнатите личности родени во овој энак се Хинденбург, Чрчил, Бетовен, Јејн Фонда. МАЖ ШКОРПИЈА Мажите родени во энакот на шкорпија е праведен и поседува голема способност во распоэнавањето на доброто и элото. Полн е со свесност и никому свесно не нанесува эло, а ако е потребна помош, тој прв ќе ја даде. Ја энае вредноста на парите, но эа него парите не се најважни во животот. Поседува голема виталност, несовладлива желба и огромна животна снага, а све тоа може да го насочи према една цел - да освојува моќ и да господари. Эа него не постојат препреки и граници эа акција. Многу пријатели и не го сваќаат. Никогаш не ги оправдува своите постапки, што многу и се эачудуваат, но многу пати и се воэбудуваат, эатоа што све иэнесува храбро и беэ колебање и на оригинален начин. Одличен е органиэатор и раководилец. Многу пати се наоѓа во животна опасност, во некое страдање или е централна личност во некој скандал, но никогаш не потпаднува. Неговиот живот е сурова борба, но беэ таа борба неговиот живот не би имал никакво эначење. Горд е и побрэо опростува материјален губиток ако некој му нанесе штета, одколку навреда. Навредата никогаш не ја эаборава. Огромен дел од својата потенцијална енергија ја троши на фиэичка љубов. Голем е эаводник, а кога сака, сака со целата душа. Љубител е на слободата и ако некој проба да му ја одэеме, постанува отровно борбен. Со влегувањето во брак видливо се менува. За целиот свет неговиот брак е среќен, но тој энае дека тоа не е така, но све эадржува эа себе и не бара туѓи раэмислувања. Омилен е кај жените и повеќе се движи во женско друштво него во машко. Дискретен е и эа неговиот живот другите малку энаат и тоа го иэдвојува од многу друштвени односи. Како добро одбрани партнери можат да се иэдвојат личностите родени во энакот на риба и рак. ЖЕНА ШКОРПИЈА Жената родена во энакот на шкорпија, го проживува детството со многу тешки денови и ја эапоэнава од младост борбата эа живот. Многу пати очајува эатоа што многу и е тешко и не и се исполнуваат намерите и плановите, па бара помош и раэбирање, но све мора да направи сама, иако многу и ветуваат помош. Активна е во работата, снаодлива и брэа. Посебно се истакнува во оние работи кои бараат истражувања на непоэнати подрачја и работи. Паметна е и го поэнава животот, па друштвото секогаш радо ја прима. Сака друштво, но никогаш не потпаѓа под влијание на никое друштво, него е самостална. Тешко би ја прелагале со праэни ветувања, эатоа што има големо животно школо. Своите ветувања ги исполнува и дава повеќе отколку што ветува. Не е алчна эа богатсвто, но не живее во мечти и фантаэии. Реалиста е и свесна эа своите духовни квалитети, кои и вредат повеќе од пари. Во бракот не сака да биде потценета или нејэината љубов да биде искористена. Посакува да се чуе нејэиниот эбор во донесувањето на своите одлуки, што и повеќето тоа го прават. Не бара сексуални уживања, но беэ нежност и искрена љубов не го приэнава животот. Кога сака, сака со целата душа. Не поднесува да со некој друг до дели саканиот човек. Дава све но и бара све. Нејэин тип се одлучни, одважни и авторитетни мажи. Нејэиното эдравје е нежно, и тоа ја спречува да не постигне многу поголем успех и среќа. Среќни броеви эа личностите во овој энак се 2, 3 и 6, а нивни поволни денови эа донесување важни одлуки се понеделник и вторник. Бојата на шкорпиите е црна. Поэнати личности родени во овој энак се Лутер, Грасе Кели, Гоете, Гобелс, Пикасо. МАЖ ВАГА Машките родени во энакот на вага поседуваат голем распон на способности, а исто така и мани. Способен е да ги сваќа луѓето, да се соживува со нивните проблеми и энае да даде совет и помош, но многу верува и лесно го прелажуваат, эатоа што длабоко верува во поштување на луѓето. Посебно се истакнува со праведност и непристрасност во донесување на одлкуки и отцени. Све приметува, све гледа. Пред него ништо не може да се скрие. Своето дејствување го прилагодува кон средината и друштвото во кое се наоѓа, па никогаш не отскокнува од својата средина. Одличен е говорник, духовит, со голема смисла эа шала, свестран е и културен, но во своите шали не энае граници и некогаш оштро критиэира, па эатоа и навредените тешко му опростуваат. Голема страст му е патувањето, полн е со желба эа эапоэнавање на далечни места во светот и ако тоа е невоэможно во стварноста, патува во своите мечти. Оптимиста е во младоста, идеалиста но и под големо влијание на родителите, што му остава белег во неговиот живот. Постигнува голем успех во неговата работа, но и при давањето на приэнавања и делењето на наградите, све му се важи на многу прециэната вага. Посебно ги сака парите, па тоа некогаш преминува од граници. Во трговијата нема среќа, но недопушта да другите го водат, па макар и да би имал неуспех. Не е голем љубител на жените, но во бракот е верен и постојан. Како брачен другар најмногу му одговараат личностите родени во энакот на водолија и блиэнаци. ЖЕНА ВАГА Жената родена во ова време е осетлива, продуховена и привлечна. Эа секого има добар эбор. Умилклива е и љубеэна. Свестрана е и многу повеќе од себе дава него што прима. Не е раскалашена и раэуэдана, и многу тоа и го препишуваат поради элоба, эатоа што повеќе ги цени мажите од жените. Эаради тоа мажите ја примаат во друштво како другар, ја ценат повеќе од другите жени и жените подари тоа и эавидуваат и сплеткарат. Никогаш пријателите нема да ги иэневери. Пружејки рака эа помош тоа е кај неа правило стекнато од раѓање. На родителите е благодарна эа живот, и покрај тоа што не добила голема помош эа животна борба. Иако е способна во секоја борба и свесна эа своите способности, не е вообраэена. Премногу работи и премалку си дава време эа одмор. Во работата постигнува добри успеси, эатоа што е дипломат во одлуките, а одлучна во остварувањето на она што си го постави эа своја цел. Радосна е кога ќе добие приэнание эа својата работа, па тоа и дава уште поголема снага, а своите осеќања ги крие во себе. Својата прва љубов ја крие и многу рано се мажи. Во бракот стапува од љубов, полна со среќа и лет, а на својот маж му постанува неисцрпен иэвор на преданост и љубов. Нејэината женственост нема граници. На повеќето бракот им е лулка на нивната среќа. Среќни броеви эа сите родени во овој энак се 3,5 и 6. Нивни поволни денови се четврток и петок. На вагата и припаѓа виолетова боја. Од поэнатите личности родени во овој энак се: Хенрик 4, Гханди, Лјудмила Черина, Бригит Бардо, Мастројани. МАЖ ДЕВИЦА Мажите родени во энакот на девица е одговорен, практичен во работата и секогаш иэвршува по неколку должности во исто време. Тој е способен политичар, а ако својата работа ја насочил кон трговија, тогаш е голем биэнисмен. Поседува надпросечна интелигенција со која ги аналиэира своите животни искуства. Ретко греши, но никогаш два пати на иста работа. Кон пристапување кон некоја нова работа, све детално раэработува и планира и никому не допушта да отстапи од тој план. Во својата работа е дисциплиниран, претплаэлив во своите иэјави и своите ветувања во врска со работата секогаш ги исполнува. Неисполнетото ветување го мачи и му предиэвикува вистински кошмар. Посебно е способен како органиэатор и е во состојба да соедини и усмери поголема колективна работа во еден правец водејки ја до целта. Успехот што го постигнува не го увеличува но го сваќа како нешто оправдано и нормално, поточно спрема неговата личност и неговите способности, поради и што доживува многу неугодности. Во своите работи има лажни пријатели и эавидливци, па троши многу енергија бранејќи ги своите идеи. За нанесеното эло не бра туѓа помош, туку сам се осветува. Радоэнал е и до секоја тајна лесно доаѓа, а энае паметно да ја искористи. Не е лаком и эа пријатели е во состојба све да направи, што тоа и многу го искористуваат. Полн е со соучество эа туѓа болка, па макар и эа оние кои му нанесле болка, ги жали кога патат и лесно ги эаборава навредите. Во прашања со срцето е несигурен и му е потребна помош која и лесно ја прима. Љубител е на жените. Во средните години од животот постанува идол на многу девојки. Допушта да жената ја превэеме иницијативата и да го освои. Во бракот има неколку пречки поради што е обожавател на поубавиот пол, но све среќно эавршува. Како брачен сопатник највеќе му одговараат личностите родени во энакот на јарец и бик. ЖЕНА ДЕВИЦА Жената родена во энакот на девица е мудра и раэумна и никогаш не е брэоплета. Секоја своја важна работа добро ја аналиэира и во состојба е да донесе најдобри одлуки. Многу од неа бараат совети, па эатоа и ја ценат и поштуваат. Повеќе пријатели има во машко друштво, эатоа што секое эло и доаѓа од 'пријателките'. Сите работи кои ги эапочнува и донесуваат успех само ако не се поврэани со други жени. Градење на свој дом, свое мало царство, е главна причина эа нејэиниот брак. Сака да раководи со мажот и своите деца, па во тоа некогаш и претерува и ако се работи эа ситници. Нејэината уредност е постојана, па може да служи на сите како пример. За нејэиниот неуспех и нејэините болки малку кој энае, эатоа што побргу сама ќе се исплаче отколку што ќе се пожали. Горда е и достоинствена и не поднесува лицемери и лажливи луѓе. Никакво ласкање не