text
stringlengths 120
478k
| source
stringclasses 1
value |
---|---|
Пратеникот Абдула Салиу од Алијансата за Албанците имал имал жестока препирка со пограничните службеници кај граничниот премин Блаце, вчера вечерта околу 18:30 часот, дознава Фронтлајн.
На влез во земјава, пратеникот не сакал да чека во редицата возила, се качил на тротоарот со својот Фолкваген Пасат, ги поминал возилата што чекале на ред, ја поминал кабината на пограничната служба и се довезол до просторот каде што се врши царина.
Пограничниот службеник дотрчал до возилото на пратеникот Салиу, кога тој излегол од возилото и му се развикал, фрлајќи му ги документите.
Со висок тон му кажал дека е пратеник во Собранието на РСМ и дека за него не важат стандардните процедури при премин на границата.
Претходно, Салиу го испратил своето малолетно дете до кабината да ги даде документите и да ја пренесе пораката од татко му дека не можел да чека во ред.
Службеникот ги одбил документите, бидејќи решил да го почитува и одржува редот меѓу патниците.
Раководителот на пограничниот премин се обидел да ја смири ситуацијата и да ја објасни процедурата за премин на граница, но Салиу продолжил со викање и дека тој никаде низ Европа не чекал на граница, ниту, пак, тука ќе чекал.
Рекол и дека никој ништо не му може.
Според неофицијалните информации, службениците го предупредиле пратеникот Салиу дека ќе биде поднесен службен поднесок во врска со неговото однесување.
Се работи за поднесоци по член 4 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, по Законот гранична контрола (избегнување гранична контрола) и по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (престигнување колона).
Во очекување на официјалните информации од МВР, а секако и од пратеникот Салиу, останува само да се констатира дека некои функционери "малку" прешироко ги сфаќаат своите овластувања и функции и си дозволуваат својата "семоќност" да ја објаснуваат со висок тон на "обичните смртници" во униформа. | fineweb-2 |
Во Северна Македонија изминатите денови на сцена бил обид за мини државен удар за да се сруши Владата на Зоран Заев", пишува ИФИМЕС (Меѓународен институт за блискоисточни и балкански студии), во анализата по повод пресудата од 12 години затвор за поранeшниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков во предметот Таргет Тврдина.
"Пропагандната машинерија на ВМРО-ДПМНЕ во последните три години тврди дека Зоран Заев и Сашо Мијалков се едно исто.
Брзото апсење по бегството по изречената пресуда и драконската затворска казна за Мијалков ги побија тие тврдења.
Треба да се напомене и дека на денот кога се официјализираше бегството на Мијалков, ВМРО-ДПМНЕ веќе имаше список на членови на новата влада и се надеваа на ново парламентарно мнозинство.
Експресното апсење на Мијалков и долгогодишната затворска казна го осуетија обидот за мини државен удар и ја продолжија демократската влада на Зоран Заев до редовните парламентарни избори, кои ќе се одржат дури за три и пол години", се вели во анализата.
Со членството во НАТО, стои во анализата, се заокружи македонската државност, бидејќи НАТО гарантира опстанок и територијален интегритет на модерната македонска држава.
"Со влезот во НАТО никој веќе не може да смета на Северна Македонија за своите големодржавни проекти.
Демократските промени и постигнатите резултати во изминатите четири години покажаа дека промените се можни и остварливи и дека Северна Македонија, како и регионот Западен Балкан, имаат потенцијал кој тоа го овозможува.
Со тоа е испратена силна порака и поттик до другите држави кои се наоѓаат во чекалната за ЕУ и НАТО", наведува ИФИМЕС.
Од таму уште пишуваат дека промената на политичките, дипломатските и пошироките општествени парадигми во Северна Македонија започна кога лидерот на СДСМ Зоран Заев покрена низа демократски промени.
"Актуелната македонска владејачка политичка гарнитура успеа да спроведе мирна демократска смена на власта/режимот кој незаконски прислушуваше повеќе од 20 илјади граѓани и од земјата изнесе, според проценките, најмалку 5 милијарди евра.
Интеграциската парадигма на Зоран Заев и силниот меѓународен ангажман доведоа до потпишување на Договорот за добрососедство со Бугарија, донесен е закон за унапредување на употребата на јазиците на другите етнички заедници, потпишан е и имплементиран Преспанскиот договор со Грција кој ја овозможи деблокадата на евроатлантските процеси", се истакнува во анализата на ИФИМЕС. | fineweb-2 |
Скопје, 30 јануари 2020 (МИА) – Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја потпишаа Повелбата на Европската федерација на новинари за услови за работа на новинарите, а ССНМ презентираше и нацрт фер договори за вработување за новинари и медиумски работници во дигиталните медиуми.
Повелбата на ЕФН која беше промовирана лани во Белград досега ја потпишале 19 медиумски организации, синдикати и новинарски здруженија.
-Во Повелбата има десет члена кои ги опфаќаат условите и факторите во процесот на работа кои се клучни за професионално, објективно и слободно извршување на новинарската професија.
Тоа се слобода на здружување, право на пишан договор, право на колективно преговарање, недискриминација при вработување, право на одмор и исклучување, право на заштита на новинарските извори, право на непотпишување одредена содржина, безбедност и заштита, добро владеење и етички стандарди и пристојни услови за работа, рече Дарко Дуридански од ССНМ.
Синдикатот денеска претстави и два т.н.
нацрт фер договори за вработување во дигиталните медиуми – за новинарите и за снимателите и фоторепортерите, кои ССНМ ги изработи минатата година со поддршка на Меѓународната федерација на новинари и организацијата "Union to union" и во соработка со "Onlimit media".
-Иако на прв поглед изгледаат како обични договори за вработување, во овие договори вклучивме одредени членови специфични за нашата професија, а дел од нив се извлечени од Повелбата.
Се трудевме максимално да го заштитиме новинарот и неговиот професионален интегритет, а притоа тоа да биде барем минимум прифатливо за сопствениците.
Главна цел е да се намали прекаријатот односно несигурната работа, без социјално и пензиско осигурување, со краткотрајни договори и слично, рече Дуридански за нацрт договорите кои ССНМ ќе ги објави на својата интернет-страница ssnm.org,mk.
Ги повика заинтересираните организации и медиуми што сакаат да ги прифатат договорите и Повелбата да се пријават во канцеларијата на ССНМ.
Повелбата за условите за работа на новинарите ја потпишаа претседателите на СЕММ и ЗНМ – Катерина Синадиновска и Младен Чадиковски, кои го поздравија и изработувањето на фер договорите за дигиталните медиуми.
Сметаат дека ќе имаат влијание во зголемување на свеста и кај сопствениците на медиуми, но и кај самите новинари дека имаат права.
-Не може да има професионално и независно новинарство и не може да се почитуваат етичките стандарди во онаа мерка колку што би сакале доколку нашите колеги секојдневно се соочени со притисоци, сврзување крај со крај, недоволен финансиски надомест за она што го работат, со цензура, самоцензура и со разни други притисоци, рече Синадиновска.
Чадиковски истакна дека и менаџментот и новинарите мора да сфатат дека треба заедно да функционираат на највисоко ниво и да се штитат едни со други.
-Бидејќи само така ќе добиеме повисоки стандарди во нашата професија, рече Чадиковски и додаде дека ЗНМ секогаш ќе го помага новинарскиот синдикат за целосна примена на Повелбата за услови за работа на новинарите.
Европската федерација на новинари ја одреди 2020-та за година на кампања за промоција на Повелбата.хс/лв/
Прес-конференција на ССНМ, СЕММ и ЗНМ
Posted by MИА.mk on Четврток, 30 јануари 2020 | fineweb-2 |
Единицата за товарни возила на "Daimler AG" ќе се фокусира на враќање на профитот во оваа година и ќе започне со производство на голем електричен камион додека се подготвува да се отцепи од марката на луксузни возила "Mercedes-Benz" по повеќе од еден век заедничко вложување, пренесува "Bloomberg".
Раздвојувањето има за цел да ја подобри пазарната капитализација на одделните единици со додавање на дополнителна флексибилност и зголемување на нивната профитабилност во однос на глобалната посветеност на индустријата за неутралност на јаглерод, според "Daimler Truck".
"Нашата планирана независност ќе ни помогне да направиме уште побрз напредок во иднина", вели Мартин Даум, член на управниот одбор на "Daimler", одговорен за бизнисот со камиони.
Единицата планира да започне со масовно производство на својот електричен камион "eActros" во оваа година, по што ќе се фокусира на производство на "eEconic" во 2022-ра година.
"Daimler Truck" е најголемиот светски производител на камиони, генерира голем дел од своите приходи од "Freightliner", поделбата во Северна Америка.
Компанијата произведува и возила со брендот "Mercedes" во Европа и Јужна Америка, како и камионите "Fuso" во Азија.
Според аналитичарите во "Deutsche Bank AG", проценката на пазарот на "Daimler Truck" може да достигне 29 милијарди евра (35 милијарди долари), иако ќе мора значително да ја подобри својата профитабилност.
Во 2020-та година, единицата оствари маргина на профит од 2%, откако нејзината глобална продажба падна за една третина, на 378.500 единици.
"Daimler Truck" сега се стреми кон разлика од 6 до 7 проценти.
"Daimler Truck" работи со "Volvo" на горивни ќелии, со "Waymo LLC" на технологија на автономни возила и со "Cummins Inc" за конструкција на мотори.
"Daimler" долго време се залагаше за одржување на единицата за камиони и марката "Mercedes" под еден покрив, додека инвеститорите ја туркаат компанијата да го оддели бизнисот со камиони.
Зголемената технолошка поделба помеѓу автомобилската индустрија и индустријата за комерцијални возила го принудува раководството на групацијата ова да го преиспита. | fineweb-2 |
"Google Chrome" обично добива нови одлични одлики на секои шест недели, без разлика дали се работи за безбедност, стабилност или ажурирање на брзината.
Тоа ќе се смени во наредниот период, а "Google" најави планови за забрзување на процесот, така што ќе објавува нови надградби на секои четири недели.
Почнувајќи со верзијата "Chrome 94" во третиот квартал од оваа година, "Google" ќе преземе уште поагресивен пристап кон објавување на нови функции.
Ова ќе значи дека корисниците можат да очекуваат нивното искуство со пребарување на Интернет да остане свежо и постојано да се подобрува.
Покрај тоа што се фокусира на објавување на големи надградби на секои четири недели, "Google" исто така истакнува дека помалите надградби, со фокус на безбедноста, ќе бидат објавувани на секои две недели.
"Google" исто така ќе понуди неколку стабилни објави за "Chrome OS", но ќе ги објави плановите за ова подоцна.
Пред да се имплементира овој билтен, "Google" ќе продолжи да се држи до моменталниот циклус на објавување на ажурирања на секои шест недели, заклучувајќи со верзијата "Chrome 93" што се очекува кон крајот на август.
После тоа, можевме да го видиме "Chrome 94" на 21-ви август.
"Google" истакнува дека планот на компанијата да објавува ажурирања на секои четири недели може да се промени во следните неколку месеци.
Но, ако сè оди добро, корисниците можат да очекуваат подобри надградби во иднина. | fineweb-2 |
Националниот оператор во Бугарија за природен гас, компанијата Булгартрансгас, преку преземени 20 отсто од акциите во грчката компанија Гастрејд, учествува во проектот за терминалот за течен природен гас во близина на Александруполи во Грција, што ќе претставува нова, независна влезна точка за снабдување со природен гас на земјите од Југоисточна Европа, меѓу кои и Северна Македонија, Романија, Србија, Унгарија, Молдавија и Украина, јави дописничката на МИА од Атина.
Договорот за купо-продажбата на акциите и учеството на бугарската компанија денеска беше потпишан во Атина, во присуство на премиерите на Грција и Бугарија, Кирјакос Мицотакис и Бојко Борисов, кои ја истакнаа важноста на проектот, како за двете земји, така и за поширокиот регион.
Како што соопштуваат од грчката компанија, Гастрејд создава пловна станица на 17 километри од Александруполи за привремено складирање и гасифкација на течниот природен гас, со капацитет од 170.000 кубни метри и можност за снабдување со природен гас од над 5,5 милијарди кубни метри.
"Пловната единица ќе се поврзува со националниот систем за природен гас со гасовод во должина од 28 километри, преку кој гасифицираниот течен природен гас ќе се дистрибуира на пазарите во Грција, Бугарија, но и во поширокиот регион, од Романија, Србија и С.Македонија, до Унгарија, Молдавија и Украина, соопштуваат од Гастертрејд. | fineweb-2 |
Крушите се здрави, екстремно вкусни, а изгледа и дека ни помагаат да не ја зголемиме телесната тежинаНа повидок имаме нов напредок кога станува збор за придобивките од здравата храна.
Овој пат истражувачите се фокусирале на крушата како овошје кое дава многу добри резултати ако во предвид го земеме нашето здравје.
Според нив, крушата има полезно дејство врз нашето здравје.
Богата е со витамин Ц и растителни влакна, го намалува ризикот од мозочен удар, ни помага со мамурлакот, а според ова ново истражување крушата има позитивен ефект врз регулирањето на телесната тежина.
Односно, доколку крушата ја ставиме на нашето дневно мени, таа ќе ни помогне во намалување на ризикот од прекумерна тежина.
Според истражувачите, луѓето кои јадат круши имаат помала телесна тежина и имаат за околу 35% помала можност прекумерно да се здебелат, за разлика од луѓето кои не јадат круши.
Исто така, тие забележале дека јадењето на круши влијае позитивно на квалитетот на целокупната исхрана и внесувањето на хранливи материи.
Користејќи податоци собирани во текот на 9 години врз основа на околу 24 000 испитаници, научниците заклучиле дека луѓето кои јаделе круши, за разлика од тие кои не јаделе, освен што имале помала телесна тежина, тие консумирале помало количество на алкохол, пушеле помалку цигари, нивната исхрана била побогата со растителни влакна и витамини, а посиромашна со маснотии и шеќер.
И на двете групи (и на тие што јаделе круши и на тие што не јаделе) им било давано исто количество на калории.
Поздравата исхрана на луѓето кои јаделе круши се засновала на јадењето на повеќе овошје и протеини од морска храна, а намален внес на натриум и калории.
Истражувачите веруваат дека помалата телесна тежина се должи на растителните влакна.
Влакната се прилично важни во дневната исхрана бидејќи помагаат во варењето на храната и н прават да се чувствуваме "полни", односно најадени.
Ова ни ја намалува желбата за храна и со тоа нашата телесна тежина се регулира.
Растителните влакна исто така го намалуваат ризикот од појава на срцеви заболувања, дијабетес тип 2 и рак, а освен во крушите ги има и во леќата, малините, артичоката, итн.
Препорачливо за добро здравје би било да се комбинираат повеќе извори на растителни влакна во исхраната.
Научниците истражија дека секојдневното јадење на свежи круши е од огромно значење за здрав начин на живот и регулирана тежина.
Тие треба да бидат дел од секојдневната исхрана.
Пребогати се со хранливи материи, сочни се и премногу вкусни за да се двоумиме.
Тркнете до најблискиот пазар и уште денес купете си круши за подобро здравје во овие студени денови. | fineweb-2 |
Денеска во Кавадарци беше одбележан Светскиот ден на белиот стап-Денoт на слепите лица.Свеченост на Здружението на слепи лица.
По повод 15 Октомври денот на белиот стап односно Ден на слепите и лица со оштетен вид, со поддршка на општина Росоман вчера во спортската сала Здруженијата на слепи и лица со оштетен вид од Скопје, Прилеп, Битола и Кавадарци организираа средба и спортски натпревари. | fineweb-2 |
– Со ова име се викаат сите болести што се развиваат во грлото.
Ако се обични крајници ги викаат грло или гуша; ако пак е дифтерија ја викаат горно грло, гулемо грло или лошо грло.
За болеста на гушата се употребуваат овие лекови: пред се, секое грло се трие, т.е.
се притиска и се гмечи со зејтин, а некои зејтинот го мешаат со шпиритус и со тоа трлаат.
Кога гушата ќе се истрие, се обложува со толчен кромид и зејтин.
Некои толчат и наложуваат и маслинки.
Преку летото печат модри патлижани и бамји во пепел и сето тоа го гмечат со зејтин и ја обложуваат гушата.
Гушата се обложува уште и со квасец измешан со зејтин.
Многумина ја обложуваат гушата со алва – таан алваси.
Постарите луѓе наутро пијат ракија и на децата им се дава да јадат небет шикјер (жолт шеќер).
Како најсигурен лек против гуша го сметаат грло дигајне.
Кога бадемите во гушата (жлездите-крајници) доста порастат и ја затворат гушата тогаш некоја вешта жена ќе го пикне средниот прест во гушата и ќе притисне и на едната и на другата страна, за да го отвори затвореното и по некој пат и толку за да се скапат бадемите и да потече гној и крв.
Потоа треба да се испие чаша лута ракија.
Некои жени пред да го пикнат прстот во гушата налепуваат на прстото чиста пепел за да не се лизгаат бадемите под прстот.
Многумина грицкаат нишадор или пак го толчат во прашак и низ цевка на болниот му го дуваат во грлото.- Некои ја мачкаат гушата со сабор, а ја тријат со зејтин.
– Некои варат трева лапух и ја обложуваат гушата, а некои ја обложуваат гушата со енгинарово лисје откако ќе го истолчат.
Според книгата Српски народни обичаји у Ѓевѓелиској кази, од Стефан Тановиќ, Београд 1927. | fineweb-2 |
Нелоска: Полицискиот час целосно непотребен – нема да смени ништо
Опозицијата реагира дека нов полициски час нема да смени ништо во епидемиолошката слика во државата.
Ленче Нелоска од ВМРО-ДПМНЕ смета дека власта цела година прави систематски пропусти и целосно ја промашила стратегијата за борба против Ковид-19.
-ВМРО-ДПМНЕ апелираше власта систематски да му пристапи на проблемот.Но, власта на СДСМ наместо на борбата против КОВИД 19 се посветија на личните приоритети и пиар-от.
Очигледно не знаат да менаџираат и прогласуваат полициски час од 22 до 05 часот кој е целосно непотребен и нема да смени ништо.
Во Македонија ситуацијата е многу лоша затоа што власта доцни со сите мерки.
Србија има вакцинирано 30% од населението, а ние не сме ни почнале со вакцинација.
Вакцини имаат и земјите од Африка, но нашата власт уште чека вакцини, па и циркус прави од целата ситуација.
Срамота, рече Нелоска во "Коментар на денот".
Според неа, ситуацијата во која не втурнала власта е жалосна за целата држава.
А, како што вели, наместо разум и одговорност СДСМ организира попис.
-СДСМ се коцка со целата држава и животот на цел македонски народ, рече Нелоска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите.
Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа | fineweb-2 |
Гувернерот на најголемата бразилска сојузна држава Амазон, Вилсон Лима, прогласи полициски час поради извештаите за голем пораст на бројот на смртни случаи поврзани со коронавирусот.
Тој исто така изјави дека цело болничко крило со пациенти починало откако тие останале без кислород за дишење, пренесува "Гардијан".
Гувернерот Лима прогласи полициски час од 19 до 6 часот наутро.
Манаус, најголемиот град во државата Амазон, беше едно од местата најмногу погодени од првиот бран на епидемијата во април минатата година, каде властите биле принудени да копаат масовни гробници за мртвите, тврди британскиот весник.
Ние сме во состојба на екстремна катастрофа… како земја која изгубила во војна, рече тогаш Лима.
Според "Гардијан", на 22 декември имало 39 погреби во целиот град Манаус, додека во средата, е соборен нов рекорд четврти ден по ред, со 198 погреби.
Во саботата имало 130 погреби, 144 во неделата, 150 во понеделник и 166 во вторник, додава лондонскиот весник.
Овие бројки покажуваат кристално јасно дека сме сведоци на експлозија на смртност од Ковид-19 што е дури и поголема од онаа од првиот бран, рече Лима.
Извештаите во бразилските медиуми од четвртокот велат дека неколку јавни болници останале целосно без кислород. | fineweb-2 |
Вардар како првопласиран од А групата ќе влезе во четврт-финалето на ЛШ, откако во последниот меч од главната фаза на домашен терен го победи Турингер со 36-26.
Пред ракометарките на Вардар е последниот предизвик од главната фаза на лигата на шампионите, натпреварот со Турингер закажан за во сабота во 17,30 часот во СЦ "Јане Сандански".
Ќе завршиме како првопласирани во групата.
Немаме притисок, и треба да уживаме, да имаме добар меч во недела истакна капитенот на Вардар, Столе Стоилов.
На кормилото на Вардар повторно е поранешна ракометарка која зад себе има многу трофеи и медали.
Ирина Дибирова е пред нејзиниот прв тренерски предизвик во кариерата.
Поранешната трикратна светска шампионка, и двоен победник на лигата на шампионите Ирина Дибирова (37) во иднина ќе биде нов тренер на Вардар.
Досегашниот селектор на македонската ракометна репрезентација ќе се врати во својата држава и повторно ќе ја преземе селекторската функција.
Селекторот на Женската сениорска репрезентација на Македонија, Симе Симовски, го објави списокот на ракометарки повикани за подготовки за време на ЕХФ националната недела (13-19.03.2017).
Вардар својата шанса за освојување на првото место во групата и директниот пласман во четврт-финалето на ЛШ ќе ја бара на свој терен следниот викенд.
Ракометарките на Вардар се подготвени за претпоследниот предизвик на гостувањето кај француски Мец.
Ракометарите на Вардар имаат шанса уште викендов на гостински терен кај Мешков Брест да го потврдат првото место во групата и директниот пласман во четврт-финалето на ЛШ. | fineweb-2 |
Колку што се страшни пресовите на министерот за здравство Венко Филипче, со оглед на тоа што го соопштува, толку се и интересни пораките што од Фејсбук профилот ги праќа Lide Lide. "
Која е таа?
Вистина ли е вљубена во министерот?, Лажен профил е!
Машко е. Од Кичево е. Од Скопје е. Од Битола е… Илјада прашалници кај луѓето кои, како што едвај го чекаат пресот на Филипче, така ги чекаат и нејзините коментари.
ММС тргна во потрага по Лиде и стаса до скопјанката Лидија, која за да не ја растури магијата, не сакаше да го каже јавно своето презиме.
-Лиде е Лидија, обична девојка ид 38 години од Скопје, што сака многу да се шегува.
Во секоја ситуација, па дури и на црните ситуации сакам да гледам со доза на хумор, па и црн хумор да е, нека е, вели Лидија и додава:
"Приказната со министерот почна кога јас со две другарки, со кои сум постојано на чет, си пишувавме и едната рече: Чекај Филпче има прес, дај да чуеме што ќе каже.
И јас и реков абе сите се многу сериозни и со намуртени фаци, дај малку позитива да внесам, не можам веќе со луѓево негативци.
Им велам, јас сега ќе пипшам нешто."
И така тргнало, досега има напишано околу девет коментари до Филипче, од кои повеќето се со покана за на кафе.
-Првиот коментар помина незабележително.
Пишав: " Венко да ти кажам дека си ми симпатија".
После пак пишав нешто, но и тоа остана незабележително.
И после се навлековме.
На еден прес го гледам како збори и му пишав: "Колку повеќе ве гледам толку повеќе сакам да седнам на кафе со вас".
И тоа пројде, одеднаш стана бум.
Почнаа луѓе мене да ми пишуваат, некако им бев светла точка во сите лоши работи кои се соопштуваа.
После почнаа да ме барат низ коментарите и почнав да се смеам сама на себе.
Си велев, чекај па, зарем имам обврска да пишувам, открива Лиде.
Приказната со вљубената Лиде и министерот Филипче од Фејсбук се префрли на сите социјални мрежи, па за оваа "љубов" се коментираше и на Инстаграм и на Твитер.
-Јас немам профил на Инстаграм и Твитер, само Фејсбук и другарките ми кажуваа колку муабетов се проширил по социјалните мрежи.
Понекогаш ми доаѓа инспирација за пишување, понекогаш не.
Ете за Велигден стопирав малку.
Некои од работа дознале, па ми викаат да не го брукам работното место, ама јас си си пишувам како слободен граѓанин.
Позитивна сум, и смачено ми е од намќори, озборувања и злоба.
Пројде Велигден, Филипче почна со самоизолација и ми дојде пак инспирација.
А сите денови додека ме немаше во коментарите ми кажуваа дека луѓето ме барале.
На другарка ми и викам- јас ке продолжам.
Веднаш после Велигден пишав: "Господине Венко, Господ го воскресна Исус а вие ме воскреснавте мене".
И толку тебаше, луѓето се нафатија.
Почнаа да ми праќаат пораки со поддршка.
Навистина се навлеков, една вечер не можев да заспијам, почнав да мислам, утре ќе има прес, што да напишам.
Нема како да дознаам дали ми ги чита пораките.
