text
stringlengths
65
474k
source
stringclasses
1 value
Доста бea лаги, доста манипулации. Зоран Заев веднаш да си поднесе неотповиклива оставка. Европа кажа не на криминалот и корупцијата, кажа не на рекетот, велат од ВМРО-ДПМНЕ. "Европа му кажа не на Зоран Заев, а жртва за жал се граѓаните и Република Македонија. Овој пораз е единствено на сметка на Зоран Заев и погубните политики на СДСМ, а не на македонскиот народ и граѓаните на Македонија", обвини опозициската партија. Како што предупредуваше ВМРО-ДПМНЕ, додаваат од таму, откажувањето од името, идентитетот, јазикот и историјата не се европски вредности, без реформи европската перспектива за Македонија е само мисловна именка. "Потребни се реформи кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги предложи во најкус можен период. Доаѓа обновата на Македонија и крај на криминалната банда која ја корумпираше секоја пора на македонското општество. Заев е во паника и единствено го одложува неизбежниот крај на неговата трагична политичка кариера во која донесе само порази за македонската држава и македонскиот народ. Заев се плаши само од едно нешто, тој се плаши поради тоа што ќе мора да плати за се што стори. Се плаши бидејќи ќе одоговора за лоповлукот, корупцијата, рекетот, криминалните тендери и грантови на штета на македонскиот народ. Крајот е близу, време е за обнова, време е за предвремени парламентарни избори, на кои граѓаните на Република Македонија ќе кажат доста е од корумпирани политичари за кои синоним е Зоран Заев", велат од ВМРО-ДПМНЕ. ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. ВМРО-ДПМНЕ: Заев од СДСМ направи чувар на мафијата, чесните членови не ја препознаваат партијата Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираат на обраќањето на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по повод 30. роденден на партијата. "Заев од СДСМ направи чувар на мафијата, чесните членови не ја препознаваат партијата која е окупирана од криминалците. Заев не кажа ништо за 'Рекет 1 и 2', за чантата со рекетирани пари, која, според зборовите на Бојан Јовановски, завршила кај Зоран и Вице Заеви. Заев не кажа ниту за 'Мафија 1 и 2' и за тоа како светски наркобосови зеле македонски пасоши, а за тоа одговорност имаат службениците од пасошкото", стои во писмената реакција од оваа партија. Од таму додаваат дека Заев, додека славел, ниту еднаш не ги спомнал над 4.600 загубени животи поради, како што истакнуваат од таму, лошиот систем, немањето тестови и таблети, а сега и вакцини. "Заев молчи и за илјадниците штедачи што останаа без денар по пропаѓањето на Еуростандард банка. Немаше ниту збор за десетината нерасчистени убиства. Додека Заев слави, над 150.000 семејства, чии членови го прележаа Ковид-19, се со намалени приходи, 60.000 се без работа, 6.200 фирми ставија клуч на вратата. Додека Заев слави, некој некаде во Македонија се разболува од Ковид-19, а немаше ако Заев набавеше вакцини навреме", пишува во дописот од ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ: Лицемерство без граници, ВМРО-ДПМНЕ поддржува угостители на кои досега им ги блокира мерките за помош Нема граница лицемерството на деструктивната и ненародна ВМРО-ДПМНЕ, порача владејачкиот СДСМ. "До вчера оваа партија правеше сè за да ги блокира мерките за помош на компаниите, вклучително и на оние од угостителскиот сектор, а денеска глуми загриженост за угостителството. Токму поради таквиот однос, граѓаните не ѝ веруваат на партијата предводена од Христијан Мицкоски и токму поради таквиот однос, ВМРО-ДПМНЕ шестпати е казнувана на избори и токму поради таквиот однос, уште долго ќе биде во опозиција", велат од партијата. СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Левица поднесуваат неосновани кривични пријави Фрустрирани што помошта конечно стигнува кај граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и Левица поднесуваат неосновани кривични пријави, велат од владеачката СДСМ на најавите на овие две партии за поднесување на кривични пријави поради неодамнешните случувања во Собранието. "Голема е фрустрацијата во ВМРО-ДПМНЕ откако им пропаднаа обидите Собранието да го држат закочено и во заложништво на својата деструктивност. Денешните неосновани кривични пријави поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и од Левица се доказ дека овие партии не можат да се помират со фактот што Собранието конечно ги изгласа законите со кои помошта, по цели два месеци блокади и опструкции, деновиве конечно пристигнува кај работниците. ВМРО-ДПМНЕ и нивните соработници Левица не можат да се помират ниту со тоа што се донесени важни закони на 32 седница за кои тие не гласаат а се однесуваат на националната стратегија за спречување корупција, за набавка на вакцини, за заштита на животната средина", потенцираат во писменото соопштение од оваа партија. Според СДСМ, присуството и гласањето на пратениците кои беа позитивни на Ковид -19, а беа без симптоми и со целосна заштитна опрема, беше според посебен протокол за спроведување за гласање на пратеници кои се наоѓаат во домашна самоизолација. "И ВМРО-ДПМНЕ и нивните соработници Левица можат да прават сè, да продолжат со деструкциите, но нема да ја закочат работата на Собранието, нема да спречат помошта