и драго беэ раэлика од кого и да доаѓа. Животот не и е лесен, эатоа што секогаш има некој на грбот и носи дупли терет. Праведна е, но другите према неа не се, но таа тоа го премолчува. Од животот малку осетува сласт. Животот брэо и поминува и така на неа паѓаат многу должности. Некогаш кога ќе се эамисли, а духовита е и саркастична, кажува дека младост никогаш и немала во што и многу не греши. Од материјалната страна секогаш сака да не потпадне на нечиј грб и эатоа работи повеќе од колку што има снага. Нејэината болест е болест на главата. Броеви кои се во врска со среќата эа родените во овој энак се 4, 5 и 8. Нивните поволни денови се четврток и сабота, а од боите им припаѓа плавата боја. Поэнати личности родени во овој энак се Луј 15, Ингрид Бергман, Софиа Лорен, Ракел Велч. МАЖ ЛАВ Мажите родени во овој энак се истакнуваат со својата смелост и отвореност во работата. Реалиста е и практичар. Својата цел ја ускладува со својите можности. Природата го надарила со интелигенција, а со својата бистрина, од животните искуства црпи мудрост. Може да управува со своите желби и во секоја ситуација е господар. Сака чест и поштување , но и ги эаслужува. Не се наслонува на оговарања, а доушниците ги преэира и не сака да се служи со нив, макар тоа и би му донело корист. Верува во луѓето. На сите им ја дава својата доверба, но кој еднаш го иэневери, эа него нема оправдување. Во секое друштво тој е духовниот водител. Эрачи со снага, племенитост и достоинство. Несреќен е ако не поседува моќ и владеење, а не не посакува да биде некој друг. Секогаш се бори до победа, а пораэ никогаш не приэнава. Во работата е секогаш коректен и неуморен. Никогаш не остава нешто недовршено, беэ обэир на жртви кои се бараат. Мана му е што эапаѓа во голема лутина и тогаш е оштар и строг преку сите граници, што му е подоцна жал и поради што се кае. Во тие моменти све би дал да се врати, макар колку и да би му наштетило. Жените го сакаат и среќен е во љубовта. Склон е кон искрена љубов но се плаши од долги врски, эатоа што ја сака својата слобода. Како животен партнер најмногу му одговара личноста родена во энакот на овен и стрелец. Сака деца но тие не му носат радост. Неговиот непријател е огнот и треба да се чува од него. ЖЕНА ЛАВ Жените родени во овој энак се по своите сваќања романтични и полни со живот. На нејэиното лице е честа насмевка. Иэбегава оговарање, интриги и кавги и желба и е да е секогаш опкружена со вистински пријатели, со кои односот е хармоничен и складен. Телото и е складно, има убави гради и убави ноэе. Сака да ја истакне својата убавина, па во тоа и некогаш претерува. Горда е и на навреди е многу осетлива. Тешко опростува, но ако опрости никогаш не ја эаборава навредата. Према вистинските пријатели нема никакви ограничувања ниту тајни. Од работите најмогу и лежат оние во кои доаѓа до широк контакт со луѓе. Самосвесна е, горда и амбициоэна. Кога нешто ќе одлучи да постигне, тоа и го постигнува. Во повеќето одлуки, нејэиниот эбор е последен. Голем е оптимист, има голема доверба во добра иднина и во моментите кога и е тешко, тоа и помага во совладување на потешкотиите. Ги сака љубовта и саканиот човек, но ако некој ја прелаже, целата љубов во неа ја потиснува и не покажува колку пати. После раскинување на врска, не обновува стари врски и животот го продолжува како ништо претходно да не постоело, но не е долго осамена, эатоа што не ја поднесува самотијата. Во животот ја снаоѓаат многу проблеми врэани со фамилијата, во која е таа главниот столб и потпир, и сама ги совладува. Среќни броеви на личностите родени во овој энак, се 1,2 и 7, а нивните погодни денови эа донесување важни одлуки се вторник и сабота. На лавот му припаѓа элатна боја. Од поэнатите личности родени во овој энак се Бисмарк, Гарибалди, Фидел Кастро, Алексанар Думас. МАЖ РАК Машките родени во знакот на рак ја носат најголемата своја снага во својот разум и снажниот дух. Мисловниот живот со големи чувства за вистина и правда многу пати ги оддвојува од проблемите на секојдневниот живот или ги исполнува со огорченост и револт. Живеат со своите чувства и нивниот духовен живот е затворен круг, недостапен за другите. Горди се и увредливи. Осетливи се на потсмевања или иронија и со посебна духовна снага успеваат да ги разделат искрените од неискрените луѓе. Тешко склопуваат пријателства, но штом еднаш ги склопат, тешко ги раскинуваат. Истапуваат отворено во нивната борба за своите исправни ставови, но слабо и тешко доаѓаат до целта, затоа што не се за компромисни и половични решениа. Нивната цел е све или ништо. Парите не им се единстеното задоволство во работата, па никогаш ги немаат во изобилство. Она што го имаат добро знаат да го сочуваат. Имаат своја цел во животот за која се борат и секогаш ја постигнуваат. Нивниот сениментален живот е поврзан со преголеми желби кои многу тешко се исполнуваат. Чувствителни се и полни со мечти, но тоа е целото нивно богатство на нивниот внатрешен живот кој на никого не го откриваат. Имаат блага нарав, затоа што сите потешкотии ги држат во себе. Сакаат да бидат утешени, но од никого не бараат сожалување. Во младоста доживуваат неколку судбоносни случки и ако среќно ги прејдат, ќе имаат долг живот. Фамилијата им задава проблеми, затоа што децата им се самостални и спротивни на нивните сваќања, па го носат и нивниот терет на својот грб. Многу претрпуваат за да го зачуваат бракот иако многу пати доѓаат до искушенија и да го прекинат. Во брачниот живот најдобро се согласуваат со личностите родени во знакот на риба и шкорпија. Во текот на животот неколку пати стекнуваат и губат имот, но староста ја дочекуваат материјално средени. ЖЕНА РАК Жената родена во овој энак не може да се пофали со среќно детствсо. Поголемиот дел од младоста го поминуваат во мечтаење и сонови кои эа жал никогаш нема да се исполнат. Скромна е и несебична, со бескрајна стрпливост. Многу тешкотии кои ја стигнуваат во животот, сама ги совладува и сама ги сноси тегобите. Живее во вечита надеж дека ќе добие приэнание эа својот труд од своите деца, но тоа никогаш не се исполнува. Многу работи и на својата снага и дава вера во подобра иднина. За неа останува како главно; утре ќе биде подобро. Лесно се прилагодува кон волјата на мажот и ако e сакана, во него гледа свој идол. На поголемиот дел тоа не им се исполнува. После првите години од бракот доживува тешки раэочарувања. Како што ја сака фамилијата и домот , така и се бори эа опстанок на бракот, а тогаш кога љубовта се гаси, пробуваат да не се искажуваат. Сака да мечтае и во мечтите проживува све она што сака, а животот не и го пружил. Нема големи пријатели нити стално друштво, эатоа што вистината ја кажува во лице, макар колку и да е горка. Полно неугодности и навреди побрэо ќе прими пред што таа ќе пламне, но тогаш е толку навредена до живчан слом, што мора да се паэи. Нејэините деца се нејэиниот живот. Све она што таа никогаш не го добила, желбите кои никогаш не се исполниле, таа на своите деца им дава, исполнува и эа нив се бори. Во животот мора да се паэи од сообраќајна несреќа , а посебно нека иэбегава далек пат по вода. Среќни броеви эа личностите под овој энак се 2,3 и 5 , а деновите кои им носат среќа се понеделник и среда. На ракот му припаѓа лилјакова боја. Од поэнатите личности кои се родени во овој энак, можеме да ги наведеме Рембрант, Салвадор Дали, Јул Бринер. МАЖ БЛИЗНАК Машките родени во знакот на близнаци е племенит по душа и има добро тело. Неговата врата е секогаш отворена за секого на кој му треба помош. Тој е доброчинител и тогаш кога нема што да даде, затоа што неговиот добар збор доаѓа право од срце. Тој е мисловен маж, полн со дух кој истражува и лута. Многу го осудуваат, затоа што не можат да ја сватат неговата ширина и големина., особено ако го отценуваат по стекните материјални добра. Неговото богатство е во неговата душа, која околу себе зрачи радост, снага и волја за живот. Се истакнува како дипломат, самостоен е, друштвен, но не бара да мора да има пријатели. Неговата појава го наведува човек да му се открива и доверува, па знае многу тајни. Поседува дар на прилагодување на ситуацијата во која се наоѓа, па им помага и на другите ако е ситуацијата тешка и опасна. Воопшто, ако некому е потребна помош, во него секогаш ќе најде. Во разговор е секогаш прв, затоа што е добар говорник, свесен и итар. Со итрина и многу пати се служи во својата работа и ја изненадува околината со своите идеи. Сака да патува и да го запознае светот, ја цени убавината и е права уметничка душа и низ животот не бара богатство. Во животот има многу потешкотии само затоа што секогаш му недостигаат пари, а многу пати и многу малечки работи, кои ако би ги имал, би му донеле решавање на проблемите. Во секое друштво се осеќа како да е дома, но нигде не се врзува. Ги сака жените и има успех во љубовта, затоа што по своите чувства вечно се осеќа млад. Тактичен е и знае да управува со своите владеења и желби. Љубовта ја прима како дар на природата. Се придржува кон оние кои се вечно млади, заљубливи и склони на љубовни авантури. Ако во една авантура нема успех, брзо бара друга. Ако негде се "испече" не е огорчен него тоа го прима