Знам дека е роден на 13 јуни и имам другарка која се разбира во хороскоп и ми вели: Тој е во знакот на близнаци, сигурно се смее, вели Лиде и за крај додава:
"Но, иако се почна од шега, морам да признаам дека станав сериозна со кафето ама па и министерот добро изгледа.
Така да кафето си стои", вели Лидија.
Весна Миленковска Извор ММС | fineweb-2 |
Според изборот на читателите, наградата за "Најдобар бизнис автомобил", иницирана од уредничкиот тим на Auto Bild, , ја доби новиот Passat во обемната категоријата "Автомобили со средна големина".
Списанието Auto Bild пишува: "Овие бизнис автомобили претежно се возат на националните патишта и автопати, како и на подолги патувања.
Мноштвото на системи за безбедност и врвниот комфор на возачот и патниците ги прават долгите патувања многу попријатни и побезбедни."
Новиот Volkswagen Passat се карактеризира со LED предните и задни светла, адаптивниот темпомат, помош за задржување на лента Lane Assist, предупредување при ризик од фронтален судар со можност за автономно сопирање Front Assist, систем за детекција на пешаци, најновиот инфозабавниот систем, вклучувајќи и интерфејс за мобилен телефон, поврзување со паметни телефони преку App Connect и многу мобилни услуги преку интернет.
Германскиот седан исто така се одликува и со ефикасни и одржливи агрегати, како турбо бензински, турбо дизел и најновиот Passat GTE со хибриден погон кој испорачува моќност од 218 коњски сили. | fineweb-2 |
Се намалува трговската размена на Македонија со странство.
Повеќе паѓа извозот од увозот на стоки.
Обемот на трговската размена во август годинава, во споредба со истиот месец од минатата година се намалил за 26,2%.
При тоа извозот паднал за 28,7%, а увозот за 24,6%.
Рачниот багаж кој не го собира под седиштето во авионите на нискобуџетната компанија Виз ер почна да се наплаќа, а цените се движат од 20 до 60 евра.
Зголемувањето ќе важи за секој кој ќе си резервира билет за лет по 24 октомври.
Централната банка објави дека штедењето во денари веќе почнува да доминира во валутната структура на депозитите, искачувајќи се на 50,7% учество.
Трајна примена на повластената стапка од 5% данок на додадена вредност за увоз на компјутери, софтвер и сончеви колектори се измените на Законот за данок за додадена вредност, кои на предлог на Министерството за финансии биле усвоени од Владата.
Станува збор за печка за поцинкување на лимени плочи, според најсовремена технологија
Од сега фановите на Converse и Dr. Martens ќе можат да одбираат и купуваат со задоволство од најновите трендовски колекции на светски познатите брендови во Skopje City Mall, во новата продавница на Arthur's која се наоѓа на првиот кат во самиот трговски.
Најпознатиот германски бренд за мода за млади New Yorker ја отвора својата втора продавница во Скопје
Бизнис средби на македонски фирми со реномирани австриски компании од областа на екологијата ќе се одржат денеска во Стопанската комора на Македонија.
Новиот продажен салон што ќе го отвори Телеком во Сити мол ќе биде единствен од ваков тип во регионот.
Денеска министерот за економија Ваљон Сараќини, заедно со министерот за економски развој и комуникција на Естонија Јухан Партс го отворија македонско-естонскиот бизнис форум.
Единаесет македонски винарнии, организирани преку Здружението Вина од Македонија ќе ги промовираат своите вина во Хаг и Варшава.
Компаниите со октомвриските сметки ќе плаќаат 399 денари (без ДДВ) месечна претплата за телефонска линија со еден говорен канал и 694 денари (без ДДВ) месечна претплата за телефонска линија со 2 говорни канали.
Гранит извести дека потпишале нов договор со Дирекција за технолошки индустриски развојни зони вреден 35,24 милиони денари или 573.000 евра. | fineweb-2 |
Со оглед на тоа што инфективната клиника после еден сериозно долг временски период целосно се исполни, ќе започне со работа повторно и модуларната болница, најави министерот за здравство Венко Филипче.
-Веќе е подготвен кадарот, којшто сега повторно исто како во месец ноември работи по системот на ротација, лекари, медицински сестри од сите одделиенија повторно ја воспоставивме онаа координација и комуникација на ниво на сите клиники во Скопје, за да се обезбеди уште еден дополнителен болнички капацитет – истакна Филипче на МРТВ.
Тој посочи дека вакцинацијата од утре ќе се префрли во Здравствениот дом во Скопје, кадешто ќе се користи тамошниот вакцинален пункт. | fineweb-2 |
На 23/24 Јули 2014 година се одржа петтата годишна конференција на македонските организации од дијаспора во министерството за надворешни работи во Скопје.
Културно хуманитарното друштво ОКТИСИ/09 со седиште во Рорсчач беше за прв пат покането на оваа конфереција на која учествуваа разни организации и друштва од сите континенти на светот.
Културно хуманитарното друштво ОКТИСИ/09 беше застапено од првиот претседател и почесен член на КХДО/09 Мислим Имероски и претседателот на огранокот на КХДО/09 од Октиси Вадедин Имероски.
Се разговараше за многу бројни друштвени и политички теми и беа дадени разни информации, како неговање на македонскиот јазик, организирање и поврзување на друштвата и организациите од дијаспора.
Културно хуманитарното друштво ОКТИСИ/09 реализира многу бројни значајни и грандиозни хуманитарни пројекти од неговото формирање до ден денес, па и затоа стои пред вратата за доделување на најголемата награда за заслужни здруженија во дијаспора.
Мислим Имероски имаше прилика на таа коференција да се сретне и лично да разговара со македонскиот претседател Гјорге Иванов.
Имероски му ја претстави работата и хуманитарните пројекти кои друштвото досега успешно ги реализира.
Претседателот беше горд на таа информација.
Мислим Имероски и Вадедин Имероски исто се сретнаа и со македонскиот амбасадор од Берн Екрем Ебиби.
каде водеа пријателски и блиски разговори.
Со тоа и се продлабочи односот помегју КХДО/09 и амбасадорот господин Екрем Ебиби.
КХДО/09 ке продолжи и во иднина со иста динамика да остварува значајни пројекти од хуманитарен карактер и да прави доброчинсто таму каде е неопходно. | fineweb-2 |
Колумната пред вас е испрвоцирана од лицемерието на Заев, Спасовски, Филипче и Караџовски, за кои кога е Велигден има корона опасност и затоа сите во домашен карантин.
За Рамазан пак таква опасност нема, короната нели пиштолџијата Реџепи тогаш само што ја уби, и нема карантин.
И веднаш потоа се отворија рестораните за да се прослави убиството на короната.
Се пуштија во промет и автобусите од јавниот превоз.
Доаѓа Духовден и Задушница, ајде пак сите во карантин и нема одење на гробишта.
Демек народот пак е виновен, не бил послушен.
И така заразените се множат, а и бројот на починатите не е за занемарување.
Ова лицемерие на власта го споредувам со лицемерието на папската и шпанската инквизиција од средниот век.
Тие инквизиции, преку инквизиторите, подоцна и преку езуитите, го искористија Николо Макијавели и неговото дело "Владетелот" и на неукото пучанство од средниот век му сервираа макијавелизам (ама црковен, крваво проверен во пракса, а не мисловен и теоретски, како оној на Николо Макијавели), со цел да ги дефокусираат од црковната примитивна, варварска, погубна и крвава инквизиторска практика, реализирана со амин на католичкото папство.
Е, па му пукна филмот на народот и бегајќи од корона аветот (баукот) што кружи над Скопје, ама бегајќи и од тие што не ги цени и не им ги прифаќа мерките, голем број граѓани на Скопје, во стампедо отидоа кон Охрид, Дојран, Маврово… и други излетнички места во внатрешноста.
Домицилното население се буни, повикува на помош полиција, царина.
И ете ти поделба и проблеми што таа ги носи.
Ова е грд пример како политичката инквизиција во Македонија макијавелистички го третира својот народ.
Третманот е револуционерен макијавелизам (од типот на Робеспјер и Сталин), а пакувањето, т.е обландата е македонска.
Тоа ти е. За жал и денес, во 21от век имаме обиди за воскреснување на ликот на Макијавели и неговата мисла како современ макијавелизам.
Острото око на македонските објективни аналитичари забележува политичка интенција (намера и пракса) за кршење на правото и за руинирање на правната држава.
За непочитувањето на законите и процедурите.
Вчера еден чекор напред, денес два чекора назад.
Нагоре високо (недостижни правни норми и морални принципи), удолу длабоко – бездна во која се паѓа кога се заговара аномија и не се почитуваат морални принципи.
Правно-политичка лимбо состојба.
Политички волунтаризам со максимално штетни последици.
Платени со загрозено и нарушено здравје и човечки животи.
Разочарани, резигнирани, ама и исплашени и во паника, луѓе од Скопје поитаа во внатрешноста.
Резултатите од тоа стампедо-излет допрва ќе ги видиме.
Ајде скраја да е, да не се оствари.
Се е можно со вакви узурпатори на власта.
И ете, од незнаење како да се справат со короната, фрчат кривични за првиот опозиционер Мицковски, се отвораат истраги за владиката Агатангел, се обвинуваат и се казнуваат граѓаните за недисциплина и непослушност.
Ама селективно, одредени средини и некои персони се недопирливи.
Реџепи после каубојската фаза непречено си замина на меден месец, а за оној насилникот-советник на Зоран Заев, кој брутално го нападна Игор Дурловски, се чекало да се "чуе и другата страна".
А и повторното нацифашистичко однесување кон Рашела Мизрахи повторно воскреснало, а власта го игнорира и понатаму.
Абе, ееј, на ушите си седите, со очите мижете ли мижете, ништо не допира до вас.
И тоа, затоа мислам дека ни се случува политичка инквизиција и макијавелизам од македонски тип.
Еве и да ги објаснам.
Вистинското прашање е дали волунтаристичката политика на ненародната и насилна власт, го повредува правото и ја осакатува уставноста.
Има уште едно битно прашање: дали, во ова актуелно македонско време, инсистирањето на суровиот правен прагматизам не ги повредува перспективите на државата, на нејзиниот опстанок?
Гледаме, слушаме, чувствуваме, дека врз Македонија е надвисната нова правна маглина во која повторно политиката револуционерно е надвисната над правото.
Тоа е револуционерниот макијавелизам што го заговара дезориентирана власт, која не знае, не е кадарна, да се справи со корона пандемијата, па удри по народот, прогонувај владика, малтретирај културен деец и носител на листа, обвинувај лидер на опозиција.
Еј, се активираа сите родови и видови полиција и безброј инспекции и инспектори.
За една кафеана, за едно седење во неа на 3-4 луѓе.
Море викај војската на Рада и право во апс.
Тоа е акт против уставноста и безбедноста на државата.
Што е сигурно, сигурно е!
Следуваат брзи избори, барем така тие велат, и се знае, мора да се уништи опозицијата, да се обесхрабрат верниците, да се подзаплашат непосакуваните избирачи.
И ова ќе го појаснам: се предлага, ама и така се дејствува, со недобри и грди дела да се направи наводно добро – добро за државата и народот во неа.
Среде корона епидемија (со пик во втор бран) да се спроведат брзи избори.
Демек да се активирале институциите и да бидат одговорни.
Па што чекате бре, вие сте во институциите, одговарајте еднаш – ама вистински, не со лингвистичка и ментална гимнастика.
Токму пред 500 години филозофот и политиколог, Николо Макијавели, како прв мислител согледал дека постулатите во политиката не се темелат врз етичките принципи и врз правните норми.
Аксиомата што му ја припишуваат, која тој воопшто не ја напишал, а според која "целта ги оправдува средствата", е евидентно доминантна во македонската политичка практика на владата на Зоран Заев.
Оваа максима, но и конкретна техника на политичка власт, очигледно е омилениот метод на дејствување на актуелното македонско политичко водство.
Тоа водство на суров начин, заговарајќи револуционерен макијавелизам, создава нова, грда политичка култура.
И пак објективната диоптрија на македонскиот аналитичар ќе воочи дека во својата оригинална доктрина Макијавели никаде не го употребил терминот "оправдува", туку го форсира поимот "одредува".
И сега, имаме двојна измама.
Поточно еден фалсификат и една манипулација.
Фалсификатот е дека зборот "одредува" е заменет со "оправдува".
Манипулацијата е пласирање авторство за аксиома, која човекот што се посочува воопшто и не ја напишал.
Имено, со фикцијата "одредува" философот упатува на ненасилни, на подемократски методи до саканите цели.
На политичарите (особено на оние кои насилно менуваат Устав и име на држава), разбирливо, поблиска им е популистичката одредница "оправдува".
Ваквото именување на нивните неправни (неуставни и противзаконски) зафати, некој погрешно ги советува дека им обезбедува избор на поширок асортиман неказниви дејства.
Тоа е залажување и самозалажување.
Историјата ќе ја испрати фактурата, политиката ќе ја прими, а правото ќе ги направи реалност правдата и праведноста.
Што побрзо, толку подобро.
Дотогаш ќе си го трпиме макијавелизмот како актуелен миг на македонската ненародна власт и на нејзината макијавелистичка политика.
Со оваа политичка прагма, со овој грд правен позитивизам, кој во основата е неуставен, актуелната власт сака да го инфицира целото наше општество.
Во услови на потурболентни кризи, какви што се уставната и корона кризата во Македонија, практиката на насилие врз правниот систем е се повидлива – до ниво на очебијност.
Сега, разбирливо, судејќи според реакциите, овој актуелен не правен амбиент, посебно за многумина теоретичари легалисти, професори, правници, експерти, аналитичари, е очаен, мачен, фрустрирачки.
Повторно се соочуваат со уставни контроверзи и правни дисторзии.
Нов бран доминација на политиката врз правото.
Бран, многу јак, силен, уништувачки.
Правото го политизира до ниво на аномија.
И тоа општа општествена аномија, што е загрижувачки.
За напред наведените луѓе од експертската и академската јавност, особено шокантни се несмасните зафати(правни, политички) кои правната држава ја обезличуваат преку скрнавење на Уставот и нагрдување на законите.
Да, таква е макијавелистичката еквилибристика на една забегана елита која владее со сурови (неморални) средства и остварува нечесни цели.
Не задеси несреќата да го живееме времето на најдеструктивни уставни ломови, времето на anomos-от, на безаконието.
Парадоксално, апсурдно, за жал, и вистинито.
Тоа ти е како рефлексија во и од огледалото.
Огледалото од средниот век.
Векот на монархијата и тиранијата.
Кога волјата за моќ и власт се искачуваше на политичкиот Олимп, а законите, нормите и принципите беа потиснати во средновековниот мрак.
Денес политичките мутанти сакаат со средновековни практики(техники и методи), да остваруваат егоистички цели – спротивни на интересите на државата и народот.
Со револуционерен макијавелизам суспендираат уставен и правен систем на државата.
Таа правна обланда, тој вид на џиџе-миџе политика носи само лузни врз правото и уставноста, кои долго ќе ги лекуваме.
Корона системот, "сад га видиш, сад га не видиш" не помага.
Тој систем не помага и во сузбивањето на пандемијата, ама таква ни е среќата, заробени сме во инквизиторските канџи на македонските макијавелисти.
Сотир Костов
П.С.
Во приликите што следуваат ќе биде до објаснето што претставуваат и кои се разликите помеѓу мислата и политичката теорија на Николо Макијавели, "макијавелизам" и папската и шпанската инквизиција во контекстот Македонија и техничка власт која узурпира се што ќе зграби во режимските канџи. | fineweb-2 |
Антонијо Милошоски и Илија Димовски најавија бојкот на партискиот конгрес во Валандово, на кој треба да се избере новиот партиски лидер на ВМРО-ДПМНЕ.
Единствен кандидат за кој делегатите ќе имаат можност да гласаат е сегашниот генерален секретар на партијата Христијан Мицкоски.
"Моја принципиелна лична одлука е да не учествувам на конгресот за кој сметам дека има демократски дефицит и нелојална конкуренција за најважната одлука од која зависи перспективата на ВМРО-ДПМНЕ како конзервативна партија.
На сите делегати им пожелувам успешен настан и продуктивни одлуки", вели Милошоски во изјава за Макфакс.
Илија Димовски, кој исто така важеше за еден од поблиските соработници на лидерот во заминување Груевски, причините за својата одлука ги соопшти на Фејсбук.
"Овој Конгрес не го носи со себе легитимитетот на широкото и големо членство на ВМРО-ДПМНЕ.
Има политички дефицит и јасни одрази на креирање на состојба на формален избор на веќе одлучено решение, без вклученост на нашите местни и општински комитети, ветераните и сите членови на партијата.
Моите забелешки не се од персонални причини, туку станува збор за принципиелни и концептуални разлики", напиша Димовски.
Двајцата партиски функционери се потпишани на писмото кое во вторникот, на 19 декември беше упатено до организаторите на Конгресот во Валандово, а во кое се бараше одложување на истиот поради недемократскиот и нетранспарентен процес за легитимен избор на новиот партиски лидер.
Меѓу потпишаните на писмото беа и имињата на основачите на ВМРО-ДПМНЕ Борис Змејковски и Дијана Транталовска.
Од друга страна, единствениот кандидат за лидер Христијан Мицкоски очекува успешен Конгрес и процес на повторно обединување на партијата.
"Мојата кандидатура е широко понудена рака за секој еден кој сака да биде дел од тимот кој ќе ја создава визијата и ќе го реализира сонот за победничка и економски напредна Македонија.
Јас имам план.
За нова надеж за нашата татковина, силна и достоинствена!
", напиша Мицкоски во објава на социјалната мрежа Фејсбук.
16 Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи вечерва и утре во Валандово.
На истиот право на глас ќе имаат 544 делегати.
Конгресот ќе се смета за успешен доколку на истиот присуствуваат најмалку две третини или 363 делегати. | fineweb-2 |
Југословенската кошарка имаше ѕвездезни моменти но најблескавиот го доживеа во 1970 година кога стана светски шампион.
На светското превенство на кое беа домаќини во Љубљана ја совладаа САД со 70-63.
За југословенската репрезентација тогаш играа Крешимир Ќосиќ, Иво Данеу, Драган Капичиќ, Петар Сканси,Никоа Плеќаш,Дамир Шолман.. селектор беше Ранко Шеравица, а негов помошник нашиот Лазар Лечиќ.
Пред неколку години се сними и филм за овој успех, а Лазар Лечиќ го играше актерот Сашко Коцев. | fineweb-2 |
Дупјачанец: Како да сме проколнати, еден играч добиваме, а друг губиме
Од Плоцк, Марија Ковачева
Металург денеска (18:45 часот) го игра вториот меч против Висла Плоцк во рамките на Европската лига.
Македонскиот претставник во Полска дојде со помладен состав поради порблем со повреди и позитивни случаи на Ковид-19.
Капитенот на Металург, Даниел Дупјачанец признава дека е тешко да се функционира на овој начин, без доволно играчи во ротација, но нема предавање.
"Се наоѓаме во незавидна ситуација, се наоѓавме и пред тоа.
Дури се чини некако како да сме проколнати, еден играч добиваме, а друг губиме.
После дуелот со Чеховски, го загубивме Хорват поради позитен ковид-тест, кога мислевме дека малку ќе дигнеме глава со доаѓањето на Василие Калуѓеровиќ, за жал го загубивме Велко Марковски.
И сами видовте како се одвиваше претходниот натпревар, немавме ротација и со тоа немаме ни свежина, а сепак играме против еден сериозен противник.
Тоа немање на свежина ја прави дополнително потешка ситуацијата.
Но, што е тука е!
Тука сме да одиграме", вели Даниел Дупјачанец.
Искусниот голман потенцира дека младите играчи треба максимално да ги искористат овие средби за добивање на искуство кое во иднина и тоа како ќе биде драгоцено.
"Се надевам на подобро издание на денешниот натпревар.
Некои помлади играчи добија шанса на претходните два натпревари во Европската лига и мислам дека од натпревар во натпревар ќе бидат подобри.
Искуството што го стекнуваат на овие натпревари ќе биде дополнителен мотив уште подобро да се претстават на утрешниот натпревар.
Треба да ги искористиме овие натпревари за добивање на нови играчи, да добијат поголема минутажа и драгоцено искуство.
Добро е што играме без разлика колку е сложена целата ситуација.
Можевме да си направиме дополнителни компликации со евентуално откажување на овие натпревари со Висла Плоцк, да загубиме службено или да си направиме уште погуст распоред во, за нас побитниот период, кога почнува нашето првенство.
А, на овој начин сметам дека ги добиваме овие играчи за во иднина.
Секоја чест на борбеноста што ја прикажуваат и мислам дека имаме добри услови утре да се прикажеме во подобро светло отколку на претходниот натпревар".
Металург по пет одиграни меча во Европската лига има едно реми и четири порази. | fineweb-2 |
C
cige
Гостин
Чаршијата во Паралија е некоја појачана верзија на Шутка.Таму се оди(бев летово 8-9 дена) само како комбинација на евтино-шопинг-релативно добар смештај.
За шопинг никој друг град освен Паралија(Катерини) не му равен.
Јас пошто одев со сопруга и ќерка, ми се е..а мамето по тие дуќаните
Ако одиш со жена ќе збеснеш.
Долга е 2-3 км и сите дуќани се наредени со закачалки со ефтини фустани,маици, каиши, бижутерија.... | fineweb-2 |
Роден е во 1859 година во с. Ореовец, Прилепско.
По завршувањето на основното училиште работел како овчар, полјоделец и кираџија.
Кога турците му го убиле татко му, решил да им се одмазди и затоа се приклучил во четата на Коне Павлев.
Меѓутоа, турската власт успеала да го фати и го испратила во Солунскиот затвор, каде одлежал повеќе години.
Успеал да избега од затворот и се префрлил во Софија.
Таму бил обвинет за учество во убиството на С. Стамболов (претседател на бугарската влада) и бил осуден на три години затвор.
Во 1899 година со своја чета заминал за Неврокопско, каде неколку пати имал успешни судири со турската власт.
Во 1901 година на пат за Прилепско, кај селото Уланци (Тиквешко) Турците ја откриле неговата чета, ја опколиле и по тешка борба ја разбиле, при што загинал и самиот војвода. | fineweb-2 |
Да, само кажете ни ги вашите барања, можеме да прилагодиме за вас.
И може да го оптимизира вашиот план.
Ако сакате само да ги промените напонот, големината на сондата, прирабницата итн., Тоа е слободно.
Ако сакате да го промените основниот дел или да додадете придружни објекти, монтажна линија, итн.
Можеме да разговараме за соодветните такси.
Не, ние ќе го избереме и дизајнираме производот според вашата моментална работна линија.
Секако, достапни се платени примероци.
Вие исто така можете прво да изнајмите опрема за ултразвук во лабораторија за да го тестирате квалитетот и работниот ефект.
Ако ги задоволува вашите потреби, тогаш можете да го купите индустриското ниво, а такси за изнајмување може да се користат како плаќање на стоката.
Пред да ја користите опремата, ќе ги побараме вашите потреби и ќе одговориме.
Откако ќе го користите уредот, ќе ги обезбедиме соодветните експериментални чекори и прирачник за опрема.
Откако ќе заврши експериментот, ќе ви помогнеме да извлечете соодветни записи за податоци.
Нашата фабрика има историја од скоро 30 години од основањето.
Има околу 100 стручни штабови и повеќе од 15 професионални вработени во истражување и развој.
Се наоѓа во Хангжу, многу добредојден за посета и разговор.
T / T, L / C на повидок, Western Union, PayPal, Visa, Master Card.
Во рок од 7 работни дена за нормален производ, 20 работни дена за прилагодено еден.
Секој производ освен потрошен материјал има 2-годишна гаранција.
Ние сме производител специјализиран за производство на ултразвучна опрема и индустриски решенија за ултразвучна опрема.
Ние не само што обезбедуваме ултразвучна опрема, туку исто така и некоја поврзана опрема што се користи во индустриското производство.
На пример, мешалка.
Резервоар за мешање од не'рѓосувачки челик, опрема за третман на вода, тест резервоар за стакло, електронски додатоци и така натаму.
Се разбира, ние сме многу добредојдени.
Потребни ни се поактивни дилери да ни се придружат за да го промовираме нашиот бренд и да се прошириме за да заземаат повеќе пазари.
За фабрика, имаме ISO; За производи, имаме CE.
За апликација за производство, имаме национален патент.
Ние сме најраниот производител на ултразвучна опрема во Кина.
Основната опрема е сигурна по квалитет и силна во R&D.
Пред нарачка: 10 години продажба и 30 години инженери даваат стручни совети за производот, дозволете да ја добиете најсоодветната стока.
За време на нарачката: Професионално работење.
Секој напредок ќе ве информира.
По нарачката: 2 години гарантен период, техничка поддршка за цел живот. | fineweb-2 |
На Куман додека даваше изјава му течеше крв од нос, зошто често му се случува ова?
(Видео)
Непријатна глетка, фановите се запрашаа каква е здравствената состојба на тренерот на Барселона.
