text
stringlengths
120
478k
source
stringclasses
1 value
Јазична локализација Јазичната локализација (доаѓа од англискиот збор"лоқале" што во буквален превод значи "место каде нешто се случува или каде нешто е поставено") е втора фаза од еден подолг процес на превод на производи и нивна културна адаптација (за одредени земји, регионални групи) имајќи ги предвид разликите на различните пазари, процес познат како интернационализација и локализација. Јазичната локализација не е само преведувачка дејност, бидејќи вклучува сеопфатна студија на целната култура со цел правилно да се адаптира производот за локалните потреби. Процесот на локализација главно се однесува на културната адаптација и превод на софтвер, видео игри и веб-страни, ретко на пишан превод (кој исто така може да вклучува процес на културна адаптација). Процесот на локализација може да биде реализиран во региони или држави каде луѓето зборуваат различни јазици или кадешто се зборува истиот јазик: на пример различни шпански дијалекти со различни идиоми се зборуваат во Шпанија и Латинска Америка. Исто така, изборот на зборови и идиоми е различен во земјите кадешто англискиот јазик е официјален јазик (пр. во Америка, Велика британија и Филипините). Содржина Целокупен процес: интернационализација, глобализација и локализација[уреди | уреди извор] Како што објаснува Асоцијацијата за локализација на индустриските стандарди, глобализацијата "може подобро да биде разбрана како циклус отколку како еден процес". Глобализацијата всушност претставува однапред планиран дизајн и развојни методи за одреден производ, имајќи предвид мултикултурна- публика, со цел да се избегне зголемување на трошоците и проблеми со квалитетот, да се заштеди време и да се намалат напорите за локализација за секој регион или држава. Локализацијата е составен дел на целокупниот процес наречен глобализација. Постојат два основни технички процеси од кои се состои глобализацијата, а тоа се интернационализацијата и локализацијата. Првата фаза, интернационализација, опфаќа плански и подготвителни фази за производ кој е направен со дизајн за поддршка на глобалните пазари. Овој процес ги отстранува сите културни претпоставки, такашто специфичните содржини на секоја држава или јазик се зачувани за да бидат полесно адаптирани. Ако оваа содржина во текот на фазата не биде оддвоена,во текот на локализацијата ќе биде потврдена,па ке бидат пресметани и времето и трошоците за проектот.Во екстремни случаи,производите кои не поминале низ фазата на интернационализација,нема да можат да битат локализирани. Втората фаза,локализација, се однесува на завршната адаптација на проиводот наменет за одреден пазар. Процесот на локализација,покрај другите работи, вклучува и четири други прашања: лингвистички, физички, бизнис и културни,како и технички прашања На крајот на секоја фаза се врши тестирање и гаранција за квалитет,за да се осигурат дека производот нормално функционира и дека може да ги задоволи очекувањата на клиентот. Преводот наспроти локализацијата[уреди | уреди извор] Локализацијата обично е претставена како "обичен" превод со користење на висока технологија меѓутоа на тој начин не може да се пренесе важноста и комплексноста на локализација, ниту пак што таа опфаќаили она што е опфатено. Понекогаш е многу тешко да се направи разлика помеѓу превод и локализација. Во принцип, локализацијата се насочува кон значајните, нетекстуални компоненти на производите или услугите. Во споредба со преводот (и притоа граматичките и правописни прашања кои варираат од место во место кадешто се зборува ист јазик), процесот на локализација може да содржи и графичко прилагодување и усвојување на локални валути, користење на соодветна форма за датуми, адреси и телефонски броеви, избор на бои и многу други детали, меѓу кои и осмислување на физичката структура на призводот. Целта на сите овие промени е да се препознае локалната чувствителност, да се избегне конфликтот со локалната култура и навики и влез на локалниот пазар преку спојување на личните потреби и желби. На пример: локализацијата се стреми да понуди специфични веб-страни на истата фирма за секоја земја или различни изданија на книгата во зависност од местото каде книгата е објавена. Глобализацијата наспроти локализација[уреди | уреди извор] Ако локализацијата претставува процес на прилагодување на еден производ одредена локација, тогаш глобализацијата го дизајнира производот за да ја намали дополнителната работа што се бара во процесот на локализација. Да претпоставиме дека некој работи за компанија која сега функционира исклучиво во САД. Меѓутоа, компанијата отвара голема канцеларија во Кина и потребна и е веб-страна на кинески јазик. Компанијата ги нуди истите производи и услуги во двете земји, само со некои мали разлики, меѓутоа некои од елементите кои се појавуваат на оригиналната веб-страна и се однесуваат на САД, може да бидат навредливи или со вознемирувачка содржина за Кина (употребата на знамиња, бои, националистички слики, песни итн.) Така, поради мали детали во презентацијата, компанијата може да изгуби одреден пазар. Исто така, компанијата може да го прилагоди производот според потребите на своите нови купувачи (најдобар пример за тоа би биле видео игрите). Сега, да претпоставиме дека оваа компанија има големи канцеларии во десетина земји, како и потреба од специјално дизајнирани веб-страни во секоја од овие земји. Пред да одлучат како да се локализираат веб-страните и производите понудени во секоја земја, професионалец во оваа област треба да ја посоветува компанијата за создавање на целокупна стратегија: да се глобализира начинот на кој организацијата делува. Јазици и кодови[уреди | уреди извор] |Основен јазик||Код ISO 639-1||Јазична варијанта| |en-GB||Британски англиски| |Англиски||en-US||Американски англиски| |en-CA||Канадски англиски| |es-ES||Кастилијански шпански (Шпанија)| |Шпански||es-MX||Мексикански шпански| |es-AR||Аргентински шпански| |es-CO||Колумбиски шпански| |Португалски||pt-PT||Европски португалски (Португалија)| |pt-BR||Бразилски португалски| Наводи[уреди | уреди извор] - "What is Globalization?". Romainmôtier, Switzerland: Localization Industry Standards Association. 6 септември 2010. Надворешни врски[уреди | уреди извор] - Localization Industry Standard Association (LISA) - They offer an interesting glossary on localization - Worldware Conference - Global Software Strategies - 22 Ideas for Better Game Localization - Tips and ideas on how to improve the localization process for video games - Foreignword - List of translation magazines - LocalVersion - Cross-Platform Localization (Mac, Windows, iPhone)
fineweb-2
Индиска астрологија ||Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. Индиската астрологија позната како Џотиш (jyoti-светло и ishvara-управител бог) или во превод наука за светлоста божја. Хороскопотот што се употребува е сидерален и е различен од општо прифатениот западен хороскоп. Разликата се состои во почетната астрономска точка т.н. aries ingres или почетната точка на хороскопот, којашто астрономски се поистоветува со сидералниот помин на сонцето на 0 степени во Овен, а којашто приближно се случува на 14 април секоја година (корекција - Лахириева прецесија). Еден од најистакнатите преставници и пионер на индиската астрологија во Македонија е Симеон Атанасоски. Надворешни врски[уреди | уреди извор] - Веб-местото на Симеон Атанасоски (македонски)
fineweb-2
Гама-зрачење Настануваат при интеракциите на субатомските честички како што се анихилација честичките и античестичките и радиоактивното распаѓање; повеќето зрачења потекнуваат од нуклеарните реакции што се одигруваат во меѓуѕвездената средина во вселената. Името γ-зраци (γ-зрачење) го добиле затоа што тоа бил трет вид продорни зраци што биле откриени после α- и β-зраците. Историја[уреди | уреди извор] Гама зрачењето го открил францускиот истражувач Пол Вилард (Paul Ulrich Villard) во 1900 год., додека го испитувал радиумот. Тој открил дека гама зрачењето (за разлика од алфа- и бета-зрачењето) не свртува од праволиниската патека во магнетното поле. Карактеристики[уреди | уреди извор] Гама фотоните на енергиите повисоки од 1.02 MeV, во близина на атомското јадро можат да доживеат реакција што се нарекува создавање парови, при што енергијата од 1.02 MeV се употребува за создавање на два електрони со спротивна наелектризираност, а остатокот на енергијата на фотоните се дели на кинетичката енергија на овие честички. Оваа реакција има значење само за фотоните со висока енергија во материјалите со висок атомски број. Во електромагнетниот спектар гама зраците се наоѓаат во областа на големите фреквенции и, соодветно на тоа, тие се со мала бранова должина. Радиоактивните материјали можат да емитуваат гама зраци. Тие навлегуваат длабоко во живите ткива и можат да предизвикаат рак. Како и светлината, и гама зраците се составени од фотони, но кај гама зраците овие фотони имаат исклучително голема енергија. Заштита[уреди | уреди извор] Заштитата од гама зраците бара големи количини на маса. Тие подобро се апсорбирани од материјали со високи атомски броеви и висока густина, иако ефектот на заштита на масата не е толку голем во однос на вкупната маса по единица површина (односно густината) на патеката на гама зраците. Поради оваа причина, масата на оловото е само до некаде подобра (20-30%) како гама заштита од еднаква маса на друг материјал, како што се алуминиумот, бетонот или почвата; најголемата предност на оловото е неговата густина. Колку поголема е енергијата на гама зраците, толку подебела заштита е неопходна. Материјалите за заштита од гама зраците обично се мерат со нивната дебелина што е неопходна за на половина да се намали интензитетот на гама зраците. На пример, за да се намали интензитетот на гама зраците за 50% неопходно е олово со дебелина од 1 см, гранитни карпи со дебелина од 4,1 см, бетон со дебелина од 6 см или пакувана почва од 9 см. Сепак, масата на бетонот или од почвата е 20-30% поголема од онаа на оловото со истaтa апсорпциона способност. Употреба[уреди | уреди извор] Надворешни врски[уреди | уреди извор] - Медицински информации за гама зрачењето - Радијација - GCSE информација - Факти за радијацијата - Информации за радијацијата - Гама зраци - Табела на радиоактивни изотопи |"| Наводи[уреди | уреди извор] - L'Annunziata, Michael F. (2007). Radioactivity: introduction and history. Amsterdam, Netherlands: Elsevier BV.
fineweb-2
Ева Перон ||Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. ||Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. Ева Перон или Марија Ева Дуарте де Перон (7 мај 1919 година – 26 јули 1952 година), била втора сопруга на претседателот Хуан Перон ( [PHONE] ) и служела како прва дама на Аргентина од 1946 година се до нејзината смрт во 1952 година. Таа често се нарекува едноставно Ева Перон или Евита според нежниот деминутивен шпански јазик. Таа била родена како вонбрачно дете во селото Лос Тодлос во Аргентина во 1919 година, четврто дете од вкупно пет деца. Во 1934 година на петнаест години таа заминала во главниот град, Буенос Аирес, во потрага по нејзината кариера како сценска и филмска актерка. Ева го запознала Колонел Хуан Перон на 22 јануари 1944 година во Буенос Аирес, за време на еден добротворен настан во Луна Парк Стадиум за жртвите од земјотресот во Сан Хуан, Аргентина. Двајцата стапиле во брак следната година. Во 1946 година, Хуан Перон бил избран за претседател на Аргентина. Во текот на наредните 6 години, Ева Перон станала моќна жена првенствено поради настапувњето во одбрана на правата на работниците. Исто така, таа раководела со министерството за труд и здравство, ја основала и ја водела добротворната организација "Ева Перон", се борела за правото на глас на жените во Аргентина и ја основала и ја водела првата голема политичка партија на жените, пероностичка партија на жените. Во 1951 година, Ева Перон се откажала од перонистичката номинација за потпретседател на Аргентина. Со тоа, таа добила голема поддршка од базата на перонистичката партија и од аргентинците од работничката класа кои биле нарекувани парталковци или "descamisados". Сепак, противењето на воените сили и буржоазијата на народот, како и нејзината влошена здравствена состојба ја натерале да се повлече од кандидатурата. Во 1952 година, кратко пред да умре од рак на 33 години, националниот конгрес на Аргентина ѝ доделил титула за "Духовен водач на народот". Ева Перон имала службен, државен погреб и покрај тоа што не била избрана за претседател на Аргентина. Ева Перон стана популарна во меѓународната култура поради познатиот мјузикл Евита. Кристина Алварез Родригез, правнука на Ева Перон, тврди дека Ева никогаш не ја напушти колективната свесност на Аргентина. Кристина Фернандез де Кирхнер, првата жена избрана за претседател на Аргентина, тврди дека жените oд нејзината генерација и должат на Ева за "нејзиниот пример за страст и борбеност". Содржина - 1 Младост - 2 Врската со Хуан Перон во почетокот - 3 Издигнување на моќта - 4 Европска турнеја - 5 Добротворни и феминисички задолженија - 6 Претседателски избори - 7 Смрт - 8 Наследство и критика Младост[уреди | уреди извор] Детство[уреди | уреди извор] Во автобиографијата на Ева, La Razon de mi Vida, нема податоци или белешки за настаните од детството и не е наведено местото на раѓање или кое било нејзиното име кога се родила. Според граѓанаската архива на Јунин, во изворот од матичната книга на родените стои дека Марија Ева Дуарте била родена на 7 мај 1922 година. Постојат аргументи дека таа не била родена во Аргентина, туку во мал град во Парагвај во близина на границата од двете држави. Поради ривалството помеѓу Аргентина и Парагвај тој факт бил оспоруван. Сепак, во нејзиниот крштален лист стои дека таа се родила на 7 мај 1919 година под името Ева Марија Ибаргурен. Во 1945 година, се мисли дека Ева го фалсификувала нејзиниот извод од матичната книга на родените за нејзиниот брак. Ева Перон детството го поминала во Јунин, провинција на Буенос Аирес. Нејзините родители Хуан Дуарте и Хуана Ибаргурен ( понегогаш споменувана како Дона Хуана) потекнувале од имигрантите Баски. Хуан Дуарте бил богат ранчер од близината на Чивилкој, каде што тој имал спруга и фамилија. Во тоа време во Агентина, како провинциска земја, било невообичаено да видеш бодат маж со повеќе фамилии. Во 1920 година, кога Ева имала една година, Дуарте се вратил кај неговата законска фамилија, оставајќи ја Хуана Ибаргурен и неговата фамилија од пет деца во тешка состојба на сиромаштија. Бидејќи се осиромашиле, Ибаргурен и нејзините пет деца се преселиле во најсиромашната област на Јунин. За да овозможи услови за себе и за нејзините деца, Ибаргурен шиела облека за соседите. Поради напуштањето на таткото семејството било јавно осудено, посебно кога законот во Аргентина не ги одобрувал незаконските деца. Наводно, во 1945 година Ева го уништила нејзиниот извод од матичната книга на родените за да го избрише тој дел од нејзиното минато. Јунин[уреди | уреди извор] Хуан Дуарте ѝ бил единствената поддршка на Хуана Ибаргурен пред да ја напушти. Биографот Џон Барнес пишува дека по неговото напуштање сè што им оставил на семејството било еден документ во кој се изјаснувало дека децата се негови, така што можеле да го користат презимето Дуарте. Хуана со нејзините деца се преселиле во еднособен апартаман во Јунин. За да ја платат киријата за еднособниот дом, мајката и ќерките работеле како готвачки во куќите на локалните estancia. Конечно по заслуга на финансиската помош на постариот брат, семејството се преселило во поголема куќа која тие подоцна ќа ја преобразат во пансион. Во тој период, Ева со ентузијзам учествувала во сите нејзини школски претстави и концерти. Една од нејзините омилени забави било киното. Иако мајка ѝ на Ева очигледно имала неколку планови за Ева, да се омажи за еден од локалните ергени, Ева сонувала да стане позната актерка. Љубовта за глумење на Ева била поткрепена кога, во октомври 1933 година, таа играла мала улога во една школска претстава наречена "Станете студенти" (Arriba Estudiantes), која Барнес ја опишал како "емоционална, патриотска мелодрама". По претставата таа одлучила да стане голема актерка. Преселување во Буенос Аирес[уреди | уреди извор] Во 1935 година, на петнаесет годишна возраст Ева се преселила во Буенос Аирес за да си го оствари својот сон да стане славна. Во нејзината автобиографија, таа објаснува дека сите луѓе од нејзиниот град коишто имале појдено во големите градови ги опишувале како "прекарсни места каде ништо не беше дадено освен богатство". За Ева, Буенос Аирес претставувал бегство од мизеријата што ја опкружувала во нејзината провинција. Често се соопштува дека Ева Перон патувала во Буенос Аирес со воз заедно со пеачот Агустин Магалди, кој бил вешт танго играч. Сепак, биографите Мариса Наваро и Николас Фрејзер тврдат дека тоа е неверојатно, бидејќи нема запис од оженетиот Магалди дека настапувал во Јунин во 1934 година. Сестрите на Ева тврдат дека Ева патувала во Буенос Аирес со мајка и. Сестрите исто така тврдат дека Дона Хуана ја придружувала ќерка ѝ на аудиција за во радио – станица и средила Ева да живее со семејството Бустамонтес, кои биле пријатели со семејството Дуарте. Во 1930-тите Буенос Аирес бил најголем космополитски град и елегантна метропола во континетот и наскоро станал познат како "Париз на Јужна Америка". Како и во секој голем главен град во Европа центарот на градот бил исполнет со кафичи, ресторани, театри, кино, продавници и раздвижена толпа народ. Ева била една од многуте луѓе од провинција, кои привлечени од развојот на идустријализацијата, дошле во Буенос Аирес. Кога таа пристигнала со куфер малку поголем од картон со неколку нејзини работи, сигурно се чувствувала осамена и несигурна. Во спротивност на гламурот на главниот град, 1930-тите биле години на голема невработеност, сиромаштија, глад во главниот град и оние кои пристигнувале од внатрешноста биле принудени да живеат во ефтини станови за изнајмување, мизерни интернати и во далечни, сиромашни квартови познати како Villas miserias. Веднаш по пристигнувањето во Буенос Аирес, Ева се соочила со тешкотии за преживување бидејќи била необразована и без врски. Градот бил пренаселен особено во овој период поради миграциите што ги предизвикала големата депресија. На 28 март 1935 година, таа имала професионален настап во претставата "The Perezes Misses" во театарот Comedias. Во 1936 година, Ева ја обиколила целата држава заедно со театарот, каде што работела како модел и исто така ѝ биле доделени неколку улоги главно во ниско-буџетски филмови. Во 1942 година, Ева осетила економска стабилност кога компанијата Candilejas ја вработила во една од нивните радио- драми за денска улога, што се емитувале на најзначајната радио- станица во државата во тоа време, Radio El Mundo ( Светско радио). Подоцна истата година, таа потпишала пет-годишен договор со радиото Белграно, кој ѝ ја обезбедил улогата во популарната историска радио-драма наречена "Големите жени во историјата", во кој таа ја глумела Елизабета I од Англија, Сара Бернард и последната царица на Русија. Конечно, Ева станала косопственик на компанијата. До 1934 година, Ева Дуарте заработувала пет или шест илјади пезоси месечно, што ја правеле најплатената радио-актерка кај народот. Пабио Ракиопи, кој заедно со Ева ја воделе радио- станицата Светско радио, не ја сакал Ева но забележал дека таа била "потполна сериозна". Ева исто така имала кратка филмска кариера, но ниеден од нејзините филмови не биле многу успешни. Во еден од нејзините последни филмови, La Cabalgata del Circo ( Циркусот кавалкаде), Ева играла улога на млада селска девојка сопереничка на постара жена, филмската ѕвезда, Либертат Ламарк. Како резултат на нејзиниот успех во радио- драмите и филмовите, Ева постигнала финансиска стабилност и удобност. Во 1942 година, таа се преселила во нејзин сопствен апартамн во ексклузивното соседство Реколета на улица Кале Посадес број 1567. Следната година таа ја започнала нејзината кариера во политиката како еден од основачите на синдикатот на радиото во Аргентина. Врската со Хуан Перон во почетокот[уреди | уреди извор] Неговите односи со жените остануваат енигма. Тој бил многу среќен со неговата прва сопруга, вистинско домаќинство. Дали е тој истиот сопруг чија втора сопруга, актерка, предизвика огромни промени во политичкиот и општествениот живит? Дали е тој еден од овие сопрузи кој неговата трета сопруга, танчерка, го направила потпретседател на Аргентина и како негов наследник таа била прва жена претседател на Западната Хемисфера. Едниот Перон ги вреднувал жените повеќе за неговата компанија отколку за нивните тела, а другиот на возраст од педесет и осум години имал љубовница од четиринаесет години, можеби во потсвесна потрага по дете кое никогаш го немал. Еден дел во него бил традиционален, а другиот дел се спротивставувал на обичаите на општеството каде што доминираат мажите. На 15 јануари 1944 година, земјотресот во Сан Хуан, Аргентна, убил повеќе од шест илјади луѓе. Како одговор на тоа, Перон, кој тогаш бил заменик- министер за труд, основал фонд за собирање пари за да им помогне на жртвите. Тој смислил план да се одржи "уметнички фестивал" и поканил да учествуваат радио и филмски актери. По една недела од започнувањето на подготовките, сите учесници се сретнале на гала вечер. Таа гала се одржала на 22 јануари 1944 година, кога Ева за прв пат го сретнала Хуан Перон. Ева го спомнува тој ден како нејзин "чудесен ден". Фрејзер и Наваро пишуваат дека Хуан Перон и Ева заедно ја напуштиле галата околу 2 часот наутро. Наскоро по запознавањето во Сан Хуан, Ева Дуарте и Хуан Перон почнале да живеат заедно. Овој потег предизвикал скандал во поблискиот круг на Хуан Перон. Во овој период во Аргентина, естрадните уметници и политичарите се сметале за две различни класи луѓе. Во врска со тоа, било несоодветно невенчан пар да делат стан. Сепак, Перон ја запознал Ева со неговиот круг на политичари и советници и членови на владата. Фрејзер и Наваро тврдат дека одлуката на Перон да ја вклучи Ева во политичкиот живот е тешко да се разбере затоа што тоа можело да му наштети во кариерата и да го доведе до скандал. Фрејзер и Наваро тврдат дека Ева пред да го запознае Перон немала никакво знаење ниту интереси за политиката. Затоа, таа никогаш не се расправала со Перон ниту со некој од неговиот тесен круг, само внимателно слушала. Хуан Перон подоцна во неговата автобиографија потврдил дека тој намерно ја избрал Ева како негов ученик и поставил за цел да создаде во неа "второ јас". Сепак, Фрејзер и Наваро претпоставуваат дека тој и дозволувал на Ева толку интимно изложување и запознавање на неговиот тесен круг поради неговата возраст. Тој имал 48 години а таа 24 години кога се запознале. Тој навлегол во политиката доцна во неговиот живот и затоа бил ослободен однапред да замислува каква треба да биде политичката кариера и бил подготвен да прифати секаква помош што би му понудила таа. Во мај 1944 година, било објавено дека изведувачите на емисии мораат да се обединат во здружение и само тоа здружение ќе има дозвола за работа во Аргентина. Ева била избрана за претседателка на здружението по кратко време откако било создадено. Фрејзер и Наваро шпекулираат дека Перон го донесол овој предлог, изведувачите да се обединат во заедница, за другите изведувачи да мислат дека е добра политиката да се избере неговата љубовница. Кратко по нејзиното избирање за претседател на здружението, Ева Дуарте започнала да води дневна програма наречена " Кон подобра иднина", која е адаптирана во форма сапунска опера за достигнувањата на Хуан Перон. Често, говорите на Перон биле емитувани во текот на програмата, кога таа говорела, Ева Дуарте говорела на обичен јазик како жена која сака слушателите да веруваат во она во што таа самата верува за Хуан Перон. Издигнување на моќта[уреди | уреди извор] Апсењето на Хуан Перон[уреди | уреди извор] До почетокот на 1945 година, група на службеници на војската наречени " Grupo de Oficiales Unidos" ( група на обидинетите офицери, прекар "Полковниците" , стекнале значително внимание во владата на Аргентина. Претседателот Педро Пабло Рамирез станал претпазлив од развојната моќ на Хуан Перон во владата, но не бил способен да ја контролира. На 24 февруари 1944 година, Рамирез ја потпишал својата оставка, која Фрејзер и Наваро тврдат дека ја изготвил самиот Хуан Перон. Еделмиро Хулијан Фарел, пријател на Хуан Перон станал претседател. Хуан Перон се вратил на својата работа како министер за труд. Фрејзер и Наваро тврдат дека во тој момент Перон бил најмоќниот човек во аргентинската влада. На 9 октомври 1945 година, Хуан Перон го уапсиле неговите противници во владата кои биле исплашени дека поради силната поддршка од работниците и сиромашниот народ популарноста на Перон би можела да го замрачи актуелниот претседател. Шест денови подоцна околу 250 и 350 илјади луѓе се собрале пред Casa Rosada (розовата куќа), владата на Аргентина, за да се ослободи Хуан Перон и нивната желба била исполнета. Во 23 часот, Ева Перон се појавила на балконот на Casa Rosada и се обратила кон насобраната толпа. Биографот Роберт Д. тврди дека ова претставува моќен момент затоа што било возбудливо и потсетувало на битни аспекти од историјата на Аргентина. Кросвелер пишува дека Хуан Перон ја воведил улогата на Caudillo ( водач ) запознавајќи ги неговите луѓе со традицијата на аргентинските водачи Росас и Иригоен. Кросвелер исто така тврди таа вечер содржела "загадочни призвуци" од "полу-религиозна" природа. На Ева Перон ѝ се припишувало дека била заслужна на организирањето на собири од илјадници луѓе кој го ослободиле Перон од затвор на 17 октомври 1945 година. Оваа верзија на настани била популаризирана во мјузиклот на Лојд Вебер. Сепак најголем дел од историчарите се согласуваат дека оваа верзија на настани не е точна. Кога Перон бил во затвор, Ева сè уште била само актерка. Таа немала влијание на синдикатите кои го поддржувале Перон и не била добро прифатена во неговиот тесен круг ниту пак ја сакале луѓето од филмскиот и радио бизнис. Кога Хуан Перон бил затворен, Ева Перон била лишена од граѓанските права. Во суштина, масивните собири кој го ослободиле Перон од затвор ги организирале различни здружувања, како што е Генералната конфедерација на труд. До денес, 17 октомври е празник на јустициалистичката партија во Аргентина (славен како Dia de la Lealtat или "ден на верност"). Ева и Хуан тајно стапиле во брак во Јунин на 18 октомври 1945 година, а се венчале на 9 декември 1945 година. Победа на претседателските избори во 1946 година[уреди | уреди извор] По неговото ослободување од затвор, Хуан Перон одлучил да води кампања за претседател на државата. Ева напорно ја водела кампањата за нејзиниот сопруг за време на нејзината неделна радио- програма со тешка популистичка реторика убедувајќи ги сиромашните да се приклучат кон движењата на Перон. И покрај тоа што станала богата од успехот во радиото и манекенството, таа го истакнувала нејзиното понизно воспитување како начин на искажување солидарност со осиромашените класи. Заедно со нејзиниот сопруг, Ева ја посетила целата држава станувајќи прва жена во историјата на Аргентина што се појавува во јавност за време на кампањата на нејзиниот сопруг. ( Меѓу другото, таа била прва жена во Аргентина што во јавност носела панталони). Појавувањето на Ева покрај нејзиниот сопруг често ги навредувала влијателните кругови, војската и оние од политичкиот живот. Сепак, таа била многу популарна кај народот, кој ја познавал од нејзиното појавување во радио- програми и филмови. Тоа било во периодот од нејзиниот живот кога таа ги охрабрувала аргентинците за прв пат да не ѝ се обраќаат со "Ева Перон" туку едноставно како "Евита", што претставува шпански деминутив или нежен прекар што значи "малата Ева или Евичка". Европска турнеја[уреди | уреди извор] Во 1947 година, Ева ја започнала турнејата позната како "виножито турнеја" во Европа, состанувајќи се со бројни државници и шефови на држави, како што се Франциско Франко и папата Пие XII. Биографите Фрејзер и Наваро пишуваат дека турнејата започнала со поканата на шпанскиот водач до Хуан Перон. Од политички причини било одлучено Ева да оди во посета, наместо Хуан Перон. Фрејзер и Наваро пишуваат дека Аргентина неодамна излегла од "воениот карантин" со што го зазела своето место во Обединетите нации и ги подобрила односите со САД. Затоа за посетата на Франко, со Салазар последниот преостанат апсолутистички водач на власт на Западна Европа, дипломатски би се гледало со неодобрување. Фрејзер и Наваро пишуваат дека Ева одлучила ако Хуан Перон не ја прифати поканата за државна посета на Шпанија, тогаш таа ќе ја прифати. Советниците, тогаш одлучиле дека Ева треба да посети повеќе држави во Европа, за да изгледа дека Ева нема симпатии само кон фашистичка Шпанија туку кон цела Европа. Турнејата не била најавена само како политичка туку и како турнеја на "добра волја". Ева била топло пречекана во Шпанија, каде ги посетила Капила Реал, гробницата на шпанските монарси Фердинанд и Изабела. Франковата Шпанија не била опоравена од Шпанската граѓанска војна ( автаркиската економија и ембаргото на Обединетите нации значело дека државата не можела да ги прехрани своите луѓе ). За време на нејзината посета во Шпанија, Ева им делела по 100 пезоси на сиромашните деца што ги среќавала на патувањето. Исто така, таа од Франко ја примила најголемата награда што ја дава владата на Шпанија, орден од Изабела Католичка. Потоа Ева го посетила Рим, каде што приемот не бил топол како што бил во Шпанија. И покрај тоа што папата Пие XII не ѝ дал папска декорација нејзе ѝ било дозволено времето што обично им го давале на кралиците и исто така ѝ дале и венец. Следна држава била Франција, каде што била топло примена. Таа ја посетила палатата Версај меѓу другите места. Исто така се запознала со Шарл де Гол. Таа ѝ ветила на Франција две пратки пченица. Додека била во Франција Ева добила порака од Џорџ VI дека нема да ја прими во Британија, без оглед на тоа што би можело да го советува министерството за надворешни работи и нејзината посета нема да се смета како државна посета. Фрејзер и Наваро пишуваат дека Ева кога дознала дека кралското семејство не сака да се сретне со неа, таа објаснила дека била презриво одбиена и затоа ги откажала сите планови за посета на Велика Британија. Сепак, званичната причина што ја натерала Ева да не ја продолжи турнејата во Британија била нејзината исцрпеност. За време на турнејата низ Европа, Ева ја посетила Швајцарија. Оваа посета била најлошиот дел од патувањето. Според книгата "Евита": Биографија од Џон Барнес, додека се возеле по улица заедно со насобраните луѓе околу нејзината кола, некој фрлил два камења и ја скршил шофершајбната. Таа била шокирана и ги кренала рацете но не била повредена. Подоцна, додека седела со министерот за надворешни работи, демонстрантите фрлале по неа со домати. Доматите го погодиле министерот за надворешни работи и се распрскале на фустанот на Ева. По овие два настани, на Ева ѝ било доволно, и се вратила дома во Аргентина. Имало шпекулирања кај членовите кај опозициската партија на Перон дека вистинската цел на оваа турнеја била да се вложат средства на сметката во Швајцарска банка. Фрејзер и Наваро пишуваат дека опозицијата во Буенос Аирес претпоставувала дека вистинската причина за целата турнеја низ Европа била Ева и нејзиниот брат да вложат пари на сметката во Швајцарската банка, а остатокот бил наменет за да се покрие ова. Многу богати Аргентинци го правеле ова, но има многу посоодветни и не толку сомнителни начини на вложување пари на швајцарски сметки отколку состанување со министерот за надворешни работи и разгледување на фабриката за часовници. Фрејзер и Наваро се согласуваат, "имало ли таму сметка во Швајцарската банка?" Тоа изгледа неверојатно, но секако, нема начин да се дознае за сигурно тајната природа за сметка во Швајцарска банка. За време на турнејата низ Европа, Ева Перон се појавила на насловна станица на списанието Тајм. Насловот гласел: "Ева Перон: Помеѓу два света, аргентинско виножито"- тоа е белешка за името на европската турнеја на Ева. Ова било прв и единствен пат во историјата на списанието дека првата дама на Јужна Америка се појавила сама на насловна страница ( во 1951 година, Ева се појавила повторно заедно со Хуан Перон). Сепак во 1947 година за прв пат било објавено на насловна страница дека Ева била родена како вонбрачно дете. Списанието неколку месеци било забрането да се продава во Аргентина како одмазда. По враќањето од Европа во Аргентина, Евита никогаш нема да се појави повторно со сложена фризура како од нејзините денови на филмска ѕвезда. Блескавата златна боја станала поублажена и дури го сменила и стилот, косата ѝ била едноставна, собрана во пунџа. Нејзиниот екстравагантен стил на облекување станал попрефинет откако се вратила од турнејата. Повеќе не носела пренагласени шапки и тесни фустани од аргентинските дизајнери. Наскоро, таа го прифатила поедноставниот и посовремен стил од француската висока мода и станала приврзаник на Кристиан Диор и накитот на Картие. Обидувајќи се да се претстави како сериозна личност од политиката, Ева започнала да се појавува во јавност облечена во деловни фустани, кои биле креации на Диор и други куќи од високата мода на Париз. Добротворни и феминистички работи Добротворни и феминисички задолженија[уреди | уреди извор] Фондацијата на Ева Перон[уреди | уреди извор] Sociedat de Beneficiencia ( Општество на добротворност), група за добротворни цели составена од 87 општествени дами, била одговорна за поголемиот дел од добротворната работа во Буенос Аирес пред да биде избран Хуан Перон. Фрејзер и Наваро пишуваат дека Социеадат била најперспективната иституција, што се грижела за сирачињата и бездомниците, но тој период завршил со првиот мандат на Хуан Перон. Во 1800тите, групата Социедат ја поддржувале приватни донатори, најголем дел сопрузите на општествените дами. Но од 1940тите, групата Социедат била поддржувана од владата. Традиција на групата Социедат била за претседател на групата да се избере првата дама на Аргентина. Но дамите на Социедат не го одобрувале сиромашното минато на Ева Перон, недоволното образование и поранешната кариера како актерка. Фрејзер и Наваро пишуваат дамите од Социедат биле исплашени дека Ева ќе им биде лош пример на сирачињата и затоа не дозволувале таа да биде претседател на организацијата. Често се зборувало дека Ева во одмазда го прекинала финансирањето од владата на Социедат. Фрејзер и Наваро претпоставуваат дека оваа верзија на настани е спорна, но финансиите од владата што претходно ја финансирале Социедат се префрлиле на сопствената фондација на Ева Перон. Фондацијата "Марија Ева Дуарте да Перон" била создадена на 8 јули 1948 година. Подоцна била преименувана како "Фондацијата Ева Перон". Нејзиното финансирање го обезбедила самата Ева од 10 000 пезоси. Во првата биографија на Ева Перон на англиски јазик "Жената со камшик", авторот Мари Меин пишува дека не биле зачувани документи за сметките на фондацијата затоа што тие биле средства на владата на приватна сметка во Швајцарската банка, што ја контролирал Перон. Фрејзер и Наваро, сепак, во спротивност на овие тврдења, пишуваат дека Рамон Цереијо, министер за финансии, чувал документи и дека фондацијата започнала "како одговор на тоа дека Ева секој ден се среќавала со сиромаштија" и "страшна заостанатост на социјалните услуги или добротворните цели", како што уште се нарекувале во Аргентина. Кросвелер пишува дека фондацијата била поддржана од парични донации и стоки од синдикатите на Перон, приватни бизнисмени, и дека генералната конфедерација на трудот донирала 3 дневници ( подоцна намалени на 2) за секој работник годишно. Данок на лотарија и билетите за во кино исто така помогнале за поддршка на фондацијата, како што помогнале и данокот на казиното и приходот од коњските трки. Кросвелер исто така забележал дека имало примери на бизнисмени кои биле притиснати да донираат во фондацијата, со негативни последици ако барањата не биле исполнети. За неколку години, фондацијата поседувала имот во кеш и стоки над 3 милијарди пезоси или повеќе од 200 милиони долари според девизниот курс од 1940 тите. Биле вработени повеќе од 14 000 работници, од кои 6 000 биле градежни работници и 26 свештеници. Фондацијата купувала и разнесувала годишно 400.000 пара чевли, 500.000 машини за шиење и 200.000 тенџериња. Фондацијата исто така доделувала стипендии, градела домови, болници и други институции за добротворни работи. Фондацијата била под контрола на Ева од секој аспект. Фондацијата исто така изградила цели заедници, како што е градот Евита, кој постои и денес. Фрејзер и Наваро тврдат дека поради работењето и здравствените услуги на фондацијата, за прв пат во историјата немало нерамноправност во здравствената заштита во Аргентина. Фрејзер и Наваро пишуваат дека работата на Евита со фондацијата имала голема улога во нејзиното идеализирање, доведувајќи до тоа таа да биде светица. И покрај тоа што не било неопходно, Евита одделувала повеќе часови на ден за да се сретнува со сиромашните кои барале помош од нејзината фондација. За време на овие средби, Евита ги бакнувала сиромашнте и им дозволувала и тие да ја бакнат неа. Евита била забележана како ги става рацете на загноени рани на болни, допирала лепрозни и бакнувала сифилистични. Фрејзер и Наваро пишуваат дека и покрај тоа што Аргентина е секуларна по многу нешта, таа во суштина е католичка земја. Затоа, кога Ева го бакнала сифилистичниот и го допрела лепрозниот таа "престанала да биде сопруга на Перон и стекнала карактеристики на светица што се опишани во католицизмот." Фрејзер и Наваро пишуваат дека Ева до крајот на нејзиниот живот таа работела по 20 до 22 часа на ден во фондацијата, често одбивајќи го барањето на Перон да намали со работата и да зема слободни викенди. Колку повеќе работела со сиромашните во фондацијата толку повеќе била разлутена за постоењето на сиромаштијата велејќи: "понекогаш посакувам моите навреди да беа шлаканици или камшици. Посакувам да ги удрам луѓето за да прогледаат, само барем еден ден, она што јас го гледам секој ден". Кросвелер пишува дека Евита станала фанатик во својата работа во фондацијата и била свесна за крстоносната војна против самиот концепт, постоењето на сиромаштијата и социјалните проблеми. Кросвелер пишува: "Не е изненадувачко тоа дека нејзината јавна кампања и восхитувањата се зголемиле по интезитет и се приближиле кон трансценденталноста". Кросвелер ја споредува Ева со Игнатиус Лојола, основачот на дружбата Исусова. Перонистичката партија на жените и правото на глас на жените[уреди | уреди извор] Биографите Фрејзер и Наваро напишале дека Ева била заслужна за тоа што жените во Аргентина добиле право на глас. Иако Ева се обратила на радио за поддршка на жените да добијат право на глас и исто така објавувала статии во нејзинот весник "Демократија" замолувајќи ги мажите за поддршка, најпосле можноста жените да добијат право на глас, била надвор од овластувањата на Ева. Фрејзер и Наваро тврдат дека дејствувањата на Ева биле ограничени за добивање на предлог-закон, кој го воведил еден од нејзините застапници, Едуардо Колом, предлог- закон кој на крајот бил изоставен. Бил веведен нов предлог-закон за поддршка на жените, но било неопходно да се чека повеќе од една година пред да го прифати Претставничкиот дом на 9 септември 1947 година. Законот 13,010 ја утврдил рамноправноста на политичките права на мажите и жените и правото на глас на жените во Аргентина. Конечно, законот 13,010 бил едногласно одобрен. Хуан Перон, го потпишал законот со кој на жените им се доделувало право на глас и потоа предлог- законот и го врачил на Ева, симболично како нејзин, за време на јавна прослава и церемонија. Ева Перон потоа ја создала перонистичката партија на жените, која била прва голема политичка партија на жените на народот. Фрејзер и Наваро пишуваат дека до 1951 година партијата имала 500.000 членови и 3.600 штабови низ земјата. Фрејзер и Наваро пишуваат дека додека Ева перон не се сметала себе си за феминистка, нејзиното влијание на политичкиот живот на жените било пресудно. Илјадници жени кои претходно биле аполитички настроени ѝ пристапиле на политиката поради Ева Перон. Тие биле првите жени кои ќе бидат активни во политиката во Аргентина. Со добивањето на правото на глас на жените и перонистичката партија на жените Перон освоил мнозинство (63 %) од гласовите на претседателските избори во 1951 година. Претседателски избори[уреди | уреди извор] Номинирањето за потпретседател[уреди | уреди извор] Во 1951 година, Ева си поставила цел да добие место на гласачкото ливче за потпредседател. Овој потег разлутил многу предводници на војската, оние кои ја презирале Ева и нејзината растечка моќ во владата. Според уставот на Аргентина потпретседателот автоматски го наследува претседателот во случај на смрт на претседателот. Можноста, Ева да стане претседател во случај на смрт на Хуан Перон било нешто, што војската не можела да го прифати. Сепак, таа добила поддршка од работничката класа, синдикатите и перонистичката партија на жените. Јачината на поддршката, што таа ја имала од овие групи, го изненадила дури и самиот Хуан Перон. Фрејзер и Наваро пишуваат дека Ева, со големата поддршка што ја имала за нејзиното кандидирање, станала значајна за членовите на перонистичката партија колку што бил и самиот Хуан Перон. На 22 