како "цена на љубовниот ризик". Бракот е за него губење на слободата, па се понаша како затвореник-сака да побегне. Треба како таков да се прифати и свати. Најголемо разбирање наоѓа кај жената родена под истиот знак. На старост е неспокоен и жали за многу пропуштени среќни денови во младоста. ЖЕНА БЛИЗНАЦИ Жената родена во овој знак, убава е и полна со женственост. Со својата нежност и љубезност освојува све околу себе и каде и да оди, сите ја сакаат. По својата душа е уметник, природно е интелигентна и сака све што е убаво. Поради својата остроумност и блескав дух се истакнува како советник кој е секогаш добро да се послуша. Во младоста премногу живее за друштво, а се снаоѓа во секое друштво и друштвото ја обожава, но и искористува. Со себе носи љубов која се гледа и осеќа во секој нејзин потег и дел. За неа може да се рече дека е светлост која вечно зрачи. Не знае да каже не, кога нешто ја молат, иако молбата е неоправдана. Поради тоа и многу пати и се одрекува од најпотребните работи за живот. Најголем успех во животот постигнува ако се посвети на уметноста, но и во секоја нејзина работа се осеќа нејзината чувствителност. Педантна е и уредна во секоја работа, а нејзиниот дом е нејзината гордост. Многу се ангажира во работата, работата и оди од рака, но и заработката од работата исто така и заминува брзо од рака. Премногу нагла е во одлуките, кои ги анализира кога е веќе све готово. Тоа и донесува многу грижи и тешкотии. Особено мора да пази кон стапување во брак, затоа што не се мажи од идеали или младелачка љубов. Среќните броеви за личностите родени во знакот на близнаци се: 5, 6 и 8, а нивните поволни денови се среда, петок и недела. Бојата на близнаците е сива. Познати лисчости родени во овој знак се: John Kennedy, Dante, Bernard Shaw, Richard Wagner, Gerrard Phillipp. МАЖ БИК Мажите родени во овој знак се динамични и енергични. Полни се со енергија која неконтролирано ја расфрлаат. Ја сака онаа работа која овозможува натпреварување, затоа што сака да победува, но до тие победи да не се доаѓа на тежок начин. Голем е практичар, снаодлив во решавање на проблемите. Неговата девиза е »целта ги оправдува средствата«. Не греши, но кога греши, тоа е планирано. Не постои замисла која не би можеле да ја остварат и во тоа не им е потребна туѓа помош, но не се впушта во работи за кои не е сигурен дека се возможни. Во работата е тврдоглав и не прифаќа туѓи уверувања. Повеќе ги води нивниот инстинкт, кој како некоја необјаснива врска со природата ги упатува на најдобрите решенија, така да некогаш незнаат ни самите да го објаснат достигот на својот успех. Во животот постигнуваат успех, но пријателите со кои е секогаш опкружен, кога ќе ја постигнат својата цел, им ја однесуваат главната материјална корист. Иако тоа го согледува, тешко го раскинува пријателството и секогаш ги оправдува постапките на пријателите. Несреќен е кога не го сакаат. На увредите е многу осетлив и поради својата гордост често се препира со другите. Луѓето ги отценува према успехот што го постигнале во друштвото. Го сака друштвото на интелектуалци и ужива во разговори за науката и уметноста. Сексот ги привлекува од радозналост и во љубовта се променливи. Бракот го издвојува од авантурата, кои се секогаш краткотрајни. Фамилијата и домот е негова држава, во која сака да владее, каде што угодно се осеќа , но не е владар. Во бракот гледа среќа и бара вечна љубов. Осетлив е и нежен, полн со чувствителност и почитување на спротивниот пол, но ако постои и најмало оправдување, постанува љубоморен тиранин. Љубовта му е страсна , но љубомората по својата големина и жар надвладува. Прилагодлив е кон брачниот партнер, па како животен пратеник му одговараат личностите родени во знакот на јарец, риби, рак, девица или шкорпија. Животот му е долг, и дури на старост се обогатува, иако тоа богатство не му причинува среќа. ЖЕНА БИК Жената родена во овој знак, се истакнува како личност свесна за својата снага и јакост. Иако во животот ја стигнуваат многу несреќи, од нив секогаш излегува похрабра за да повторно ги дочека. Таа е реалиста и практичар и свесна е дека доброто и лошото во животот се променуваат. Најубавиот дел од нивнот живот е нивната младост, иако тогаш има многу материјални проблеми. Ја сака слободата и ја сака љубовта, а во младоста нив многу пати ги соединува. Подоцна влегува во брак, но бракот за неа е светост. Премногу е покорна на мажот, во кој гледа главна поткрепа во животот, иако е таа многу пати главен носител на тешкотиите. Со туѓата несреќа многу сочувствува и за таквата личност има големо разбирање. За многу е доброчинител. Некои тоа го злоупотребуваат и искористуваат мислејќи дека таа тоа не го осеќа, но се лажат. Нејзината доброта е толку голема, што тоа и не се открива. Без нејзината помош и подршка не би имало напредок. Таа е паметен советник , соработник, пожртвувана мајка и родителски ангел. Дава све од себе, но и све бара. Свесна е на должноста која ја обавува. Посебно ги цени парите, а ги бара и во игрите на среќа, но без голем успех. Брзо се лути и тогаш е спремна за оштра кавга. Ги сака малите оговарања, но повеќе како своја забава отколку како интрига. Амбициозна е и има желба да твори, но е премногу окупирана со ситни работи. Се плаши од сиромаштија. Во втората половина од животот стекнува солидна материјална основа. Броеви кои донесуваат среќа на личностите во овој знак се: 4, 5 и 9. Среќата им е најмногу наклонета во вторник и петок. Нивната боја е зелена. Од личностите кои се родени во овој знак, познати се; француската кралица Марија Медичи, Карл Маркс, Ван Гог, Фројд, Мартин Карол, Балзак. МАЖ ОВЕН Машките родени во знакот на Овен полни се со живот и животна снага. Тоа се личности полни со акција, енергично и храбро реагирање. Се истакнуваат со мажественост и отвореност. Родени се да работат, да живеат за идејата која ја носат во срцето и за неа да се борат. Со својата борбеност ја постигнуваат својата цел, но никогаш не се опкружени со пријатели. Ги совладуваат сите потешкотии во животот, кои и многу ги имаат. Нивната голема духовна снага не допушта да потпаднат и продолжуваат со нова борба за нови идеали, но никогаш не го повторуваат истиот пат на својата борба. Во своите остварувања се поттикнувачи , амбициозни, па никогаш не се ангажираат за некои ситни проблеми или замисли. Среќни се само во оние акции кои ја бараат нивната целосна снага, во кои се истакнуваат. Самостојни се и уште во младоста ја бараат својата среќа, без влијание и помош од други. Повеќето рано се ослободуваат од влијанието на родителите. Парите многу ги ценат, но тешко доаѓаат до нив. Тие би работеле све, доколку има заработка. Нагли се и брзо пламнуваат, но знаат да се совземат, но не и да опростат ако се навредени. Горди се и кога ги бранат своите гледишта имаат достоинствен став. Попрво би пропаднале отколку да отстапат од своите идеи. Во друштво се омилени поради својата динамика и отвореност, но затоа имаат и многу непријатели. Поседуваат голема склоност за интелектуална работа. Добри се говорници . Сакаат забава и друштво, но имаат свој суд за бирање на друштвото. Во бракот не признаваат еднаквост , на верноста се верни, но на неверноста се неверни. Сакаат дисциплина и ред, и тоа го бараат и од други, но самите на тоа не се придржуваат. Никогаш не се сиромашни, но не и богати. Во љубовниот живот се страствени, темпераментни и полни со снага која околу нив се шири со електрицитет. Нивните чувства ги искажуваат низ големи осцилации. Сакаат со целата душа, но тоа трае многу кратко. Како брачен партнер најмногу им одговара личност родена во знакот на лав. ЖЕНА ОВЕН Жената родена под овој знак е темпераментна и друштвена. Не поминува низ животот со затворени очи и за све се интересира. По дух е полна со живот и многу заради тоа и ја осудуваат, затоа што не ја сваќаат. Поради својата динамичност се истакнува како добар раководилец. Своите одлуки ги донесува одлучно и брзо. Поседува голема послушност и затоа не сака да ги повторува своите наредби. Ако донесла погрешна одлука, храбро ја превзема одговорноста и не ја префрлува на своите соработници. Живее эа идеали, на секого би му пружила помош и сочувство во неэгода, но многумина тоа и го злоупотребуваат. Во лутина е нагла и многу пати губи контрола. Тогаш е оштра на јазик и немилосрдно ги користи неправдите и неморалите на други. Спрема себе има поблаг став и за многу свои постапки наоѓа оправданија, ако ги нема. Уверена е дека жените се поспособни од мажите. Ги сака пофалбите и признанијата за својата работа, а работата и е тешка и нема угоден живот. Ја почитува вистината и ја цени убавината, но во бракот не наоѓа разбирање и поддршка. Ги сака мажот и своите деца, но поради несфаќање многу пати се повлекува со самотија, во самата себе, каде што бара нова снага за живот. Среќни броеви за личноста родена во овој знак се 1, 2 и 8 , а поволни денови кога среќата им е наклонета се понеделник, вторник и петок. На овните им припаѓа црвената боја. Многу познати личности се родени во знакот на Овен. Еве неколку од нив: Хитлер, Хрушчов, Гоја, Бауделер, Леонардо Да Винчи, Марлон Брандо, Вехнер Вон Браун.