Тренерот на Барселона, Роналд Куман, на денешната прес-конференција по повод утрешното гостување кај Севилја, имаше проблем со крварењето на носот.
Додека зборуваше, од носот почна да му тече крв.
Ова не е првпат на Куман да му тече крв од носот, а некои шпански медиуми објавија дека причина за честите крварења е пиењето на лекови за разредување на крвта кои ги зема холандскиот стручњак за превенција од срцеви болести.
😥 Rueda de prensa accidentada…
🩸 Koeman rompe a sangrar en mitad de su comparecencia
— El Golazo de Gol (@ElGolazoDeGol) February 26, 2021 | fineweb-2 |
Компанијата воведе водечките светски автоматско производство на кастинг и истиснување акрилик линија и британскиот "Британскиот Pilkington стакло" стакло мувла.
Kingsign има историја од 15 години во областа на акрилни, и е врз основа на производство на high-end кастинг одбор и опремен со напредни Тајван производна линија.
Се усвојува мономер МЛД обезбедени од страна на меѓународно реномирани компании и се полимеризирани со процесот на висока температура кастинг.
Со добар углед, тој ужива висок углед во индустријата.
Компанијата се извршуваат иновации и постојано подобрување.
Во 2016 година, Kingsign Акрилик воведе четири увезени производствени линии истиснување одбор high-end (два напредни италијански производство линии и два увоз производствени линии Toshiba), и независно развиени и произведени домашните high-end истиснување таблички.
Производството на истиснување плочи донесува ПММА пелети се предвидени од страна на меѓународно реномирани компании.
На производи се врз основа на побарувачката на пазарот на високо-квалитетни акрилик светлина водич плочи на локално и во странство.
Со добар углед и во близина на систем на услуги на пазарот на маркетинг, компанијата исто така ужива висок углед во областа на акрилни светлина водич таблички.
Нашите производи имаат добар пазар и високо ниво на бренд репутација, и се фаворизирани од страна на клиентите на локално и во странство, и се извезуваат во Европа, Америка, Југоисточна Азија и во други делови на светот.
Врз основа на стабилен квалитет и високи перформанси, Kingsign акрилни лист ужива добар пазар за многу години.
Kingsign Акрилни е професионална компанија специјализирана за производство и продажба на акрилни плочи, цевки и стапови.
Фабриката беше преместен од Шангај Anting индустриски парк на Jiangsu покраината.
Фабриката зафаќа површина од 60.000 квадратни метри и има годишен производствен капацитет од 20.000 тони.
Имаме воспоставено компании во Хонг Конг, Шангај, и САД, и Шангај има канцеларии задолжен за глобалната продажба и маркетинг;
Како и секогаш, Kingsign акрилик ќе продолжи да дејствува до бизнис принципи на компанијата "квалитетот е на прво, клиентите се најгорната", и ние сме посветени да соработуваат искрено, производство прецизно, да се подобри и постојано пожарот нови патеки постојано. | fineweb-2 |
Игор Ангеловски е првиот наш селектор, инаку 13-ти по ред во самостојна Македонија, кој ја однел нашата репрезентација на големо натпреварување.
По триумфот вчера во Тбилиси против Грузија со 1:0 на неговите избраници, Македонија е во еуфорија, Македонија конечно доживеа да се радува на фудбалски успех.
На 12 ноемвври 2015 година против Црна Гора дебитираше како селектор, еве на 12 ноември 2020 година ја однесе Македонија на ЕВРО.
Понекогаш оспоруван поради неговата младост и демек фудбалско неискуство, тој си ја тераше својата "приказна", уверен во тоа што го работи.
За разлика од некои тој ја има таа доза на спортска дрскост да каже што мисли, без разлика дали некогаш и не бил во право.
Барем има став за сите прашања.
Нема комплекси зошто не бил фудбалски репрезентативец, знае што сака.
Во 2013 година почна како тренер на Работнички со освоена двојна круна, а две години подоцна стана и селектор.
Бројките одат во негов прилог.
Најмногу победи, најдобар коефициент на победи во однос на натпревари, рекордер по број на натпревари, се во суперлатив.
Успеа од репрезентацијата да направи фамилија како што тој милува да каже.
Успеа да го врати Пандев, успеа да ја натера Македонија да дише фудбалски.
Кога станува збор за репрезентацијата и добрата атмосфера тука не прави никаков компромис.
Тој е КАПЕТАНОТ кој Македонија ја однесе на ЕП.
Посакуваме уште многу вакви радости и од други селектори, но Мрме ќе биде запишан како првиот.
По проспената ноќ или утро, ако се знае кога дојде експедицијата од Тбилиси, Мрме за СПОРТМЕДИА истакна…
"Немам што многу да додадам а да не се повторувам со тоа што сум го кажал во текот на изминатите десеина часови.
Јасно е дека сум среќен, горд на репрезентативците, тие се најзаслужните.
Лично бескрајно сум благодарен на моите најблиски за поддршката.
На мојата сопруга Тања и децата Лука, Луна и Леа.
Посебна благодарност за тоа што сум сега до мојот покоен татко Коле, кој почина кога јас имав 21 година.
Можеби од некаде, од таму горе, и тој се радува на мојот успех, на успехот на фудбалска Македонија.
Тоа е тоа што не го кажав досега.
И да завршам со зборовите – радувај се Македонијо, биди горда Македонијо" потенцираше Ангеловски. | fineweb-2 |
Како што наведува весникот, идниот премиер Аљбин Курти се нашол во тешка ситуација пред преземањето на функцијата, особено по средбата со турскиот амбасадор во Приштина, кога изјави дека одлуката за тоа каде ќе биде амбасадата ќе биде донесена откако ќе се прегледа документацијата на владата во заминување.
Косово на 1 февруари воспостави дипломатски односи со Израел и реши да ја отвори амбасадата во Ерусалим, со што би станала првата држава со мнозинско муслиманско население која го направила тоа.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја предупреди претходно Приштина дека таквиот потег би можел да им наштети на идните односи на Анкара и Приштина. | fineweb-2 |
ИЗРАЕЛ на своите вакцинирани граѓани им дозволил да се вратат во спортските сали, ресторани и на концерти.
Животот полека се враќа во нормала, а сцените на млади луѓе кои танцуваат во кафулињата повторно го докажуваат тоа.
Олеснувањето на мерките во Израел следеше кога се намали бројот на нови случаи на …Повеќе »
(ВИДЕО) НЕМА НИШТО БЕЗ МАКА: Џенифер Лопез открила на кои вежби го должи совршениот изглед – Од самото гледање ќе се препотите!
Џенифер Лопез и нејзиниот свршеник Алекс Родригез се еден од најфит холивудските парови.
Не е тајна дека многу внимание посветуваат на својот изглед и дека тој е резултат на внимателна исхрана и интензивни тренинзи.
Во новото видео, Џенифер Лопез, открила дека изведува бројни вежби кои добро ќе ве испотат и …Повеќе » | fineweb-2 |
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска учествува на меѓународната конференција на тема "Спречување на нечовечко постапување од страна на полиција: справување со предизвиците што произлегуваат од пресудите на Европскиот суд за човечки права и други институции при Советот на Европа", што во организација на Советот на Европа денес се одржа во Будва, Република Црна Гора.
"Република Северна Македонија во последните две години направи низа важни чекори кон усогласување со стандардите на ЕУ.
Правната и институционалната рамка за заштита на фундаменталните права во голема мера е воспоставена и реформите ја подобрија усогласеноста со европските стандарди за човековите права.
Владата на РСМ јасно ги демонстрира својата волја и решителноста да ги спроведе и препораките на Европскиот комитет за спречување тортура и да направи напредок во спречувањето тортура и малтретирање.
Северна Македонија е докажан партнер на меѓународната заедница и ЕУ.
Континуирано учествуваме во работата на меѓународните тела и организации, сите регионални и европски иницијативи поврзани со борбата против криминалот, заштитата, промоцијата на човековите права и изградбата на здрави демократски општества.
Решени сме и во иднина да продолжиме во тој правец давајќи максимален придонес и во меѓународните иницијативи на ова поле, а со примарна цел за уште поефикасна заштита на човековите права и особено спречувањето на злоупотребите при постапувањето од страна на полицијата", рече Спасовски.
Тој посочи низа од досега реализираните проекти и активности на полицијата од областа на регулацијата на полициското постапување, притоа особено фокусирајќи се на тесната соработка со Советот на Европа, особено во делот на изработка на стандардни оперативни процедури на полициско постапување во согласност со полициските стандарди на ЕУ и стандардните оперативни процедури за внатрешна контрола на полициските прекорачувања и незаконски постапувања.
"Во оваа пригода сакам да истакнам дека од септември 2016 година се почна со имплементација на проектот 'Јакнење на почитувањето на човековите права при полициското постапување', кофинансиран од страна на Европската Унија и Советот на Европа, чија основна цел беше да се воведе ефикасна контрола над работата на полицијата преку воспоставување надворешен механизам.
Во рамките на овој проект беше избран двостепен модел на надворешна контрола т.н.
обвинителство плус, кој предвиде воспоставување посебно одделение во рамките на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, специјализирано за кривични дела сторени од страна на вработени во МВР со полициски овластувања и од припадници на затворската полиција.
Како и посебно надворешно тело (тело за граѓанска контрола или модел "народен правобранител плус"), во смисол на дополнителен коректив, со надлежност да поведува постапка по барање на странката жртва или на член на неговото семејство или по иницијатива на претставници на невладиниот сектор, како и по сопствена иницијатива по добиени сознанија (допрен глас) за можни повреди на правото на живот и забрана на тортура", потенцира министерот Спасовски.
Во тој контекст Спасовски нагласи дека од декември 2018 година почна со работа Одделението за истражување и гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, кое е позиционирано во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
Притоа тој посочи дека целиот овој механизам за надворешен надзор веќе дава резултати илустрирајќи дека веќе во првите три месеци од своето формирање наведеното Одделение постапуваше по предмети против 15 лица, од кои против две лица е поведен обвинителен акт и за две лица е одреден притвор.
На конференцијата, покрај претставници на Советот на Европа и Европската Унија, присуствуваа претставници од земјите од регионот на Југоисточна Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Откриени 50 метри кубни бесправно исечени огревни дрва во Берово
Полициски службеници од Берово во содејство со шумска полиција одзедоа околу 50 метри кубни бесправно исечени огревни дрва на повеќе локации.
Вчера околу 23 часот во дворот од куќа на ул.
Маршал Тито во Берово, сопственост на М.П., биле пронајдени околу 17 метри кубни огревни дрва.
Денеска, пак, во с.Двориште, на место викано Буково, во приколка биле пронајдени бесправно исечени 18 метри кубни борови дрва.
На друга локација во с.Двориште биле пронајдени 15 метри кубни букови огревни дрва.
Извршен бил увид на местото на настанот и дрвата биле предадени на шумска полиција.
По комплетно документирање на случајот, против сторителите ќе биде поднесен соодветен поднесок, најави МВР.
Осомничен избегал од пред кривичниот суд
Утринава од пред кривичниот суд на затворската полиција ѝ избегало лице кое било спроведувано до судот за одржување судски процес.
За настанот потврдија и од Основниот кривичен суд од каде објаснуваат дека се работи за обвинет кој бил спороведен во судот на рочиште по предмет поврзан со криумчарење на мигранти.
"Се работи за настан што се случил надвор од судот за што е задолжена затворската полција, а не во просториите на Основниот кривичен суд.
При влез во судот, негов спровод до судницата и излез од судската зграда, од страна на судската полиција испочитувани се сите безбедносни мерки", информираат од судот.
Од таму исто така порачуваат повеќе информации поврзани со овој настан да се очекуваат од надлежната Казнено-поправна установа и МВР.
Градежна комора: Недозволиво е поради изолиран случај да се суспендираат ДУП-овите во општина Центар
Суспензија на дел од деталните урбанистички планови во општина Центар би предизвикала тежок економски удар врз градежниот сектор, преку механизми кои се целосно правно неиздржани и директно ќе му наштетат на градежниот сектор и граѓаните, реагира Градежната комора.
Ваквото постапување, како што велат од таму, ја ограничува слободата на пазарот и претприемништвото и директно ги загрозува уставно загарантираните права на граѓаните и претпријатијата.
"Доколку постои спорен случај институциите да си понесат одговорност за грешките и да најдат начин како истиот спор да го разрешат, без да ги оштетуваат сите останати на кои им се загарантирани правата на сопственост и обезбедување подобри услови во живеалиште во оваа општина.
Во изминатите три години градежниот сектор беше жртва на два мораториума кои беа поништени од Уставниот суд, а кои предизвикаа огромна штета врз граѓаните, градежништвото и економијата воопшто.
Со вакви постапки на работење директно се попречува работењето на претпријатијата и се ограничува правото на сопственост и стекнати права на имот.
Преку механизми кои се бараат, а се спротивни на позитивните прописи, се нарушуваат правата на граѓаните и претпријатијата, а со тоа се создаваат ненадоместливи штети по однос на имотот и економијата", известуваат од градежаната комора.
Од таму предупредуваат за последиците од евентуални нови суспензии на ДУП-ови или блокирање на целосно легалните процеси и уставно загарантирани права.
"Градежните претпријатија кои во моментов имаат стекнати права на имот и целосно легални процедури за добивање на дозволи за градба, ќе бидат приморани да поведат правни постапки против институции и лица кои ќе иницираат вакви дејствија, а се целосно спротивни на законот.
Предупредуваме дека судските исходи од ваквите постапки ќе значат милионски казни и штети врз буџетот на централните и локалните институции", реагираат од оваа комора.
Според нив, градежниот сектор во изминатиот период делувал конструктивно, со многу разбирање за политиките, кои поради погрешна имплементација де факто направиле огромна штета врз градежниот сектор.
Постапките на незаконско носење мораториуми и слични дејствија не може повеќе да се толерира, а градежништвото тој товар ни финансиски не може да го издржи.
Градежниот сектор е двигател на економијата и со себе движи дополнително уште 26 стопански гранки, меѓутоа во изминативе години е доведен во состојба да се бори со ликвидност.
Дури 80% од претпријатијата се соочуваат со потешкотии во организација на работата и намалена деловна активност.
Апсолутно е недозволиво преку противправни процедури да се попречува работењето на градежништвото, а со тоа и да се воведува економијата во стагнација.
Апелираме до сите надлежни институции да се придржуваат до правните процедури и своите одлуки да ги носат во согласност со законите и Уставот.
Сè што бараме е почитување на законите, правото на сопственост, почитување на слободата на пазарот и сите останати права кои законски следуваат, а не се спроведуваат.
Веруваме во спроведување на законски и уставно загарантирани права со кои ќе се надмине настанатата тешка ситуација во која градежништвото се наоѓа, велат од Градежната комора.
Најново
Осомничен избегал од пред кривичниот суд
Утринава од пред кривичниот суд на затворската полиција ѝ избегало лице кое било спроведувано до судот за одржување судски процес....
Тројца обвинители од поранешното СЈО во тимот на Русковска
Пет кандидати од кои тројца обвинители од поранешното специјално јавно обвинителство се избрани за нови јавни обвинители во Обвинителството за...
Уапсен 59-годишен маж кој им испраќал еротски фотографии на малолетнички на "Фејсбук"
Полицијата приведе 59-годишен маж од село Ораовица, Радовишко, со престојувалиште во село Ерџелија, Светиниколско, кој е обвинет дека им испраќал еротски...
Браќа од Сарај заболени од Ковид-19 фатени со лажни ПЦР-тестотви на скопскиот аеродром
Скопското oсновно јавно обвинителство поднесе предлог за парични казни против двајца браќа од Сарај, на возраст од 24 и 26...
ЕУ подготвува тужба против "Астразенека"
Европската комисија се подготвува да преземе правни активности против "Астразенека", објави "Политико", повикувајќи се на пет неименувани европски дипломати.
Вчера...
Обвинение за српски државјанин за сообраќајката кај Ростуше во која загинаа две лица
Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинение за српски државјанин кој предизвика сообраќајна несреќа со камион кај Ростуше во која загинаа...
Во Индија откриен троен мутиран вид на Ковид-19
Индија откри нов троен вид на ковид во време кога се бори да го спречи најлошиот бран на коронавирус од...
Вакцинирани лица во старски дом во Америка масовно се заразиле со нов вид на вирусот
Случаи на Ковид-19 "експлодирале" во март во пензионерски дом во САД каде што голем дел од корисниците биле вакцинирани, откако...
Рашковски, од куќен притвор, ќе оди во затворот во Шуто Оризари, одлучи Кривичниот совет
Кривичниот совет ја преиначи одлуката и, наместо куќен притвор, на ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, и на сопственикот на...
Нови 627 случаи на Ковид-19, починати се 47 лицa
Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа, од направени...
Инспекторите утврдија дека немало прекршувања за гласањето во скафандери
Не се констатирани неправилности и протоколите се обезбедни од страна на Собранието, извести Државниот инспекторат за труд по направениот вонреден...
Владата за комплексот спроти "Холидеј ин": Ќе се гради ако е во согласност со Законот за градење
Одобрението за градба се издава доколку се исполнети сите услови пропишани во Законот за градење, изјави владиниот портпарол Душко Арсовски, прашан...
Шилегов: Го остваруваме 40 години стариот сон на скопјани за трамвај, обезбедувајќи систем подобар од трамвајот
Со денешното потпишување на договорот за заем меѓу Град Скопје, Министерството за финансии и Европската банка за обнова и развој...
(Видео) 12-годишно девојче тепа врснички во Велес, во полиција повикан и родителот
Малолетничка од Велес нападна врсничка, а настанот беше снимен со мобилен телефон и објавен на социјалните мрежи.
Видеото на кое...
Филипче: Иако бројките на заразени се намалуваат, периодов мора да бидеме претпазливи
Мерките даваат резултати, оцени министерот за здравство, Венко Филипче, по редовната утринска координација со директорите на клиниките.
На состанокот се...
Обвинeние за Вера Иванова, за аферата со дијализа
До кривичниот суд во Скопје поднесено е обвинение против Вера Иванова поради сторени кривични дела перење пари и злоупотреба на...
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Богдановиќ седел во кафеана додека сите се под клуч, тој демантира
Саша Богдановиќ вчера беше во кафеана, го служеа келнери, додека сите останати се под клуч и полициски час, обвини денеска...
Рама: Мини шенгенoт е можност за отстранување на границите меѓу Албанија и Косово
Албанскиот премиер Еди Рама го гледа мини шенгенoт како можност за, како што рече, отстранување на границите меѓу Албанија и...
Детали за убиството во Струга: Ја избол сопругата до смрт додека биле на гости кај пријатели
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга синоќа изврши увид во стан во Струга каде што маж си ја...
(Видео) Дерек Човин прогласен за виновен за убиството на Џорџ Флојд, ова е моментот на изрекување на пресудата
Поротата синоќа донесе пресуда во врска со убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд.
Полицаецот Дерек Човин е виновен по сите точки...
Досие
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во "Ист гејт мол"
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион6 дена
"Фајзер", "спутник В" или "Синофарм" – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
"Оштетени штедачи": Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира? | fineweb-2 |
Во општина Гевгелија, спроти стариот градски пазар, поставена е информативна табла која го промовира ЛАГ "Бојмија" со цек да се зголемат општата и туристичка информираност на посетителите.
Вакви табли беа поставени во 4 општини кои ги опфаќа микрорегионот вo Југоисточниот плански регион: Богданци, Валандово, Гевгелија и Дојран, во рамки на проектот "Интегрирана информативна и туристичка понуда на ЛАГ "Бојмија", финансиски поддржан од Агенцијата за финансиска поддшка во земјоделството и руралниот развој и општините од територијата на ЛАГ-от.
Здружените општини отвораат нови перспективи и можности за соработка во делот на брендирање а локални производи и услуги што е предуслов за подобра препознатливост на Лаг-от.
Извор: Општина Гевгелија | fineweb-2 |
Светскиот сервис на Би-би-си (BBC World News) e забранет во Кина, јавија кинеските државни медиуми.
Потегот на властите во Пекинг е одговор на чекорот на британскиот медиумски регулатор Офком кој и ја одземаа лиценцата за работа на кинеската CGTN телевизиска мрежа во Британија.
Кинеската национална администрација за радио и телевизија (НРТА) забраната ја соопшти денеска наведувајќи дека извештаите на Би-би-си "ги прекршиле барањата – вестите да бидат вистинити и фер, и поради прекршувањата им штетат на националните интереси на Кина и го нарушуваат националното единство на Кина". | fineweb-2 |
Домашниот лосион од магдонос ќе ви помогне да ја избелите и да ја исчистите кожата на лицето.
Ќе ја ослободи вашата кожа од пигментните флеки и пеги и ќе и го врати здравиот тен.
Овој лосион исто така одлично го отстранува црвенилото на кожата и ја штити од појава на брчки.
Одличен е и за нега на чувствителното подрачје околу очите.
Помага во елиминирање на акни и митисери.
Можете само да го подготвите и да го користите секојдневно за нега на лицето.
Домашен лосион од магдонос.
За нега на мрсна и комбинирана кожа на лицето.
* 2 лажици исецкан свеж (или сув) магдонос полиете со 200мл врела вода и варете го на тивок оган 15 минути.
* Отстранете го од огнот и оставете да с излади.
Исцедете го и додадете 1 лажиче сок од лимон или јаболков оцет.
* Користете го лосионот за кожата на лицето наутро и навечер.
Чувајте го во фрижидер 5-6 дена.
Потоа направете нова доза.
Доколку сакате да се ослободите од подочниците и црвенилото, подгответе го истиот лосион, но без да додавате лимонов сок.
Натопете памук во лосионот и ставајте на очите наутро и навечер оставајќи да делува 5 минути. | fineweb-2 |
ЛБ ја претставува целосната приказна за фудбалскиот генијалец со името "Н.тој Нејмар" Нашата Родриго Силва де Оди Детска приказна Плус Неоптоварени факти за биографијата ви донесува целосен приказ на значајни настани од неговото детство до денес.
Анализата го опфаќа неговиот раниот живот, семејното потекло, животната приказна пред славата, доведуваат до слава, врска, личен живот и начин на живот итн.
Да, секој знае дека тој е офанзивното оружје од Блиц, што Реал Мадрид не можеше да го пропушти.
Сепак, само неколкумина ја сметаат биографијата на Родриго Гос, што е доста интересно.
Сега без понатамошно разочарување, да започнеме.
Родриго оди од детска приказна - Почеток на животот и семејството:
Родриго Силва де Гос е роден на 9-ти ден во јануари 2001 година од неговата мајка Дениз Гос и таткото Ерик Батиста де Гос во државата Сао Паоло, Бразил.
Подолу е фотографија од неговите млади убави родители.
Родриго е производ на многу млад и успешен брак меѓу неговите родители кога и двајцата биле тинејџери.
Таткото на Родриго е Ерик во моментов има 34 години како во времето (август 2019 година) кога го пишува овој напис.
Неговата мајка исто така треба да биде во раните 30-ти.
Ова подразбира дека неговиот татко го имал кога имал само 17 години.
Родридо е роден како прво дете на неговите родители.
Тој со години порасна како единствено дете, немајќи брат или сестра.
Семејството Родриго Гоес потекнува од општината Осаско лоцирана во државата Сао Паоло.
Според мерењата на БДП, таа е една од најпросперитетните општини во Бразил.
Зафатениот град Сао Паоло каде што порасна Родриго има повеќе автомобили отколку што има луѓе во Рио де Janeанеиро.
Исто така, тоа е град за кој е познато дека троши 1 милион пица од 1.6 милиони пица потрошени од целото бразилско население.
Родриго оди Биографија за детството - Создавање образование и кариера:
Родриго израснал во семејно потекло од средна класа, чии приходи доаѓале од спортот.
Неговиот татко го започна животот како фудбалер во пониските лиги во Бразил, што не му донесе пари за неговото домаќинство.
Имајќи го својот син на рана возраст, Ерик кој знаеше дека нема да успее многу во кариерата.
Тој реши да смисли план за да продолжи да ги живее своите фудбалски соништа преку неговиот син Родриго.
На почетокот, Родриго ги започна своите фудбалски ескапади во дневната соба на неговото семејство, што беше поттик за неговата loveубов кон убавата игра.
Едукацијата за фудбал веднаш следеше благодарение на водството на неговиот татко.
Ерик, кој беше фан на Реал Мадрид, се погрижи неговиот син да ги имитира вештините и кариерата Робињо кого го сметаа за многу висок.
Родриго не беше само изложен на видеата од Робињо, но го копирал секој негов потег.
На 9-годишна возраст кога добил повик да присуствува на судења со Сантос, гордоста на неговиот татко немаше граници.
Родриго оди од детска приказна - ран живот во кариера:
Родриго Гос страста за фудбалот го виде како минуваше испитувања во летачки бои и се приклучуваше на академијата на Сантос, што му ја даде основата за кариера.
Додека се приклучуваа на младинскиот систем на Сантос во 2010 година на возраст од 10 години.