август 1951 година, синдикатите одржале голем митинг од 2 милиони луѓе наречен Мајската револуција "Cabildo Abierti" . ( Името било во чест на првата локална влада во Аргентина во 1810 година.) Перонови се обратиле кон толпата од балконот на големото скеле поставено на Авенида де Хулио 9, оддалечено неколку блокови од Casa Rosada. Над балконот биле поставени два големи портрети на Ева и Хуан Перон. "Cabildo Abierti" било најголемо излагање за поддршка на женската фигура во политиката. За време на масовниот митинг, толпата побарала Евита јавно да ја објави нејзината официјална кандидатура за претседател. Таа се изјаснила дека ѝ треба повеќе време за да ја донесе нејзината одлука. Комуникацијата помеѓу Ева и толпата од 2 милиони луѓе станала, во еден момент, вистински спонтан дијалог, со скандирањето на публиката: "Евита, потпретседател!" Кога Евита побарала повеќе време за да може да се подготви, толпата извикала "Сега Евита, сега!" На крајот, тие постигнале компромис. Евита соопштила дека ќе ја објави нејзината одлука преку радио за неколку дена. Влошената здравствена состојба и политичката опозиција[уреди | уреди извор] Конечно, таа ја одбила поканата за кандидирање за претседател, велејќи дека нејзината единствена амбиција била дека во едно големо поглавје во историјата ќе пишува за нејзиниот сопруг, а во фуснотите ќе биде спомната една жена која ги пренесла "надежите и соништата на луѓето до претседателот", жена која на крајот ги претворила тие соништа во "прекрасна реалност". Во перонистичката реторика, овој настан е познат како "Откажување", кој ја опишува Ева како несебична жена според португалски мит за marianisimo. Повеќето биографи, сепак, претпоставуваат дека Евита не се откажала од својата амбиција поради притисокот на нејзиниот сопруг и високата класа на Аргентина, кои претпочитувале дека таа не припаѓала на расата. Во 1951 година, било очигледно дека нејзиното здравје било рапидно влошено. Во почетокот на 1950 година Евита се онесвестила во јавност и неколку денови подоцна таа се оперирала. Иако било изнесено дека таа дожевеала апендектомија ( вадење слепо црево), всушност таа имала рак на грлото на матката во развиена фаза. Таа продолжила да се онесвестува во текот на 1951 година ( вклучувајќи ја и вечерта по "Cabildo abierto''), со тешка изнемоштеност и обилно вагинално крварење. Иако Хуан не ѝ ја кажал нејзината дијагноза, таа знаела деке не е добра. Само неколку месеци по "Откажувањето", Евита била подлежна на тајно отстранување на матката во обид да се спречи развивањето на ракот на грлото на матката. Повторно избирање и Духовен водач на народот[уреди | уреди извор] На 4 јуни 1952 година, Евита се возела со Хуан Перон во парада низ Буенос Аирес за време на прославата за неговото повторно избирање за претседател на Аргентина. Евита била толку болна што таа била немоќна да стои сама. Под нејзиното крзнено палто имало рамка направена од малтер и жица што ѝ служела за помош. Таа зела тројна доза на лекови против болка пред да започне парадата и зела уште две дози кога се вратила дома. Неколку денови подоцна, по втората инаугурација на Хуан Перон, за време на официјалната церемонија на Ева ѝ била доделена титула за "Духовен водач на народот". Смрт[уреди | уреди извор] Умирањето и погребот[уреди | уреди извор] И покрај тоа што американскиот хирург Џорџ Т. Пак ѝ ја отстранил матката на Ева Перон, ракот за кратко време повторно се појавил. Таа имала метастази на белите дробови и била првата аргентинка што се лечела со хемотерапија во тоа време. И покрај сите можни третмани, таа била исцрпена и имала само 36 килограми. Евита починала на 33 години, во 20 часот и 25 минути на 25 јули, 1952 година. Вестите веднаш се рашириле низ целата држава и Аргентина била во длабока жалост. Сите активности во Аргентина запреле, филмовите не се прикажувале, рестораните биле затворени. Редовната програма на радио била прекината со читање на веста: Ова е моја жална долножст да ве информирам дека денес во 20 часот и 25 минути Ева Перон, духовниот водач на народот, стапи во бесмртноста. На Ева Перон ѝ бил доделен службен државен погреб. Жалење[уреди | уреди извор] Кога Ева Перон починала, владата ги одложила сите службени активности за два денови и сите знамиња биле на пола копје 10 денови. Толпата пред службената резиденција на претседателот била збиена и сите улици преполни за 10 блокови во секој правец. Подоцна, кога телото на Ева било пренесувано, осум души во толпата биле згмечени до смрт. Во следните 24 часа, над 2000 луѓе биле однесени во градските болници поради повреди во брзањето да бидат поблизу до Ева кога нејзиното тело било пренесувано од претседателската резиденција до Министерството за труд. Улиците во Буенос Аирес биле прелеани со цвеќиња наредени во купови и за еден ден од смртта на Ева Перон сите цвеќарници во Буенос Аирес биле испразнети. И покрај фактот дека Ева никогаш не држела службена политичка канцеларија, на крајот ѝ бил доделен службен погреб што обично бил резервиран за шефот на државата. Била одржана комеморација за тимот од Аргентина за време на олимписките игри во Хелсинки во 1952 година, во чест на Ева Перон. Имало повеќе интерпретации за популарното жалење за смртта на Ева Перон. Некои репортери го сметале жалењето за вистинско, додека други чувствувале дека популарната жалост била само резултат на јавно подлегнување на "страсни претстави" од перонистичкиот режим. На пример, според списанието "Тајм" статијата објавена на 11 август 1952 година со наслов "Во жалост" перонистичката влада го воведила пет минутното жалење веднаш по најавувањето на радио-програмата. За време на Евита, децата кои биле родени вонбрачно немале исти права со оние кои биле родени од родители кои биле во брак. Биографот Џули М. Тејлор, професор по антропологија во универзитетот Рајс, рече дека Ева била свесна за болката да бидеш роден како вонбрачно дете. Тејлор шпекулира дека свеста за Евита за болката имала влијание на одлуката за да се смени законот, така што "вонбрачните деца" да бидат третирани како "нормални" деца. Кога таа починала, аргентинската јавност била известена дека Ева имала само 30 години. Несовпаѓањето се поклопува со фалсификувањето на нејзиниот извод од книгата на родените. По станувањето прва дама во 1946 година, Ева ги изменила нејзините документи од раѓањето дека била родена како дете во брачна заедница и ги поместила датумите за три години за да биде помлада. Планови за споменик[уреди | уреди извор] Кратко по нејзината смрт, др. Педро Ара започнал да го балсамира телото. Фрејзер и Наваро пишуваат дека неизвесно е дали Евита некогаш изјаснила желба за да биде балсамирана и претпоставуваат дека најверојатно тоа е одлука на Хуан Перон. Др Ара бил професор по анатомија кој студирал во Виена и одржал академска кариера во Мадрид. Неговата работа повремено била споменувана како уметност на смртта. Неговата високо напредна технологија за балсамирање се состоела од заменување на крвта на мртовецот со глицерин, кој ги штител сите органи вклучувајќи го и мозокот и создавал слика на жив човек, давајќи му на телото изгед на "уметничко спиење". Др Ара бил познат во Буенос Аирес по неговата работа. Помеѓу луѓето, кој ги имал балсамирано, бил шпанскиот композитор Мануел Де Фала. Др Ара тврди дека балсамирањето на Евита, започнало ноќта кога таа починала сè до следното утро " телото на Ева Перон било целосно непоткупливо" и затоа соодветно за прикажување на јавноста. Во книгата "Перон и загатките на Аргентина", биографот Роберт Д. Кросвелер тврди дека Англосакцонците од Северна Америка и Европа погрешно го разбрале одговорот на Аргентина за смртта на Ева Перон како и богатиот погреб кој таа го имала. Кросвелер го припишува ова недоразбирање на единствената структура на културата на Перонови и Аргентина, тврдејќи дека Перонови им припаѓаат на аргентинската традиција и дека нивната опозиција припаѓала на Англосанкцонците. Помеѓу изгубените спомени за Ева, имало еден кој не бил доволно забележан, но неговата важност е значајна: Наследството на неразбирањето. Нејзините кратки и блескави години биле толку успешни бидејќи таа била навлечена во филозофијата: "Јас имам тело и душа и ја имам крвта на луѓето". Но тоа било филозофијата на стара шпанска- креолска традиција која потекнувала од Лима. Како Перон, таа била домородец по потекло и по дух и како него, не и верувале и не ја разбирале во Аргентина од либералниот систем и во светот кој ја знаел само таа Аргентина. Истото важело и во врска со нејзината драматизирачка смрт во последните 10 години, кога таа побарала да умира во јавност како потврда за нејзината посветеност. Таквиот однос кон смртта е варијација на стара шпанска опседнатост со смртта, со достоинство и раскош. Дотогаш тоа избледило во повеќе од Европските католични заедници и тоа било непознато во Англосаксонската нација. Затоа, многумина го гледале нејзиното измачување и одговорот на Перон како елементи кои во суштина биле политичка страсна претстава и обид за да се извлече сочувство и корист од нешто што треба да биде приватна трагедија. Тоа било наследството на неразбирањето, истото наследство што не им дозволувало на Ева и Перон да го разберат емоционалниот интезитет на реакцијата на светот и одземањето на Ла Пренса или другите потиснувања на Перонато. Како резултат на тоа Ева живееше и умре како мотив за светот да се прашува и како споменик за неспосбноста да се разберат другите. Исчезнување и враќање на трупот[уреди | уреди извор] Кратко по нејзината смрт, биле направени планови за да се изгради споменик во чест на Ева. Споменикот, што требало да биде статуа на маж што ги претставува "descamisados", бил планиран да биде поголем од "Статуата на слободата". Телото на Ева требало да се чува во основата на споменикот и според традицијата на трупот на Ленин да биде изложена за јавноста. Чекајќи споменикот да биде изграден, балсамираното тело на Евита било изложено во поранешната канцеларија на зградата на музичката компанија скоро две години. Пред да биде завршен споменикот на Евита, Хуан Перон бил соборен во воен државен удар, Ослободителната револуција, во 1955 година. Перон набргу избегал од државата и не направил планови за обезбедување на телото на Евита. Воената диктатура ја презела власта во Аргентина. Новите власти го отстраниле телото на Ева, да не биде изложено, а местото каде што се наоѓало телото останало мистерија цели 16 години. Од 1955 година до 1971 година, военото диктаторство на Аргентина издало забрана за перонизмот. Не само поседувањето на слики во домовите од Ева и Хуан Перон што станало нелегално, туку и изговарањето на нивните имиња. По 16 години, војската конечно го открила местото каде што било телото на Ева Перон. Таа била закопана во гробница во Милано, Италија, под името "Марија Меги". Во 1995 година, Томас Елој Мартинез ја објавил "Света Евита", која ги наведува сите претходни непознати приказни за авантурите на трупот на Евита, како што се многуте восочни копии на трупот кои биле направени. Мартинез тврдел дека трупот бил оштетн со чекан и дека дури еден офицер извршил сексуално дело врз копиите на трупот. Конечно место на мирување[уреди | уреди извор] Во 1971 година, телото на Евита било откопано и испратено во Шпанија, каде Хуан Перон го чувал во својот дом. Хуан и неговата трета сопруга, Изабел, одлучиле да го чуваат трупот на масата во трпезаријата. Во 1973 година, Хуан Перон го завршил бегството и се вратил во Аргентина, каде тој станал претседател по трет пат. Перон починал во својата канцеларијата во 1974 година. Неговата трета сопруга, Изабел Перон, со која се оженил на 15 ноември 1961 година и која била избрана за потретседател, го наследила него и со тоа станала првата жена претседател на западната хемисфера. Изабел била таа која телото на Евита го вратила во Аргентина и (кратко) го изложила покрај Хуан Перон. Подоцна телото било закопано во фамилијарната гробница Ла Реколета, во Буенос Аирес. Владата во Аргентина презела големи мерки за обезбедување на гробот на Евита. Има врата на мермерниот под на гробот, која води до одделот во кој има два сандаци. Под првиот оддел има втора врата и втор оддел. Тоа е местото каде што лежи сандакот на Евита. Биографите Фрејзер и Наваро пишуваат дека гробот на Евита е толку безбеден што би можел да издржи нуклеарен напад. Тие пишуваат : "тоа одржува страв, страв дека телото ќе исчезне од гробот и таа жена или повеќе митот за жената, повторно ќе заживее". Во гробницата, која се наоѓа на северниот дел на сиромашниот кварт Реколета, исто така се наоѓаат остатоци на многу славни генерали, претседатели, научници, поети и други богаташи на Аргентина. Во Аргентина се вели дека таму чини повеќе да умреш отколку да живееш. Наследство и критика[уреди | уреди извор] Аргентина и Латинска Америка[уреди | уреди извор] "Во цела Латинска Америка, само една друга жена предизвика чувство, преданост и верба што може да се спореде со Девицата Гвадалупе. Во многу домови сликата на Евита стои на ѕидот веднаш до Девицата". Во неговиот есеј со наслов "Латинска Америка", објавен во илустрираната историја на христијанството на Оксфорд, Џон Мекменрс исто така тврди дека повикот и успехот на Ева Перон може да се поврзе со митологијата на Латинска Америка и идеите за теологијата. Дури Мекменрс тврди дека Ева Перон намерно ги присвојувала аспектите на митологијата за Девицата и Марија Магдалена во нејзината јавна личност. Историчарот Хуберт Херинг ја опиша Ева Перон како" најмудрата жена што треба да се појави во јавниот живот на Латинска Америка" Во 1996 година, во интервјуто на Томас елој Мартинез тој ја спомнува Ева како "Пепелашка на тангото и заспаната убавица на Латинска Америка". Мартинез претпоставува дека Ева Перон остана важна икона во културата од истите причини како и Че Гевара. "Латинските митови се поотпорни отколку што изгледаат. Дури ниту големата масовна преселба на луѓето со сплав од Куба или брзото распаѓање и режимот на изолација на Фидел Кастро не го уништија триумфалниот мит за Че Гевара, кој остана жив во многу сонови на илјадници млади луѓе во Латинска Америка, Африка и Европа. Че Гевара како и Евита се симболи на искреноста, понижените, сиромашните на земјата. Тие се митови кои на некој начин ја создаваат сликата на Христос." Иако денот на смртта на Ева Перон не е официјален неработен ден, тој ден аргентинците го одбележуваат секоја година. Покрај тоа, ликот на Ева Перон е истакнат на аргентинската монета и еден вид на аргентинската валута е наречен Евита во нејзина чест. Ciudad Evita (градот Евита), кој бил основан од фондацијата на Ева Перон во 1947 година, се наоѓа надвор од Буенос Аирес. Кристина Кирхнер, првата избрана жена претседателка во историјата на Аргентина, припаѓа на Перонови и повремено се нарекува "новата Евита". Кирхер вели таа не сака да се споредува со Евита, тврдејќи дека Евита била единствен феномен во историјата на Аргентина. Сепак Кирхнер вели дека жените на нејзината генерација во 1970тите за време на воената диктатура во Аргентина на Ева ѝ должат за тоа што им послужи како пример за страст и борбеност. На 26 јули 2002 година, на 50 годишнината од смртта на Ева Перон во нејзина чест отворен е музеј, кој бил наречен "музејот Евита". Во музејот, кој го отворила нејзината правнука Кристина Алварез Родригез, се наоѓа облеката на Ева, портретите и уметничките нацрти од нејзиниот живот. Музејот стана популарна туристичка атракација. Музејот бил отворен во зграда која некогаш ја користела фондацијата на Ева Перон. Во книгата за Ева Перон: "Митовите на една жена" , културниот антрополог Џули М. Тејлор тврди дека тоа што Евита остана запаметена во Аргентина се должи на комбинацијата од три еднакви фактори: "Во разгледуваните слики, трите елементи, се постојано поврзани: женственоста, мистичноста или духовната сила и револуционерното лидерство кој е приказ за основната заедничка тема. Идентификацијата со еден од овие елементи го вклопува човекот или групата во просторот на едно утврдено општество и во границите на иституционалните власти. Секој што може да се идентификува со сите три слики поставува надмоќно и призвучно право на доминантност низ сликите кои не препознаваат контрола во општеството или неговите права. Само жена може да ги отелотвори сите 3 елементи на оваа моќ." Тејлор расправа дека четвртиот фактор што ја продлжува важноста на Евита е поврзан со нејзиното реноме како мртва жена и силата што смртта ја поседува во фантазијата на јавноста. Понатаму, Тејлор тврди дека балсамираното тело на Евита е слично со неподмитливоста на различни католички светци како што е Бернадете Соубирос и како резултат на тоа силен симболизам постои во католичката култура на Латинска Америка. "До некоја мера нејзината важност и популарност им се припишуваат не само на нејзината моќ додека била жива туку и на моќта како мртва." Сепак, гледиштето на општеството за живот по смртта може да конструира извор на немир и безредие, смртта по самата природа останува мистериозна се додека општеството официјално не ја смири вознемиреноста што ја создава таа. Жените и мртвите – смртта и женственоста- се во тесна врска со структурните социјални форми: надворешните јавни институции, неограничени со службени правила и надвор од формалните категории. Кога во женскиот труп се повторуваат симболичките теми и на жена и на маченик, Ева Перон стои тогаш цврсто зад духовното лидерство.
fineweb-2
Одлуки на Основниот Суд Велес 29.06.2012 П-1.бр.33/12 П-1.бр.33/12 ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ОСНОВНИОТ СУД ВЕЛЕС како првостепен парничен суд во состав од судијата Виолета Мојсова како претседател на советот и судиите поротници Силвана Печкова и Ружица Кајнакчиева како членови на советот, решавајќи по тужбата на тужителката И. Г. од С., Г. против тужениот Б.Б. од В. за испразнување и предавање во владение на недвижност, вредност на спорот 40.000,00 денари, по одржаната усна, главна и јавна расправа на ден 19.06.2012 година во присуство на тужителката лично, нејзиниот полномошник Д. Ч. Г. од С., тужениот лично и неговиот полномошник адвокат Е. П.од Н., ја донесе и објави на ден 26.06.2012 година следната П Р Е С У Д А Тужбеното барање на тужителката И. Г. од С., Г., СЕ УСВОЈУВА. СЕ ЗАДОЛЖУВА тужениот Б. Б. од В. да го испразни од луѓе и предмети и да и го предаде во владение на тужителката И. Г. од С. Г. целокупниот недвижен имот што се наоѓа на ул. С.бр.57 В. и тоа: на КП.бр….семејна зграда …. Влез.., стан … на приземје во површина од .. м2, помошни простории … на сутерен во површина од … м2, гаража .. на сутерен во површина од … м2, двор со површина од …м2 и земјиште под зграда во површина од …м2 што се вои на Имотен лист бр…. за КО В. и недвижниот имот-дива градба на КП.бр…. и тоа: семејна зграда …, влез .. стан … на мансарда во површина од …м2 на ул. бр… евидентиран на Имотен лист бр…..за КО В. во рок од 15 дена по правосилноста на пресудата и во истиот рок да и ги надомести трошоците по спорот во износ од 18.613,00 денари. Р Е Ш Е Н И Е Приговорот на тужениот Б. Б. од В.да се отфрли тужбата на тужителката И. Г. од С., Г. за испразнување и предавање во владение на недвижност, вредност на спорот 40.000,00 денари поради пресудена работа, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАН. О б р а з л о ж е н и е Пред овој суд поведена е постапка по тужба на тужителката против тужениот, за испразнување и предавање во владение на недвижност, вредност на спорот 40.000,00 денари. Во тужбата и на расправата тужителката преку нејзиниот полномошник наведува дека е сопственик на недвижен имот кој се води на ИЛ.бр…. за КО В. а се наоѓа на ул. С.бр….во В. и тоа КП.бр…. семејна зграда ..влез.. стан ..на приземје во површина од …м2, помошни простории .. на сутерен во површина од … м2, гаража …на сутерен во површина од …м2 и двор со површина од …м2 и земјиште под зграда во површина од …м2 како и на недвижниот имот-дивоградба кој се води на ИЛ.бр….за КО В. а се наоѓа исто на ул. во В. на КП.бр…. и тоа следниот објект- семејна зграда … влез .. стан …на масарда во пов. За бесправно изградениот објект поднела барање за легализација до О. В. на ден … год. заведено под бр…... На ден …. со тужениот склучила преддоговор за купопродажба на куќа на КП … за КО В. и се обврзале да склучат договор за кпопродажба, но до склучување не дошло и предоговорот се сметал за раскинат, па бесправно живеел во предметната недвижност. Со правослна и извршна пресуда на овој суд П.бр….. од… год. донесена во постапка по нејзина тужба тужениот бил задолжен да го испразни од луѓе и предмети и да и го предаде во владение недвижниот имот на ул. С. бр… во В. на ИЛ.бр….за КО В.. Бидејќи тужениот доброволно не се исселил, преку извршител Б. П. бил иселен од легалниот дел на куќата, опишан во наведената пресуда но, останал да живее и да ја владее мансардата од куќата која била дива градба и е во нејзина сопственост, а по извесен период повторно се вселил и во приземјето. Поради тоа поднела кривична пријава против тужениот, а судот донел пресуда К.бр…. со која бил осуден за кривично дело Нарушување на неповредливоста на домот. Предлага судот согласно чл.156 и чл.121 ст.1 од ЗСДСП да го усвои тужбеното барање и да и се надоместат трошоците во постапката. Во писмениот одговор на тужба и на расправата тужениот преку полномошникот наведува дека во конкретниот случај се работи за пресудена работа па тужбата треба да се отфрли, а тоа произлегува и од записникот за предавање во владение на извршител Б. П. од кој се гледа дека постои разлика помеѓу она што е запишано во извршната исправа и она што е на лице место, од што јасно било дека никогаш не го напуштил објектот како повторно би се вселил бесправно во истиот. Во поглед на дивоградбата тужителката не е запишана како сопственик на објектот па не може да бара заштита на своето право. Објектот кој е дива градба со свои средства го градел лично тој. Предлага тужбата во поглед на легалниот објект да се отфрли а тужбеното барање во поглед на дивоградбата да се одбие како неосновано и да му се надоместат трошоците во постапката. Од изведените докази на расправата и тоа увид во: ИЛ бр…..за КО В. издаден од АКН О.В. од … година, податоци од катастар на недижности и регистрација со состојба на ….година за КО В.на ИЛ бр…. потврда од општина В. за поднесено барање за легализација бр….. од …година, пресуда П бр…..од …година, записник за испразнување и предавање на недвижност на извршител Б. П. именуван за подрачје на Основни судови Велес, Гевгелија, Кавадарци и Неготино И.бр … од …. година, пресуда на овој суд К бр…..од …. година, известување од Извршител Б. П. за подрачје на Основни судови Велес, Гевгелија Кавадарци и Неготино од … година, записник за увид на лице место од …. година и од исказите на тужителката и тужениот сослушани во својство на странки како и од наводите на пол. на тужителот и пол. на тужениот, а по анализа и оцена на така изведените докази ценејќи ги истите во смисла на чл.8 од ЗПП судот ја утврди следната фактичка состојба: Според Имотен лист бр….за КО В.издаден од АКН О. В. од … година тужителката е сопственик на недвижен имот кој се наоѓа на ул.С. во В.и тоа на: КП.бр…..- семејна зграда, зграда … влез …, кат приземје, стан … со површина од … м2, КП.бр….сутеран, зграда … влез …, со површина од …м2 и КП.бр…. гаража, зграда …, влез … сутеран со површина од …м2 сите запишани во лист В од Имотниот лист, на недвижен имот на КП.бр….план… скица … и тоа земјиште под зграда со површина од …м2 и двор со површина од …м2 запишани на лист Б. На Имотниот лист стои прибелешка од …год. на налог за извршување И.бр….од… год. на извршител Б. Б.од Н. врз основа на барање за спроведување извршување од доверителот Б. Б.од В. засновано на извршна исправа П.бр….од…год. на Основен суд Велес против должникот И. Г. со непознато живеалиште во Р. Г. за спроведување на извршување во вредност 1.847.331,00 денари па му се забранува на должниот да ја отуѓува и стварно правно оптоварува наведената недвижност. Според приложени податоци од катастар на недвижности и регистрација со состојба на 31.01.2012 година за КО В. на име на тужителката е авидентиран недвижен имот на КП.бр….–семејна зграда… влез.., стан … на мансарда во површина од ..м2 на ИЛ бр…. за КО В. Тужителката на ден …год. склучила договор за купопродажба на недвижен имот –сутерен на на ул С. бр….во В. која била дива градба, а договорот бил заверен во Општински суд Титов Велес под Зав. бр….. Во текот на 1986 год. тужителката и нејзиниот сопруг М. Г. со заеднички средства над сутеренот изградиле приземје и мансарда опишани погоре. Приземјето било изградено врз основа на уредна градежно техничка документација и добиено одобрение за градење бр…. од … год. по поднесено барање од тужителката на чие име се водела целокупната документација и било оспособено за живеење во 1986 год. Летото … год. тужителката со сопругот и децата се вратиле во Г. каде останале да живеат. Во 1989 год. сопругот на тужителката починал на работното место во Г. и таа со нејзините ќерки останала да живее во Г., па одлучила да ја продаде спорната куќа а тужениот бил заинтересиран за нејзино купување. Во 2001 год. тужителката дошла во В.и со тужениот се договориле тој да ја купи спорната куќа за купопродажна цена од 58.000 ДМ па за таа цел склучиле преддоговор заверен кај нотар С. А. од В. под УЗП.бр…. со кој предвиделе по добивањето на имотен лист да склучат договор за купопродажба за семејна станбена зграда на КП.бр….во површина од …м2 и двор во површина од … м2 на ул.С.бр…. во В.. На денот на склучувањето на преддоговорот тужениот на тужителката и дал капар од ….ДМ и се обврзал дека преостанатиот дел од купопродажната цена ќе го исплати кога ќе биде издаден имотен лист и ќе се склучи главниот договор. Меѓутоа до склучување на договор за купопродажба на спорниот недвижен имот не дошло иако по прибавување на имотниот лист, тужителката со писмено барање од 25.11.2002 год. го повикала во рок од 30 дена да пристапи кон потпишување на главниот договор и да и ја исплати договорената купоподажна цена, во спротивно ќе се смета дека се откажал од купување на недвижниот имот и ќе го задржи примениот капар, но тужениот не одговорил на барањето, а со неговото семејство продолжил да живее во спорната недвижност. По спроведена постапка пред овој суд по тужба на тужителката против тужениот за предавање во владение на недвижен имот донесена е пресуда П.бр…. со која тужбеното барање е усвоено и задолжен е тужениот да го испразни од луѓе и предмети и да и го предаде во владение. Тужениот доброволно не постапил по цитираната пресуда, па тужителката пред извршител Б. П. од В. повела постапка за извршување на цитираната пресуда и од чија страна на ден 28.03.2008 год. било спроведено извршувањето така што ги отсранил лицата и предметите од недвижниот имот цитиран во пресудата и недвижниот имот го предал во владение на тужителката така што и бил предаден клуч од станот во приземјето и сутеренот за што бил составен записник И бр. Тужениот со семејството останал да ја коридти мансардата од спорната куќа, бидејќи не била предмет на постапката за иселување, но кога тужителката заминала во Г. тужениот извршил замена на бравите на приземјето и сутеренот и повторно се вселил во истите, па кога тужителката се вратила во В не можела да влезе во својот недвижен имот а во него живеел тужениот со своето пошироко семејство. За време на своето живеење во спорниот недвижен имот тужениот презел одредени градежни дејствија за адаптација на истиот. Поради наведеното тужителката на ден ….год. до овој суд поднела приватна кривична тужба против тужениот како обвинет за кривично дело Нарушување на неповредливоста на домот од чл.145 ст.1 од Кривичниот законик и кривично дело Самовластие од чл.392 ст.1 од Кривичниот законик и по спроведена постапка донесена е пресуда К.бр…..од….год. со која бил огласен за виновен за кривично дело Нарушување на неповредливостра на домот од чл.145 од КЗ и осуден на парична казна од 50 (педесет) дневни глоби од по 10 евра во денарска противредност на една дневна глоба од 615,00 денари или во вкупен износ од 30.750,00 денари, а ослободен од обвинението за кривично дело Самовластие од чл.392 ст.1 од КЗ. Тужителката на ден …год. до О. В. поднела барање за легализација на бесправно изградениот објект–мансарда но постапка е во тек, бидејќи не поседувала клуч од истата што било пречка за да се изготви геодетски елаборат кој е неопходен за постапката. Според записник за увид на лице место од …год. се работи за куќа во В. на ул.С.бр….која се состои од сутерен, пиземје и мансарда, која нема фасада од надворешната страна. Сутеренот се состои од: гаража и една подрумска просторија, една соба на која што и е срушен северниот sид и нема влезна врата, преку посебен влез во сутеренот се доаѓа во две соби во кои што има подлога од бетон во еден дел а во еден дел е земјена подлога, просторија припремена за купатило која не е комплетирана и една подрумска просторија од земјена подлога на која што од јужната страна има отвор за прозор, меѓутоа прозор нема. И во подрумската просторија кај гаражата има отвор за прозор, но прозор нема . Преку двата опишани отвори се доаѓа до дворно место од јужната страна на куќата. Приземјето има посебен влез преку дворното место од југоисточната страна така што истото се состои од: претсобје од кое што преку посебна врата се доаѓа на јужна страна во две простории кои се празни, од претсобјето се доаѓа до две соби и тоа спална и детска соба. Исто така од претсобјето се доаѓа до посебно ве-це и посебно купатило. Од празните простории на јужната страна од претсобјето има две тераси а и од детската соба се излегува на тераса на приземјето. Приземјето е оспособено за живеење и наместено со ствари за живеење од страна на тужениот. Преку надворешни посебни скали од приземјето се доаѓа до мансарда чија влезна врата од југоисточната страна е заклучена а по кажување на тужениот во истата живеел неговиот син Д. со своето семејство кој моментално бил на работа во С., а тужениот нема клуч. Кровот е на две води север-југ а дворното место се наоѓа од сите 4 страни на куќата. Врз основа на вака уврдената фактичка состојба судот одлучи како во изреката а од следните причини: Според чл. 6 од Законот за сопственост и други стварни права се гарантира правната заштита на сопстевноста. Граѓанско правната заштита на сопственоста како таква , за сопственикот претставува негово субјективно право кое го овластува да бара од лицата кои го повредуваат неговото право да престанат со она чинење со кое ќе се отстрани повредата.Ова барање настанува врз основа на правото на сопственмост кое се повредува и за кое гарантира државата со инструменти за правна заштита на сопственоста. 8 ст.1 од Законот за сопственост и други стварни права, сопственикот има право својата ствар да ја држи целосно да ја користи и да располага со неа по своја волја, доколку тоа не е спротивно на закон или на некое право на друго лице, а според став 2 секој е должен да се воздржува од повреди на правото на друго лице. 121 од истиот закон на градежен објект изграден без одобрение за градење, градителот со самата градба не стекнува сопственост, а до легализација или рушење на тој објект врз основа на одлука на надлежен орган ужива соодветна судска заштита која му припаѓа на сопственик, ако со закон поинаку не е определено. Според чл.156 ст.1 од истиот закон сопственикот може со тужба да бара од држателот поврат на индивидуално определена ствар, а според ст.2 од истиот член и закон сопственикот мора да докаже дека врз стварта чиј поврат го бара има право на сопственост, како и дека стварта се наоѓа во фактичка власт на тужениот. Во конкретниот случај од изведените докази неспорно се утврди дека помеѓу тужителката и тужениот на ден … год. бил склучен преддоговор со кој преземале обврска подоцна да склучат друг, главен договор за купопродажба на недвижен имот станбена семејна зграда на КП бр….во површина од .. м2 и двор со површина од …м2 на ул. .. В., дека преддоговорот бил склучен во писмена форма и заверен на нотар и ги содржи суштествените состојки на договорот и тоа предметот на купопродажба и цена а на денот на склучување на преддоговорот тужениот и дал капар на тужителката од 11.000 ДМ и му го предала во владение предметниот недвижен имот. Не е спорно и тоа дека склучувањето на главниот договор било одложено до прибавувањето на имотен лист за спорниот недвижен имот, по добивањето на имотен лист со писмо од 25.11.2002 год. тужителката го повикала тужениот да го склучат договорот за купопродажба, но тоа не било случај, така што тужениот не се придржувал кон преземената обврска за склучување на главен договор во определениот рок што претставувало суштествена состојка на преддоговорот па согласно чл. 37 ст.1 од ЗОО и чл. 114 ст.1 од ЗОО договорот се раскинал според самиот закон. Од увид во Имотен лист бр….. за КО В. се утврди дека на име на тужителката се води сутерен и приземје од опишаната куќа а од увид во приложени податоци од катастар на недвижности и регистрација со состојба на … година за КО В. се утврди дека мансардата која е дива градба на ИЛ.бр….за КО В. е евидентирана на име на тужителката. Од увид во пресуда П.бр….од… год. се утврди дека тужениот е задолжен да го испразни од луѓе и предмети и да го предаде во владение недвижниот имот како во изреката на пресудата а од увид во записник за испразнување и предавање на недвижност на извршител Б. П. И.бр. од … година се утврди дека тужениот бил исселен од недвижниот имот опишан во пресудата а на тужителката и бил предаден клуч од недвижноста. Од исказот на тужителката се утврди дека по пресудата П.бр…. од … год. од извршител Б. П. тужениот бил иселен од приземјето и сутеренот од спорната куќа, останал да ја користи мансардата, но откако заминала за Г., повторно се вселил во приземјето и сутеренот така што ги променил бравите, а на мансардата поставил блиндирана врата, а кога се вратила во В., неможела да влезе во својата куќа. Од увид во пресуда К.бр….. од …год. се утврди дека во врска со ова постапување на тужениот по поведена постапка од тужителката, бил огласен за виновен и осуден за кривично дело Нарушување на неповредливоста на домот од чл.145 ст.1 од Кривичниот законик. Од исказот на тужениот се утврди дека во спорната куќа живее со семејството и има свои ствари, а тоа се утврди и од непосредниот увид на судот на лице место на 28.05.2012 год. Од увид во потврда од општина Велес за поднесено барање за легализација бр…. од…година се утврди дека тужителката барала да се легализира бесправно изградениот објект – мансарда погоре опишан, но оваа постапка се уште била во тек. Од погоре уврдените факти и околности, при неспорен факт дека недвижниот имот - сутерен и приземје е легален и се води на ИЛ.бр…за КО В.на име на тужителката, истата има право да го заштитува својот имот и да бара поврат на владението а имотот кој е дива градба - мансарда е евидентиран на нејзино име на Имотен лист …за КО В. па и во поглед на тој имот има право на соодветна судска заштита до легализација, за што има поднесено барање, или до рушење, а на овој недвижниот имот фактичката власт има тужениот така што го користи заедно со своето семејство, произлегува дека во конкретниот случај исполнети се условите во погоре цитираните законски одредби па следуваше да се усвои тужбеното барање на тужителката во целост и да се одлучи како во изреката на пресудата така што се задолжи тужениот да го испразни и да и го предаде во владение. При одлучувањето како во изреката судот ги имаше во предвид наводите на тужениот дадени во неговиот исказ дека за недвижниот имот кој го владее и дал на тужителката 11.000 ДМ, дека потоа во истиот вложил значителни парични средства со цел да го оспособи за живеење, а до склучување на договор за купопродажба не дошло затоа што постоела разлика во површината наведена во преддоговорот и во Имотниот лист и дека за недвижниот имот кој е дива градба нема право да бара враќање бидејќи не е нејзина сопственост, но не придонесоа за донесување на поинаква одлука. Така од ниту еден доказ не произлегува дека тужениот водел и докажал дека има право на сопственост иако имаат спор кој трае подолги години односно по склучувањето на преддоговорот заверен на нотар С. А. од В. под УЗП.бр…. од … год. туку од негова страна против тужителката била водена постапка за негово парично побарување за извршените вложувања во овој недвижен имот под П.бр…. во кој била донесена пресуда од 16.12.2008 год. и за која повел постапка за извршување и по налог на извршителот извршена е прибелешка на тоа парично побарување во ИЛ бр… за КО В. но која пресуда била укината по предлог за повторување на постапката и сега постапката била во тек, но по наоѓање на судот истата е без значење за овој спор, затоа што видно од ИЛ бр….за КО В. недвижниот имот предмет на тужбеното барање се води на име на тужителката па како сопственик има право да го води спорот а за недвижниот имот кој е дива градба има право на судска заштита согласно чл.121 ст.1 од ЗСДСП. Исто така судот ги имаше во предвид наводите на тужениот дека во мансардата живеел неговиот син Д. со своето семејство кој моментално бил на работа во С., а тој немал клуч, но не ги прифати затоа што се дадени за да го избегне испразнувањето и предавањето во владение на тужителката. Освен тоа спорот за куќата бил помеѓу него и тужителката па доколку и му дозволил на неговиот син во истата да живее, тоа не е причина за да се утврди дека тужбеното барање е неосновано. Судот го одби како неоснован приговорот на тужениот дека се работи за пресудена работа бидејќи за истото тужбено барање кое се однесува на недвижниот имот на ИЛ бр….за КО В. тужителката водела спор во кој е донесена пресуда П.бр….од …год., затоа што смета дека не се исполнети условите предвидени во чл. 322 од ЗПП. Така судот утврди дека тужениот по спроведување на присилното извршување на оваа пресуда, ја променил бравата и повторно се вселил и го владее спорниот недвижен имот така што и понатаму во истиот живее и има свои ствари а тужителката не поседува клуч и откако се вратила од Германија неможе да го владее како сопственик, па има право да бара да го испразни и да и го предаде во владение. Одлуката за трошоците е донесена согласно со чл.148 од ЗПП, а имено како тужителката успеа во спорот, па тужениот должен е да и ги надомести потребните трошоци за водење на спорот согласно чл. 149 став 1 од ЗПП во износ од 18.613,00 денари кои се однесуваат за: состав на тужба сума од 2.600,00 денари, за застапување на 3 рочишта по 3.120,00 денари севкупно сума од 9.360,00 денари, за состав на полномошно сума од 1.300,00 денари, за увид на лице место сума од 800,00 ден. за такса за тужба сума од 1.200,00 ден. и такса за одлука сума од 1.200,00 ден. со зголемување од 18% ДДВ на сумата за состав на тужба и за застапување на три рочишта за сума од 2.152,00 денари. Судот не го прифати барањето на тужителката на име трошоци во спорот да и се надомести уште сума од 9.880,00 денари кои се однесуваат за: награда за состав на 2 поднесоци секој по 1.300,00 денари бидејќи не се по задолжение на судот, според вредноста на спорот по АТ наградата за состав на тужба изнесува 2.600,00 ден. а не 3.900,00 ден. и наградата за застапување изнесува 3.120,00 ден. а не 4.680,00 ден. и за состав на трошковник сума од 1.300,00 денари награда не следува бидејќи трошоците можеле да бидат истакнати на рочиштето кога не би биле предизвикани па не се нужни трошоци за водење на постапката и тужениот не е должен да ги надоместува. Претседател на совет С у д и ј а Виолета Мојсова ПРАВНА ПОУКА: Против оваа пресуда недоволната странка има право на жалба во рок од 15 дена по приемот преку овој суд до Апелациониот суд во Скопје Назад
fineweb-2
Град Брдо кај Крањ |Тврдина Брдо Brdo pri Kranju Egg |Општи податоци| |Град||Општина Крањ| |Земја||Словенија| Зградата била изградена во 1510 година од страна на крањскиот гроф Георг, кој во тоа време бил генерален администратор на Хабсбуршкиот приватен имот во Војводство Крањ. Првично била изградена во ренесансен стил, но повеќе пати бил реновиран. Во 18 век, објектот бил купен од страна на Микеланџело Зоис, татко на просветителскиот крањски уметник и природен научник Жига Зоис. Во 19 век, нејзината внатрешност била целосно реновирана. Во првите децении на 20 век била купена од страна на кнезот Павле Караѓорѓевиќ во 1935 година. Во негово време, палатата се трансформирала во летна резиденција на тогашните власти. Помеѓу 1935 и 1941 година, неколку истакнати поединци престојувале како гости во Брдо, вклучувајќи го британскиот крал Едвард VIII. Кога Југославија станала комунистичка држава во 1945 година, зградата била конфискувана од династија Караѓорѓевиќ и станала летна резиденција на југословенскиот лидер Јосип Броз Тито. По смртта на Тито во 1980 година, имотот бил префрлен во Социјалистичка Република Словенија и подоцна истиот бил наследен од страна на Владата на независната Република Словенија. Во својата традиционална улога на домаќин на национални и меѓународни конференции, во 1990 година, овде било местото на одржување на конференцијата меѓу лидерите на шест југословенски републики во еден неуспешен обид да го спречи распаѓањето на федерација. На 16 јуни 2001 година палатата била домаќин на самитот меѓу САД и Русија, одсносно нејзините претседатели Џорџ Буш и Владимир Путин. Во првата половина на 2008 година, кога Словенија била претседавач со ЕУ, во оваа палата исто така се одржал самит.