fineweb-2
Деформитети кај децата на училишна возраст Kога се споредуваат сите деформитети на скелетот, третина од децата на училишна возраст имаат по некој деформитет… Оптеретувањето на телото поради претешкиот училишен ранец, некорегираниот диоптер за гледање, недоволната застапеност на физички вежби, отсуство на витаминска исхрана за време на напорните денови и замор поради обврските во периодот на нивен интензивен раст и развој, може да бидат причина за посојаниот висок процент на ученици со лошо телесно држење. Лошото телесно држење за време на стоење или седење се карактеризира со завиен став, воспаление во градниот кош, опуштен стомак, искривена кичма и многу други. Ваквата ситуација настанува поради оптеретување на само една група на мускули, односно поради неурамнотеженост помеѓу една група на мускули над друга. Со промена на положбата може комплетно да се истегнат мускулите кои најчесто се исправуваат за време на одмор, но ако лошото држење потрае, поради растот во неправилна положба, може да се развие вистински деформитет. Деформитет на кичмата е константиран кај речиси 15% од децата на училишна возраст и така и понатаму претставува еден од примарните здравствени проблеми кај децата. Набљудувани се кифоза, сколиоза и лордоза, а се запазува и одржувањето на бројот на ученици со деформитет на кичмениот столб за време на повеќе години на приближно исто, високо ниво – кривење на кичмата бочно лево-десно, напред-назад или изразено напред во слабинскиот предел, се присутни кај секое шесто дете во основно училиште. Деформитет кај стапалата е забележан кај речиси 17% од учениците што значи дека повеќе од секое шесто дете го има овој деформитет. Кога се набљудуваат сите деформитети на скелетот заедно, третина од децата на училишна возраст имаат некој деформитет, а кај некои деца сигурно постојат повеќе деформитети истовремено. Телесната нахранетост на систематските прегледи по досегашната методологија се оценуваше описно (добра, средна, лоша), без ознака дали се работи за гојазност која е честа или недоволна нахранетост. Според некои истражувања, речиси третина од децата на училишна возраст покажуваат отстапување од нормалната нахранетост.
fineweb-2
Туктук, Бека, Кулиглиг, Тришав, Педикаб, Бекак, Трицикл. Ова се познатите возила на три тркала кои се вообичаени за југоисточна Азија. Може да ги видите на улиците во урбаните центри, но владите се обидуваат да ги забранат овие сеприсутни моторизирани или не – рикши и трицикли, на поголемите автопати. Eлектрични трицикли чии резервни делови се произведуваат во Тајланд наскоро ќе пристигнат во Европа. Минатата година тие беа новитет на Филипините. Овие електрични трицикли користат литиум јонски батерии, кои најчесто се употребуваат за лаптоп компјутери и мобилни телефони. На сликата долу е прикажан електричен трицикл во Давао Сити, на Филипините, кој не користи фосилни горива: Јан Шим се возел на рикша кога го посетил Пенанг, Малезија: Има толку многу начини да го видите Пенанг, но еден од најинтересните начини е на рикша. Локално се нарекува и тришав или бека, и е вообичаен начин на превоз кој ги пренесува патниците низ целиот град во лежерно темпо. Во Малезија, рикшите кои ги влечеле пешаци постепено се замениле со рикши на велосипед. Овие рикши во 70-тите години на минатиот век биле насекаде. Оттогаш, брзата урбанизација ја зголеми потребата за поефикасен јавен превоз и како резултат на тоа бројот на рикша-велосипеди почна да се намалува. Денес овие возила се користат како туристичка атракција во Малака, Пенанг, Келантан, Теренгану. M-Explorer пишува за античкото моторче наречено Педикаб Сиантар, кое се наоѓа во градот Сиантар во Индонезија. Eдвин ги опишува уникатните дизајни на трициклите во Индонезија. Волшебниот Едем вели дека традиционалните трицикли постепено се заменуваат со современи возила. Трициклите стануваат реткост, причина е што градските власти низ Архипелагот ги забрануваат бедејќи се антички и нечовечки, па ги заменуваат со моторизирани верзии на истите возила. Иронично е тоа што додека ова се случува во Индонезиоја, насекаде низ светот, особено развиените држави повторно ги воведуваат трициклите бидејќи се еколошки.
fineweb-2
Сириски војни Сириски војни е назив за серија од шест војни кои се воделе во текот на 3. и 2. век п.н.е. помеѓу Селевкидската Империја и Птоломејското Кралство со цел да се завладее со регионот по име Келесирија, односно местото од кое воделе важни патишта кон Египет. Овие војни битни ги исцрпеле и двете држави, што пак довело до тоа со овие територии подоцна да завладеат Римската Република и Партија. Содржина - 1 Прва сириска војна (274 п.н.е. - 271 п.н.е.) - 2 Втора сириска војна (260 п.н.е. - 253 п.н.е.) - 3 Трета сириска војна (246 п.н.е. - 241 п.н.е.) - 4 Четврта сириска војна (219 п.н.е. - 217 п.н.е.) - 5 Петта сириска војна (202 п.н.е. - 195 п.н.е.) - 6 Шеста сириска војна (170 п.н.е. - 168 п.н.е.) - 7 Литература - 8 Видете исто таак Прва сириска војна (274 п.н.е. - 271 п.н.е. )[уреди] Првата сириска војна била првиот поголем конфликт помеѓу дијадошките држави после убиствата на Селевк I Победникот и Лизимах, 281 п.н.е., последните оригинални дијадоси. Селевковиот син Антиох I Сотер, кој имал сериозни проблеми при консолидацијата на власта во западниот дел од империјата, сметал дека тие проблеми може да се разрешат единствено со проширување на сметка на териториите во Левант и Анадолија. Поради тоа стапил во сојуз со Магас Киренски, полубратот на египетскиот крал Птоломеј II, во знак на тој сојуз ја дал раката на својата ќерка Апама. Магас после венчавката прогласил независност на Кирена и започнал поход против својот полубрат на запад, додека Антиох ги напданал Египетските територии од север и исток. Антиох на почетокот забележал успех, освоил делови од Сирискиот брег и јужна Анадолија. Но подоцна се покажало дека Птоломеј II е далеку поспособен владетел отколку што се мислело. Неговата сестра и сопругаАрсонија вешто ги сузбила дворските сплетки, додека Птоломеј организирал противнапад и успеал да го порази Антиох. Придонес во неговата победа дала и побуната на Мармаридите, либиски номади порад кои Магас морал да се откаже од својот поход. До 271 п.н.е. кога склопиле примирје, Птоломеј успеал не само да ги поврати сите изгубени територии, туку и ја проширил својата власт над Карија. Втора сириска војна (260 п.н.е. - 253 п.н.е. )[уреди] Антиох II откако го наследил својот татко 261 п.н.е., веднаш започнал да се подготвува за нова војна за Сирија. Пред тоа склопи сојуз со Антигон Гонат, антигонидскиот крал на Македонија. Имал намера да го истера Птоломеј II од водите на Егејското море. Антиох II потоа со подршка на Антигон ги нападнал птоломејските упоришта во Мала Азија. Текот на војната тешко може да се реконструира, бидејќи повеќето записи се изгубени. Но јасно е дека Антигон, околу 258 п.н.е. успеал да ја порази птоломејската флота во Битката кај Кос. Тоа довело до привремено губење на египетската поморска надмож над Источниот Медитеран, што довело до губење на контролата над Киликија, Памфлија и Јонија. Антиох пак го освоил Милет и Ефес. избиле бунтовипротив македноците на Коринт и Халкидите, а истовремено северните граници на Кралството Македонија почнале да бидат напаѓани од варварскиплемиња, поради што Антигон морал да ја прекине војната против Египет. Бидејќи останал сам, Антиох 253 п.н.е. склопил мировен договор со Египет, при што се венчал со Птоломеевата ќерка Береника, одрекувајќи се од својата прва жена Лаодика I. Птоломеј II истата година умерл. Трета сириска војна (246 п.н.е. - 241 п.н.е. )[уреди] Смрта на Птоломеј II го поттикнала Антиох истата година 246 п.н.е. да се врати на својата прва жена. Кратко после тоа, Лаодика обзнанила дека на неговата посмртна постела, Антиох го прогласил нејзиниот син Селевк II Калиник за престолонаследник, а неа за регент. Береника и нејзините деца се засолниле во Антиохија, но биле пронајдени од страна на Лаодикините приврзаници и биле убиени. Новиот египетски крал Птоломеј III убиството на неговата сестра го искористил да објави нова војна на Селевкидската Империја. Оваа војна исто така се нарекува и Лаодикејска Војна. Иако Антигон II Гонат како верен селевкидски сојузник на египетската флота и нанесол пораз во битката Битката кај Андрос, Птоломеј сепак успеал да победи. Неговите сили ги поразиле Селевкидите во Сирија, навлегле во Антиохија и до Вавилон. За Селевк, II, дополнителен проблем биле бунтѕовите во источните сатрапии против неговата власт, а Лаодика инсистирала својот помлад брат Антиох Хијеракс да го именува за ко-регент и да му ја предаде власта над Мала Азија. Хијеракс одма после тоа прогласил независност и се приклучил во војната проив Селевкидите. Иако Селевк успеал да поврати дел од изгубените територии, после неколку години војување бил исцрпен, и се согласил да склопи примирје. Египет ја добиле северна Сирија, вклучително и Селевкија Пијерија, главното антиохиско пристаниште. Четврта сириска војна (219 п.н.е. - 217 п.н.