Родителите на Родриго инсистираа нивниот син да биде назначен во футсал тимот на клубот.
Ова беше патот по кој тргнал семејниот фудбалски идол, никој друг освен легендарниот Робињо.
Уште на 10-годишна возраст, Родриго започна да игра со момчиња кои беа поголеми и постари.
Тој секогаш се истакнуваше во своите игри.
Играњето Футсал како напаѓач му помогна да има техника да ја држи топката пред неговите нозе, да дрибликува покрај одбранбените играчи и да го користи неговото темпо за постигнување голови.
Ова беше сличен атрибут што го поседуваше Робињо за време на неговите рани денови на играње со Футсал.
Како Родриго продолжи да се развива, тој се гледаше како постојано станува најдобар меѓу неговите врсници.
Овој подвиг донел постојан притисок за изведување, што можел да се справи со што станал капитен на неговиот младински тим.
Родриго оди биографија - Пат до славната приказна:
Како што Родриго се приближуваше до 16 години, се појавија разговори за професионални договори и стипендии.
Во март 2017 година, тој беше повикан во првиот тим од менаџерот Доривал Јениор.
Родриго дебитираше во Копа Либертадорес на 1-ви март 2018 година соборувајќи рекорд како најмладиот играч на Сантос кој се појавил во натпреварувањето на возраст од 17 години и 50 дена.
Само две недели подоцна во истото натпреварување, Родриго го постигна својот прв гол на турнирот.
Овој подвиг го натера да стане најмладиот Бразилец што постигнал гол во Копа Либертадорес.
Родриго исто така беше награден со Кампеонато Паулиста за најдобар новодојденец за 2018 година.
Родриго оди во био - Подигни се до слава приказна:
Родриго претрпе метеорско издигнување за да стане една од најжешките млади имоти во Јужна Америка, пораст што може да се спореди само со неговиот идол Робињо.
Неговите извонредни вештини за дриблинг ги привлекоа скаутите на Реал Мадрид кои во тоа време беа во бескрајна рација врз играчи од Јужна Америка, од кои едниот беше Винициус Јуниор.
Ова е најважниот ден во неговиот живот што конечно се случи.
Денот кога Родриго ги исполни своите соништа потпишувајќи за Реал Мадрид во договор што покажа дека ќе биде резервиран пред време.
Точно она 15-ти јуни 2018 година, Реал Мадрид постигна договор со Сантос за трансфер на Родриго, договор што беше активиран една година подоцна, јуни 2019 година.
Прво, тоа беше 1-годишно чекање, а потоа дојде многу емотивно време за Родриго Гос, бидејќи неговите родители му се придружија да му кажат срдечно збогум на неговиот сакан клуб од детството.
"Тоа ме мотивира да одам во Мадрид, еден од најголемите клубови во светот.
За огромната големина на клубот, тоа е страшно за мене, но добар страв.
Ме мотивира уште повеќе и значи дека останува на мене да покажам зошто имаат доверба во мене и дека ме потпишуваат ".
Рече Родриго додека се одјавуваше.
Родриго е навистина е најдобриот меѓу бесконечната производна линија на неверојатни напаѓачи кои излегуваат од Бразил.
За нас, тој се смета за следното убаво ветување на бразилскиот фудбал после Нејмар nен.
Остатокот, како што велат, е историја.
Родриго оди во Loveубовен живот:
Имајќи предвид дека неговите родители се венчале во тинејџерските години, фер е да се праша дали Родриго има девојка или сопруга на негова млада возраст.
Подигнувањето на славата на Родриго и приклучувањето кон Реал Мадрид ги остава навивачите да веруваат дека А. можна скриена романса постои за него, можеби онаа што може да избега од лупањето на очите на јавноста, едноставно затоа што неговиот убовен живот е многу приватен и евентуално без драми.
Како и за време на пишувањето, веруваме дека Родриго претпочиташе да се фокусира на својата кариера и се обиде да избегне какво било внимание на неговиот приватен живот, не оставајќи никаква трага за неговиот loveубовен живот и историјата на состаноците.
Родриго оди во личен живот:
Запознавањето со Родриго Го оддалечува личниот живот од теренот, ќе ви помогне да добиете целосна слика за него.
Далеку од теренот, Родриго поседува внатрешна состојба на независност што му овозможува значителен напредок во неговиот личен живот.
Слабата суперarвезда живее нормален живот надвор од теренот додека беше во Бразил.
Судејќи според фотографијата подолу, не треба да бидете изненадени кога ќе го видите Родриго со скејтборд на улицата во Мадрид.
Исто така, на неговиот личен живот, Родриго Гос има атрибут на самоконтрола, способност да прави солидни и реални планови за неговиот живот.
Тој е лидер кој може да го води патот забележан за време на неговите капитенски денови на младинско ниво.
Родриго оди во семеен живот:
Родриго Гоес родителите и роднините во моментов ја користат придобивката од вметнување тежок менталитет во него.
Неговите родители ја ценеа поддршката на нивниот син за Реал Мадрид уште од самиот почеток на неговата кариера.
Погледнете дел од видео доказите подолу каде 9-годишниот Родриго стоел со своите родители на стариот дрес на Реал Мадрид.
Ова е прикажано заедно со слична фотографија од 2019 година.
За Родриго оди татко: Таткото на Родриго има 34 години како за време на пишувањето.
Дали знаеше?… Ерик Батиста на сликата подолу со неговиот син неодамна се повлече од играчката кариера како десен бек и сега ги живее своите татковски соништа како чувар на кариерата на неговиот син.
Ерик Батиста чии пријатели и роднини често го сметаат за "класичен Бразилец"Играше во регионалните лиги на Сао Паоло во многумина би рекле неуспешна кариера.
За Родриго оди мајка: Кога станува збор за фудбалери со сериозно Згодни мајки, можеме да кажеме дека Родриго Гос е на врвот на листата.
Дениз Гос не само што е убава, туку и многу млада (во раните 30-ти години од минатиот век) како за време на пишувањето.
Кога ќе се сопнете на фотографијата на прв поглед, без идеја која е таа, може да претпоставите дека таа е девојка на Родриго.
Родриго оди браќа и сестри: Околу почетокот на 2018 година, родителите на Родриго имале девојче, што се случи да биде единствената и единствена сестра на Родриго.
Да се има малечка сестра го натера да се чувствува татково, а исто така, сфаќајќи дека е пораснат.
Како што е забележано подолу, постои длабока врска и помеѓу братот и сестрата.
Родриго оди во животен стил:
Исто како и неговиот соиграч Преземај Кобо, Родриго исто така има силна основа од неговите родители.
Тој научи како да ги чува своите пари под контрола благодарение на заземјувањето од страна на неговите родители.
Како и за време на пишувањето, на Родриго не му е дозволено да живее гламурозен начин на живот, кој лесно може да се забележи од флотите на скапи автомобили.
Родриго не кажува факти:
- Таа 2001 година, родена како Родриго, беше сведок на следново;
- Прво, се случи она што е познато како напади од 9.
- Таа 2001 година се сметаше за "Лето од годината на ајкулите" Оваа година е забележан најголем број на глобални напади на ајкула.
- Во 2001 година се субвенционираа лекови за СИД со попуст до 90% потребни за помош во борбата против смртоносната болест, особено во Африка.
ПРОВЕРУВАЊЕ НА ФАКТИ: Ви благодариме што ја прочитавте нашата приказна за детството Родриго, оди, плус Неоптоварени факти за биографијата.
Во LifeBogger, ние се стремиме кон точност и правичност.
Ако најдете нешто што не изгледа како што треба, споделете со нас коментирајќи подолу.
Ние секогаш ќе ги цениме и почитуваме вашите идеи. | fineweb-2 |
- ROOFTOP тераса
- Балкон
- Бесплатен интернет
- Бесплатен паркинг
- Инвертер клима
- Кабелска телевизија
- Кафе и чај
- Нема лифт
- Опремена кујна
- Сетови пешкири
- Средства за лична хигиена
- Туш-кабина
- Фен за коса
Делукс Апартманот Орион е студио апартман на третиот кат со прекрасен балкон и неверојатна енергија во просторот.
Во неговиот отворен концепт се вклучени:
– романтичниот простор за дневен престој;
– трпезарискиот дел или бар;
– опремената мини кујна, прилагодена за подготвување топли напитоци или мали оброци;
– приватното купатило со туш-кабина и обезбедени основни средства за хигиена;
– спална соба со еден брачен кревет, полна со природна светлина од големите панорамски прозорци;
– балкон со прекрасен поглед кон градот.
Апартманот е лоциран веднаш под прекрасната rooftop тераса.
Греењето или ладењето на просторот се врши со инвертер клима.
Осветлувањето со десетици ѕвездени сијалички, му дава вистински романтичен карактер.
Едноставната, но прекрасна SKY Rooftop тераса е отворена за сите гости на апартманите, сосема бесплатно.
Од таму Струмица наликува на прекрасна панорамска разгледница.
Понесете го вашето утринско кафе со себе и упатете се на последниот кат – таму ве очекува мало место од каде во изгрејсонцето најубаво се ужива.
Повеќе слики од терасата може да пронајдете во нашата галерија.
Дали има понуди со вклучен оброк?
За жал, не.
SKY Апартманите се само приватен сместувачки капацитет, во чиј состав нема ресторан.
Нашите понуди се однесуваат исклучиво на апартманското сместување.
Како се прави резервација?
За резервации или одговори на вашите дополнителни прашања, достапни сме на телефонскиот број: 00389(0)78/605-839 (Viber/WhatsApp), како и на социјалните мрежи Facebook и Instagram.
На пораките од нашите гости се трудиме да одговараме час побрзо, испраќајки конкретни понуди со апартманите кои се слободни на посакуваните датуми.
Со што се опремени апартманите?
Апартманите се опремени со сетови од пешкири за секој гостин, како и постелнина, средства за лична хигиена и слично.
Дополнително, во секој апартман има кафе и чај, а во апартманите со целосно опремени кујни има и масло за готвење, оцет, сол, пипер и други основни состојки за готвење.
Дали е потребен депозит за резервацијата?
Најчесто резервациите ги правиме без депозит.
Но, во екот на летната сезона или за време на празници и актуелни датуми во градот, го запазуваме правото да ги осигураме направените резервации со претходно уплатен депозит.
Дали има лифт?
За жал, не.
Гостите кои имаат проблем со искачување на поголем број на скалила, препорачуваме да ги земат предвид само апартманите на првиот кат. | fineweb-2 |
Edii во 11:39
на тема RE: Косопасец
"Од инцидентот не сум бил во поштата.
Јас бев од оние жени кои покрај себе имаат дете што вреска.
Луѓето пред мене ме пуштија да можам да добијам ред и да ја напуштам поштата што побрзо", рече Микеле Борба, родителски советник и автор на "Големата книга со решенија за родители".
Децата ги прават истите работи кога се уморни, гладни или едноставно се уморни од се, а игнорирањето на знаците што ви ги покажува вашето дете е една од вообичаените родителски грешки.
Поправањето на нив може да создаде голема разлика во односот со детето
Премногу сте негативни
"Не ја удирај сестра ти", "Престани да го влечеш кучето за опашката", се само некои од работите што ќе му ги кажете на вашето дете.
Никој не сака да воспитува дете кое не разбира граници, но родителите го кажуваат зборот "не" толку многу пати, што децата му прават глувост, па зборот "не" ја губи својата сила.
Наместо да им кажувате на децата: "Не застанувајте во када", кажете "Седнете во када затоа што е многу лизгава".
Очекувате премногу од вашите деца
Сигурно сте се нашле во ситуација со вашето дете кога времето и местото бараат да бидете тивки, но вашето дете никогаш нема да го разбере тоа.
Фокусирајте се да му покажете на детето како сакате да се однесува.
Потребно е и време и повторување за децата да научат некои работи.
Интервенирајте кога децата "само ве нервираат"
Дали некогаш сте викале на вашите деца само затоа што биле многу гласни додека играле?
"Ако вашето дете прави нешто што нема смисла, обидете се да не викате.
"Следете го што прави, но не интервенирајте, освен ако не е загрозена неговата безбедност", вели Борба.
Најверојатно, ако не одговорите, тоа на крајот ќе престане и ќе се чувствувате помирни, избегнувајте да викате.
Вие само зборувате, но не давате пример
Вашите деца продолжуваат да се однесуваат лошо кога предупредувањата се нејасни.
Поставете ограничувања и држете се до нив.
За да ги научите децата да ги следат правилата, објаснете ги вашите очекувања и потоа преземете нешто доколку ги прекршат.
Ако сакате вашето дете да стори нешто, кажете му да престане да игра и да ја заврши работата.
Ако ве слуша, супер, но ако ве игнорира, земете ги играчките и кажете дека додека не заврши работата, нема да има привилегии како играчки.
Претпоставувате дека едукативните методи ќе бидат исти за секое дете
Секое дете е различно и на вас е да откриете кој метод на воспитување најмногу одговара на вашето дете.
ANGEE во 12:24
Kiki1705 во 09:31
Да се ?
?има болно бебе е доволно тешко.
Не ви е потребен дополнителен ...
Ова е класична поза за бременост: трудница која го гали стомакот, со н...
@mamamegi го споделува своето искуство...
5 начини на кои бременоста го менува вашиот мозок...
Родителите често се жалат на намален апетит кај своите деца. | fineweb-2 |
Министерот за внатрешни работи Оливер Сопасовски гостуваше во новото издание на емисијата "Правда и неправда" со Гордана Дувњак.
Спасовски одговараше на прашањата за горливите теми како крвавиот четврток во Собранието на Македонија од 27 април минатата година, но и за црниот понеделник, 24 декември 2012 година, и зошто Никола Груевски е најодговорната личност за тие настани.
Како изминатава деценија е рушен безбедносниот систем на МВР, со колкави долгови ја затекнал касата на министерството кога стапил на функцијата, каква е состојбата со опремата на полициските службеници, до каде се реформите на тајната служба, каква функција ќе има новата агенција ОТА, дали полицијата има контрола на целата територија на Македонија?
Одговорите на прашањето дали граѓаните на Македонија конечно ќе добијат правда погледнете во видеото:
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx.
до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира.
Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми. | fineweb-2 |
Во нашево опкружување сè уште вегетираат рецидиви од режимот, најблиски помошнички на онаа фигура што повикуваше на ноќ на ножевите, а кои сега во истиот дух повикуваат на верска омраза и нетолеранција.
Бројката од никогаш не го правела квалитетот, но кога помошничката на ноќта на ножевите повикува да се преброиме, ајде да и' удоволиме: ПОА како нераскинлив дел од Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква, е толку по бројност што расколниците од МПЦ кои не се дел од Соборното Православие изгледаат како пола пајтон-црква што врти во круг околу плоштад.
Ова го пишуваме не дека се мешаме во изборот на МПЦ да пребива во раскол, туку само да покажеме дека погледот на рецидивите на режимот е изопачен и со таквиот ментален страбизам очигледно никаде не се оди.
На таквиот поглед, утре и да се реши прашањето на расколот, и тоа нема да му се гледа исправно. | fineweb-2 |
Ракометарите на Вардар го победија Борац од Бања Лука со 34:30 во воведниот натпревар од контролниот Турнир во Требиње.
Ова беше деби натпревар за Писонеро на клупата на "црвено-црните".
Првото полувреме Вардарци го добија со 18:12 за до крајот да дојдат до победа од четири разлика.
Најефикасен за Вардар беше Тимур Дибиров со девет голови, четири постигна новото засилување, Пелко.
Во вториот натпревар, РК Вардар вечерва ќе игра против Леотар.
Црвено-црните веќе десетина дена ги одработуваат подготовките во Требиње, Босна и Херцеговина пред почетокот на новата сезона. | fineweb-2 |
Износ на кредитот до 200.000 денари
Период до 36 месеци
Каматна стапка 9,50% , променлива за остатокот на периодот
Обезбедување:
- 1 жирант до 100.000 денари
- 2 жиранти до 200.000 денари
Трошоци
• Апликативен 950 денари
• Проверка во МКБ 500 денари
• Манипулативен 3% од износот на кредитот
• Провизија за управување на кредит 0,3% месечно
Интеркаларна камата: Од денот на исплата на кредитот до денот на почеток на пресметка на првиот ануитет во висина на номиналната каматна стапка.
Годишна стапка на вкупни трошоци (СВТ) – 13,19% за износ на кредит од 200.000 МКД и рок на отплата 36 месеци.
*Врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка.
Кредитот намален за износот на трошоците, интеркаларната камата и друго се користи со:
– исплата во готово на благајна во ФД
– пренос на средствата на сметка на корисникот на кредит
– на друг начин по налог на корисникот на кредит.
Корисникот на кредит е должен да склучи договор за кредит со ФД и истиот да го отплаќа според
утврдените услови.
Отплата на кредитот: Кредит се отплаќа во еднакви месечни ануитети.
Ануитетот содржи дел главница и дел камата.
Првиот ануитет достасува според амортизационен план или согласно договорот.
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Право на користење на кредитот имаат државјани на Република Македонија, лично корисници на пензискиот фонд на Македонија со постојано место на живеење во Република Македонија.
Кредитобарателот – пензионер, неможе да биде постар од 75 години на денот на последната обврска од кредит или повеќе само со одлука од повисок орган.
ФД утврдува кредитна способност за кредитобарателот и солидарните жиранти.
Кредитобарателот и солидарните жиранти се кредитно способни, кога имаат нето месечни примања со кои гарантираат месечниот ануитет нема да преминува 60% од вкупните месечни нето примања.
Во кредитна способност на кредитобарателот може да се вклучи и доставена документација за вонредни приходи.
ФД во постапката на обработка на Барањето за кредит покрај однапред утврдената документација го задржува правото да побара и дополнителна документација.
ИНСТРУМЕНТИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА КРЕДИТОТ
- солидарни жиранти
- меница, потпишана од страна на сите учесници во кредитот
- друго
ОСТАНАТИ УСЛОВИ
Сите трошоци поврзани со одобрување, осигурување, користење и отплата на кредитот ги сноси корисникот на кредит.
За предвремена отплата на кредитот ФД не пресметува и наплатува провизија.
ФД го задржува правото да одлучи по сопствена проценка поинаку кај утврдувањето на кредитните способности, обезбедувањето и за висината на износите на кредитите.
Општи документи
Потврда од ПИОМ за последни 3 месеци
Извод од трансакциска сметка на кредитобарателот за последни 6 месеци
Жиранти
(Заверна Административна забрана во три примерока за жирант)
(Само за фирми кои не заверуваат административна забрана)
Извод од трансакциска сметка на жирант за последни 6 месеци
Образец М1/М2
Извод од централен регистар (тековна состојба) не постар од 15 дена (приватни претпријатија)
Рекапитулари за пресметана плата за последни 3 месеци (приватни претпријатија) | fineweb-2 |
Либиската армија го ослободи населеното место Асабиа од рацете на милициските сили на Хафтар
Портпаролот на либиската армија Мухамед Кунуну истакна дека од страна на воздушните сили се реализирани летови за извидување и патролирање во околината на населеното место за следење на милициските сили на Хафтар кои избегале
Либиската армија соопшти дека е ослободено од рацете на милициските сили лојални на лидерот на нелегитимните вооружени сили во источниот дел на земјата пучистот Халифа Хафтар, целото населено место Асабиа јужно од главниот град Триполи.
Портпаролот на либиската армија Мухамед Кунуну во објавеното писмено соопштение истакна дека од страна на воздушните сили се реализирани летови за извидување и патролирање во околината на населеното место за следење на милициските сили на Хафтар кои избегале.
Во меѓувреме, муфтијата на Либија Садик ал-Гирјани им се заблагодари на Турција и на Катар за доставената поддршка на стабилноста на Либија и истакна дека од друга страна Обединетите Арапски Емирати ОАЕ) го убиваат либискиот народ со беспилотни летала.
Слични вести
На денешните локални избори во Велика Британија се натпреваруваат повеќе од 15.000 кандидати од кои ќе бидат избрани 5.000 членови на 143 градски и општински собранија, како и 13 градоначалници меѓу кои и градоначалник на главниот град Лондон
Во објавеното писмено соопштение од Црвената полумесечина на Палестина, било предадено мртвото тело на едно 16 годишно палестинско момче кое било убиено од страна на израелските војници во месноста Одала кај градот Наблус
Одговор од претседателот на Генералното собрание на ОН Волкан Бозкир до Ерменија за тврдењата за т.н.
"геноцид"
Претседателот на Генералното собрание на ОН Волкан Бозкир рече: "Злосторството геноцид треба да биде утврдено од страна на надлежен судски орган, односно за дефинирање на еден настан како геноцид, треба да биде донесена одлука во надлежен меѓународен суд" | fineweb-2 |
Типови, количини и начини – што правиш со лебот?
Бидејќи е голем тренд на преориентирање кон здраво, сигурен сум дека си размислувал што да правиш со лебот.
Голем дел од луѓето почнуваат да купуваат интегрални лебови и пецива.
Некои одат и до перфекција па купуваат 100% интегрални лебови од локални пекари или од маркети каде што може да се најде вистински интегрален леб, а не малку обоено :).
Тука не завршува се.
Сега е прашање со што се комбинира лебот, односно што се мачка на него?
Или кога се јаде?
Сигурно твоите родители или баба и дедо те учеле пред било што да ставиш на лебот, да намачкаш маргарин за да те 'држи' повеќе :).
На таа комбинација се ставаше мед или мармалад со стоплено млеко се сеќавам.
Другите опции беа можеби некои паштетки или пак мајонез со некое сувомеснато парче или сирење со патлиаџан.
Да бидам искрен сега ми се стегаат вилици од тоа колку е вкусно :).
Но, од друга страна свесен сум колкава доза на шеќери и транс масти сум внесувал и тоа како дете.
Денес има деца кои практично и да немаат друга опција освен мачканиците и пецивата доколку не јадат дома.
Што да правиш во пракса
Јас и Тања бидејќи имам динамичен ден и не секогаш сакаме да јадеме во ресторани и на бензиски пумпи, не оставаме на случајност и се организираме со храна.
Многу често во таа организација влегуваат и сендивичи.
Сега, за разлика од порано лебот е секогаш 100% интегрален или тонус леб.
Во него ставаме обавезно некаков зеленчук и мачкамае фета или другата опција ни е повторно зеленчук, туна и сенф.
Сите овие погоре споменати се солени типови на оброк.
Јас знам дека многу од вас не би одбиле да намачкаат и крем со млеко.
🙂 Кога зборуваме за благо односно крем намачкан на леб, она што јас го правам во овакви случаеви е некоја импровизација на крем што многу многу многу ќе ви се допадне.
Пробајте изблендирајте путер од кикирики, банана и какао.
Или изблендирајте вода, мед, урми, лешници и какао за да добиете здрава нутела.
За некоја овошна варијанта пробајте во маркетите или продавниците ако најдете некој мармалад или џем здрав без додаден шеќер или нешто слично.
Или правиме со Тања импровизации со шејк.
И уште нешто за крај.
Сигурно се прашувате за леб во ручекот.
Јас јадам по едно до две парчиња леб кога на менито има грав, леќа, боранија или грашок.
Кога имаш ориз, компри, паста, избегни го лебот. | fineweb-2 |
Во издание на библиотеката "НЕБЕСНИ ЦВЕТОВИ" при манастирот на св.
Атанасиј Велики, с. Журче излегоа од печат две нови книги, и тоа: ДУШТА ПОСЛЕ СМРТТА од јеромонах Серафим Роуз и ПАТОТ НА ХРИСТИЈАНИНОТ од Арх.
во моментов, книгите може да се купат во манастирот на св.
Јован Крстител, с. Слепче и во манастирот на св.
Атанасиј Велики, с. Журче , или на контакт маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови.
Библиотеката "НЕБЕСНИ ЦВЕТОВИ" ги има издадено и следните книги:
"НОВ ЗАВЕТ"
"Тајната на спасението" од арх.
Рафаил Карелин
"Светињата на животот и детеубиството"
"Касијана"
"Свети Серафим Саровски"
Арх.
Софрониј - "За Молитвата"
"Свети Нифонт"
Христови дарови
Во времето кога сe уште се наоѓаше на почетокот од своето покајание - не поминаа ни три години - праведниот отец од невнимателност прими една суетна помисла: "Толку време помина топло да го молам Христа", си рече во умот, а Тој с# уште не ми дал ни најмал дар!
Изгледа не ме слуша зашто го осквернавив своето крштавање со својот блуден живот."
Тие помисли му донесле некаква слабост, и тој не забележувајќи, задремал како што седел.
Видел во сонот како се качил во еден огромен храм и се моли на Господа, стоејќи право, свртен кон исток и со подигнати раце.
Одеднаш пред него се покажал некој раскошен престол кој го опкружувале Херувими, Серафими и мноштво ангели облечени во бело.
На престолот седел Христос, светол, сиот блескав, пресладок…
Нифонт подрипнал штом Го здогледал.