да пристигне кај граѓаните и компаниите, нема да успеат да блокираат закони важни за развој на државата и економијата. Сите обиди на ВМРО-ДПМНЕ преку деструкции и блокади да им наштетат на граѓаните, пропаднаа. Но, сепак, оваа партија предводена од Мицкоски упорно не ја учи лекцијата и затоа ја чека нов пораз од граѓаните", стои во писмениот допис од СДСМ. Најново Намален е притисокот врз болниците, вели министерот Филипче Притисокот брз болниците е намален, а состојбата со вирусот се смирува, оцени денеска министерот за здравство, Венко Филипче, по состанокот со... Девојка од Гостивар, без нејзина согласност, била омажена и силувана Без нејзина согласнот, 19-годишна девојка од Гостивар била предадена за брак во Шуто Оризари по што била силувана. Според твдењето... Заев за повлекувањето на Шекеринска: Таа е моја другарка, без разлика каде ќе биде во иднина Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека тој и потаму ќе соработува со Радмила Шекеринска по најавата дека... Мас: Добар момент за поддршка на дијалогот меѓу Србија и Косово Сакам да видам на самото место како можеме да го поддржиме нормативниот дијалог меѓу двете земји, рече германскиот министер за... 39 починати и 603 нови случаи на Ковид-19 Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.596 тестирања, а регистрирани се 603 нови случаи на... Приведено лицето што утрово пред кривичниот суд ѝ избега на затворската полиција Единицата за прв одговор и интервенција при МВР кај Камениот мост во Скопје го привела 30-годишниот А.З. од Скопје, кој... Тројца обвинители од поранешното СЈО во тимот на Русковска Пет кандидати од кои тројца обвинители од поранешното специјално јавно обвинителство се избрани за нови јавни обвинители во Обвинителството за... Уапсен 59-годишен маж кој им испраќал еротски фотографии на малолетнички на "Фејсбук" Полицијата приведе 59-годишен маж од село Ораовица, Радовишко, со престојувалиште во село Ерџелија, Светиниколско, кој е обвинет дека им испраќал еротски... Браќа од Сарај заболени од Ковид-19 фатени со лажни ПЦР-тестотви на скопскиот аеродром Скопското oсновно јавно обвинителство поднесе предлог за парични казни против двајца браќа од Сарај, на возраст од 24 и 26... ЕУ подготвува тужба против "Астразенека" Европската комисија се подготвува да преземе правни активности против "Астразенека", објави "Политико", повикувајќи се на пет неименувани европски дипломати. Вчера... Обвинение за српски државјанин за сообраќајката кај Ростуше во која загинаа две лица Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинение за српски државјанин кој предизвика сообраќајна несреќа со камион кај Ростуше во која загинаа... Во Индија откриен троен мутиран вид на Ковид-19 Индија откри нов троен вид на ковид во време кога се бори да го спречи најлошиот бран на коронавирус од... Вакцинирани лица во старски дом во Америка масовно се заразиле со нов вид на вирусот Случаи на Ковид-19 "експлодирале" во март во пензионерски дом во САД каде што голем дел од корисниците биле вакцинирани, откако... Рашковски, од куќен притвор, ќе оди во затворот во Шуто Оризари, одлучи Кривичниот совет Кривичниот совет ја преиначи одлуката и, наместо куќен притвор, на ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, и на сопственикот на... Нови 627 случаи на Ковид-19, починати се 47 лицa Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа, од направени... Инспекторите утврдија дека немало прекршувања за гласањето во скафандери Не се констатирани неправилности и протоколите се обезбедни од страна на Собранието, извести Државниот инспекторат за труд по направениот вонреден... Владата за комплексот спроти "Холидеј ин": Ќе се гради ако е во согласност со Законот за градење Одобрението за градба се издава доколку се исполнети сите услови пропишани во Законот за градење, изјави владиниот портпарол Душко Арсовски, прашан... Шилегов: Го остваруваме 40 години стариот сон на скопјани за трамвај, обезбедувајќи систем подобар од трамвајот Со денешното потпишување на договорот за заем меѓу Град Скопје, Министерството за финансии и Европската банка за обнова и развој... (Видео) 12-годишно девојче тепа врснички во Велес, во полиција повикан и родителот Малолетничка од Велес нападна врсничка, а настанот беше снимен со мобилен телефон и објавен на социјалните мрежи. Видеото на кое... Филипче: Иако бројките на заразени се намалуваат, периодов мора да бидеме претпазливи Мерките даваат резултати, оцени министерот за здравство, Венко Филипче, по редовната утринска координација со директорите на клиниките. На состанокот се... Досие - Свет3 месеци Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер - Европа2 месеци Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран - Економија2 месеци Сите брендови на Индитекс доаѓаат во "Ист гејт мол" - Свет1 месец (Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска - Регион7 дена "Фајзер", "спутник В" или "Синофарм" – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу - Економија3 недели "Оштетени штедачи": Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка - Црна хроника3 месеци Брат и сестра нападнати на Широк сокак - Регион2 месеци Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
fineweb-2