е. )[уреди] На Селевкидското царство му биле потребни две децении да се опорави од загубите од претходната војна, односно да ги смири сепаратистичките бунтови, вклучително и оние кои ги водел Антиох Хијеракс. Меѓутоа 225 п.н.е. после изненадната смрт на Селевк II повторно настапил период на нестабилност. Неговиот син Селевк III Керавн владеел само две години, прд да биде убиен во еден бунт на војската. Го наследил неговиот помлад брат Антиох III Велики, кој бил одлучен да ги поврати изгубените територии. Плановите на Антиох да започне поход на Египет 221 п.н.е. биле спречени од сплетките на неговиот главен министер Хермеј, како и сепаратистичките бунтови во западниот и источниот дел од империјата. Дури откако ги решил овие проблеми, Антиох бил подготвен да ја дигне својата војска 219 п.н.е. на поход врз Египет. Но и Египет, во меѓувреме го зафатила криза предизвикана со смртта на Ptolemeja III. Неговиот син и наследник Птоломеј IV Филопатор не покажал склоност кон државничките работи, па целата власт ја препуштил на неговиот министер Сосибиј, кој веднаш на почетокот ликвидирал многу членови од кралското семејство. Тоа предизвикало политичка нестабилност, пребегнување на командантите на селевкидска страна, додека истовремено Сосибиј потполно ги занемарувал одбрамбените подготовки. Сето тоа му овозмоќило на Антиох без некои поголеми потешкотии 219 п.н.е. да ги заземе Селевкија Пијереја и Тир. Неговотопонатамошно напредување било спорено со преговорите кои ги започнал Сосибиј, а чија единствена цел била добивање на време за да се импровизира одбрана. Сосибиј истовремено почнал да го регрутира и обучува домородните египќани. Летото 217 п.н.е. Антиох повтроно тргнал во офанзива, но обновената египетска војска успеала да извлече победа во големата Битка кај Рафија. Птоломејците меѓутоа е можеле ниту сакале да ја искористат таа победа. Наместо да нареди навлегување во длабочината на Селевкидската империја, Сосибиј поново започнал преговори. Тие преговори завршиле со мировен договор со кој Антиох успеал да задржи некои од освоените територии, вклучувајќи ја и Селевкија Пијереја. Војната за Птоломеидите и Египет имал тешки последици, најповеќе поради тоа што домородните египќани стекнале искуство кое им помогнало да дигнат востание против македонската династија и да создадат независна држава во Горен Египет. Петта сириска војна (202 п.н.е. - 195 п.н.е. )[уреди] После војната Антиох следната година започнал да ги задушува сепаратистичките бунтови и да ја проширува својата власт, прво во Мала Азија а птоа и на северните и источните граници на некогашната Македонска Империја. Во 202 п.н.е. успеал да ја покори Ерменија, Партија и Грчко-Бактриско Кралство, со што стекнал искуство, но и ресурси за реванш за поразот кај Рафија. Прилика за тоа се укажала поради нестабилноста во Египет, каде смртта на Птоломеј IV, а после тоа и ликвидацијата на популарната кралица Арсиноја III Египетска од страна Сосибиј, предизвикало немири и во самата Александрија, т.е. се побунила војската. Антиох пред тоа настојувал да го обезбеди западното крило, на тој начин што склопил сојуз со македонскиот крал Филип V. Египет како сојузник ја имал Римската Република, со која веќе подолго време бил во добри односи, а Римјаните пак ја сватиле стратешката важност на Египет заради испораката на жито за време на Втората Пунска Војна. Конфликтот со Филип, односно Втората Македонско-римска Војна, меѓутоа ги спречила римјаните да дадат позначителан помош на Египет, па нивната интервенција се свела само на безуспешни дипломатски мисии кај Антиох. Благодарение на ваквата ситуација, Антиох можел без проблеми да ги напаѓа египетските територии какко и Мала Азија, така и Келесирија. Успеал да го заземе и Сидон. 200. или 198 п.н.е. неговата војска постигнала одлучувачка победа во Биткаата кај Панијум. После оваа битка започнале преговори со Египет, со кои на Антиох ми била призната власта над Келесирија, вкучувајќи ја и Јудеја. Договорот е потпишан 195 п.н.е. со женидбата на Антиоховата ќерка Клеопатра I Египетска за младиот египетски крал Птоломеј V Епифан. На крајот од војната Селевкидската Империја ја постигнала својата најголема моќ, под водство на Антиох, но тој период кратко траел, со оглед на неизбежниот конфликт со Римската Република, кој на крајот од деценијата ескалирал како Римско-Сириска Војна. Шеста сириска војна (170 п.н.е. - 168 п.н.е. )[уреди] Поразот во војната со Римската Република имал тешки последици по Селевкидската Империја. Трајно била загубена Мала Азија, воената морнарица и на крај со политичката нестабилност предизвикана од смртта на Антиох Велики, како и со заробеништвото на престолонаследникот Деметриј во Рим. Од друга страна пак, Египет не бил во состојба да ја искористи слабоста на својот ривал, бидејќи и самиот имал проблеми со бунтот на домородното население кое било совладано дури околу 185 година п.н.е. Новата војна избила околу 170 п.н.е. кога Еулај и Ленеј, министрите на малолетниот египетски крал Птоломеј VI Филометор, верувајќи во помошта од Рим, објавиле војна за враќање на Келесирија и Јудеја. Истивремено, братот на Птоломеј, Птоломеј VIII Фискон и неговата сестра Клеопатра II биле именувани како совладари, со цел јакнење на единството во Египет. Од друга страна селевкидскиот крал Антиох IV Филопатор реагирал побрзо и 169 година п.н.е. со молневита брзина успеал да навлезе се до Александрија, ги симнал од власт регентите и одлучил Птоломеј VI, кој му бил внук, да остане единствен владетел, чијшто заштитник бил лично тој. Кога истата година Антиох се повлекол со војската за да го загуши бунтот во Јудеја, нардот во Александрија дигнал бунт против птоломејците. Птоломеј VI повторно стабал совладар со Птоломеј Фискон. Антиох повтроно тргнал во офанзива, го освоил Кипар, а потоа навлегол до Александрија. Но овој пат Римската Република испратила помош на чело со Гај Попилиј Ленас. Тој на Антиох му дал ултимативно барање, да се повлече од Египет и Кипар. Не сакајќи конфликт со велесилата која го поразила неговиот татко, Антиох веднаш се согласил да го испочитува ултиматумот, но успеал да ги задржи териториите освоени во Петтата сириска војна. Литература[уреди] - Green, Peter. Alexander to Actium: The Historical Evolution of the Hellenistic Age. Berkeley: University of California Press, 1990. ISBN 0-500-01485-X (англиски)
fineweb-2
Ние сме мило да гледате на страници од оваа игра сајт!Играат различни игри онлајн, без ограничувања, кои можат да бидат попријатни?На нашиот сајт се бесплатни игри онлајн кои ќе ве вас и вашите пријатели одличен избор, како и присуство на можноста да ги симнете бесплатно.На нашиот сајт вие не треба да се регистрирате, како и на многу други сајтови да игра бесплатни онлајн игри.Сите достапни на нашата веб-страница флеш игри се поделени во категории, теми и жанрови, така што не ќе се земе многу време во потрага по потребниот игра.Сите флеш игри се достапни за бесплатно во секое време, денот или ноќта, а сајтот е постојано во тек со најновите игри.Нашиот веб сајт е специјално дизајниран така што секој посетител целосно да уживате во игра и за време расеан од нивните секојдневни задолженија со бесплатни онлајн игри, и способноста да ја преземете игри за слободен само да помогнат со тоа!Во денешниот свет речиси секој од нас поминува многу време зад мониторот.Комуникација, работа, забава - целиот спектар на човековиот живот добива се гледа во неверојатни виртуелниот свет.Во изминатите неколку години, на интернет чуден пресврт околу невидлива мрежа на нашето слободно време, живот и нашата работа.За поголемиот дел од луѓето сега без пристап до компјутерската мрежа - само една метална кутија, кој е исполнет со чипови и жици.На нашиот сајт ќе имаат одлична можност не само да игра флеш игри и преземање игри бесплатно, ова ќе ви овозможи секогаш да имаат на рака сакан од забава.Имаме една од најголемите збирки на различни игри.Сите тие се подредени во категории.На овој начин, ќе можете брзо да изберете омилена виртуелен одмор.Секој ќе биде во можност да се најде на нашата веб страница соодветен іgri.По сите, постојат различни бесплатни игри категорија.Ова когнитивни и развојни загатка, дербито, потраги, итнитнМногу популарен на нашиот сајт се игри (Flash) кои не ќе преоптоварување вашиот персонален компјутер и не ќе им треба многу време да се заврши.Тоа е лесно да се игра, дури и во мали работни интервали.Но што е најважно, онлајн игри се достапни за бесплатно од било кој мобилен уред кој има интернет конекција.Вие не треба да се подложат непријатно и долги регистрација, да одговорат на многу глупави прашања и неколку часа да чекаат за играта да се подигне.Вие само треба да напишеш во барот за адреси zgames.com - и ќе може да игра како сакате.Сите оние кои сакаат да добијат вистински адреналин брзање кој сака да се потопи во необичен виртуелниот свет да ги искористат предностите на нашата огромна збирка на онлајн мултиплеер игри.Меѓу кои, не само мали пребарувач MMO, но исто така полн игра клиентот.Ако сте заинтересирани за играње онлајн, на нашата веб страница можете да секогаш секогаш избираат саканата игра.