fineweb-2
Европска комисија |Status||Европска институција| |улога||Извршно тело| |основано||1958| |College| |Current college||Комисија на Баросо| |Претседател||Хозе Мануел Баросо| |Заменик-претседател||Кетрин Аштон| |Заменик-претседател||Вивиан Ридинг Јоакин Алмунија Сим Калас Нели Кроес Антонио Тахани Марош Шефковиќ |Вкупен број||28| |Администрација| |Јазици||англиски француски германија |Персонал||25,019| |Место||Брисел, Белгија Луксембург |Европска Унија| Дел од серијалот: Европската комисија има 28 члена - по еден од сите земји-членки на Европската Унија. Сега, мандатот на комисијата е пет години, исто како и мандатот на Европскиот парламент. Пред да го именуваат претседателот на комисијата, земјите-членки го консултираат парламентот, а парламентот ја одобрува целата комисија, пред истата да биде формално именувана. При извршувањето на должностите, членовите на комисијата се обврзани да бидат целосно независни од своите национални влади и да дејствуваат само во интерес на Унијата. Само парламентот има право на укор на комисијата. Секој член на комисијата има конкретна одговорност за една или за повеќе области, меѓутоа одлуките се донесуваат врз основа на колективна одговорност. Комисијата е, пред сè, чувар на договорите. Комисијата е непристрасен орган, кој се грижи за правилната примена на одредбите од договорите и на одлуките засновани на договорите. Комисијата може да иницира судска постапка против која било земја-членка и доколку е неопходно, да го упати случајот до Судот на правдата. Исто така, таа може да казни поединци или претпријатија, кога тие ги прекршуваат правилата на конкуренција на Унијата. Комисијата е и катализатор на Унијата. Таа го има единственото право да иницира законодавство и може да влијае на секоја фаза од процесот што води во насока на донесување нов "Европски закон". Во областа на меѓувладината соработка, во однос на изнесувањето на предлозите, комисијата ги има истите права како и одделни земји или членки. И, конечно, комисијата е извршниот орган на Унијата. Тоа подразбира утврдување на правилата за спроведување на одредени членови од Договорот и за реализирање на одобрените буџетски средства наменети за активностите на Унијата. Најголем дел од средствата се обезбедуваат од главните фондови: Европскиот земјоделски фонд за насоки и гаранции, Европскиот социјален фонд, Европскиот фонд за регионален развој и Кохезиониот фонд. При реализацијата на своите извршни должности, комисијата често треба да бара мислење од комитетите на високи претставници од земјите-членки. Административниот персонал на комисијата е главно лоциран во Брисел (каде што се наоѓа седиштето на комисијата), а помал дел во Луксембург. Го сочинуваат приближно 15.000 службеници поделени во различни директорати - општи и сервисни служби. Износот на оперативните трошоци на Комисијата и на другите институции не надминува 5% од вкупниот буџет на Унијата. Содржина Историја[уреди | уреди извор] Европската комисија потекнува од една од петте клучни институции создадени во наднационалниот систем на Европската Заедница, по предлог на Роберт Шуман, француски министер за надворешни работи, на 9 мај 1950 година. Со потекло од 1951 година како Висок орган за Европската заедница за јаглен и челик, Комисијата била подложена на бројни измени во власта и составот под различни претседатели, вклучувајќи 3 заедници. Основање на комисијата[уреди | уреди извор] Првата комисија потекнува од 1951 година како 9-ти член на Високиот орган под надлежност на претседателот Жан Моне (види власт на Моне). Високиот орган бил наднационален административен извршен орган на новата Европска заедница за јаглен и челик (ЕЗЈИ), и за прв пат дојде на функција на 10 август 1952 година во Луксембург. Во 1958 година Договорот од Рим основал две нови заедници според ЕЗЈИ : Европска економска заедница (ЕЗ) и Европската заедница за атомска енергија (евроатом). Меѓутоа нивните извршни тела биле наречени комесари, а не Високи органи. Причината за промената на името била новата врска помѓу извршните органи и Советот. Некои држави како Франција изразија резервираност во текот на власта на високиот орган и посакаа да го ограничат давањето поголема моќ на Советот, одколку на нивните извршни органи. Луј Арман ја водел првата комисија за Евроатом. Валтер Хал Штајн ја водел првата комисија за Европска економска заедница, која го одржа првиот формален состанок на 16-ти Јануари 1958 годона во Замокот на долината на Војвотката. Комисијата ја постигнала согласноста за спорниот договор за цената на житарките и оставила позитивен впечаток на третата земја кога за првпат се појавила на меѓународната сцена на Рундата на Кенеди на преговорите на општиот договор за цена и трговија (ОДЦТ). Халштајн започнал засилување за Европското право и почнал да има значајно влијание врз националното законодавство. На почетокот не се обрнувало многу внимание на неговата администрација, но со помош на Европскиот суд за правда, Комисијата го зацврстила својот авторитет доволно цврсто за да би можела следната Комисија да биде сфатена посериозно. Меѓутоа, во 1965година натрупувањето на разликите меѓу француската влада на Шарл де Гол и другите земји-членки (околу влезот на Обединетото Кралство, непосредните избори на Европскиот парламент, планот на Фуше и буџетот),ја предизвика кризата ͈празен стол", наводно преку предлог за заедничката земјотелска политика. Институционалната криза била решена наредната година, тоа го чинело Етјен Хирш неговото претседателство во Евроатомот, а подоцна и претседателството на Валтер Халштајн во ЕЕЗ, иако бил сметан како најдинамичен лидер до Жак Делор. Почетоците на развојот[уреди | уреди извор] Трите тела, колективни именувани Европски извршители постоеле од први јули 1967 година каде со Договорот за спојување биле споени во единствена администрација за време на претседателот Жан Реј. Поради спојувањето Комисијата на Реј, привремено се зголемила на 14 членки, иако сите идни Комисии се намалиле на 9 членки следејќи ја формулата по еден член за помалите држави и 2 за поголемите. Комисијата на Реј ја довршил Заедницата за царинска унија во 1968 година и се залагал за помоќен избран Европски парламент. Иако Реј бил првиот претседател на споената заедница, Халштајн се смета за прв претседател на модерната комисија. Следела комисијата Малфати и Мансхолт, кој равотеле на монетарната соработка и на првото проширување на север во 1973 година. Со ова проширување, комисијата на Ортоли пораснала на 13 членови (Обедениетото Кралство како најголема земја доби два комесари), која се занимавала со зголемување на заедницата за време на економската и меѓународна нестабилност во тоа време. Меѓународното претставување започна кога претседателот Рој Џенкинс како прв претседеател присуствувал на самитот Г8 во име на Заедницата. По Комисијата на Џенкинс, Комисијата на Гастон Торн го надгледувала проширувањето на југ, во прилог започна рабтата на Единствениот Европски акт. Жак Делор[уреди | уреди извор] Една од најистакнатите комисии била онаа која била предводена од Жак Делор. Потоа претседателите не успеале да го достигнат истото ниво на лична претпознатливост. Делор бил виден како водич кој и дал на Комисијата смисол за смер и динамичност. Делор и неговиот тим се сметаат како татковци на основањето на еврото. Меѓународниот трибун Хералд на крајот на вториот мандат на Делор во 1992 година запиша: ͈Господинот Делор ја извади Европската заедница од мртвите. Пристигна кога европесимизмот беше најлош. Иако беше малку познат како поранешен француски министер за финасии воведе живот и надеж во европската заедница и во потиштената бриселска комисија. Во неговиот прв мандат од [PHONE] година ја собра Европа на Единствениот пазар и кога беше назначен за втор мандат започна да ги повикува Европејците кон далеку поамбициозните цели на економската, монетарната и политичка унија. Жак Сантер[уреди | уреди извор] Наследник на Делор бил Жак Сантер. Комплетната Комисија на Сантер била принудена од страна на Европскиот Парламент во 1999г., како резултат на измама и корупција со централна улога на Едит Кресон. Тие измами биле откриени од страна на внатрешниот ревизор Пол ван Бутинен. За прв пат комисијата била натерана колективно да даде оставка и претставува промена на власта врз парламентот. Сепак, комисијата на Сантер ја извршила работата за Договорот од Амстердам и за еврото. Како одговор на скандалот била создадена Европската канцеларија за спречување на измама. Роман Проди[уреди | уреди извор] По Сантер, Функцијата ја презел Романо Проди. Договорот од Амстердам ја зголеми моќта на комисијата, и од страна на печатот Проди бил наречен како нешто слично на премиер. Силите повторно се зајакнале со Договорот од Ница од 2010 г., кој на претседателот му дал поголемо овластување над составот на нивната комисија. Хосе Мануел Баросо[уреди | уреди извор] Во 2004 година Хосе Мануел Баросо станал претседател. Парламентот повторно се потврдил во преговори за предложеното членство на Комисијата на Баросо. Поради тоа, Баросо бил принуден да направи измена во составот пред да ја земе должноста. Комисијата на Баросо била првиот полн состав во проширувањето на 25 членови во 2004 година. На крајот бројот на комисери се зголемил на 30. Како резултат на зголемувањето на бројот на земјите, со Договорот од Амстердам се намалил бројот на комисери на еден по земја, наместо по 2 за поголемите земји. Наводите за измама и корупција биле повторно собрани во 2004 година од страна на поранешниот главен ревизор Жил Муи. Офицерот на комисијата Гвидо Страк објавил наводна измама и злоупотреба во неговиот оддел во 2002-2004 година за ОЛАФ и бил отпуштен. Рол Ван Вутенен (поранешен ревизор познат од сканадлот од комисијата на Санадер) наводно со Европската канцеларија за спречување на измама (ОЛАФ) со недостаток од независност и ефикасност. Мандатот на првата Комисија на Баросо истекол на 31-ви Октомври 2009 година. Според Договорот од Ница првата комисија требала да биде назначена по бројот на земјите-членки кој го достигнал бројот 27, а треба да се намали, помалку од бројката на земјите членки. Точниот број на комесарите се одлучувал со едноставно гласање на Европскиот совет и членството се ротирало под еднакво помеѓу земјите. По приемот на Романија и Бугарија во Јануари 2007 година, стапи на сила за наредната комисија. Со Договорот од Лисабон кој стапи на сила од 2003 година мандитирал со намалување на бројот на комесари на дветретини од земјите членки од 2014 година, освен ако Советот не одлучи поинаку. Членството би требало да ротира еднакво и ниедна членка да нема повеќе од еден комесар. Сепак, договорт бил одбиен од гласачите на Ирска во 2008 година со една главна грижа губење на нивниот комесар. Оттука, била дадена гаранција за повторување на гласањето дека Советот ке ја користи својата моќ за измена на бројот на комесарите. Сепак, според договорите се уште бројот требал да биде помал од вкупниот број на членови, со што било предложено дека земјата-членка што добива комесар ке ја функционира Висок претставник - таканаречен 26+1 формула. Оваа гаранција (кога може да го најде својот следен пат во следната измена на договорот веројатно во Договорот за пристапување) придонесе за Ирска одобрување на договот на вториот референдум во 2009 година. Исто така, Лисабон ги комбинира мислењата на Европскиот комесар со Високиот претставник на Советот за заедничка надворешна и безбедносна политика. Исто така, и заменик претседателот на Комисијата ќе претседава со советот на Европската Унија на состаноците за надворешни работи како Комисија за надворешни односи и обврски. Договорот дополнително предвидува дека најблиските Европски избори треба да бидат земени во предвид при именувањето на Комисијата, иако претседателот се уште е предложен од страна на Европскиот совет ; Европскиот парламент ке ја избира Комисијата, наместо да одобри како по Договорот од Ница. Овластување и функции[уреди | уреди извор] Уште од почетокот Комисијата била основана да функционира како независен наднационален орган одвоен од владата, и е опишан како единствено платено тело да размислува европски. Членовите се предложени од владите на земјите-членки од секоја по една, од нив се очекува да делуваат незвисно –неутрално под други влијанија како на пример владата која ги поставила. Ова стои во контраст со Советот која ја претставува владата, европскиот парламент, кој ги претставува граѓаните, економски-социалниот комитет, кој го претставува организираното граѓанско општество. Преку членот 17 од Договорот на Европската Унија, Комисијата има неколку одговорности: развивање на среднорочните стратегии, нацрт закони и арбитража во законодавниот процес претставување на ЕУ во трговски преговори, правење правила и преговори на пример во политиката на конкуренцијата, подготвување на буџетот на европската унија и набљудување на спроведувањето договори и законодавство. Извршна власт[уреди | уреди извор] Пред да стапи на сила со Договорот од Лисабон, извршната власт во ЕУ припаѓа на Советот и ѝ доделува на комисијата овластувања која таа притоа ги извршува. Меѓутоа, Советот може да ги повлече овие овластувања, извршувајќи ги непосредно, или да ги наметне условите за нивните потреби. Моќта е повеќе ограничена од повеќето национални власти, во делот поради кој што комисијата нема овластување во областа на надворешната политика-ова овластување припага на Европскиот совет, кој сто некој анализи го класифицираат како втор извршен огран на ЕУ. Со оглед на тоа што со Договорот од Лисабон Европскиот совет станал формална установа со овластувања да ја постапува комисијата, може да се каже дека тие две тела поседуваат извршни моќи на Унијата (Европскиот совет исто така поседува поединечни национални овластувања). Меѓутоа, комисијата е таа која моментално ја поседува извршната власт на Европската Унија. Овластувањето на комисијата се налик на владите од типот на некогашниот белгиски премиер Гиј Верховстад кој предложил измена на нејзиното име во Европска влада, нарекувајќи го сегашното име на Унијата смешно. Законодаван иницијатива[уреди | уреди извор] Комисијата се разликува од другите институции во тоа што само таа ја поседува законодавната иницијатива во Европската унија, што значи дека единствено комисијата може да поднесе формални предлози на законодавните акти нацрт-законот не може формално да доаѓаат од законодавната гранка. Со Договорот од Лисабон ниеден законодавен акт не е дозволен во полето на заедничка и надворешна безбедносна политика. Комисијата го дели ова право со советот, но таа нема овластувања на полициската и судската соработка во врска со кривичните работи. Во самата комисија, Советот и Парламентот може да побараат законодавни акти во најголем број на случаеви, комисијата иницира на основа на овие предлози, овој монопол е установен со идејата да се обезбеди координативно и складно обликување на правниот систем на ЕУ. Овој монопол е предизвинкан од некој кој тврдат дека Собранието исто така треба да има право, повеќето национални парламенти кое го имаат правото во некои погледи. Меѓутоа, Советот и Парламентот можеле да побараат од комисијата да направат нацрт-закон, иако комисијата има рпаво да одбие да го стори тоа како што се случи во 2008 година во интернационалната колективна конвенција. Според Договорот од Лисабон граѓаните на ЕУ имаат право да побараат од комисијата да донесуваат закони на една област преку петиција која изнесува 1.000.000 потписи, но тоа не е обврзувачки. Овластувањето на комисијата да предлага закони обично биле средочени на економската регулатива. Предложила голем број прописи засновани на претпазливиот принцип. Ова значи дека превентивната регулација презема иницијатива доколку, постои опасност на околината или човековото здравје: во борба против климатските промени или ограничувањата на генетските измени на организмите. Ова е спортивно на одмерувањето на регулативата во однос на нејзините последици во економијата. На овој начин комисијата произвела построга регулатива во однос на другите. Големината на европскиот пазар допридонесе за законодавствата на ЕУ на светскиот пазар. Во скоро време омисијата започнала создавање на Европското кривично право. Во 2006 година токсичен отпад е исфрлен на Брегот на Слоновата Коска од европски брод, тоа ја наведе комисијата да се посвети на законите против токсичниот отпад. Во тоа време некои држави од ЕУ не ни имале транспорт на токсичен отпад во своето кривично право, тоа ги навело комесарите Франко Фратини и Ставрос Димас да ја предложат идејата за еколошките злосторства. Нивното право да предлагаат кривични закони било оспорувано на Европскиот суд на правдата, но судот ова право го поддржа. До 2007 година единствени други кривични предлози кои биле предложени во областа на кривичното право биле Директивата во врска со правата на интелектуалната сопственост и измена на рамковната одлука за борба против тероризмот во 2002 година, која забранила какви било дела поврзани со тероризмот, регрутација (посебно преку интернет) и обука. Спроведување[уреди | уреди извор] Кога пописот е одобрен од советот и парламентот, комисијата има одговорност да го обезбеди неговото спроведување. Ова се прави преку земјите-членки или преку агенциите. Придонесувањето на неопходните мерки, комисијата и од комитетите составени од претставниците на земјите-членки и јавното и правното лоби, (процес кој е познат во жаргонот ͈Комитологија"). Понатаму, комисијата е одговорна за спорведување на буџетот на ЕУ ; обезбедување, заедно со европскиот ревизиски суд, дека фондовите на ЕУ се правилно потрошени. Особено, комисијата има обврски да ги обезбеди договорите и правните пописи кој потенцијално се преземени од земјите-членки или од други институции пред спорот на Европскиот суд. Во оваа улога комсијата е позната како чувар на договори. Конечно комисијата обезбедува претставување на комисијата во надворешното претставување заедно со земјите-членки на заедничката надворешна и безбедносна политика, кои ја претставуваат Унијата во тела како што е светската трговска организација. Исто така, вообичаено е претседателот на комисијата да присуствува на Г8 состаноците. Состав[уреди | уреди извор] Комисијата составена од комесари, вкупно 27 члена, вклучувајќи ги претседателот и потпретседателот. Иако, секој член е именуван од нациналната влада по една на држава, не ја претставуваат својата држава во комисијата (но, понекогаш во пракса има влијание за нациноалниот интерес). Одкога се предложени комесарите претседателот ги расподелува портфолијата меѓу нив. Моќта на комесарот во голема мера зависи од неговото портфолио и може да варира со тек на времето. На пример, комесарот за образование расте во важност со согласност со порастот на значењето на образованието и културата во европската политика. Друг пример е комесарот за конкуренција кој има високо видлива позиција на светски дофат. Пред да ја преземе Комисијата обврската, составот како целина мора да биде одобрен од страна на Парламентот. Комесарите се подржани од својот личен кабинет кој ги дава политичките насоки, додека граѓанската служба (генерална дирекција види подоле) се занимава со техничката поддршка. Именувањe[уреди | уреди извор] Претседателот на комисијата прво е предложен од страна на Европскиот совет земајќи ги предвид последните парламентарни избори, кандидатот тогаш може да биде избран од страна на Европскиот парламент или не. Ако не, Европскиот совет предлага друг кандидат во рок од еден месец. Кандидатот бил водечки национален политичар но, тоа не е услов. Во 2009 година, Договорот од Лисабон не бил на сила и Баросо не бил избран од Собранието, туку номиниран од Европскиот совет, во секој случај, десно ориентаните партии на ЕУ вршеле притисок за кандидат од својте редови. На крајот десно ориентираниот кандидат бил избран: Хосе Мануел Баросо од Европската народна паритја. Постојат и други критериуми кои влијаат на изборот на кандидат. Меѓу нив се: Географската област на Европа од која доаѓа кандидатот (фаворизирана како југоисточна Европа во 2004 година), политичкото влијание на кандидатот, (кредибилни но не да бидат надмоќни над членовите), јазик (Франција смета дека францускиот јазик е неопходен услов) и степен на интеграција (нивната земја треба да биде член на Еврозоната и на Шенгенскиот договор). Во 2004 година системот произвел голем број на кандидати и бил критикуван од страна на некои членови на парламентот. По изборот кој се продолжи, лидерот на групата Алијанса на либералните и демократите за Европа, Грехам Водсон, ја опишал процедурата како ͈стаза на теписи во Јустус Липсиус", кој произведол само најмал заеднички именител, додека лидерот на групата Европски зелени-европски слободен сојуз (Green –EFA) Даниел Кон Бендит го прашал Баросо по неговиот прв говор "Ако вие сте најдобриот зошто не сте првиот кандидат?" По претседателските избори и именувањето на високиот претставени од страна на Европскиот совет, секој комесар е номиниран од нивната земја-членка (освен за оние држави кои си обезбедиа претседател и висок претставник) во консултација со претседателот на Комисијата, иако има мала практична моќ да присили промена на кандидатот. Меѓутоа, колку е поспособен кандидатот, толку е поголема веројатноста претседателот да им даде помоќно портфолио, распределба која е целосно во негова дискреција. Тогаш тимот на претседателот е предмет на расправа. Во Европскиот парламен кој ке ги испитува нив и потоа гласање за нивната соодветност за нивната целина. Ако членовите на комисијата се несоодветни, претседателот мора да го прегрупира тимот или да побара нов кандидат од земјата членка или да ризикува Комисијата да гласа против. Бидејќи парламентот неможе да гласа против поединечните комесари постои компромис при што најлошите комесари се отстранети, но малите забелешки се ставаат на страна така што Комисијата може да ја преземе функцијата. Одкога тимот е одобрен од парламентот формално е составен во функција Европскиот Совет (Договор од ЕУ член 17.07). По назначувањето, претседателот бира неколку потпретседатели (високиот претставник е обврзан да биде еден од нив) од редот на комесарите. За најголем дел позицијата им дава малку поголема моќ на потпретседателите, освен првиот заменик кој стои како претседател кога претседателот е отсутен. Од 2009 година првиот заменик-претседател се има стекнато со дополнителна моќ кој исто така е Висок претставник. Политички стилови[уреди | уреди извор] Сегашната комисија на Баросо ја презела одговорнаста кон крајот на 2004 година, откако била одложена поради противење на собранието кое принудило прегрупирање. Во 2007 година Комисијата се зголемила од 25-27 комесари, по пристапување на Романија и Бугарија во Унијата со која секој си назначил свој комесари. Со зголемувањето на Комисијата, Баросо го променил стилот на однесување на составот кој наликувал на претседателски кој заработил извесна доза критики. Сепак, Баросо бил повеќе претседателски и личност на висок профил на неговите предходници. Комисијата почнала да го губи дното на големите земји-членки како што се Франција, Обединетото Кралство и Германија кои се обидуваат да ја заобиколат нивната улога. Ова може да го зголеми создавањето на претседателот на Европскиот совет во рамките на Договорот од Лисабон. Исто така, дошло и до повисок степен на политизација во рамките на комисијата. Организација[уреди | уреди извор] Првенствено комисијата е со седиште во Брисел, со канцеларија на претседателот и сала за состаноци на комиисијата сместена на 13 спрат во зградата Берлејмон. Комисијата, исто така, функционира со многу други бројни објекти во Брисел и Луксембург, кога собранието ќе се состане во Стразбур комесарите се состануваат во зградата Винстон Черчил за да присуствуваат на дебати во собранието. Комисијата е поделена на оддели познати како генерални директори (ГД) што ги поврзува одделенијата и министерствата. Секој оддел покрива одредена област како што се земјоделството или правдата и правата на граѓаните или внатрешните служби како што се човековите ресурси и преводи и е предводен од генералниот директор кој е одговорен за комесар. Портфолиото на комесарот може да биде поддржан од голем број на ГД, тие подготвуваат предлози за нив иако се одобрени од страна на мнозинството на комесари, оди до парламентот и советот за разгледување. Имало критики од голем број на луѓе дека високо фрагментираната структура на ГД го троши скапоцентото време во борба со преговори како што се различни оддели и комесари кои се натпреваруваат меѓу нив. Понатаму, ГД можат да остварат значителна контрола над комесар кој има малку време да научи да воспоставува контрола врз својте вработени. Според бројките објавени од страна на Комисијата, 23.043 лица биле вработени од страна на Комисијата како службеници и привремени агенции во април 2007 година. Во прилог на овие 9019 надворешни вработени (на пример договорени агенти,одвоени нациноални експерти,млади експерти обучувачи итн.) Најголемиот ГД е генерален директор за преводи со 2186 вработени додека најголема група е Белгески (21,4%), веројатно се должи на мнозинството (16.626) на вработени кои се наогаат во земјата. Државната служба на Комисијата е управувана од Генералниот секретар, во моментов Кетрин Деј. Печат[уреди | уреди извор] Комуникацијата со медиумите е поставена од страна на ГД за комуникација. Главниот портпарол на комисијата е Јоханес Летернберг кој ги презема пладневните брифинзи со новинарите, најчесто познати како пладневен печат. Се одвиваат секој работен ден во салата за новинари во Берлејмон каде што новинарите може да поставуваат прашања на официјалните лица на Комсиијата на која било тема и легално се очекува да се на снимање одговор на ТВ во живо. Ваквата ситуација во светот е единствена. Забележано е од страна на еден истражувач дека печатот издаден од Комисијата е уникатно политички. Пораката често поминува во неколку фази на изработка која ја нагласува улогата на Комисијата и се користи за оправдување на ЕУ и Комисијата за зголемување на нивната должина и комплексност. Каде што има повеке сектори кои се вклучени во печатот исто така може да биде извор на конкуренција меѓу Комисијата и самите комесари. Исто така, ова води до невообичаен голем број на печатот, 1907 за 2006 година и е исто така виден како уникатен призвод на политичката поставеност на ЕУ. Има поголем број на новинари во Брисел отколку во Вашингтон, во 2007 година има дописник од Брисел. Сепак, поради светската криза бројот на новинари во Брисел се намалил за 3 пати. Постои само еден новинар кој ги покрива вестите за ЕУ за Латвија и ниеден за Литванија. Иако, имаше светско намалување на новинарите, печатот и работењето како што се Европа преку сателит (Europe by Satelite) и Еурпал ТВ (Europal TV) води нови новинарски организација да веруваат дека можат да ја покријат ЕУ со овие извори и новинарски агенции. Легитимитет[уреди | уреди извор] Постои мислење дека методот на избори на комисијата го зголемил демократскиот дефицит на ЕУ. Комисијата е изршна власт, кандидатите се избрани од 27 национални влади, што значи дека не е возможно за членовите на Комисијата или нивниот претседател да бидат остранети од гласачката кутија. Во главно, легитимитетот на Комисијата се основа на неопходниот број на галсови во Европскиот парламент, со можност Парламентот да ја отстрани Комисијата. Меѓутоа, излезеноста за изборите била мала (помала од 50%) од 1999 г. па наваму. Можеби оваа бројка е поголема од некои национални избори, вклучувајќи ги и оние за конгресот на САД, но фактот дека нема непосредни избори за претседател на Комисијата ја намалува легитимноста на оваа положба во очите на јавноста. Друг проблем е недостигот на единственото бирачко тело, кое дури и демократската структура и методите кои се развиваат не се огледало на креирање на европското граѓанско општество. Договорот од Лисабон би можел да реши дел од дефицитот во основањето на поголема демократска контрола врз Комисијата, вклучувајќи воспоставување на постапката со која изборот на претседателот на Комисијата би се поврзал со избрите на Европскиот парламент. Друг поглед на Комисијата тврди дека во областите во која таа има овластување да иницира закони не се затвара за институцијата која одговара на изборните притисоци. Во овој поглед Комисијата е споредена со институции како што е независната Централна банка, која се занимава со техничките области на политиката. Во дополнение, некои бранители на Комисијата појаснуваат дека прописите мора да бидат одобрени од советот во сите области (министрите од земјите-членки) како и Европскиот парламент во некои области пред да бидат усвоени, се ограничуваат прописи кој се усвоени во некои земји без согласност на нивните влади. Во 2009 година европскиот правобранител објави статистика со жалби за граѓани против институциите на ЕУ, повеќето од нив (жалбите) биле пополнети против европската комсиија (66%) и недостаток на транспарентност. Во 2010 година Комисијата била тужена за блокирање на пристапот на документите на биофуелната политика на ЕУ. Ова се случи откако во медиумите потврдија изјава дека Комисијата блокирала научен доказ против биофуелните субвенции. Недостатокот на транспарентност, нејасни лобистички врски, конфликт на интереси и неумерно трошење на комсиијата било означено во број на извештаи од страна на надворешни и независни верифицирани организации. Наводи[уреди | уреди извор]
fineweb-2
Лефкада припаѓа на групата Јонски острови, северно се наоѓа островот Крф а јужно Кефалонија и Итака.Нидри е живописно местокој се наоѓа на југоисток од островот, сместен долж убава плажа опкружена со бујна вегетација. Има една голема улица преполна со кафе барови, ресторани и продавници. ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА ЗА НАЕМ НА СТУДИО/АПАРТМАН БЕЗ ПРЕВОЗ ДОПЛАТИ: НАПОМЕНА: Во студијата и апартманите се влегува првиот ден по 14.00 часот а се напуштаат последниот ден до 10.00 часот а постелнина се менува на половина смена. Додатните односно помошните кревети во Грција се секогаш на расклопување и со помала димензија од стандардните. Вилата има големи и просторни студија и апартмани, идеална за семејство со деца. Одалечена е 80 метри од плажата и се наоѓа во мирниот дел од центарот на Нидри. Поседува студија и апартмани. Студијата се опремени со два или три кревети, кујнски дел, купатило ТВ, тераса и клима која се доплаќа. Апартманите една спална соба со три кревети а четвртиот кревет е во склоп на трепезарискиот дел каде е и кујната. Еден од апартмание е со една спална соба со два кревети и друга просторија со кревети на спрат. Апартманите се опремени со купатило, тераса, ТВ, и клима која се доплаќа. Постелнината се менува на 5 дена. Гостите сами ја одржуваат хигиената. Сместена во мирен дел од градот, со преубав двор и базен. Идеална за одмор, на одалеченос од 400 метри од плажа. На околу 300 метри има бројни ресторани и супермаркети. Вилата поседува двокреветни, трокреветни и четворокреветни студија и четворокреветни дуплекс апартмани. Во четворокреветните студија, четвртото легло е фотеља на расклопување. Сите студија и апартмани имаат опремена кујна, купатило, ТВ и клима со доплата. Постелнината се менува на 5 дена. Гостите сами ја одржуваат хигиената.