- ,,Прими ја Боже, мојата молитва и не презирај го моето молење, погледни ме и услиши ме…" - извикнал тој, подавајќи ги рацете кон Него и продолжил со остатокот од псалмот: ,,Срцето мое затрепери во мене, и смртен страв ме снајде…"
Почнал да го моли Господа за да го порази духот на стравот, кој со него завладеал, и го оттргнал далеку од Него.
А Господ ја приклонил главата, го свртил десното уво и ја слушнал молитвата на Својот слуга.
Кога Нифонт завршил со псалмот, Христос милостиво го погледнал и потврдно климнал со главата, како да сакал да му каже: "Го услишив твоето молење."
Потоа се слушнал Неговиот сладок и божествен глас, но вооедно и жалосен:
- Нифонте, Нифонте!
Вечерва Ме растажи, Ми се пожали дека иако толку Ме молиш, с# уште не Сум ти дал никаков дар.
Но добро, нели си ти оној кој секој ден Ми зборува: "Господи, не дозволувај, во сегашниот живот, никој да ме прослави и пофали?"
Зошто тогаш се жалиш?
А потоа, зар не мислиш на тоа кој ви го дава воздухот што го дишете?
Нели е тоа дар?
Зар не мислиш за тоа, дека ви ја дадов целата земја со нејзините добра, полските растенија, птиците небесни, морските риби?
А што сте Ми дале за возврат?
Потсмев, удари, плукање, бичување, оцет и жолчка, крст и смрт… Но и страшните Тајни кои ви ги предадов, Телото и Крвта Моја, нели се дар?
Умрев бидејќи ве љубам, погребан бев за да ве избавам од пеколот, ви ги отворив вратите на вечното царство Мое… Нели се тоа дарови?
Најпрвин, Нифонте, не заборавај дека ти ги простив многуте тешки гревови.
Знам дека за тоа си свесен и благодарен.
Дали забележа како ја наведнав главата и го начулив увото за да ја слушнам твојата молитва?
Истото го правам и за сите луѓе кои се молат, иако не Ме гледат.
И по сето тоа ти сакаш и друг, поголем дар?
Еве, отсега па до крајот ќе бидеш утеха и помош на сите што ќе се најдат во претсмртни маки.
Многумина ќе бидат избавени од мачна смрт ако се повикуваат на Мојата сила со твоето застапништво.
Но сега… еве, погледни дека е врзан и демонот на стравот!
Нели бараше од него да те избавам?
Нифонт полн со страв и срам поради с# што Бог му рекол, со страв ја свртил главата кон местото коешто Тој му го покажал.
И што имал да види!
Таму имало еден бик, цврсто врзан со стап за нозете и роговите, а бил толку многу врзан што не можел ниту да мрдне.
Само со разјарен поглед лутал лево-десно и луто мукал, како да сакал да го растргне Нифонт.
Праведникот сфатил дека тоа бил мрачниот дух кој толку пати го исполнувал со страв во детството и му носел безброј кошмари.
Тој страв стигнувал дотаму што го обвивало некакво необјасниво, неразумно чувство кога ќе посакал да оди в црква или по некоја работа.
Кога се разбудил, Божјиот слуга со трепет размислил за видението на кое го удостоил Самиот Господ во Неговата страшна убавина, па почнал да потскокнува од радост.
Уште повеќе што Многумилостивиот го избавил од ужасниот дух на стравот, кој толку многу го мачеше.
Покрај тоа, се восхитувал и од тоа како Христос се наведнал да ја слушне неговата молитва и како го укорил, или подобро кажано, го поучил во врска со помислата што ја имал.
Оттогаш, како што кажуваше, никогаш повторно не почувствувал страв ниту плашливост, бидејќи Господ беше неговиот сесилен помошник.
Животни завети
Еден ден светителот отиде во храмот на Пресвета Богородица кој се наоѓаше во занаетчискиот крај на градот.
Таму му пријде некое момче кое се истакнуваше во доблеста и кое неуморно ги посетуваше црковните служби.
Момчето се викаше Неофит и беше син на еден познат благородник.
- Оче - го запраша, - што да правам за да стекнам спасение?
Старецот со љубов го погледна и му рече:
- Како ти, чисто дете, бараш совет од еден старец кој изгнил во гревот?
- Писмото вели, оче: "Прашај го татка си - и тој ќе ти каже, старците свои - и тие ќе ти речат."
- Затоа барам да слушнам и јас некој добар збор од тебе.
Немој да ја презреш мојата недостојност.
Снисходливо, преподобниот го запраша:
- Кажи ми најпрво што мислиш.
Сакаш ли да станеш монах или да живееш богоугодно во светот?
- Сега мислам да живеам во светот оче, а потоа како ќе даде Бог…
- Ако сакаш да живееш меѓу луѓето, треба ова да го сочуваш: никого да не осудуваш, да не исмеваш, да не огорчуваш.
Не гневи се.
Никогаш не помислувај дека имаш некоја доблест.
Внимавај да не речеш: "Тој и тој живее добро, оној живее блудно", - бидејќи на тоа се однесуваат зборовите: Не судете, за да не бидете судени.
- Сe гледај со исти очи, иста мисла, просто срце.
Сите луѓе примај ги како Христа.
Не треба да ги отвараш своите уши за човек кој осудува, а камоли да се радуваш на оној што ти зборува.
Ти својата уста држи ја затворена.
Малку зборувај и многу моли се.
Но ни оној кој осудува или кој прави каков било грев не осудувај го со помисла.
Сопствените гревови да ги гледаш и само себеси да се осудуваш и да се понижуваш.
Ете, така ќе стекнеш Царство Небесно.
- Сето тоа што го кажа, оче, е за подвижниците што достигнале совршенство – забележа момчето со тага.
- Кога јас, бедниот, ќе достигнам таква мера, та да Му угодам на Бога?
- Не очајувај, дете мое - го утеши светителот.
Од младоста Бог не бара ништо освен смирение и чистота.
Тоа е доволно.
Така и ти, со чистота да се бориш и за смирение.
Биди мил и кроток со секој човек, благ, мирен и милостив.
Себеси сметај се за полош од сите и поставувај се под сите.
Така вистински ќе бидеш поблиску до Бога.
Труди се да не си замислиш дека си ја достигнал доблеста на овој или оној светител, туку непрестајно зборувај си: "Знаеш ли душо моја, дека и демоните ги надминавме со гревовите и дека не направивме ни најмало добро дело?
Тешко нам несреќните!
Како ќе се оправдаме во денот на Судот?"
Тука преподобниот отец накратко застана, па продолжи:
- И молитва, дете мое, треба да имаш како да си најголем грешник.
Бидејќи ние многу грешиме кога мислиме дека молитвата ни е чиста и света.
Дури и кога некој прави чудо, треба да се смета себеси недостоен за оправдание, бидејќи кога се моли тој секако греши со внатрешните чувства, со движењата на срцето и неумесните помисли.
Устата му зборува на Бога, а умот оди на друга страна.
Ете зошто секогаш треба да се сметаш за грешен и со смирение да му зборуваш на Бога: Од оние тајни очисти ме, и од туѓите запази го слугата Твој… Но внимавај, чедо мое, и на ова: никогаш немој да бидеш задоволен со своите добри дела и не сметај на нив, бидејќи не знаеш дали се тие угодни на Бога или не.
Затоа подобро да се потпреш на силата и милоста Божја, сметајќи се себеси за прашина.
Колку гревови правиме, а и не ги знаеме!
Укорувај се себеси, дури и кога ќе видиш дека некој друг греши!
А ако некој те пцуе, те осудува и те исмева, не само што не треба да му вратиш, туку и самиот дополнително исмеј се и осуди се!
Еве, сето ова ако го примениш, си достигнал совршенство!
- Оче, - запраша Неофит - како може човекот да го победува секое искушение од лукавиот?
- Со сите искушенија треба да се соочуваш со молчание и смирение.
Колку е голема доблеста на молчанието!
Сите дела на смирениот угодни Му се на Бога и прекрасни за Неговите ангели, а ужасни и страшни за демоните.
Стани многу смирен и Светиот Дух ќе се насели во тебе и ќе ја умртви секоја животна грижа.
Памет во главата, дете мое, бидејќи се плашам дека грижите твои се она што ти пречи најмногу во извршувањето на Божјите дела и те наведува на непотребни работи.
Што ќе ни користат тие во денот на Судот?
Зар Господ ни го дал овој живот да го поминеме во суетни грижи?
Не, се разбира.
Затоа предај се сиот на Бога.
Погрижи се самиот за својата душа, а Тој ќе се погрижи за твоите телесни потреби.
А кој од вас, грижејќи се, може на својот раст да му придаде макар еден лакот?144 Замисли дека сме ги собрале во своите ризници сите блага на овој свет.
Смртта ќе дојде одненадеж и без милост ќе ни ја побара душата, и што тогаш?
Сите тие богатства ние ќе ги оставиме овде и ќе заминеме да се населиме во гробот!
А единствено што ни ги обезбедиле тие богатства е вечното мачење!
Ова ти го вели, дете мое, Бог со устата на еден грешник.
Отсечи ги отсега па натаму многуте грижи и живеј како што сака Тој.
Тие совети оставија длабок впечаток на младиот Неофит и му донесоа скрушеност на неговото срце.
Тој падна пред нозете на старецот и направи метанија, благодарејќи за с# што го научи.
Но и светителот смирено падна пред нозете на момчето и со љубов го поздрави.
Оттогаш Неофит поминуваше доста време со светителот.
Често одеше и во неговата ќелија, ненаситно впивајќи ја неговата божествена поука, слатка како мед.
Така беше одгледан.
Тој израсна и стана Божји човек.
И толку свето живееше, што кога дојде смртниот час, мирно ја предаде својата душа во рацете на Оној на Кого Му служеше од детството.
Една ноќна молитва
Се ближеше Големата Четириесетница.
Во зората на Сиропусниот понеделник го најдоа светителот како се моли:
- Владико Господи, Боже на се земно и небесно, видливо и невидливо,
погледни на блудниот и грешниот кој уште еднаш стои пред Тебе западнат во многу свои согрешенија.
Помилуј го, Милостив, осквернетиот со душа и тело, прости ми го гревот мој,
зашто е голем.
Да, моите гревови ги надминуваат небото и земјата и срам се за човечкиот род.
Не лишувај ме, сепак, Господи мој, од Твоето присуство и заштита, оти си голем и страшен во целата вселена!
Како што си ги благословил Авраам, Исаак и Јаков, благослови ме и мене, чудотворче Милостив.
Освети ми ја душата, телото, умот, усните, срцето, очите и ушите.
Од неприличните движења што им пречат на сите сетила мои.
Да, Господи на духовните сили, на небесните војски, што стојат околу Твојот страшен престол
и светото Твое име неискажливо го песнопеат и вечно го слават!
Не ме оставај незаштитен, макар што сум сиот срамна и смрдлива страст, туку помогни ми, мрзливиот и ништожниот,
Владико Милостив.
Ти Кој со Јаков слезе во Египет и Кој Својот слуга Јосиф го
спаси од омразата на неговите браќа и од злиот напад на Египќанецот, и цар го направи во Египет.
Направи ме и мене цар над секое сквернавење на
духот и телото,
и спаси ме, мене бедниот, од гревот на прељубата и од нечистите страсти.
Слушни ме, Свет и Трисвет.
Ти Кој со Твојот слуга Јов го прослави слаткото Свое име, направи да се прослави и со мене смрдливиот,
Силата на Твоето Царство, Себлаги.
Ти Кој со Мојсеј го избави израилскиот народ од египетското ропство,
и со огнениот столб и облак во ветената земја ги доведе.
Ист Си, Господи, и сега, Боже на сета твар.
Затоа, подај ја Својата рака, невидлива, страшна, силна, славна и благослови ме,
Спасителе и Боже мој, животу мој и светлино моја!
Зарадувај ме со Твојата божествена љубов и моите гревови и грешки,
сакани или несакани,како благ Бог, човекољубив и единствен безгрешен, прости ми ги.
Покажи ми милосрдие и сострадание, милост, сожалување, долготрпение и кротост.
Удостој ме безбедно да го поминам морето на овој суетен живот и во блажената земја да го достигнам бестрастието
и вечниот живот.
Наместо со огнен столб, просветли ме со Твој Свет Дух.
Наместо облак, испрати ми ја Својата премудрост
и во вечниот спокој одведи ме.
Наместо Мојсеј, Ти Самиот, единородно Слово на Отецот, со Твојата десница прифати ме
и во бескрајната одаја однеси ме, во небесните тајни и чудеса.
И на сила ако треба спаси ме од геената огнена, како многумилостив мој заштитник.
Господи и Боже на силите, кој како жртва чиста Захариината крв ја прими.
Прими ги како да се чисти и зборовите на моето бедно срце, на мисловниот и бескрвен Свој жртвеник.
Осветли ме, просветли ме и удостој ме бестрастен да станам.
Ти, Кој ги испрати на сите страни од вселената светите апостоли, велејќи им:
Одете и научете ги сите народи, крштевајќи ги во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух.
Дај ми мудрост по молитвите нивни и освети ме, омекни ми ја и скроти ми ја скаменетата душа,
која постојано се мачи од мноштвото мои гревови.
Владико, Господи, Боже, Ти Кој пресветиот Петар го покажа првоврховен меѓу блажените апостоли
и клучар во небесното Царство, по неговото застапништво отвори ми ги дверите рајски.
Отвори ми ја прегратката на Твоето милосрдие и утврди ме на каменот,
цврст и непоколеблив за Твоите заповеди,на каменот Кој Си Ти, Христос, Бог и Спасител мој.
И сите пиеја - вели Писмото –од духовниот камен, што идеше по нив, а каменот беше Христос.
На тој камен утврди ме, Христе Боже, за да не ме одвои од Тебе лукавата змија,
мене кој Ти пеам гласно песнословија:Свет Си, Господи, и Те воспеваат сите небесни сили!
Владико, Христе, Боже, Ти, Кој пресветиот Павле го покажа првоврховен апостол
и учител на христијаните, слаткоглаголив и медоточен.
По неговите молитви покажи ме и мене пресладок и сесветол богослов, со секоја мудрост украсен.
Направи ме со Својот Дух,свештен сад, непорочен, избран, мил на Твоето божество.
Направи ме да светам од чистота како небесна светлина.
Господи Боже на ангелите, прославен и од славата поголем, слушни ме бедниот и грешниот!
Исусе, беспрекорен пород на Отецот, Кој Си ги положил во рацете Мојсееви
богонапишаните плочи и така ја потврди тајната на грмушката, направи да дише во мене
Твојот Свет Дух и да ме покаже сиот чист, богообразен, недопрен, исполнет со радост и вистина,
мудрост и познание на Бога.
Милостив, Свет, Ти Кој си дал на Исус Навин труби за да ги скрши
Јерихонските ѕидини, дарувај ми ја и мене, Боже мој,
богатата премудрост Своја, да ги победам лукавите демони
и како сад грнчарски да ги скршам.
Ти Кој од Ароновите раце го прими огнот како чиста жртва, прими ги како чисти
и благоухани зборовите на бедното срце мое.
Ти, Кој стана вечен Првосвештеник по чинот Мелхиседеков, по молитвите на тој блажен човек
покажи ме и мене на своите следбеници.
Како што стана бесмртен на Твојот Отец послушен дури до самата смрт,
и тоа смрт на крст, така и јас да бидам послушен на Твоите заповеди до смртта.
Владико Господи, Боже, преславен и фален, Ти Кој Илија во огнена кола
го воздигна во воздухот, и мене, Животодавче, подигни ме од темнината на гревот
и одведи ме во светлината на Твојата правда.
Ти Кој си го дарувал Елисеј со двојна благодат Илиева.
Дај ми ја и мене таа благодат стократно,
за да ме одведе во вечниот живот.
Ти Кој пророкот Јеремија го избави од нечистата јама,и мене избави ме, Христе Боже,од нечистотијата на блудот,
прелеста, измамата и суетната гнасотија.
Ти Кој на Давида утробата и сетилата му ги распали со Твојот копнеж,
и со љубовта на Твојата благост, направи блажениот да гори по Тебе.
Ти Кој си ги возљубил многу оние што копнеат по Твојата сила, распали го, се молам на Твоето божество,
распали го, Човекољупче, и моето срце, и бубрезите, и сите сетила со љубовта и Твојот копнеж,
за да горам со огнот на Утешителот и Тебе, Кој се надгледуваш,
Кој ги испитуваш срцата и утробите?,
да Ти запеам:
Пламна срцето мое во мене
и додека размислувам оган ќе се разгори
во мислите мои,
а тој оган го нарекувам големиот Утешител,
Духот на вистината.
Господи мој Исусе Христе,
Ти Кој си најголема наслада,
Кој кон бестрастие ја водиш мојата сакатост,
Ти Кој го покажа највелегласниот Исаија
со страшна труба која ги загрми
големите пророштва,
покажи ми ги и мене, Исусе мој, Боже мој,
со трубата која ќе затруби гласно,
тајните на Твојот домострој,
и демоните мрачни ќе изгорат.
Дај & преумување и враќање на
опрелестената и гнасна душа моја,
за да се спаси.
Ти Кој соборите на пророците,
апостолите и сите светители ги
овенча, ги направи чесни и ги освети,
спаси ме по нивното застапништво,
Боже мој, Цару мој,
и секоја душа од родот христијански
а особено секој монах,
со кого страшно војуваат лукавите демони.
Дај им покој, Боже мој, и на сите што заминале
од овој привремен живот
и дошле кај Тебе.
Олесни им го бремето, Владико,
и на оние што не Те познаа.
И дарувај им покајание, Господи мој, на
неразумните и распуштените,
меѓу кои сум прв јас,
грешниот и смрдливиот.
На сите добро стори им.
Помилувај ги сите.
Очисти ги и осветли ги сите.
Смилувај се на сите
што Те признаваат како вистински Бог,
Христа како Божја сила и Божја премудрост.
И така сите со една уста да го песнословат
сечесното и великодостојно име Твое
сега и секогаш
и во вечни векови.
Нашите непријатели и сојузници
Кога ја заврши својата молитва, блажениот одеднаш слушна некој глас како му зборува:
- Нифонте, сврти се и погледни зад тебе, кон запад.
Тој веднаш се заврти и со прозорливите очи виде некакво бескрајно поле на кое беа собрани безброј црни војници.
Еден од нив, страшен и мрачен, итро се провлекуваше меѓу нив, броејќи ја војската.
Ги делеше на чети и строеви и им даваше различни наредби и упатства на заповедниците.
- Војувајте бодро и храбро!
- го слушна преподобниот како вика.
- Мојата голема сила е со вас!
Гледајте во мене, не плашете се!
Таму каде што стоеја војниците раздвоени во чети, по еден за секој грев, дојдоа други демони и донесоа од пеколот оружје и воена опрема, различна за секој чин.
Беа триста шеесет и пет реда и опрема.
Бидејќи толку се приближни гревовите што се раѓаат од страстите, со кои го гневиме Бога, ние, несреќните луѓе.
Лукавите демони го зедоа своето оружје и се спремија.
Ѓаволот почна да ги отпушта чиновите еден по еден, давајќи им волшебни направи, кои одговараа одделно за секоја страст.
Ги расеа по целиот свет, во сите области на Црквата Христова.
А потоа дојде време да испрати некои и во Византион.
Тогаш мрачниот лик му поцрна уште повеќе и се намурти од грижа, двоумејќи се.
- Како да се соочам со Девицата?
- постојано повторуваше, чкртајќи со забите.
- Таа засекогаш се устоличи во Цариград и не се мрда оттаму.
Лично го штити Византион дење и ноќе и им дава храброст на Назарејците, најпрвин на борците... Така не им допушта на моите да си ја работат својата работа...
Тој испушти еден разјарен крик, избра триесет илјади демони и ги испрати во Царскиот град.
Тогаш преподобниот отец го слушна повторно гласот како му вели:
- Нифонте, сврти се и погледни кон исток.
Воздивнувајќи тажно поради постигнувањата на несреќните демони, тој се сврти и виде поле, поголемо од првото, исполнето со светлина.
Таму се наоѓаа построени неброено многу ангели, облечени во бело, блескави како молња, премили и прекрасни.
Беа многу повеќе од демоните, неброени илјади.
Еден од нив, најголемиот и нај-светлиот, поминуваше покрај строевите и ги поттикнуваше Божјите слуги внимателно да ги штитат и чуваат христијаните.
Потоа тој испрати по два чина во секоја област од Црквата, а во Константинопол испрати шеесет илјади ангели.
Откако ја распредели целата војска по вселената, тој небесен чиноначалник се вознесе кон небесата...
Преподобниот си дојде на себе и поразен од видението, почна да врти со главата, постојано повторувајќи:
- Ах, колку многу тајни се случуваат, а ние не знаеме!
Колку само невидлива помош ни дава човекољубивиот Бог од небесата!
А ние, бедните, се валкаме во безгрижност и мрзливост: Тој длабоко воздивна, ги подигна очите кон небото и рече:
- Свети Оче наш, Боже, Животворче,дарувај ни на сите расудување,
сила и власт против лукавите духови.
Направи да се разбијат со помош на Твојата сила.
Направи да излеземе како победници над мрачните и лукави варвари.
А откако ќе се овенчаме со благоуханиот венец Твој,празничен собор ќе составиме
заедно со Твоите ангели насекаде околу Твојот престол,
Владико блажен, Свет, Трисвет, Оче, Сине и Утешителу на душите,Боже страшен Кој го одржуваш светот.
Додека ги пееше тие зборови од молитвата, праведникот горко плачеше и воздивнуваше.
Бидејќи се плашеше да не го победат демоните, да не ја изгуби душата од соблазните на оние што вршат беззаконија.
Преподобниот Нифонт непрестано размислуваше за демонските злодејства и се грижеше да остане при Бога.
Иако Тој му објави многу натприродни тајни, иако го удостои да види чудесни виденија, иако го увери, како војник и Свој љубен пријател, дека никогаш повеќе нема да даде да се сопне од камен ногата негова, туку на отровници и змии ќе нагазува, лав и змеј ќе убива, сепак блажениот Нифонт секогаш живееше и се подвизуваше со големо внимание и смирение, бидејќи се плашеше од геената огнена и лукавите замки на демоните.
Внимавај на себе
(5 Мој.
4,9)
Еден ден, додека светителот седеше во својата ќелија и го испитуваше Божјото Слово, дојде некој и го извести за прераната и предвремена смрт на еден негов стар пријател.
- На враќањето од имотот во градот - рече - веднаш падна мртов на плоштадот!
Кога го слушна тоа, блажениот отец почна да плаче и жали за тој човек, бидејќи знаеше дека живеел во гревови и сега умре непокајан.
Тоа најмногу го жалостеше.
Со срце исполнето од болка и скрушеност, помисли на непознатиот час на сопствената смрт и почна да се бодри себеси, поттикнувајќи ја својата душа на тешка борба.
- Те заколнувам, моја душо, пред Господ на небото и земјата, да одиш разумно.
А ти, тело срамотно, внимавај!
Ти чекори во целомудреност.
Ве молам секогаш добро да правите, инаку ќе ве мачам како што знам и умеам... Несреќен Нифонте, гледај добро како одиш.
Гледај беднику, да не пропаднеш!
Пази се, несреќнику, да не се опрелестиш!
И, те молам, презри го земното.
Ништо немаме ние овде на земјата.
Сe е туѓо, пропадливо и примамливо, сон и сенка, чад и прав... Внимавај, душо моја!
Што ќе добиеме од светот и неговите богатства?
Богатството е трици!
Славата е чад!
Она што човекот овде ќе го стекне му става окови и јаже, а тие го фаќаат во замки и го распнуваат.
Затоа не барај да стекнеш земни блага!
Истерај ги од себе гордоста, превознесувањето и надменоста.
Никогаш не помислувај дека си направил нешто добро.
Сеќавај се само на тоа дека многу си грешел.
И да знаеш дека ние не би имале надеж за спасение, ако не беше големата милост Божја... Стани, бедна моја душо, нова твар.158 Облечи се во непрестајна молитва.
Положи во своето срце длабоко милосрдие за сите луѓе.
Но, себеси осудувај се, смирувај се и понижувај се.
Не заборавај дека педесет години си натажена во пеколот, педесет години си извалкана во калта и темнината на гревот.
Што ти преостанува?
Неизбежно вечно мачење!
Бидејќи ако праведникот одвај се спасува, ние грешните каде ќе бидеме?
Од очите на светителот потече река од солзи, додека размислуваше за своите гревови, за смртта, за пеколот...
- Ете - продолжи - и нас ни доаѓа смртта!
Кнезот на темнината доаѓа да нe зграпчи и фрли во огнот!
Затоа веднаш да пријдеме кон покајание.
Плачлив ќе биде нашиот крај, нечувствителна душо, а ние блажено спиеме!
Гледај, светот брзо поминува.
Судот се приближува.
Да не бидеме осудени, зла душо моја, со својата сила послужи & на доблеста.