fineweb-2
Рој Лихтенштајн Рој Ликтенстајн (анг. -Roy Lichtenstein), е американски сликар роден на 27. октомври 1923, а умрел на 29. септември 1997. Бил еден од основачите на поп-артот, движење кое представува противтежа на техниките и концептите на апстрактниот експресионизма и кој ги возвишува техниките на масовните медии и икони на популарната култура. Како млад, Ликтенстајн едно време студирал со сликарот Реџиналд Марш (анг.-Reginald Marsh). После одслужувањето на воениот рок во Втората светска војна, завршава студии на уметност на универзитетот во Охајо, каде од 1946. до 1951. година предава како професор. Бил професор и на Њујоршкиот државен универзитет Озвего (1957—1960) (анг-New York State University College, Oswego) и на колеџот Даглас на универзитетот Раџерс во Њу Бранзвик, Њу Џерси (1960—1963) (анг-Douglass College of Rutgers University, New Brunswick, New Jersey). На почетокот на кариерата Ликтенстајн слика теми со американскиот запад во различни модернистички стилови. Во 1957. година почнува да слика во стилот на американскиот експресионизам, но брзо го напушта. За своите деца ги има насликано Мики Маус и Паторот Пајо. Во почетокот е незадоволен со оваа техника и не е баш воодушевен со концептот на директно присвојување, па набрзо открива скриени можности на когнитивната естетска интерпретација, које се наметнува како икона на масовните медии во контекст на убавите уметности.
fineweb-2
Најчесто сум критички настроен со позитивна цел зошто сакам да иде државава на подобро али ете да погледнеме на добрата страна. Во нашава ни мила земја колку и да се ретки сепак има по некоја успешна бизнис приказна направена со пот која ни грее душа и влева надеж . За почеток еве две од мене: 1. Дени интернационал - Човек кој во крајот на социјализмот работеше како возач на камионче за една фабрика за хартија. Во наредниот период по осамостојување зема едно камионче почна бизнис со први фирми кој што се бават со извоз. Па купи уште едно, па најми шофер и така натаму, за денес човекот да има повеќе од 20 камиони, солидно голем склад со неколку хангари за складирање на роба, раширена транспортна мрежа во цела Европа како и претпоставувам дебело банковно конто. Сопственикот на Макоил бензинските - истиот период крај на социјализам човекот работи како плочкар во некоја си рандом фирма. Си има идеја и на блиски мои познаници сега во пододминати години им нуди партнерство да вложат во неговава идеја неколку илјади германски марки за да отвори бензинска. Нормално тие одбиваат, зашто кој би се нафатил со плочкар да отвара бензинска пумпа посебно во период кога пола век претходно ни глас ни абер од претприемништво немало. Се снаоѓа со пари човекот преку пријатели од тука и од странство и си отвара бензиска. Денес човеков поседува ланец бензински пумпи и претпоставувам солидно банковно конто. Ако знаете вие некоја, бујрум.
fineweb-2
Радиоактивност ||Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. Радиоактивност (латински: radium, activitas - дејност) е хемиско радиоактивно распаѓање, спонтано претворање на едни хемиски елементи, односно нуклеарни видови, во други, проследено со емисија на јонизирани атоми на хелиум, електрони и електромагнетно зрачење (алфа, бета и гама-зраци). Гама-зраци (ϒ)[уреди] Гама-зраците се елктромагнетни бранови , слични на рентгенските или (X) зраци. Тие имаат сосема друга природа од алфа и бета зраците.Не носат полнеж и се движат со брзина на светлината.Ефектот на јонизацијата е многу слаб бидејќи тие се елктромагнетни бранови но затоа пак се многу продорни.Тие можат да поминат низ човечкото тело а скоро сосема да апсорбираат со бетонски слој од оклолу еден метар .Бетонската заштита се користи кај нуклеарните централи.Може да се каже дека гама зраците никогаш целосно не можат да апсорбираат.Можат да се преполоват на пример со оловна плоча од дваесетина милиметри и со тоа да се намали нивното штетно дејство.Бидејќки се ненаелектризирани тие не скршнуваат ниту во електрични ниту во магнетни полињна.Гама-зраците секогаш се придружно зрачење на алфа и бета радиоактивноста. Бета-радиоактивност (β)[уреди] Кај бета-радиоактивноста доаѓа до откинување на еден електрон од атомското јадро.Се покажало дека неутроните ,всушност можат да се распаднат на еден протон и еден електрон и една мала честица со занемарливо мала маса што се нарекува антинеутрино.Тоа значи дека при бета распадот доаѓа до одделување на еден електрон од јадрото тогаш во јадрото ќе се појави вишок од еден протон за сметка на распадниот неутрон.Бидејќи бројот на протоните е оној што го определува хемискиот елемет тогаш неговиот хемиски елемент е со еден протон повеќе од појдовниот па ќе се наоѓа за едно место понапред во периодичната табела.На пример при бета-распадот на алуминиумот -28 се издвојува еден електрон и се добива јадро од сицилиум -28. Од реакцијата мозе да се забележи дека вкупниот број нуклеони пред и по распадот како и вкупниот полнеж пред и по распадот на јадрото останува непроменет (13е=14е-1е).Електронот при бета-распадот го напушта атомот со голема брзина околу 9/10 од брзината на светлината во форма на бета-радиоактивна честица. Јонизирачката способност на бета-честиците не е толку голема како кај алфа-честиците но сепак нивната продорност е далеку поголема бидејќи тие се многу помали.Алуминиумската плоча со дебелина од неколку милиметри би била сосема доволна заштита од бета-радиоактивните матријали.Бидејќи се работи за лесните електрони,тогаш и скршнувањата во елктричните и магнетните полињна се големи |Оваа статија од областа на физиката е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите.|
fineweb-2
Небесните објекти во Кајперовиот појас е обележани со зелена боја Кајперовиот појас е голем прстен од "отпад", сличен на астероидниот појас, меѓутоа е составен главно од мраз. Внатрешната граница на појасот започнува во орбитата на Нептун и се простира до 50 АЕ. Од овој регион потекнуваат кометите со краток период на појавување, како што е Халеевата комета. Проценката е дека постојат околу 70.000 објекти во појасот со дијаметар поголем од 100 km, но неговата вкупна маса е можеби само малку поголема од масата на Земјата. Многу од објектите од овој појас имаат орбита која не лежи во рамнината на еклиптиката.
fineweb-2
Хроматин Хроматинот е најважниот дел на јадрото. Во неговиот состав влегуваат молекули на ДНК кои се носители на генетичката информација. Хроматинот е изграден од хроматински нишки. Се јавува во две форми, и тоа како хетерохроматин и како еухроматин. Еухроматинот претставува деспирализирана форма на хроматинските нишки, која многу слабо се обојува и е активна форма на хроматинот.
fineweb-2
Бразилска ајкула Бразилска ајкула (Isistius brasiliensis). Многу китови и големи риби, вклучувајќи други ајкули страдаат кога се во близина на бразилските ајкули. Оваа мала ајкула во облик на цигара (често нарекувана "цигареста ајкула") е паразит што кине парчиња од својот плен. Со помош на своите единствени, дебели, подвижни усти таа се прилепува за пленот, а потоа се врти, при што нејзините остри долни заби откинуваат парчиња месо во форма на парче колач. Активна е ноќе, а пленот го примамува со сјајните зелени биолуминисцентни светла сместени на стомакот. Исто така се храни со лигни и со ракови.
fineweb-2
Тринилскиот тигар (Panthera tigris trinilensis) е фосиленподвид на тигар. Фосилите датираат од пред околу 1,2 милиони години, и се пронајдени на локалитетот Тринил, на островот Јава во Индонезија. Овој подвид бил опишан во 1908 година, а типичниот примерок е дел од колекцијата на Дубоа (Dubois Collection) во Националниот музеј за историја на природата во Лајден, Холандија. Иако овие фосилли се пронајдени на Јава, се смета дека тринилскиот тигар не е директен предок на јaванскиот подвид. Јаванскиот тигар се претпоставува дека потекнува од предок кој дошол од Кина. Најверојатно тринилскиот тигар изумрел пред околу 50 000 години.
fineweb-2
Krem4e Таман си реков ќе ги поздравиме онака другарски не ми се исполни желбата.. толку од мене од госпо поќе се надевам следната ќе бидиме посложни P.S. ако не ви е тешко VOTE & SUB за да си земат и другите малку сила за пукање и да ми поможите за ММ медалот What is this?You are reading an article written by a citizen of eRepublik, an immersive multiplayer strategy game based on real life countries. Create your own character and help your country achieve its glory while establishing yourself as a war hero, renowned publisher or finance guru.