fineweb-2
Никола Петров, Скопје, 1998 Наместо предговор Во текот на 1878 г. Бугарија беше разделена на 5 дела, откинати еден от друг. Берлинскиот конгрес не се интересираше за етничката страна на прашањето. Никој не ја поставуваше под сомнение обстановката, дека разделува една територија населена со еднородно население." Тие ја отделија Македонија – пишува познатиот руски историчар Милјуков – од останатиот дел на Бугарија не зашто не ја сметаа за Бугарска, туку зашто го сметаа за опасно обединувањето на целото Бугарско племе." Обединувањето Во текот на април 1941 г. Германија ја распадна Југославија. Бугарското население во Македонија и Западните покараини со неопишлива радост го дочека крајот на 28-годишното српско угнетување. Во градовите и селата се формираа местни Бугарски акционни комитети како масовна патриотска општонародна организација. Облечена со довербата на населението, таа се залага за востановување на разрушениот од војната општествен ред, со земање на властта од српската администрација. Бугарскиот централен акционен комитет во Скопје испраќа ополномоштени лица во Софија да барат побрзо обединување со слободната Бугарска држава. «Обединувањето – сведочи секретарот на БЦАК во Скопје Васил Хаџикимов од Штип – беше објавено и и осуштествено пред дојдат бугарските војски и бугарската државна администрација без да знае тогашната влада во Бугарија, председавана од Филов. Во Скопје каде што беше седиштето на тој централен комитет, како и во другите градови и села каде што имаше организирано негови органоци, германските команди ги правеа сите напори против нивното создавање. Сакаа докази за бугарскиот карактер на местното население, и тоа со изразено мнозинство во однос со другите националности, за да би ги признале. И такви, што се однесува до Вардарскоиот крај, ги добија насекаде со акции : со закачување на Бугарските знамиња по куќите, со протерување на српските службеници од општините и другите државни органи и нивната замена со наши местни Бугари....»(1). Скопскиот акционен комитет решава да го издава во Скопје весникот «Македонија». Во неговиот прв број се поставува декларацијата на комитетот, во кои што меѓу другото се зборува: «Бугари! Македонија е слободна! Слободна е Македонија за вечни времиња! Дојде крајот на ропството под кое Македонија се наоѓаше само до пред неколку денови. Вековното македонско ропство – грчко, турско и српско, духовно и политичко, а во XX век економско и социјално, исчезна за секогаж. Еден голем идеал – слободата за која Македонија водеше вековна борба со безпримерен стоицизам и безбројни самопожртвувања е веќе минато....Македонија е сега слободна општобугарска целост» (2). Слободна Македонија е залеана од национална еуфорија. Луѓето се поздравуваат помеѓу себе си со «Христос воскресе» и «Македонија воскресе». Насекаде се подготува спонатано пречекување на бугарските војски и администрација. Еве дел од расказот на еден прилепчанец, поместен во бр. 2 на «Македонија» : «По улиците се движат безброј камиони, тенкови, брмчат машините. Преполни со војски тие преминуваат низ градот и одат надоле према Битола. На сите улици седат прилепчани, зарадувани, восхитени од сето тоа, затоа што не можат да поверуват на сопствените си очи : Дали тоа не е само сон? По ручекот, околу четири часот, одеднаж почна да бие свечно камбаната : знак дека идат гостите. Како само го очекуваа тој миг, по сите улици почна да тече една голема река од луѓе – илјади луѓе идат кон железничката станица. Половината уште не беа стигнали до неа, кога возот пристигна и громогласното «Ура» од илјадници грла го одбележува пристигувњето на бугарските железничари. Моментот е крајно емоционален. Некои плачат од радост, други се фрлат во вагоните и ги прегрнуваат војниците. Цвекиња фрчат отсекаде. Во тој момент стариот бугарски гимназијски учител Милан Небреклиев се изкачува и со краток огнен збор ги дочекува гостите. Возбудени од неочекваниот пречек, опсипани со огнени чувства на братска љубов, војниците одговараат со поздрави.» Исклучително бранување предизвика пресретнувањето на бугарските војници од штипјани. «Штип, 25 април. Денес....секој се радува, се смее, плаче со солзи од среќа, секој вика, колку што му држи гласот, со моќното бугарско «УРА». Цвеќе и пешкири летат...Целото население на Штип се јурна према «Камениот – мост» да ја пресретне војската. Штпјани повторно паднаа во делириум. Дочекот на кметот, зборовите на командирот на дивизијата се пресретнуваат, прекинуват и испраќат со такво «УРА» кое што тука ниту можеме да го извикаме. Многу илјадната поворка начело со офицерите духовништвото тргна према градот. «УРА» - тоа не стивнува, военната музика грми, штипјани и штипјанки им се фрлаат на офицерите и војниците. Во рацете на командирот на дивизијата се трупат дарови. Во «Горно мало» од една порта излегува стара жена со црна шамија, со здиплена кошула во раката, се приближува до командирот му ја подава кошулата и слушаме како му зборува : «Честита слобода синко!». А таа е баба Ѓурка Пецкова, мајка на Коце Пецков, убиен само неколку дена при бомбардирањата на Штип.» (1). За израдуваното население беше толку значајно кој ја распадна Југославија. Секој македонски Бугарин зад параванот на настаните ја гледаше Бугарија и истовремено према неа ја изразуваше својата љубов преко старата војничка од Првата светска војна, посветена на Борис Дрангов : «Гордеј се мајко Бугаријо, со своите синове херои!». Во таа манифестација нема ни споменување за некокав македонизам како идеа за посебна македонска народност. Омразата кон српска Југославија која имаше за првостепена задача да прогонува се што е бугарско, сега се повторуваше во полна манифестација, токму на бугарското народно чувство.» (2). Србите идат начело на комунистичката партија на Македонија Додека во време на Втората светска војна во Србија, Црна гора, Босна и Херцеговина се создава силно партизанско движење, во Македонија , и покрај напорите на ЈКП, тоа нема успех. За тоа зборува во својот реферат до ЦК на ЈКП од 8 август 1943 г. Светозар Вукмановић – Темпо : «Во почетокот на март 1943 г. Пристигнав во Македонија каде што ја затекнав следната положба : Партијските организации во организационен однос беа во речиси полно разделување....Тоа се должи пред се на бугарското сознание на превладувачкиот дел од населението на Мкаедонија, кое не го поднесува антибугарскиот дух и не допушта да се дигне рака против Бугарија.» Нешто повеќе, самите комунисти и нивните раководители во лицето на Покраинскиот комитет, и ја земат властта од прилепчанецот Методи Шатаров – Шарло реско се спротивставуват на стремежот на српските комунисти да го наметнат своето водство и диктат. Во титовите архиви се запазени многу документи по тоа прашање. Во едно од нив се зборува : «Македонскиот ПК откажува да одржува врска со нас и се сврзува со БКП веднаш со започнувањето на окупацијата на Македонија. Шарло не се отзовува и по третата покана да дојде во Белград на заседание, на кој што треба да се разгледа прашањето за Македонија.» (1). Методи Шатаров и неговите другари сметат, дека бугарската власт во Македонија не е окупаторска и не треба да се води вооружена борба против бугарскиот народ. «Ова мириса не само на национал-шовинизам, туку и на германофилство.» (2) – се тревожат водачите на ЈКП. Ослободувањето на Македонија бо текот на 1941 г. беше резултат на надмоќ на една од големите сили – Германија. Втората светска војна штотоку почнуваше и како една од основните држави во неа беше Советскиот Сојуз и доминантнот од Москва меѓународно комунистичко движење. ЈКП начело со Тито одигра значителна улога во борбата против Германија и за воскресување на Југославија. Титовистите спроведуваат целосочно насочена кампања за покорување на комунистичките структури во Вардарска Македонија. Шарло иако со комунистички убедувања беше тврд Бугарин по сознание и се покажа како ограда против движењето на србокомунистите во Македонија, затоа ЦК на ЈКП со решение од 24-ти јуни 1941 г. го суспендира Покраинскиот комитет на Македонија начело со Шарло, а самиот него го исклучи од партијата и го осуди на смрт. Во своето писмо до ПК на ЈКП за работата во Македонија Тито го основува решението така : «Драги другари, постапката на «Стариот Бугарин» кој што беше одговорен за нашата работа во Македонија с епокажа не само антипартиска но и контарреволуционерна. И не само тоа, тој не сметаше за потребно да го образложи тоа свое прекинување. По неколку години новиот српски васал на Македонија Лазар Колишевски исто појаснува какви се гревовите на Методи Шатаров. «А кога на 6-ти април Југославија беше нападната, наместо порано и сега да ги готви масите за одбрана на земјата (Југославија) тој ја издига паролата за побратимување на војниците на фронтот....» (2). Шарло ја издига лозинката за создавање на национален фронт со сите противници на големосрпскиот режим без оглед дали се тоа ванчо-михајловисти, прикриени фашисти и распалувачи на омраза против братскиот српски народ. Тој не гледаше ништо повеќе освен една слепа борба против големосрпскиот режим...».....на заседанието на 1-ви април Шарло откриено се спротивстави на лозинката за одбрана на земјата (Југославија)......(1). Српските комунисти и нивните агенти во Македонија не можеа да простат на Шаторов фактот, дека ги пречека со радост, како и сите бугарски патриоти во Македонија ослободителните бугарски војски во текот на 1941 г. Освен тоа Шаторов заедно со своите истомисленици гледа со симпатии на образувањето на бугарски акционни комитети и откажува да води борба против бугарската држава. И нешто повеќе, тој ги отстранува од раководството српските инструктори Добривое Видић и Драган Павловић, «се изјаснува против присуството на српските колонисти и го објавува по распаѓањето на Југославија присоединувањето на македонските комунисти кон БКП». (2) Многу јасно ја формулира «вината» на раководството на чело со Шаторов и титовиот пратеник во Македонија Св. Вукмановић-Темпо : «Шарловото раководство всушност беше шовинистичко, националистичко раководство. Тие мислеа, дека македонскиот народ е бугарски и дека македонскиот народ е поробен од големосрпската хегемонија и треба да помине на страната на Бугарија». Со сменувањето на Шаторов од функцијата секретар на ПК на ЈКП, раководството на ЈКП полага многу усилби, за да ги отсрани комунистичките структури во Вардарска Македонија од БКП откако ќе му придодаде на движението антибугарски карактер. Со полна сила е пуштен одново во движение планот на стариот српски шовинист Стојан Новаковић се наложува на местото на бугарското самочувство географското «македонско». Составен е нов ПК на ЈКП за Македонија во состав : Лазар Колишевски, Бане Андреев, Борка Талев, Благој Јанков, Вера Ацева Мара Нацева. На чело на ПК е поставен Лазар Колишевски, но во текот на ноември 1941 г. тој е притворен од полицијата и на негово место доаѓа Бане Андреев. ПК на чело со Андреев повторно се прави возможно да се разграничи од ЈКП. Заедно со тоа тој ја засилува својата соработка со ЦК на БКП. Тој ја издига лозинката на социјално-класова борба против монархофашистичката влада на Филов и за разрешување на македонското прашање во рамките на Балканската федерација. Видниот комунистички функционер во Македонија Мирче Ацев со свое писмо до ЦК на ЈКП од 9-ти август 1942 г. соопштува, дека новото раководство на чело со Бане Андреев, после притварањето на Колишевски оди по патот на Шаторов, земајки становиште дека : «.....Македонскиот народ уште ја нема изживеано својата илузија за «ослободување», дека уште им верува на бугарските власти......, дека нема услови ниту објективни, ниту субјективни за водење на партизанска војна, од тоа призлегува дека не треба да создаваме партизански отреди......Продолжи политиката на Шаторовото раководство, таа дури се продлабочи.» (1) Југословенското комунистичко раководство е незадоволно од своите неуспеси во Македонија и невозможноста да ги изолира македонските комунисти од Бугарија. На 16 јануари Тито изпраќа писмо до македонските комунисти во кое кажува: «Главните карактеристики на партиската организација во Македонија се следните : Несигурноста во спроведувањето на политичката линија на нашата партија, колебање во нејзиното преименување на практика, организационна бркотница и слабост, мек однос спрема колебливите, странски опуртунистички и непартиски елементи внатре во партијата, тесно поставување на прашањето за слобода и независност на македонскиот народ, необврзаност на народните маси во водењето на акции, неизживеаност и либерален однос спрема «автономичките» тенденции од организациско партиен карактер, како и «автономистичките» тенденции од национален карактер!» Неуспесите на југословенските комунисти да насадуват и раздуват антибугарска настроеност кога го искористуват ПК на ЈКП го принудуват Тито да превземе за осигуруване на сигурни кадри од Србија и Црна Гора. Во Македонија прв пристигна инструкторот на ЦК на ЈКП Добривое Радославлевић, а во текот на февруари 1943 и Светозар Вукмановић-Темпо – делегат на ЦК на ЈКП. Пристигнувајки во Скопје Темпо се убедува, дека всушност и без тоа анемичната организација на комунистите совсем ја прекинала својата дејност. Во почетокот на 1943 г. дури раководството е в неполн состав. Веројатно разбирајки ја невозможноста да организира реална вооружена дејност сред бугарското население во границите на бугарското царство, Темпо заминува за Тетово кое е окупирано од Италианците и на 19 март 1943 г. успева да издејствува набрзина заседание на кое што е избрано ново раководство на македонските комунисти. Оформениот ЦК на македонските комунисти е во состав : Лазар Колишевски (неприсуствувал на своето избирање) – полит. секретар, Мара Нацева – орг. секретар, членови : Цветко Узунов, Кузман Јосифов, Страхил Гигов и Бане Андреев. Од тука па натамо тоа раководство секогаж ќе се согласува со мислењето на Темпо и ќе му е секогаж послушно..... Светозар Вукмановић потпирајки се на својте протекторати «организира» во териториите надвор од границите на бугарската држава неколку партизански формиравки, кои што вклучуват македонски комунисти. Кои и каде беа партизаните во Македонија Веќе формираните партизански одреди се составени главно од Срби, Цинцари, Евреи, Албанци, Турци и местни Бугари од србоманските реони на Скопје, Црна гора и Поречието. Општо сите партизани не се повеќе од 50-60 човека во почетокот и брзо намалуват. Разбирајки дека не можат да се потпрат на местното население југословенските комунисти решават да донесат борци од Србија. Директивата што ја дава Тито гласи вака : «Ќе ви испратам еден посилен одред партизани од Србија во Македонија кој веќе се е здобил со големо искуство во овдешните борби. Грижете се вашите партизански одреди да бидат составени од Срби и Македонци...» (1). Недостатокот на партизанско движење во вардарскиот дел се потврдува од самиот Темпо кој што пишува : «Кога пристигнав во Македонија, ја најдов следната состојба : партиските организации во организационен однос беа речиси во полно разпаѓање......Во текот на 1942 г. е имало шест одреди од по 10-15 борци и тие сите биле разбиени освен Битолскиот, кој што поминал на албанска територија и тоа сам на своја глава и така се запазил.» Мнозинството од «борците» во партизанските одреди со составени од странци. Веќе споменатиот Скопски одред на број 25 човека е составен од Срби, Турци, Црногорци, Чеси и Македонци-србомани. Го зел командувањето на комунистичките структури во Македонија со посредство на србоманско ориентираните свои орудија Темпо се залага да «организира» реално партизанско движење. Ток брзо сфаќа, дека не би можел да организира вооружени одреди на територијата на Македонија која влегла во бугарската држава. Населението не ги симпатизира антидржавните и антибугарските дејствиа на комунистите. Самиот партиски секретар Бане Андреев изречно подцртува дека «партизаните воопшто не успеале и дека е направена голема грешка со илегувањето на партизаните. И масите воопшто не ги примале, а ги предавале.» (1) Уште покатегоричен за странскиот состав и карактер на партизанското движење во Македонија е раководителот на Главниот штаб М. Апостолски, кој што се оправдува во текот на 1945 г. «Што да правам бре.....кога излеговме во шумата само јас бев од Македонија, а другите беа Срби, Цинцари и др. и така во борбата го «зацврстивме» нашто другарство и пријателство.» (2) Во окупираните од Италианците делови на Македонија на 11 ноември 1943 г. под раководството на Црногорецот Темпо се формира «Прва Македонско-Косовска бригада». Самиот партизански водач Страхил Гигов го зборува следното за нејзиниот национален состав : «Таа бригада беше составена од Македонци, Срби, Шиптари, Словенци и други националности од нашата социалистичка целост.» Друг еден од учесниците го споменува следното : «По национален состав во прво време беше составена од Македонци, Срби, Црногорци, Словенци од Истра, Италианци и Шиптари.» Покасно кон неа се присоединуват и избегани од германско заточеништво црвеноармејци. Командувањето на Македонско-Косовската бригада е од Србинот Петар Брајковић-Џуро од Цетиње – Србин-Црногорец. Стотици и илјади се страниците испишани од србо-комунистите во Македонија за «борбата против бугарскиот окупатор», но не кажуват дека таа «борба» се води во окупираниот од Италианците дел на Македонија. И кој води таа борба – партизани – главно Срби, Црногорци, Шиптари, црвеноармејци. Не можејки да најдат во Македонија доволно приврзаници на својата антибугарска политика па дури и сред комунистите, титовистите изпраќат од Шумадија свои верни орудија. Лазар Колишевски беше еден од тие верни српски воспитаници. Тој пристигна во Прилеп на 8 октомври 1941 г. со специјална порачка од Тито да организира провокација во градот спроти бугарската власт. Колишевски е одгледан во српско сиротиште како сирак со специјалните грижи на српската пропаганда во Југославија. Завршил средно образование во Крагуевац, во срцето на Шумадија . Назначен е од Србите на служба кај кралската армија во воениот арсенал во Крагуевац. Лазар Колишевски е типичен пример на современен јаничар – го заборавил своето потекло и ги предал интересите на својот народ на Србите. Дури и Вера Ацева, видната комунистичка дејка дава таква карактеристика за Колишевски : «Тој што растел и живеел надвор од Македонија до 1941 г. не го е почувствувал ропството на македонскиот народ во кралството Југославија и денес не може да разбере или не сака да разбере дека неговата положба како српски комунист нашата беше коренито различно». Во својата дејност во Вардарска Македонија Колишевски се потпира исклучиво на Срби, Цинцари или на местни србомани воспитувани во Србија. Така нареченото «востание» во Прилеп од 11 октомври 1941 г. Колишевски исто го организира со помошта на верните српски орудија. 11 октомври 1941 г. е национален празник на Република Македонија, како «спомен за востанието против Бугарскиот окупатор», а всушност на тој ден во Прилеп беше извршена една терористичка акција – востанието завршува заклучно со исечување на електричниот кабел на улицата и стрелање во патролниот стражар пред седиштето на полицијата. Во неа главен извршител, човекот кој што стрелаше оддалеку во поставениот стражар пред полицискиот участок беше Душко Наумовски. Тој е србин од Крушевац чии што родители по потекло се од Прилеп, но уште по турско време се преселиле во Србија и се посрбиле. Главниот организатор на акцијата во Прилеп е како веќе посочивме, одгледаниот во Крагуевац Колишевски, а инициатор е Тито, кој што сака по тој начин да демонстрира, дека ЈКП располага во Вардарска Македонија со свои истомисленици и ги следи местните структури на ком. партија кои се раководат од него, а не да кореспондират со БКП какво што беше решението на ПК начело со Методи Шаторов – Шарло. Партизанско движење во Македонија во текот на Времето на бугарското присуство всушност немаше. Мали партизански формировки дејствуваа во италианската зона во Дабарца и во германската зона во Егејска Македонија. Повеќе од четириесет години во Скопје се шпекулира со илјадниците борци против «бугарскиот окупатор». Тие и сега зимат државни пензии. Тие борци се појавија кога бугарските органи, армијата и администрацијата се повлекоа од Вардарска Македонија во текот на првите денови на септември 1944 г. по наредба на комунистичката влада на Бугарија. За сравнување инвазијата на партизани во Вардарска Македонија е направена во текот на октомври 1944 г. после кога од името на новата комунистичка власт беше објавена мобилизација.
fineweb-2
Тим Бернерс-Ли Сер Тим Бернерс-Ли (англиски: Tim Berners Lee; р. 1989) — англиски информатичар кој, во Европската лабораторија за нуклеарна физика во Швајцарија CERN, пишува предлог за изработка на единствен хипертекстуален програм за расределба на податоците помеѓу луѓето, т.е. сѐ уште само на научниците бидејќи 1989 г. сè уште немало голем број на домашни сметачи и имало многу мал број на корисници на семрежјето (интернетот). Овој англиски научник на Божиќ во 1990 г. ја воспоставил првата врска помеѓу HTTP-клиент и опслужувач преку семрежјето, со што влезе во историјата како креатор на World Wide Web. Сер Бернерс е и еден од основачите на W3C, телото кое го надгледува развојот на WWW. Вработен е на MIT, најценетиот технички универзитет во САД, а иднината на семрежјето ја гледа во семантичкиот веб - паметен систем на организација на податоците на семрежјето, кој на машините ќе им овозможи подобро сфаќање на човековите потреби, а со самото тоа и ќе даде подобар одговор на нив.
fineweb-2
Протокол за откривање на соседи Протокол за откривање на соседи (NDP) е протокол на Internet Protocol Suite што користи Internet Protocol Version 6 (IPv6). Оперира со мрежното ниво (Network Layer) на семрежниот модел (RFC 1122) и е одговорен за адресната автоматска конфигурација на јазли, за откривање на други јазли на дадена врска, за утврдување адреса на Link Layer (TCP/IP) нивото за други јазли, двојно зголемување на пронаоѓање на адреси, наоѓање на достапни рутери и Domain Name System (DNS) сервери, откривање на адресни префикси, и одржување на достапните информации за патеките до други активни соседни јазли (RFC 4861). Дадениот протокол дефинира пет различни ICMPv6 типови на пакети за извршување на функции за IPv6 слични на Address Resolution Protocol (ARP) и Internet Control Message Protocol (ICMP) Рутерско пронаоѓање и рутерско пренасочување протоколите за IPv4. Вооедно содржи многу подобрувања за разлика од копиите на IPv4 (RFC 4861, section 3.1). На пример вклучува Neighbor Unreachability Detection (NUD), со тоа ја подобрува робусноста на испорака на пакети, во присутност на грешни врски, отказ на рутери или променливи јазли. Како и самиот IPv6 протокол, Neighbor Discovery е генерално подобро прилагоден на модерните мрежи за разлика од постарите протоколи. Некои поважни специфични напредоци направени кај Neighbor Discovery протоколот во споредба со работите направени во IPv4 се следниве: Формализирање на Router Discovery, формализирање на адресната резолуција, можноста за изведување на функциите безбедно, aвтоматска конфигурација, динамичка селекција на рутер, мултикаст базирана адресна резолуција како и подобро пренасочување. Технички детали[уреди | уреди извор] Протоколот за откривање на соседите дефинира механизам за овозможување на следниве функционалности: - Пронаоѓање на рутерот: домаќиините може да ги лоцираат насочувачите сместени на прикачени врски. - Откривање на префикс: домаќините може да ги откријат адресните префикси сто се поврзани за прикачени врски. - Откривање на параметри: домаќините може да најдат параметри на врската(пример Maximum transmission unit). - Адресна автоконфигурација: конфигурација на адреси од мрежните интерфејси. - Адресна резолуција: мапирање помеѓу IP адреса и податочно ниво. - Одредување на следен хоп: домаќинот може да го најде следниот хоп рутери за дестионацијата. - Детекција на недостапност на соседот(NUD): одредува дека соседот не е веќе достапен на врската. - Детекција на дупликат адреси (DAD): јазлите може да проверат дали адресата е веќе користена. - Пренасочување:насочувачот може да извести јазол за подобри прв-хоп насочувачи. - Рекурзивен DNS сервер (RDNSS) доделен ппреку насочувачка објава (RA) опција.
fineweb-2
Reading of Silence Избрана поезија од Павле Горановиќ, еКнига, на англиски. Превод на англиски: Александра Никчевиќ. Понесени од тивок левант, сепак веруваме дека вреди да се биде на ова патување. By buying this product you can collect up to 5 loyalty points. Your cart will total 5 points that can be converted into a voucher of 5 ден..
fineweb-2
KDE |KDE| |Основачи||Матијас Етрич| |Тип||заедница| |Основана||14 октомври 1996| |Кадар||Корнелиус Шумахер| |Производ||KDE SC, KOffice, KDevelop, Extragear| |Задршка||слободна програмска опрема| |Метод||творечки дела, развој, документација, промоврање и преведување.| |Мреж. место||KDE.org| KDE (од англ. K Desktop Environment), е слободна графичка работна околина заснована на приборот Qt од Trolltech. Може да работи на секој [Unixoid], како GNU/Linux, BSD, Solaris, а во последно време со користење на дополнителни библиотеки и на оперативниот систем Windows. Заедно со KDE стандардно доаѓаат развојната средина KDevelop, канцеларискиот пакет KOffice, и останати помошни апликации, игри, уредувачи, теми за изглед, икони, фонтови и сѐ друго што ѝ е потребно на една работна околина за нормална работа. Слободата ви дава за право да го приспособите на вашите потреби и да го направите да изгледа онака како што вие би сакале. Оригиналното име на KDE доаѓа од изразот Cool Desktop Envirionment, но со оглед на тоа што CDE во тој период беше веќе регистрирана кратенка за Common Desktop Envirionment, се премина кон зборот Kool и кратенката KDE. Маскота на проектот е зелениот змеј Конки. Содржина Кратка историја[уреди | уреди извор] Проектот KDE е започнат во 1996 година од студентот Матијас Етрих на Универзитетот во Тибинген. KDE дојде како потреба при изработката на графички посредник за Tex. Иницијатор на проектот беше тоа што девојката на Етрих не можела да ги користи дотогаш познатите работни околини. Поддршка за остварување на својата идеја, Матијас Етрих најде во тулкитот Qt на Trolltech. Големиот број на оваа работна околина овозможија брзо созревање на проектот како и користење од страна на најголемите GNU/Linux дистрибуции во светот како примарна работна околина. Ажурирања и излегување на нови верзии на KDE се предвремено определени и се одликуваат со строга точност на излегување. Како е организирана заедницата на KDE[уреди | уреди извор] Голем број волонтери од светот работат на подобрување и развивање на нова програмска опрема за KDE. Некои од гигантските програмски компании како Novell, Trolltech и Mandriva, вложуваат средства за поддршка на овој проект, со што програмерите кои работат на KDE проектите добиваат финансиски надомест за својата работа. Од друга страна тука е големата заедница на корисници кои секојдневно пријавуваат грешки, поправаат тековни грешки или изработуваат свои "надворешни апликации" (што не се дел од KDE). Веб-портал со вакви апликации е KDE Apps. Најпознати апликации[уреди | уреди извор] - Amarok - мултимедијална аудио апликација - Kaffeine - мултимедијална аудио/видео апликација - K3b - апликација за снимање/копирање ЦД и ДВД формати - Digikam - апликација за преглед и манипулација на фото галерии - KOffice - канцелариски пакет за КДЕ - KDevelop - Равојна средина за голем број програмски јазици Надворешни врски[уреди | уреди извор] |"|
fineweb-2
Ајне (река) Ајне (долнолужички Dupej) е река, околу 40 километри долга во германската покраина Саксонија-Анхалт, која извира југоисточно од Харцгероде во планините Харц на 420 метри надморска височина. Ајне тече северно од сојузниот автопат Б 242 до Фридриксроде во источен правец, а потоа врти кон североисток кон подножјето на Харц. Речните канали течат низ Алтероде, Велбслебен и Вестдорф до Ашерслебен. Притоки на Ајне се Вибек, Лајне, Швенеке, Мукарене и Лангеталбах. Југоисточно од овој град, Ајне се влива во реката Випер на висина од 93,7 метри. Ајне го дала името на заедницата на општини Випер-Ајне. |Оваа статија за Саксонија-Анхалт статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите.|
fineweb-2
Моби ||Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. Содржина Основни биографски податоци[уреди | уреди извор] Моби (Ричард Мелвил Хал) роден (11 септември 1965) во Харлем, Њујорк, а пораснал во Дариен, Конедикат. Неговите родители го нарекле Моби набрзо по неговото раѓање поради новелата Моби - Дик која ја напишал Херман Мелвил, неговиот правујко. По осум Топ 40 песни во 1990-тите со техно музика, неговиот најголем успех е албумот Play, издаден во 1999, кој е продаден во 9 милиони копии ширум светот. Тој свири на синтисајзер, гитара, бас гитара и тапани. Има издавано музика со псевдонимите Voodoo Child, Barracuda, UHF, The Brotherhood, DJ Cake, Lopez, Mindstorm, и Pippy Baliunas. Покрај останатото во јавноста е познат и како една од најконтрaверзните личности во техно музиката. Откако ги завршил студиите и дипломирал на универзитетот SUNY Purchase, со насока социологија, тој почнал да се насочува повеќе кон својата животна идеа, да создава музика. Почетоците на Моби[уреди | уреди извор] Кариерата ја започнал во раните 1980 како дел од панк бендот наречен Vatican Commandos, со кој издал и ЕП наречено Hit Squad for God. Бил ди-џеј во клубот The Beat во Port Chester, Њујорк во 1985. Подоцна во 1989 потпишал договор за снимање со Instinct Records. Негов прв успех беше "Go", прогресивната снимка која користеше делови од темата на Лаура Палмер. Со неа достигна во листите на најдобри десет во Велика Британија во октомври 1991 доби можност се појави во Top of the Pops што многу допринесе кон славата на неговиот прв албум, The Story So Far. Во 1993 се врати со The Prodigy, Orbital и Aphex Twin. Развојот на неговата кариера помеѓу 1994 и 1998 година[уреди | уреди извор] Неговиот прв албум за Mute Records беше Everything Is Wrong во 1995 кој доби награда од критиката и мал комерцијален успех. Оваа соработка ја продолжи во почетокот на 1996 со двојниот албум Everything Is Wrong - Mixed and Remixed. Брзо потоа, неговата издавачка куќа, Instinct промовираше албум наречен Rare: The Collected B-Sides [PHONE]. Една песна на овој албум "Thousand" го постигна рекордот за најбрза песна на сите времиња. Достигна дури 1015 BPM. Подоцна во 1996 промовираше нов хард рок и електро албум наречен Animal Rights и беше на турнеја низ Европа со Red Hot Chili Peppers. Во 1997 го промовираше I Like to Score, колекција од неговата музика која била користена во филмската продукција. Меѓу овие дела беше и преработката на "James Bond Theme" користена за Џејмс Бонд филмот "Утре никогаш не умира". Animal Rights и I Like to Score немаа голем комерцијален успех. Оваа декада исполнета со музика, Моби ја круниса со албумот од 1999 Play. Албумот се состоеше од 18 песни и беше прв албум во историјата кој имаше комерцијална дозвола за сите песни. Песните на албумот беа прифатени од неколку радио формати иако албумот можеше да биде финансиски успешен дури и без радио изведби. Како додаток на славата, албумот Play се истакнува и со своите блуз снимки соберени од страна на Ален Ломакс. Во 2001, Моби ја донапиша и ја продуцираше "Is It Any Wonder" со Софи Еллис Бекстор за нејзиот прв соло албум Read My Lips. Но различна верзија на оваа песна беше промовирана на "Music Gets the Best of Me" како сингл и вклучена во промоцијата на Read My Lips. Верзијата која ја создаде Моби беше поставена на интернет. Во 2001, Моби го основа Area: One Festival. Тоа беше популарен рок фестивал карактеризиран со повеќе видови на електронска музика. Во 2001, доби груби коментари од Еминем откако ја нарече неговата музика хомофобична. Еминем подоцна го сатиризираше Моби (меѓу останатите) во "Without Me", нарекувајќи го "36-годишно келаво незадоволство", и притоа изјави дека "Никој не слуша техно!". Двајцата се конфронтираа во МТВ Видео и Музички Награди, иако Моби изрази почитување кон Еминем како уметник. Во 2002, го промовираше 18, албум кој имаше 18 песни. Најпопуларната песна на албумот беше "We Are All Made of Stars". На кратко имаше и телевизиска емисија на МТВ во 2002, Señor Moby's House of Music која се фокусираше најмногу на електронската музика. Во 2003, продуцираше песна за Бритни Спирс за нејзиниот албум In The Zone. Песната беше наречена "Early Mornin". Не беше промовирана како сингл, но им беше омилена на обожавателите. Во 2005 го промовираше албумот Хотел првиот по тригодишна пауза. Веднаш по оваа промоција беше испланирана турнеја низ Европа, поставување на нова веб страна и нови зделки во врска со музиката. На (6. ноември 2006) излезе компилација на неговите најголеми хитови, насловена како Go: The Very Best of Moby која вклучуваше и нова песна "Њујорк, Њујорк", интерпретирана од Деби Хари. Различни верзии на овој албум го имаат неговиот сингл "Slipping Away" на различни јазици и со различни пеачи. Моби ја обедини повторно легендарната група на Ричард Барон од 80-ите, Бонгос за да ја продуцираат и да ја изведат новата верзија на нивната песна "Bulrushes". Резултатот "Bulrushes 2007" е вклучена како бонус песна на специјалното издание на дебитантскиот албум на бендот, Drums Along The Hudson, промовирана од Cooking Vinyl Records на (12. Тој се појави и на спотот на оваа песна. Достигнувањата на Моби во 2007 година На (24. фебруари 2007) објави на неговиот интернет весник дека моментално е во процес на пишување на 400 песни од кои 20 за новиот албум кој би требало да излезе околу септември. На 29. септември Моби се придружи на Ричард Барон на сцена за "20th Century Boy". Конечно на 4 октомври сајтот на Моби го најави името на неговиот седми албум. Last Night би требало да се промовира на (10 март 2008). Главниот сингл од албумот ќе биде насловен "Everyday It's 1989". Моби направи и ремикс компилација за видеоиграта Биошок заедно со Оскар, наречена "The BioShock EP". Дискот беше достапен со купување на издавачкото издание на играта. "The BioShock EP" вклучва три ремикс песни и една оригинална снимка: Beyond the Sea, God Bless the Child, and Wild Little Sisters. Иновации Моби користеше некои невообичаени иновации во неговата кариера. Неговиот сингл од 1995 "Everytime You Touch Me" имаше особини на ремиксот на Џуд Себастиан. На некои изведби на евроската турнеја во 2005 "Live Here Now" им додели на обожавателите компакт диск со снимки од изведбата 10 минути по завршувањето на концертот. Неговиот сингл од 2005 "Lift Me Up" имаше особини како додаток на бројни ремикси. Многу од албумите на Моби вклучуваат есеи кои тој самиот ги има напишано. "Everything Is Wrong" имаше есеи за преголемото конзумирање "Ние користиме отровен хлорски избелувач за да ја зачуваме долната облека бела" и за религиозните водачи на САД "Зошто христијаните не одат да шират милост, сочувство и самопожртвуваност? ", и "The End of Everything" каде дискутира за вегетаријанците "Можете ли да погледнете животно во очите и да му кажете: "Мојот апетит е поважен од твоето страдање?". Покрај музиката Моби е целосен вегетарианец, христијанин и самопрокламиран симплтон (поради неговите често искрени и идеалистички проценки). Живее во делот Мала Италија во Њујорк Сити каде што живеел цела декада во мал стан во петкатна зграда спротивно од Дејвид Буви. До неодамна беше ко-сопственик на мал ресторан и чајџилница наречена TeaNY. Исто така го организирал "Колективот на мали идиоти" "Little Idiot Collective", група на уметници. Има потпишано да плати $207.000 за да биде првата поп ѕвезда која патувала во вселената, на компанијата за вселенски туризам Virgin Galactic's VSS Enterprise вселенски брод во 2010. Во интервју за Психологијата денес, Моби изјави дека кога имал 19 години пробал LSD и почнал да добива напади на паника. Тој тврди дека повеќе не ги користи често како порано, но можеби некогаш тој: "ќе има премногу кофеин, ќе биде под стрес за работата и ќе биде во врска која пропаѓа и пак ќе почнат". Тој е многу отворен во врска со ова со цел да им помогне не обожавателите кои страдаат од слични панични нереди. Други активности Моби е познат активист и спонзор за плејада од прогресивни идеи, работејќи со MoveOn и PETA. Тој ги создал MoveOn Voter Fund's "Bush in 30 Seconds" натпреварите заедно со Лаура Даун и директорката на MoveOn Ели Паризиер. Во последните неколку години активно се ангажира во неутралниот активизам и учествува во Бордот на директори на организацијата Аменд, непрофитно здружение кое имплементира програми за заштита од повреди во Африка. Тој смета дека оваа организација е многу ефикасна и успешно водена. Во 2004. беше почестен со "Music Has Power Award" за неговата подршка на музичката терапија и неговата посветеност и помош за снимање на телевизиска програма. Религија Во 2003 во интервју за BBC, Моби зборува за неговоао средба со Евангелието, "Околу 1985 година ги прочитав подучувањата од Исус и веднаш ми дојде идејата Исус бил некако видовит. Кога велам Јас го сакам Исус и го сакам неговото учење , тоа го мислам на наједноставен и наивен начин. Не велам дека сум во право". На (19 Јануари) 2007), по гледањето на филмот на Александра Пелоси, "Пријателите на Господ", Моби напиша, "Филмот ме потсетува колку е одалечена верзијата на евангелието за христијанство од учењата на Исус". Музиката на Моби во филмови и реклами[уреди | уреди извор] - 2002 We Are All Made Of Stars Pentium реклама - 1992 First Cool Hive Scream - 1997 Inside Riding Giants - 2006 In My Heart - 2005 The Pursuit of Happyness - 1999 God Moving Over the Face of the Waters Syriana - 1999 One Day in September - 2000 Flower Gone in 60 seconds - 2003 Honey Holes - 1995 New Dawn Fades Heat - 2006 Anthem Miami Vice
fineweb-2
Уредување на мрежни места ||Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. Веб дизајн е процес на концептирање, планирање, моделирање, и извршување на електронски медиjа записи, кои се пренесуваат преку интернет во форма на технологиите кои одговараат за интерпретација и приказ на компјутер, преку интернет пребарувач или друг веб-базиран графички кориснички интерфејс. Целта на веб дизајнот е креирање на веб сајт (колекција на електронски документи, кои се наоѓаат на еден или повеќе веб сервери) кој презентира разни содржини (вклучувајќи интерактивни алатки или услуги) кои крајниот корисник ги прегледува во форма на веб сајт. Веб дизајнот нa страната треба да ги задоволува барањата гледано од технолошки аспект,но исто така сајтот треба да є доволно атрактивен за да привлече што повеќе корисници, посебно од таргет корисниците за кои е наменет. Конкретно, за веб дизајнирањето како професија, односно модерна технологија со чие имплементирање се очекуваат поголеми бизнис ефекти, постојат одредени предуслови кои треба да се почитуваат од страна на лугето кои се инволвирани во процесот на дизајнирање, доколку истото сакаат да го изработат на професионално ниво. Содржина Седум правила на веб дизајнот[уреди | уреди извор] - не ги прави работите само затоа што можеш Денешнава веб технологија овозможува бројни алатки и опции кога е во прашање дизајнирањето на сајт, но дизајнерот треба да е внимателно селективен при нивната употреба. Многу пати, одредена технологија може значително да го попречува перформансот на страната или иритира нејзините посетители. Најверојатно најточен и најстар пример што го поддржува ова правило, е таканаречениот "blinking tekst". Овој HTML таг, ( <blink> ) кој, за интернет корисниците добро познато, овозможува да текстот перманентно трепка, иако денес неодобрен за употреба од некои бровсери како IE 5.5 ( Интернет Експлорер ), беше најкористен, како новитет, од страна на веб дизајнерите во средината на 1990тите. Корисниците пак брзо го изразија своето незадоволство од "текстот кој вознемирувачки трепка, без никаква опција да на нивно барање се исклучи". При користењето на нова технологија, дизајнерот треба да се запраша: "Дали нејзината употреба навистина ја подобрува функционалноста на страната или е искористена само како новитет?" - секогаш постои исклучок Речиси и да не постојат апсолутности во процесот на веб дизајнирањето, па така недоволно функционална технологија за една веб страна, не значи неуспех и за друг вид на дизајн, во зависност од целта на нејзиното имплементирање. Како добар пример може повторно да посужи <blink> тагот, чие имплементирање на 99 проценти од веб сајтовите беше неуспешно, денес сѐ уште некои дизајнери го сметаат за корисна алатка, особено во случаи, каде, на пример "корисникот е инволвиран во процес на исплата, но заборава да го пополни полето на неговата адреса." Многупати се страните така дизајнирани, што една ваква грешка е прикажана во различни бои, најчесто црвена, но и самата страна доволно обоена при што,имплементирањето на "blinking text" би се покажало доста функционалнo. - ултиматумот го поставуваат корисниците Никогаш нема недостиг на опции кога страната е во процес на веб дизајнирање и додека согласувањата помеґу дизајнерот и менаџерот на фирмата, за тоа како конкретен сајт треба да изгледа, аргументативно варираат - "крајната линија" ја исцртуваат целните корисници. Додека тие не разбираат или не им се допаґаат одредени аспекти на сајтот, тој е дизајниран за да ги задоволи токму нивните потреби. - дизајнерите треба постојано да се надградуваат Професионалните веб дизајнери треба да ги разберат и што е можно подобро да ги исползуваат световите на нивните сопствени дизајни, сеедно на тоа како се вклопуваат со естетичките верувања и станарди - каков треба да биде конкретниот дизан на сајтот. Без разлика за што станува збор, јасно е дека за дизајнерот е што покорисно да има се поголеми разбирања за технолошкиот аспект на процесот на дизаjнирањето. Добар е примерот со формите (важно е да се изгради интерактивна и едноставна за користење форма, но технолошкиот аспект никогаш не губи од важност ). Технички неспремниот дизајнер може лесно да западне во заблуда при креирње на форма која изгледа и работи одлично во I.E 5x, но драстично се развлекува хоризонтално или разобликува во Netscape 4x. - понизнооста е најдобар пристап Секогаш ќе постојат дизајнери кои ќе креираат поатрактивни страни, ќе имплементираат понова технологија или ќе ја имплементираат на поатрактивен начин. Доколку дизајнерот ја надмине својата или нејзината гордост, учењето од другите може да биде од голема корист. - неможно е сите да се задоволат Сеедно колку дизајнерот е убеден во функционалноста и атрактивноста на сајтот, од милионите интернет корисници, секој има свое сопствено мислење. Невозможно е сите да се направат среќни. Сепак постои разлика помеѓу настојувањето повеќето да се усреќат или сите, а притоа да се дизајнира сајт што нема да задоволи никого. Понекогаш дизајнерите навистина мораат да направат напори за да дизајнираат страна која ке биде добра комбинација од двата аспекти на дизајнот: технолошкиот и естетскиот. - да се биде во тек со стандардите и спецификациите Тие се менуваат и ќе продолжат да се менуваат, но дизајнерот треба најмалку да е информиран за последнте технолошки новитети кои имаат влијание врз работата во иднина. Пример е XHTML (eXtensable Hypertext Merkyp Language ) - иднината на HTML,кој за разлика од новитетите генерално, поддржан е од Netscape 2.0 и I.E 5.0 бровсерите, што значи и достапен на значителен дел од WWW публиката. Трите веб дизајн филозофии[уреди | уреди извор] Еден корисен начин за разбирањето на дизајнот на повеке од 20 милиони веб сајтови кои денес постојат, е да се разделат истите на три засебни филозофии: корисност, мултимедија и оптимална комбинација. Во зависност од изборот на дизајнерот, било која од овие три филозофии, може на најдобар начин да ја исполни целта - комуникација со корисниците на најефективен начин . Додека првите две филозофии претставуваат таканаречен службен аргумент помеґу формата и функцијата, оптималната комбинација се однесува и на двете заедно. Кога се согледуваат предностите и слабостите на веб дизајн филозофиите, дизајнерот треба да го согледа нивниот однос кон следниве три фактори на секоја страна : - естетика. Колку се професионални изгледот и смислата на сајтот; дали се во сооднос со идентитетот на компанијата или индивидуата? Колку лесно и брзо може корисникот да ја најде и процесира потребната информација? Програмскиот дел треба да овозможи функционалност на страната - добра форма и достапност до базата на податоци. корисност[уреди | уреди извор] Поимот корисност се однесува на било каков вид на веб страна. Со него всушност се искажува степенот на едноставната интерактивност на сајтот ( да се процесира одредена задача )или поинаку кажано, овој пристап кон дизајнирање се стреми да ја задржи конзервативноста при изградбата на сајтот, овозможувајќи го притоа едноставно корисен за скоро цела интернет публика. Еден од методите за да се постигне оваа цел, е да дизајнот се сведе на самата суштина ( зошто тој сајт постои и на кој начин корисниците бенефитираат од неговата посетеност ), особено минимизирање на графиците или сликите на сајтот. Дизајнерите кои ја следат философијата на корисност сметаат дека графиците го комплицираат, повеќе отколку што олеснуваат комуникацискиот процес. Исто така се насочени кон дизајнирани сајтови, достапни за сите веб прелистувачи. - врска кон веб сајт фокусиран на оваа филозофија и кој содржи само HTMLлиннкови во боја, без графици. Има толку малку во овој дизајн што би можело да предизвика недоразбирање при процесирање на било кој тип на прелистувачи. За било кој аспект на животот постојат разнолики точки на гледишта. Веб дизајнот не е исклучок. Така и оваа филозофија, со своето најконзервативно место во дизајнерскиот спектрум, наидува на свои противници. Не секој дизајнер се согласува со претеранa симплифицираност на визуелноста на сајтовите кои вака дизајнирани, изгледаат на оние од '90те години. Освен визуелноста, a во согласност со 4то правило кое се однесува на техничките вештини на дизајнерот, постојат и важни 'технички и нон-технички аспекти' при дизајнирањето на "корисна" веб страна : - времето поминато за download треба да е што пократко - навигацијата треба да е интуитивна - конзистентна веб терминологија и метафора, како и "shoping cart" с-м,треба да се имплементирани - напишанатa содржинa треба да е јасна и концизна на намената на страната - страната треба да се тестира од страна на повеќе корисници, на повеќе видови бровсери - достапноста за корисниците да е со минимални можности за пречки Секој кој "сурфа" на интернет се сложува дека пребарувањето и наоѓањето на информации треба да е многу брзо и лесно, а една од целите на философијата на "корисност" е да ги задоволи сите корисници иако според 6то правило тоа не возможно.Како што нивниот број расте, така и самиот сајт станува "премногу досаден","комплициран","шарен или конзервативен", во зависност од префернциите на корисникот. Ґрафиците сепак можат да го направат сајтот покорисенн од 4 причини: - импресиите што сајтот ги остава при негвата посета, односно идєнтитеттот на страната, најпрво ги остава визуелниот изглед Корисникот потсвесно оформува мислење при првата посета на сајтот. Треба да се биде повеќе креативен и да се имплементира барем пар 1 -KB до 2-KB графици кои драстично би ја измениле веб страната во позативна смисла бидејки максимална симпплифицираност може да го натера корисникот да се посомнева во професионализмот и серозноста на сопствениците на сајтот ( компанија или индивидуалец ). - мозокот побрзо процесира слики отколку текст Сликите ја намалуваат фрустацијата на корисникот кој е приморан да чита текст чија содржина може да се запази со едно погледнување во сликатa. - графиците, заедно со сликите, го водат окото на корисникот кон саканата дирекција Посебно е корисно кога сака да се наметне приоритизирана содржина на сајтот. - графичката технологија ја поддржува функционалноста Квалитетна апликација нa "imersive imaging" - технологија како QuickTime, QuickTime VR and Java VR, со која е овозможен 360° поглед нa предмети и места со опции на зумирање, анимации на снимки ,линкови кон сцени кои се составен дел од главната сцена и ротирање, е пример кој може да се искористти во овој контекст.На пример, доколку некој разгледува хотел за престој во Дубровник, илјадници зборови ќе се заштедат со само едно погледнување во внатрешноста на собата на одреден хотел. Но не треба да се заборави дека сликите поддржани со оваа технологија бараат подолго време за download па за да се овозможи достапноста на сајтот и на корисниците со послаба интернет конекција, традиционалните фотографии треба да се земат како алтернатива. мултимедија[уреди | уреди извор] На другиот крај од дизајнерскиот спектрум е филозофија на мултимедија. Мултимедија сајтовите се нарекуваат уште и Flash сајтови бидејки се креирани со Macromedia Flash софтвер. Тие користат анимации, аудио ( MP3 технологија ) и видео за да имаат повисок степен на интерактивност. 'Некои од предностите на овој вид дизајн се :' - мултимедија е вектор - математички базирана технологија што овозможува повисок степен на збиеност и можност за менување на големината на сликите без да се наштети на нивниот kвалитет - изучувањето на нејзините спецификации, во просек, е слично со HTML и CSS - комуницира мултидимензионално преку анимации, видео и графици 'Мултимедија сајтовите се непрактични од неколку причини :' - бровсерите мора да имаат plug-in за интерпретација на графици или сајтот - тешко се интегрира со базата на податоци за разлика од постоечката веб технологија - ASP, ColdFusion and JSP pages - не се од корист за bitmap или GIFs графици - нивното имплементирање е поскапо - на нив може да влијае брзината на компјутерскиот процесор оптимална комбинација[уреди | уреди извор] Овој поим ја презентира комбинацијата на графици, функционалност и текст заедно инкорпорирани во брз, корисен и флексибилен веб сајт. ѝако до неоодамна се чинеа нестварни, со откривањето на Adobe PhotoShop и Image Ready , Equilibrium Debabelizer и Macromedia Fireworks, ваков вид на дизајн постанува реалност. Oптималнатa комбинација во дизајнирањето подразбира висок степен на познавање на неговите аспекти повеќе отколку софтверско специјализирање. Оваа разлика му овозможува на дизајнерот на креативен начин да ги имплементира сликите, HTML и CSS, што резултра со доста побрз, пофункционален дизајн. За многумина дизајнери овоj дизајн претставува најдобро решение за ефективна комуникација со корисниците на веб. - Според Андре Агаси : сликата е се брз, корисен и флексибилен веб сајт остава силен впечатôк при првите импресии нa посетителите. - со имплементирање на повисок степен на графичка визуелност, а помалку текст, корисниците побрзо ги запознаваат идеите, концептот и емоциите инволвирани во процесот на дизајнирање традиционалните, низ време докажани, аспекти на графичкoтo дизајнирање - теорија на боите; уредување, дизајнирање и модифицирање на буквите, односно типографија; и самиот дизајн на страната- се од голема корист. - за да се изгради една ваква страна е особено лесно за искусните веб дизајнери затоа што технологијата не е новитет потребно е креативно, едноставно и практично работење со постоечките HTML и CSS техники. - добро дизајнираната веб страна во "оптимална комбинација" може лесно да биде проширена и изменета од статична, во динамична ( database- driven ) веб страна Но иако овој вид на дизајн, ги задоволува барањата на повеќето веб сајтови во светот сепак не одговара комплетно, односно се соочува со истите битни проблеми како и предходните два пристапи : - не може динамично да ја менува својата големина на разлините барања на резолуцијата на мониторите на денешните PS (пр. 640x480, 800x600, 1024x768, 1152x864 ) - исто како кај мултимедија, има потреба од plug-in за користење на анимациите, во некои случаи и аудио - нивниот дизајн е ограничен од познавањата на дизајнерот : можеби ке изгледа слично во WYSIWYG ( what you see is what you get editor ), но ако не е едноставна за користење или долго се download, не спаѓа во овој вид дизајн - "ефективна оптимална комбинација" - на веб сајт
fineweb-2
Instead of making this stupid "boost of economy" at expenses of players dear admins, you should think of more clever way to fix economy, but after all this years without succeeding in that field i'll give you one good idea. I know that many Чисто информативна статија ! Кратко обраќање до сите производители на Q5 леб...(истово важи и за (q1,q2,q3,q4), а за (q6 i q7) не знам бидејки ме мрзи да пресметам. - Моментално производство 200 производи од 1 работник - Моментална плата Почнувајќи од вчера после пуштањето на новиот медал наеднаш многу зимнаца почна да се троши, т.е многу народ се залета одма да собери 3-4 нови медали и БХ покрај другото, а притоа воопшто не се пресметувате колку сте во загуба а и државата дека е во… read more »
fineweb-2
Те Ара - Енциклопедија на Нов Зеланд |URL||www.teara.govt.nz| |Гесло||Te Ara - The Pathway ("Пат")| Те Ара - Енциклопедија на Нов Зеланд (анг. Te Ara - the Encyclopedia of New Zealand) — семрежна енциклопедија чиј создавач е Министерството за култура и наследство во рамките на Владата на Нов Зеланд. Проектот започнал во 2002 г., а самата страница е пуштена во 2005. Те Ара е долгорочен проект, но голем дел од нејзината содржина веќе стои на страницата. Уредник на енциклопедијата е историчарот Џок Филипс и тој има персонал од писатели, уредници, истражувачи на слики и извори, како и дизајнери. Енциклопедијата е организирана по теми, каде првата тема ги обработува раскажувањата на новозеланѓаните. Потоа енциклопедијата го обработува доселувањето на народите во Нов Зеланд, и историјата на нивното населување – како домородното маорско people, така и други доселенички групи. Енциклопедијата има и прегледен дел, наречен "Нов Зеланд во кратки црти" (New Zealand in Brief), каде се истакнати кратки информации и факти за земјата. Во 2006 била објавена втора тематска група записи наречени "Земја, море и небо" (Earth, Sea and Sky) во која се обработуваат океански риби, морски и крајбрежни птици и други морски животни, соживотот помеѓу луѓето и морето, природните ресурси на земјата, но и обликувачките сили како геологијата, вулканологијата, времето и климата. Содржината особено се задржива на карактеристични новозеландски теми, а научните и технички податоци се прикажани во општествен и човеков контекст. Третата тема на Те Ара е "Шумата" (The Bush), пуштена кон крајот на 2007 г. Тука се обработуваат автохтоните предели, шуми, растенија и животни, и како луѓето ги користеле или како се обиделе да гледаат на нив. За шумата има повеќе од 100 записи, кои прокриваат теми како раната картографија, планинарството, иглолисно–широколисните шуми, танифите, маорските истражувања, загрозените видови, сечењето на автохтоните шуми, птиците моа и киви, и многу друго. Во подготовка се уште шест теми кои треба да излегуваат приближно по една годишно, сè до 2013 г. Темата за 2008 била земјоделството и селскиот живот. Постепено се додаваат и географски информации, и така во првите месеци на 2008 внесени се Окленд, Заливот Пленти, Кантербери, Манавату и Хорофенуа, регионот Нортленд, Јужен Кантербери, вулканското плато, Ваирарапа и Велингтон. Претходно, официјална енциклопедија на земјата била "Енциклопедија на Нов Зеланд" (An Encyclopaedia of New Zealand), прво издание објавено во 1966, чиј уредник бил А.Х. Дигитализирана верзија на таа енциклопедија е вметната во рамките на енциклопедијата Те Ара.