Во многу добра ќе уживаме на небото ако сега направиме подвиг.
Многу богатства таму ни се подготвени, доволно е да појдеме по Божјиот пат, свет, блажен... крајот, душо моја, нема да задоцни.
Господовите ангели чекаат да видат дали ги извршуваме Неговите дела, за да н# земат во неискажливата сладост и да нe однесат кај Него.
А потоа... Царство вечно, венци небесни, светли облеки, божествени палати, радост на светиите, слава на Отецот, убавина на Синот, сладост на Светиот Дух!
О тогаш: ќе се развеселат светиите во слава, ќе се зарадуваат врз леглата свои.
За сето тоа мисли, душо моја, за да ја вкусиш сладоста на небесната радост и да живееш вечно во рајското блаженство.
Тоа праведникот си го рече самиот себеси и почна во своите молитви да го спомнува својот пријател кој одненадеж почина, за да се сожали човекољубивиот Бог на неговата жална душа.
Издавач : манастирот на св.
Атанасиј Велики, с. Журче
Друго:
Од издавачката дејност на манастирот на св.
Атанасиј Велики, с. Журче | fineweb-2 |
Инфектолозите од Прилеп се пожалија и на тоа дека немаат доволно персонал, а нема ниту доволно кревети.
Капацитетот на одделението бил само 30 легла од кои веќе биле исполнети 23, од кои 10 пациенти биле на кислородна поддршка.
Исто така инфектолозите бараат поврзување на одделението со централниот довод на кислород, бидејќи објектот на инфективното не е во главната болничка зграда.
Скопските клиники не примале возрасни Ковид пациенти од прилепската болница
Поради исполнетост на капацитетите клиниките во Скопје веќе не ги примаат повозрасните пациенти заболени од Ковид 19, место...
Катерина Крстиќ / 25 септември, 2020 17:53 | fineweb-2 |
Ковид 19 - Новости
Известување за нови обуки за КОВИД – 19
Датум: 08/03/2021
Почитувани,
Ве информираме дека следните нови обуки за КОВИД – 19 се достапни на македонски и албански јазик, кои обуки ќе бидат акредитирани од Лекарската Комора на Република Северна Македонија.
За да пристапите кон обуките на македонски и албански јазик потребно е да се најавите преку платформата на Министерството за здравство: obuki.zdravstvo.gov.mk.
По завршувањето на обуките учесниците ќе можат да го преземат својот сертификат за обуката од самата платформа obuki.zdravstvo.gov.mk.
Обуките се преведени како дел од проектот на Светската здравствена организација, под наслов: "Поддршка за јавното здравје и здравствените услуги за време на вториот бран на КОВИД–19 во Северна Македонија", финансиран од Владата на Обединетото Кралство
и со поддршка од британската амбасада.
За повеќе информации погледнете го документот во прилог,
Ве молиме мејлот да биде споделен со Вашите колеги, и доколку сте во можност да го објавите и на социјалните мрежи, а со цел помасовно следење на обуките од страна на сите здравствени работници во државата.
Срдечно,
Мој Термин
Министерство за здравство –
Управа за електронско здравство Скопје
ул.
50та Дивизија 14А, 1000 Скопје
02-15-444
—
Напомена: Информациите содржани во оваа електронска порака можат да бидат ДОВЕРЛИВИ и ПРИВИЛЕГИРАНИ и тие
се наменети за користење само од страна на примателот (-ите) наведени погоре.
Доколку читателот на оваа порака не е лицето на кое таа му е наменета, Ве информираме дека какво било ширење, дистрибуирање или умножување на оваа комуникација, или кој било дел
од нејзината содржина, е строго забрането.
Доколку сте ја примиле оваа порака по грешка, Ве молиме да ја препратите до испраќачот и да ја избришете оригиналната порака и сите нејзини копии од Вашиот компјутерски систем. | fineweb-2 |
Америка заплени товар од четири нафтени танкери што потсетува на сликите на британските пирати кога ги напаѓаа шпанските флоти при крајот на 16-тиот век
Автор: Џулијан Ли
Блумберг
Дефинитивно мислев дека живееме во 21 век кога си легнав да спијам во четвртокот, но кога се разбодив утрото во петокот имав впечаток дека сум се вратил со векови во минатото, откако ги прочитав насловите за државно пиратство.
Вестите дека САД заплениле товар на четири нафтени танкери кои наводно пренесувале иранско гориво од Персискиот Залив до Венецуела многу ме потсетија на периодот кога британските пирати, кои во денешниов случај се државни, ги напаѓаа шпанските флоти кои пренесуваа злато, сребро и скапоцени камења од Новиот свет во Европа во 16-тиот и во 17-тиот век.
Во 1580-тите години, англиската кралица Елизабета прва започнала да издава "писма со печат и контрамерки", односно дозволи за заплена на непријателски бродски товар по најфреквентните морски рути и споделување на приходите со Круната, на фаворизирани поединци како Џон Хокинс, Мартин Фробишер, Франсис Дрејк и Волтер Рали.
Исто како Велика Британија, САД си дадоа право да ги запленат поморските стоки за кои сметаат дека им припаѓаат на ентитети кои се наоѓаат на листата на странски терористички организации.
Но методите се прилично променети од минатото.
САД не им даваат дозволи за пиратство на физички лица, ниту, во овој случај, одлучија да применат воена сила.
Висок американски претставник изјави за "Асошиејтед прес" дека никаква воена сила не се користела при заплените.
Во спротивно, закани за можни тешки санкции кон сопствениците, осигурителните компании и капетаните на бродовите се користеле при убедување за предавање на товарот.
Но концептот многу малку се промени во текот на 440 години.
Една од најистакнатите поморски сили сè уште воведува свои закони со кои се дозволува заплена на товар на отворено море од нејзините непријатели.
Еден ден претходно, САД ја осудија интервенцијата на иранските сили на еден мал нафтен танкер во меѓународните води.
Во соопштението на американски предводеното Меѓународно безбедносно тело се наведува дека "таквото невнимателно, агресивно однесување на Иран го дестабилизира регионот и е закана по меѓународниот поредок заснован на правила".
Во секој случај, последната реакција на САД беше еднакво базирана на меѓународни правила како онаа на Иран.
Двата потега им послужија на целите на двете држави.
Ниту една немаше поддршка на Обединетите Нации, ниту од друго меѓународно тело.
Иран сега може да биде присилен да го возврати ударот.
Товарот што САД го запленија од четирите нафтени танкери, со околу 1,16 милиони барели на иранско гориво, според жалбата за конфискација, вреди околу 61 милион долари.
Приходот што би се остварил од продажбата на стоките делумно ќе биде насочен кон американскиот Фонд за жртви на државно спонзориран тероризам.
Речиси 80 отсто од побарувањата од тој фонд се поврзани со терористичкиот напад на Светскиот трговски центар во 2001 година.
Сепак, Иран не беше поврзан со тој настан.
Покрај тоа што иранската влада беше лишена од приходите, а Венецуела од неопходното гориво, заплената на стоките има цел да спречи понатамошна испорака на иранска нафта.
Налогот беше издаден во однос на товарот, а не на бродовите, така што тие ќе бидат ослободени кога ќе се истоварат стоките.
Високи претставници од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се очекува да одржат прес-конференција за да го соопштат истоварот на бродовите во Хјустон.
Почнав да размислувам како би изгледало ова во ерата на кралицата Елизабета Прва.
Таа би приредила банкет за Франсис Дрејк во Дептфорд на реката Темза во 1581 година и би го прогласила за витез на палубата на неговиот брод "Златна срна" со кој бил запленет шпанскиот товар.
Разбудете ме кога повторно ќе дојде 2020 година.
Превод: Билјана Здравковска | fineweb-2 |
Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, денеска се обрати на централната свеченост по повод 18 Август – Денот на Армијата на Република Македонија, која се одржа во Армискиот центар за обука на вода, во Охрид.
Тој на припадници на Армијата на Република Македонија им го честита Денот на Армијата и порача дека реформите во одбраната и безбедноста се постојан процес и дека тие ќе продолжат и по членството во НАТО.
Обраќајќи им се на припадниците на Армијата, Пендаровски истакна дека како врховен командант ќе инсистира на подобрување на нивниот животен и професионален стандард и како што тие одговорно, посветено и професионално го исполнуваат нивниот дел од обврските, така и државата ќе ја исполни нејзината обврска кон нив.
-Вие многупати ја оправдавте довербата и на нашите граѓани и на нашите сојузници.
Затоа, во нивно име, честитајќи ви го празникот, ви благодарам за професионализмот, посветеноста и дисциплината во извршувањето на задачите – рече Пендаровски. | fineweb-2 |
Републиканскиот сенатор Мит Ромни верува дека поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, лесно ќе ја oсвои номинацијата на Републиканската партија за претседател на САД доколку повторно се кандидира за влез во Белата куќа во 2024 година.
Во онлајн-интервју за "Њујорк тајмс", Ромни рече дека е убеден оти Трамп ќе има улога во Републиканската партија во наредните години и додаде дека поранешниот претседател на САД има убедливо најсилен глас и одлично влијание во партијата.
– Не знам дали ќе се кандидира во 2024 година или не.
Но, ако се кандидира, јас сум прилично сигурен дека ќе добие номинација – рече Ромни.
Тој истакна дека многу може да се случи до 2024 година, но посочи дека анкетите на јавното мислење покажуваат оти републиканските гласачи сепак претежно го фаворизираат поранешниот претседател, пренесува "Политико". | fineweb-2 |
Добро познат инфлуенсер беше уапсен во Германија откако со неговиот Lamborghini Aventador S удри во Шкода и го уби возачот за време на нелегална улична трка.
Таа ужасна несреќа се случи минатата недела на делот од Auto66 A66 во близина на германскиот град Хофхајм.
Ова е познатиот инфлуенсер кој го возеше Ламборџинито
View this post on Instagram
Зад воланот на зелениот Lamborghini Aventador S беше Инстаграм инфлуенсерот Навид Алфа, кој има над милион следбеници на таа популарна мрежа.
Германски "Билд" објави дека возачот на "Авентадор С" изгубил контрола над италијанскиот егзотик и удрил во заштитната ограда пред да удри во "Шкода" и "Опел".
Веднаш по судирот, Ламборџини и Шкода се запалија и додека Навид Алфа успеа да излезе од Ламборџини, возачот на Шкода немаше толку среќа и трагично почина на местото на несреќата.
Видеото направено непосредно пред несреќата покажува како инфлуенсерот забрзува по автопатот во неговиот зелен Авентадор, проследен со бел Авентадор Роудстер и Порше 911 ГТ3 во дивјачки потег низ неколку ленти.
Инфлуенсерот по судирот бил пренесен во блиската и во моментов е во полициски притвор.
Исто така, 26-годишниот возач на Порше беше уапсен непосредно по несреќата, но истражителите сè уште трагаат по возачот на друго Ламборџини кој учествуваше во трката.
Корисникот на Инстаграм беше среќен што сподели разни видеа од него и зелениот Авентадор С на својот профил, вклучително и една "приказна" каде вози со едната рака и снима брзина од 200 км на час со другиот мобилен телефон. | fineweb-2 |
Именуван по вкупно 68-те години сериско производство на Land Rover Defender, Sixty8 на Startech е вистински омаж кон легендарниот теренец!
Startech ќе произведе само 68 примероци од Sixty8 кои ќе се понудат на купувачи од целиот свет, и сите ќе бидат базирани на караванската изведба на Land Rover Defender 110, со 5 или 7 седишта.
Sixty8 добива модификации на екстериерот и ентериерот и навистина се истакнува меѓу малиот милион различни верзии на легендарниот теренец.
Првата работа која се забележува е бојата – каросеријата е офарбана во Corris Grey Metallic, а кровот во Santorini Black.
Дополнително, целиот автомобил има Startech Series 3.1 бодикит кој треба да евоцира спомени на Land Rover Series 3, произведуван од 1971 до 1984.
Ќе ги забележите и големите 18-инчни тркала обвиени во теренски гуми, и уште многу други ситници и детали.
Во ентериерот, Sixty8 добива ексклузивна преработка, скоро сите површини се обвиени во квалитетни материјали или кожа, има многу детали изработени од нерѓосувачки челик, а меѓу стандардната опрема ќе најдете и Alpine мултимедијален уред со навигација и камера за паркирање.
Под поклопецот се крие стандардниот 2.2-литарски турбодизел кој испорачува 120 коњски сили и 360 Nm вртежен момент.
Моторот се комбинира со шест-степен мануелен менувач и дополнителна редуцирана брзина за теренско возење, перманентен погон на сите четири тркала и можност за механичка блокада на диференцијалите.
Доколку сакате еден ваков примерок, цените во Германија започнуваат од 67.990 евра за верзијата со пет седишта, односно 69.900 за верзијата со седум. | fineweb-2 |
Одлична вест за сите обожаватели на Хари Потер: Приказната за младиот волшебник пристигнува во форма на ТВ серија!
Сигурни сме дека не постои личност што не чула за филмовите со Хари Потер, а уште помалку знаеме за оние кои не ги сакале.
Овој најпознат волшебник ги освои срцата на публиката ширум светот до таа мера што сè уште не сакаме да се разделиме од оваа приказна и со нетрпение чекаме да ги слушаме вестите за новите продолженија, а токму таквите вести одекнаа како бомба и создадоа вистински возбуда на социјалните мрежи.
Почетокот на оваа година дефинитивно беше одбележан со голем број најавени рестартирања, па наскоро ќе ги видиме нашите омилени ликови во малку поинакви изданија и нови авантури.
Сè започна со долгоочекуваниот собир на "Пријатели", поддржан од HBO Max, кој наскоро ги потврди новите сезони на сериите "Сексот и градот", за жал без Саманта, што многумина се запрашаа дали снимањето на таква серија има воопшто смисла?
Но, овие наслови не се единствените чии адаптации ќе ги видиме наскоро.
HBO Max сериозно размислува за адаптација на познатата сага за Хари Потер во форма на ТВ серија.
Целата реализација сè уште не е започната и проектот е во фаза на планирање, но она што е познато засега е дека овој формат може да биде многу различен од оригиналните филмови.
Се надеваме дека нема да чекаме долго за реализација на проектот затоа што веќе сме доста нетрпеливи! | fineweb-2 |
Актуелните мерки за заштита од Ковид-19 имаат ефект и тоа јасно го покажуваат бројките од изминатите денови.
Паѓа бројот на новоинфицирани, намален е бројот на тестирања, и за прв пат по подолг период имаме под 100 прегледи дневно.
Како здравствен работник, јас сметам дека овие мерки би требало да се продолжат и во наредните две недели, за состојбата со вирусот да се стабилизира – за ,,Фокус" вели доктор Диме Коцев, директор на кавадаречката болница, во чиј склоп функционира ковид центарот.
Според последните информации, таму се хоспитализирани 55 пациенти, во стабилна состојба и има 40 слободни места.
Директорот појаснува дека доколку бројот на хоспитализирани падне под 50, се размислува за затворање на едниот оддел во ковид центарот (ги има два во болницата, плус модуларната болница), со што на располагање би останале 65 кревети.
-Тоа е наше размислување, доколку бројките паднат и се одржи овој тренд на намалување на случаите.
Стануваме регионален центар за вакцинација, жителите од Повардарието ќе се вакцинираат во спортската сала Јасмин во Кавадарци.
Овде ќе доаѓаат граѓани од Велес, Градско, Гевгелија, Неготино, Демир Капија, Росоман, и секако Кавадарци, за вакцинирање.
Медицинскиот кадар ќе биде пренасочен таму.
Нема потреба од грижа кај граѓаните, доколку бројките повторно растат, одделот веднаш пак може да биде пренаменет во ковид центар, целата опрема останува.
Ова е само наше размислување, во зависност од тоа како ќе се одвива ситуацијата – раскажува доктор Коцев.
Повеќе >> fokus.mk | fineweb-2 |
Станот се наоѓа на одлична локација позади лептокарија во руските згради.
На 3ти кат/ од 4, во зградата нема лифт, со променети прозори во кујната и спалната, струган паркет, нови плочки и влезна врата, купатилото е реновирано пред три години.
Одлична локација бидејки воблизина има градинка, основно училиште, средно училиште, болница, трговски
Пратете порака или кликнете на иконата за chat, за започнување на разговор со продавачот или купувачот.
Овој оглас денес е прегледан 1 пати.
Се поврзува...
Кон почеток
Нашиот сајт користи колачиња (Cookies).
Со кликнување на "Се согласувам" или со продолжување на користење на сајтот, се согласувате со користењето на колачињата.
Доколку не се согласувате, можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач. | fineweb-2 |
Во Русија е отворена истрага за "голема измама" за противникот на Кремљ Алексеј Навални, кој закрепнува во Германија откако беше отруен со нервниот отровот новичок.
Рускиот истражен комитет објави дека Навални е осомничен дека потрошил 356 милиони рубљи, околу 3,9 милиони евра, за лична употреба од донација собрана од повеќе организации, како здруженија кои се борат против корупцијата и ги штитат човековите права.
Комитетот наведува дека Навални ги искористил парите за "стекнување лични и материјални добра, како и за плаќање трошоци, вклучително и одмор во странство".
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење. | fineweb-2 |
Стефоска ќе иницира одземање на ингеренциите на Охрид и Струга поради изградбата на дискотеката "Парк"
Министерката за култура и претседателка на Националната комисија на УНЕСКО, Ирена Стефоска соопшти дека ќе иницира пред Владата да им се одземат ингеренциите на општините Охрид и Струга, во врска со градежните активности на објектот ресторан – дискотека "Парк", во Охрид.
Очигледно дека општините Охрид и Струга немаат волја за заштита на светското природно и културно наследство впишано во УНЕСКО.
Оттаму, ќе иницирам пред Владата да се разгледа можноста за одземање на ингеренциите на овие општини.
Во делот на надлежностите на Министерството за култура, на одговорност ќе бидат повикани Завод за заштита на спомениците на културата и музеј- Охрид како и Управата за заштита на културното наследство. | fineweb-2 |
(Видео) Промовиран новиот објект на полициското одделение Камењане
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска во Тетово ги посети новиот објект на Полициското одделение Камењане и реновираниот објект на Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај – Тетово.
"Многу сум горд што првиот ден од оваа 2020 година го поминав со колегите од СВР Тетово, посебно затоа што промовравме два нови објекта, едниот во Полициското одделение Камењане, кој е целосно изграден, реконструиран, со целосна инфраструктура, за навистина добри услови за работа за полицајците од Полициското одделение Камењане и, исто така, за поголема безбедност на општината Боговиње, и вториот е овој објект, а тоа е Полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата Тетово, од кој што еден дел е завршен, и веднаш после празниците продолжуваме со другите проекти, односно целосно воведување на парно греење во објектот и промена на сите внатрешни врати во него", истакна министерот Спасовски, додавајќи дека полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата Тетово не беше реконструирана повеќе од 40 години.
"Затоа, посебна благодарност ќе упатам до началникот на Секторот за внатрешни работи, до командирот на Полициската станица коишто вложија максимални напори за да може да биде реконструиран овој објект.
Сакам, исто така да истакнам еден податок, којшто е и една силна порака до сите граѓани – двата објекта, и Полициското одделение Камењане и оваа Полициска станица се реконструирани заедно со средства од МВР и со граѓаните на Тетово и на општина Боговиње.
Значи од општествено-одговорни компании, коишто сакаа да помогнат, да вложат, а кога се вложува во македонската полиција, се вложува во безбедноста и во иднината на државата", рече Спасовски, честитајќи ја Новата година на сите полициски службеници, со желби за добро здравје, среќа и со порака да бидат професионални како и досега.
"Би сакал да им се заблагодарам на сите наши полицајци кои беа на работните места и се грижеа за нашата безбедност додека ние прославувавме чекајќи ја Новата година.
Задоволство ми е да кажам дека оваа година практично и да немавме никакви безбедносни ризици во новогодишната ноќ, па им честитам и на граѓаните за тоа, бидејќи тоа беше мојот апел и пред празниците", подвлече Спасовски. | fineweb-2 |
Необичен протест беше организиран од продавачи на долна облека во Франција против ограничувачките мерки наметнати поради коронавирусот.
Според препораките, нивните продавници се сметаат за "незначителни" и остануваат затворени, пишува весникот "Фигаро".
Повеќе од една недела, над 200 независни трговци со долна облека му испраќаат "протестни гаќи" на францускиот премиер Жан Кастекс.
Покрај овој занимлив гест на незадоволство, трговците упатија и отворено писмо до премиерот, во коешто ја бранат природата на нивната трговија.
Писмото потсетува дека долната облека е од суштинско значење во секојдневниот живот на луѓето и сите посегнуваат по неа кога се облекуваат наутро.
Трговците се прашуваат зошто нивните продавници остануваат затворени, додека фризерските салони, на пример, се отворени и луѓето може таму да минат и четири часа правејќи фризура?
Независни трговци бараат и зголемување на помошта за нив, за да можат да ги плаќаат на своите доставувачи.
Проблемот не влијае на синџирите за долна облека, кои имаат можност да вратат стока што не ја продале, а кај независните трговци, тоа не е случај.
Канцеларијата на Кастекс потврди дека ги добиле пакетите облека, без да појаснат каква е нивната содржина.
Претставниците на Кабинетот на премиерот соопштија дека пратките најверојатно ќе бидат дарувани во добротворни цели. | fineweb-2 |
кооперативни партнери
Поголемиот дел од весниците на филтерот се направени од стаклени влакна од Америка HV компанијата.
И ние имаме соработка пријателски односи со ХВ компанија со години.
Кореја AHLSTROM компанија е исто така наш партнер.
Нејзините филтерот хартија овозможува на долг работен век на нашиот производ.
За време на периодот на соработка, многу корисници, откако се користи овој вид на филтер ќе се одржи повторување ред.
програми за продажба
"Во моментов, нашата компанија има изградено кооперативни односи со партнери од земји како што се САД, Тајланд, Пакистан, Јордан, Малезија, Иран, итн Повеќето од нашите производи агенти имаат моќна продажна мрежа, која е од корист за нашите производи промовирање.
Во текот на соработка со странски клиенти, нашите моќни капацитет на производство може навремено да се организираме на стоки за големи нарачки на клиентот.
Сите производи се направени од суровини увезени од Америка и Кореја.
Нашата компанија е високо оценета од страна на многу корисници, се должи на висок квалитет, уникатен дизајн, и брз транспорт на нашите производи.
Преференцијални политики ќе бидат понудени за прв ред.
Ние може да обезбеди нов клиент со бесплатни примероци, но тој или таа мора да ги сноси надоместоците за превоз.
Со единствена агенти, редовно ќе ги испратиме нашите технички персонал да понудат техничка насоки. " | fineweb-2 |
ЕВЕ ЕДЕН МАЛ ФАКТ: Вие ќе умрете.
Дали ова ве загрижува?
Ве замолувам да не се плашите.
Ако ништо друго, јас сум праведна.
Вака започнува книгата, целото дејство го раскажува Смртта, каде што авторот сакал да прикаже дека дури и смртта понекогаш има срце, не е црна каква што ние ја знаеме.
Со ова што ви го пишувам свесна сум дека нема да можам целосно да ви ги пренесам емоциите кои што ги почуствував додека ја читав книгава.
Единствената книга која што успеа да ги извади солзите од моите очи, не успеав да се воздржам Настаните се случуваат за време на Втората Светска војна.
Како што кажав раскажувачот во оваа приказна е Смртта, лик кој што секогаш е присутен помеѓу неа, лик кој што успеал да види многу работи.
Станува збор за Крадачка на книги, и заедно со неа ја дознаваме судбината на сите останати ликови во книгата.
Се работи за : – Едно девојче сираче – Еден хармоникаш со сребрени очи – Неколку Германци фанатици – Еврејски боксер скриен во подрум – Многу запалени книги – И многу кражби Таткото кој ќе го усвои девојчето, со сребрени очи кој ќе ѝ помогне да се навикне на животот во новиот дом, добродушниот човек кој дава ветувања и истите знае да ги исполни, кој прекрасно свири хармоника, човекот кој му подарува парче леб на еден стар депортиран Евреин, ризикувајќи го својот живот.Мајката, отсечна, груба жена, но со огромно срце, како малкумина во тоа време.
Руди, нејзиниот најдобар другар, соучесник во детските авантури, љубовта на нејзиниот живот, ветениот бакнеж.
Макс, еврејски боксер, со коса како птичји перца, сокриен во нивната визба, кој црта и пишува зборови само за неа.
За Крадачката на книги.
И уште многу други мали, поетски насликани ликови на една прекрасна книга.
Во оваа книга е претставена другата страна на Германија, онаа добрата страна која што ја сочинуваат добрите луѓе и насмеаните деца кои што неуморно си играат на улиците.
Но да не откривам многу, останатото ви го препуштам на вас.
Прочитајте ја, но ве предупредувам земете со вас додека ја читате марамчиња бидејќи нема да останете рамнодушни. | fineweb-2 |
Просечниот Бугар не може да подига поголеми кредити, затоа што тоа лесно може да му создаде финансиски проблеми.