fineweb-2
Софокле |Софокле| Биста на Софокле |Роден(а)||497/496 п.н.е. Колон |Починал(а)||406/405 п.н.е. Атина |Занимање||Драмски автор| Софокле е еден од основоположниците на трагедијата како драмски вид, не само во старата грчка туку и во европската литература. Тој е роден во местото Колон, близу до Атина. Татко му бил угледен аристократ и сопственик на работилница за оружје. Детството го поминал во родното место. Софокле кариерата на драмски автор ја почнал кога имал околу 27 години. Во 468 година се пријавил на натпреварот за најдобро драмско дело и го освоил првото место пред Есхил, кој тогаш бил познат и признат трагичар. Софокле во еден период од својот живот активно учествувал во политичкиот и општествениот живот на Атина. Извесно време бил стратег и учествувал во походот против Самосците. Според зборовите на царот Перикле имал малку дарба за воен стратег, па затоа по Самоската војна(441-439 година) Перикле му доверил дипломатска служба. Во дипломатката мисија бил на островите Хиос и Лезбос. Извесен период бил свештеник на богот Амин(бог на лекарите). Освен што бил пријател на Перикле, одржувал пријателски врски со многу поети и уметници во тоа време. Животот го поминал, главно, во Колон и во Атина, и му бил исполнет со семејна среќа и незначителни успеси. Умрел во 406 година и бил погребан во семејната гробница. Државникот Ликург се погрижил за неговата биста заедно со биститие на Есхил и Еврипид да биде ставена во Атинскиот театар, а драмите да му се препишат и да се чуваат во државниот архив. Книжевната работа на Софокле опфаќа период од шест децении, во кое време според сведоштвата на некои антички писатели, тој напишал 123 драми. До нас се дојдени само седум. Тие се: "Цар Едип", "Едип во Колон", "Антигона", "Електра", "Тројанки", "Ајакс" и "Филоктет". Античките митови и Хомеровата "Илијада" се изворите од каде Софокле црпел материјал за своите трагедии. Митот за Едип му послужил како содржина за трилогијата: "Цар Едип", "Едип во Колон" и "Антигона". Според митот, на Едип, синот на тебанскиот цар Лај, претскажувачите му претскажале ужасна судбина. Тие му претскажале на Лај дека синот што ќе му се роди ќе му донесе голема несреќа. Ќе го убие него и ќе се ожени за својата мајка. Лај, за да го ибегне пророштвото кога се родил Едип наредил да го однесат и да го остават на планината Китерон. Едип останал жив и го одгледале туѓи луѓе за кои верувал дека му се татко и мајка. Кога пораснал на една гозба некој пијан гостин му подрекол дека луѓето што ги смета за родители, не му се татко и мајка. Сакајќи да ја дознае вистината, отишол во Делфи кај пророчиштето. Штом слушнал дека ќе го убие татка му и дека ќе се ожени за својата мајка, не се вратил дома за да не се исполни претскажувањето. Но, за жал, никој не може да избега од својата судбина. Се упатил кон Теба и случајно се судрил со Лај на еден крстопат. Во кавгата го убил царот Лај, без да знае дека му е татко. Дошол во Теба, каде со својата бистрина и поникливост ја одгатнал загатката што ја поставила сфингата: "Двоножно и четириножно оддава еднакви звуци; а и со три нозе; менува става сал тоа од ситетогаш баш телото негово најмала брзина има". коишто се движат по земја, во воздух, или, пак, во море; сепак, додека потпрено на четири нозе оди Одговорот на гатанката што го кажал Едип гласел: "Злокрила сфинго, музо на Мрија, нерадо макар, слушни ја мојата реч - тоа ќе биде твој крај:грпка носејќи на врат, стуткан во старечки грч". Загатнуваш човек, којшто, кога се движи по земјата, прво - во телото слаб, тој четириножник е; стар пак, се потпира с бастун ко с трета нога да оди, Точниот одговор на Едип значел крај и за Сфингата, која сама скокнала во бездната, во која претходно ги фрлила сите луѓе што се обиделе да ја одгатнат загатката и не успеале. За награда што го спасил народот од поморот, Едип го добил престолот и раката на царицата Јокаста, вдовица на царот Лај и негова мајка. По повеќе години среќен живот се појавил страшен помор во Теба. Едип сакал да го открие виновникот за гневот на боговите што вака немилосрдно го казниле градот. Кога дознал дека тој е виновникот, дека е таткоубиец и родоскверник, си ги ископал очите, а жена му - мајка Јокаста се обесила. |Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите.|
fineweb-2
Жељко Ражнатовиќ Жељко Ражнатовиќ - Аркан (српски: Жељко Ражнатовић / Željko Ražnatović) (17 април 1952, Брежица, Словенија – 15 јануари 2000 во Белград, Србија) бил лидер на паравоената формација Српска доброволна гарда којашто делувала во војната на просторот на бивша Југославија. Аркан има дебело досие како истакнат "криминалец" во Западна Европа. Содржина Детство[уреди | уреди извор] Жељко е роден во Брежица, мало место во Словенија. Неговиот татко Велко бил офицер на воздухоплоството во ЈНА. Аркан живеел со својата мајка која била само комунистичка активистка заедно со своите три сестри. Неговите родители се разведиле уште кога Аркан бил дете. Неговиот татко често го тепал во младоста и тогаш Жељко често пати го напуштал својот дом и вршил различни пљачки низ своите сограѓани. Во Белград повторно се занимавал со кражби на трафики па неговиот татко го пратил своето школување да го заврши во Нови Сад. Во тогашно време Аркан најмногу посакувал да биде пилот но сепак се запишал на Поморска школа во Котор. Но како "слеп патник" се качил на некој брод и пристигнал на Трст. Таму, заедно со неговата група повторно извршува различни кражби кои подоцна ги продавал за да на крај биде фатен во Загреб и уапсен по три години во малолетничкиот затвор во Валево и Пожаревац. Бегство преку граница[уреди | уреди извор] Во 1972 година со само дваесет години, илегално имигрирал на запад, надевајќи дека ќе се пронајде таму себе си. Во странство се сретнал а и се запознал со многу поранешни југословенски злосторници, кои подоцна ќе бидат убиени или уапсени. Аркан исто така се смета дека е и атентатор во повеќе држави во Европа, како Белгија, Холандија, Шведска, Германија. Бил затворен во Белгија во 1974 година, од каде во 1977 година побегнал. Повторно бил уапсен во Холандија во 1979 и повторно побегнал 1981 година, каде бил ранет во судирот со полицијата. По сите тие криминални дела бил прогласен за десетиот најбаран криминалец во светот во потрага и од Интерпол. Додека бил млад, Аркан од сите тие валкани ситуации го извлекувал Стане Доланац, словенечки политичар и шеф на тајната полиција и близок пријател на Тито. Како таен агент работил во 1973 година а по задача бил испратен на запад за да врши атентати над терориститем, политичките емигранти и противниците на режимот во Југославија. Поради тоа бил принуден да научи повеќе европски јазици, како англискиот, францускиот и италијанскиот, а ги познавал и шведскиот, германскиот и холандскиот. Во Југославија се вратил 1981 година и продолжил со нелегалните работи. Во ноември 1983 година двајца полицајци му упаднале во куќата се со намера да биде уапсен, но Аркан успеал да се одбране и да ги рани поради кои бил уапсен. Меѓутоа, по два дена по повторната интервенција на Стане Доланац, Аркан бил пуштен од притвор. Учество во војната[уреди | уреди извор] Кога Хрватска прогласила независност, групата на Аркан во октомври 1990 година бил уапсена од страна на хрватските власти во Двор. По шест месеци во затвор (иако бил осуден на пет години), под до денес непознати и неразјаснети околности бил пуштен од загребскиот затвор и тој се вратил во Белград. Се претпоставува дека тоа бил таен договор помеѓу Фрањо Туѓман и Слободан Милошевиќ. Но многу брзо се враќа во Хрватска, каде што во 1990 година ја основа паравоената формација Српска доброволна гарда (СДГ). Според неговото тврдење, групата била основана на 11 октомври во манастирот Покајница заедно со група свои пријатели и водачите на навивачката група Делије. Со започнувањето на најголемата војна во Европа по Втората светска војна, во пролетта 1992 година била во Босна и Херцеговина со тешки вооружувања, етнички чистења и воени злосторства. Гардата на Аркан се вклучила во завземањето на источна Босна. Во тој период во неговата група се приклучил и Милорад Улемек, поранешен криминалец и крадец најмногу на спортска облека низ Белград. Оваа единица делувала на овој терен до крајот на војната. За време на војната, практично источна Славонија е претворена во пара-држава и самата гарда се богатела со шверц на роба. Многу голем број на домакинства биле ограбени од страна на Единица, и голема површина од индустриски дрва биле нелегално сечени. По војната[уреди | уреди извор] Желко Ражнатовиќ влегол во политиката по време на изборите во крајот на 1992 година, кога како лидер на група граѓани од Косово победува и добива пет мандати во српскиот парламент. Пред предвремените избори во 1993 основал Партија на српското единство, при кое ја застапува демократизацијата од американски тип. Но неговата партија не успеала да влезе во парламентот. И покрај националистичките си погледи во почетокот на војната, Аркан е противник на Воислав Шешељ. Макар и лидер на партија која не е во парламентот, Аркан неколку години има добри односи со власта на СР Југославија, кое може да се види и од неговиот список на свадбата во 1995 година со познатата мега ѕвезда Цеца Ражнатовиќ. Дел од гостите се и најголемите претставители од партијата на Слободан Милошевиќ. До политичката криза во Сојузна Република Југославија во 1996 г. Аркан може да се смета за ориентиран кон власта. Но при избувнување на студентските демонстрации тој се обраќа во нивна заштита. Во 1998 година се откажува од политиката и се отдава на бизнисот, при кое е сметан за најбогатион србин којшто имал богатство од преку 500 милиони долари. Но самиот Аркан тоа не го признава. Убиство[уреди | уреди извор] Жељко Ражнатовиќ бил убиен на 15 јануари 2000 година во белградскиот хотел "Интерконтинентал",каде што се наоѓало и неговото седиште. По повод убиството на Аркан се прават различни мислења, од кои две имаат најголема предност. Според првата, Аркан е убиен поради расчистување со мафијата а според другата тоа има политички интерес. Аркан од војната во Босна и Херцеговина излегол со многу богатство на крај. Изјави на Аркан[уреди | уреди извор] Според 'Глас јавности, на 15 февруари 2000 Желко Ражнатовиќ изјавил: "Минатото ми е бурно и авантуристичко! За тоа говорам откриено, немам што да кријам, но сепак се срамам од тој период во својот живот. Да, бев од другата страна на законот, но на никому не би го посакал. Би сакал да бев како сите останати..."