fineweb-2
Одоакар Одоакар (433-493 година) по потекло бил половина Хун, a полoвина Херул. Во историјата е познат како човекот кој го срушил Западното Римско царство. На 4. септември 476 година го симнал од престолот последниот западноримски цар Ромул Августул и станал првиот варварски крал на Италија, иако формално ја признавал власта на византискиот цар. Содржина Падот на Западното Римско царство[уреди | уреди извор] Формален владетел на Западното Римско царство бил Орест, чиј син Ромул Августул бил малолетен. Тој одбил да им додели земја на Херулите и на другите германски платеници, што довело до бунт на варварските платеници под водство на Одоакар. Тие брзо ја зазеле Равена, која била седиште на царот уште од 402 година. Потпаѓање под Византија[уреди | уреди извор] По симнувањето од престолот на Ромул Августул, Одоакар имал избор или да владее преку некој цар, кого би го контролирал, или да владее како клиент на византискиот цар. Одлучил формално да му ја врати царската власт на византискиот цар Зенон во Константинопол. Царот Зенон го прогласил за воен командант (dux) на Италија и го ставил меѓу патрициите. Одоакар ковал златници во име на Зенон, со што покажувал дека ја почитува формалната власт на Византија. До 480 г. Јулиј Непот му бил формално легитимно надреден, а од 480 г. Одоакар се нарекува крал на Италија. Војната со Остроготите[уреди | уреди извор] Односите меѓу Одоакар и Византија се влоѓувале, најмногу поради тоа што Одоакар не се држел според постигнатите договори. Во 489 г. царот Зенон ги повикал Остроготите и Теодорик Велики да му помогнат, и тие се согласиле, и по 4-годишно војување, во 493 г. Одоакар ја изгубил Равена. Теодорик Велики го повикал на вечера и при тоа лично го убил со меч, па го презел целото кралство. Наводи[уреди | уреди извор]
fineweb-2
Историја на Америка - Ова е статија за историјата на Америка. За историјата на Соединетите Држави, погл. Историја на САД Под поимот историја на Америка се подразбира историјата на Америка, односно заедничката историја на Северна и Јужна Америка, вклучувајќи ги Централна Америка и Карибите. Започнува со миграциите од Азија на овие простори во време на леденото доба. Се смета дека овие групи потоа биле изолирани од луѓето од "стариот свет" сè до доаѓањето на Европјаните во 10 и во 15 век. Шпанска колонизација[уреди | уреди извор] Првите шпански колонисти, кои Колумбо ги довел со себе на своето второ патување, се населувале крај Карибите. Но, во 1518 година, Хернандо Кортес, кој дотогаш бил неуспешен чиновник на шпанската влада на Куба, решил да поведе мала воена експедиција (околу 600 луѓе) против Ацтеките во Мексико и нивниот император Монтезума. Неговиот прв напад не успеа, но без да знаат, Кортес и неговата војска ги заразиле Ацтеките со големи сипаници. Епидемијата го десеткувала ацтечкото население и им овозможила на Шпанците да го освојат Тенохтитлан. Дваесет години подоцна, Франциско Пизаро го освоил Перу. Шпанците кои сакале да преземат експедиција во Новиот свет, морале да добијат дозвола од Круната и да му платат на монархот една петтина од секое богатство собрано во новите колонии, а притоа колонизаторите сами ги финансирале своите експедиции. Првите шпански колонисти во Америка биле заинтересирани само за експлоатација на златото и среброто, и успевале во тоа. Цели 300 години, почнувајќи од 16 век, рудниците во шпанска Америка давале десетпати повеќе злато и сребро од рудниците на цел свет заедно. Овие богатства ја направиле Шпанија во тоа време најбогата и најсилна земја на светот. Кон крајот на 16 век, Шпанската империја станала една од најголемите во историјата на светот. Ги опфаќала: Карибите, Мексико, Јужна Америка (денешни Чиле, Аргентина и Перу) и Северна Америка. Шпанската тврдина изградена во 1565 година во Сент Аугустин на Флорида, станала првата постојана европска населба во денешните Соединети Држави. Наводи[уреди | уреди извор] - Kane , Katie Nits Make Lice: Drogheda, Sand Creek, and the Poetics of Colonial Extermination Cultural Critique, No. 42 (Spring, 1999), pp. [PHONE] - Churchill, Ward A Little Matter of Genocide 1997 City Lights Books ISBN 0-87286-323-9 |Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите.|
fineweb-2
Template:BArch-biased/mk За документарни цели, Сојузниот архив на Германија ("Бундесархивот") ги остава изворните (првичните) белешки и описи на сликите, кои во некои случаи можат да бидат неточни, пристрасни, застарени или политички екстремни. Сите поправки на белешките и поинакви описи на сликите треба да се вршат настрана од изворните записи. Покрај ова, фактографските грешки можете да ги пријавите на оваа страница, со тоа информирајќи го Бундесархивот.
fineweb-2
Белешка: Оваа статија содржи МФА-фонетски знаци во Уникод. Итонамајскиот јазик (Itonama) е скоро изумренизолиран јазик кој се зборува во амазонските долини во Боливија. Јазичарот Гринберг го класифицирал јазикот како дел од паезанските јазици, но сепак јазикот сè уште се смета за изолиран јазик. Според уставот на Боливија, јазикот е еден од официјалните јазици во државата.
fineweb-2
Уникатната географска положба и условите за впловување во градските пристаниште го направиле Севастопол стратешки важна точка за морнарицата. Исто така, градот е туристички центар и одморалиште, главно за посетителите од земјите на ЗНД. Градот, порано седиште на руската (тогашна советска) Црноморска флота — денес поморска база на руската и украинската воена морнарица и истата флота. По падот на Советскиот сојуз, пристаништето во Севастопол се соочиле со зголемен промет, и покрај потешкотиите во поглед на заедничката воена контрола над пристаништата и доковите. По Крмската криза од 2014 г, и референдумот за отцепување од Украина и припојување на Крим кон Русија, Севастопол станува федерален град на Русија. Исто така, Севастопол е важен истражувачки центар на морската биологија. Особено застапено е изучувањето и тренирањето на делфини, кое започнало во градот до крајот на Втората светска војна. Севастопол ужива во потопла клима од околните региони, со свежи зими и умерено топли лета.
fineweb-2
Ангиопластија Ангиопластија е едноставна операција која го подобрува протокот на крв до срцето со проширување на артериите. Може да се направи со локална анестезија (да се здрви местото). Во болница се останува само кусо време. Докторот ја проширува артеријата на тој начин што става специјален балон во затнатата артерија. Кога ќе стигне балонот во артеријата, докторот хидраулички ќе го надуе пред да го отстрани. Тоа ја проширува артеријата. Потоа докторот става метално цевче (наречено "стент") во проширената артерија. Ова цевче останува во артеријата за да ја држи отворена. Извор[уреди | уреди извор] http://www.health.nsw.gov.au/mhcs/publication_pdfs/6095/BHC-6095-MAC.pdf Мултикултурен здравствен комуникативен сервис, Срцеви заболувања - како може лечењето да ви помогне, Нов Јужен Велс, мај 2002. |Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите.|
fineweb-2
ГРАВЕ осигурување а.д. Скопје е дел од големото семејство Grazer Wechselseitige Versicherung AG со седиште во Грац и историја долга 180 години. Традицијата, стабилноста и довербата, со поглед во далечна иднина се основите на кои се гради успешното работење на ГРАВЕ во Македонија. ГРАВЕ осигурување а.д. Скопје е осигурително друштво кое има 100% сопствен капитал од Австрија, австриско осигурително друштво GRAZER WECHSELSEITIGE VERSICHERUNG AG (скр.GRAWE) од Грац и дозвола за работа во Македонија. Друштвото е основано со дозвола добиена од Министерство за финансии на Република Македонија, со решение број 11-18652/3од 15.01.2007 година и регистрација од Централен регистар на РМ број 30120070001886 од 14.02.2007 година. Во 2009 година, Друштвото изврши усогласување согласно Законот за супервизија на осигурување, кое се однесуваше на висината на гарантниот фонд и органите на управување. ГРАВЕ осигурување а.д. Скопје, е реосигурано преку матичната куќа кај германска реосигурителна компанија Münchener Rückversicherung-Gesellschaft од Минхен. Нашите најголеми предности се: меѓународен квалитет на производите, сигурна политика на вложување, а грижата за клиентите и нивните интереси е една од основните задачи на ГРАВЕ осигурување. Нашата осигурителна компанија е стабилна поддршка за иднината на нашите клиенти. Поради тоа, и целокупното работење на Друштвото се заснова на доверба и стабилност. Условите за работа на пазарот за осигурување и високата технологија на обработка превземена од основачот, прилагодени на нашите законски прописи, дава поголема сигурност дека во конкуренција со останатите осигурителни компании успешно ќе го наметнеме сопствениот начин и квалитет на работење! Плановите на ГРАВЕ осигурување се да ги проширува своите понуди во согласност со барањата и развојот на пазарот. Осигурувањето на живот е поврзано со дополнително осигурување од незгода како најзначаен производ прилагоден на потребите на корисниците. Безбедното осигурување за сите беше основниот мотив на основачот за основање на Друштвото, а и понатаму останува водечка идеја на сите вработени - до ден денес.
fineweb-2
Еколошка мода Еколошка мода или одржлива мода е дел од растечката филозофија за дизајн и тренд на еколошка одржливост, чија цел е да создаде систем кој бесконечно ке биде поддржан во однос на општествената одговроност и одговорноста на животната средина. Еколошката мода е дел од зголемениот тренд за одржлив дизајн, при што се зема во обзир општественото влијание и влијанието врз животната средина кое го има производот што е направен и произведен, во периодот на неговот времетраење, вклучувајки го остатоците од јаглерод. Според магазинот "Vogue" (мај 2007) се чини дека овој тренд нема да биде краткотраен, туку би можел да трае повеќе сезони. Екологистите го искажуваат својот став за модата во светот преку донација за добротворни цели од продажбата на производи. Денес модните дизајнери повторно ги воведуваат методите за еколошка свест преку користење на еколошки материјали и методите за општествена одговорност за производството. Постојан неколку организации кои работат за да ги зголемат можностите на дизајнерите на еколошка мода. "Националната асоцијација на дизајнери на одржливата мода" е една од овие организации. Целта на асоцијацијата е да им помогне на претпријатијата кои имаат растечки бизнис во модата, кои што создаваат општествени промени и ја почитуваат животната средина. Дизајнерите за еколошка мода обезбедуваат образование за три пати пониска цена, обука и пристап до алатките и материјалите учење во индустријата кои ја подобруваат креативноста, иновативноста и имаат големо влијание на бизнисот. Мисијата на организацијата е да направи промени во општеството преку бизнис кој е поврзан со модата и дизајнот и да обезбеди образование, обука и промени кои ке се транформираат во индустријата, како и да ја подобрат соработката, одржливоста и економскиот раст. Според непрофитната организација (НПО) – Earth Pledge која промовира и поддржува одржлив развој според која "најмалку 8 000 хемикалии се користат за суровите материјали да се претворат во текстил и 25% од пестицидите во светот се користат за да се произведе неоргански памук. Ова преизвикува непоправлива штета за луѓето и живоната средина, и сепак две третини од јаглеродот кој се наоѓа во облеката ке се појави откако ке се купи" Содржина Материјали[уреди | уреди извор] Постојат многу фактори кои влијаат на одржливоста на материјалот. Долготрајноста и изворот на влакното, процесот на претварање на суровите материјали во текстил, работните услови на луѓето кои ги произведуваат материјалите и целосниот остаток на јаглерод во материјалите. Природни влакна[уреди | уреди извор] Природни влакна се оние кои се создадени во природата и не се на база на нафта. Природните влакна можат да бидат поделени на две главни групи – целулоза или растителни влакна и протеини или животински влакна. Целулоза[уреди | уреди извор] Памукот е еден од најраспростанетите видови во светот кои растат со хемиски средства. Вообичаено, зрел памук користи околу 25 % од инсектицидите во светот и повеќе од 10 % од пестицидите во светот. Други влакна од целулоза се: јута, лен, коноп, абака, бамбус, соја, пченка, банана и ананас. Протеини[уреди | уреди извор] Производство[уреди | уреди извор] Рециклирани влакна[уреди | уреди извор] Рециклирани или обработени влакна се направени од одпадоци од ткаенина соберени од фабрики за производство на облека, кои повторно се преработуваат во пократки влакна за да се испредат во нова преѓа. Постојат само нколку уреди ( механики) во светот кои се способни да ги преработата исечоците и променливиот избор на мешавини од рециклираните памучни влакна на кои се става Пет преѓа за да ги зацврсти рециклираните памучни влакна и чистите акрилни влакна кои се додаваат за боја, густина и цврстина. Дизајнери[уреди | уреди извор] Дизајнерите велат дека ке се потрудат да ги вклучат овие одржливи и еколошки практики во модерната облека, наместо да произведуваат хипи облека. Еколошката мода типично е поскапа од облаката кој е направен по вообичаените методи, поради напорите што се превземени за да се намалат штетите, поради производството и поради испораката на призводите. Познатите личности, моделите и дизајнерите како што се Стела Мек Картни, Роган Грегори, Питер Ингверсен, Али Хјустон, Боно, Чарил Рос и Самер Окс неодамна го привлекоа вниманието за свеста за општеството и за еколошката мода. Модната недела во Портланд кој што промовира дизајнери на еколошка мода и облека уште од 2005 година, го привлече меѓународниот печат со напорите што ги прави за да се одржи модна недела која ке промовира дизајни кои се 100 % еколошки. Големиот број на славни личности од Холивуд се поврзани со еколошка мода, меѓу кои се: Натали Портман, Камерон Дијаз, Алиша Силверстоун, Адријан Гринер, Џенифер Анистон и Селма Хајек. Дискусија[уреди | уреди извор] Иако памукот остава големо количество јаглен при неговото одгледување и производство, органскиот памук се смета за поодржлив избор за ткаенина зато што нема отровни пестициди со уништувачко дејство ниту пак хемиски ѓубрива. Многу дизајнери почнале да експериментираат со бамбусови влакна, кои ги апсорбираат гасовите кои се наоѓаат во стаклената бавча во текот на нивниот животен циклуц и растат брзо и во изобилие без пестициди. Меѓутоа, ткаенината од бамбус може да биде штетна за животната средина, поради хемикалиите кои се употребени за да се создаде мека вискоза од тврд бамбус. Некои луѓе веруваат дека конопот е еден од најдобрите избори за еколошки ткаенини, поради неговото брзо растење, но во некои држави е нелегално да се сади. Овие податоци на рециклирана, обработена и типична ткаенина го прават изборот за одржливост, а суровите материјали не бараат одгледување или произведување да се направат. Од неодамна се појави друго решение за еколошката мода кое користи синтетички влакна со процесот наречен Воздушно боење – технологија која ја елиминира водата во текот на процесот на боење и печатење. Критичарите сеуште ги потенцираат хемикалиите кои што се користаа за производство на синтетички материјали. Овој метод значително ја намалјува употребата на вода и загадувањето додека памукот (органски или неоргански) користи огромна количина на вода во текот на фазите на растење и боење. Критичарите на еколошката мода дискутираат дека овој тренд единствено што бара е да се отфрли високата цена на луксузните производи а за тоа да се добие согласност од општеството. Друга поголема критика за еколошка мода е потенцијалот за постојано менување на модата, за да ги охрабри потрошувачите постојано да ја фрлаат облеката од претходната сезона и да купа облека од најновата мода.
fineweb-2
Љубовници од Верона Поезија од Предраг Луциќ, еКнига, на македонски. Превод од хрватски: Игор Исаковски. Првата целосна книга поезија на Предраг Луциќ претставува некои од истакнатите обележја на неговата, според многу нешта единствена поетика. By buying this product you can collect up to 5 loyalty points. Your cart will total 5 points that can be converted into a voucher of 5 ден..
fineweb-2
Не се гради кино на браЭата ћанаки и храм Д—в.ЌектариЉ ЅитолскиУ ||ќбЉавено на 20.03.2013 во 18:04 од | 11 прегледи Ѕитола, 20 март - ћинистерката за култура ≈лизабета анческа ћилевска и градоначалникот на општина Ѕитола ¬ладимир "алески денеска во Ѕитола ги промовираа проектите за изградба на 'рам посветен на заштитникот на градот Д—в.ЌектариЉ ЅитолскиУ, како и киното Д орзоУ на браЭата £анаки и ћилтон ћанаки за кое што веЭе е изготвен проектот. ћинистерството за култура дава целосна поддршка на проектот за изградба на храмот во чест на Д—вети ЌектариЉ ЅитолскиУ коЉ Эе се реализира во заштитената зона во непосредна близина на —аат кулата. ѕроектот е поддржан од митрополитот преспанско пелагониски и администратор австралиско Ц новозеландски. Дѕроектот произлегува од бараЬата на граГаните и е во координациЉа со ћакедонската православна црква. »зградбата на еден сакрален обЉект е од големо значеЬе за граГаните на Ѕитола и целата држава. ѕроектот за заштитно конзерваторски основи е завршен од Ќ" «авод и ћузеЉ и предаден на општината, изЉави анческа ћилевска. —огласно утврдената планска програма се планира површина за градба на верски обЉект со пропратни содржини и редефинираЬе на сообраЭаЉното решение во еден од наЉатрактивните и наЉвредните простори во централното градско подрачЉе, со утврдени насоки согласно заштитен режим со коЉ Эе се овозможи максимално зачувуваЬе на амбиенталните вредности на опфатот во рамките на утврдената споменичка целина. Ќовата црква нема да биде многу голема, но затоа Эе плени со своЉата убавина: ДНе ги побараме наЉдобрите маЉстори со наЉдобри материЉали, во срцето на градот да подигнат 'рам на нашиот заштитник, со што Эе придонесеме за надградба на духовното живееЬе во нашиот градУ, истакна "алески. ¬о наредниот период општина Ѕитола Эе го возобнови киното на браЭата ћанаки што се наоГало на Ўирок —окак во овоЉ град. —поред проектот поддржан од ћинистерството за култура и инотека на ћакедониЉа ликот на некогашното кино Д орзоУ Эе биде вратен со изградба на нов обЉект на старата локациЉа во коЉ Эе има постоЉана музеЉска поставка, архивски материЉал и фотографии, но и предмети од киното на браЭата ћилтон и £анаки ћанаки. Д—е радувам што Ѕитола повторно Эе го добие автентичниот изглед на киното на браЭата ћанаки во кое Эе има и музеЉска поставка со што светската Љавност и сите посетители што доаГаат во Ѕитола Эе може да се запознаат со творештвото на браЭата ћанаки и за се што тие направиле за ћакедониЉа и за светотУ, изЉави анческа ћилевска. «а иградба на киното Д орзоУ на браЭата ћанаки во првата фаза Эе бидат инвестирани 30 милиони денари средства од општинскиот буЯет, а изградбата Эе започне веднаш после локалните избори. Д–еализираме проект коЉ им го должиме на браЭата ћанаки, реконструкциЉа на киното што многу значело во минатото, но и денес. »маме детален урбанистички план, постои проект, тендерот е завршен, а веднаш по изборите почнуваме со реализациЉа на првата од трите фази за реконструкциЉа на киното на браЭата ћанаки кое освен што Эе го задржи оригиналниот изглед на фасадата, внатре Эе има наЉсовремена техника и технологиЉаУ, изЉави "алески. † © ZURNAL.mk †
fineweb-2
Една од нашите најдобри карактеристики е што креираме софтверски решенија кои лесно ги прилагодуваме кон потребите на нашите клиенти. Софтверското решение за фактури е прилагодено кон сите клиенти кои го користат. Тоа значи дека е прилагоден на голем број на разлилни клиенти како на пример : шпедиции, транспортни компании, компании за заштита на интелектуална сопственост, трговски фирми, туристички агенции и многу други. Ова решение го олеснува работењето во една компанија, во која до сега фактурите биле изработувани во класичните програми како MS Word, MS Excel и слично. Глобал Нет во моментот работи на нова веб апликација за фактури. Големата популарност на нашата десктоп апликација за финансиско работење односно изработка на фактури не мотивираше да почнеме со изработка на нова апликација која целосно ќе биде веб ориентирана. Со ова, нашите клиенти ќе можат своите фактури да ги прават преку интернет прелистувач и нема да зависат од оперативниот систем односно нема да бидат лимитирани само на Windows платформата. Истотака, со оваа апликација ќе бидат и поблиску до своите книговодители, кои ќе можат во реално време да ја пратат работата на своите клиенти. Доколку сте заинтересирани да се претплатите по одлична цена пред завршувањето на апликацијата може да не контактирате на нашата еmail адреса : Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Наскоро ќе ја објавиме и демо верзијата на апликацијата. Глобал Нет нуди можност за вработување на продажни агенти. Сите кои чувствуваат дека продажбата е предизвик и можност за одличен месечен приход, можат да се пријават на нашата email адреса - Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. наша тајна за успех Тајната на секоја успешна компанија е грижата за своите клиенти. Нашата мисија е да имаме задоволни клиенти преку креирање на соодветни ИТ решенија со кои ќе помогнеме во развојот и подобрување на квалитетот на услугите на нашите клеинти. Анализирајќи го бизнисот на клиентите се трудиме да направиме решение со кое ќе бидат задоволни, а воедно ќе им помогне во нивната секојдневна обврска. Кога зборуваме за клиенти, првенствно мислиме на вработените во компаниите, почнувајќи од менаџментот завршувајќи со секој вработен во таа компанија Прочитајте повеќе за можноста за соработка...
fineweb-2
eDnopmk Здраво дечки, нема да го тупам многу, стану збор за продавање на: Лајкови за фејс фан страници Претплати за фејс профили Споделувања на статии/слики на фејс Ју туб гледачи Ју туб претплати Ју туб лајкови Твитер следачи Твитер ретвитови Твитер твитови Посети на веб сајтови. Сето ова по најефтини цени, од 15-10 ЦЦ зависи од нарачката! Се извинувам за аматерски напишаната статија, но тоа е тоа. http://tinyurl.com/a6kcf7d - Нарачајте тука! Споделете, гласајте, и при нарачка добите попуст! Се во едно! [Ефтино и ново] http://www.erepublik.com/en/article/-[PHONE]/1/20 What is this?You are reading an article written by a citizen of eRepublik, an immersive multiplayer strategy game based on real life countries. Create your own character and help your country achieve its glory while establishing yourself as a war hero, renowned publisher or finance guru.
fineweb-2
Интернационалниот филмски фестивал во Торонто утревечер македонскиот филм "Мајки" на Милчо Манчевски ќе ја има својата светска премиера. Филмот е ставен во програмата "Специјални презентации" и ќе има три проекции, покрај премиерата на 12 септември, тој ќе биде прикажан и на 13 и на 18 септември. "Мајки" е направен во македонско-француско-бугарска копродукција. Овој филм на Манчевски, кој на свој начин се осврнува и на настаните поврзани со кичевскиот новинар Владо Танески, целосно е снимен во Македонија во текот на минатата година на локации во Скопје, Мариово, Кичево, Тетово и Гостивар. Постпродукцијата е завршена ова лето, и тоа во студијата во Париз, Лондон и во Минхен. Главните улоги во филмот ги играат: Ана Стојановска, Димитар Ѓорѓиевски, Владимир Јачев, Ратка Радмановиќ, Салаетин Билал, Диме Илиев и други, а за првпат се појавуваат и младите Емилија Стојковска и Милијана Богдановска. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, монтажата е на Жаклина Стојчевска, музиката е на Игор Василев - Новоградска, а еден од кастинг директорите е и Маја Младеновска. Дистрибутер на "Мајки" е "Манаки филм". "Мајки" на оригинален начин испреплетува вистински приказни за едно општество на небрежни и отсутни мајки, каде што децата кои беснеат со кредитни картички, набедуваат невини луѓе, каде што старците умираат сами и заборавени, каде што пензионираните чистачки се жртви на сериски силувања и убиства. Филмот е современа рефлексија на мрачниот свет на Достоевски." Додека мотото на неговиот нов филм е: "Вистина, само вистина и речиси ништо освен вистина." - Но "Мајки" најверојатно нема да биде достапен во кино салите за македонската публика. Еве што изјави Милчо: ,,За жал, како што сега стојат работите, ми се чини дека "Мајки" нема да има ниту филмска премиера, ниту прикажување во Македонија. Не сакаме да соучествуваме во прикривањето на геноцидот извршен врз кино мрежата во Македонија. Мислам дека треба да се знае и да обрне внимание на овој проблем. Во Скопје пред 30 години имаше 16, а сега има кино ипол. И што е уште пострашно, со кината работат и владеат партиски војници кои не му мислат добро на филмот. За нас е голема одлука "Мајки" да не го играме во Македонија, зашто сакаме да посочиме на фактот дека таму кино мрежата е уништена и физички и со тоа кои луѓе ја водат."
fineweb-2
Јанаки Манаки (с.Авдела, Костурско, 1878 - Солун. 1948), македонски фотограф од влашко потекло, снимател и пионер на филмот на Балканот. Во 1905 година во Битола (тогаш Манастир, Отоманска Империја), заедно со помладиот брат Милтон, го снимаат првиот балкански филм. Во нивна чест во Битола се одржува Меѓународен филмски фестивал "Браќа Манаки". Јанаки Манаки е роден во 1878 година, во малото село Авдела, во близина на градот Гравена (Костурско), во влашко (арумунско) имотно семејство. Родителите се занимаваат со сточарство, како и со финансиски трансакции (кредитирање), што ќе допринесе тие да го зголемат своето богатство. Основното училиште го завршува во родното место. Благосостојбата во семејството му овозможува да се школува во Романската гимназија во Битола, каде за време на школувањето покажува посебен интерес за цртање, калиграфија (убаво пишување) и фотографија. Времето поминато во Битола ќе остави трајни спомени и тој посебно го засакува градот во кој ги поминува своите младешки денови. По дипломирањето, во 1898 година, се вработува како учител по цртање и калиграфија во Романската гимназија во Јанина. Истовремено, добрата имотна состојба му овозможува да отвари фотографско атеље, каде што почнува професионално да се занимава со фотографија. Во дуќанот му помага и помалиот брат Милтон, кој љубовта кон коњите и таблата ја заменува со љубовта кон фотографскиот занает. Покрај уметничката фотографија тие ги бележат и историските настани кои во тоа време се редат како на филмска лента. Најновите истражувања укажуваат дека во 1903 година, Јанаки објавува серија илустрации во романскиот весник "Универзум" (Iniversul), од кои повеќето се репродукции направени според фотографии посветени на настаните за време на Илинденското востание. Иако, најчесто непотпишани од објективни причини, текстовите кои ги следат илустрациите, фактографски јасно и прецизно ги објаснуваат настаните, со повремени искажувања на симпатии за македонските востаниците. Непотпишаниот "воен репортер" од Македонија, кој се поврзува со името на Јанаки Манаки, јасно ги дефинира македонските востаници и прави разлика меѓу Бугари и Македонци. Зборувајќи за конфликтот меѓу членовите на ВМРО и Бугарите, авторот уште во извештаите од 1903 година прави разлика меѓу Македонци и Бугари. Како и да е, имајќи го во предвид фактот дека барем дел од фотографиите се направени од Јанаки и неговиот помал брат Милтон, нема да биде претерано доколку се каже дека тие биле истовремено првите воени репортери или пак само први воени фотографи од Македонија. Се до 1904 година, кога андартите го запалиле неговото родно село, Јанаки ги следи настаните на теренот и ја развива уметноста на фотографијата во овој регион. По уништувањето на нивното село, браќата заминуваат во Битола, каде купуваат празно дворно место на главната улица, позната како Широк-Сокак. Според сопствен проект, градат атеље, што им овозможува непречено времено продолжување на фотографската дејност. Во 1905 година, Јанаки се определува трајно да се насели во градот на својата младост. Тој го сели своето студио во Битола и заедно со братот Милтон, пред надлежните во градот, го регистрираат под име "Атеље за уметничка фотографија" како здружени сопственици, за разлика од Јанина каде тој се водел само на Јанаки. Во 1905 година, Битола е важен политички, економски и културен центар на Балканот. Јанаки, со истенчени чуства за пулсот на големиот град и историските моменти, го регистрира умирањето на старото и раѓањето на новото време. Во 1906 година, браќата Манаки учествуваат со фотографии на големата Светска изложба во Букурешт, Романија. Јанаки Манаки од Битола, Македонија, добива златен медел и "Диплома за фотографии и лица од Македонија" и сребрен медал со "Диплома за фотографии од влашки цркви во Македонија". Неговиот брат Милтон исто така за колекција фотографии бил добитник на златен медал и диплома. На покана на неговото Величество кралот Карл I, браќата Манаки одат во кралската летна резиденција во Синаја, каде биле назначени за официјални фотографи на кралското семејство. За време на посетата направиле фотографии на кралот Карл I и кралицата Елизабета. За време на Светската изложба во Букурешт и при посетата на кралскиот дворец има можност да се запознаее со филмската камера. Фасциниран од подвижната слика, Јанаки посетува неколку европски престолнини за да набави камера. Патувајќи за Париз, Јанаки прво застанува во Виена, а потоа на кратко се задржува во Лондон каде наидува на бараниот апарат. Тоа беше историски настан за него и Јанаки го купува тристотиот примерок од серијата "Биоскоп", произведен од компанијата "Charles Urban Trading". Оваа фамозна "камера 300" која Јанаки ја испраќа на брат му Милтон. во рацете на младиот вљубеник на фотографијата, се претвора во инструмент со историско значење. Од тој момент започнува историјата на балканската кинематографија. Додека Милтон Манаки снима во атељето, на терен или пак ги обработува фотографиите, дотогаш Јанаки, којшто е ликовно образован, се грижи за уметничкото водство и естетските вредности на нивните дела. Првите "подвижни слики", браќата Манаки ги прават во родното село Авдела. Тие ја овековечуваат нивната 114 годишна баба, Деспина, како ткае заедно со други ткаачки од селото. Со овој документарен филм, браќата го започнуваат огромниот богат кинематографски опус, кој е сведоштво на своето време. Како дворски фотографи на романскиот и турскиот двор тие заеднички регистрираат и документираат низа значајни настани, манифестации и личности од почетокот на XX –от век. Во текот на овој бурен историски период, тие ќе ги забележат не само познатите снимки на турските репресалии врз македонскиот народ по Илинденското востание, туку и прекрасни записи за народни обичаи, верски ритуали и прослави. Од нивната богата и плодотворна работа се зачувани повеќе материјали меѓу кои треба да се спомнат: "Влашкото училиште во Адела" или "Училиште на отворено' (1905), "Прославата на Ѓурѓовден", "Македонски ора", "Влашка свадба", "Македонска свадба во Битолско", "Репресии врз македонското население во Битола", "Прослава на Св. Кирил и Методиј" ([PHONE]), "Панаѓур кај Св. Недела во Битола и на други места"(1907), "Бесењето на Илинденци"(1908), "Посетата на султанот Мехмед Решад Петти во Солун и во Битола" (1911), "Романскиот министер Истрате ги посетува Битола, Гопеш и Рсен", "Посета на принцот Александар во Битола" и др. Иако во најголем дел се занимава со уметничка фотографија, Јанаки бил прогонуван од турските власти поради политички активности. Исто така, за време на Првата светска војна Јанаки бил прогонуван и апсен од бугарските окупаторски власти во 1916 година. Јанаки бил добро образован и со европски манири. Добро го владее францускиот јазик, што му овозможува да се движи меѓу дипломатскиот кор и културните кругови во Битола. За кусо време ја афирмирал фотографска работа во градот, така што браќата се здобиле со муштерии во сите слоеви на битолското општество, вклучувајќи ги и дипломатите. Покрај работата во фотографското атеље и снимањето со филмската камера, браќата Манаки се занимаваат и со киноприкажувачка дејност. Во 1921 година, Јанаки со братот го отвораат првото летно кино "Манаки" на Широк Сокак (битолското корзо), а на 26 август тие го прикажуваат првиот филм под отворено небо. Летното кино било времено решение, кое ни ги задоволувало потребите на браќата Манаки. Подоцна тие ќе изградат нова зграда во која првата кинопретстава ќе се одржи на 1 декември 1923 година. Киното работи со променлив успех и менува неколку сопственици, за да изгори до темел во 1939 година. Во 1935 година, Јанаки Манаки се преселува во Солун каде живее се до својата смрт во 1948 година. Зачуван е огромен фонд од фотографии и филмски материјали, кои во текот на својот живот сам или со неговиот брат Милтон ги создаваал. Делото на Јанаки Манаки, од кое блика конзистетна и естетски вредност, добива нови историски димензии и пртставува непроценлив придонес за македонската национална историја и култура, како и за културата и историјата на балканските народи, но, воопшто и за светската културната ризница.