Ова е дел од заклучоците на истражувањето спроведено врз 1.000 луѓе за оцена на нивниот личен кредитен рејтинг што го спроведе кредитната консултантска куќа Кредит центар.
Анализата на податоците покажува дека просечниот индивидуален кредитен рејтинг по човек е 443 поени од максимални 750 поени.
Показателот се пресметува врз база на податоци за брачната состојба, возраст, место на живеење, вкупен работен стаж, работен стаж на последното работно место, приходи, сопственост, задолженост.
Критериумите се слични на оние што ги користат банките при проценка на кредитната способност на клиентите.
Во поголемите градови како Софија, Варна, Бургас и Пловдив, просечниот кредитен рејтинг е близу 470 поени, додека во помалите градови е нешто над 410 поени.
Околу 80,9% од анкетираните имаат рејтинг меѓу 300 и 450 поени, а 11% спаѓаат во категоријата со кредитен рејтинг под 350 поени.
Само 6% испитаници имале висок рејтинг, меѓу 601 и 750 поени. | fineweb-2 |
Грчката амбасада во Анкара испратила демарш до турската страна во врска со францускиот истражувачки брод што плови по издадена Навтекс од Грција, објавија грчките медиуми повикувајќи се на дипломатски извори, јави дописничката на МИА од Атина.
Медиумите во Грција коментираат дека поради францускиот брод, што врши истражувања југоисточно од Крит во морскиот дел од грчко- египетскиот договор, предизвикало тензии меѓу Грција и Турција, а Анкара, веднаш по грчката Навтекс издала анти-Навтекс и испратила фрегата во поширокиот регион.
Портпаролот на грчкото МНР Александрос Папајоану вчера коментираше дека конкретната навигациска информација (Навтекс) била издадена од Грција, бидејќи конкретниот регион е во грчка надлежност. | fineweb-2 |
Ефектот јо-јо, најлошиот кошмар на секоја личност која се борела со вишокот килограми, не се случува случајно и "само по себе".
Враќањето на изгубената телесна тежина се случува кога ќе престанеме со диета или кога ќе се вратиме на "обичната" храна по ригорозните менија и глад.
Како да се избегне овој ноторен ефект?
Како да се постигне тоа дури и по многу мачење, одрекување и гладување и конечно постигнување на линијата, тежината да не се враќа?
Нутриционистите објасниле дека клучот е умереноста во слабеењето, како и времето.
"Идеално слабеење се смета за губење на килограм по килограм неделно", објаснува Екатерина Трошина, заменик директор на Националниот центар за медицинско истражување за ендокринологија на Министерството за здравство на Руската Федерација.
"Не е пожелно брзо да се губи телесната тежина, бидејќи во тој случај маснотијата не" испарува ", но телото ја метаболизира, што е голем товар за него", вели Екатерина.
"Можеме да кажеме дека едно лице успешно се излекува од дебелина кога ќе ја намали телесната тежина на оптимално ниво и ако ја одржува од година и пол до две години.
Само тогаш можеме да знаеме дека јо-јо ефектот ќе нема да се појави, ниту пак ќе се врати тежината по враќањето во "нормална" диета.
Клучот е да го смените вашиот животен стил и да воведете здрави навики ", истакнува нутриционистот. | fineweb-2 |
Контроверзниот случај во кој на казна затвор може да биде осудена првата специјална обвинителка во земјава е при крај.
Правната разрешница за предметот "Рекет" се очекува да пристигне до крајот на мај.
Судијката Васка Николовска Масевска, која го во води предметот што со месеци беше главна тема во медиумите и главна причина за политички препукувања, ги закажа за две недели последните рочишта на кои обвинетите Катица Јанева и Бојан Јованоски познат како Боки 13 ќе треба да ја дадат својата одбрана, по што ќе следуваат завршни зборови и пресуда.
Во меѓувреме осудениот соучесник Зоран Милески Кичеец кој призна вина и доби 3 години затвор, правосилната пресудата ќе ја чека на слобода.
Милески на самиот почеток на судењето ја призна вината за делото – во кое се товареше за посредување и примање награда за договарање на средби меѓу Бојан Јовановски и бизнисменот и осомничениот во "Империја" Орце Камчев и беше осуден на казна затвор од три години.
Милески беше во затворски притвор, по што доби куќен притвор и пред еден месец за време на вонредна состојба поради пандемијата со Ковид 19,домашниот притвор му беше заменет со мерки за претпазливост.
Тој чека на слобода чека одлука на Апелација за неговата жалба,односно дали ќе му ја намали затворската казна, во која му се пресметуваат и деновите поминати во притвор.
Куќниот притвор му е укинат и заменет со други мерки на претпазливост откако Јавнотото обвинителство дало согласност дека треба да се укине мерката куќен притвор, велат од судот.
Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, пак, велат не сакаат времето од затворската казна осудениот да го помине дома.
"Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ценејќи ја понудената гаранција од страна на обвинетиот и имајќи ги предвид законските одредби според кои времето поминато во куќен притвор се засметува во ефективната казна, даде позитивно мислење за укинување на мерката куќен притвор."
велат во одговорот од ОЈО.
Оттаму не одговорија на прашањето зошто се убедени дека осудениот нема да ја напушти земјава како што тоа го направија речиси десетина обвинети и осудени во високо профилни случаи.
"
Во однос на останатите прашања, Ве упатуваме да се обратите до повисоките судови во чија надлежност е одлучувањето за укинување или продолжување на мерките", велат од ОЈО со што на некој начин се изземаат од евентуална одговорност во случај Кичеец да побегне од земјава.
Само во последниве две години и пол од земјава побегнаа 34 луѓе.
Први нога повлекоа поранешните разузнавачи Горан Грујевски и Никола Бошковски кои беа обвинети во најголемата афера за прислушување.
По нив иосудениот поранешен премиер Никола Груевски, потоа осудениот за убиството на Мартин Нешковски, Игор Спасов.
Со меѓународна потерница се бараат и припадниците на Кондовската банда Агим Красниќи, неговиот брат Бесим Красниќи и Сеат Рамадани,како и обвинети за насилство и обид за убиство на пратеникот Зијадин Села – Никола Војминовски на 27 април во насилниот упад во Собранието.
Меѓу бегалците своето има го впиша и гинекологот Николче Дамчевски кој е обвинет дека девет месеци лажел жена дека е трудна.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираше минатата недела на укинувањето на домашниот притвор на Зоран Милески-Кичеец за предметот "Рекет", кој како гаранција понудил недвижен имот во вредност од околу 240 000 евра.
На прес-конференција во партиското седиште, портпаролот Наум Стоилковски одлуката за укинување на куќниот притвор ја оцени како политичка и прстот го впери во функционерите од власта.
"Во саботата, за време на најдолгиот полициски час во земјава, Рускоска го пушти на слобода Зоран Милески-Кичеец, за кој цела јавност виде како носи торба со изрекетирани 1,5 милиони евра, заедно со Боки 13.
Додека граѓаните гледаат да го спасат сопственото здравје, Заев и Спасовски го спасуваат Кичеец.
Случајот со милионски рекет, зад кој повеќе од јасно е дека се крие некој од врхушката на власта застана кај Кичеец, Боки 13 и Катица Јанева", изјави Стоилковски.
Обвинетатата поранешна обвинителка Јанева е во куќен притвор, додека првообвинетиот Јовановски е веќе 9 месеци во притвор во КПУ Шуто Оризари.
Според видео снимките кои се појавија во јавноста пред една година торбата Луј Витон тешка 1,5 милион евра, Зоран Милески Кичеец ја изнесе од домот на Орце Камчев во придружба на Бојан Јовановски.
Камчев, кој, во овој предмет се јави во својство на сведок тврдеше дека е оштетен и дека Јанева заедно со Јовановски преку Кичеец пробале од него да изнудат милиони евра за да, како што кажа во судот Камчев, да му ја олеснат положбата во истрагата "Империја", каде што е првоосомничен поради перење на 10 милиони евра. | fineweb-2 |
Претседателот Ердоган ја отвори "Изложбата Ара Ѓулер" во јапонскиот град Кјото
Претседателот Ердоган во градот Кјото во Јапонија ја отвори "Изложбата Ара Ѓулер"
Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во јапонскиот град Кјото учествуваше на отворањето на "Ииложбата Ара Ѓулер".
Претседателот Ердоган во светилиштето Тофукужи каде што се одржува изложбата дојде заедно со својата сопруга Емине Ердоган, а на отворањето присуствуваше и јапонската принцеза Акико.
Претседателот Реџеп Тајјип во говорот што го одржа пред отворањето го изрази своето задоволство од престојот во Јапонија и им се заблагодари на надлежните на светилиштето кои се домаќини на изложбата.
Велејќи дека Турција и Јапонија се земји кои живеат на источниот и западниот дел на Азија кои успеале да ги зачуваат своите културни наследства со коренито историско минато, претседателот Ердоган привлече внимание дека е од крајно значење да се создадат можности со кои што од ова богато наследство би можеле да профитираат и двете општества.
Ердоган истакна дека со таа цел 2019 година е прогласена за година на турската култура во Јапонија и рече: "Се надевам дека во текот на годината ќе организираме голем број манифестации со кои што ќе зајакне уште повеќе древното пријателство помеѓу Турците и Јапонците."
Претседателот Реџеп Тајјип појасни дека фотографиите кои што ги сликал Ара Ѓулер во текот на својата кариера подолга од половина век го заземаат своето главно место во музеите, колекциите, албумите и изложбите на сите четири страни низ светот. | fineweb-2 |
Мини фустан со голи раменици
1,490 ден.
Мини фустан со голи раменици.
Овој мини фустан е дезениран со стотина мали отвори низ кои вашето тело срамежливо ќе ѕирка.
Фустанчето е со долги ракави без прерамки и остава вашите раменици да кокетираат во просторот.
Боја Розева
Материјал: Полиамид/Еластин
Големина: One size | fineweb-2 |
На денешен ден пред 41 година во Љубљана почина доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Јосип Броз Тито.
Почина на 4 мај 1980 година, во 15.05 часот, во Клиничкиот центар во Љубљана, три дена пред својот 88-ми роденден.
Иако поминаа 41 година од неговата смрт, Тито и ден денес е личност околу која луѓето дебатираат, се расправаат, но и најголемите критичари на неговото дело признаваат – дека тој беше голем лидер, еден од великаните на 20.век.
Сеќавање за Тито се одржуваат во сите поранешни ју-републики, а во некои медиуми и денес со носталгија пишуваат за "времињата кога народите и народностите од Вардат до Триглав малку од повиоско гледаа на пример кон Полјаците, Романците или Бугарите… но тие времиња за жал се одамна минато".
Како што е минато и паролата од едно друго време: И по Тито – Тито.
Тито беше примен во болницата во јануари поради проблеми со циркулацијата, а пред смртта му беше ампутирана ногата, на што не се согласуваше додека беше свесен.
Веќе од средината на февруари беше во вештачка кома.
-Умре другарот Тито.
Тоа вечерва им го соопштија Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Југославија и Претседателството на Социјалистичка Федеративна Република Југославија на работничката класа, работните луѓе и граѓаните, народите и народностите на Социјалистичка Федеративна Република Југославија", гласеше веста што одекна низ целиот свет.
Ковчегот со Титовите посмртни останки пристигна следниот ден со Синиот воз од Љубљана, преку Загреб, во Белград.
Три дена подоцна, на погребот дојдоа 700.000 луѓе.
Беа присутни 209 државни делегации од 128 земји во светот.
Тоа беше најпосетениот погреб на еден државник во 20 век.
Тито беше погребен во Куќата на цвеќето на Дедиње, каде што од 2013 година покрај него почива и неговата сопруга Јованка.
Неговиот гроб, заедно со блискиот Музеј на Југославија, сè уште е дестинација за голем број туристи, посетители и почитувачи од поранешните југословенски републики и од целиот свет.
Беше претседател на Владата од 29 ноември 1945 година, а по 1953 година претседател на Федералниот извршен совет и претседател на Републиката.
Кога една година подоцна тие две функции беа раздвоени, тој остана претседател на Републиката до крајот на животот, а од 1974 година и претседател на Претседателството на СФРЈ.
Имаше ранг на маршал на Југославија и позиција врховен командант на Југословенската народна армија.
Тој е еден од основачите на Движењето на неврзаните, каде што извесно време беше и генерален секретар. | fineweb-2 |
- Опис
Опис
Откако ги губи родителите, младата Русинка, Ксенија бега од болшевиците и од Санкт Петербург се преселува во Париз, каде што се соочува со трагедијата и осаменоста на живот во прогонство.
но Ксенија е решена да не се предаде и затоа наоѓа работа: се вработува како модел кај еден француски дизајнер кој е маѓепсан од нејзината единствена,впечатлива убавина.
На тој начин, таа го запознава талентираниот фотограф, привлечниот Германец, Макс фон Пасау, и со него почнува страствена романса, а нејзиниот живот никогаш повеќе нема да биде истиот.Сепак, Ксенија не сака до крај да и се предаде на таа љубов, од страв дека со неа ќе ги загуби својата слобода и независност.
Историјата, исто така, прави заговор за да ги раздели љубовниците, ставајќи ги пред драматични избори.
Ќе ги преживее ли нивната љубов темнината и неизвесноста на тие немилосрдни времиња? | fineweb-2 |
Бафетимби Гоми, некогашниот фудбалер на Лион и на уште неколку европски клубови беше стрелец на единствениот гол во победата на азискиот првак Ал Хилал над африканскиот шампион Есперанс де Тунис во четвртфиналето на Светското клупско првенство кое се игра во Доха.
Францускиот напаѓач влезе во игра во 65 минута и после осум минути го постигна победничкиот гол.
Ал Хилал во полуфиналето ќе се соочи со Фламенго, јужноамериканскиот шампион, додека вечерва ќе играат Монтереј, првакот на Северна и Средна Америка и домаќинот Ал Сад и подобриот ќе се соочи со европскиот шампион Ливерпул во полуфиналето. | fineweb-2 |
Полицијата подготвува пријави за Мечкин Камен
Полицијата трага по учесниците во денешениот инцидент при прославата на Илинден во Крушево и најавува пријави против нив.
Медиумите јавуваат дека со говор на омраза, навреди, скандирања и извикувања на погрдни зборови била проследена прославата на Мечкин Камен.
Неколку групи, наводно го попречувале празнувањето на државниот празник на недоличен начин, а подоцна ја нападнале и владината делегација додека поминувала со пластични чаши и шишиња.
,,Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека презема мерки и активности за расчистување на денешниот инцидент при прославата на Илинден во Крушево, кога поединци кои беа присутни на прославата фрлаа со предмети кон присутните делегации.
Се преземаат мерки за идентификација на сторителите и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци", се вели во соопштението.
МВР заедно со Јавното обвинителство презема мерки и за расчистување на случаите со ширење на говор на омраза на денешната манифестација во Крушево. | fineweb-2 |
Политологот, активист и коосновачка на Стела Менторска Мрежа, Сара Миленковска oдбра свои #ПетАлбумиЗаПоДома, со свој осврт за музичките остварувања:
Ова е еден од оние бендови за кои не знаеш од каде ја имаш прва меморија за нив, кога точно си ги чул, дали од твоите или кога си трагал по нова музика.
Како и да е, Rumors ми е еден од омилените нивни албуми, и мислам дека и нивен најпознат/најпродаван албум.
Цел спектар на емоци се чувстува буквално во секоја песна, а мене најдрага ми е The Chain.
Интересна е приказната околу условите во кои бил снимен албумот, има гласини дека поради интерперсоналните релации членовите дури и не сакале да зборуваат меѓу себе, освен за музика.
Еве и едно кратко видео кое би сумирало како е напишана The Chain.
Лизо, сестра ми неколку пати ми ја прати да ја чујам и кога конечно ја завршив должноста како помала сестра сфатив колку е генијална, слободна и самоприфатена.
Мене лично ми ја обележа 2017, а уште помило ми е што дури сега го добива мејстрим вниманието кое го заслужува.
Coconut Oil, е спој на песни со кои си го започнуваш денот преку pep talk во огледало и потоа преминува во песни кои те тераат да се качиш на шипка.
Ако ви се свиѓа Лизо тогаш ќе ви се свиѓа и нејзиниот албум што следеше Cuz I love you, проследен со прекрасен настап на NPR.
Плус, да ја гледаш во живо е најоткаченото искуство.
Ерзана една и едниствена, врати се.
Јас не знам домашна журка која има поминато без нејзина песна, како и да е, ново откритие е кога ќе седнеш и одново ќе ги преслушаш сите песни.
Не знам дали има каде да се купи или најде, само сум среќна што некој успеа и ми го прати албумот директно.
Патем за сите што не знаете има ремикс со САФ на албумот.
Иако албумов за фановите на James не е можеби омилен, мене ми има оставено преголем впечаток особено бидејќи и кога го гледав во живо не знаев дека постои можност да бидам сведок на толку добар настап.
Andre 3000 се појавува на Where is the catch, Trevis Scott на Mile High.
A преку песната Barefoot in the Park ја открив Росалиа.
Се гледа убава еволуција на неговиот звук, нови елементи, а сепак толку достоен на својот стил.
Ако можев би им ја пратила Don't miss it, во една групна мејл порака до сите на светов.
Нејзините вокални спосбности, спој на хип-хоп и фламенко креираат сосем нов жанр ако смеам да го наречам.
Но, тука она што најмногу ме интригира е приказната позади целиот албум, секоја песна претставува едно поглавје од роман "Flamenca", напишан во 13ти век околку една токсична врска.
Секое поглавје е еден начин на кој главната хероина се справува со болката, разочарувањето и потрагата за сила.
Росалиа доаѓа од Каталонија, па живењето околу индустриска зона во Барселона се препознава преку визуелниот идентитет на спотовите, вклучително и звуците кои и ги додава во својата музика.
Bagdad ми е омилена, каде што всушност референцира стриптиз клуб во Барселона.
Дополнително, ОВА е многу интересна музичка анализа на нејзинот албум – ROSALÍA: What no one is saying about her new album: El Mal Querer | Jaime Altozano
Бидејќи се чустувам дека го запоставив хип-хопот во мојата листа, ова е бонус 5 албуми од тој жанр: King of darkness (KOD) – Tech N9ne (2009), Ready to Die – B.I.G.
(1994), DAMN – Kendrick (2017), Straight Outta Compton – N.W.A.
(1988), Diana: Detailed – Dynasty (2009-2019).
– – – – – – – – – –
Радио МОФ започна рубрика #ПетАлбумиЗаПоДома, со цел да се грижиме за општото културно и ментално здравје.
Ќе објавуваме по пет музички албуми, избор на разни личности, од различни профили и генерации, за да слушнеме нешто што не сме чуле, или да се навратиме на заборавени музички парчиња.
Идејата е да дадеме смисла на времето во изолација, да го култивираме просторот со изданија што се "вртат" по дома.
Без жанровски ограничувања во изборот, старо или ново, туку чисто музика за секој ден, во секое време.
Луѓето да ни кажуваат кои пет албуми ги сакаат, и зошто ги сакаат. | fineweb-2 |
Совети за Планинарење
Корисни совети за планинарење
1.
Секогаш биди одморен пред одење на планина.
Нивото на физичката спремност е многу важно пред секое одење на планина.
Никогаш не јади на почеток на искачување, тоа се прави два часа пред почеток.
Исхраната нека ви се состои од комплексни јагленохидрати.
Строго се забранува конзумирање на алхохол поради загрозување на вашата здравствена и физичка ситуација при движење на планина.
Конзумирајте вода во текот на планинарењето, посебно во летниот период кога телото е изложено на поголема дехидрација.
Користете планинарски стапчиња при движење.
Почести, но кратки паузи при движење се од голема помош.
Доколку осетите знаци на премореност одморете подолго време, доколку ситуацијата не ви е подобрена во тој случај размислувајте да се откажете од акцијата.
Зимно време секогаш носете по два пара ракациви но никако плетени, имајте си резерва полар, софтшел, мајци и резерва чорапи по можност волнени.
Секогаш кажувајте каде и на која планина ќе бидете пред одење.
Доколку сакате да движите на организирана тура секогаш детално прочитајте го ивентот и приджувајте се до потребната опрема што се бара и потребната физичка кондиција.
Никогаш не експериментирај со теренот ако не го познаваш доволно.
Секогаш бидете мотивирани, насмеани, позитивни, брзо да реагирате на ситуација, да имате импровизирачки, надминувачки и прилагодлив менталитет.
Секогаш бидете подготвени за најлошото, а надевајте се на најдоброто.
ПЛАНИНАТА И УМОТ
Планинарењето како активност станува сè попoпуларно, воглавно поради бројните бенефити што ги носи за здравјето, без разлика дали се работи за кратка прошетка или излет во шума, искачување до некој врв или минување на долга трансферзала.
Ефектите кои овој спорт ги има врз физичкото здравје се добро познати, а подеднакво важни и силни се придобивките поврзани со менталното здравје на луѓето кои го практикуваат.
Подобрување на менталното здравје Понекогаш, самото тргање од токсичното, досадно или стресно секојдневие може да има тераписко дејствo.
Но покрај тоа, научно е докажано дека престојот и физичките активности во природа се поврзани со подобрување на расположението, намалување на негативните мисли и анксиозноста, како и зголемување на себе-ценењето, фокусот и продуктивноста.
Всушност, голем дел од потешкотиите со менталното здравје и добросостојба се должат на дисконектираност - од себе, од другите и од околината.
Ова го правиме од различни причини, како начин да се заштитиме од нешта што се штетни за нас.
Сепак, кога ова се случува редовно или подолго време, цената што ја плаќаме за тоа е намалено искористување на личните потенцијали, а со тоа и намален квалитет на живот.
Реконектирање и зголемена свесност Планинарењето претставува одлична можност за повторно конектирање со сегашноста и со сите убави работи во неа.
Активирањето на сите сетила и свесноста за дразбите кои доаѓаат до нив претставува многу силен "противотров" на стресот.
И навистина, тешко е да се мисли на застрашувачки замислени идни сценарија (што е впрочем еден од главните извори на анксиозност) додека се движиш низ нов терен и внимаваш каде да згазнеш, додека пешачиш низ шумска патека и го слушаш шумот на лисјата, додека ја чувствуваш свежината од ветрот на твоето лице, кога физички преморен ќе стигнеш до врвот и ќе го видиш погледот од таму кој вреди за секоја минута "мачење" по пат.
Дишење Дишењето е процес кој, и во буквална и во преносна смисла, е основа и репрезентација на животот.
Кога дишеме плитко или испрекинато мускулите се згрчени, а во телото внесуваме помалку кислород.
Притоа, организмот се прилагодува на оваа состојба со ограничување на оние функции за кои е потребно повеќе воздух, а со тоа и со ограничување на својот потенцијал.
При планинарење на телото му е потребно поголемо количество на кислород, а за среќа планината нуди чист воздух во изобилство.
Па така, за разлика од загадениот воздух во голем дел од урбаните средини, на планина може слободно да се дише (и да се живее) со полни бели дробови.
Слушање на сопственото тело Нашето тело во себе содржи голема мудрост и вродена способност да ни каже што ни е потребно за да бидеме здрави и да се чувствуваме добро.
Но, за жал, во брзото секојдневие неретко се случува да ги занемариме пораките кои телото ни ги испраќа и, на некој начин, да работиме против себе.
Планинрењето нè учи да си го слушаме телото - бидејќи резултатите од неслушањето се брзо видливи.
На планина од клучна важност е да се биде свесен за потребите на телото, било да е тоа потреба за вода, за храна, за одмор, за успорување, за помало оптеретување, за престанување… Без тоа, достинувањето на целта ќе биде, во најдобар случај, значајно отежнато.
Физичка кондиција и слика за себе Физичката кондиција и форма се градат со тек на време.
Со самото редовно практикување на оваа активност, телото станува поиздржливо, поцврсто и во подобра форма.
Промените во физичкиот аспект се секогаш пропратени со промени во психичкиот аспект на личноста.
Па така, кога телото станува поспособно, доживувањето на себе си како таков придонесува кон развивање и на сликата за себе околу тие карактеристики.
Дополнително, со оглед на тоа што ова е постигнато постепено и со сопствен труд, станува збор за релативно трајни карактеристики - нешто што не се стекнува и не може да се изгуби "преку ноќ".
Карактер Планината е непредвидлива и непокорлива, а кога ќе стигнеш на врвот всушност си на половина пат.
Ова ќе те научи на внимателност, на проценка на ризикот, како и на спознавање и проценка на сопствените способности и органичувања.
Ќе те научи да не се преценуваш и да знаеш кога е доволно.
Но, ќе те научи и да ги буткаш и прошируваш своите граници, да дадеш сè од себе и малку повеќе, да бидеш упорен и да не се откажуваш.