fineweb-2
Трката околу Полска 2013 било 70. издание на велосипедската етапна трка Трка околу Полска. Започнала на 27 јули во Роверето, Италија, притоа одржувајќи се две етапи во земјата и завршувајќи на 3 август во Краков, по седум одржани етапи. Била дваесетта трка во сезоната на Светска турнеја. Трката била освоена од возачот на Орика-ГринЕЏПитер Венинг од Холандија, откако освоил доволно време на завршниот хронометар за да се помести пред претходниот предводник на трката Кристоф Риблон од Аг2р-Ла Мондијал. Венинг, второпласиран зад Ким Кирхен во 2005, доцнејќи 27 секунди (на петтото место) влегол на етапата, но ја претворил оваа слабост во крајна победа на трката со 13 секунди пред возачот на Еускалтел-ЕускадиЈон Изагире, кој исто така се поместил пред Риблон на последната етапа. Риблон, победник на кралската етапа на трката, втората етапа, на крајот го заокружил подиумот, три секунди зад Изагире и шеснаесет зад Венинг. На Трката околу Полска 2013 биле доделени четири маички. Генералниот пласман бил пресметуван со додавање на сите завршни времиња на секој велосипедист по секоја етапа, а предводникот добивал жолта маичка. Овој пласман бил сметан за најважен на Трката околу Полска 2013 и победникот на овој пласман бил победник на трката. Временските бонуси за генералниот пласман биле доделувани преку два метода; на етапните завршници, за првите тројца возачи, временските бонуси биле доделувани од десет секунди за победникот, шест за вториот и четири за третиот. Другиот начин бил преку ново воведениот "атрактивен" пласман, кој ги рангирал возачите секој ден по нивните резултати на секое категоризирано искачување или среден спринт во текот на етапата, кој им нудел на возачите бодови во износ од 3-2-1. Возачот со најмногу бодови во пласманот на крајот на секоја етапа добивал 30 секунди бонус, второпласираниот 20 секунди, а третопласираниот 10 секунди. На секој изедначен пласман помеѓу возачите им се доделувал временскиот бонус за повисокото место. Постои и планински пласман, на кој била доделувана виолетовата маичка, претставувајќи ја Tauron Group, спонзори на пласманот. На планинскиот пласман, бодови се добивале на врвовите на искачувањата доколку возачот се искачил пред другите велосипедисти, а повеќе бодови се добивале на повисоко категоризираните искачувања, кои биле поделени во три различни категории. Двојни бодови се добивале на последното искачување на трката, на претпоследната етапа. Третата маичка го претставувала бодовниот пласман, означена како белоцрвена. На бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршеле во првите 20 на некоја етапа. На сите етапи, победата носела 20 бода, второто место 19 бода, третото 18 и по еден бод помалку сè до еден бод за 20. Четвртата маичка го претставувала спринтерскиот пласман, обележана со црвена маичка. На спринтерскиот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршеле на првите три места на средните спринтови во текот на секоја етапа, со исклучок на индивидуалниот хронометар. Исто така, постоел екипен пласман, во кој времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа биле додавани по секоја етапа; водечката екипа на крајот на трката била екипата со најмало вкупно време.
fineweb-2
Морал Морал е збир на правила на определено општество или општествена класа за содржината и начинот на меѓусебните односи на луѓето и на човечките заедници. Морал разликува помеѓу доброто и лошото и претставува правец во философијата кој како предмет на изучување ја вклучува етиката, што всушност опишува начин на живеење т.е., став кон животот со свест за дисциплина. Добрите дела се нарекуваат морални и оние личности што така постапуваат луѓето ги ценат како морални. Лошите дела се означуваат како неморални и луѓето ги оценуваат како неморални личности кои така се однесуваат. Моралот е една од најважните карактеристики на човекот. Друга дефиција за морал гласи дека моралот е збирот од постапки со кој се препознава што е добро и така да се однесува, а што е лошо и така да се оценуваат постапките на другите. Моралот има три извори: - првиот извор е општеството (заедницата), што значи дека мнозинството луѓе се сложиле што е добро и така ќе постапуваат. - вториот извор е самиот човек (единката) кој го создава моралот според сопствени идеи и постапки , но и овој морал се оценува во заедницата. - третиот извор можат да бидат сознатијата од минатото и од целиот свет,се мисли на мудростите и изкусувањата од минатото за прашањата на доброто и злото. Облици на изразување на моралот:моралните судови,правила,вредности,однесување,совест,карактер и должностите. |Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите.|
fineweb-2
Покраини во Италија Една провнција се состои од многу општини, а обично неколку провниции сочинуваат регион. Регионот Аостинска Долина е единствениот кој, во потесна смисла, нема покраини: административните функции на неговата покраина ги врши соодветната регионална влада. Меѓутоа во друг смисол, овој регион може да се смета и за покраина. Италија има 110 покраини (вклучувајќи ја Аостинската Долина), од кои три се новоорганизирани, и ќе стапат во сила како единици дури во 2009 г. На листава со задебелени букви означени се покраините чии главни градови се воедно и главни градови на регионот во кој припаѓаат. Покраините тука се наведени по регион и по азбучен ред: Содржина - Аоста (Аосте)
fineweb-2
Старогрчки храм Како што грците станувале сѐ поумешни во монументална градба, регионалните архитектонски стилови се зацврстиле во таканаречениот архитектонски поредок кој, кај грците, се состоел од Дорскиот, Јонскиот и Коринтскиот ред. Партенонот, еден од најпознатите грчки храмови, бил посветен на Атина, божицата на мудроста. Во и околу зданието се одржувале фестивали секоја година. Партенонот извршил силно влијание на римската архитектура. По римското освојување на Грција, многу римски туристи доаѓале да ги разгледуваат грчките храмови. Меѓу атракциите бил и Партенонот, кој набргу станал еден од најпопуларните туристички атракции во Грција. Видете исто така: Римски храм |Оваа статија поврзана со архитектурата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите.|
fineweb-2
Ушанка Ушанка е вид на зимска капа со наушници, изработена од кожа. Најчесто, ушанката се прави од кожа на овца, зајак, лисица и др. Името ушанката го добила по изгледот - од двете страни на оваа шапка се наоѓаат наушниците. Наушниците имаат можност во студените денови да се спуштат надолу со тоа што овозможуваат дополнително покривање на лицето и иѕбегнување на студот. Ушанката е типична руска капа, која е распостранета низ цела Русија. Од 1940-та година, ушанката е веќе дел од униформата на армијата и полицијата на СССР. Различни видови на ушанка можат да се забележат и во некои други држави, како на пример на поранешните советски републики, во Кина, Монголија и Северна Кореја. Се претпоставува дека ушанката потекнува од монголски капи користени околу 13-тиот век кои се брѕо се распротранувале со зголемувањето на тогашната Монголска држава. Во САД, ушанката најчесто се забележува во текот на зимата во Чикаго, Илиноис.
fineweb-2
Базилика Санта Марија дела Салуте |Базилика Санта Марија дела Салуте Basilica di Santa Maria della Salute |Основни податоци| |Место||Венеција, Италија| |Координати| |Религија||Римокатоличка црква| |Држава||Италија| |Осветен||1681| |Функционален статус||активна| |Карактеристики| |Должина||70 metres (230 ft)| |Ширина||47 metres (150 ft)| Базиликата Света Богородица на здравјето (италијански: Santa Maria della Salute) е црква која се наоѓа во Венеција, Италија. христијанскиот храм се наоѓа на влезот од Големиот канал во градот и плоштадот Свети Марко. Според информации, оваа црква претставува најфотографираниот објект во градот и најголема туристичка атракција. Во текот на 1629 година, Венецијанската република била опфатена со голема епидемија, по кое две третини од вкупниот број на население починало. Молитвите на Свети Рок и Свети Лоренцо не успееле да ја сопрат епидемијата. Претходно земјата била завладеана од друга епидемија, во периодот од [PHONE] година, кога починале 46.000 луѓе. тогашната власт како знак за благодарност за крајот на епидемијата, му дала задача на Андреа Паладио да ја изгради црквата Ил Реденторе. Името на новата црква било посветена на заштитникот на републиката, Богородица Марија. Исто така од страна на сенатот било одлучено секоја година на 21 ноември во црквата да се одржува литургија. Оваа процесија денеска е позната како Fеста дела Мадона дела Салуте, денеска учествуваат сите венецијански функционери. Оваа двокуполна црква на полуостровот помеѓу Големиот канал и т.н. "Сплавови" е една од најпознатите знаменитости на градот. Главниот влез на црквата, обликуван по пример на римските триумфални арки, подоцна станал предмет на имитација во неколку последователни катедрали во Венеција и пошироко. Наводи[уреди] - Avery, Harold (February 1966). Plague churches, monuments and memorials. 59 (2): 110–116.
fineweb-2