fineweb-2
Почина модната дизајнерка Соња Рикел ВИДЕО Исповед на пожарникарот на кого во пожар му изгорело лицето Иднината на сексот е во роботите Одредени групите за Лигата на шампионите Тунтев: Спречивме уште една лудост на ВМРО-ДПМНЕ (ВИДЕО) Уште пет нови жртви извлечени од морето на плажа во јужна Англија Бајден: Северен поток 2 е лоша зделка за Европа Сведок: Власта подготвува нови 60 партиски судии и обвинители Индустриското производство лани се зголемило за 4,8 отсто во однос на 2103-та, соопшти Државниот завод за статистика. Опозицијата смета дека ова законско решение е антидемократско, не е транспарентно, и е спротивно на отчетноста во трошењето на парите на граѓаните. Изградбата на овој комплекс велат тие целосно ќе го уништи органското земјоделско производство Викендот без данок е воведен со цел да се поттикне потрошувачката и да се овозможи населението да се снабди по пониски цени, вели Шапуриќ. Од јануари до јуни годинава е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Германија. Просечната откупните цена е 8,5 денари за килограм.
fineweb-2
Платно Роман од Бенјамин Штајн, еКнига, на македонски. Превод од германски: Елизабета Линднер. Романот на особен начин се занимава со човековиот идентитет, со помнењето и потеклото; притоа нуди особено опширни информации за еврејската религија, мистика и култура, како и за религиозното секојдневие на Евреите. By buying this product you can collect up to 5 loyalty points. Your cart will total 5 points that can be converted into a voucher of 5 ден..
fineweb-2
Визија, Мисија, Вредности Визија и Мисија на Компанијата Претпријатието Даталаб е посветено на развој на ефикасен деловно инфирмационен систем PANTHEON, кој овозможува целокупно управување и преглед на сите деловни процеси во претпријатието. Брзи и точни информации се од суштинско значење значење за претпријатието, поради тоа што својата способност може да ја оддржат и развијат само со помош на информациона поддршка. PANTHEON е денес најдобар деловно-информационен систем од својот вид во регионот, но тука не застануваме. Наша крајна цел е да развиеме најдобар ERP систем во светот. Нашата мисија е со иновациите да обезбедиме квалитетен деловно информационен систем за сите, дури и за малите претпријатија. Наша желба е да им помогнеме на корисниците во развојот и реализација на стратегијата, и помош за оптимизација на работните процеси и со автоматизација на работните процеси да го зголемиме профитот. Вредности Посветени сме на својата работа Работата на деловно-информациониот систем директно влијае на преживување и конкурентност на нашите корисници. Поради тоа нашите задачи не ги сфаќаме лесно: знаеме дека цената на погрешните многу скапа. Напротив, нашата работа – развој на високо квалитетниот информационен систем, ја сфаќаме многу сериозно. Нашата работа подразбира прецизност Работиме со информациони техонологии каде што состојбата е или 1 или 0, што се одразува на нашиот однос со производот, или е завршен или не е во понуда. Половичност не толерираме. Посветеноста има огромна тежина во нашиот развој, поради тоа не бараме препреки, наместо тоа градиме стабилна програмска опрема. Одговорноста, која доаѓа со нашата работа, диктира прагматичност, а понекогаш и конзервативност. Тежиме кон прецизност – да не доцниме со реализацијата на новите верзии и исправки и се трудиме да ги испочитуваме роковите. Веруваме во отворена комуникација и размена на знаење Сфативме дека Share-knowledge, овозможува многу повеќе користи него кога ги криеме или ограничуваме. Од тие причини нашата структура на податоци е јавна, а пристапот до неа е бесплатен. Овој став го имаме и за соработка со клиентите и партнерите. Нашите грешки отворено ги признаваме, објавуваме и исправаме. Не ги криеме, поради тоа што развојот на програмската опрема е невозможен без грешки. Исто очекуваме од сите корисници, поради тоа што само тоа води до пониски трошоци на проектите и постигнување на целите. Веруваме, дека добрата соработка е клуч на успехот за опстанок, поради тоа што во денешно време компаниите, тешко може да планираат успех. Поради тоа изградивме многу блиска соработка, како со партнерите, така и со клиентите. Вработените се наше клучно богатство Се трудиме да оствариме пријатно работно окружување на нашите вработени како би го смалиле стресот, кој во информациониот сектор е неизбежен. Во нашата струка, 40 часа неделно е повеќе исклучок него правило, но тоа не важи за Даталаб. Вработените не сакаме да ги исцедиме со претерана работа и прекувремени часови, затоа што тоа директно влијае на пад на квалитетот на работата. Знаеме дека кога сме одморени, сме и покреативни. Од таа причина вработените ги охрабруваме на самостојно креативно размислување и активно учество во менаџментот на фирмата. Веруваме во учество на вработените во сопственоста на претпријатието и поделба на профитот со нив. Големо внимание придаваме на обуката и стручното усовршување на вработените. Со благодарение на константното усовршување, даваме се од себе да покрај употребата на најсоврмената техонологија на нашите вработени осигуруваме пристап на знаење, кое им е потребно. Нашите планови се долгорочни Се трудиме да ја видиме пошироката слика, а не само моменталните резултати. Вложуваме повеќе од 60 проценти од нашиот профит во равој, што јасно покажува значајот колку се грижиме за иднината. Исто така веруваме и во еко-економија во претпријатијата. Така, покрај профит, ги прифаќаме и сите други влијанија на окружувањето, во кое работиме. Дел од општествената одговорност е исто пружање помош и на оние, кои немаат можност за живот. Поради тоа, секоја година насочуваме дел од профитот и за хуманитарни настани и помагаме преку спонзорства на разни школски натпревари.
fineweb-2
Трговија со дрога ||Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. Трговијата со дрога (наркотрговија) претставува глобален црн пазар кој опфаќа одгледување, производство, дистрибуција и продажба на супстанци кои се забранети со закон. Повеќето земји ја забрануваат трговијата на многу видови дроги освен доколку за тоа не се поседува лиценца. Според извештај на ОН, во 2003 година, глобалната трговија со дрога остварила 321,6 милијарди американски долари. Истата година, со БДП од 36 милијарди американски долари, трговија со дрога може да се процени на нешто помалку од 1 процент од вкупната светска трговија. Користењето на дрога е распространето низ целиот свет. Содржина Историја[уреди | уреди извор] Оваа трговија се појавила како резултат на законите кои ја забранувале дрогата. Во Првата опиумска војна, кинеските власти го забраниле опиумот, но Обединетото Кралство ја присилило земјата да им дозволи на британските трговци да го продаваат опиумот на населението. Во 19 век, пушењето на опиум станало вообичаено поради зголемениот увоз од страна на британските трговци. Тргувањето со опиумот било мошне профитабилно (како што е случајот со хероинот денеска). Како резултат на ваквата трговија, два милиони Кинези станале зависници од дрога. Британската Круна (со договорите од Нанкинг и Тианјин) зела огромни суми на пари од кинеската влада преку оваа трговија која ја нарекла "надомест на штета". Мафиите ги имале насочиле своите активности кон коцкањето и кражбите се до 1920, кога организирале шверцување како одговор на забраната за дрога. Пример за спектакуларниот бунт на мафијата како резултат на Забраната е синдикатот на Ал Капоне кој владеел со Чикаго во 1920-те години. Официјалниот подем на трговијата со дрога започнал во 1954 година. Во 1979 година продажбата на дрога го достигнала својот врв. Законски казни[уреди | уреди извор] Во многу земји за шверцување на дрога се добива строга казна, вклучувајќи ја и смртната казна (на пример во Кина и Сингапур). Во 2010, две лица биле осудени на смрт во Малезија за незаконско внесување на 1 килограм канабис внатре во државата. Во САД, федералниот закон наложува минимална затворска казна од 1 до 3 години за престапници кои ке бидат осудени за прв пат. Трговијата со дрога е широко прифатена како најсериозен прекршок за разлика од останатите прекршоци поврзани со дрогата. Меѓутоа, казните често зависат од типот на дрога (и нејзината класификација во земјата во која се шверцува) и од тоа каде дрогата се продава и како се дистрибуира; на пример ако дрогата се продава или дистрибуира на малолетни лица, тогаш казните ке бидат поостри отколку да би станувала збор за други околности. Влијанието на трговијата со дрога врз општествата[уреди | уреди извор] Земјите во кои се произведува дрога се сметаат за најмногу погодени од светската трговија со дрога. Сепак, земјите во кои се внесува исто така се соочуваат со проблеми кои водат потекло од трговијата со дрога. На пример, Еквадор наводно примил 300.000 бегалци од Колумбија кои бегале од герилците, паравоени лица и "кралеви" на дрогата, вели Линда Хелфрих. Додека некои побарале азил, други се сеуште во илегала, а дрогата која поминува од Колумбија низ Еквадор до другите делови на Јужна Америка создава економски и социјални проблеми. Насилен криминал[уреди | уреди извор] Во многу земји низ светот нелегалната трговија со дрога се смета дека е директно поврзана со насилен криминал како што е убиството; ова особено е изразено во земјите од третиот свет, но исто така претставува проблем и во многу развиени земји низ светот. На пример, во доцните 1990-ти во САД, Федералното биро за истрага направило пресметка дека 5% од убиствата се поврзани со дрогата. Меѓутоа, откако властите на САД и Мексико презедоле остри мерки во првата декада од 21-от век (како дел од поострото погранично обезбедување по нападите на 11 септември), насилството долж границата на Мексико нагло се зголемило, а мексиканската влада проценила дека 90% од убиствата се поврзани со дрогата. Малолетниците и нелегалната трговија со дрога во САД[уреди | уреди извор] Според Националното истражување на владата на САД од 2005 година за употребата на дрогата и здравјето (НИУДЗ), околу 800,000 адолесценти низ земјата на возраст од 12 до 17 години продавале нелегални дроги во период од дванаесет месеци пред истражувањето; од кои некои признале дека знаат или дека се поврзани со други дилери на дрога низ земјата. Во Истражувањето за ризично однесување на младите од 2005 година спроведено од американските Центри за превенција и контрола на болести (ЦПКБ) се вели дека на 25,4% од учениците низ земјата некој им продавал, нудел или давал нелегална дрога на школскиот имот. Според истражувањата на Центрите за превенција и контрола на болести, распространетоста на нудење, продавање или давање на нелегална дрога на школски имот се движи од 15,5% до 38,7% (медијана 26,1%) и од 20,3% до 40% (медијана 29,4%) според локалните истражувања. И покрај седумте милијарди долари кои се трошат годишно за апсење и покрај водењето на истраги во 2005 година за скоро 800,000 луѓе низ земјата за прекршоци заради марихуана (Извештаи за криминал на ФБИ), федералниот извештај "Надгледување на иднината" известува дека околу 85% од гимназијалците сметаат дека до марихуаната 'лесно може да се дојде". Во суштина оваа цифра останала непроменета од 1975 година; во три декади на национални истражувања никогаш не паднала под 82,7%. Во 2009 година, Министерството за правда идентификувало повеќе од 200 градови во САД во кои мексикански картели одржувале мрежи за дистрибуција на дрога или снабдувале дистрибутери со дрога. Трговија на одредени дроги[уреди | уреди извор] Канабис[уреди | уреди извор] Додека рекреативната употреба (а со тоа и дистрибуцијата) на канабис е нелегална во повеќето земји низ светот, тој е достапен е на рецепт на многу места, вклучувајќи и некои држави во САД и Канада. Употребата на канабис се дозволува во некои подрачја, особено во Холандија. Алкохол[уреди | уреди извор] Во некои области во светот, главно во и околу Арапскиот полуостров, трговијата со алкохол е забранета со закон. На пример, Пакистан ја забранува трговијата поради големиот процент на муслиманско население. Исто така, Саудиска Арабија забранува во своето кралство да се увезува алкохол. Чист алкохол е исто така забранет во многу земји, како и течности со висока концентрација на алкохол чија дозволена граница варира од земја до земја, и која најчесто се мери во проценти или густина на течноста се мери во волумен или маса. Тутун[уреди | уреди извор] Додека набавката и употребата на тутунот е законска во речиси сите држави, а високите даноци во некои земји како што е Обединетото Кралство довеле до создавање на широк пазар за нелегална трговија. За разлика од легалниот процес на дистрибуција, при нелегална трговија добро позната марка на цигари може да биде продадена за една третина од малопродажната цена поради отсуството на даноци. Во 2004 година била направена пресметка дека шверцување на еден камион кој содржи 48,000 кутии цигари во САД може да донесе профит од околу 2 милиони американски долари. Тутнот кој се тргува нелегално најчесто претставува профит од други криминални дела како што се кражби при транспорт. Иако во повеќето меѓународни земји тутунот има легален статус, важен исклучок е Кралството Бутан каде што од декември 2004 година е нелегално да се продава тутун и оттогаш голема залиха на тутун е достапна на црниот пазар. Во 2006 година, тутунот и бетеловиот орев биле најчесто запленувани дроги во Бутан. Хероин[уреди | уреди извор] Хероинот бил шверцуван во САД и Европа од области како што е Златниот триаголник (Југоисточна Азија) и Авганистан кој моментално е најголем светски извозник на хероин. Во 2007 година 93% од опијатите на светскиот пазар потекнувале од Авганистан што довело до сума од околу 64 милијарди долари од кои една четвртина ја заработувале произведувачите на опиум, а остатокот службеници, бунтовници, воени водачи и шверцувачи на дрога. Според Управата за сузбивање на дрога, цената на хероинот обично се вреднува 8 до 10 пати повеќе отколку кокаинот на американските улици, со што претставува високо профитабилна супстанца за дилерите и шверцерите. Во Европа, на пример, (освен во земјите на транзит: Португалија и Холандија) грам уличен хероин, околу 700-800 мг светло до темно кафеав прашок содржи 5 - 10% основа на хероин, чини од 30 до 70 евра со што реалната вредност на грам чист хероин изнесува помеѓу 300 и 2,000 евра. Хероинот е препорачлив за шверцување и дистрибуција отколку непреработениот опиум бидејќи носи повеќе пари и има поголема моќ. Хероинот многу лесно се шверцува бидејќи мало четириаголно шишенце може да содржи стотици дози. Од 1930-те до раните 1970-ти години таканаречената Француска врска ја задоволувала побарувачката во САД. Наводно, за време на Виетнамската војна, "кралевите" на дрогата како што е Ајк Аткинсон шверцувале стотици килограми хероин во САД во мртовечки сандаци со мртви американски војници. Оттогаш станало уште потешко да се внесува дрога во САД отколку порано, но тоа не ги спречило шверцерите да го донесат хероинот на тлото на САД. Чистотата на хероинот зависи од регионот; во САД североисточните градови го имаат најчистиот хероин (според неодамна објавен извештај на УСД; Камиден и Њуарк во Њу Џерси како и Филаделфија го имаат најчистиот првокласен хероин во САД). Поврзано[уреди | уреди извор] Наводи[уреди | уреди извор] Надворешни врски[уреди | уреди извор] |"|
fineweb-2
За жал, нешто тргна наопаку Ова значи дека страницата што ја баравте веќе не е достапна, привремено не функционира или пак врската е прекината.. Проверете дали адресата што се обидовте да ја употребите е точна и правилно е напишана Разгледајте ги нашите најдобри понуди за резервирање евтин лет и поминете си убаво на одмор
fineweb-2
Ахмад Џанати Ајатолахот Ахмад Џанати (фарси -احمد جنتی), р. 1926 во Исфахан) е ирански политичар, државнок и духовен водач. Председател е на Гардискиот Совет, кој врши и нревизија на иранката исламска догма и ги утврудува различните кандидати за различни избори. Џанати влегува во советот од моментот кога е основан во 1980 и управува со него до 1988. Член е и на Советот на експерти. Ајатолахот Џанати има големо влијание на политиката на Иран. Тој често е споменуван и како духовен покровител на Махмуд Ахмадинеџад.
fineweb-2
Ахмед Зогу |Ахмед Зогу| |[[File:|frameless|alt=]]| |Наследник||италјанска инвазија Victor Emmanuel III of Italy |Придружник||Geraldine Apponyi| |Деца||Лека,принц на Албанија| |Татко||Кемал Паша Зогу| |Мајка||Садије Топтани| Содржина Биографија и рана политичка кариера[уреди | уреди извор] Ахмед Зоголи (оригинал, албански: Ahmet Muhtar Bey Zogolli) го сменил своето презиме во Зогу што на албански значи птица. Ахмед Зоголи е роден во Бургајетската тврдина во Албанија, како трет син на Кемал Паша Зоголи и Садије Топтани. Потекнува од семејство со голем феудален авторитет во Албанија, а татко му бил намесник на областа Мати. Неговата мајка Садије Топтани е потомка на сестрата на Скендербег. Ахмед Зогу се школувал во колеџот Галатасарај во Истанбул. За време на Првата светска војна Ахмед Зогу ја поддржал воената политика на Австро-Унгарија. Бил притворен во Виена во 1917 и 1918 и во Рим во 1918 и 1919, а во Албанија се вратил во 1919 година. Во Виена бил обожуван од жените, а со неговиот престој научил и многу за западниот стил на живот. Во 1920 станал лидер на најголемата реформистичка партија, а ја задржал функцијата претседател во Скадар. Власта ја презел во 1921 година, а бил министер за внатрешни работи и врховен командант на војската. Негови први ривали биле Фан Ноли и Луѓ Гуракуки. За време на неговото владеење опозицијата се организирала во Сојуз на опозицијата на чело со Авни Рустеми. Во 1924 година Авни Рустеми бил убиен, па опозицијата со вооружен напад ја презела власта и за лидер го поставиле Фан Ноли. Претседател на Албанија[уреди | уреди извор] Во 1925 година со помош на Кралството СХС Ахмед Зогу повторно ја презел власта во свои раце и се прогласил за претседател на Албанија. Претседател станал на 21 јануари 1925 година, а официјално функцијата ја презел на 1 февруари истата година. Тој се залагал државата да ја уреди по примерот на Италија, а во своето владеење го водел според западно европскиот модел на управување, но сепак во Албанија се чувствувале остатоците од Османлиската империја. Крал на Албанија[уреди | уреди извор] На 1 септември 1928 година Ахмед Зогу се прогласил за крал на Албанија како Зогу I. Тој прокламирал уставна монархија, а создал и силна полиција. Тој како национална парична единица ги вовел златните монети и скапоцените камења коишто се употребувале во Албанија пред воведувањето на банкнотите. Во текот на триесетите години во Албанија политичката состојба се стабилизирала, но во 1939 година на албанска територија се истовариле 30.000 италијански војници по што Ахмед Зогу избегал од Албанија, а земјата била окупирана од Италија. Животот во егзил[уреди | уреди извор] Ахмед Зогу најпрвин побегнал во Египет од каде што допловил до Велика Британија каде што со своето семејство живеел во Лондон, а извесно време во 1941 година и во Бакингемшир. По Велика Британија тој се преселил во САД каде што во 1951 година го купил имотот Нолвуд во Мутонтаун за $102,800, но многумина сметаат дека за 60-собниот имот како замок платил со вреќа полна со дијаманти и рубини. Во 1955 година тој го продал имотот.
fineweb-2
Протестантство |Дел од серијалот Христијанство Протестантството или протестантизмот е религиозно движење кое се одвоило од Римокатоличката црква во времето на Реформацијата во Европа во 16 век. Терминот за прв пат бил употребен во 1529 година од страна на Мартин Лутер како протест кон Римокатоличката црква. Називите протестант иил пак протестантизам произлегле од тоа што приврзаниците на германскиот монах Мартин Лутер вложиле протест во Рајхстагот во Шпајер во 1529 против одлуката на католичкото мнозинството со која се забранувале какви било промени во католичката црква. Главното мислење на Протестантската реформација од 16 век било да се исфрлат строгите правила и традиции на католичката црква и верниците да се концентрираат на Исусовото учење од новиот завет на Библијата наместо на Стариот Завет. Денеска, Протестантството претставува една од трите основни деноминации во христијанството. Од околу 2.100.000.000 христијански верници во светот, 580.000.000 се протестанти, што претставува околу 27%. Според некои теолози, секоја христијанска вероисповед, која не припаѓа на Римокатоличката или Православната црква, всушност е протестантско. Еден од првите протестантски реформатори бил свештеникот Јан Хус, професор по теологија, словен, кој живеел на територијата на денешна Чешка и кој станал маченик за верата во 1415 година. Хус поучувал дека Писмото е поважно од традициите. Протестантската реформација се проширила по цела Европа во 1517 година, кога друг католички свештеник и професор по теологија, Мартин Лутер, ја повикал на обнова католичката црква. Тој велел дека кога Библијата е во конфликт со црковните преданија, тогаш е потребно да се потчинуваме единствено на Библијата. Лутер изјавил дека црквата постапува неправилно со тоа што дава можност да се купуваат индулгенции (потврди за простени гревови) преку кои луѓето ќе можат да влезат во рајот. Тој исто така тврдел дека спасението единствено се добива преку верата во Христос, а не се "заработува" преку вршење добри дела. Денес протестантската реформација е распространета низ целиот свет. Како резултат на тоа се оформиле цркви, како што се лутеранската, методистичката, англиканската, а потоа и баптистичката, пентскостната и други. Евангелско протестантските цркви веруваат дека секој христијанин одговара за својот духовен живот н секој треба да ја чита и проучува Библијата. За ова убедување тие се потпираат врз учењето од Дела на Апостолите (17:11) каде што се вели: "Овие беа поблагородни од солунјаните; тие го примија словото со голема усрдност и секој ден го испитуваа Писмото, дали е тоа така. Библијата исто така нѝ зборува "да го скриеме" Божјото Слово во срцата, за да не му грешиме на Бога (Псалм 118 (119):11). Апостол Павле го пофалува Тимотеј, велејќи: "Бидејќи уште како мал ги знаеш Светите Писанија, што може да те направат мудар за спасение преку верата во Христа Исуса." (2 Тимотеј 3:15). Содржина Почеток[уреди | уреди извор] Повод за почеток на борбата за реформа на Католичката црква било повторното продавање на индулгенции, наводно за прибирање средства за доградба на црквата Св. Петар во Рим. Творец и водач на реформацијата во Германија бил Мартин Лутер ([PHONE] г. ), професор по Богословија на Универзитетот во Витемберг. Во 1517 г. на вратата на Витембершката црква ги истакнал своите "95 тези", според кои тој барал Евангелието да биде основен извор на христијанската вера, црквата да биде скромна, да нема многу празници, црковните обреди да се изведуваат на народен јазик, а не на латински (ја превел Библијата), свештениците да се свртат кон народот, а не кон трупање на богатство, и да им се даде право на женидба. Движењето било наречено "Лутеранство", според неговото име. За истапувањето на Лутер против Католичката црква и против папата се расчуло низ цела Германија и тој стекнал многу приврзаници од сите слоеви на населението. Протестантски правци[уреди | уреди извор] Протестантството односно протестантската реформација се развила во три правци: - Лутеранство - во Германија, Скандинавија и централна Европа - Калвинизам - во Швајцарија, Франција, Холандија и Шкотска - Англиканство - во Англија Лутеранство[уреди | уреди извор] Во Германија, ова движење било поткрепено од страна на германските кнезови, но дури по Вестфалскиот договор во 1648 година, со кој договор завршила Триесетгодишната војна, лутераните добиле еднакви права како католиците. Како основач на лутеранството се смета Мартин Лутер. Лутеранството започнало како обид за реформирање на Римокатоличката црква. Мартин Лутер под отворено небо се спротивставил на Римокатоличката црква. Лутер ја превел Библијата на германски јазик, го објаснил библиското учење за спасувањето преку вербата, изложено од страна на Апостол Павле, и проповедал теологија, центрирана околу личноста на Господ Исус Христос. Неговите трудови станале основа за натамошниот развој на реформацијата. Калвинизам[уреди | уреди извор] Во Швајцарија, реформацијата била распространета најпрвин во Цирих во 1516 година преку Улрих Цвингли. Според него, реформацијата имала национален карактер, и како таква, тој сметал дека секуларната власт нема право да се меша во работите на црквата. Во текот на 1528 година го напишал Коментарот околу правната и лажната религија, а следната 1529 година во Марбург заедно со Лутер дискутирале околу суштината на евхаристијата, држејќи на тоа дека Христос е присутен само духовно и симболички. Во 1531 година алијансата на Улрих Цвингли подготвила штрајк со глад против католичката црква, меѓутоа обидот бил без успех бидејќи движењето не било доволно подготвено во Цирих. Улрих Цвингли бил убиен на возраст од 47 години. Жан Калвин, протеран од Франција, заминал во Швајцарија и Женева ја претворил во град-црква. Во 1536 година, тој ја објавил книгата Институции на христијанската религија, во која ги прецизирал разликите помеѓу својата и протестантската теологија. Тој признал само две тајни: крштевање и евхаријстија. Тој ги одбил концепциите на Цвингли во врска со симболичките вредности на евхаристичкото учење, зборувал во врска со градот Божји односно околу црковната организација и дисциплина. Англиканство[уреди | уреди извор] Црквата на Англија или Англиканската црква е официјална христијанска црква во Англија и мајка-црква на англиканските цркви ширум светот. Обичаите и литургијата во Англиската црква се засноваат на постарите католички традиции, но се осовременети под влијанието на Реформацијата. Црквата на Англија се смета себеси и за католичка и за реформирана (протестантска): католичка е бидејќи смета на својот континуитет од апостолските и средновековните времиња и се потпира на најраните учења на првите црковни татковци, особено на Апостолскиот, Никејскиот и Атанасијскиот Завет. Покрај тоа, таа е и реформирана бидејќи го примила влијанието на некои доктринарни принципи од Реформацијата од 16 век. Ова се гледа од 39-те прописи воспоставени од кралицата Елизабета I како дел од помирувањето на религијата во Англија. Католицизмот бил повторно воспоставен под власта на Мери I, но Елизабета била протестантка, па според тоа се залагала за создавање на протестанска црква. Со таа цел во 1559г. парламентот расправал за реформските акти и за создавањето на протестанската црква. Реформскиот акт предвидувал службата во црквата да се врши спротивно од римо-католичката, се исклучувало читањето на името на папата и се предвидувало свештениците да не ја носат црната одора на католичките свештеници. На протестанските свештеници им се дозволувало да стапуваат во брак, се забранувале слики во црквите и се признавала Елизабета како Врховен управник на црквата на Англија. Актот се соочувал со голем отпор во Горниот дом како и од католичките бискупи кои гласале против него. Па така во многу го измениле актот, додавајќи ја римокатоличката служба како легална во сите цркви и одбиле да ја признаат Елизабета за врховен управник на Англиканската црква. По празнувањето на Велигден парламентот продолжил со работата и се расправало за двата нови акта кои ги има предложено владата, Актот за врховна власт и Актот за униформност. Првиот акт ја потврдил Елизабета како врховен управник на Англиканската црква. Врховен Гувернер била поприкладна титула што фактички ја направило Елизабета врховен господар на црквата, без притоа да ѝ пишува титуларно. Ова било многу важно бидејќи луѓето во XVI век едноставно не можеле да прифатат една жена да биде главна на црквата во некоја држава. Вториот едикт, Актот за униформност, требало попретпазливо да се донесе, за разлика од остатокот од реформацијата на политичкиот и религиозниот живот во Англија. Предвидувал строги закони за католиците, се исклучувало името на папата од црковните служби и се дозволувала и протестанската и римокатоличката литургија во црквите. По распуштањето на парламентот Елизабета заедно со Вилијам Сесил донеле редица на закони познати како Кралски налози. Тие доаѓале нешто како продолжеток на религиозната реформа и се однесувале на католиците, се забранувала римокатоличката свештеничка облека, се забранувала употребата на лебот во црковната служба и др. Во окрузите низ кралството каде доминантно било католичко население постоело одредено негодување кон реформите, па така што одредени измени биле неопходно вметнати со што послужиле за полесно официјално прифаќање од сите поданици на кралството. Елизабета никогаш не ја сменила религиозната нагодба и покрај жестоките протести од страна на протестантите (пред сѐ од пуританците), со што основата на денешната Англиканска црква потекнува токму од религиската нагодба од 1559 година. Црквата на Англија се осамостоила од католичката во времето на Хенри VIII, и оттогаш англискиот монарх го назначува Архиепископот од Кентербери кој е поглавар на црквата. Анабаптизам[уреди | уреди извор] Анабаптизмот претставува третото движење во протестантството. Неговите наследници сметале дека црквата е составена од личности, кои вистински го преживеале Исус Христос. Тие се спротиставувале на идејата за вистинско постоење на црквата како религиозна институција, туку држеле на личната врска со Бог преку Светиот Дух. Поради ова, тие сметале дека човек треба да биде крстен во вода откако ќе се запознае со својата вера и во овој контекс тие биле најрадикални. Анабаптистите го отфрлаат носењето на свадбени прстени, или пак учеството во државното управување. Како еден од основачите на Анабаптизмот се смета Томас Минцер. Тој бил предводник на т.н. Селанска војна кога околу 100.000 селани заедно со Минцер биле убиени. Баптизам[уреди | уреди извор] Баптистите претставуваат протестантски христијани кои сметаат дека за да еден христијанин биде крстен, тој најпрвин треба да биде пораснет верник. Почетоците на Баптистичката црква се во Велика Британија и САД. Денеска претставуваат една од најголемите протестантски заедници. Од редовите на на баптистите бил и Мартин Лутер Кинг. Според статистичките податоци кои ги објавил баптистичкиот статистички завод, во светот има околу 90.000.000 верници. Оваа верска заедница била основана од страна на Џон Смит, кој живеел во прогонство во Амстердам. Најпрвин Смит сметал дека која било форма на читање од книга за време на молитва е измислица на грешниот човек. Затоа баптистите денеска ја отфрлаат литургијата, молитвата, пеењето и проповедањето бидејќи истите морало да бидат целосно спонтани. Смит одел дотаму што не дозволувал читање на Светото Писмо за време на клањање. Ова произлегува од неговото верување дека клањањето требало да биде по наредба на Светиот Дух. Смит го измислил двостепениот поредок во црквата, пастор и ѓакон, за разлика од Реформистите кои имале тристепен поредок. Со своите нови гледишта за крштението, кај него се појавила голема загриженост. Тој и неговите следбеници биле крстени како деца, а тоа не им пасувало на учењето. Затоа извршиле ново крштение. Тие биле првите верници на ова движење, па не постоел некој да го изведува крштевањето. Смит решил да се крсти самиот, и го сторил тоа, а потоа почнал да ги крштева и своите следбеници. Првата баптистичка црква била основана во 1612 година, кога Смит се вратил во Англија, и кога ова движење зазело голем замав во времето на династија Стјуард. Според некои, Баптистите се произлезени од Анабаптистите. Голем број на баптисти се поврзуваат со политичките настани од 17 век. Тие биле предводници за религиозната слобода помеѓу верите. Во текот на населувањето на Америка, голем дел од баптистите заминале во САД каде основале баптистички цркви. Во тоа време се одвоила и баптистичката секта позната под името Баптисти од седмиот ден. Во текот на 18 век, баптизмот паднал под притисок на унитаризмот. Методизам[уреди | уреди извор] Методизмот претставува деноинација во христијанството, движење во рамките на Англиканската црква. Првата Методистичка црква била основана во 1784 година во САД. Соединетите Американски Држави биле формирани една година порано и претставуваат прва модерна држава каде што црквата е одделена од државата. Првичната намера не била да се основа нова црква. Англиканскиот проповедник Џон Веслеј ([PHONE]) бил длабоко погоден од сиромаштијата во Англија, која земала се поголем замав во 18 век. Тој се смета и за основач на Методизмот. Почетокот на индустриската револуција предизвикала огромни социјални проблеми (невработеност, голема експлотација на возрасните, злоупотреба на детскиот труд, алкохолизам итн). Заедно со неколку истомисленици, Џон Веслеј формирал движење во рамките на Англиканската црква, кои се залагала за овие луѓе и за нивните проблеми. На луѓето кои го предводат оваа движење им го даваат прекарот "методисти", затоа што се одликувале со еден дисциплинарен начин на живеење (секојдневно читање на Библија, постојана молитва, постење, служење на другите итн). Со тек на времето, сè повеќе луѓе започнале да емигрираат од Англија во Америка. Методистичкото движење се проширило на новиот континент. Со независноста на САД, Англиканската црква се повлекла од колониите и останала под патронство на Англиската црква. Методистичката црква не се издигнува со разликите во учењето, туку заради духовната потреба на луѓето дојдени во новата замја. Методистичката црква го задржила учењето и начинот на Боголужба како Англиканската црква, иако и двете скратувале или додавале нешта кои се неопходни за да се следат промените кои настануваат во модерниот свет. Денес Евангелско-методистичката црква е распространета ширум светот и брои околу 70 милиони членови . Иако Методизмот не е истовремено појавен со Реформацијата, сепак спаѓа во редот на протестанските цркви и исповеда заедничко верување, чија основа е љубовта Божја кон сите луѓе и Неговото безусловно прифаќање на грешната природа на човекот. Евангелизам[уреди | уреди извор] Евангелизамот или евангелско протестантство денеска претставува доминантно движење во рамките на протестантството според бројот на верници. Во текот на 18 век, како евангелисти биле познати и оние кои биле наклонети кон Англиканската црква, како и оние ја поддржувале истата. Ова движење било основано во Велика Британија во 1730-тите, и се здобило со голема популарност во САД во текот на 18 и 19 век. Англиските евангелисти најмногу внимание оддаваат на значењето на Светото Писмо, потребата од зачувување на верата, на високиот морал. Во Америка, во текот на 19 век, поимот евангелизам се однесувал на оние цркви кои го застапувале идеите на ревивализамот. Се смета дека оние цркви имаат многу заедничко и нивните лидери се надевале дека еден ден ќе се создаде можност за обединување на оваа црква преку која Америка ќе стане христијанска земја. Карактеристики[уреди | уреди извор] Протестантите се христијани, кои претставуваат една од неколкуте низависни христијански цркви. Протестантите го применуваат Ннкејскиот симбол на верата, донесен на Првиот црковен собор во 325 година. Сите тие веруваат во смртта, погребувањето и воскресението на Исус Христос, во Неговата божественост и во Неговото второ доаѓање. Сите тие ја користат Библијата како Божјо слово и се согласуваат во тоа дека покајанието и верата се неопходни, за да се има вечен живот и за да се избегне пеколот. Според податоците од агенцијата "Операција Свет" во целиот свет има околу 600 милиони протестанти. Протестантите, пред сè го ценат авторитетот на Библијата и секој има право да ја проучува, според одредени правила. Православните и католиците најмногу ги ценат своите преданија и веруваат дека само свештениците во тие цркви можат правилно да ја толкуваат Библијата. Основните разлики меѓу овие три конфесии ги носат корените на основоположната политура на мислење. Сите заедно, без разлика на нивните разединувања, се согласуваат со Христовата молитва запишана во Евангелието според Јован (17): "Не се молам за сиот свет, туку за оние што си Ми ги дал; зашто се Твои." Разлики помеѓу црквата[уреди | уреди извор] - Протестантите не се противставуваат на крстните изработки. Протестанските и католичките цркви за разлика од православните, претпочитаат да корастат едноставен крст. - Протестантите и католиците веруваат дека иконостасите ја симболизираат завесата која ги одделувала луѓето од најсветото место во Ерусалимскиот храм. Тие сметаат дека кога Бог ја раскинал завесата на две во моментот на Исусовата смрт (Матеј 27:51), тогаш тој самиот кажал дека човештвото повеќе не е одделено, благодарение на крвта која ја пролеал Исус за да ги прости гревовите. - Протестантите веруваат во тоа дека богослужбата се осветува не од местото на проповедање, не од зградата, туку од Христовото присуство меѓу верниците. Библијата според нив исто така вели дека како Божји храм се јавуваат христијаните, а не зградите: "Не знаете ли вие дека сте Божји храм, и дека Божјиот Дух живее во вас?" (1 Коринќани 3:16). Според Библијата, првите христијани држеле служби на многу различни места: во училишта (Дела 19:9), во еврејски синагоги (Дела 18:4, 26; 19:8), во еврејскн храмови (Дела 3:1) и во приватни домови (Дела 2:46, 5:42, 18:7; Филемон 1:2,18:7; Колошани 4:15; Римјаните 16:5 и 1Коринќани 16:19). - Повеќето протестанти сметаат дека децата по смртта веднаш одат во рајот. Исто така, тие веруваат во библиското тврдење дека на крштавањето мора да му претходи покајание (Дела 2:3). Тие своето убедување го темелат врз 2 Царства (12:23), каде што е опишана смртта на синот на цар Давид од Бетшеба. Давид тврдел дека ќе дојде време кога тој ќе го види својот син на небото. Ова верување го тврдат најмногу поради тоа што во Библијата, се велело дека децата не знаат за добро и зло (2 Царства 1:39). Исус рекол: "Оставете ги децата и не пречете им да доаѓаат при Мене, зашто на таквите им припаѓа небесното царство (Матеј 19:14). Протестантите сметаат дека во Библијата нема ниту еден случај на крштевање на бебе, а и Исус чекал за своето крштевање до 30-та година. - Христијаните протестанти сметаат дека Десетте заповеди (2 Мојсеева) забрануваат да се изработуваат ликови за поклонување: "Не прави за себе идол, ниту каква слика на она што е горе на небото, што е долу на земјата и што е во водата под земјата." Во 3 Мојсеева (26:1) според нив, е запишано: "Не правете ракотворнн ликови ни делкани и не издигајте столб и не поставувајте во земјата камења со знаци, за да им се поклонувате, зашто Јас сум Господ вашиот Бог." - Протестантите претпочитаат да го следат Исус. Евангелските верници велат дека во Писмото нема примери каде што некој се моли на Марија или на светци. Тие сметаат дека Библијата забранува да човекот се моли на човек, кој починал: "Да не се најде човек пред тебе што повикува мртви.5 Мојсеева (18:10-12)". Евангелско - протестантските цркви сметаат дека Марија била прекрасен пример на христијанска послушност спрема Бог и дека останала девица сѐ додека не се родил Исус. Докази во врска со тоа го наведуваат Евангелието според Матеј (1:25), каде се зборува дека нејзиниот сопруг Јосиф не ја спознал (не спиел со неа) сѐ додека не го родила својот Син првенец, а во други стихови од Библијата се спомнуваат браќата и сестрите на Исус (Матеј 12:46,13:55-5; Марко 3:31; Јован 2:12, 7:3). Евангелско - протестантските цркви не веруваат дека Марија била безгрешна, бидејќи во Евангелието според Лука (1:47) таа го нарекува Господ свој Спасител, според тоа не би ѝ бил потребен Спасител, ако била безгршна. - Протестантите ги применуваат повеќето поставени историски црковни собори, но не ги сметаат за безгрешни. Таквото однесување е втемелено врз фактот дека некои одлуки кои се донесени на двата последни Никејски собори си противречат едни на други во врска со иконите. На првиот донесен во 754 година, користењето на икони било забрането, а на вториот донесен во 787 година, било решено дека користењето на икони е неопходно. Протестантите ги применуваат решенијата на Соборите само тогаш кога тие се во согласност со учењето на Библијата. - Протестантите не веруваат дека во моштите на светците има некаква посебна сила, бидејќи Библијата не учела за ова. Протестантите сметаат дека случајот со коските на Елисеј, преку кои воскреснал мртовец (4 Царства 13:21), не било ништо друго освен исполнување на Божјото ветување дадено на Елисеј, а тоа е дека Елисеј ќе има двојно поголемо помазание од она на Илија (4 Цараства 2:9). Чудата кои се случиле по смртта на Елисеј двојно ги преминало чудата направени од Илија. Протестантите сметаат дека Библијата нема други укажувања за тоа дека христијаните треба да ги почитуваат телата на умрените, затоа и не постапуваат така. Поврзано[уреди | уреди извор] Наводи[уреди | уреди извор] - "Protestantism." Encyclopædia Britannica Online. 15 Nov. 2010 <http://www.britannica.com/topic/479892/Protestantism>. - "The History of the Church of England". The Archbishops' Council of the Church of England. 24 мај 2006 г. - http://www.cofe.anglican.org/about/churchlawlegis/canons/church.pdf - http://www.cofe.anglican.org/about/churchlawlegis/canons/church.pdf - "About The Methodist Church". Methodist Central Hall Westminster. 31 декември 2007 г. [мртва врска] - "American Holiness Movement". Finding Your Way, Inc. http://mb-soft.com/believe/text/holiness.htm. 31 декември 2007 г. - An introduction to world Methodism. Cambridge University Press. 31 декември 2007 г. - "What We Believe – Founder of the United Methodist Church". United Methodist Church of Whitefish Bay. 1 август 2007 г.