Покрај тоа, на планина најчесто го имаш само тоа што си го понел со себе - така ќе научиш добро да се подготвиш и да ги распоредиш своите ресурси за целиот пат, од почеток до крај.
Добра дружба и добри луѓе Дружбата на планина е посебна.
Не би било оправдано да се каже дека сите планинари се "вакви" или "такви".
Меѓутоа, може да се каже дека тоа се луѓе кои ги искусуваат и уживаат горе-навдените бенефити.
На планина се среќаваат најразлични ликови, најчесто пријателски расположени.
Но, кога ќе се сретнат на планина, во тој момент и таму, тие имаат нешто заедничко, делат нешто посебно.
На некој начин, тие се заедно и таму припаѓаат.
Меѓу нив секогаш има такви кои се подготвени да помогнат и да излезат во пресрет на некој друг, познат или непознат.
Сето ова креира посебна конекција, која некогаш е краткотрајна, а некогаш прераснува во долгогодишно пријателство.
Долготрајни придобивки Овие бенефити не постојат само додека си таму.
Со секоја планинска тура, со секое ново искуство и надмината потешкотија, личноста станува малку побогата.
Она што сме го научиле и стекнале на планина го понесуваме со себе, како дел од личната историја, како зголемен потенцијал што може да биде корисен и во многу други области од животот.
"Супер е сето тоа, ама немам време/ немам кондиција:" Времето кое ќе го одвоиш за планинарење не е време за извршување на некоја задача (за промена).
Тоа е време одвоено за себе, за одмор од секојдневието, за вложување во сопственото здравје и добросостојба.
Тоа време е една од најубавите работи што можеш да си ги подариш.
А ако мислиш дека планинарењето е тешко, важно е да знаеш дека веројатно најтешкиот дел е да станеш од кревет, да се подготвиш и да тргнеш од дома.
Кога ќе стигнеш таму, ако дозволиш планината да те освои; "слатките маки" кои следат речиси без исклучок водат кон чувство на исполнетост, спокој и желба да отидеш повторно.
Автор: Александра Панчевска - психолог и планинар, ко-основач на Псинапсис - Здружение за промоција на ментално и физичко здравје. | fineweb-2 |
Сместен во подножјето на планината Јабланица, Струга е град расположен на езеро и на река.
И тоа не кое било езеро, туку најстарото во Европа – Охридското Езеро.
И не која било река, туку Црн Дрим – реката што се раѓа од изворите кај Свети Наум, минува низ Охридското езеро и во самото срце на градот, истекува од езерото и се упатува на долг пат кон Јадранско море.
Струга е "Градот на мостовите", како што го нарекла Ана Комнина, византиска принцеза и една од првите жени историчари.
Познат и како "Градот на јагулите", поради фасцинантната приказна за охридските јагули кои со милениуми мигрирале патувајќи низ Црн Дрим, пливале низ неколку мориња за да стасаат до Сарагаско Море – за да се размножат и да умрат таму, а нивните млади инстинктивно, по истиот пат, се враќале назад кон Струга.
Оттука и старото име на Струга, Енхалон, што на старогрчки значи јагула.
Човекот си нашол убаво место за живеење на територијата на Струга уште во неолитот, за што говорат праисториските населби кај локалитетите "Уста на Дрим" и "Црковни ливаѓе", како и богатиот подводен археолошки локалитет "Врбник".
Низ времињата, владеењето над Струга преминувало од рацете на еден во рацете на друг владетел, при што секој оставал дел од својата култура како печат на градот за своето време.
Сепак, градот цело време ја задржува својата смиреност, која како да доаѓа од јин-јанг односот на двете води, белината на Охридското Езеро и темнината на Црн Дрим.
Иако населена уште од неолитот, Струга добро живеела низ антиката, особено поради близината на Виа Егнација, патот што ги поврзувал двете Римски Царства.
Еден негов дел сѐ уште можете да видите кај с. Радожда и кај Вевчани.
Животот се одвивал непрекинато во наредните векови, а развојот и напредокот можете да ги видите низ христијанското наследство: од ранохристијанските базилики во селата Октиси и Радолишта со стари подни мозаици, преку црквите градени во средниот век и иконописи стари повеќе од 7 века, на чело со чудотворната икона на Св.
Ѓорѓија во истоимената црква, до пештерните цркви градени тајно во турско време.
Такви ќе најдете во манастирскиот комплекс Калишта и во близина на Радожда.
Од ерата на Османлиската Империја, може да ги посетите малиот амам и "Халвети теќе", заштитен споменик на културата.
Струга има уште еден многу важен епитет.
Струга е "Градот на поезијата" и домаќин на Струшките вечери на поезијата – најголемата светска поетска манифестација која, во чест на големите преродбеници, браќата Миладиновци, секоја година ги собира најзначајните поети од целиот свет и туристи кои сакаат да уживаат во современиот поетски збор.
Додека шетате низ прекрасната градска чаршија и богатиот пазар или покрај бреговите на езерото и шеталиштето на Дрим, Струга го внесува својот мир во вас.
Во исто време, ве кани да пробате да уживате во нејзиниот вкус преку локалните ресторани и слаткарници, за да го понесете со себе каде и да одите, како сеќавање на местото кое секогаш ќе ве влече да се вратите. | fineweb-2 |
Согласно последните податоци од Царинската управа, увозот на употребувани моторни возила во државата во првите 9 месеци е значително намален.
Ако лани во овој период се увезени над 26.000 илјади половни патнички возила, во периодот на оваа година се увезени околу 11.000 возила, што претставува намалување од 42%.
Падот на увозот на половни возила во најголем дел е резултат од воведувањето на механизмите во новиот Данок на моторни возила чија цел беше спречување и демотивирање на граѓаните за купување на половни возила со високи емисии на СО2, што веќе се покажува и во пракса.
Ова значи помал влез и користење на возила кои драстично го загадуваа воздухот во Република Македонија.
Увозот на нови патнички возила е намален за 18%.
Така што лани во првите 9 месеци биле увезени над 6.300 нови возила, а оваа година се увезени околу 3.800 возила.
И покрај намалениот број на увезени возила, приходите остварени со примената на новиот Данок на моторни возила кој ја замени акцизата, бележи позитивна разлика во приходот за над 280 милиони денари или 4,5 милиони евра повеќе во однос на лани истиот период, што претставува пораст од над 50 %. | fineweb-2 |
Разрешувањето на директорот на Театар Комедија нема да го покрие фактот дека тој како кадар на СДСМ, злоупотребил 8,7 милиони денари, потребна е институционална разврска веднаш, реагира ВМРО-ДПМНЕ по информацијата дека Министерството за култура го разрешило Сашо Ристовски од оваа функција, а на негово место назначена е Нора Шаќири.
"По којзнае кој пат исплива на површина злоупотребата на власта и деградирањето на културата во Македонија.
Поставувањето на партиски директори на културните институции од страна на некомпетентните директори во земјава доведе само некултура и пад на квалитетот граден со години.
Таков е и случајот со Театар Комедија, каде власта успеа да уништи уште една успешна приказна која беше создадена од нула.
Од своето формирање во 2011 година, театарот успеа да се наметне како со квалитет така и со популарност како сериозна институција, но тоа траеше се до доаѓањето на СДСМ на власт, кога започна падот", реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Опозициската партија наведува дека Ристовски извршил злоупотреба на од 8.734.486 денари државни пари за кои презел обврска, но за истите не обезбедил покритие. | fineweb-2 |
НБА: Кливленд испушти победа
Голден стејт вориорси водат со 1-0 против Кливленд кавалирс во големото финале во НБА-лигата.
Вориорси по продолжението славеа 124:114 откако Џералд Грин пропушти шанса да им ја донесе победата на Кавалирси во регуларниот дел од натпреварот.
Четвртата последовна финална серија помеѓу Вориорс и Кавалирс почна во Оукленд со драматична победа на домаќинот, кој успеа да го преживее неверојатното издание на Леброн Џејмс.
"Кралот Џејмс" натпреварот го заврши со личен плеј-оф рекорд од 51 поен.
Во продолжението Кавалирси немаа сили да се изборат со противникот.
Вориорси со неколку тројки ставија точка на мечот.
Покрај Леброн, кај Кливленд се истакна уште и Кевин Лав со 21 поен и 14 скока.
Вориорс го предводеше Стеф кари со 29 поени, Кевин Дурент постигна 26, а Клеј Топмсон 24 поени.
Одличен меч одигра и Дрејмонд Грин, кој во финишот погоди две важни тројки, а мечот го заврши со 13 поени, 11 скока, девет асистенции и пет блокади. | fineweb-2 |
Од полноќ во Германија стапија на сила измените на Законот за заштита од заразни болести кој овозможува автоматско воведување построги мерки во борбата против ковид-19, меѓу кои се забрана за движење меѓу 22 и 5 часот, и тоа во градовите и општините во кои седумдневната инциденца на заразени надминува 100 луѓе на 100 илјади жители.
Во моментов 345 од 412 окрузи во Германија имаат повеќе заболени од овој број.
Германските власти апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките.
Особено е спорна мерката за забрането движење ноќе, за што е покрената постапка пред Уставниот суд.
Во продавниците што не се за храна и лекови може да влезе само муштерија со негативен тест и тоа во претходно договорен термин.
Ако седумдневната инциденца надмине 165 заболени на 100 илјади жители целосно се преминува на онлајн настава, а училиштата затвораат.
Уште во ноември беше воведена забрана за работа на културни, спортски и угостителски објекти. | fineweb-2 |
ФИФА ја повлече одлуката со која на Косово му дозволи да игра пријателски натпревари со други земји.
Светската фудбалска федерација ја суспендира одлуката да му дозволи на Косово да игра пријателски натпревари со други земји, рече Сеп Блатер.
Блатер кажа дека ова прашање ќе биде "затворено" на 29 јуни на состанокот на Извршниот комитет на ФИФА.
ФИФА во вторникот му дозволи на фудбалскиот сојуз на Косово да игра пријателски мечеви со членките на таа федерација што предизвика силни негодувања од страна на фудбалскиот сојуз на Србија.
Генералниот секретар на ФИФА Жером Валк ја бранеше одлуката со желбата да се помогне на развојот на фудбалот. | fineweb-2 |
Триесетина пратеници од СДСМ, НСДП, независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на Албанците, Алтернатива и ДПА се потпишани на иницијативата на пратеничката група на СДСМ за свикување седница на Собранието на која би се потврдиле двете одлуки на претседателот на државата за прогласување вонредна состојба во државата од по 30 дена поради пандемијата со Ковид-19.
Иницијативата ќе биде поддржана и од Беса.
Оваа иницијатива на СДСМ нема поддршка од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, ниту од ДУИ, која, сепак, остава простор најнапред да ја види иницијативата па конечно да се изјасни.
Претседателот на Парламентот Талат Џафери исто така чека да ја види иницијатива откако таа и формално ќе биде доставена до Собранието и до него, па да даде свое мислење.
Претходно во неколку наврати тој истакна дека самораспуштениот Парламент не може повторно да се состане.
Иницијативата до Собранието и до претседателот на Парламентот ќе биде доставена утре.
Сметаат дека е потребно одржување на ваква седница и доколку е потребно свикување на Собранието и за други прашања, повикувајќи се на неговата надзорна улога, особено во вакви вонредни и кризни состојби.
Врз основа на тоа, седницата би имала две точки на дневен ред – првата е за свикување на седница за потврдување на одлуките на претседателот Стево Пендаровски за продолжување на вонредната состојба, а втората за ставање на Собранието во функција по потреба.
Се разгледуваат и се размислуваат повеќе начини за одржување на една ваква седница, и како тоа би можело да се организира електронски или, пак, во голема сала со Купола се со цел да се запазат превентивните мерки за заштита од ширење на коронавирусот.
Собранието се самораспушти на 16 февруари со 108 гласови "за" заради одржувањето на предвремените парламентарни избори на 12 април.
Изборите беа одложени поради пандемијата со Ковид-19. | fineweb-2 |
Пишува: Гордана Дувњак
Опозицијата се фатила како "слеп за стап" и не попушта за онлајн-работа зашто тука гледа шанса да се блокира парламентот и да се раситни кревкото парламентарно мнозинство.
Владејачките партии, пак, не знаат што е договор, а уште помалку компромис.
А и кога ќе седнат на заедничка маса политичките поглавици Заев и Мицкоски, не си веруваат дека ќе се почитува договореното.
Целата колумна прочитајте ја во новиот број на неделникот "Фокус" кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк. | fineweb-2 |
Глутница улични кучиња го растргнале белиот паун Белан кој го красеше дворот на црквата "Св.Архангел Михаил" во скопската населба Автокоманда, соопштија на својот Фејсбук профил од храмот.
Како што информираа, нападот најпрвин се случил во дворот на храмот.
Паунот бегајќи прелетал надвор од дворот, но таму го пречекала глутница од улични кучиња.
– Нашиот домаќин веднаш реагирал, но за жал било доцна.
Ги замолуваме сите кои можат да помогнат на било каков начин да се дислоцираат уличните кучиња од кругот на студентскиот дом Стив Наумов.
Сите сме сведоци дека изминатиот период во дворот на храмот имаше: зајачиња, шатки, пауни, гулаби, коковчиња, дукатки и други животинчиња кои ја заокружуваа убавината на овој храм, но за жал уличните кучиња ја прекинаа таа убавина убивајки се што ќе дофатеа со крволочните заби, се пожалија од црквата. | fineweb-2 |
Претседателот на српската Народнаа партија, Вук Јеремиќ, изјави дека "има само еден дијалог" за изборните услови, а тоа е оној во кој претставниците на Европската унија ќе имаат посредничка улога и дека првиот круг разговори ќе се одржи на 6 мај, јави Бета.
"Народната партија се залагаше опозицијата да дејствува единствено во тој процес, претставена од двајца експерти преговарачи.
За жал, не сите го прифатија тоа и затоа сме принудени да разговараме со Европејците одделно", изјави Јеремиќ во интервју за Данас.
Јеремиќ наведе дека ќе биде дел од делегацијата предводена од Народната партија, која ќе разговара со претставниците на ЕУ на 6 мај, а во делегацијата ќе бидат и Ѓорѓе Вукадиновиќ, професорот Слободан Самарџиќ и Лидија Мартиновиќ од Движењето за слободна Србија.
Претседателот на Народната партија го нарече "фарсичен" неодамнешен состанок во парламентот за изборните услови, на кој присуствуваше и претседателот на Српската напредна партија и Србија, Александар Вучиќ.
"Каков вид разговор за подобрување на изборните услови можат веродостојно да водат претставници на 26 партии, од кои за нив 25 условите од ланскиуот јуни да учествуваат на овие избори", праша Јеремиќ.
"Фарсичниот карактер на овој "паралелен дијалог" најдобро го илустрира она што медиумите објавија дека Вучиќ рекол по тој повод – дека "ќе се обиде да влијае на сопствениците на приватни медиуми со национална фреквенција да бидат отворени за опозицијата, додека на РТС малку може да влијае", изјави Јеремиќ. | fineweb-2 |
Информатичката и комуникациската технологија сѐ уште се сметаат за машка работа.
Ако се суди по податоците објавени на Eurostat, жените се малцинство во посочениот сектор.
Статистиката покажува дека во 2016 година, повеќе од 1,3 милиони луѓе од земјите на Европската унија биле запишани на студии од областа на информатичките и комуникациските технологии, од нив само 16,7% биле жени.
Најмалку биле регистрирани во Холандија и тоа 6%, Белгија 8%, а во Луксембург речиси 10% биле жени од вкупниот број запишани студенти во областа на ИТ технологијата.
Нешто поголем е бројот на жените студентки во посочената област во Кипар и тоа 26%, во Шведска и Грција 29%, Романија 31%, а во Бугарија една третина од студентите во ИТ област се жени.
Слични параметри има и на пазарот на трудот.
И таа статистика укажува дека ИТ технологијата е машка професија.
Од вкупно 8,4 милиони луѓе во земјите на ЕУ вработени како ИТ експерти, само 1,4 милиони се жени. | fineweb-2 |
14.02.2021
Зимската служба на Општина Чашка и ЈПКД Тополка од раните утрински часови ги расчистија од снег локалните патишта во општината.
Со две возила обезбедија да бидат проодни локалните патишта до Мелница, Горно Врановци, Нежилово, Папрадиште, Ореше, Бистрица и Дреново.
Екипи работат и на расчистување на локалните патишта кон селата Горно и Долно Јаболчиште, Мокрени ,Војница Владиловци.
-Зимската служба на ЈПКД Тополка во текот на денот и ноќта ќе биде постојано на терен со цел да се обезбеди непречен сообраќај кон населените места.
Почитувани граѓани на општина Чашка напоменувам дека е задолжително употребa на зимска опрема за движење на вашите возила.
Доколку имате потреба за брзо и итно реагирање за помош , побарајте го задолженото лице од општина Чашка на тел.број :075 331 340, рече градоначалникот Горан Стојановски. | fineweb-2 |
Најстрашното проклетство на Тито од кое се плашеле и неговите наследници…
Покрај битката за наследството од Тито, наследниците на Броз ги поврзува и една малку бизарна работа, а тоа е несреќата во љубовта, тие исто како и Маршалот се разведуваа повеќе пати.
Доживотниот претседател на СФРЈ Јосип Броз од вкупно 5 бракови, а кои 3 биле официјални има две деца, двајца синови Жарко и Мишо и шест внуци Јошко, Златич, Едвард, Светлана, Александра и Андреја, кои денес се легитимни наследници на богаството кое им го остави Тито.
Вистинската војна за наследство се води 32 години, а покрај семејството на Тито, тука се и наследниците на Јованка Броз последната сопруга на Тито, но и Караџорџевиќ, бидејќи многу пронајдени предмети од сефот ги поврзува со нив.
Сепак покрај војната за наследството од Тито, Брозовите наследници ги спојува и бизарната работа, а тоа е дека немаат среќа во љубовта.
Семејството на Јосип Броз Тито секогаш била интересна за медиумите.
Најстариот Жарко Броз е дете на Тито од првиот брак со Пелагија Бјелоусов, роден е во 1924 година, детството и раната младост ја поминал во Москва.
До крајот на Втората светска војна, Жарко живееше во Советскиот Сојуз, се бореше како официр на Црвената армија,два пати беше одликуван и тешко повреден, тогаш ја изгуби и раката.
По ослободувањето, 1945, Жарко од СССР ја донесе својата голема љубов Тамара Вегер, со која во 1947 го доби синот Јосип-Јошко, а во 1949 ќерката Златица.
Заради аферата со Тереза Кујунџиќ ангажирана била и УДБА, а Тито долго време не разговарал со својот син.
Во 1951 Жарко од бракот со Тереза го доби синот Едвард, а само 4 години подоцна, бил во брак со трета сопруга и ја добил ќерката Силвана.
Миша Броз роден е во 1941, а татко му прв пат го видел во 1945 бидејќи бил дете на Туто и илегалката Херт Хас, тој за разлика од неговиот брат не се разведувал, а во бракот со Мира Косинич има ќерка Александра и син Андреја.
Напознатиот внук на Тито Јосип Јошко Броз(68) син на Жарко и Тамара, првиот човек на Комунистичката партија и пензионер во Србија, се разведувал дури 4 пати, а од тие бракови има двајца синови Небојша и Виктор, како и ќерка од 10 години. | fineweb-2 |
Чекам место вас во редица во Скопје, од 6.00 до 7.30 час, кога се отвараат шалтерите да ги предадете документите.
Бидете мегу првите да си ја завршите својата работа.
Овој необичен оглас деновиве се појави на една страна за рекламирање.
Додека едни купуваат, продаваат, изнајмуваат, овој човек се нуди самиот, да чека ред наместо вас и тоа за 500 денари, но цената не е фиксна. | fineweb-2 |
Вечерта во петокот спрема саботата, срцето на 20 годишната Верица Белчовска од беровско Русиново, продолжи да чука во телото на Илија Стрезовски од Брвеница.
На Клиниката на Државната Кардиохирургија беше извршена втората трансплатација на срце за неполна година пишува Женски Магазин
Илија по трансплатацијата, а и пред неа, имал само една желба.
Да си дојде дома за Велигден.
"Ќе направиме сè за да му ја исполниме желбата", раскажа за Женски магазин д-р Стефанија Хаџиевска, анестезиолог на клиниката за Државна кардиохирургија, која е дел од тимот од самото нејзино отварање, и раководител на одделот за анестезија на Клиниката.
Д-р Хаџиевска вели дека дента пред трансплатацијата од премор и од возбуда не спиела многу, и верува дека се чувствувале и нејзините колеги.
-За разлика од минатиот пат, бевме помалку членови во тимот, работевме заедно со дел од докторите и сестрите од Клиниката "Жан Митрев", меѓутоа под водство на нашиот Проф.Сашко Јовев и на наш веќе познат терен, на нашата Државна Кардиохирургија", ни раскажа Стефанија која и минатата година во мај, беше дел од лекарскиот тим што ја изврши првата трансплатација на срце од Иван Огненовски, чиј донор беше семејството на Емилија Динева.
Тагата на семејството на дојранчанката Динева и среќата на семејството на Иван беше причина целата домашна јавност јавност да биде сплотена како што одамна се немаше случено кај нас.
Д-р Хаџиевска вели дека трансплантацијата траела околу 6 часа.
-Имаше мал страв нормално, меѓутоа секако дека помогна искуството од првата трансплантација и веќе разгазената стратегија.
Олеснителна околност можеби беше што се работи за доста млад примател и релативно здрави останати органи.
Се запознавме со Иле пред операцијата, исклучително мил и позитивен лик", вели Стефанија за искуството со пациентот.
Она што најмногу ја трогнало, бил односот на Иле со неговата сопруга која има 20 години.
Нивната љубов и приврзаност, таа и колегите ја почувствувале уште веднаш, кога таа влегла да го посети.
-Беа доста збунети и возбудени, таткото на Иле беше тука цело време.
Скромни, мирни луѓе.
Го видоа откако се разбуди.
Мајката таткото сестрата и сопругата.
Со жена му беа ептен слатки, млади многу двајцата, таа 20 години.
Фамилијата беше многу среќна и возбудена", вели д-р Хаџиевска и додава дека не го запознала семејството на донорот, Верица Белчовска.
Колегите кои се сретнале со нив ѝ раскажале за рекацијата на Белчовски: "Ако нашатата ќерка беше во иста ситуација, ние би биле благодарни кога би имал кој да ѝ го подари своето срце."
Хаџиевска е многу горда на тимот со кој што работела и благодарна на министерот за здравство Венко Филиче за кој вели дека бил речиси цело време со нив и им ја давал својата поддршка и доверба.
Директорот на државната кардиохирургија проф.
д-р Сашко Јовев, академик д-р Жан Митрев, д-р Васил Папестиев, д-р Марјан Шокаровски, д-р Никола Христов, д-р Тања Анѓушева, д-р Дејан Димитровски, д-р Александар Колев, д-р Кујтим Џелили, д-р Ванѓел Здравевски, д-р Соња Граждани, д-р Марија Ѓеракаровска, д-р Надица Мехмедовиќ, д-р Весна Миташова, д-р Јасмина Илиевска, д-р Дарко Стефановски, медицинските сестри Марија Дојчиновска, Слаѓана Гроздановска, Мартина Караџоска, Имран Елези, Христина Николоска, Милица Ѓ. Ристовски, Анита Ангеловска, Магдалена Томовски, перфузионистите Стефан Кметовски и БорчеДимоски, Верче Стојкоска се само дел од тимот што ја изврши трансплатацијата.
Верица Белчовска за голема жал ја имаше истата судбина со Емилија Динева, и двете се жртви на соораќајни незгоди, но срцата на двете жени продолжија да чукаат кај Иле и кај Иван.
Милица Џаровска
Фото: Приватна архива
Извор: Женски Магазин | fineweb-2 |
Како да се чукнете со пивото со другарот, ако мора да одржувате 2 метри дистанца?
Уште едно генијално решение, се со цел полесно пребродување на кризата.
Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот.
На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви "продолжувачи на животот".
Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот. | fineweb-2 |
УЕФА му даде на Рим рок до 19 април да ја дефинира ситуацијата за присуството на гледачи на "Олимпико", но во италијанската престолнина уште не ја разгледаа ситуацијата.
Прва опција е стадионот да има 10.000 гледачи, а во игра е и можност да се пуштат до 20.000 гледачи на трибините, но се чека дозвола од здравствената организација.
"Би било пожелно УЕФА да ни даде повеќе време, зашто е тешко да се направи прогноза за случувањата кои ни следат во наредните два месеци", вели Франко Локатели, советник на Владата. | fineweb-2 |
Поради COVID-19, низ цела земја се сѐ уште спроведени мерки за изолација.
Не е дозволено да се патува, освен во ограничени околности.
85 сместувања
Сместувања во Линколн
1 - 20 од 85 кондоминиумa
Внесете датуми за да ја видите вкупната цена.
Се пресметува дополнителен надоместок.
Може да се додадат други такси. | fineweb-2 |
Subsets and Splits