fineweb-2
Самоубиствениот бомбашки напад во Знаменское се случил на 12 мај2003 година во Знаменское, Чеченија кога три бомбаши самоубијци, вклучувајќи две жени, возејќи во камион бомба удриле во административната зграда на локалната самоуправа и на федералната служба за безбедност на Руската Федерација. Во нападот загинале најмалку 50 луѓе, а биле повредени околу 200, главно цивили. Чеченските сепаратисти биле обвинети за нападот, но формалните обвиненија никогаш не биле докажани.
fineweb-2
Се расчистува маглата за околностите во кои премиерот Никола Груевски отпатува за САД и се сретна со американскиот потпретседател Џо Бајден. Во регистарот на лобистички договори што го води американското Министерство за правда достапен е нов факт, кој е на трагата на одговорот на прашањето – како навистина Груевски беше на средба во Белата куќа. Станува збор за нов договор на ВМРО-ДПМНЕ со нова лоби-компанија од САД, чиј основач е Том Дешл, поранешен сенатор и конгресмен од редовите на Демократската партија. Дешл е сопартиец и поранешен колега на Бајден во Сенатот. Но, не само тоа – во договорот јасно пишува дека фирмата на Дешл, од името на ВМРО-ДПМНЕ, ќе работи на организирање посета на премиерот Груевски на САД и на негови средби со високи претставници на американската администрација, а меѓу директните таргети се спомнува токму потпретседателот Бајден. Една од задачите што ја презела лоби-компанијата била во контактите со администрацијата и други креатори на политиката и јавното мислење во Вашингтон да ја испрати пораката дека скандалот со прислушувањето "не значи прекршување на принципот на владеење на правото". Договорот има важност од шест месеци, почнувајќи од први ноември минатата година, а услугите на "Дешл груп" ја чинат ВМРО-ДПМНЕ месечно по 49.500 американски долари.Паралелно со овој, ВМРО-ДПМНЕ има активен договор со уште една лоби-компанија од САД, "Њу партнерс", за што плаќа по 54.000 долари месечно. Амбасадата на САД соопшти дека средбата Бајден-Груевски била на барање на македонскиот премиер, а Груевски изјави дека прашањето кој ја организирал средбата нема суштинско значење.Неофицијално, американската амбасада не била вклучена во организацијата на посетата на Груевски, а Стејт департментот дал негативно мислење и бил против средба Бајден-Груевски.
fineweb-2
Daniel Wolpert: Даниел Волперт: Вистинската причина за постоењето на мозокот Неврологот Даниел Волперт тргнува од една изненадувачка премиса: мозокот еволуирал, не за да мисли или за да чувствува, туку за да ги контролира движењата. Во овој забавен и богат со податоци говор тој ни дава поглед кон тоа како мозокот ја создава елегантноста и агилноста на човечкото движење.
fineweb-2
Ric Elias: Рик Елијас: Три работи кои ги научив кога се сруши мојот авион Рик Елијас седел во првиот ред на Летот 1549, авионот кој се сруши во реката Хадсон во Њујорк, во јануари 2009 година. Што сè му минало низ главата додека авионот паѓал надолу? Na TED, за прв пат јавно тој ја раскажува својата приказна. This talk was presented at an official TED conference, and was featured by our editors on the home page.
fineweb-2
Античката грчка наука и философија не се имаат јавено без какво и да е влијание однадвор. Тие се надоврзале на достигнувањата на источните народи, главно на Египет и Вавилон, со кои одржувале постојани трговски и други врски. Таму биле развиени науките, пред се' математиката и астрономијата. Таму било издигнато на завидна висина земјоделството и градењето на огромни мрежи од канали за користење на водите од Нил, Тигар и Еуфрат. Во Египет и Вавилон на високо ниво се развиле занаетите за изработка на разни предмети на метал, глина и ткаенини. Таму, исто така, доста се развиле уметностите, особено градежничката, ликовната и литературната. Грците од антиката, т.е. од 8-иот век п.н.е. до 2-иот век од н.е. и понатаму до пропаста на Рим до 5-иот век од н.е. се појавиле на историската сцена. Грците живееле на скудна почва, па за својот помин биле упатувани на морето и морепловството, за чиј развиток разгранетото грчко копно давало речиси идеални можности. Се граделе бродови се развивале разни занаети, а земјоделството давало производи со кои се тргувало внатре во Грција, а уште повеќе со други земји. Патувајќи од едниот крај на тогаш познатиот свет, во друг тие се среќавале со разни народи, се запознавале со нивните верувања, обичаи и сфаќања поинакви од своите, ги споредувале и се' повеќе се убедувале во нивното релативно значење, во тоа дека тие се човекова творба. Оттука е разбирливо што Грците развиле поинакви форми на општествено-политички односи. Наместо пространите деспотии се зацврстиле градовите - држави наречени полис. Највисок степен на развиток грчката култура достигнала во Атина, во времето на Перикле (средината на 5-иот век п.н.е. ), кога робовладетелската демократија достигнала најпотполн развиток. Тоа бил златниот век на античката уметност и философија, како своевиден израз на античката демократија, кога слободните граѓани располагале со политички права и моќ дотогаш невидени. Демократијата тогаш условувала воспитание и образование за постојан остар натпревар во сите области од јавниот живот, конкуренција на сили и способности.
fineweb-2
Роден и образован во Париз, Мишел Черефков студирал право, кога после една посета на неговата сестра која работи како манекенка во Њујорк, тотално му се променил патот кон неговата кариера и решил да започне да се занимава со комерцијална фотографија. Незаситната љубопитност на Мишел за уметничките облици, во комбинација со неговиот инстинкт и потреба за експериментирање, резултирало во фотографии, кои тој ги опишува како "искривена реалност".Неговата работа била инспирирана од свиткан лист, кој Черефков го забележал и му заличел на чевел. Од оваа идеја, била родена неговата фотографска серија "Shoe Fleur" (Цветни чевли). Тој првин ги фотографирал поединечно цвеќињата и листовите во неговото студио во Менхетен, а потоа користел Фотошоп за да ги соедини елементите во една целина и да создаде надреални чевли. Во врска со неговата фото-серија Мишел вели: "Ги купив сите овие цвеќиња и листови и почнав да фотографирам. Беше многу забавно и убаво и испадна токму како што сакав – тотална фантазија".
fineweb-2
Разно категорија ги вклучува содржини од различни сфери на животот. Овде можете да најдете совети за спорт, пари, уметност ... Кои се здравствени придобивки од брзо одење, рекреација терапија, комуникација и различни интереси. --------------------------------------------------------- Купување облека преку интернет Во интернет купување денес е сè повеќе распространет и популарен. На интернет може да се купи речиси се што ви треба. Во интернет купување денес е сè повеќе распространет и популарен. На интернет може да се купи речиси се што ви треба. Наједноставниот е да се купи брендови и дизајнер облека која не е достапна во вашата околина, исто така, често се јавуваат во онлајн попусти и поевтини цени. Преку интернет, се разбира, нуди многу поголем избор на облека, најверојатно, нема да се случи во градот ќе видите некој носи истиот фустан што неодамна нарача преку интернет. Тоа е добро пред да го купат готови да се учат на броеви, особено ако за стока од САД, со цел да се избегне парче на стока не реагираат, иако тој всушност зборува за вашиот стандард прашање. Мора да се внимава, и многу сум заборавил, бидејќи тие донесе ниски цени, тоа е стока подлежи на ДДВ и царина. Кога сте ги додале цената на поштарина, пресметките често се разликуваат од почетната цена.
fineweb-2
Состојба на материјата Состојба на материјата или агрегатна состојба — густината на супстанцијата. При обичните еднакви надворешни физички услови супстанциите ги среќаваме во три состојби: цврста, течна и гасовита. Плазмата се смета за четврта состојба. Состојбата на материјата при исти надворешни услови зависи од релативната молекулска маса, како и од структурата на молекулите и типот на меѓумолекулски заемодејства во супстанцијата. Една иста супстанција при нормални услови се наоѓа во една или истовремено во две состојби. На пример, воздухот е само во гасовита состојба, а водата во течна и гасовита состојба. Јонските супстанции при собна температура се во цврста состојба, додека ковалентните се среќаваат во сите три. Секоја супстанција или тело на погоден начин, со промена на физичките услови, може по потреба да се претвора од една во друга состојба. Една состојба значи само една од фазите низ кои поминува дадено тело при премините од тврда преку течна до гасовита состојба или обратно. Секоја преобразба од една во друга фаза (состојба) се нарекува фазен премин. Цврста состојба[уреди | уреди извор] Супстанциите во оваа состојба имаат и сопствена форма и сопствен волумен. Меѓутоа, некои од нив имаат правилна внатрешна градба, а некои, иако имаат правилна надворешна форма, немаат правилна внатрешна градба. Цврстите супстанции со правилна внатрешна градба се нарекуваат кристали, додека оние без правилна градба се аморфни. Кај последниве постои всушност само средена структура во мал дел од супстанцијата. Тие се поретки од кристалните. Молекулите кај цврстите тела се држат меѓусебе со Ван дер Валсови сили или со водородна врска. Течна состојба[уреди | уреди извор] Супстанциите во оваа состојба имаат сопствена зафатнина, но немаат сопствен облик, туку ја завземаат формата на садот во кој се наоѓаат. Ова покажува дека меѓу молекулите на течностите постојат посилни заемодејства отколку кај гасовите, но не толку силни за да тие имаат своја форма како кај цврстите тела. Поради дејствувањето на посилни заемодејства кај течностите, нивните молекули образуваат групации наречени "гроздови", во кои бројот на молекули постојано се менува. Молекулите во течна состојба воглавно меѓусебно се држат, исто така, со Ван дер Валсови сили или со водородна врска. Гасовита состојба[уреди | уреди извор] Гасовитите супстанции немаат ниту сопствена форма, ниту сопствена зафатнина. Нивните молекули се движат хаотично во сите правци (Брауново движење). Главна карактеристика на гасовите е нивната тенденција да го заземаат целиот простор што им е на располагање, односно максимално да се шират. Сето ова укажува на многу слабите интеракции меѓу молекулите во гасовите. Ако гасот е изграден од неполарни молекули, што е доста често, меѓу нив дејствуваат Лондонови привлечни сили. Плазма[уреди | уреди извор] Плазмата е посебен тип на состојба, која ретко се среќава на Земјата, но доста е застапена во вселената. Плазмата е јонизиран гас, што значи дека барем еден електрон е дисоциран од голем дел на молекулата. Слободните електрични полнежи ја прават плазмата проводник на електрицитет, така што таа реагира на електромагнетно поле. Оваа, четврта состојба на материјата, првпат била идентификувана од сер Вилијам Крукс во 1879 година, а го добила името "плазма" од Ирвинг Лангмуир во 1928, бидејќи го потсетувала на крвната плазма.
fineweb-2
Динетах Динетах (навахо јазик: Dinétah) е традиционална татковина на навахо племето. На навахо јазик, зборот Dinétah значи помеѓу навахо народот. Во географска смисла, Динетах содржи голем простор од северозападно Њу Мексико, југозападно Колорадо. југоисточна Јута и североисточна Аризона. Точните граници на територијата не се познати и воглавном се бележани спрема врвовите на планините што одговараат со четирите основни страни. Содржина Геофрафија и топографија[уреди | уреди извор] Регионот Динетах е обележан од големи планини и длабоки кањони низ кои поминува реката Сан Хуан. Кањоните во тој регион се составени од неправилни површински релјеф со големи карпи и песок. Надморската висина е околу 5.000 стапки и со малубројни планински врвови што достигнуваат висина и до 14. Границата на регионот традиционално се означува според планините: Бланка врв на исток, Тејлор планина на југ, Сан Франциско врв на запад и Хесперус врв на север. Културолошки осврт кон регионот[уреди | уреди извор] Навахо народот го смета регионот Динетах како нивна татковина. Традицијата на народот и целата навахо митологија се поврзани со регионот и регионот играла значајна улога во животот на навахо народот. Регионот е многу голем по површина но срцето на регионот е местото со кањони на јужниот дел од реката Сан Хуан на местата Ларго и Каризо во Њу Мексико. Овие кањони се сместени на исток и југ од Фармингтон, Њу Мексико и ги вклучува Бланко кањон, Ларго кањон, Каризо кањон и Гобернадор кањон. Значењето на регионот за народот е забележано во оралната традиција на навахо народот низ историјата но и исто така подржана и од поголем број на археолошки пронајдоци и карпести цртежи. Според навахо традицијата, Малата Жена (Asdząąn nádleehé) што е и една од најпознатите навахо детали од нивната култура, била основана од Светиот Народ (Díyín diné'é) на Гобернадор. Исто така регионот се поврзува и со првото доаѓање на четирите навахо кланови во тој регион од западните крајбрежни делови. Археолошки пронајдоци[уреди | уреди извор] Во регионот има илјадници археолошки пронајдоци што се денес забележани. Во тоа се вклучени неколку култури како на пример тврдини наречени пуеблоси, но исто така рано навахо и рани шпански населени места. Природната суша на регионот допринела за добро зачувување на сите пронајдоци како што се камените тврдини, дрвени структури и голем број на цртежи и живописи. Најзначајните навахо археолошки пронајдоци се навахо тврдините или пуеблосите. Овие се камени структури составени од една до шест соби. Пуеблосите се сметаат дека датираат од крајот на 17 век и се голема одбрана од природните непогоди. Исто така имаат и кули за набљудување. Неколку пуеблоси се заштитени од државата Њу Мексико. Наводи[уреди | уреди извор] - Powers, Margaret A., and Johnson, Byron P. Defensive Sites of Dinetah. New Mexico Bureau of Land Management Cultural Resources Series No. Albuquerque, New Mexico. - Roessel, Robert A. Jr. Dinétah - Navajo History Vol. Navajo Curriculum Center and Title IV-B Materials Project, Rough Rock Demonstration School, Rough Rock, Arizona, 1983. - Zolbrod, Paul G. Diné bahané: The Navajo Creation Story. Albuquerque: University of New Mexico Press, 1984. Надворешни врски[уреди | уреди извор] - Of Stone and Stories: Pueblitos of Dinétah - Dinétah Watch - Archaeological excavations of Protohistoric Navajo sites as part of the MAPL Project
fineweb-2
Проект Писта |Проект "Писта"| |Податотека:PRLogo12.jpg| |Формат||реално шоу, натпревар| |Создадена од||Ели Холцман| |Настапуваат||Хајди Клум| |Земја на потекло||САД| |Број на епизоди||38 (со крајот на третата сезона)| |Продукција| |Времетраење||60 минути (со реклами)| |Емитување| |Канал на емитување||Браво ТВ| |Емитување||1 декември, 2004 – сегашност| Проект "Писта" (анлиски: Project Runway) е американско реално шоу емитувано на телевизијата Браво и се фокусира на модни дизајнери. Натпреварувачите се обидуваат да ги направат најдобрите алишта со дадените материјали, време и тема. Нивните дизајни се просудувани и еден или повеќе дизајнери се елиминираат секоја недела. Кај нас, Проект "Писта" се емитува на Канал 5. Формат[уреди | уреди извор] Водителот на Проект "Писта" е супермоделот Хајди Клум, а судиите се обично Хајди, Американскиот дизајнер Мајкл Корс, модниот директор на ЕЛ магазин - Нина Гарсија, и уште еден четврт судија, обично моден дизајнер, критичар, модел, славна личност итн. Тим Ган им е како ментор на дизајнерите. Проект "Писта" е сниман во Њу Јорк (а во трета сезона и на кратко во Париз). Дизајнерите користат рабодна соба во училиштето за дизајн Парсонс, купуваат материјали низ Њу Јорк, и живеат заедно во Атлас Њу Јорк, зграда близу Парсонс. На почетокот на секој предизвик, на дизајнерите им се дава тема на која треба да го направат парчето облека. За да го исполнат ова, имаат одредено време и ресурси. На повеќето предизвици, дизајнерите работат самостално, но на некои треба да работат во тимови. Кога ќе помине времето, дизајнерите треба да ги облечат своите манекенки и да изберат како да бидат нашминкани, каква фризура треба да имаат итн. Секоја манекенка оди по пистата, а судиите ја оценуваат облеката. Потоа, судиите ги интервјуираат дизајнерите и им кажуваат што мислат за нивните креации, а потоа се договараат чија креација е најдобра, а чија најлоша. Губитникот на предизвикот е елиминиран. Натпреварувачот од втората сезона, Даниел Восовик, има победено на најмногу предизвици досега (пет), а по него е Кара Сон од првата сезона, со четири победени предизвици. На финалистите им се дава 12 недели и 8000 долари за да направат 12 парчиња облека и да ги презентираат на Њу Јоршката модна недела. Истите судии, плус еден гостин, ги оценуваат дизајнерите и одлучуваат кој е победникот. И манекенките кои работат со дизајнерите се вклучени во натпреварот. Секоја недела, како што се намалува бројот на дизајнерите, така и на манекенките. Онаа што ќе работи со дизајнерот кој ќе победи, ќе биде на насловната страна на ЕЛ магазин.
fineweb-2
Во теорија на физиката, М-теорија е продолжеток на теоријата на струните при што се утврдува постоењето на 11 димензии. Поборниците на оваа теорија веруваат дека теоријата за 11 димензии ги обединува и ги заменува сите пет теории на струните. Иако не е познат целосниот опис на теоријата, се знае дека динамиката на ниската ентропија е супергравитација која делува заедно со две и пет димензионални мембрани. The Elegant Universe—A three-hour miniseries with Brian Greene by NOVA (original PBS broadcast dates: October 28, 8–10 p.m. and November 4, 8–9 p.m., 2003). Various images, texts, videos and animations explaining string theory and M-theory. Superstringtheory.com—The "Official String Theory Web Site", created by Patricia Schwarz. Excellent references on string theory and M-theory for the layperson and expert. Basics of M-Theory by A. Miemiec and I. Schnakenburg is a lecture note on M-Theory published in Fortsch.Phys.54:5–72,2006.
fineweb-2
Ја користам оваа можност да му се заблагодарам на вработениот во Никоб, Игор кој со својата брза, ефикасна и високо професионална реакција го спречи непознатото лице да ми направи голема штета. Тој не само што стасал на мојата адреса за многу кусо време и го лоцирал местото и начинот на кој делувало лицето, туку и остана да ја обезбедува куќата и мене лично, долго после моето доаѓање, се додека не дојдоа овластените лица од МВР. Со своето професионално, високо морално и хумано однесување Игор ја претставува куќата Никоб на најдобар можен начин.
fineweb-2
Новиот претседател на каталонскиот гигант Барселона, Жосеп Мариа Бартомеу, со смеење ја искоментира сензационалната информација дека раковдоните лица на најбогатиот клуб во Франција, ПСЖ, се подготвени да одвојат рекорни 250 милиони евра за обештетувањето на аргентинскиот интернационалец, Лионел Меси. Јас добро знам колку е среќен Меси на "Ноу Камп" и немам никаква дилема кога е во прашање неговата иднина. Не верувам дека сака да си замине од редовите на Барселона. Станува збор за фудбалер кој како да е роден во Барселона. Дојде на "Ноу Камп" кога имаше само 13 години. Јас постојано ја слушам неговата изјава дека сака својата богата фудбалска кариера да ја заврши во дресот на Барселона", изјави Бартомеу.
fineweb-2
Градинарскиот центар ФОЈА им ја честита есента на своите потрошувачи со неверојатна понуда на надворешни декоративни саднициПериодот на есента е идеално време за посадување на надворешни растенија. Тие освен што носат многу радост за очите, исто така ја смируваат нашата енергија, и ни помагаат да се одмориме. Убавиот двор или балкон е идеално катче за релаксација, и претставува уникатно обележје за една куќа. ШТО ЌЕ ПОСАДИШ, ТОА ЌЕ НАБЕРЕШ, вели македонската поговорка и во директна смисла на пораката, со садење, не само што придонесуваме кон поубава и поеколошка средина, туку го креираме нашиот интимен простор и имиџ. Во Градинарски центар Фоја, кој се наоѓа во Кисела Вода на ул. Народни Херои, посетителите можат да најдат широк асортиман на декоративни садници по пристапни цени, да добијат совети за нивното зеленило и преку промотивната акција плати две, земи три да дојдат до квалитетни и евтини декоративни садници.За оваа можност можете да се информирате на телефонот: 2 772 046, преку имејл адресата [EMAIL] или преку фан страната на Фејсбук. Оперативниот тим на Фоја: - ИЗВЕДУВА уникатни, едноставни и функционални пејзажни проекти за јавни, деловни и приватни површини. Истите квалитетно ги реализира и по потреба ги одржува. - ОДГЛЕДУВА партерно зеленило. - Годишно – тековно или повремено одржува деловни и приватни дворови. - Дијагностицира болести и потреби на растенијата.
fineweb-2
Претседателот на Вануату изјави дека оваа островска држава на Пацификот е уништена од силен циклон и оти мора да почне одново. Болдвин Лонсдејл прецизира дека 90 насто од зградите во главниот град Порт Вила биле уништени од циклонот Пем. Властите наведуваат дека притоа најмалку осум луѓе загинале додека десетици други ранети. Лонсдејл додаде дека години на развој на неговата земјата биле загубени. Во Вануату кој се наоѓа на илјада и осумстотини километри од Австралија живеат 266 илјади луѓе на 65 острови и е една од најсиромашните земји на Пацификот. Претседателот Лонсдејл упати апел за помош до меѓународната заедница.
fineweb-2
Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ е новиот шампион на УС опен, бидејќи во финалето го совлада Нишикори од Јапонија со 6:3, 6:3, 6:3. Никој од 2002 година не успеал да го освои овој Гренд слем турнир, а да не бил рангиран во првите десетмина на светот. Тогаш тоа го направи славниот Пит Сампрас, сега 25-годишниот тенисер од Меѓугорје, Хрватска. Чилиќ потполно доминираше во натпреварот со одличниот Јапонец кој во полуфиналето го елиминираше Ѓоковиќ. Марин Чилиќ благодарејќи на оваа победа направи важен чекор, бидејќи поените на УС Опен ќе му овозможат да биде деветти играч во светот.
fineweb-2
Тајниот план за кој сепак се дознало во последните два месеци е дека борците на Исламската држава планираат да нападнат авиони кои сообраќаат кон најголемите европски дестинации. Заканата е земена сериозно и се работи на тоа да се забрани каков било рачен багаж. Постои можност да се забранат и мобилните телефони и други електрични уреди во авионските кабини поради заканатаод нападот, кој според Сандеј експрес, бил планиран во стилот на "11 септемвти". Предупредувањето дошло откако официлајни лица од Вајтхол признале дека постои можност за напад, особено со оглед на фактот дека голем број џихадисти се враќаат од борбите на Исламската држава во Сирија и во Ирак. Еден од службениците од обезбедувањето на аеордромот, за Сандеј експрес, кажал дека мета се пет авиони, и тоа пред Божик. Преговорите продолжуваат на високо ниво и тоа оди до Владата, но, до сега е малку направено. Весникот дознава дека во прашање се само големите градови во Европа.
fineweb-2
Денеска не очекува сончево време со повремена облачност со максимални температури до 31 степен. Од понеделник не очекува сончево и топло време со дневни температури од 26 до 33 степени, во вторник од 27 до 34 со можни слаби врнежи од дожд во северните делови од земјата и во среда максималните дневни температури ќе бидат од 28 до 35 Целзиусови степени.
fineweb-2
Користење на картичката MasterCard® Standard картичката е прифатена на повеќе од 35 милиони продажни места и повеќе од 2 милиони банкомати насекаде во светот на кои е истакнат знакот на MasterCard®. Со нејзиното користење Вашите пари ќе бидат секогаш со Вас, без да се грижите за носење готовина, страв од кражба, губење или фалсификувани банкноти. Подетални информации во врска со прифаќањето на MasterCard® картичките можете да добиете на www.mastercard.com. Погледнете ја целосната листа на банкомати на Комерцијална банка АД Скопје и пронајдете го најблискиот до Вас. За поголема сигурност и комфор при користењето на картичката ќе Ви помогнат советите за безбедно користење на картичките на Комерцијална банка АД Скопје.
fineweb-2
Опозициските пратеници тврдат дека руски опозициски активист Леонид Развојхајев е киднапиран во Киев. Последен пат активистoт бил виден како разговара со инспектори кои го обвинуваат за подготвување на масовни протести. Пратеникот Илја Пономарев изјави за новинската агенција Интерфакс дека Развозхајев бил киднапиран откако ја напуштил канцеларијата на комесарот за бегалци на Обединетите Нации во Киев.
fineweb-2
Две самоубиства се случиле во рок од 24 часа на територијата на Тетово. И во двата случаи лицата кои си ги одзеле животите биле повозрасни граѓани. Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски информира дека првото самоубиство се случило завчера вечер, околу 4 часот, кога 72-годишниот В.К. скокнал од балкон на втор кат од станбена зграда на улицата "19 Ноември". Неговото безживотно тело било пронајдено на асфалтната патека по што увид извршиле јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина. На телото не биле пронајдени траги на насилство и по наредба на јавен обвинител тоа е предадено на семејството. Вториот настан бил регистриран вчера вечер околу 19 часот и 50 минути откако најблиските го пријавиле случајот на самоубиството на 68-годишниот Џ.И. на улицата "167″ без број. Тој бил пронајден обесен во потпокривот на неговата куќа. Извршен е увид од страна на јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина. На телото од починатиот не биле пронајдени траги на насилство. Сепак полицијата пронашла други траги и предмети што биле земени за вештачење. Според податоците на полицијата, годинава во тетовското подрачје се регистрирани вкупно 14 самоубиства и осум обиди за самоубиство, а на гостиварското подрачје имало две самоубиства и 34 обиди за самоубиства.
fineweb-2
Како што се приближува стартот на зимскиот преоден рок, така се поголем и поголем е бројот на клубови кои ќе се обидат во јануари да ги осигураат услугите на аргентинскиот интернационалец од редовите на шпанскиот гигант Реал (М), Анхел ди Мариа. И покрај неговата последна изјава дека е свесен и дека знае за клупската политика дека најскапо платениот фудбалер во историјата на Реал (М), Герет Бејл, мора да игра на секој натпревар, но истата нема да го натера да замине од "Сантијаго Бернабеу", шпанските медиуми се убедени дека крилниот напаѓач ќе биде продаден на првиот клуб кој ќе испрати официјална понуда не помала од 25 милиони евра. Францускиот прволигаш Монако е последниот клуб кој покажа интерес за аргентинскиот интернационалец, кој подолг временски период важи за голема желба на Манчестер Јунајтед, Арсенал, Јувентус и ПСЖ.
fineweb-2
Во Женева се водат разговори за ставање крај на шеснаесетмесечните крвопролевања во Сирија. Пратеникот на ООН и на Арапската лига, Кофи Анан, се очекува да го претстави својот патоказ за формирање влада на национално единство. Сириската опозиција рече дека ќе се спротивстави на секој план кој ќе му дозволи останување на сирискиот претседател Башар Асад на власт. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров и американскиот државен секретар, Хилари Клинтон вчера во Санкт Петербург разговараа за разликите на двете земји околу Сирија.
fineweb-2
Од две до три илјади мигранти се наоѓаат во местото Товарник на хрватската страна од границата со Србија, кои стрпливо чекаат да бидат пренесени на некоја дестинација од каде би го продолжиле патот кон западноевропските земји. Бегалците мирно чекаат по неколу часа во редица долга околу 200 метри за да се качат на автобусите. На бегалциите им помагаат волонтери на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНЦХР), на организацијата "Лекари без граници", како и на групата "СОС конвој" од Виена, кои се организирале преку Фејсбук. На местото на кое се наоѓаат бегалците стациониран е и медицински тим. На граничниот премин Хармица, пак, на хрватско-словенечката граница се одигрува вистинска драма меѓу бегалците, поради одлуката првенство за влез во Словенија да имаат жените и децата, објави загрепскиот весник "Јутарњи лист". Поради ваквата одлука голем број семесјтва биле раздвоени, што довело до нервоза и турканица, при што се слушале врисоци на деца, плач на жени и викање на мажи, наведува весникот.
fineweb-2
Турција денеска призна дека некои мерки, кои властите ги преземале по неуспешниот обид за воен удар во земјата, можеби биле неправедни. Турскиот премиер Бинали Јилдирим ја призна можноста дека во државниот сектор некои процедури не биле фер. "Сигурно е дека врз некого се спроведени неправедни процедури. Ќе направиме разлика меѓу оние кои се виновни и оние кои не се", истакна Јилдирим. Потпретседателот на турската Влада, Нуман Куртулмуш, исто така, нагласи дека "доколку има било какви грешки, ќе бидат исправени".
fineweb-2
Можеби неодамна направи модна грешка, кога се појави во црвено Гучи одело, без градник и со деколте кое ги поминува сите граници на вкусови, овој пат Џенифер Анистон уште еднаш докажа дека има одлична фигура. Џенифер носела едноставен црн краток фустан со V израз со олги ракави. На прв план ги истакнала своите изваја ни нозе на кои многу жени и завидуваат. Чевлите на потпетица со шпиц визуелно ја издолжуваат нејзината фигура.
fineweb-2
Советникот за национална безбедност на американскио претседател Барак Обама, Сузан Рајс излезе со нови критики за кршење на човековите права во Кина, Русија и во Иран. Говорејќи на Првиот годишен самит за човекови права во Вашингтон, Рајс наведе дека во Кина се приведуваат продемократски активисти. Таа истакна дека кинескиот народ се соочува со растечки рестрикции на нивната слобода на изразување, собирање и здружување. Руските власти беа ангажирани во систематски напори за спречување на акциите на граѓанските групи кои протестираат против корупцијата и протекционизмот, како и за стигматизирање на геј-заедницата и за принудување на Украина да работи за руските интереси, истакна Рајс. Таа призна дека се преговара за иранската нуклеарна програма, но вети дека ќе продолжат санкциите на Вашингтон против прекршувачите на човековите права во Иран, како и поддршката за основните права на сите Иранци.
fineweb-2
Важно е да се спомене дека речиси сите дадени години се приближни. Датирањето во египтологијата има разни системи, зависно од нивната структура и претпоставки. Ова е една таква интерпретација, но сигурно не и единствената. Старото Кралство е период во третиот милениум п.н.е. кога Египет се здобил со првиот постојан цут на цивилизациска комплексност и достигнувања (првото од трите периоди наречени "Кралства" кои го одбележуваат врвот на развитокот на цивилизацијата во долината на Нил), кое се протега од периодот кога Египет го владеела Третата династија, па сѐ до Шестата династија (2630–2151 п.н.е.). Многу египтолози тука ја придодаваат и Мемфиската Седма и Осмата династија на Старото Кралство како континуитет на управувањето централизирано во Мемфис. По Старото Кралство следел период на неединство и релативен културен пад кој египтолозите го нарекуваат Прв преоден период -- или, како што Египќаните го нарекувале, "првото боледување". Кралската престолнина за време на Старото Кралство била Мемфис, каде Џосер го воспоставил својот двор. Старото Кралство е веројатно најпознато по големиот број на изградени пирамиди. Затоа, Старото Кралство често се нарекува "Добата на пирамидите". Тој ја изградил Свитканата пирамида, која е пирамида изградена под нормален агол при дното, но која драстично го менува аголот при врвот. Тој исто така ја изградил првата "вистинска" пирамида, позната како Црвената пирамида. Едни сметаат дека тој бил погребан во Црвената, додека други сметаат дека бил погребан во Свитканата пирамида. Во црвената пирамида се најдени мошти, но нема докази дека тоа е неговото тело. Ја изградил големата пирамида кај Гиза. Раните извори велат дека тој бил "трет" владетел од неговото семејство, иако сè уште нема записи за постоење на фараон помеѓу Снеферу и Хуфу. Една претпоставка е дека можеби некој постар брат на Хуфу владеел многу кратко време, чии натписи, име и споменици ги снемало од некоја причина. Старото Кралство пропаднало по смртта на Пепи II. Тој владеел цели 94 години, подолго од било кој друг монарх во историјата, и умрел кога имал 100 години. Подоцнежните години од неговото владеење се одликуваат со неефикасност заради неговата старост. Обединетите кралства се разделиле на повеќе делови и владетелите морале да се справуваат со гладот како резултат на овој распад. Во времето кога Мемфис потпаднал под власта на Хиксите, египетската владејачка династија во Теба објавила независност и се вопоставила како Седумнаесеттата династија. Подоцна оваа династија ги потисната Хиксите назад во Азија. имињата на петте крала се загубени тука на Торинскиот папирус, и не можат да бидат повратени. - Некои извори даваат дури шест други имиња – Семкен, Хаусер, Секет, Ахетепр, Аму и Небхепешр (Апепи III) – кои не се споменати никаде на друго место. Изгледа дека до 1555 г. п.н.е. оваа група сосема исчезнала. Преку воената хегемонија во странство, за време на Новото Кралство Египет се проширил најмногу во својата историја. Државата се проширила длабоко во Нубија на југ, како и на големи територии на Блискиот Исток. Египетските војски се бореле со хетитски сили за превласт на денешна Сирија. Двата најпознати крала од Новото Кралство се Ехнатон, познат и како Аменхотеп IV, чија исклучителна посветеност само на богот Атон се смета за прв пример на монотеизам, и Рамзес II, кој пробал да ги врати териториите на денешен Израел, Либан и Ситија кои Египет ги имал за време на Осумнаесеттата династија. Неговите походи резултирале со Кадешката битка, каде тој ја водел египетската војска против војската на хититскиот крал Мватали II. Овој владетел обично се споменува во контекст на Мојсеј, иако за ова нема докази. Тој се израмнил со Хититите во Кадешката битка во 1275 п.н.е. и по ова "статус кво" морал да го потшише првиот мировен договор во историјата (1258 п.н.е.) Клеопатра VII била во љубовна врска со римскиот диктатор Јулиј Цезар, и римскиот генерал Марко Антониј, но само по нејзината смрт во 30 п.н.е. (по поразот на Марко Антониј од страна на Август, подоцна цар Октавијан Август) Египет станал римска провинција во 30 п.н.е.. Сите понатамошни римски владетели ја носеле титулата "фараон", но само додека се во Египет.
fineweb-2
Чешката електро-енергетска компанија ЧЕЗ, со купувањето на 51 насто од акциите на романскиот дистрибутер на електрична енергија за 151 милион евра, ја продолжува експанзијата на Балканот. ЧЕЗ во Бугарија веќе купи три дистрибутерски компании за речиси 300 милиони евра, а планира да ги купи и електро-енергетските капацитети во Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
fineweb-2
Sikorsky SH-3 Sea King Sikorsky SH-3 Sea King или Сикорски СХ-3 Крал на морето е американски хеликоптер кој што служи на американската морнарица и има фукција да ги пресретнува и уништува непријателските подморници. Овие хеликоптери ги подигнувале капсулите на астронаутите од Аполо кога ќе паднеле во вода. Во служба на американската војска е веќе 30 години. Најдобри и ако може да се каже и најгламурозните Сикорски од типот S-61, се VH-3D кои што служат за превоз на вип личности како и за превоз на американскиот претседател. Сикорски С-61/СХ-3 Крал на морето е во служба и на морнариците на другите земји како што се: и други. Факти за овој хеликоптер: - Сикорски од типот Крал на морето, беше вмешан во виетнамската војна во улога на спасувачки хеликоптер кој тогаш ги спасуваше ранетите пилоти во долгиот конфликт. - Мал број на серијата RH-3A во функција на чистачи на мини влегоа во употреба во 1964 година. - Прва странска земја (освен САД) која што ги нарача овие хеликоптери е Канада со нарачка од 41 хеликоптер. - Серијата SH-3 беше заменета со SH-60F Sea Hawk. |Тип на Хеликоптер||Мотори||Максимална брзина||Брзина на летање||Подигање||Домет||Тежина||Екипаж| |анти-подморница и чуварски хеликотер на воен брод-писта||два 1044-кВ (1400-Кс) Џенерал електрик Т58-GE-10 турбошафтс||267 км/ч||219 км/ч||670 м||1005 км (623 милји)||празен 4428 кг, полн 9525 кг||Двајца пилоти, и двајца систем оператори|
fineweb-2
Подгответе се за топол ден Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 29 до 36 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност во попладневните часови. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.
fineweb-2
Визер во месец јуни ќе воведе директни линии за пет нови дестинации до европските градови од аеродромот Александар Велики во Скопје и тоа до: Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург и Фридихшафен и тоа два пати неделно. Од аеродормот Св. Апостол Павле од Охрид, авиокомпанијата ќе воведе директен лет до Базел исто така два пати неделно. За ова информираше владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев во вестите на Канал 5. -Тоа е добра вест за граѓаните. Картите ќе бидат пуштени во продажба од месец февруари. Значајно е оние граѓани кои можат да го испланираат своето време, кои имаат желба и потреба да патуваат до една од овие дестинации, што порано да ги резервираат овие карти. Со порано резервирање на овие карти, тие се поевтини и може цената да се симне дури на 20-тина евра, што навистина претставува една поволна цена, рече тој. Субвенционирање на летови имаше и во изминативе години. Резултатите се многу позитивни. Досега постое 14 нискобуџетни летови кои значително го зголемија бројот на луѓе кои патуваат од или во Македонија. -За првите три квартали од 2014-та година, во однос на првите три квартали од 2013-та година, бројот на патници кои ги користеле овие евтини авиолетови е зголемен за 55 проценти. Уделот во вкупниот превоз од аеродромот "Александар Македонски" во 2013-та бил 35 проценти, а во тој периот во 2014-та е околу 45 проценти или во вкупни бројки некаде околу 460.000 луѓе кои патувале со овие евтини авиолетови, рече Ѓорѓиев за Канал 5. Инаку, целиот овој проекти има две значајни компоненти. -Првиот е овозможување на поголема мобилност за граѓаните на Македонија. Да можат по евтини цени да патуваат во повеќе дестинации, во функција на развој на својот бизнис, во функција на реализација на своите потреби од областа на образованието, здравството, а се разбира и од областа на туризмот. Она што е вториот сегмент е што преку овие евтини авиолетови доаѓаат и значителен број на странски туристи во Македонија и на тој начин оставаат девизни средства, не само во туризмот туку и во добар дел на стопанските гранки кои се во тесна корелација со туризмот. Затоа помагаат и во растот на бројот на туристи кои континуирано се случува, истакна владиниот портпарол. Тој истакна дека владина цел бројот на вработени во туризмот да достигне бројка од 40.000. Целото гостување на Ѓорѓиев во вестите на Канал 5, погледнете го во продолжение.
fineweb-2
Личност на годината: Вие. Деновиве магазинот Тајм за разлика од претходните години на насловната страница немаше слика на личноста која ја одбележа две илјади и шеста. На насловната имаше огледало на која можете да се огледате. Да личност на годината сте вие, порачува Тајмс, додавајќи дека вие ја контролирате информатичката ера. Па, добредојдовте во вашиот свет. Теоријата за Големиот човек обично му се препишува на шкотскиот филозоф Томас Карлајл која сметаше дека историјата на човештвото не е ништо друго, туку биографија на големите луѓе. Тој веруваше дека станува збор за малкумина моќни и славни кои ја обликуваат нашата колективна судбина. Оваа теорија годинава претрпе сериозен удар. Впрочем постојат инвидуалци кои може да ги обвинуваме за многу болни и вознемирувачки работи кои се случија во две илјади и шеста. Конфликтот во Ирак е се покрвав, војна меѓу Израел и Либан, борби во Судан, Северна Кореа дојде до нуклеарна бомба. Во меѓувреме, никој не го поправи глобалното затоплување, а Сони не произведе доволно Плејстешн тројка. Но, ако на две илјади и шеста се погледа со инакви очила тогаш ќе прочитате друга приказна. Онаа што не е за конфликтите или за големите луѓе. Тоа е приказна за заедницата и нејзината соработка на ниво што не е видено досега. Тоа е приказна за вселенскиот преглед на знаењето познат како Википедија и за милионските мрежи Јутјуб и Мај спејс. Тоа е приказна за грабањето на моќта од малкуте, приказна за меѓусебното помагање и оти тоа не само што ќе го смени светот, туку ќе го смени и начинот на кој светот ќе се менува. А таа приказна ја овозможува интернетот преку кој милиони луѓе разменуваат идеи и мислења. Вие ќе можете да научите повеќе за тоа како американците живеат ако ги гледате нивните видео снимки на Јутјуб, отколку илјадници часови да гледате американски серии. Од друга, ние не само што гледаме, туку и работиме. Видео снимки, песни, мајлови, блогови. Автомобилските компании веќе објавуваат отворен конкурс за дизајнот на нивните нови возила. Агенцијата Ројтерс, покрај вестите има и страница за блогови. Сведоци сме на експлозија на продуктивност и иновација. А се ова штотуку почна. Кои се тие луѓе? Сериозно, кој всушност по долгиот работен ден седнува и си вели: Вечерва нема да ги гледам Загубени. Ќе го вклучам компјутерот и ќе си снимам филм за моето куче? Ќе блогирам за моето размислување за државата или за новото кафуле под мојот стан. Одговорот е ВИЕ кои ги фативте уздите на глобалниот медиум со што формиравте и развивате нова дигитална демократија. Но, да не романтизираме повеќе од потребното. Интернетот е масовен социјален експеримент и како секој експримент може и да пропадне. Нема пат на мапата за тоа како овој организам може да живее во планетата која има над шест милијарди луѓе. Меѓутоа, две илјади и шеста ни понуди некои идеи. Една од нив е можноста за изградба на нов вид меѓународно разбирање, не политичар со политичар, голем човек со голем човек, туку граѓанин со граѓанин, личност со личност.
fineweb-2
Драматично видео на кое се гледа како човек заразен со ебола бега од карантин во Монворија е објавено на Интернет. Лекарите успеале да го фатат и го ставиле во амбулантно возило. Пациентот побегнал од карантинот во потрага по храна. Една од мештанките изјавила дека грижата за болните во карантинот е толку лоша, што немаат ни што да јадат. "Пациентите се гладни, без храна и вода. Владата под итно мора да реагира", рекла таа. Повеќе од 1.550 луѓе во четири афрички земји починаа од тој вирус од почетокот на епидемијата во март. Во Либерија е најголема стапката на заразеност – со 700 смртни случаи и 1.327 сомнителни или потврдени случаи на зараза.
fineweb-2
На актуелниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Арсен Венгер му беше потребно малку повеќе време за свати дека единствениот напаѓач, Оливие Жиру не може да биде решение за сите проблеми пред противничкиот гол. Близок извор до таборот на популарните "топчии" потврди дека трофејниот француски стручњак побарал од клупските челници за време на летниот преоден рок да купат уште еден напаѓач од светска класа. Прв на неговиот список со напаѓачи е репрезентативецот на Јужна Кореја и стандарден првотимец во дресот на германскиот бундеслигаш Баер од Леверкузен, Сон Хеунг-Мин. Според челниците на германскиот бундеслигаш, 22-годишниот напаѓач вреди околу 20 мил. евра, но англиските медиуми се убедени дека најавениот трансфер може да биде реализиран и доколку лондонскиот клуб испрати официјална понуда не помала од 17 мил.
fineweb-2
E-shop Техничко моливо Poly Matic 0.7 Производната линија POLY го воведе техничкото моливо со мека површина за држање, која го олеснува пишувањето. Моливот е наполнен со мина со дебелина 0.7 mm која е отпорна на кршење. Моливот има долга гумичка која се извлекува со ротирање. Мината се извекува автоматски.
fineweb-2
До пред 2-3 години, можеби најпопуларниот спорт кај нас - одбојката, денес е во незавидна состојба. Беспарицата која владее, овој спорт, го спушти на можеби најниски гранки, при што клубовите само живуркаат и, со исклучок на откажаната Шкендија, својот опстанок го одржуваат преку настап во крајно неинтересното домашно првенство. Сепак, за да не биде дека се е само во парите, голем дел од проблемот е во практично тоталната дезорганизираност на луѓето од ОФМ, која, звучи неверојатно, но е вистинито, веќе осум месеци е без телефон. Покрај ова според тренерот на Работнички Фершпед и долгогодишен селектор - Јошко Миленковски, во ОФМ како и да не им одговара нечиј успех, па и она што чинеше со диверзии е обезвреднето. "Еден клуб, кој навистина вложува и има европски визии и постигнуваше до пред две сезони европски резултати, меѓутоа со сплет на околности и диверзии од одредени кругови во самата одбојкарска организација, ние бевме принудени по успесите да фомрираме комплетно нова екипа." Со ваквите слуцувања во одбојката се изгуби И интересот за неа кај љубителите на спортот во земјава. "Сега веќе не следам." "До пред две години следев, ама сега не." Сето ова, негативно влијае и на актуелниот репрезентативен миг. Не делат само три месеци до стартот на клучните квалификациски натпревари од "Б" европската зона. Тие квалификации ќе се одржат во Македонија, но се уште не се знае каде, ниту пак имаме план за подготовки, за разлика од противниците - Шведска, Австрија и Латвија. Сепак, по онаа народната "надежта последна умира", кај играчите е присутен оптимизмот околу конечниот епилог, а еден од носителите на играта во националниот тим - Жарко Ристовски, вели: "Со максимално залагање на сите репрезентативци и со добри подготовки мислам дека може да се направи добар резултат и да се победат сите три репрезентации. Се надевам дека оваа репрезентација може да се врати на старите патеки од 2000 година, таму каде што и е местото, меѓу 16-те најдобри репрезентации во Европа."
fineweb-2
Од денеска, во следните шест месеци Кипар ќе претседава со Европскиот совет. Првпат Европската унија ќе биде раководена од држава чие население е околу 800.000 жители, а бруто домашниот производ на земјата е само 0,2 проценти од вкупната економија на еврозоната. Кипарското претседателствување е во многу сложен период за Европа, како што е финансиската криза, од која е зафатена и земјата претседавач. Кипар минатата недела побара финансиска помош од европските партнери и од Меѓународниот монетарен фонд за рекапитализација на банкарскиот сектор.
fineweb-2
Централниот регистер е задоволен од он-лајн поднесувањето на годишни сметки чија што бројка изнесува 14.300 поднесени годишни сметки и од функционирањето на системот. Годишни сметки не поднеле 25. 000 субјекти, а намалена е и бројката на блокирани сметки на 5.500 субјекти кои имаат повеќе трансакциски сметки. "Постоеше барање кое беше сосема легитимно од Комората, а која се однесуваше на опционално поднесување на годишни сметки во хартиена форма со што би се овозможиле на оние кои не се спремни он- лајн, да можат да поднесат и во хартиена форма согласно законско утврдениот рок 28 февруари 2014. Со сметководителите го прокоментиравме и системот од аспект на неговите функционалности, како го искористиле, кои им се сугестиите, забелешките и предлогот на мерки кои би можеле да ги имплементираат наредната а би се однесувале за деловната 2014 година," изјави директорот на Централниот регистер, Ванчо Костадиновски. Со он-лајн поднесувањето на годишните сметки, се прескокнаа две фази, физичко присуство на шалтерите и процесот на внесување на податоците од годишната сметка во базата на податоци во Регистарот на годишни сметки. Согласно законот, денеска е последен ден за обработка на податоците, но со имплементацијата на овој систем, на почетокот на април се заврши целата обработка на годишни сметки. "Бројката на поднесени годишни сметки изнесува 92.000 што е поголема од 2012 година кога изнесуваше 90.000.Се надевам дека интензивното промовирање на овој систем ќе го подигне степенот на искористеност и тоа ќе биде од огромна корист за корисниците," додаде Костадиновски. Околу 25.000 субјекти ја немаат исполнето својата законска обврска за поднесување на годишни сметки, а предложени се и посебни мерки кои се однесуваат на оваа категорија на субјекти. "Оваа бројка ја исклучува бројката на трговски друштва кои ги имаме доставено до УЈП а коишто се дадени на утврдување на активности, а коишто повеќе години не поднесувале годишни сметки. Доколку некој од овие субјекти не поднесе годишна сметка до 31.12 2014 а се однесува на 2013, Централниот регистар согласно законските одредби кои заемно ги предлагавме, ќе премине на админстративно бришење согласно процес предвиден со законот на бришење на субјектите и објавување на веб страната и во некој од медиумите," појасни Костадиновски. По електронски пат ќе се доставуваат опомените за доставување на годишна сметка за оние кои не си ја исполнуваат својата законска обврска, со што ќе се настојува да се зголеми бројот на поднесени сметки Со обработка на што е можно поголем примерок ќе може да се добие пореална слика за состојбата во стопанството. Бројката на овластени сметководители кои се заинтересирани да бидат регистрационите агенти перманентно се зголемува, моментно е 283 а се очекува да биде 500. На овој начин се регистрираат фирми кај регистрационен агент без надомест, а проектот ќе се продолжи и на адвокатската фела.
fineweb-2
Последните денови континуирано се намалува бројот на бегалци кои од подрачјата зафатени со воени дејствија пристигнуваат во Прифатниот центар во Гевгелија. Од регионалниот центар за управување со кризи во Гевгелија денеска информираа дека изминативе 24 часа биле евидентирани само 610 мигранти од Сирија, Авганистан и Ирак и оти во моментот во кампот има 260 мигранти и околу педесетина чекаат на грчка територија кај котата на граничниот камен 59. Релативно мирната состојба во и околу ПТЦ Гевгелија се користи за продолжување на почнатите активности за изградба на нови тоалети и сушална за алишта, за поставување изолација на куќарките, а профункционира и поставениот рефлектор за осветлување на паркингот пред кампот.
fineweb-2
Меј порача дека Британија дефинитивно излегува од ЕУ Британија е посветена на излегување од Европската Унија, изјави портпаролката на британската премиерка Тереза Меј, отфрлувајќи ја изјавата на претседателот на Европскиот совет Доналд Туск дека таа земја на крајот би можела и да се предомисли. Доналд Туск во четвртокот истакна дека Британија сепак би можела да се одлучи да не ја напушта Унијата, бидејќи ЕУ нема да му понуди поблаги услови на Лондон. "Премиерката беше многу јасна, британскиот народ донесе одлука и сега ќе продолжиме со тоа, извлекувајќи ја Британија од ЕУ и користејќи ги бројните прилики кои се пред нас", изјави портпаролката на Меј. Таа додаде дека Меј планира да одржи значајни билатерални состаноци со лидерите на останатите 27 членки до состанокот на Европскиот совет во декември.
fineweb-2
Услугите кои ги дава ГЛОБАЛ НЕТ можете да ги платите преку про-фактура. ПРОФАКТУРА - По издавањето на про-фактурата истата е активна 30 дена. Доколку не ја платите се смета дека услугите на ГЛОБАЛ НЕТ не сте ги побарале или не сте сакале да ги имате. По уплатата услугата ќе ви биде овозможена најдоцна за 24 работни часа не сметајќи ги викендите и празниците.
fineweb-2
Како што бевме фокусирани врз фудбалскиот натпревар на Англија во Скопје, македонските безбедносни сили покренаа голема акција против паравојниците на Албанската национална армија само дваесетина милји од стадионот. Тоа следеше една недела по насилството на АНА во северна Македонија, по смртоносниот напад врз група српски деца кои пливаа во реката Бистрица во соседното Косово и по оружените судири меѓу АНА и полицијата во Јужна Србија, пишува во написот на Гардијан во кој се додава: Сево ова може да изгледа како инциденти што ги имаше во декадата на оружените конфликти на Балканот. Но, на ова би требало да се гледа како на нешто поразлично – како на предупредување дека и покрај притисоците, започнати пред четири години - Косово се уште не е контролирано што претставува опасност која може да експлодира. Ирак е вистинско потсетување дека способноста да се сруши режимот со воени средства е само почеток на долг и опасен процес, кој може да ја влоши и онака тешката ситуација. Според Гардијан, процесот на трансформирање на нефункционалните држави или територии во функционални сега се одвива под погрешното иритирачко име ,,градење на нацијата,,. Меѓународната заедница е со таква цел и на Косово, но УНМИК се уште не е ни блиску до етаблирањето на функционално општество. Главна причина, уште од крајот на војната, е тоа што Косово егзистира како уставен пекол – косовските албанци сакаат независност, србите се против. Без јасна идеа за косовскиот финален статус, како што се наведува во текстот на Гардијан, е неможно да се создаде безбедносен систем и внатрешни економски релации без кои никој не сака да инвестира таму. Така, економскиот живот во покраината денес е сведен на шверцување. Европската Унија и Соединетите Држави се согласни дека треба да преземат, пред се политичка улога со цел долготрајна стабилизација на Балканот. Меѓутоа, пишува весникот, Косовскиот јазол е во срцето на балканската мрежа во која се наоѓаат: Македонија, Србија и Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина. Стратегијата на Европската Унија е на парчиња, односно фокусирана врз спогодба која значи дека земјите од поранешна Југославија, со исклучок на Словенија, можат многу малку да се надеваат на нивно членство во Унијата во блиска иднина, смета Гардијан. Европската Унија има златна можност да раководи со решението на уставните прашања на Балканот. Но, Унијата, освен давањето прва помош за раните, нема стратегиска визија како да го изведе тоа. Европа постојано ги критикува Соединетите Држави за нивната политика на превентивни сили. Меѓутоа, каква алтернатива нуди таа? Тука, како што наведува Гардијан, Европската Унија има шанса да го разбие еднаш за секогаш Балканското буре барут. Сега тоа ќе е рекламирање на супериорноста на европските пред американските вредности. Перспективата за членство во Европската Унија е моќен лост во Југоисточна Европа и може да го реши не само косовскиот, туку и другите проблеми. Предолго балканската политика на Европската Унија беше во рацете на бирократите. Балканот може да биде голема шанска доколку Европа сака да ја покаже својата визија, се заклучува во денешниот напис на Гардијан посветен на ситуацијата на Балканот.
fineweb-2
Доктори без граници проценуваат дека ќе бидат потребни околу шест месеци за да се стави под контрола еболата во западна Африка. Претседателот на организацијата, Шоан Лиу изјави денеска во Женева дека епидемијата се влошува и се шири побрзо и медицинските експерти не се во можност адекватно да одговорат. Светската здравствена организација во меѓувреме соопшти дека има недостаток на кревети во новиот центар за третман на еболата во западна Африка.
fineweb-2
Петдневниот хуманитарен прекин на огнот во Јемен, што стапи во сила од денеска, во најголема мерка се почитува и покрај неколкуте случаи на судири, изјави вечерва во Вашингтон портпаролот на американскиот Стејт Департмент, Џеф Ратке. Ратке ги повика сите страни вклучени во конфликтот во Јемен да продолжат да манифестираат воздржаност. Петдневниот прекин на огнот во Јемен беше прогласен со цел да се овоможи дистрибуција на хуманитрана помош на жителите во реоните на конфликто
fineweb-2
Во зграда на булеварот "Октомвриска револуција" вечерва по 18 часот се слушна силна експлозија. Според привичните сознанија, во експлозијата нема повредени лица, јави дописникот на МИА од Куманово. Во зградата со број 1, како и на соседните згради 2 и 3, речиси сите стакла од прозорците се искршени. СВР Куманово во моментов врши увид, а пристигнати се и екипи на противпожарна единица и брза помош.
fineweb-2
Книгите се волшепства, се што е во врска со духовност и креативност, творечка слобода и инвентивност, животни вистини и тајни, целосно понирање во човековата есенција и егзистенција, здомено е во книгите. Книгите се чудо, ги има во разни облици, големини, содржини, видови, жанрови, типологии, со нив можеш до крај на светот и назад, тие живеат, дишат, толкуваат и зборуваат, водат љубов со нас… За жал, Гутенберговата галаксија како да е изморена, книгите стануваат алтернатива пред електронските помагала! А разликата е длабоко суштинска кога книгата ја читаш држејќи ја во раце, или кога читаш туѓи мисли низ електронските пребарувачи. Исто како и кога водиш љубов со саканиот партнер без футролата на Чехов и ги разменуваш сите животни сокови во име на љубовта, или имаш секс заради секс со сите можни "помагала"! Кога ги прелистуваш страниците од книгата ја чувствуваш миризбата на нејзината древност и светост, на човечките прсти кои ја допирале пред тебе, можеш да легнеш со неа, да заспиеш држејќи ја во раце, можеш и главата да ја потпреш врз неа, да ти служи како на овчарчето Сантијаго во "Алхемичарот". Можеш да доживееш космос за само "11 минути" како Пауло Коелјо во истоимениот роман, да научиш што е жежок секс од Трејси Кокс само со еден партнер, да го запознаеш мајсторот на Булгаков, а тој да те поврзе со Фауст и Мефисто, да ги препознаеш тажните курви на Маркез, круговите на Данте и Архимед, да потонеш илјадници милји под морето , да се искачиш на врвовите на Килиманџаро… Ех што се нема во книгите, преку нив се судира човековата луцидност (желба за осознавање) и носталгичност ( немоќта да се осознае светот), во нив и Сизиф додека го турка каменот е оправдан во својата бесполезност, оти туркал без да се жали, без да се покори на боговите и бил среќен во својата надеж… Има ли надеж за книгите во рацете на идните генерации? Повеќе од било кога денеска е присутна мислата на Милтон "Да убиеш книга е исто како да убиеш човек" – отфрлајќи ги книгите се отфрламе себе си, живееме паралелно покрај сопствениот живот како странец здомен во отуѓениот современ човек на Алберт Ками. "Цивилизацијата на книгата" ја заменивме со "цивилизацијата на сликите" , визуелната, дигитална и масовната култура направи своја империја каде книгите очајно се борат за својот вековен пиедестал, а ние учителките очајно ги одржуваме учениците во читачка кондиција за да можат вешто да се реализираат низ животот. Книгите не учат на љубов и емпатија, не очовечуваат, ја претопуваат болката во радост, љубомората во љубов, болеста во лековитост, тагата во радост, минливоста во вечност… Книгите лекуваат комплекси, колку повеќе си начитан и продуховен толку помалку имаш потреба од докажување и покажување пред јавноста, те учат да бидеш едноставно силен, оти големите луѓе се големи поради својата едноставност. Со брдо прочитани книги ја имаш самодовербата на највисокиот планински врв, при тоа да не си самобендисан и суетен туку мудар и задоволен. Книгата знае да се избори со моќта на парите, оти знаењето што го поседуваш крадците не може да ти го украдат, а молците изедат – отец Николај Владимировиќ и баш ти е гајле што одиш пешки или се возиш со бус или велосипед, додека другите те поминуваат со скапи возила, воздухот што го дишеме е исто загаден, "и сонцето и ветрот и дождот се еднакви за сите луѓе во светот "– Св.Кирил во "Панонски легенди". За своето полнолетство мојот постар син доби две енциклопедии за млади од вујко му, кој во едната напиша "Кога ќе ја прочиташ првата енциклопедија може да станеш милионер (алудирајќи на тогаш познатиот квиз "Милионер" ), но кога ќе ја прочиташ и втората, милионот веќе нема ништо да ти значи … Се надевам дека сите мои синови ќе растат со моќта на знаењето, макотрпно стекнувано целиот нивен живот, а сите мои синови и ќерки се и моите ученици… За читачка работна седмица, ВОДЕТЕ ЉУБОВ СО КНИГИТЕ <3
fineweb-2
Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест изјави денеска дека не постои ниту една форма на изразување кое го оправдува актот на насилство, коментирајќи го нападот во близина на американскиот град Далас. Во нападот беа убиени две вооружени лица откако отвориле оган надвор од местото каде што се одржувал натпревар на карикатури на Пророкот Мухамед. Американските власти во меѓувреме соопштија и дека агенти на ФБИ вршат претрес на стан во Феникс во јужната држава Аризона, како дел од истрагата за нападот.
fineweb-2
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон ја оцени како важен чекор одлуката на сирискиот претседател Башар ал Асад да го прифати мировниот план на пратеникот на ОН и на Арапската лига за Сирија Кофи Анан, но истакна дека акциите на сирискиот режим се поважни од зборовите. Ние ќе ги цениме искреноста и сериозноста на Асад според тоа што тој прави, а не што зборува, додаде Клинтон. Таа ја предупреди и сириската опозиција дека треба да биде подготвена јасно да му покаже на целиот сириски народ оти има визија за земја која му ги гарантира правата на секој што живее таму.
fineweb-2
Новоизбраниот албански премиер Еди Рама го избра Косово за прва официјална посета по преземањето на функцијата. Рама ја објави намерата да ја посети Приштина уште минатата седмица на средба во Тирана со косовскиот премиер Хашим Тачи. Тогаш беше соопштено дека во ноември двете влади ќе организираат заедничка седница во косовскиот град Призрен, посветена на соработката за постигнување на заедничката цел "обединување под небото на ЕУ". Албанскиот премиер беше пречекан со државни почести на централниот плоштад во Приштина од премиерот Хашим Тачи и министри од косовската Влада.
fineweb-2
Најмалку 29 луѓе загинаа во воздушни напади на сириските владини сили врз области под контрола на бунтовниците во северна Сирија. Сириската опсерваторија за човекови права(СОЧП) со седиште во Лондон информира дека владините воени авиони нападнале цели во близина на најголемиот град во земјата, Алепо, кој е под контрола на бунтовниците. Според него, бомби паднале и на преполн пазар каде што загинале 14 луѓе. Сириската државна телевизија, пак, објави дека борбените авиони убиле голем број "терористи" во Алепо. Во меѓувреме, бунтовниците од организацијата Ал-Нусра, која одржува врски со Ал Каеда, соопштија дека ја презеле контролата врз нафтените полиња Ал-Омар во источна Сирија. Ова го потврди и СОЧП.
fineweb-2
СДСМ е фатен во криминал до гуша и овојпат нема да може да побегне од одговорноста бидејќи сведок за се е целокупната македонска јавност, реагираат од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат дека Заев и неговата партија му должат одговор и објаснување на народот од чие судење не се бега. Соопштението Ви го пренесуваме интегрално СДСМ е фатен во криминал до гуша. Секогаш кога СДСМ е фатен на дело, започнува да бега и манипулира. Овој пат за криминалот сведок е целокупната македонска јавност. Овој пат нема бегање од одговорноста. Заев и СДСМ мора да и одговорат на јавноста како 70.000 од вкупно 600.000 нелегално стекнати прислушувани разговори со кои нелегално располагаат – како што тврдат самите, се најдоа во рацете на нивните членови, познати криминалци, со кои раководството на СДСМ било во постојан контакт? Заев и СДСМ мора на народот да му одговорат зошто предавајќи 70.000 разговори на осудени криминалци од СДСМ свесно доведоа во опасност од уцена и изнуда илјадници Македонски граѓани? Заев треба да и одговори на јавноста за што разговараше со криминалецот Захир Бекири, кој во моментов е во затвор поради изнуда? Што договориле Заев и Чаушот за време на средбата во канцеларијата на Заев? Заев и СДСМ треба да одговорат зошто Оливер Спасовски бараше истрагата да биде бавна? Кој е нарачателот на "Фабриката за Афери на СДСМ"? Дали е ова последната Фабрика за Афери на СДСМ? Заев и СДСМ треба да и одговорат на јавноста дали подготвуваните лажни пасоши и лажни сметки и низа други конструкции кои требало да се користат во предизборниот период се директна нарачка на Заев и СДСМ? Заев и СДСМ треба да знаат дека сите кои учествувале во Фабриката за Афери ќе ја добијат заслужената казна. Некои само од Судот во Република Македонија, некои и од Судот на Народот на 24 април. За само 122 дена граѓаните ќе ги казнат сите кои се обидуваат да си играат со трпението, интелигенцијата и волјата на народот. Граѓаните ќе ги казнат сите кои земјата ја држат во заложништво за да остварат свои лични цели со помош на криминални структури. Со помош на фалсификат. Со помош на најдолни манипулации. Нема бегање од судот на народот, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
fineweb-2
Украинското министерство за одбрана го повика претседателот Виктор Јанукович да преземе итна чекори за олеснување на кризата во земјата. Според прес службата на Министерството за одбрана, Јанукович е повикан, како врховен командант, да преземе итни мерки за стабилизирање на ситуацијата во земјата и да се постигне договор во општество во рамките на постоечката законска регулатива. Според министерството, одземањето државни згради од непријателска демонстранти е неприфатливо. Во соопштението се вели дека натамошна ескалација на конфликтот претставува закана за територијалниот интегритет на Украина.
fineweb-2
Фран Крсто Франкопан |Фрањо Крсто Франкопан| |Занимање||поет, политичар| |Националност||Хрват| Фрањо Крсто Франкопан (4 март 1643 - 30 април 1671) бил хрватски аристократ, војсководец и поет, од семејството Франкопан. Запаметен е во историјата најмногу поради неговата вклученост во заверата Зрински-Франкопан. Живот и дело[уреди | уреди извор] Потекнува од познато хрватско аристократско семејство, во кое покрај витештвото се негувала и книжевноста по традиција. Најталентиран книжевник од тоа семејство е секако Фран. Се воспитувал кај језуитите во Грац и патувајќи по Италија. На тоа патување напишал песна на латински која била преведена на италијански јазик. Во Италија се жени на 15 годишна возраст со девојка од познато аристократско семејство, Барберини. Во Италија се запознал и со тогашната италијанска книжевност и ја засакал пасторалната и анакреонската поезија пишувана во маринистички стил. Враќајќи се во Хрватска станал огулински капетан, и заедно со Петар Зрински се истакнал во борбата против Турците. Франкопан незадоволен од политиката на виенскиот двор, приоѓа кон заверата на хрватските и унгарските аристократи, на чие чело бил Никола Зрински, а по неговата смрт, Петар Зрински. Се борат против виенскиот централизам насочен против аристократијата. Кога Зрински и Франкопан увиделе дека заверата е откриена, побрзале во Виена да се оправдаат пред дворот и да бараат милост, но фатени се и осудени на смрт. Петар Зрински во затворот се подготвувал за судењето и пружил одлична одбрана, додека за тоа време Фран пеел песни. Во затворот ја напишал збирката песни "Гартлиц за час кратити". Ова дело останало во ракопис и пронајдено е дури во 19 век во виенската архива меѓу списите за заверата на Зрински и Франкопан. Делото е печатено во 1871 година, 200 години по смртта на поетот, со наслов "Градинка" ("Вртиќ"). Во оваа збирка има љубовни и рефлексивни песни, како и тажаленки за минливиот овоземен живот. За поезијата[уреди | уреди извор] Поетот сакал да пее во духот на италијанската маринистичка поезија, но свесен е дека нема сила за тој поетски израз, и тоа го кажува во воведот на збирката. Покрај тоа, во воведот кажува и како настанале неговите песни во затворската атмосфера. Од скромност се нарекува детелина, и така го потпишува воведот. Во неговата збирка има конвенционални стихови, мотиви и имиња, но има и искрени љубовни песни во кои пее за тагата на човекот кој е осуден на смрт. Поетот ја доловува убавината на природата и ја спротивставува на тешкиот затворски живот. Се жали на "неверната" среќа. Во некои песни го велича витештвото и честа, со борбени повици ги вика јунаците на борба да го бранат "гласот, името и честа". Во збирката се чувствува влијанието на народната песна. Тој прв ја употребил дикцијата на народната песна и десетерецот. Во романсата "Парис и Галатеа" поетот ја покажува средбата на двајцата млади во духот на народната песна, во десетерец. Во тој дух испеана е и шеговитата песна "Бабајко од дивојке љубави проси", во која старецот ја уверува девојката во постојаноста на својата љубов. Во некои свои песни, ги исмејува поповите. Наводи[уреди | уреди извор] Надворешни врски[уреди | уреди извор] |"|
fineweb-2
Меѓународните набљудувачи на изборите во Украина излегоа денеска со негативна оценка за парламентраните избори. Шефицата на набљудувачката мисија на ОБСЕ во Украина Валбурга Хабсбур Даглас изјави дека изборите го "уназадија " украинскиот демократски прогрес. Таа ги обвини владечките политичари за злоупотреба на административните ресурси со кои влијаеле врз резултатот од изборите. Таа додаде дека предизборните кампањи биле одбележани со пристрасно медиумско покривање и недостаток на финансиска транспарентност. Со над 60 проценти излезност на изборите, партијата на претседателот Виктор Јанукович води со освоени 34 проценти од гласовите. Партијата на затворената Јулија Тимошенко освои 22 проценти , додека пак Комунустичката партија доби 15 проценти од гласовите.
fineweb-2
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја ќе продолжи да го поддржува Азербеџан во спорот со Ерменија за Нагорно Карабах. Ердоган по разговорите со азербеџанскиот претседател Илхам Алијев во Баку порача дека правото на земјата треба да биде земено во предвид во пронаоѓањето на решение за конфликтот. Според него, доколку конфликтот меѓу Азербеџан и Ерменија е решен, тогаш проблемите на Турција со Ерменија исто така ќе бидат решени.
fineweb-2
130 работни места во дојранскиот крај со влезот на холандската Инофрут Дојранскиот крај ќе добие можност за вработување на 130 лица откако својата инвестиција ќе ја реализира холандската компанија "Инофрут". Заменик министерот за земјоделски Ванчо Костадиновски и претставникот од компанијата Стефани Тиморс ги соопштија деталите за инвестицијата која се подготвувала повеќе од 8 месеци. – Од повеќе земји во регионот тие одлучија да инвестираат во Македонија. Инвестицијата е преку превземање на стечајниот имот на загубарот, комбинатот "Агро-лозар" од Богданци. Со превземањето на стечајниот имот, тие се во позиција да склучат договор со МЗШВ и да се обврзат да инвестицираат во јужниот дел на Македонија, поточно во општина Дојран и општина Богданци преку започнување на активности за примарно производство на долгогодишни овошни насади таму каде што оваа компанија има навистина огромно искуство. Преку воведување најнови технологии за производство на цреши, рана и доцна, производство на трпезно грозје со најсовремени сорти и технологија која оваа компанија ја применува, истакна Костадиновски. Тој посочи дека холандската компанија има свои капацитети во Јужна Африка и Етиопија каде со 350 вработени ги остваруваат своите активности, односно ги прибираат своите производи и ги дистрибуираат во елиот свет. Најзастапени се на пазарите во Европска Унија, Средниот Исток и на пазарите надвор од ЕУ, САД, Јужна Америка. Активностите на терен се очекуваат веќе идниот месец кога ќе бидат заседини првите насади на сортни цреши. Вкупната површина која ќе ја обработува компанијата е 250 хектари. Тиморс од менаџментот на холандската компанија посочи дека речиси две години го истраживале пазарот за овошје и зеленчук на Балканот и се одлучиле нивната инвестиција да ја започнат во Македонија поради поволноста на климата за производство и поддршката и соработката која ја имале со македонската Влада. – Сакаме да воспоставиме иновативно производство. Во првата фаза ќе обработуваме 55 хектари, а во меѓувреме ќе ги испитуваме водата и почвата какви култури може да се одгледуваат во останатите парцели. Планираме и 130 вработувања, од кои дел привремени, дел на неопределен рок. Очекуваме да почнеме со производство што поскоро и се надеваме на одлична соработка со локалните производители, подвлече Тиморс. "Инофрут" работи 16 години, дистрибуира овошје на речиси сите надворешни пазари, а од пред три години се занимава и со производство. Според досегашните проценки на компанијата инвестицијата ќе биде меѓу 9 и 10 милиони евра.
fineweb-2
Судот во Белград го отфрли барањето на семејството на Ратко Младиќ тој да биде прогласен за мртов. Семејството на најбараниот човек обвинет за воени злосторства, тврди дека тој како "многу болен човек" не можел да преживее без постојана лекарска грижа. Семејството тврди дека во 1996 година Младиќ имал мозочен удар, а подоцна имал проблеми со срцето и стомакот. Младиќ го напуштил домот во мај 2002 година и повеќе не се вратил. Според одредени информации, тој во еден период се криел во воени објекти во Белград, но од февруари 2003 година неговото семејство не добило никаков сигнал дека тој е жив, се наведува во молбата.
fineweb-2
Властите во Лос Анџелес понудија еден милион долари награда за информација која ќе доведе до апсење на поранешниот полицаец осомничен за три убиства. Градоначалникот на Лос Анџелес, Антонио Вилараигоса синоќа вети дека ќе го фатат осомничениот, Кристофер Дорнер. Градоначалникот изјави дека нема да толерира владеење на теророт. Дорнер се бара за убиствата на еден полицаец и на еден пар во Јужна Калифорнија изминатата недела. Во изјавата објавена на интернет, Дорнер вели дека тоа е одмазда за неговото отпуштање од полицијата.
fineweb-2
Полицијата во Тајланд потврди дека е во потрага по група Сиријци кои се осомничени за тероризам по предупредувањето од Русија. Руската федерална служба за безбедност соопштила дека 10 Сиријци кои можеби се поврзани со милитантната група Исламска држава би извршиле напади во Тајланд на цели поврзани со Русија и со други непријатели на организацијата. Русија започна воздушни напади против милитантната група во Сирија на 30 септември.
fineweb-2